top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • Дали сакате да имате свој поткаст?

    Доколку, слушајќи поткасти, посакувате и вие да бидете водител на поткаст, каде ќе може да ги кажете своите мисли, или да го изразите креативниот импулс - но ви изгледа премногу комплицирано и недостижно, имаме идеја како можете да се опробате: КСП-Јадро, во тековниот„Arts Hub“ проект, нуди шанса за тоа. „Секој(а) што сака да го пренесе своето знаење, страста за своето хоби, алармот за одредени состојби и критика на делата од омилените автор(к)и, е добредојден(а) да се пријави на нашиот повик! “ Темите од кои можете да бирате се: Екологија и заштита на животна средина, ментално здравје, јавни простори и архитектура,критика или анализа на современи дела од областа на културата. Една епизода би требало да биде најмалку 30 минути, а серијалот ќе биде заокружен во четири епизоди. Но, ќе имате и помош во реализација на поткастот, со професионални консултации, и тренинг, со што ќе ве стави во позиција во иднина да можете и самостојно да работите на поткаст. „KСП Центар Јадро ќе обезбеди техничка опрема и простор при снимањето, менторство и помош во осмислувањето на разговорот, промовирање на епизодите на нашите социјални мрежи и краток курс од 5 часови за снимање и постпродукција на поткаст кој ќе го одржи Младен Павлески од BPM Streaming. Младен Павлески моментално работи на поткасти со IRL Macedonia, Институт за комуникациски студии, Tomas performance podcast, Bajkerot i Crossfiterot, Coach Josif и Mamastefit Podcasts. Вашата обврска ќе биде да ја спремате содржината на поткастот, контакт со евентуални гости и водење на поткастот. Поткастот може да го водите во тандем со уште една личност. Поткастот треба да трае минимум 30 минути.“ Што е потребно за апликација на проектот? За пријавување потребно е да ни испратите мејл на centar.jadro@gmail co назнака „Поткаст на Центар-Јадро“ во кој ќе наведете: концепт за поткастот (до пола страница); ваше кратко био; претходно искуство со овој или сличен медиум; дали ќе имате гости на поткастот и кои би биле тие; колку епизоди планирате (минимум две, максимум четири, со можност за продолжување доколку има ентузијазам од страна на автор(к)ите); дали ќе водите соло или со уште некој(а). Краен рок за испраќање на апликациите е 19 март, недела, 2023 година.

  • Поткаст лектира: ,,Убод културе” со единствениот жив “Идол”

    Гостинот во 101-та епизода на поткастот "Убод на култура" е единствениот преостанат жив „Идол“ кој остана во полето на музиката, возеше трамвај и истовремено пушташе музика. Неговата кариера сѐ уште трае и е пожива од било кога. Станува збор за Зденко Колар. Приказната за најдобриот југословенски албум на сите времиња според Џубокс „Одбрана и последњи дани“ на групата ВИС Идоли - иако гостинот скромно верува дека има многу подобри албуми. Разговараат и за повеќемесечните напори воопшто да се сними тој албум, за пријателството со Влада, замерките за филмот „Небесна тема“, за разочарувањето во бендот и распадот по само пет години постоење, за необични соништа кои се одвиваат во трамвај и опишувајќи ја таа многу незгодна професија, за песната на „ Идоли“ која секогаш предизвикувала нешто чудно кога ја слушале тој и Влада, за неговиот блуз бенд Зона Б кој постои 35 години и за новиот албум на групата „Magic Bush“ каде за прв пат се појавува како соло пејач во својата 67. година.

  • Крис Спенгл разјаснува : дали поткаст медиумот е на својот залез?

    Крис Спенгл - симпатичниот либертаријанец чија работа ,,за озбилно" , т.н. "вистинската" работа му е на радио, во Bob and Tom show. Сепак, најпознат е како либертаријанецот кој бил активен член на The Tea Party, со страст за историја, посветен верник кој има поткаст за секоја од темите за koја е заинтересиран, до мерка на страст. Од сите тие поткасти Patdown with Ms. Pat е неговиот најпознат поткаст каде што служи како конзервативната но толерантна контратежа на абразивната комичарка Патриша Вилијамс, која некогаш била дилерка на дрога но сега е - Еми номинирана глумица, и авторка. Дури и Дива му беше на гости во еден момент! (На Крис , не на Патдаун!) Неделава тој се прашува: дали на поткастите веќе им минува рокот или напротив, можеби е вистинско време да се почне поткаст? Имајте на ум: тој зборува за културата во САД , каде што ретко кој не отвори поткаст, слично како што беше случај со блоговите. Во Македонија, типично, нѐ заплиснува бранот на културните феномени - кога се повлекува... (цинизмот е репресивна алатка!) Погледнете го white boy Chris и неговите препораки за вештината на поткастингот!

  • Stiffed: Поткаст серијал за феминистичкиот пандан на Пентхаус, списание наречено Вива

    „Stiffed“(Ошурен) е нов поткаст серијал од iHeartMedia, што ја раскажува приказната за магазинот Вива кој бил со краток век. Дебитирал во 1973 година, покренат од Боб Гучионе, издавачкиот магнат зад списанието Пентхаус. Вива било едно од првите еротски списанија наменети за жени и беше, на многу начини, пред своето време. Поетесата Ники Џовани и феминистичката писателка Бети Фридан беа дописнички, а сегашната главна уредничка на американскиот Вог, Ана Винтор, дури и беше прва модна уредничка на Вива. Па, како пропадна едно прогресивно и ветувачко женско списание и зошто? Тоа се прашањата во срцето на поткастот „Stiffed“ и неговата водителка, Џенифер Ромолини. Таа вели „Боб Гучионе во 1973 година само што го постигна огромниот успех со Пентхаус, кое беше едно од најуспешните лансирања на списанија на сите времиња и сè уште е до ден-денес. И, знаете, тој беше карикатура, на многу начини, на мачизмот од 70-тите. Тој беше, знаете, мачо. Мислеше дека само тој знае како треба. Тој е Италијанец - Американец. Кошулата му е откопчана до папокот. Со златен ланец. Но, во исто време, тој е супер прогресивен и размислува прилично напредно, но и навистина вработил еден куп жени. Повеќето од сите директорски позиции во неговата компанија беа жени на највисоко ниво. Навистина добро платени. Така, иако тој беше несмасен и можеби не беше баш најдобриот шеф, во однос на тоа што не беше многу разумен - сите сме имале ваков вид на шеф; тој не ги слуша вашите мислења, тој не го слуша она што го знаете, но сепак, тој исто така им даде многу шанси и можности, па дури и фактот дека тој ја лансираше Viva е, знаете - беше многу прогресивно за тоа време. Па така и еротиката во Вива секогаш била машка идеја за тоа што сака жената. Тој беше уметник во душата и сакаше да биде класичен сликар. Мислам, тој е толку фасцинантна фигура за мене. Тој не беше чист негативец, што мислам дека ја прави оваа приказна навистина, навистина привлечна. И тој сакаше да ја контролира целата уметност во неговите списанија. Значи, целата еротика во Вива е преку машки објектив. Така, жените често велеа „ не ми се допаѓа ова“. Не познавам ниту една жена која сака да ја гледа содржината на Вива, знаеш? Но, во исто време рекоа „Боб ќе те вика срце, но ќе те направи главен уредник.“ Поткастот, како што е обично случај, можете да го најдете на сите поткаст платформи.

