top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • UMG одговара на обвинувањата на Дрејк: „Навредливо и неточно“

    Universal Music Group (UMG) јавно ги отфрли обвинувањата од раперот Дрејк, кој тврди дека компанијата, заедно со Spotify, работела на вештачко зголемување на популарноста на песната на Кендрик Ламар „Not Like Us“. Во изјава за Billboard , UMG нагласи: „Сугестијата дека UMG би направила нешто што би ги поткопало нејзините артисти е навредлива и неточна. Ние применуваме највисоки етички стандарди во нашите маркетинг и промотивни кампањи.“ Обвинувањата на Дрејк, поднесени преку неговата компанија Frozen Moments LLC , тврдат дека UMG и Spotify користеле нелегални шеми, како намалени лиценцни трошоци за Spotify, плаќање на инфлуенсери и ангажирање ботови за зголемување на бројките за песната на Ламар. Исто така, тој тврди дека Siri намерно ги пренасочувала корисниците кон песната на Ламар. Правна битка меѓу две музички ѕвезди Оваа „пред-тужба“ е чекор пред поднесување официјален случај и има за цел да обезбеди повеќе информации. UMG тврди дека овие правни обвинувања се апсурдни и дека публиката е таа што одлучува која музика ќе ја слуша. Дрејк тврди дека претходно се обидел да ги реши овие прашања преку дијалог со UMG, но издавачката куќа не покажала интерес за соработка. Наместо тоа, наводно му било предложено да го тужи Кендрик Ламар, а не UMG.

  • Дрејк против Universal Music Group: Легална битка во сенка на музичкиот конфликт со Кендрик Ламар

    Дрејк, една од најголемите рап ѕвезди на нашето време, влезе во правен конфликт со својата издавачка куќа Universal Music Group (UMG), обвинувајќи ја за манипулација во корист на неговиот ривал Кендрик Ламар. Пејачот кој важеше за „миленик“ на извршниот директор на UMG, Лусијан Грејнж - дури Кање го тролаше дека му е татко, а фановите шепкулираа дека Луси ликот од стиховите на Кендрик Ламар не се однесува на Луцифер туку на челникот на Universal.. Тој сега се наоѓа во непријатна позиција како противник на истата куќа што ја поддржуваше неговата кариера од самиот почеток. Повод за правниот конфликт е хитот на Ламар, „Not Like Us,“ кој предизвика бурни реакции на музичката сцена. Песната, која вклучуваше остри коментари за Дрејк, дебитираше на првото место на листите, а беше прогласена и за „Песна на летото“ од читателите на Stereogum . Според документите поднесени од адвокатите на Дрејк, UMG и Spotify наводно користеле нелегални методи за да ја зголемат популарноста на траката, вклучувајќи користење ботови, манипулација на алгоритми и плаќање инфлуенсери за промоција. Обвинувања за манипулации и нарушен однос со UMG Во поднесокот, адвокатите на Дрејк ја обвинуваат UMG за користење на „неетички практики,“ вклучувајќи и намалување на лиценцните такси за Spotify, што довело до несоодветно промовирање на песната „Not Like Us.“ Еден од најконтроверзните моменти во документот е наводот дека Siri, дигиталниот асистент на Apple, наместо да пушта песни од албумот Certified Lover Boy , ги насочувал корисниците кон песната на Ламар, која содржи навредливи стихови за Дрејк. Иако UMG го негира тврдењето, повикувајќи се на „високи етички стандарди,“ правниот тим на Дрејк тврди дека сите обиди за мирно решавање на проблемот биле игнорирани. Иако ова сè уште не е официјална тужба, туку „преакциски“ поднесок, случајот го потенцира затегнатиот однос меѓу Дрејк и неговата издавачка куќа, како и сложената природа на модерниот музички пазар, каде што дигиталната манипулација е наводно сè позачестена. Со овој развој, иднината на соработката меѓу Дрејк и UMG е нејасна, но едно е сигурно – музичката индустрија внимателно го следи исходот на овој конфликт, кој би можел да создаде нови правила за тоа како се регулира дигиталната промоција и конкуренција. Еве еден органски линк, за душа:

