top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Блејк Филдер - Цивил е задоволен од биографскиот филм за Ејми

    Не беше се́ во зависноста. сите вести Блејк Филдер - Цивил е задоволен од биографскиот филм за Ејми Не беше се́ во зависноста. 16 апр. 2024 г. Поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус, Блејк Филдер-Сивил, ги сподели своите размислувања за новиот биографски филм Back to Black (Назад на црно) , објаснувајќи дека го сметал како „терапевтски“. Филмот - во режија на Сем Тејлор-Џонсон - пристигнува во кината на 12-ти април и го следи животот на покојната пејачка. Во него глуми Мариса Абела како Вајнхаус и ги следи енергичните години на иконата и пејачка што живееше во Лондон. Во филмот, поранешниот сопруг на Вајнхаус, Блејк Филдер-Цивил, е портретиран од Џек О’Конел (Кожи,Безбожен,Љубовникот на Лејди Чатерли). Тој глуми покрај Еди Марсан, на кого му беше доделена улогата на таткото на Ејми, Мич. Појавувајќи се во денешната епизода на Добро утро Британија , Филдер-Сивил ги сподели своите размислувања за биографскиот филм и призна дека филмот го смета за „речиси терапевтски“ поради тоа како бил прикажан. https://www.youtube.com/watch?v=83T8KYmnH5g Во интервјуто со водителката Кејт Гаравеј, тој рече дека некои делови од филмот го натерале да се чувствува виден „во попрецизно претставување“ на она на што е навикнат. „Не во смисла да бидам пуштен без вина, или разводнет, како што [се] алудираше... само во смисла дека не беше сè до зависноста“, рече тој. „Иако тоа беа непристојните наслови и целта на папараците, имаше зависност, но тоа беше само еден аспект. Врската започна како и секоја врска“ Пред После

  • Kanye на Drink Champs поткастот, Kanye на Drink Champs поткастот, kanye-на-drink-champs-подкастот

    Во моментов на Revolt оди скоро тричасовниот поткаст со Ye во live формат (иако е снимка) Drink Champs во живо. Drink Champs е на Black effect network поткаст мрежата на Charlamange Tha God - и не стигнавме ни до еден час слушање а веќе имаше доста “бомби”- Кање одбива да живее во куќа, тој како и богаташките деца (trustfund kids) присвоил номадски живот. Но и интересни моменти со веќе титанското ривалство со Drake: открива дека Drake му вршел притисок надвор од рап стиховите, како што Ye го нарече: професионално хипхоперство… послушајте …

  • Втора изведба на Мачката Елеонора | diva.mk

    28.11.23 г., 19:00 Мачката Елеонора, перформанс, Tiiiiit! Inc. МКЦ Клуб & Ресторан, Skopje, North Macedonia Во случај да се обидувате да си го објасните насловот "Мачката Елеонора", еве еден детал за најава: не е само обичен перформанс, туку трансформација која ги отвора можностите на феминситичките иднини. Детали за настанот: Позади "Мачката Елеонора" стои монодрамата на германската авторка Карен Јес , а во изведбата се преплетуваат текстови од колективот и авторски текстови на Елфриде Јелинек, Пол Б. Пресиадо и Силвија Федеричи. Коавторки и изведувачки на овој уметнички подвиг се Моника Ангелевска, Грација Атанасовска, Јасмина Василева, Вероника Камчевска и Катерина Шекутковска. Што може да очекувате од "Мачката Елеонора"? Перформансот ќе ве води низ трансформацијата на жената мачка Елеонора Гарацо ќе ги истражува амбивалентните аспекти на сопствената самоопределба. Процесот на трансформација од човек во мачка ќе биде воден од принципот на сплотени контрадикции, што го прави уникатен и интересен. За колективот и платформата: Колективот зад "Мачката Елеонора" го составуваат креативни и интердисциплинарни уметници кои претставуваат комбинација од изведувачки и визуелни уметници. Со фокус на комуникацијата меѓу различни дисциплини, тие истражуваат можностите за трансфер на идеи и методи меѓу нив. Колективот не се ограничува само на уметноста, туку истражува актуелни феминистички и родови прашања и политики, претставувајќи го просторот за вонинституционално креативно изразување. Поддршка и забелешки: Овој проект е дел од програмата на Платформата за изведувачки уметности ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ 2.0, курирана од Кристина Леловац. Програмата е организирана во соработка со програмата Култренинг на ЛОКОМОТИВА – Центарот за нови иницијативи за уметност и култура и Меѓунардниот театарски фестивал МОТ. Доколку сте заинтересирани за феминистичка уметност и сакате да го искусите перформансот "Мачката Елеонора", не заборавајте да ја направите претходната резервација на tiiiit.inc@gmail.com . Активности на Платформата во 2023 година: Сакаме исто така да ги истакнеме поддршките на The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, The Sigrid Rausing Trust и Министерството за култура на Република Северна Македонија, без кои овој проект немаше да биде можен. 🐈✨ претходно следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Изложба „Не си одам дома“: Крикот на Клелија Живковиќ во галеријата „Мала станица“, Изложба „Не си одам дома“: Крикот на Клелија Живковиќ во галеријата „Мала станица“, изложба-не-си-одам-дома-крикот-на-клелија-живковиќ-во-галеријата-мала-станица

