top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Идиосинкратскиот гениј на Пабло Пикасо 2/3, Идиосинкратскиот гениј на Пабло Пикасо 2/3, идиосинкратскиот-гениј-на-пабло-пикасо-2-3

    Автор: Џенет Фланер 2 март 1957 година Младиот Пикасо посегнал четири пати кон Париз, таа примамлива европска уметничка цитадела, пред да успее да влезе и да остане таму. Првата била посета од само два месеци, во 1900-та година на деветнаесетгодишна возраст со дозвола и помош на неговите родители, кои со потешкотии му ја платиле железничката карта(„Подоцна открив“, огорчено му раскажал на еден пријател, „дека поради картата, им останале само неколку пезети за да преживеат до крајот на месецот.“) Вториот обид бил следната година кога престојувал од јуни до декември во градот, а потоа бил поразен од комбинација на сиромаштија, глад и францускиот студ. Следел трет обид во 1902 година, и конечно, во 1904 година, тој трајно се вовлекол во Париз, како непрепознатливо експлозивно туѓо тело. Дошол да се одмори во изветвениот стар стан во Монмартр наречен Бато-Лавоар (бидејќи изгледал како еден од чамците за перење алишта во Сена), и таму останал да созрева пет години, брзо прераснувајќи во неговиот прв период на значајност во Франција. За Пикасо и неговата кариера се знае повеќе отколку што е откриено и забележано, за кој било друг сликар на нашето време - всушност, во кое било време. „Веројатно за ниту еден сликар во историјата не е толку пишувано - истовремено да е напаѓан и бранет, објаснуван и замаглуван, клеветен и почестуван од толку многу писатели со толку многу зборови - барем за време на неговиот живот“, изјавил еден од меѓународно најпочитуваните биографи на Пикасо. Г-дин Алфред Х. Бар, Џуниор, од Музејот за модерна уметност во Њујорк, во својата книга „Пикасо: Педесет години од неговата уметност“. Објавен во 1946 година, тој уште тогаш наведе петстотини дваесет и две супстанцијални дела на сликарот. Без сомнение, повеќе љубители на уметноста денес знаат дека тој бил откриен во неговиот ран период во Париз од г-ѓа Гертруда Штајн и нејзиниот брат Лео Штајн, и дека платиле еквивалент на триесет долари за нивниот прв Пикасо (30 долари во 1957 вредат 322 долари или 18 084 денари денес) „Девојка со кошница со цвеќиња“, отколку што знаат или воопшто се грижат дека францускиот крал Франсоа I му платил на Леонардо да Винчи четири илјади златни флорини за „Мона Лиза“(три милиони долари денес). Поголемиот дел од половина век, Пикасо беше доминантната уметничка личност во Европа и во западниот свет - мал, интензивен човек кој, како магнет, привлекувал интелектуален интерес и јавна љубопитност и, како печка, ги загревал и ги споил во гигантско јадро на влијание, додворување, восхитување, неодобрување и одредена мера на омраза, во коe живеше и работеше. Денес, на седумдесет и пет години, тој сè уште функционира во периодични концентрации на својата немилосрдна енергија. Црната грива на неговата младост, со тој прославен прамен коса што му паѓал преку едното око - сечејќи го челото „како лузна“, како што забележа еден пријател од младоста - одамна исчезна. Неговата голема глава сега е импресивен речиси гол череп, од кој неговите јасни, катран-црни очи, налик на смели очи на бик, ѕиркаат со несмалено внимание. Неговото силно, кусо, мускулесто тело едвај изгледа средовечно во своето месо и пропорции (неодамна јавно видливо во филмот „Mystère Picasso“, каде што носеше само шорцеви и сандали). Прекумерен сам по себе, тој отсекогаш инспирирал хипербола кај другите како единствен логичен метод за справување со неговиот