  • Кендрик Ламар го објави видеото за Squabble Up

    Кендрик Ламар не попушта со неговите позитивни шокови: тој повторно ги изненади фановите со издавањето на неговиот проект GNX , кој пристигна ненадејно минатиот петок. Видеото за песната „Squabble Up“ (почетниот сегмент веќе го слушнавме на Not Like Us спотот, и стана позната како „брокули песната“ : I woke up looking for the broccoli), втората на листата од албумот, се објави вчера, во режија на Калматик, со карактеристичниот визуелен стил кој го одликува Кендрик. Во видеото се преплетуваат културни и музички референци, вклучувајќи омаж на Nate Dogg, албумот Power  на Ice-T, и хумористична книга насловена How to Be More Like Kendrick for Dummies . Цурите - како се позиционирани се прилично инспиративни. Поставената сценографија, која потсетува на спотот на The Roots за „The Next Movement,“ дополнително додава на симболиката што фановите веќе почнаа детално да ја анализираат. Филмичноста на спотот иако е веќе традиционален израз - повторно возбудува, самото внимание, енергија и обмисленост на секој кадар (девојка во трико со танга држи калашњиков свртена со грбот, покриените идентитети (лицата) на Бладз дечките - додека самиот Кендрик сега носи син блузон, итн, итн...) Она што најмногу привлекува внимание е натписот кој се појавува на крајот од видеото – „Compton Christmas Parade.“ Овој елемент ги поттикна шпекулациите за можното учество на Кендрик на годишната парада во Комптон, која ќе се одржи на 14 декември. Ѕвездите како Jason Martin "Problem" и Compton Cowboys веќе се потврдени како главни гости, а прашањето останува дали Кендрик ќе биде следното изненадување. Насловот „Squabble Up“ го привлекува вниманието со својата специфична двосмисленост. Во уличниот сленг, „squabble“ се однесува на караница или борба, но Кендрик го трансформира значењето во повик за социјална акција и личен развој. Музички, песната го користи семплот од култниот фристајл хит на Debbie Deb, „When I Hear Music“. Овој избор додава енергична електро-фанк динамика на траката, создавајќи звучен мост меѓу 80-тите и современиот хип-хоп. Семплот е вешто вграден во песната, давајќи ѝ на композицијата слоевита текстура и чувство на носталгија. Жанровски, „Squabble Up“ е автентичен пример на фузија на стилови. Траката комбинира електро елементи, фанк енергичност и модерни хип-хоп ритми, поставувајќи платформа за карактеристично моќниот лиризам на Кендрик. Ритмичките промени се суптилно синхронизирани со текстовите, а продукцијата, предводена од pgLang, ја истакнува чистотата и техничката прецизност на звукот. Ритмичкиот дел, облагороден со храбри промени во темпото, ги истакнува текстовите што ги комбинираат лирските референци на албумите good kid, m.A.A.d city  и To Pimp a Butterfly . Оваа сложеност, проследена со беспрекорна продукција (потпишани се по пет продуценти на секоја од песните) се потврдува дека Кендрик останува технички иноватор и уметник кој одбива да се придржува кон очекуваните музички формули. Како ученик на др.Дре кој го нарече своевремено „научник“ кога ја носи продуцентската капа, сосема очекувано. GNX – нов албум кој руши рекорди и поставува нови стандарди GNX е петтиот студиски албум на Кендрик Ламар и веднаш по неговото ненадејно објавување, започна да доминира на музичките платформи. Албумот постави рекорди на Spotify и Apple Music за најслушан албум во првите 24 часа, додека критичарите го нарекуваат „ремек-дело кое совршено го доловува балансот меѓу иновација и почит кон неговите корени.“ Фановите реагираат со ентузијазам на комплексните текстови и уникатниот музички стил кој GNX го носи, а песните како „Not Like Us“ и „Squabble Up“ веќе се сметаат за потенцијални добитници на Греми. Овој проект ја потврдува доминацијата на Кендрик како еден од највлијателните уметници во современата музика.