  • Критичари на долго и широко - нов поткаст на Њујоркер

    The New Yorker, култниот литературен и културен магазин продолжува да гo гради своето наследство во областа на критиката со новото издание на поткастот "Critics at Large" (Критичари на долго и широко) . Ова е неделно шоу кое се фокусира на уметноста и културата, и се обидува да ја истражи на долго и широко. Историски, критичарите во The New Yorker се специјализирани во писмените рецензии од основањето на списанието. Во својот прв број објавен во 1925 година, тоа содржи критики за театар, музика и книги, вклучувајќи го и новиот роман на Алдоуз Хаксли. Токму тој долгогодишен ангажман во критиката на уметноста и културата го постави The New Yorker како еден од водечките извори за литературна и уметничка критика. Сега магазинот го внесува својот придонес на познатите критичари во нов формат - поткаст. Во "Critics at Large", писателите од редакцијата , Винсон Канингем, Наоми Фрај и Александра Шварц, се сретнуваат за да разговараат за сè и сешто, од класични текстови до нови опсесии. Во овие живи и прецизни разговори, критичарите разменуваат ставови и долготрајни теории. Поткастот анализира книги, филмови, театар, телевизија и поп-култура, и создава тематски врски низ жанрот, медиумот и историјата. Зборуваат на теми од Салман Рушди до "Вистинските домаќинки", помагајќи на културно љубопитните да ја сфатат уметноста на денешницата. Вистински Дива концепт, по опсегот на интересите и резонирањето зошто таа мрежа е фрлена толку далеку, долго и широко. Critics at Large ги претставува триото на врвни критичари од The New Yorker: Винсон Канингем: Се приклучи на The New Yorker во 2016 година и пишува за театар, книги, комедија, спорт и многу повеќе. Неодамна го профилираше драматургот Џереми О. Харис, чија "Slave Play" беше широко пофалена и даде оглед за новата продукција на "Хамлет" во Централ Парк. Наоми Фрај: Научник и за културата на славните и високата уметност, се приклучи на списанието во 2018 година. Таа пишуваше за "Succession", светскиот провокатор на модата Филип Плејн, и судењето на Гвинет Палтроу. Александра Шварц: Литературен критичар којa ги опфаќа темите филм, ТВ и театар. Нејзините теми ја вклучуваат и авторката добитничка на Нобеловата награда Ени Ерно и психотерапевтот од ТВ Орна Гуралник. Првите две епизоди на "Critics at Large" влечат теми од текстовите од "Џејн Ер" до "Социјалната мрежа" и истражуваат два многу различни, подеднакво присутни културни феномени. Во првата епизода, водителите го истражуваат трендот "cringecore", феноменот што нè тера да чувствуваме "напливи на одбивност". Во втората епизода, триото го анализира Илон Маск и неговата способност да плете митови околу него, како што е отелотворено и во новата биографија на основачот на Тесла од Валтер Ајзаксон. Овој нов поткаст е произведен од страна на The New Yorker и Condé Nast Entertainment и е седмиот во низата на поткасти на списанието, кои ги вклучуваат и "Политичка сцена," "Fiction Podcast," "Poetry Podcast" и "The Writer’s Voice."

  • Куса и брза историја на стиховните битки

    Во моментов вниманието на културата е неподелено сконцентрирано на лиричната битка помеѓу Кендрик Ламар (Kendrick Lamar) и Дрејк (Drake), во која се вовлекоа и Рик Рос, Yе, J Cole, Metro Boomin Future, поради што беше наречена Големата цивилна рап војна. Нема катче од интернетот каде што живее Црната култура каде не се премеруваат, анализираат, дисецираат стиховите првично на Дрејк, а сега и на Ламар. Додека ја слушаме најновата трака на Кеј-дот, втора неделава, се потсетуваме на историјата на стиховните натпревари. Историјата Историјата на поетските и лирични натпревари и битки е длабоко вкоренета во различни култури и цивилизации низ целиот свет. Овие натпревари варираат по нивната природа, облик и форма, претставувајќи широк спектар на изразување, од епски рецитации до современи freestyle рап битки.  Првите поетски натпревари можат да се следат уште од античка Грција (веројатно и многу порано), каде што поезијата била сметана за важен дел од општествената и културната сцена. Драмските фестивали како што бил Дионизиј, нуделе платформа каде поетите можеле да ги покажат своите дела во форма на драми или рецитали. Овие настани биле организирани конкурси каде што поетите и драматурзите ги покажувале своите вештини пред жири и публика, надевајќи се дека ќе бидат наградени за нивната дарба. Многу од овие елементи се појавуваат и во средновековните лирични натпревари во Европа, наречени Minnesang во Германија или Trobadori во Франција - поетите кои ја мелодизирале својата поезија, пеејќи искажувајќи ги своите стихови во аристократските дворци. Овие изведби често вклучувале пораки на љубов, чест и политички коментари, исполнувајќи ги и естетските и социјалните потреби на нивните слушатели. Со тек  на времето, поетските натпревари и битки продолжиле да се развиваат и менуваат, адаптирајќи се кон конкретните културни и историски контексти. Во 18ти и 19ти век, во Јапонија, Haiku натпреварите претставувале форум за остроумие и длабока рефлексија преку кратки, но значајни поетски форми. Овие настани служеле како средство за демонстрација на ерудиција и духовитост на поетите. Во современата ера, поетските натпревари и битки зазеле нова форма преку растот на слем поезијата и  рап  битките. Слем поезијата, која стана популарна во 1980-тите години во САД, ги собира поетите во натпревари во живо, каде што тие ги изведуваат своите дела пред публика и жири. Овие настани подигнале нова платформа за социјални и политички коментари, пружајќи им на уметниците шанса да ги истакнат своите лирични гласови. Рап битките, кои имаат свои корени во афроамериканската култура и хип-хоп музиката, ги носат овие традиции еден чекор напред. Тие се фристајл натпревари во кои учесниците во живо и неподготвено спонтано римуваат, често во форма на меѓусебни предизвици, достигнувајќи го врвот на лиричката дарба и креативноста.