    Во галеријата „Мала станица“ при Националната галерија на Северна Македонија, се отвори изложбата „Не си одам дома“ на Клелија Живковиќ, дел од програмата на престижната награда „ДЕНЕС“, која ја организира „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ). Изложбата ќе трае 12 дена, нудејќи уникатен простор за интроспекција, емоции и размислување за сложените прашања на женската идентичност, угнетувањето и природата. Женскиот крик во центарот на вниманието Преку експресивен текст што ја отвора изложбата, Клелија Живковиќ ги поставува суштинските прашања за угнетувањето, гневот, љубовта и солидарноста. „Не си одам дома“ е крик против конвенциите што ги замолчуваат жените, а истовремено е поетска ода на темнината како простор на слобода и заштита. Креативниот процес зад изложбата ги опфаќа оживувањето, оплакувањето, и длабоката еротичност на распаѓањето, истражувајќи го односот меѓу човекот, природата и општествените структури. „Се плашиш ли да бидеш непријатна? Те нарекуваат ли луда кога си лута? Како ги загушуваш твоите крици од болка, бес, задоволство? Каде ја криеш твојата љубов? Во што ја маскираш твојата солидарност? Каква приказна за тебе ти беше понудена како поприфатлива од вистината? Кога бев девојче, сакав да бидам вештерка, не принцеза што трпеливо мечтае по принцот. Сакав да бидам бушавата, паметната и слободната жена што зборува со животните, ги познава билките и не се плаши од темнината на шумата. Напротив, таа и темнината се штитат една со друга. Не станав вештерка од бајка, но секогаш ја чувствувам темнината. Сакам и јас како неа да се замоткам околу дебелите корења на старите дрвја. Да продрам низ влакната на мовта и да се засолнам под капите на печурките. Да одморам во студен поток, да се искачам до најгорната гранка на највисокото дрво и да го набљудувам светот под месечината. Тишината во темнината е поинаква од тишината на денот. Кога ќе стивне денот, шепотот најјасно се слуша. Изговореното и премолченото женско знаење. Молитвите и баењето долги колку еден здив. Насилството од кое се штитиме една со друга. Насилството што си го нанесуваме една на друга. Ужасот, кој го обзема односот што некогаш бил безбеден. Она што не си дозволуваме да го именуваме, а кое клокоти во нашите клетки и не дозволува да биде занемарено. Угнетувањето на нашата планета и на нашите тела се иста приказна. Расткајувањето на светот што умира може да се случи само со љубов и грижа. Оваа изложба е мојот пренос од меѓусветот. Од несветот. Од разсветот. Ја сочинуваат неуредноста на оживувањето, блуењето на насилството, живоста на оплакувањето, еротичноста на распаѓањето. Му ја посветувам на мојот вресок.“ - Клелија Живковиќ Простор меѓу светови Изложбата, како што самата авторка ја опишува, е „пренос од меѓусветот“, каде што животот, насилството и оплакувањето се преплетуваат. Делата, создадени во периодот од 2023 до 2024 година, ги рефлектираат длабоките прашања за тоа како угнетувањето на женското тело е дел од истата приказна како угнетувањето на планетата. Клелија Живковиќ: Глас од границите меѓу човекот, природата и дизајнот Клелија Живковиќ (1989) е трансдисциплинарна дизајнерка од Скопје, чија работа ги спојува уметноста, дизајнот и истражувањето на општествените и еколошките прашања. Нејзината практика се базира на прототипирање како истражувачки и продукциски формат, со што ги отвора прашањата за улогата на дизајнот во обликувањето на нашата колективна реалност. Една од нејзините значајни реализации е проектот „Прототипирање на нежноста: личен запис од светот во изумирање“, уметничка книга и изложба поддржани од Студио Приватен Принт, каде нежноста ја истражува како квалитет на границата помеѓу две битија, битие и опкружувањето. Во 2022 година, нејзиниот проект „Дизајн за оживување“, кој ги мапира современите дизајн практики и интерсекционалната екологија, ѝ ја донесе наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА Македонија. Со овој проект, таа развива методологија која одговара на светот обликуван од прекумерната потрошувачка и експлоатацијата на ресурсите. „Не си одам дома“ е продолжение на нејзините истражувања за начинот на кој уметноста и дизајнот можат да го поттикнат општествениот дијалог, сочувствителноста и новите перспективи во време на глобална и лична криза. Награда „ДЕНЕС“: Платформа за млади уметници „Не си одам дома“ е дел од наградата „ДЕНЕС“, која има за цел да ги поддржи младите уметници во Северна Македонија. Организирана од „Факултет за работи што не се учат“ (ФРУ), наградата секоја година ја слави креативноста и иновативноста на локалната сцена. Преку изложбата на Живковиќ, публиката има можност да сведочи на уметничка визија што ги спојува личните и колективните искуства, испишувајќи наратив кој преминува граници. Посетете ја „Мала станица“ Изложбата е отворена за јавноста и достапна за посетување во текот на следните 12 дена. Оваа уникатна уметничка приказна е повик за размислување за личните и општествените приказни што ги носиме и прераскажуваме. 📍 Галерија „Мала станица“ 📅 Траење: 12 дена Повеќе од Клелија Живковиќ ОВДЕ.