  • Сашко Костов: концерт со музика за театар

    📅 Петок, 22 ноември 2024 📍 Салон 19:19, 20:00 часот Оваа петочна вечер, во Салон 19:19 музиката и театарот ќе се спојат во еден уникатен концерт на Сашко Костов, истакнат музичар со повеќе од 14 години посветеност на создавање музика за театарски претстави. Музика која раскажува приказни Сашко Костов, заедно со вокалистката Орхидеја Дукова, ќе изведат композиции создадени за некои од најпознатите театарски продукции, како што се: „Рацин“ , „Инферно“ , „Медеја“ , и „Црна дупка“ . Овој дует, кој активно работи веќе три години, ја постави основата за уникатен стил на изведување музика во живо за театарски претстави. На овој концерт, музиката ќе понуди нешто ново и поинакво, оддалечувајќи се од веќе познатиот звук на Сашко и Орхидеја, за да се создаде сосема свежа и иновативна атмосфера. Инструментална и вокална симбиоза Концертот ветува вечер во која Орхидеја ќе ја „вози“ публиката со својот вокал, додека Сашко ќе ги комбинира тапаните, перкусиите, гитарите, клавијатурите, саксофонот и дури и рециклирани инструменти, создавајќи звучен пејзаж кој ги надминува границите на класичниот театарски саундтрак. Визија за иднината Дуетот не застанува тука – нивната амбиција е во иднина да се претворат во поголем оркестар, проширувајќи го спектарот на звуци и можности. Со секоја изведба, тие внесуваат нова енергија во културната сцена, овозможувајќи на музиката да стане активен учесник во раскажувањето на театарските приказни. Овој концерт е вистинско уживање за сите љубители на музика и театар. Ќе имате ретка можност да слушнете како звучи музиката што ги обојува театарските сцени – но изведена надвор од контекстот на претставите, како самостојно уметничко дело. Не пропуштајте ја шансата да бидете дел од ова уникатно музичко доживување, кое ветува вечер исполнета со креативност, емоции и инспирација.

  • Вечер посветена на Влада Дивљан – Премиера на „Збогум младост моја“ во Салон 19:19

    На 21 октомври, во 20 часот, Салон 19:19 ќе биде домаќин на посебен музички настан – промоцијата на новата песна „Збогум младост моја“, дело на Александар Прокопиев. Посветена на Влада Дивљан, фронтменот на култната група „Идоли“, оваа песна претставува оживување на едно долго пријателство и музичка соработка што започнала пред неколку децении во Белград. „Збогум младост моја“ – едно долго заборавено ремек-дело Песната „Збогум младост моја“ била создадена во осумдесеттите години, кога Прокопиев и Дивљан често свиреле заедно во белградската фаза на Влада. Првично изведувана на неколку живи свирки во тоа време, песната никогаш не била официјално снимана или издадена. Сега, четири децении подоцна, таа повторно оживува со македонски текст и во нов аранжман, снимен во Битола и студиото „Алшар“ во Скопје. Изведбата на песната ќе биде во рацете на тројца македонски уметници – Бранислав Николов, вокалист на „Пијан Славеј“, Гоце Јованоски и самиот Прокопиев, кој е автор на текстот и композицијата. Настанот ќе се одвива како мини-концерт, каде што, покрај „Збогум младост моја“, ќе бидат изведени и неколку песни од албумот „Пијан Славеј“ и од проектот „Реобмислување“. Музичко наследство на едно долго пријателство „Нашето пријателство започна во Белград во седумдесеттите години, кога Влада веќе почна да свири гитара“, се сеќава Прокопиев. „Во 1972 година јас бев студент на компаратива и живеев како потстанар кај семејството Галиќ. За среќа, освен што беа прекрасни луѓе, со кои убаво се сложував, имаа многу добро пијано. Во тоа време јас необврзано настапував со некои белградски групи, и често на пијаното, на задоволство на домаќините, музицирав. Синот на Галиќи се викаше Владо, и беше најдобар гимназиски другар со Влада Дивљан. И нормално, дојдоа таму, Влада веќе свиреше гитара, и така почна нашето долготрајно пријателство. Веќе во јануари 1973 година формиравме група која се викаше Мерлин. И така почна една многу долготрајна музичко другарска авантура, кога името на составот се менуваше: почнавме како „Мерлин“, па „Звук улице“, и станавме прилично познати во Белград. Правевме интересни текстови и композиции, но некаде кон крајот на 1979 година јас продолжив со мојата книжевност а тие станаа многу познати како „Идоли“. Се сетив на една моја композиција која Влада многу ја сакаше и сакаше да ја снимиме во тие наши последни разговори, но остана како идеја. Кога дојдов дома видов дека таа композиција многу лесно ми легна. Со извонредниот глас на Бранислав Николов, таа песна стара 4 децении повторно оживеа.“ „Пијан Славеј“ и „Реобмислување“ Настанот нема да се задржи само на оваа премиерна изведба. Гостите ќе имаат можност да слушнат и други песни од проектот „Реобмислување“, како и од „Пијан Славеј“, каде што Бранислав Николов е главен вокалист. Овој концерт не е само омаж за Влада Дивљан, туку и за македонската музичка сцена и нејзината поврзаност со ширењето на музичките идеи низ целиот Балкан. Ако сте љубители на музиката на „Идоли“ или на делото на Прокопиев, овој концерт е нешто што не треба да го пропуштите.