Иако формите и контекстите на овие натпревари и битки се менуваат низ вековите, суштината останува иста: тоа е испит на уметничка вештина, начин на изразување и комуникација со публиката. Од древните времиња до денес, поетските и лиричните натпревари и битки го отсликуваат длабокиот човеков потенцијал за креативност и неговата непрекината потреба за културна и социјална интеракција преку уметноста. Рап битки Рап битките се сметаат за круцијалниот елемент на хип-хоп културата, која своите корени ги има уште од раните 1970-ти години. Хип-хопот не е само музички жанр; тој е движење што овозможи масовна културна експресија на Афро-Американците и Латиноамериканците во САД, кои беа маргинализирани и соочени со социјални и економски предизвици. Во оваа богата лепеза, рап битките ја заземаа централната позиција како форма на уметничка надградба, натпреварување и коментар на општествените (не)прилики.Историјата на рап битките може да се смета како рефлексија на борбата, креативноста и отпорот на црната култура во Америка. Овие битки, како форма на музички и лирски судир, овозможуваат директен пренос на пораки, идеи, и непоколеблив дух, истовремено служејќи како механизам за изградба на заедницата и идентитетот. Во рап битките, емси-јата (мајсторите на церемониите) се натпреваруваат во способноста да импровизираат рими, вештини за изведба и остроумност, често со намера да се порамнат со духот на публиката и да го исмејат противникот, но во исто време и да изразат социјални, политички и лични коментари. Тие се трудат да го докажат својот талент и оригиналност, првично во живите настапи и бит бокс дуелите. Сепак, со текот на времето, овие судири се претворија во интензивни зборовни препирки изразени преку студиски записи. Овие динамични натпреварувања, кои често се одвиваат на улични агли, клубови и паркови, имаат длабоко значење за црната култура. Тие не само што ја овозможуваат афирмацијата и видливоста на нивните гласови, туку исто така служат како оружје против социјалната неправда, расизмот и економската маргинализација. Рап битките се уникатен начин на комуникација кој може да оспорува преовладувачките наративи и да понуди алтернативна, неретко критична перспектива на светот околу нас.Она што е битно да се нагласи, е:  рап битките претставуваат суштинска платформа за автономен културен израз. Во рамките на овие судири, уметниците ги користат своите наративи како механизам за само-еманципација, обезбедувајќи сили за мобилизација и поддршка во борбата за рамноправност и против опресијата. Од класичните битки на улиците во Бронкс до масовно популарните денешни препирања по дигиталните платформи, рап битките го претставуваат ехото на минатите генерации и продолжуваат да ги инспирираат младите генерации да заземат став и да ја одржуваат борбеноста преку уметност. Покрај својата социјална функција, рап битките исто така играат критична улога во музичката иновација во рамките на хип-хоп жанрот. Тие поттикнуваат креативност, нови стилови, флоуови (ритмички обрасци) и иновативна лексика, што допринесува за постојаната еволуција на хип-хоп уметноста и културата. Некои од најголемите битки Хип-хопот е платформа на изразување каде што римите и ритамот создаваат епски приказни од епски размери. Но, покрај уметноста, хип-хоп културата е дом на еден уникатен феномен - рап битките. Овие лирски престрелки, често со корени во длабоко закопани емоции, гордост и барање на доминација, е голем дел од историјата на хип-хопот. Некои од најемблематичните рап битки вклучуваат: - Nas vs. Jay-Z: Оваа битка е историски сметана за една од најголемите во хип-хопот. Почнувајќи со Jay-Z-јата “Takeover” и одговорот на Nas, “Ether”, двајцата рапери ја одбележаа својата ера со остри рими и лични напади.  Tолку е иконична што ethered стана глагол кој означува - победен, понижен. - 2Pac vs. Notorious B.I.G.: Познатиот Исток-Запад хип-хоп ривалитет се врти околу двајца од најголемите рапери на сите времиња. 2Pac-овиот “Hit 'Em Up” и Biggie-јотов “Who Shot Ya?” станаа химни на ова историско непријателство. Не верувам дека има човек кој може да каже за себе дека живее во современиот свет, и го познава а да не ја чул Hit 'em up. - Eminem vs. Machine Gun Kelly: Современ пример на хип-хоп битка што брзо се прошири преку социјалните мрежи. Еминем се занимаваше со коментари направени од MGK со “Not Alike”, на што MGK одговори со “Rap Devil”. Одговорот на Еминем, “Killshot”, покажа дека и покрај тоа што не е во цветот на младоста, тој останува мајстор во битките. - Drake vs. Pusha T: Drake  не е почетник во рап непријателствата…  Почнувајќи со  “Exodus 23:1” на  Pusha T и избувнувајќи со “The Story of Adidon” (го користи семплот на Story of OJ на Jay Z) оваа битка го стави под лупа личниот живот и интегритетот на Drake, откривајќи таен син и поставувајќи нови стандарди за колку далеку може да одат емсијата во своите напади. Секоја од овие битки служеше не само како средство за решавање на спорови меѓу уметниците, туку и за унапредување на нивните кариери преку демонстрирање на нивната лирска вештина и оригиналност. Рап битките не се само агресивни расправии; тие се  vткаени во ткивото на хип-хоп културата. Ставајќи ги рaперите еден спроти друг во лирската арена, овие моменти станаа катализатори за иновации и креативност. Дали се водени од престиж, меѓусебни разлики или промоции, рап битките остануваат неизбришлив дел од душата на хип-хопот. Како почна најновата сеопшта рап војна: Ана Чушкова фотографии: Кристофер Ли