посебен случај. Единствената скромна книга напишана за Пикасо, која содржи уникатно интимни човечки набљудувања направени за него, повремено, во распон од речиси педесет години, обично од толку блиско растојание како да е на другата страна на собата, е онаа од неговиот сонародник и секретар, поетот Хаиме Сабартес, кој го познавал педесет и седум години и живеел со него многу од тие години. Книгата е наречена „Пикасо: портрети и сувенири“, а објавена веднаш по Втората светска војна, започна како приватна продукција, за да ги пополни празните часови. Дури потоа беше скромно понудена како „водич за секој што бара заборавени или непознати детали“ за сликарот. Не се преправа дека се натпреварува со другите книги за Пикасо (но на повеќето од нив е супериорна како анализа), туку само го прикажува „она што го знам за неговиот живот кога мојот го следеше истиот курс - еден вид хроника, но само од периодите што директно ги наблјудував , кога бев во близок контакт и постојано го гледав, го слушав, го гледав“. Сабартес првпат го запознал Пикасо во 1899 година, во уметничките кафулиња во Барселона, и рано го повикал во сиромашна студио соба што ја изнајмил од семејство кое го користело остатокот од станот за трговија и изработка на корсети. Во 1901 година, кога Пикасо го сликал Синиот период, направил романтизиран портрет на Сабартес (долгокос, убав и без неговите очила), а во 1939 година, по избувнувањето на војната кога тие биле во рибарското село Ројан, на брегот на Атлантикот. во јужна Франција, тој насликал уште неколку негови портрети, од кои најзабележителните го прикажуваат како средновековен шпански интелектуалец, во бела крагна и капа со пердув, со неговите модерни наочари со рамки направени од рогови, потпрени наопаку на неговиот образ. Во својата книга, Сабартес ја прикажува позадината на младоста на Пикасо како што уметникот се сеќавал на неа како возрасен човек, а во вториот том, „Пикасо: иконографички документи“, објавен во 1954 година, тој пружа повеќе од двесте документарни фотографии - од изводот на родените на Пикасо, од неговото родно место, од речиси сите места каде што живеел во Франција, од неговото семејство итн. Посебниот квалитет на информациите на Сабартес, кои наизменично се менуваат во својата интимност помеѓу неинтересните настани во животот на еден гениј и исклучителните психолошки врвови што го одбележаа текот на неговата уметност, е тоа што вешто ги ревидира состојките на ликот на Пикасо, како и приватните движења на неговиот ум кога размислува, разговара и слика. Сабартес неодамна го опиша Пикасо како човекот кој има incendie cérébral (француски: мозочен оган) - ум како лава, споредлив со вулкан во постојана ерупција, интелигенција во постојана состојба на податливост. Со Пикасо, забележа Сабартес, „мислата и акцијата се спарени“. Потоа, започнувајќи со една проценка последователна како инвентар на домаќинството, тој продолжи да кажува дека Пикасо е странец на предумислата, бидејќи тој во неговата целост е неспокоен. Сè ферментира во него - неговите мисли, чувства и сеќавања. Ништо не останува тивко. Тој отсекогаш природно се изразувал во крајности и контрасти. Тој се врзува само за она што е суштинско; она што е минорно ќе дојде. Никогаш не ја губи силата со тоа што се разредува. Тој не се колеба, никогаш не е долго обесхрабрен. Тој користи упорност наместо трпение. Тој е заколнат непријател на сите системи и нема чувство за законитост. Тој е неуморен аналитичар; го следи мирисот на идејата како да е интрига. Тој е заинтересиран за сè и целосно апсорбиран од некои