  • „Поетот и градот“ - Одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со Влада Урошевиќ

    На 13 ноември, Скопје ќе ја одбележи 80-годишнината од своето ослободување преку посебен настан насловен „Поетот и градот“, кој ќе се одржи во салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар со почеток во 12 часот. Ова чествување ќе биде посветено на поетот Влада Урошевиќ, значаен македонски автор и минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика. Настанот е истовремено и посвета на деветте децении од раѓањето на Урошевиќ и шеесет и петте години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“, со која тој ја започнува својата литературна врска со Скопје. Академикот Урошевиќ ќе зборува за своите сеќавања на градот и за долгогодишната инспирација што го врзува неговото творештво со урбаната приказна на Скопје. Преку разговор со Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, професори од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, присутните ќе слушнат за Скопје во различни периоди – пред и по Втората светска војна, пред и по земјотресот, и за градот низ поезијата на Урошевиќ, градот кој го носи духот на надреалното и реалното, на лавиринтот и сеќавањето. Предвидено е на настанот да се говори за Скопје од различните периоди – пред и по Втората светска војна, пред и по земјотресот, но и за денешното Скопје, и најмногу за она Скопје од меморијата и од поезијата на Урошевиќ. Или накусо: за надреалното и за реалното Скопје – за градот-сон, градот–лавиринт, градот-мистерија, градот-палимпсест и градот-сеќавање. Присутните за првпат ќе можат да слушнат некои сеќавања и некои согледби на Урошевиќ, и за Скопје, и за сопственото творештво, но и за поезијата воопшто. Голем дел од е целокупното творештво на Влада Урошевиќ е врзан за урбаниот сензибилитет. Градот и односот кон него се еден од најважните аспекти на неговиот книжевен опус. Милан Ѓурчинов ќе каже дека творештвото на Урошевиќ поседува еден „незадржлив внатрешен порив да го одухови урбанизираниот поредок на асфалтот и улиците, за присуството на човекот среде пресоздадениот свет од малата космогонија на овој поет.“ Несомнено, Урошевиќ е авторот што директно или индиректно зборува за Скопје во најмногу различни форми: поезија, роман, раскази, патописи, есеи, разговори итн. - ЈУ Културно информативен центар - Скопје