  • Kate Middleton полни (и слави) 40 години!, Kate Middleton полни (и слави) 40 години!, kate-middleton-полни-и-слави-40-години

    Катерина, го прослави својот 40ти роденден на 9ти јануари, тоа доколку не го знаевме, го знаеме сега, и сигурно ќе го запаметиме. Тешко беше да се заобиколат трите формални портрети на Војводката од Кембриџ, широко позната како Кејт Мидлтон на секое ќоше од интернетот, посебно оние западните... Секој од нив рефлектира три нејзини аспекти, модерна жена во 21от век, централна фигура на најсилната монархија во светот која е на чело на Комонвелтот, и исполнета жена во своите 40ти, сѐ уште млада, но зрела. Секој детал е вообичаено внимателно испланиран, и носи своја порака, но сега таа комуникација беше уште побитна, после annus horribilis на оваа генерација: Хари и Меган не само што ја напуштија Британија и улогите на сениор фигури во кралското семејство, туку тоа го направија со медиумска бура во која се обидоа да ја реплицираат Дијана со напади на „Фирмата„ (како што ја ословуваат монархијата кога сакаат да ја обезличат). Ги претставија нејзините членови, кои се и нивно семејство, како ладни, калкулирани, немилосрдни, расисти, кои ја довеле новата невеста на Хари до ментална состојба во која размислувала на самоубиство. Сето тоа кулминираше со смртта на Принцот Филип. После ваква година, исклучително важно е да се рехабилитираат нејзините централни фигури. А Катерина, немаше ни самата лесен пат до позицијата на која што е во моментов. Доколку сега е Војвотката од Кембриџ, во нејзините 20ти години беше нашироко позната како Waity Kaity - Кејти која бесконечно чека да се омажи (поточно осум години), и која беше исмејувана преку несреќна анегдота каде самиот Вилијам во периодот кога беа кратко разделени, се исмевал со некогашната професија (стјуардеса ) на мајката на Кејт (ја нарекувале во неговиот круг на пријатели "Doors to Manual"), и со тоа ги покани таблоидите да го прават истото сѐ додека не се венчаа. Сите напади ги поднесуваше достоинствено, и без ниту еден погрешно направен чекор. Кога Дива прв патго слушна нејзиниот глас, беше во заедничкото интервју кога ја објавија свршувачката. Од тогаш наваму, стана олицетворение на британска роза, стабилна а лежерна, сталожена но грижна мајка и прекрасен партнер, кралица на тивката елеганција, која е позната по „штедливоста„ и практичноста од една страна, но натприродно совршен модел на колекцијата на Кралицата и нејзиниот накит вкрстен со најдоброто од британската мода...Сето ова е рефлектирано во портретите на Војвотката, кои ќе влезат во постојаната поставка на National Portrait Gallery чиј патрон е таа. Сликани се во Лондонските Kew Gardens од Паоло Роверси. Таа е облечена во три балски фустани на Александер Меквин, истата модна куќа која не само што ѝ ја направија венчаницата, туку се во постојана ротација, во нејзините свечени и формални настапи. Накитот е од личната колекција на Кралицата Елизабета.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page