работи. „Откритието е она за што тој длабоко се грижи и е единствено нешто од што е фасциниран“, кажал Сабартес. „Тој е главно збир на куриозитети. Тој содржи повеќе љубопитност од илјада милиони жени“. (Ова последното беше нежен потсмев за астрономскиот вид на броење на кој Пикасо се потпира кога сака да укаже на значителна количина од било што. Тој еднаш рече дека една од сликите на неговиот татко на неговиот скромен гулабарник од Малага покажува дека е исполнет со „стотици гулаби — со илјадници гулаби — со илјадници и милиони гулаби“..“) Физички, Пикасо отсекогаш бил абнормално внимателен. Неговите очи се невообичаено брзи во зграпчувањето и забележување на детали, и тој сака да го разгалува неговото извонредно акутно сетило за мирис. Во неговите рани, сиромашни денови во Монмартр, кога и да имал сто франци(што било ретко) тој би купил големо шише колонска вода за Фернанда Оливие, првата и најисториската од неговите многубројни јавни париски врски. Неговата реакција на музиката, сепак, отсекогаш била нула, настрана од наклонетоста кон песните и свирењето со шпанско-циганската гитара. Една вечер на еден собир во неговото студио, Брак почна да ги пее главните теми на една од симфониите на Бетовен; Пикасо беше единствената присутна личност која не можеше да „падне“ на тоа, дури ни со сопнување. На еден пријател музичар еднаш му рече: „Не знам ништо за музиката. Јас дури и не ја разбирам доволно за да уживам во нејзе без ризик да грешам“. Неговото зачнување на идејата за слика е толку брзо што нејзината краткост ја спречува можноста да го исцрпи. Кога ќе почне да работи ништо не му го одвлекува вниманието и се́ го вознемирува. Без да гледа или слуша, тој гледа и слуша сè што се случува околу него - „и го нагаѓа останатото“, вели Сабартес. Кога работи, тој е хиперсвесен за она на што, кога не работи, тој одбива да му обрне внимание, како што се ѕвонење на вратата или телефонот, или пораки што му се доставуваат или тивки прашања во ходникот. Како палета за неговите бои, тој може да го користи ѕидот, или весникот што лежи на неговата студиска маса, или седиштето на кујнскиот стол (еднаш купил неколку такви столици во половна продавница токму за оваа намена), и познато е дека ги меша неговите бои на прозорското стакло, за да ја измери нивната прозрачност. Тој слика седнат, свиткан речиси напола пред платното, кое го закопчува на најниското ниво на својот триножник. Според еден пријател уметник, кога започнува нова слика „неговите очи се разгорачуваат, ноздрите му се шират, тој се мурти, го напаѓа платното како пикадор што боде бик“. Ова изгледа како разумна сличност, за да се суди според „Le Mystère Picasso“, која покажува како половина дузина од неговите слики се создаваат, од првото четкање до завршувањето, и се развиваат со толку брзи удари и насилство, со таква акробатика на имагинативна одбрана. и маневрирање, што се чини дека главните композиции доаѓаат до нивната конечна форма преку измачување.

  • Gabby Petito најдена мртва, Gabby Petito најдена мртва, gabby-petito-најдена-мртва

    Gabby Pettito е пронајдена мртва. Повеќе од недела читаме и гледаме идилични снимки од патувањето со нејзиниот дечко во комбе. Во моментот кога излезе клип од полициска камера, кога ги распрашувале за семејно насилство дечко ѝ (или свршеникот, статус не е до крај јасен) - го снема, или “се даде во бегство”… не сме true crime страна, но случаите кога сѐ изгледа совршено, додека не стане совршено ужасно, нѐ фасцинираат. Друг таков случај: Chris Watts фин дечко, кој ги уби своите две ќерки и бремената жена….