  • Акустичен концерт на „Културно Уметнички Работници“ на 26 ноември

    Музичкиот салон 1919 ќе биде домаќин на ексклузивен акустичен концерт на познатата македонска група „Културно Уметнички Работници“, кој ќе се одржи на 26 ноември (вторник) со почеток во 20 часот . Оваа легендарна рок група, која своите почетоци ги бележи во 1999 година, ќе ги изведат своите најпознати хитови во акустична верзија. Од „Браво“ до македонската рок сцена „Културно Уметнички Работници“ е основана како резултат на дружењата и споделената музичка страст меѓу членовите на култните бендови „Тотално Опуштање“, „No Name Nation“, „Бомбашки Процес“, „Жолтица на Бродот Баунти“ и „Рок Агресори“ во кафе-барот „Браво“. Овој спонтан сојуз резултираше со создавање на уникатен бенд посветен на ширење на рок културата и социјалните прашања во Македонија, за што сведочи нивната речиси дведецениска кариера. Групата "Културно Уметнички Работници" постои од март 1999 година. Формирањето на овој состав е резултат на големото дружење во Кафе барот "Браво" помеѓу членовите на групите "Тотално Опуштање", "No Name Nation", "Бомбашки Процес", "Жолтица на Бродот Баунти" и "Рок Агресори". Имено членовите на овие групи решија да се состават во една дива орда и со здружени сили да се борат за ширење на рок културата.-КИЦ Дискографија што ја обликува македонската рок сцена „Културно Уметнички Работници“ во својата богата дискографија има осум студиски албуми и неколку компилации, кои трајно го обликуваа македонскиот музички пејзаж. Нивниот прв албум, издаден во 2002 година под наслов „Културно Уметнички Работници“ , брзо ги постави на сцената како свеж глас на алтернативната рок музика. Албуми како Amore Bene Tutti Prego  (2008), Ha Ha Jolly Jolly  (2011), и Панк Кабаре  (2023) покажуваат постојана еволуција на звукот и бескомпромисен пристап кон музиката и текстовите. Најновото издание, 25 МАЈ , кое излезе оваа година во соработка со Корпус Деликти Рекордс и Кичма Рекордс, ги доближи „Културно Уметнички Работници“ до публиката со својот специфичен стил и впечатлива лирика. Бендот се препознава по храбриот пристап кон теми од социјален и политички карактер, кои ги истражуваат преку непредвидливи музички форми и експресивни сценски настапи. Концерт што ветува интимна атмосфера Овој акустичен концерт ќе биде ретка прилика фановите да ги слушнат своите омилени песни во ново светло и да ја доживеат енергијата на „Културно Уметнички Работници“ во поблиска и поинтимна атмосфера. Со својот богат репертоар и страст за музика, бендот ветува вечер исполнета со емоции, спомени и чисто уживање за сите љубители на македонската рок сцена. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова незаборавно музичко доживување на 26 ноември во Салон 1919!

  • Концерт на „Трио Аперто“ со македонска и светска музика на 15 ноември

    📅 15 ноември 2024 📌 Салон 19:19 🕓 19:19  часот Програма А. Вивалди - Концерт оп.3 бр.8 – Алегро / Ларгето е спиритуозо / Алегро А. Дворжак - Хумореска Г. Форе - Павана оп.50 Б. Цанев - Овчеполска свита Aнте Б. К – Свита за две виолини и пијано Д. Шостакович - Пет пиеси  Почитувачите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во настапот на „Трио Аперто“, кој ќе се одржи на 15 ноември (петок) во Салон 19:19, со почеток во 19:19 часот. Триото, составено од реномираните македонски музичари Марина Трајковска (виолина), Момчило Куфојанакис (виолина) и Весна Ангелова Христов (пијано), ќе ја претстави својата разновидна музичка програма, која вклучува дела од македонски автори и светската класична музичка литература. Од основањето до меѓународни успеси „Трио Аперто“ е основано во 2018 година, по иницијатива на виолинистката Марина Трајковска, долгогодишен член на Македонската филхармонија. Од своето основање, триото посветено се залага за развој и промоција на камерното музицирање во Македонија, особено на дела од македонски автори. Со визија за збогатување на македонската музичка сцена и поттикнување на композиторите да творат за ваков вид на камерни ансамбли, тие успеале да привлечат внимание и на интернационалната сцена со настапи во културни центри во Истанбул и Тирана. Програма што го спојува класичното и современото На концертот во Салон 19:19, „Трио Аперто“ ќе изведе внимателно избрана програма која ги спојува традиционалните и современите тонови. Програмата вклучува класични дела како Концертот оп.3 бр.8 на Вивалди и „Хумореска“ на Дворжак, заедно со современите македонски композиции, како што е „Овчеполска свита“ на Благоја Цанев. Посебен акцент е ставен на делото „Свита за две виолини и пијано“ на Анте Б. К., кое го истакнува автентичниот камерен звук. Концертот ќе биде заокружен со делото „Пет пиеси“ на Дмитриј Шостакович, што ветува возбудлива комбинација на нежност и драматика. Поддршка за младите и за македонското музичко творештво Една од клучните мисии на „Трио Аперто“ е промовирањето на македонската музика и ангажманот во едукација на најмладата публика. Со организирање на едукативни концерти за деца од предшколска и училишна возраст, тие настојуваат да ја доближат класичната музика до младите генерации, истовремено поттикнувајќи го развојот на културната сцена во земјата. Концертот на 15 ноември е посебна можност за сите љубители на класичната музика да доживеат вечер исполнета со уметност, емоции и висок квалитет на изведба. Настанот ветува вечера во која македонската и светската музичка традиција ќе се спојат во еден исклучителен музички мозаик.