  • Добитник на Пулицер за 2024 за илустрирано известување и коментар „Дневник на работник во библиотеката во затворот на Рајкерс Островот“ од Медар де Ла Круз

    Пулицеровата награда за илустрирано известување и коментар од 2024 година му припадна на Медар де ла Круз за „Дневникот на работник во библиотеката во затворот на островот Рајкерс“ во Њујоркер, нудејќи редок поглед на животот во затворскиот систем преку уметничкото око на Де ла Круз. Де ла Круз, стрип уметник кој исто така работи во затворите во Њујорк како асистент во библиотеката во Јавната библиотека во Бруклин, нè води низ фрагменти од неговата работа што им служи на притворените њујорчани и ја препознава нивната хуманост во нехумано опкружување. Повеќе од една година работев по затворите на градот Њујорк како библиотекарски асистент за Бруклинската јавна библиотека. Сега работам во Вернон С. Бејн центарот. Кога ќе го уклучам радиото пред да одам на работа, често се прашувам дали повторно ќе чујам лоши вести за затворскиот систем. Казнено поправните домови не ни́ даваат никакви полици, па во Рајкерс, моите колеги и јас буткавме мала количка која шкрипеше, од еден во друг дом. Телефони и камери не се дозволени на Рајкерс, но јас сум илустратор. Понекогаш гледав работи за кои подоцна бев принуден да ги цртам од сеќавање. Секогаш сум трогнат од благодарноста и топлината, што некои луѓе ја изразуваат кога сме во состојба да им ги донесеме книгите кои ги бараат. Рајкерс е еден од најозлогласените затвори во светот. Затворениците - работници го изградиле на темели на ѓубре, и градот Њујорк го преоптоварува капацитетот со шест илјади луѓе, а најголем дел од нив чекаат судење. Многумина едноставно не можат да си дозволат да платат кауција. Некои чекаат со години. Вернон С. Бејн Центарот, кој сите го нарекуваат Бродот, е затворскиот товарен брод во водата наспроти Рајкерс. Мириса на риба и ѓубре. Има делови од затворскиот систем кои повеќе не ги посетуваме, бидејќи не се чувствуваме безбедно таму. Други делови, пак, изгубиле пристап до библиотеката затоа што немаме доволно луѓе за работа. Во интернатот на амбулантата на Рајкерс, често слушав мажи како зборуваат на говорници со нивните сопруги и деца. Други пак, ја трампаа ужината, или ја разгледуваа правната документација која ќе им беше потребна за судскиот процес. На вториот и третиот кат од амбулантата, ходниците беа толку тесни, што количката со книги едвај се протнуваше низ нив. Мажите таму беа ставени во кафези поради „заштитничко старателство“ и едвај можеа да ги напуштат нивните ќелии. Им ги подавав книгите преку процеп. Одвреме - навреме, тешко вооружени „желки“ ќе ни́ наредеа на нас, библиотекарите, да се тргнеме настрана додека маршираа. Оваа единица придружуваше трансродова жена додека затворскиот чувар снимаше се́. Во 2022 работна група свикана од одборот на КПЗ рече дека затворите често ги ставаат транс луѓето во позиција на опасност, со тоа што ги сместуваат во единици кои не се во согласност со нивниот родов идентитет. Многумина имаа искуство со сексуално насилство. Можам само да замислам колку осамени моите покровители се чувствувале кога не го зборуваа истиот јазик како тие околу нив. Нашите книги стануваа единствените извори на забава и бегство. Уметник на петтиот кат направи неверојатни скулптури од сапун и мелено кафе. Ние сретнувавме и талентирани писатели, оригамисти, и дизајнери на маици. Повеќето затворски чувари не зборуваа со нас, дури не не́ погледнуваа во очи, но една од нив секогаш се шегуваше со нас кога си одевме. Таа бараше да и́ позајмиме книги за да може да си го минува времето на долгите смени. Кога ќе завршев смена во Рајкерс, моите нозе ме болеа од стоење по цел ден. Ќе размислував за сите луѓе со кои што зборував. Ќе се надевав дека сум направил барем мала разлика во нивните животи. Зборовите на еден покровител останаа со мене: „Барем ќе си отидеш дома.“ Медар де ла Круз е стрипаџија и асистент за сервисот за Казнено поправни установи во Бруклинската јавна библиотека.