  • ФИИИИИИЈУК! | diva.mk

    16.3.24 г., 11:00 Фијук саем, Партизанска штампа, Музеј на Македонија Музеј на Македонија, Skopje, North Macedonia Скопје, 14 Maрт – Еден од најинтригантните културни настани на оваа пролет, ФИЈУК САЕМ, ќе се одржи во сабота, 16 март, во просториите на Музејот на Македонија. Од 12 до 17 часот, љубителите на независното издаваштво ќе можат да уживаат во еклектична програма кој носи настани: од изложби, музика, до широк спектар на печатен материјал. Организаторите на настанот, Партизанска штампа во соработка со Гола Планина Колектив и БОШ Фестивал , ветуваат ден полн со култура, уметност и музика. Настанот ќе започне со отварањето на ФИЈУК САЕМ. Јавноста ќе има чест да ја види изложбата „Осетливи Ткива“ на Васил Тасевски и да ужива во музичките перформанси на Дарфа и Лепи Џони, кои ќе започнат од 13:00 часот. Веднаш потоа, во 15:00 часот, ќе следи и Етно Џем, каде што ќе може да се слушне традиционална музика во современ аранжман. Посетителите ќе имаат уникатна можност да се сретнат и дружат со автори и уметници од различни области - од писатели и поети, до музичари и визуелни уметници. Средбите со авторите и прегледот на нивните дела ќе обезбедат плодна почва за дискусии и размена на идеи. ФИИИИИИЈУК! Бенг Бенг! Брзо како куршум (од зад грб) ја најавуваме следната територија за нашето заседание, чија цел е секако водење на сетилата кон нивните високи страсти. Овој пат ни е домаќин Музејот на Македонија, каде пристигаме со заштрашувачка количина на независно издаваштво - меѓу најпотентните помагала доколку целите кон сéнародно ослободување на срцатa, душите, и пред сé либидото. Со нас е и изложбата „Осетливи Ткива“ на Васил Тасевски, како и музичката програма со Голо-планински Етно Џем и музички луп перформанс од Дарфа и Лепи Џони. Се гледаме на дневна светлина, во сабота (16.03) од 12 до 17 часот. Автор на плакатот: Марко Печеновиќ Со почит, Партизанска штампа, Гола Планина Колектив и БОШ Фестивал. ПРОГРАМА: Отварање на ФИЈУК САЕМ - 12:00 Изложба „Осетливи Ткива“ + Дарфа-Лепи Џони - 13:00 Етно Џем - 15:00 Списокот на учесници е импресивен и вклучува имиња како Matrijarsija, Longest Night, Shock Troopers, Арт Еквилибриум, Тома Димовски, и многу други. Посетителите ќе можат да набават независни печатни изданија и уметнички дела, а исто така и да уживаат во единствената атмосфера која ја нуди овој настан. Партизанска штампа, која дејствува од 2015 година, е позната по својата посветеност кон ширењето на современата уметност и култура преку своите силкотпечатени изданија и работилници. За повеќе информации за настанот, уметниците и програмата, посетителите може да се информираат преку социјалните мрежи или официјалните страници на организаторите. Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да станете дел од културниот бран кој подготвуваат Партизанска штампа и нејзините партнери во Музејот на Република Северна Македонија овој викенд. претходно следно

  • Бранко Прља и Владимир Карер ја архивираат Точка, Бранко Прља и Владимир Карер ја архивираат Точка, бранко-прља-и-владимир-карер-ја-архивираат-точка