  • Отворање на изложбата: Танц, отпор, (не)делување – Аспекти на танцот како културно, политичко и уметничко делување за време и по Југославија

    Среда, 20 ноември 2024 година, 19:00 часот, Музеј на Современа Уметност, Загреб Со големо задоволство ви го најавуваме отворањето на изложбата "Танц, отпор, (не)делување" , која е резултат на долгогодишно истражување и соработка на мрежата Номад Танц Академија , во партнерство со Музејот на Современа Уметност во Загреб . Оваа изложба ќе ни понуди уникатен увид во развојот на дигиталната архива на современиот танц и изведувачките уметности во постјугословенскиот регион. Истражување на танцот како културен и политички израз Изложбата се фокусира на богатството на материјали кои го истражуваат танцот не само како уметничка форма, туку и како културен, политички и социјален феномен. Презентираните документи, фотографии, видео материјали, каталози и книги се дел од напорите за изградба на првата дигитална танцова архива на постјугословенскиот простор. Архивата не се ограничува само на документацијата, туку вклучува и мапирани релации помеѓу уметниците, мислителите и структурите кои го обликувале танцот и неговата политика во овој регион. Курирање и учество на уметници Изложбата е курирана од Биљана Тануровска-Ќулавковски и Рок Вевар, а ко-кураторски тимот е дополнет од истакнати истражувачи и уметници како Славчо Димитров, Милица Ивиќ, Теа Кантоци, и многу други. Уметниците и колективите кои учествуваат во оваа изложба вклучуваат познати имиња од регионот како БедКо. , Далија Ачин Теландер , Бетонтанц , Битеф Танц , Матјаж Бергер , Игор Грубиќ , Марко Пељхан , Филип Јовановски , и многу други, чие дело ги одразува различните аспекти на танцот како средство за отпор, социјална критика и културно изразување. (Не)врзаната танцова архива Еден од најзначајните аспекти на изложбата е претставувањето на (Не)врзаната танцова архива - НАДА , првата дигитална платформа за танц и изведувачки уметности во постјугословенскиот регион, која е достапна за истражувачи, уметници и писатели преку веб-страницата: www.nada.nomaddanceacademy.si . Придружна публикација: "Танцови тела" Изложбата ќе биде придружена со книгата "Танцови тела: Аспекти на танцот како културно, политичко и уметничко делување за време и по Југославија" , уредена од Јасмина Заложник  и Ника Архар . Оваа публикација ќе понуди историско-теоретски увид во политичките, културните и уметничките рамки кои го обликувале танцот во Словенија, Хрватска, Србија и Северна Македонија во последниот век. Благодарност до сите учесници и поддржувачи На крај, сакаме да се заблагодариме на сите уметници, колективи и организации кои ја споделија својата скапоцена архивска граѓа, како и на сите институции и партнери кои го поддржаа проектот, меѓу кои Програмата Креативна Европа на Европската Унија , Министерството за култура на Северна Македонија , Министерството за култура на Република Словенија , Град Загреб , Министерството за култура на Република Хрватска  и многу други. Придружете се на отворањето и откријте како танцот продолжува да игра важна улога во културниот, политичкиот и уметничкиот контекст на постјугословенскиот простор!