  • Предлогот на Стив Албини за принципите на работа на In Utero споделуван од фановите

    Фановите повторно го споделуваат предлогот на Стив Албини за продуцирањето на In Utero на Нирвана откако веста за неговата смрт се обзнани во јавноста. Pitchfork објави дека   Албини починал од срцев удар во неговото студио за снимање, Електроник Аудио. Неговата смрт беше потврдена од вработените во студиото. Албини напишал предлог на четири страници до гранџ триото кога се согласил да работи на „In Utero“ со нив во кој ги објаснил своите филозофии околу снимањето музика. Најзначајно, тој изјави дека „ако за снимање е потребно повеќе од една недела, некој заебува работа“. „Мислам дека најдоброто нешто што би можеле да го направите во овој момент е токму она за што зборувате: скоцкајте албум за неколку дена, со висок квалитет, но минимална „продукција“ и без мешање од тапанџиите од канцеларијата“. тој напиша. „Ако навистина сакате да го правите тоа, би сакал да бидам вклучен. Доколку, наместо тоа, се најдете во позиција привремено да ви удоволува дискографската куќа, само за потоа ве цимаат за синџир во одреден момент (да ве натера да преработите песни/секвенци/продукција, да најмат пиштолџии кои ќе ве тераат да ја„засладите вашата плоча, да им ја дадат  целата работа на некој ремикс џокеј, што и да е...) тогаш ве чека разочарување и јас не сакам да бидам дел од тоа“. Тој продолжи: „Јас сум заинтересиран да работам само на албуми кои легитимно ја одразуваат сопствената перцепција на бендот за нивната музика и постоење. Ако се посветите на тоа како начело на методологијата за снимање, тогаш ќе се сокршам од работа за вас. Ќе вртам кругчиња околу вас… Сум работел на стотици албуми(некои одлични, некои добри, некои ужасни) и увидов директна корелација помеѓу квалитетот на крајниот резултат и расположението на бендот во текот на целиот процес. Доколку снимањето трае долго, и сите се разочарани и внимателно го проверуваат секој чекор, тогаш снимките малку наликуваат на бендот во живо, а крајниот резултат е ретко ласкав. Правењето панк плочи е дефинитивно случај кога повеќе „работа“ не значи подобар краен резултат. Јасно е дека вие самите сте го научиле ова и ја цените логиката….“ Тој објаснува дека „бендот [е] најважната работа“,за потребата „да се остави простор за незгоди или хаос“, зошто не би сакал ремикс на снимки од друг инженер и зошто тој не би го диктирал звукот на плочата според неговиот вкус. Тој исто така напиша дека не е важно каде е снимен албумот колку како е снимен. Тој зборуваше и за пари, пишувајќи: „Не сакам и нема да земам хонорар на која било плоча што ќе ја снимам. Нема поента. Точка. Мислам дека плаќањето хонорар на производител или инженер е етички неодбранливо. Бендот ги пишува песните. Бендот свири музика. Фановите на бендот се тие што ги купуваат плочите. Бендот е одговорен за тоа дали е одлична плоча или ужасна плоча. Хонорарите му припаѓаат на бендот. „Би сакал да бидам платен како водоводџија: јас ја работам работата, а вие ми плаќате колку што вреди“. Неговата последна реплика беше: „Ако за снимање е потребно повеќе од една недела, некој заебува работа“. Курт Кобејн беше познат обожавател на музиката на Албини пред да работи со Нирвана, присуствувајќи кога неговиот бенд Биг Блек го свиреше нивното последно шоу во 1987 година. за време на свирката. Минатата година, басистот на Нирвана, Крист Новоселиќ, зборуваше за NME и се присети на работата со продуцентот и како бендот се спушти на звукот на плочата по „Nevermind“. „Курт беше фан на Албини“, рече тој. „Се сеќавам дека бев во комбето за турнеи во 1989 година и Курт ги слушаше Pixies. Тој го крена прстот и рече: „Ова ќе биде нашиот звук на добошот!“ Тој сакаше да го направи тоа со Стив долго време.

  • Кампусот на Колумбија во криза

    Во доцните утрински часови на 18-ти април, додека полицијата се трупаше пред портите на Универзитетот Колумбија и скандирањата „Слободна Палестина!“ одѕвонуваа низ кампусот, налетав на Нина Берман, колешка од Факултетот за новинарство, каде што предава фотоновинарство, јас служам како декан. Нина се движеше кон источниот тревник, каде што на таблата беше прогласена областа „Камп Солидарност со Газа“. Таа веќе четири децении е специјализира за документирање токму на овие видови настани - штрајкови на работници, протести на „Црните животи се важни“ собири за репродуктивните права - иако обично на нешто поголема оддалеченост од нејзиното работно место. Малку контекст: Непосредно пред зори, на седумнаесетти, десетици студенти излегоа на источниот тревник за да побараат универзитетот да ги намали инвестициите во компании кои се поврзани со Израел. Тревниците на кампусот беа зона на конфликт од неделата по 7-ми октомври, кога почнаа да се појавуваат спротивставени групи кои протестираа за поддршка на Израелците и Палестинците. Затоа, не беше невообичаено да се види палестинското знаме развиорено пред ближната „Библиотека Батлер“. Но, протестите се интензивираа тоа утро, кога студентите подигнаа шатори и закачија натпис „Ослободена зона“. Истиот ден, Минуш Шафик, новиот претседател на „Колумбија“ беше во Вашингтон, сведочејќи за антисемитизмот на универзитетот пред комисијата на Домот. По сослушувањето, Шафик се соочи со уште еден предизвик: како да одговори на кампот што сега го исполни целиот источен тревник. Таа на крајот се јавила во њујоршката полиција, која уапсила повеќе од стотина студенти. Наскоро, демонстрантите повторно ги подигнаа своите шатори. Последователно поминав десет дена како дел од административниот тим кој се обидуваше да преговара за мирно затворање на кампот. На 30-ти април, откако почнаа да се одржуваат слични демонстрации во колеџите и универзитетските кампуси низ целата земја, контингент од демонстранти ја окупираа Хамилтон Хол - академска зграда - сè додека повторно не беше повикана полицијата. Таа ноќ тие ја вратија зградата, го отстрани кампот и уапси сто и девет студенти. Шатори беа поставени пред библиотеката Батлер, во центарот на кампусот. Секој ден од поставувањето на кампот, Нина доаѓаше во кампусот со својот фото-апарат, незабележливо се позиционираше во толпата и забележуваше делови од овој тежок момент во нашата историја. Тоа се запрепастувачки слики што ќе останат со мене: замислен поглед на демонстрант чие лице е заматено со кефија, која стана и симбол на солидарност со Газа и практично средство за маскирање на идентитетот за да се избегне доксирање. Студентка додава минијатурни израелски знамиња во тревата. Двајца спротивставени демонстранти - еден со израелско знаме, еден во кефија - водат жестока дискусија. Веќе е јасно дека април, 2024 година, ќе биде важно поглавје во традицијата на универзитетот за пролетно несогласување. Во април 1985 година, неколку стотици студенти се собраа за да побараат Колумбија да се откаже од компаниите кои водат бизнис со апартхејдот во Јужна Африка. Во април, 1968 година, собирите против Виетнамската војна кулминираа со особено насилна полициска рација и наводно и́ дадоа на администрацијата аверзија да дозволи N.Y.P.D. да дојде на кампусот. Но, сега, половина век подоцна, повторно е повикана полиција. На крајот ќе се вратиме на некоја форма на рамнотежа, а заедницата ќе се обиде подобро да разбере што се случило овде и зошто. Еден извор на сеќавање и разбирање ќе бидат сликите што ги собра Нина Берман: една по друга  петстотинка од секундата . Џелани Коб