    Бранко Прља заедно со Владимир Карер, продолжуваат со своето дигитално мисионерство, и после агрегатите за вести од областа на културата (creative.mk ) и науката ( Science.mk ) , сега продолжуваат со архивирањето. „Културниот (и култен) Центар Точка беше отворен во Скопје на 29.05.2002 година, пред точно 20 години. За да не биде избришан од сеќавањата на мутирачкото чудовиште наречено Скопје, на сајтот на creative.mk ја поставивме архивата на Точка и на Контрапункт (без кој, да бидеме искрени, ќе ја немаше ни Точка). Нашата архива е нецелосна и бара надоградба, но подобрo и „каква-таква“ отколку никаква!„ - објасни Прља на Арно. А на Фејсбук појасни: „Со Vladimir Carrer како дел од напорите на arno.mk за зачувување на историјата/иднината на културата, уметноста и науката во МК, го архивиравме стариот сајт на Точка/Контрапункт по повод 20-годишнината на Точка (29.05.2002)! https://tocka.creative.mk/ Многу од вас ќе се пронајдат во таа приказна и ќе се присетат на едни поинакви (подобри?) времиња. Алтернативно, урбано Скопје, полно со енергија и креативност! Благодарност до Nikola Gelevski, Iskra Geshoska, Nebojsa Gelevski и многу други кои ја градеа приказната на Точка/Контрапункт. *** Просто е неверојатно што култура која живее во држава како Македонија – сосема ја занемарува вештината на архивирање, зачувување, документирање. Сосема ја занемарува- освен еден грст ентузијасти, кои во своите сфери на професионален интерес, или во сферата на вокацијата, пасијата го држат во живот пламенот на сеќавањето на и со тоа култура. Конкретно за архивирањето, пошироката јавност, веројатно помислува на МРТВ и архивите кои тонат се́ повеќе иако не се во подножјето на некоја пирамида, и нема опасност дека ќе се отклучи пламен змеј доколку се пристапи кон нив, а човек да помисли дека тоа е случајот кога слушаме како се зборува за нив. Тоа дека се драгоцени, на сите им е јасно. МРТВ и секако НУБ – универзитетската бибилотека која шокираше кога дознавме дека тој храм е не само оставен, туку се чинеше и отрфлен со доза на презир. Систематско, методично, целисходно зачувување на македонската култура е задача која ни́ беше кажано се изведува со ревност, која, повторувам, ја има кај еден грст луѓе, кои да ги нема, ќе се сруши се́ што знаеме и сакаме како кула од карти, и тие некако, необјасниво, дали по линија на должност, на љубов, на разбирање, но, ете и пркосат на гравитацијата, и во недостаток од систем кој работи во интерес на,одработуваат. Бев на изложба во Точка... сите што бевме таму, излеговме на Илинденска, и чекавме автобус, кој дојде набрзо - беше приватен, можеби бил 12ка, не знам.. кога се качивме - забележавме бубњеви и – Еди? Автобусот тргна, а бубњарот се вдаде во своето најдобро соло додека полниот автобус се клацкаше по скопските камчиња,дупки, плими и осеки. Но каде одевме? Од Точка ја поминавме Влада, мостот, чаршијата... свртивме кај МТВ, и еден од најсветлите моменти: фаровите на приватната 12ка, го осветлија мракот на МРТВ, и како сврте една кривина – осветли збунети девојки и жени, на работа. Знаеме дека тешко е да ги збуниш... Не́ остави кај МКЦ, и изложбата продолжи.. ова не е сон, ова е жива реална будна вистина, нешто што само Ѓорѓе Јовановиќ може да го осмисли, и Точка да ја види вредноста во таа визија, која можеби звучи налудничаво од прва. Како сон. Зошто независната сцена е толку жилава? Дали затоа што луѓето кои ја сочинуваат се во близина, физичка близина – со социјалниот и професионалниот живот – па оттука се раѓаат и поинтимни врски – но независната сцена има доза на фамилијарност која тешко се наоѓа во другите сфери на живеење. И се чини дека повеќето (дали едноставно од племенитост која се култивира со изложеност на уметност и култура, или затоа што детските болести одамна се прележани и се веќе луксуз кој не моеме да го дозволиме ) се спремни да помагаат и подаваат рака, несебично, и без калкулации. Тој став веќе вроди со плод и го извади овој сегмент од граничен, или ниш, во поистакнати позиции, дури и позиции на моќ. Доколку овој став на солидарност опстои, ќе прерасне во нешто и повеќе од тоа.