  • Промоција на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908–1943)“ од Горан Калоѓера

    Датум:  25 ноември 2024 година Час:  19:00 Место:  Салон Империјал 2, Скопје Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје, како претстолнина на културата за 2028 година, Културно информативниот центар – Скопје има чест и задоволство да ја организира промоцијата на книгата „Поглед отстрана. Рацин (1908–1943) “ од Горан Калоѓера. Промоцијата ќе се одржи на 25 ноември 2024 година, со почеток во 19:00 часот во Салон Империјал 2. За книгата и авторот Книгата на Горан Калоѓера, „Поглед отстрана. Рацин (1908–1943) “, е длабинска анализа на животот и делото на еден од најголемите македонски поети и интелектуалци – Коста Солев Рацин. Авторот, во својот научен труд, се фокусира на Рацин како интелектуалец, поет, публицист и политички активист, и истражува неговите врски со хрватската култура и политичките кругови во Хрватска, особено неговото присуство и влијание меѓу хрватските писатели и антифашисти. Книгата не само што се фокусира на неговата биографија и раниот период на живот, туку и на неговото значење за современата македонска литература. Калоѓера го истражува Рациновото публицистичко и поетско наследство, вклучувајќи ја неговата култна збирка „Бели мугри“ и песни што не беа објавени во неговите поетски циклуси. Промоција и говорници Промоцијата ќе биде збогатена со говори на проф. д-р Славчо Ковилоски и Нове Цветаноски, уредник на изданието. Проф. Ковилоски во предговорот на книгата истакнува дека ова дело претставува „силно, експресивно и набиено со емоции“ истражување што дава извонредна слика за времето и личноста на Рацин. Книгата ја истражува неговата значајна улога како првоборец во уметничкиот израз на мајчиниот македонски јазик и како идеален револуционер кој ја предвидел политичката судбина на Македонија. Задоволството на промоцијата ќе биде дополнето со контекстот на историската важност на 25 ноември – датумот на првото издание на Рациновата книга „Бели мугри“ , која го означува почетокот на современата македонска литература. За Горан Калоѓера Горан Калоѓера е истакнат научник, книжевен историчар и македонист, кој ја посветил својата академска кариера на истражување на македонската литература и хрватско-македонските книжевни врски. Неговиот придонес е од огромно значење за балканската и европската наука, а неговите трудови и книги претставуваат мост помеѓу културите на Македонија и Хрватска. Калоѓера е почесен доктор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е еден од најпочитуваните македонисти во Хрватска и на Балканот.

  • Хотел 88: Култната комедија доаѓа и во Скопје

    Од своето деби во 2017 година, театарската претстава „Хотел 88“  ја освои публиката со својата свежа и динамична интерпретација на љубовта, брачните односи и животните заплети. Со над 500 изведби  и повеќе од 100.000 гледачи , оваа хит-комедија од српската театарска сцена продолжува да ги освојува срцата на публиката, не само во Србија, туку и низ регионот. На 30 ноември, „Хотел 88“ доаѓа во Националната опера и балет во Скопје , благодарение на JЕС продукција , и ветува вечер исполнета со смеа, емоции и заплети кои ќе ве држат до самиот крај. 📖 Приказната која освојува со хумор Дејството на „Хотел 88“ е сместено во луксузен хотел, каде две брачни двојки — Виктор и Ана, и Сандра и Марко — доаѓаат за романтичен меден месец. Но, хаосот започнува кога се открива дека Ана и Марко имаат бурно минато, создавајќи неверојатна низа од комични ситуации и љубовни заплети. Претставата на духовит и лесен начин ги обработува темите за љубовта, неверството и брачните предизвици , повлекувајќи паралели со реалните животни дилеми. 🌟 Глумци кои го оживуваат сценариото Актерската екипа, составена од Тамара Крчуновиќ , Јелисавета Орашанин Теодосиќ , Андрија Кузмановиќ  и Владимир Алексиќ , се издвојува со одлична хемија и харизма. Нивната енергична изведба носи незаборавни моменти на гласна смеа и емотивни врвови. Од својата премиера во 2017 година, претставата „Хотел 88“ стекна култен статус, не само во Белград и Србија, туку и надвор од границите на државата. Со повеќе од 500 изведби и над 100.000 гледачи, таа и понатаму го привлекува вниманието на публиката и продолжува да воодушевува. Претставата е најгледана во Србија, а сега на 30 ноември, благодарение на JЕС продукција, ќе биде изведена во Скопје, во Националната опера и балет. Дејството на претставата се одвива во луксузен хотел, каде што две брачни двојки — Виктор и Ана, и Сандра и Марко — доаѓаат за да поминат романтичен меден месец. Но, компликациите започнуваат кога се открива дека Ана и Марко имаат бурна и романтична историја, што доведува до страсни и комични пресврти во текот на една судбоносна ноќ. „Хотел 88“ е комедија која со леснотија ги обработува темите за љубовта, неверството и предизвиците на брачните односи. Преку смешни и неочекувани ситуации, претставата ги истражува тенките граници помеѓу страсната љубов и вистинските животни проблеми. Со учество на врвните актери како Тамара Крчуновиќ, Јелисавета Орашанин Теодосиќ, Андрија Кузмановиќ и Владимир Алексиќ, „Хотел 88“ ветува незаборавно театарско искуство, полнo со смеење, емоции и неочекувани обрати. Оваа динамична комедија на забуни и љубовни триаголници добива на интензитет со секој нов пресврт, додека публиката ужива во одличната хемија помеѓу актерите. Режирана со прецизност и чувство за темпо, „Хотел 88“ успева да го задржи вниманието од почеток до крај, нудејќи моменти на гласен смеа, но и емотивни интроспекции. Ликовите се прикажани со уникатен шарм и животни приказни, овозможувајќи им на гледачите да се поврзат со нив на различни нивоа. Претставата е идеален избор за сите кои сакаат вечер исполнета со забава, смеа и романтични заплети, која ги истакнува човечките слабости на најхумористичен начин. 🎭 Зошто „Хотел 88“ не треба да го пропуштите? Режијата е маестрална, одржувајќи идеално темпо помеѓу комичните и емотивните моменти. Ликовите се шармантни и релативни, овозможувајќи секој гледач да се пронајде во приказната. Претставата совршено ги комбинира хуморот, љубовта и човечките слабости  во уникатно театарско искуство.