  • Институтот за костими ја буди заспаната убавица во хемиската лабораторија

    Импресивното шоу прикажува кревки фустани во херметички витрини, палта од кои расте трева, „тапни и мирисај“ ѕидови и холограм. Дали функционира? од Ванеса Фридман и Џејсон Фараго Кога Институтот за костими на Метрополитен музеј на уметноста објави дека неговото пролетно блокбастер шоу во 2024 година ќе се вика„Заспани убавици: повторно будење на модата“, следеа мноштво зачудени прсти на слепоочницата. Дали ова беше шоу за костими на Дизни? Фустани за принцези? Сега кога изложбата всушност дојде, а одговорот е: ништо од горенаведеното. Тоа е шоу изградено на база од 15 парчиња од колекцијата на институтот кои станаа толку кревки со текот на времето што веќе не можат да се прикажуваат на кукли манекени („заспаните убавици“), заедно со повеќе од 200 поиздржливи тоалети и додатоци кои одразуваат органски теми, како што се како рози, пеперутки и бубачки (природата исто така е кревка). Неговите куратори се обидуваат да ги „разбудат“ овие предмети со помош на технологија и сензорни бомбардирања: допир, мирис и звук. Замислете го сенишното шушкање на свилената тафта, ѕвонењето на џиновските светки, вратени во живот од научници и инженери. Тоа не е вообичаена модна изложба. Но, што точно е тоа? Ванеса Фридман, главен моден критичар и Џејсон Фараго, генерален критичар, дебатираа за резултатот. Ова се уредени извадоци од нивниот разговор. ВАНЕСА ФРИДМАН Оваа изложба ме импресионираше и затоа што е  многу амбициозна - со употребата на вештачка интелигенција, видео, молекуларна наука, звук и допир за да ги оживее повеќекратните димензии на изложените 250-те одевни парчиња и додатоци кои се во распон од пет векови,  создавајќи го она што директорот на Meт Макс Холеин го нарече „ голем мултисензорен експеримент“ - а сепак чудно минорен. Мислам дека тоа е така затоа што, со „допри ме“ ѕидовите, „свиткај и помирисај“ тубите , глиномациите, анимирани везови кои наликуваат  на глина, изгледаше како возрасна верзија на детската галерија „Откритие“, но со многу поубава облека. Сепак, под сета театралност се крие една многу провокативна голема идеја: дека штом модата ќе влезе во музејот и ќе падне во рацете на конзерватор, таа станува предмет и ефективно „умира“. Пау-пау! Од лево, јакна од Valentino, вечерен фустан од House of Dior и фустан од Dolce & Gabbana. Пластичните цевки ги дисперзираат молекулите на мирисот извлечени од фустанот на Dior, како и фустанот Lanvin, една од „заспаните убавици“ во стаклена витрина. Лево: Туби користени за транспорт на она што Институтот за костими го нарекува „молекули на мирис“ извлечени од изложената облека. Десно: Колбата прикажува различни „молекули на мирис“ од капи, од парфем до производи за коса до чад од цигари. ЏЕЈСОН ФАРАГО Во право сте кога го споредувате со детски музеј, со неговата фетишизација на интерактивноста, непосредноста и приматот на сетилата. („Користете ги сите ваши сетила, деца!“ вајб од градинка.) Има и сегменти кои се поклинички: симулации на лабораторија, со аналитички дијаграми кои ја прикажуваат прецизната содржина на боја на жолтите фустани и кристали за  мирисање од колбите со тркалезно дно . Континуираните заоблени бели ѕидови - ова шоу е дизајнирано од хип фирмата  Леонг Леонг - исто така му даваат чувство на лабораторија, па дури и, ако сме великодушни, ментална институција. Една од првите галерии, ја реплицира текстурата на фустанот на Кристијан Диор како 3-D-печатена уретанска позадина:LVMH болничка ќелија тапацирана за безбедност. Но, повеќе од било кој од нив, овој моден спектакл ме натера да размислувам за формат на изложба што напредуваше минатата деценија: извонреден, блескаво обоени музејски атракции, како Музејот на сладолед или интерактивните простории на teamLab, кои нудат хроматска стимулација и чести можности за селфи. Овие „музеи“ кои се стапици за туристи - зборот нуди фурнир на културата, но тие се повеќе како забавни куќи - се појавија заедно со Инстаграм во средината на 2010-тите, и би забележал дека TikTok е водечки спонзор на оваа изложба, но и на Мет Гала. Облеката ја покажува радоста на жолтата боја како модна потпора во текот на три века (и бојаџиите кои го овозможија тоа мајсторство, потпирајќи се на лен, реседа или пупки од јапонски пагоди пред синтетичките бои да ги преземат природните извори). Витрината подолу содржи избор на капи од колекцијата на Институтот за костими. Винсент Туло за Њујорк Тајмс ФРИДМАН Па, како што и двајцата знаеме, Институтот за костими е единствениот оддел во музејот што треба да плаќа за сопствениот оперативен буџет - и настани. Па - следете ги  парите. И секако, дел од улогата на модата во овој музеј, особено откако кураторот Ендрју Болтон ги презеде и почна да ги создава овие концептуални екстраваганции, беше да биде попристапната влезна точка до големата институција и да ги протне луѓето низ вратите. Се сеќавам дека еден поранешен кустос, Харолд Кода, ми кажа дека музејот некогаш ги мерел нивоата на децибели на различни експонати, а тие биле убедливо највисоки за изложбите на Институтот за костими, бидејќи сите се чувствуваат безбеди за своите мислења за облеката. И мислам дека ова шоу ќе биде муабетџија, и затоа што многу од изложените алишта се многу прекрасни, и поради аспектот на „Погали го зајачето“. Што  велиш ти? ФАРАГО Имам реални резерви за интерактивноста и имерсивноста, што ги поткопува напорите на ова шоу да се погледне облеката низ научни и поетски леќи симулатно. Таа бифокална техника е интригантен пристап, а можеби „Заспаните убавици“.... можеби беа двојно подобри со половина од буџетот. Но, треба да зборуваме за суштината на ова шоу пред да навлеземе во стилот - доколку тие две можат да се разделат... ФРИДМАН Објаснувањето е поврзано со распаѓањето или минливоста на облеката во колекцијата на музејот (облека која има „инхерентен порок“, што е мојот нов омилен термин), што го натера Болтон да размислува за флората, фауната, итн, итн. доведе до темите што ги користеше за да ја набабри изложбата. Тоа е малку хаотично образложение, но во суштина може да се сведе на: Модата била под влијание на природата откако станала мода! Што е –пфф – прилично очигледно, но и забавно за гледање. Кој не сака да помине извесно време гледајќи во ремек-делото на Dior со назабената тоалета, пена со монистра или Paquin од 1937 година во плисе шифон со деликатност на цветни ливчиња, или шинел Loewe од неодамнешното модно шоу, што никнува вистинска трева? (Оваа последната треба да се заменува со нова секоја недела или така нешто, бидејќи тревата не може да издржи толку долго без да се наводнува.) Огромната визуелна привлечност на оваа облека дава убедлив аргумент дека некои дизајни, барем, имаат безвременската привлечност на големата уметност. Темно синото волнено палто има никулци од вистински овес, 'рж и пченица трева. Создадена од шпанската дизајнерска куќа Loewe, со уметницата Paula Ulargui Escalona, ​​колекцијата машка облека пролет/лето 2023 година. ФАРАГО Јадрото на изложбата (или она што треба да биде јадрото) се состои од 15 фустани од колекцијата на Институтот за костуми, плус тој тревник на Loewe, кои подлегнуваат на тој  инхерентен порок. Тие се прикажани лежејќи рамно во херметички витрини. На вечерен фустан со лаванда боја од 1902 година, направен за Александра од Данска, можете да видите распарани делови во свилената мрежа што се распаѓа: еден погрешен потег и светките веднаш паѓаат. Има уште една наметка од истата година, дизајнирана од House of Worth,, која беше третирана со метална сол за да се зацврсти тафтата. Сега таа сол ја разградува ткаенината. Она што Болтон се обиде да го направи е да ги реанимира овие наметки со дополнителни научни (или наука-лајт) прикази. Фустан од 19 век е изведен како C.G.I. наметка на танцувачки аватар. Има лентикуларни фотографии кои укажуваат на движење на