  • Куќата од мали коцки – тивка анимација за сеќавањата, времето и загубата, Куќата од мали коцки – тивка анимација за сеќавањата, времето и загубата, куќата-од-мали-коцки-тивка-анимација-за-сеќавањата-времето-и-загубата

    Наградуваниот анимиран краток филм „Куќата од мали коцки“ на Кунио Като е бездијалошка, поетска медитација за стареењето, сеќавањата и животот што потонува слој по слој. (погледнете го на крајот на текстот) „Куќата од мали коцки“ (The House of Small Cubes )е мал, тивок, речиси невидлив филм ако не му пријдеш со забавено дишење како да приоѓаш на пеперутка или диво животно. Нема дијалог, нема објаснување, нема потреба да се „разбере“, само да се остане со него некое време, како со стара фотографија пронајдена меѓу страници на книга. Што ќе видиме кога ќе се приближиме? Куќа што расте нагоре бидејќи водата непрестајно расте. Старец кој додава нов кат секогаш кога сегашниот ќе стане неупотреблив. Секој кат е сегашноста, секое нурнување е во минатото. Просторите што веќе не можат да се живеат не исчезнуваат, тие само тонат. Под водата остануваат маси, чаши, детски чекори, нечии очи. Архитектурата тука не е функционална, туку мемориска. Куќата е тело. Водата е време. Филмот трае дванаесетина минути, но се чувствува како еден долг внатрешен монолог што никогаш не бил изговорен. Визуелниот јазик на Като е намерно кревок: линии што не се сигурни во себе, бои што личат на сеќавање пред да избледи. Нема спектакл, туку упорна, тврдоглава тишина. Токму таа тишина ја носи емоционалната тежина. Куриозитет што вреди да се знае: филмот ја доби наградата Оскар за најдобар краток анимиран филм во 2009 година – редок момент кога нешто толку интимно и антиспектакуларно влезе во центарот на глобалната сцена. Кунио Като, дотогаш релативно маргинален автор, остана верен на својот минималистички, речиси зин-естетски пристап и по овој успех. Ниту го „објасни“ филмот, ниту го претвори во платформа за големи пораки. Често се чита како алегорија за климатските промени, но филмот одбива да биде заклучен во еден кат. Може да се чита како филм за стареењето, за губењето, за прилагодувањето, за животот што продолжува и кога не изгледа логично да продолжи. Или едноставно за тоа како ги складираме спомените: не во главата, туку во просториите што веќе не ги користиме. Зошто да се гледа? Затоа што The House of Small Cubes не бара ништо од гледачот, освен внимание, присутност. Затоа што нè потсетува дека минатото не е зад нас, туку под нас. Дека се раѓаме во иднината секој ден. И затоа што во култура што постојано бара гласност и став, овој филм избира нешто порадикално: тивка, упорна емпатија.

  • Unplugged Series 004 - Како дома: Акустичен концерт со Дина Јашари | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/unplugged-series-004---%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%3A-%D0%B0%D0%BA%D1%83%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D1%98%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%80%D0%B8?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Дина Јашари, концерт, КИЦ 14.11.24 г., 18:00 Интимно искуство во акустични звуци - Дина Јашари го открива своето „Како дома“ Скопје, Македонија - Најавен е концерт кој е примамлив за публиката од повеќе генерации ск исто толку разновидни вкусови, а во центарот на тој музички специјалитет е талентираната кантавторка и продуцентка од Македонија - Дина Јашари . Запишете во календарите - „Вечер сум на концерт на Дина во 14.12.2023 (четврток) во 20 часот, во Салон 19:19 “ ! Дина Јашари е исклучителен, вешт текстописец, и артист кој ја носи сопствената приказна во секоја нота и музички израз. Со искрени и емотивни текстови, нејзината нео-соул атмосфера и софистициран поп звук стануваат лирични, а воедно и соодветни за различни слушателски вкусови. https://www.youtube.com/watch?v=GEXSyBiimwY Во 2022 година, Дина ја освои престижната награда „Милан Младеновиќ“, што само го потврдува нејзиниот статус на регионалната музичка сцена (Но наградите не ја заклучуваат нејзината кариера во мирување - тие се почеток на нешто уште поголемо.) Unplugged Series 004: Како дома ќе биде момент кога Дина и нејзината музика ќе се откријат во акустична верзија, директно пред публиката во интимниот амбиент на Салон 19:19. Влезот е слободен. Настанот е дел од културната понуда на Град Скопје, како Европска престолнина на културата 2028, што го прави уште посветен на идејата за уметност, инклузивност и културно обогатување. следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page