  • Вечер со Руми: Последниот книжевен препев на Драги Михајловски

    📅 28 ноември 2024 🕖 19:19 часот 📌 Империјал 2 Поезијата на Џелаледин Мевљана Руми, еден од најголемите персиски поети и мислители, е вечна инспирација која го храни духот на генерации љубители на литературата. Во четврток, на 28 ноември, ќе имаме можност заедно да нурнеме во неговите стихови, сега донесени на македонски јазик со мајсторството на проф. Драги Михајловски . Овој книжевен настан е повеќе од обична промоција; тој е чест на последниот превод и препев  што Михајловски го остави како наследство. Неговата способност да ја долови убавината и длабочината на Румиевите зборови претставува врв на книжевниот препев и потсетник за универзалната моќ на поезијата да го надмине времето, јазиците и културите. Програма на настанот Настанот ќе биде модериран од авторката Виолета Танчева-Златева , додека за изданието и за преведувачката работа на проф. Михајловски ќе зборуваат книжевните авторки и преведувачки Ана Пејчинова  и Ирена Јурчева . Тие ќе го споделат процесот на преводот, значењето на препевот за македонската книжевна сцена, како и личните впечатоци од ова ремек-дело. Руми: Гласот на љубовта и духовноста Во неговите стихови, Руми ги надминува материјалните граници на постоењето, повикувајќи не да ја пронајдеме духовната суштина на нашето „јас“. Темите за божественоста, љубовта, копнежот, пријателството и страста  се централни точки на неговото творештво. Во ова ново издание, овие идеи се преточени на македонски јазик на начин кој ја задржува нивната оригинална емоционална и естетска сила. Преводот на поезијата од страна на проф. Михајловски е не само јазична адаптација туку и дијалог помеѓу културите  – мост што ги спојува македонската и персиската книжевна традиција. Зошто да присуствувате? Оваа вечер е шанса да се поврзете со уметноста и духовноста преку Румиевите стихови, додека одбележуваме делото на еден од најзначајните книжевни дејци во Македонија. Љубителите на поезијата и книжевноста ќе уживаат во длабоки дискусии, инспиративни анализи и читања кои ќе ја разбудат нивната љубопитност и љубов кон зборот. 🔖 Влезот е бесплатен. Понесете го вашиот ентузијазам и љубопитност, и дозволете си да се изгубите во магијата на стиховите на Руми!

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page