свилата додека поминувате покрај нејзе и аудиозапис од звукот на шушкање на тафт. Сепак, најзабележителните сензорни искуства се миризливи… „Заспаните убавици“ го вклучуваат овој вечерен фустан од House of Worth од дизајнерот Жан-Филип Ворт, од 1902 година. металните соли, кои се користат за вкочанување на наметката, реагирале со свилата, и ја оштетиле. Детал од фустанот во „Заспаната убавица“ од 1902 година од неименуван француски дизајнер. Кревката свилена мрежа на која се зашиени светки е распадната. Една од облеките што ги инспирираше „Заспаните убавици“ беше оваа балска тоалета од House of Worth од Чарлс Фредерик Ворт, околу 1887 година. ФРИДМАН Имено, поради  мирисите го музејот  беше многу нервозен! Тие не сакаа некој да се чувствува нападнат со тоа што мора да го истрпи мирисот на човечка коса од капа, итн. Лично, многу уживав во ѕидот во галеријата „Призракот на розата“, кој му овозможува на посетителот да ги ослободи мирисите што се симнати од фустанот на Paul Poiret и две House of Drecoll  наметки и вградени во бојата. Исто на стаклените цевки кои испуштаа мали пуфки на мирис во просторот посветен на Милисент Роџерс, наследничката на Standard Oil, која се обидува да го рекреира својот сопствен...хм...телесен мирис како што се вади од нејзината облека - да речеме, коктел фустан од Schiaparelli покриен со цветови во градината. — и околината. И ценев дека мирисите не беа за парфеми. Тие се однесуваа на самата облека и на начинот на живот на луѓето што ги носеле. ФАРАГО Ти се допадна повеќе од мене. Го поминав остатокот од моето попладне со восочната смрдеа на фустанот од Поаре на врвовите на прстите. Посетителите можат да намирисаат цевки, создадени од норвешкиот уметник Сисел Толаас, кои содржат молекули од 57 облека и додатоци. ФРИДМАН Сепак, од сите „активации“, моето омилено беше салвото на отворањето: холограм од Worth фустан од 1887 година , кој беше потпран IRL во стаклена витрина, но тука оживеан и играше валцер во воздух. Мислев дека тоа е крајно шармантно и поуспешно од четботот со вештачка интелигенција кој одговараше на прашања за последниот фустан: сосема модерна бела свилена венчаница од Callot Soeurs што ја носеше њујорчанката Натали Потер за нејзината свадба во 1930 година. Тоа ми се чинеше како кураторите да се трудат премногу да бидат во моментот. Иако мислев дека дрвената лепеза од 1869 година, која некогаш бил во сопственост на жена по име Флора Милер, прикажана со него е фасцинантна:  Рачно напишан „дневник“ од нејзините први три недели од брачниот живот, напишан ракописно на летвите, но избледен,  бил реконституиран преку мултиспектрален имиџинг. ФАРАГО Ги молам музеите малку да се смират со четботовите. Само за нашите читатели, се согласив на недоличното зборување со него. „Натали“, прашав, „што мислиш за мандатот на Ендрју Болтон како куратор на Институтот за костими? Ботот одговори: „Визијата на Ендрју Болтон за Институтот за костими резонира со неговиот остроумен вкус и научна длабочина. Неговите изложби се особено прецизни и предизвикуваат размислување“. Еј, па на кого му требаат критичари!? Холограм на балски фустан од дизајнерот Чарлс Фредерик Ворт, околу 1887 година, кој танцува на Чајковски. Но, овој аристократ со вештачка интелигенција - оваа имитација на животот - нè враќа на пошироката и посложена тема на „Заспаните убавици“ што првично ја спомнавте, Ванеса, а тоа е животот и смртта на облеката. Напорите на Болтон да ги „оживее“ или „реанимира“ облеките овде се паралелни со покрупните проблеми и грижи што сите ги имаме за музеите. Музејот е машина (го вентрилокизирам антропологот Џејмс Клифорд овде) која ги трансформира артефактите во уметност. Не можете повеќе да танцувате со африканските или маските од Океанија во  Мет Рокфелер крилото. Никој не доаѓа во средновековното крило за да ги почитува светците на иконите. Овие предмети, откако ќе влезат во музејот, мора да се подложат на нови режими на гледање. И „Заспаните убавици“ легитимираат поширок сомнеж денес за изложување и зачувување на музејот. Сакаме да направиме културни објекти повторно живи, и за методолошки цели (имаа употреба пред да дојдат овде) и за задоволство на публиката (поубаво изгледаат на TikTok). Но, со модата има дополнителен бодеж со ножот - модата е ефемерна од  почеток. Свадбен ансамбл од 1930 година од Callot Soeurs од дизајнерот Пјер Гербер во последната галерија. Лепеза од 1869 година од американски дизајнер. Сопственикот ги бележи првите три недели од бракот на неговите летвички, но мастилото избледе. Конзерваторите на Мет користеле мултиспектрални слики за да го „разбудат“ текстот. ФРИДМАН Затоа, постои повеќегодишна дебата „дали е тоа уметност“. Ако го носите, дали е тоа уметност? Ако можете да си играте со него – како што можете овде – дали е тоа уметност? Оваа изложба е дел од континуумот на насѕани на Болтон кои поставуваат поголеми прашања за модата и технологијата (мислам на „Manus x Machina“ од 2016 година) и модата и времето (About Time: Fashion and Duration (Беше време: мода и траење) од 2020 година), делумно за да го оправдаат нивното место во музејот. Дури и доколку не одговорите на теоријата, можете само да уживате во убавата облека и игрите. Во овој случај, сепак, мислам дека напорот да се поддржи идејата со интеракциите, комплексни и експериментални иако требаше да се произведат, може да заврши со намалување на нејзината сериозност. ФАРАГО „Manus x Machina“ беше мојот омилен од тие три серии, убедливо, затоа што беше потребна извикана идеја во пошироката култура - технологијата менува сè! — и го историизираше, го распакува, го успори. Тоа е она што може да го направи една голема музејска изложба. А „Заспаните убавици“ тоа го постигнува на места, најмногу кога ќе се оддалечи од научната лабораторија и ќе влезе во доменот на историјата и уметноста. Постојано размислувам за овие стаклени копчиња од античкиот режим на Франција, во кои беа вградени исушени инсекти. Би можеле да лебдите низ Версај со мртви бубачки на вашиот елек! (И не знаевте дека револуцијата ќе те згмечи, како бубачка до 1790-тите). По нив следеа два ацетатни чокери од House of Schiaparelli, залепени со рачно насликани месингани бубачки и вилински коњчиња, а потоа тесен фустан „пеперутка“ - крилата на пеперутката се всушност насликани пердуви од мисирка - од првата колекција на Сара Бартон за Александар Меквин. Овде имаме вистинска демонстрација на научен и симболичен континуитет во текот на 200 години, што носи многу поголема тежина од графиките и звуците на Пепелашка во пролет. Тесен фустан „пеперутка“ - крилата на пеперутката се всушност насликани мисиркини пердуви - од првата колекција на Сара Бартон за Александар Меквин, колекција пролет/лето 2011 година. Фустан „Змија“ од колекцијата есен/зима 2011-12 на Ирис ван Херпен. ФРИДМАН Вашето спомнување на револуцијата е многу соодветно, со оглед на инспирацијата за раскошниот кодекс на облекување на Галата:Ј.Г. Балард „Градината на времето“ расказот што го прочитав како за крајот на аристократијата. Она што го кажа Болтон го привлече кон фразата беше идејата за градините и времето, и нивната поврзаност со изложбата, наместо макро поттекст. И навистина, тоа е можеби најдобриот начин да уживате во шоуто. Дел од привлечноста на изложбите на Институтот за костими е заменикот замислување: Дали би го носел фустанот на Ајрис Ван Херпен кој изгледа како колекција на мрсни пипала? Што е со тој фустан на Александар Меквин со школки кои тропкаат? Кој го носеше? И каков беше светот, каде што беше можна таква облека? Оваа изложба се потпира на тие идеи и ги тера посетителите да сакаат да се наведнат повторно - буквално. Наведнете се и помирисајте ги молекулите! Навалете се наназад и гледајте ги видеата од птици кои кружат на таванот. Наведнете се и допрете го ѕидот. Наведнете се близу, и погледнете. Фотографии: Винсент Туло Извор: The New York Times

  • Десет есенцијални Стив Албини наслови

    од Кристофер Р. Вајнгартен Техниката за снимање со потпис на чикашкиот кавгаџија, Стив Албини, беше невидливата сила што ги оживуваше најпрепознатливите звуци на алтернативниот рок. Претпочитајќи го терминот „инженер за снимање“ отколку „продуцент“, тој се залагаше за стил на возвишен реализам кој останува исто толку влијателен како и песните што ги снимал - најпознатите албуми на Nirvana, Pixies, PJ Harvey и Jesus Lizard. Тие сесии би ја дефинирале неговата кариера, но Албини, кој почина во вторникот во својата 61 година, не сакаше да каже дека има „звук“. Бендови од сите „направи сам“ жанрови - од познатите до непознатите - се спојуваа во неговото студио Electrical Audio барајќи го она што тој можеше да го обезбеди: органско, автентично и искрено претставување на нивната работа по разумна цена. Албини процени дека снимил „неколку илјади“ албуми во интервју во 2018 година; неговата продуктивност била поврзана со чистотата на неговиот процес. Сесиите на Албини беа направени брзо и прифатливо. Инструментите беа снимени со собни микрофони за да го снимат природниот одек на просторот. Претпочиташе аналогна опрема и снимки од еден обид. „Секој што има направено плочи во повеќе време од многу краток период, ќе препознае дека обидот да се манипулира со звукот откако ќе се сними никогаш не е толку ефикасен како кога е првично правилно снимен“, рече тој за списанието Sound on Sound. Еве 10 песни кои ја демонстрираат неговата филозофија на снимање. Pixies, 'Where is my mind“ (1988) За првата плоча што ја снимил надвор од кругот на пријателите, Албини го користел  бостонскиот бенд Pixies како експериментално заморче за неговите сонични идеи: вчитувајќи го својот деби албум „Surfer Rosa“ со студиска врева од муабетите која е од ракав, одбивајќи да користи тишина помеѓу песните и ја натера басистката Ким Дил да ги пее вокалите во позадина натопени со реверби на „Where Is My Mind?“ во студиското купатило во кое имаше ехо.. Во ретроспектива, Албини рече дека неговите продукциски допири биле интрузивни, но следната генерација на алт-рок титани ги доживеа како бодрење. Where is my mind подоцна стана една од песните на која  другите бендови ќе се повикуваат кога сакаа да работат со мене“, изјави Албини  за Гардијан. „Никој не очекуваше дека ќе успее  бидејќи ниту еден андерграунд американски бенд од таа генерација немаше ни минлива претстава за комерцијален успех како некаква цел. Луѓето само сакаа да фасцинираат “. The Breeders, ‘Happiness Is a Warm Gun’ (1990) Кога Албини работеше со Дил на нејзиниот соло проект Breeders, „Веднаш ги претпочитав од Pixies“, рече тој во книгата „Fool the World: The Oral History of a Band Called Pixies“ (Измами го светот: Оралната историја од бенд наречен Pixies). „Имаше симултан шарм во презентацијата на Ким на нејзината музика која е и детска и збунета, а исто така целосно зрела и некако валкана“. Бендот, често облечени во пижами, го направи своето деби ЛП, „Pod,”, во првата недела од она што требаше да биде двонеделната сесија. „Стив Албини не беше заинтересиран да ја „усоврши“ песната или изведбата: Неговиот métier беше да го добие најдобриот звук од опремата и да притисне „снимај“, рече басистката на Breeders, Џозефин Вигс во соопштението за вести во 2008 година. „Тој беше целосно задоволен од себе кога го миксаше албумот, велејќи: „Види - без EQ!“ The Jesus Lizard, ‘Mouth Breather’ (1991) „Кога мислам на Jesus Lizard, мислам на нив како на најголемиот бенд што некогаш сум го видел, како на најдобрите музичари со кои некогаш сум работел и како на најчистиот спој на возвишеното и профаното“, рече Албини во „The Jesus Lizard Book“. Група на нојз-рок  хаос машини беше склона кон повреди, вплеткувања со публиката и голотија во јавност, а Албини некако ја изжнеа нивната енергија преку четири ЛП-ја. „Стив работеше брзо и евтино и направи добри зделки во студиото“ рече басистот на бендот Дејвид В’м. Симс пск,  рече во Book: „Тој беше склон да понуди повеќе информации отколку што баравме, но се чинеше дека не му пречеше што генерално го игнориравме“. PJ Harvey, ‘Rid of Me’ (1993) „Знаев дека сакам да работам со Стив Албини уште кога ги слушав плочите на Pixies и слушајќи ги звуците што тој ги добиваше, звуци кои не беа налик на ништо друго што го имав чуено на винил“, изјави Пи Џеј Харви за „Спин“ за снимањето на нејзиниот пробивен албум Rid of me: „Навистина го сакав тојтолку  соголен, многу реален звук. Знаев дека тоа ќе им одговара на песните. Тоа е како да допирате вистински предмети“. Некои критичари беа згрозени од каустичната продукција на Албини, во кој доминираа тапаните, но сепак „Rid of Me“, албумот ќе се покаже како еден од најтрајните во 90-тите. Nirvana, ‘Serve the Servants’ (1993) По мултиплатинумскиот удар на Нирвана со „Nevermind“, триото се повлече на едно затскриено место во Минесота за да работи со  типот позади плочите на „Pixies“, „Breeders“ и „Jesus Lizard“ кои ги сакаа. „Не сакавме да се продадеме и Албини е познат по тоа што има интегритет“, изјави басистот на Нирвана, Крист Новоселиќ за Mojo. „ Едноставно имаше смисла, да се вратиме на нашите корени наместо само да направиме уште еден навистина исполиран албум“. Снимен за околу 12 дена користејќи еден грст од снимки од прва, последното студиско ЛП на Нирвана, „In Utero“, беше документ кој е потопен во фидбек, со издрпани рабовм, на бенд кој веќе ја препрограмираше рок-музиката за да го прифати грдото и несовршеното.“ Neurosis, ‘The Doorway’ (1999) Албини ги предводеше последните шест студиски албуми од Neurosis, титани на повторувачкиот, хипнотички, длабоко страстен поджанр познат како „пост-метал“. Фронтменот Стив фон Тил изјави за магазинот Fact зошто постојано го барале: „Мојот засилувач ќе звучи како да си ја заглавил главата на мојот кабинет. Така треба да биде, ништо не му пречи. Нема трикови, нема трикови, тоа е вистинско снимање. Како што беше со Zeppelin или Sabath или која било од вашите омилени плочи од 70-тите.“ Shellac, ‘Prayer to God’ (2000) Оваа ултранасилна отровна одмаздничка фантазија останува магнум опус на нојз-рок бендот на Албини, Shellac. „Беше инспирирано од небрежна рефлексија за идиомот на баладата за убиства, и колку беше [експлозивно] тоа што имаме традиција на песна која во основа е посветена на мажите кои убиваат жени“, Албини.изјави за магазинот Listen. „Тогаш, што ако постоеше човек кој би бил преголема кукавица за да убие некого, но исто толку  мисли дека е во право и подеднакво фрустриран.“ Low, ‘Sunflower' (2001) Иако Албини е најпознат по нагласувањето на жестокоста на хеви-рок бендовите, тој исто така беше мајстор за доловување на интимното, без разлика дали снимаше кревки „slowcore“ бендови како Bedhead или арт-фолк иконокласти како Нина Настасија. “Secret Name” (1999) and “Things We Lost in the Fire” (2001) од триото Минесота, Low, опстојуваат како есенцијални документи за единствените хармонии што ги споделуваат брачната двојка Алан Спархок и Мими Паркер. „Репутацијата по која што беше познат беше: „О не, не пробувај ништо шашаво со Стив. Сè мора да биде реално и мора да биде панк“, се сеќава Спархок на поткастот „Life of the record”. „Па, не, всушност. Беше некако возбуден што ќе снима различни работи и возбуден што ќе испробува различни работи“. Godspeed You! Black Emperor, ‘Rockets Fall on Rocket Falls’ (2002) За нивниот трет албум, филмските крешендо-рокери Godspeed You! Black Emperor со девет членови, се оддалечи од својата величествена колажна уметност во повеќе делови, во корист на она што нивната издавачка куќа кажа беше „само сиров, лут, дисонантен, епски инструментален рок“. Албини го фати природниот интензитет на бендот на оваа 20-минутна експлозија на пркос. Cloud Nothings, ‘Wasted Days’ (2012) Во последната деценија или така нешто, Албини служеше како магнет за младите бендови, кои очигледно беа задолжени на неговиот абразивен аутпут од 90-тите - акти со високи децибели како Metz, Ty Segall, Ken Mode и Screaming Females. Неговата работа за Cleveland’s Cloud Nothings ја сигнализираше трансформацијата на бендот кој почна како  пријатен пауер-поп бенд кој премина во критички признаена нојз-рок сила. „Сакавме да звучи како да свириме“, фронтменот на Cloud Nothings, Дилан Балди изјави за Спин. „И тоа го прави Албини: снима бендови како свират и звучат како да свират настап во живо“.

  • Baby Reindeer: Фиона Харви тврди дека интервјуто на Пирс Морган е намештаљка

    Познатата адвокатка Фиона Харви, врз која се тврди дека  е заснован ликот Марта од серијата Baby Reindeer, изрази негодување поради начинот на кој беше изведено нејзиното интервју со Пирс Морган. Во изјава за Daily Record, таа го обвини Морган дека ја „наместил" и дека се чувствува "искористена". Baby Reindeer (бебе ирвас) е семи-автобиографска серија на стендап комичарот Ричард Гад која тврди дека раскажува „вистинската приказна“ за комичар кој е злоупотребуван и напастуван од постара жена по име Марта. Харви, во меѓувреме, ги отфрли многу од тврдењата на серијата, вклучувајќи и тврдењата дека Гад го демнела и ја нападнала неговата девојка.Харви исто така потврди дека "решително" ќе преземе правни мерки против Гад и Netflix, велејќи дека ги „изучува сите опции кои ги има“. Харви, која е квалификуван адвокат, вели дека планира да се застапува сама во било каков правен случај. Харви го даде своето прво телевизиско интервју за Пирс Морган во „Uncensored” , кое се емитуваше синоќа (9 мај), откако првпат го потврди нејзиниот идентитет на почетокот на неделата. Во интервјуто, Харви негираше многу аспекти на наративот на шоуто Нетфликс, велејќи дека таа не го демнела Гад, не ја напаѓала неговата девојка, не го уништила барот во кој работел и не контактирала со неговите родители. Морган ja притисна Харви за голем број тврдења на серијата, вклучително и дека таа му испратила на Гад преку 41.000 мејлови, преку 100 рачно напишани писма и 350 часа говорни пораки. Како одговор, Харви тврдеше дека му испратила „помалку од 10“ мејлови, додавајќи: „Тоа едноставно не е точно. Ако некој испраќал некому 41.000 е-пораки или нешто слично, ќе праќа колку дневно? Многу.” На друго место во интервјуто за Морган, Харви беше прашанa која е нејзината порака за Гад сега. „Остави ме на мира, те молам“, одговори таа. „Најди си живот, најди си вистинска работа“. Таа додаде: „Јас сум ужасната од она што го направи“. Засега, ниту Netflix, ниту Гад не дале коментар во врска со тврдењата на Харви дека таа е 'вистинската' Марта.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page