Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Ким Гордон гостува на Broken Record поткастот
На 70-годишна возраст, Ким Гордон - поранешниот басист и основач на Sonic Youth - токму сега ја прави најабразивната музика во нејзината кариера. Таа штотуку го издаде својот втор соло албум, The Collective, со продуцентот Џастин Рајзен, кој претходно работеше со уметници како Drake, Lil Yachty, и Charli XCX.. Вокалите на Ким на The Collective се совршена придружба на искривените ритами на Џастин во трап стил. Во денешната епизода, Леа Роуз разговара со Ким Гордон за нејзиниот последен соло албум, како и за нејзините мемоари, Girl In A Band, во кои е детално опишано нејзиното разделување со поранешниот сопруг Турстон Мур. Ким исто така истражува зошто отсекогаш се чувствувала како аутсајдер во просперитетната уметничка сцена во центарот на Њујорк. И таа се сеќава на турнејата на Sonic Youth во раните 90-ти, која беше отворена за Нил Јанг. Знаете како иде - на сите поткаст платформи + јутјуб.
- Жената која се обиде да го направи порното безбедно за феминизмот
Како архивата на Кандида Ројал, порно ѕвезда која стана режисерка и пионер, се најде во архивите на Харвард - и инспирираше нова книга што ја предизвикува конвенционалната историја на сексуалната револуција. Шлезингер библиотеката на Харвард е националниот водечки репозиториум за женската историја, тоа е домот на суфражетките и општествените реформатори, на поети и политичари, колективот позади енциклопедијата „Нашите тела, ние“ и иконични фигури како Амелија Ерхарт, Ангела Дејвис, и Џулија Чајлд. Но во нејзините подрумски трезори, внимателно сочувани во кутија, исто така можете да најдете еден поинаков артифакт: костим од порнографската комедија од 1978-ма „Врели и сочни пица девојки“ (Hot & Saucy Pizza Girls). Филмот во кој главната улога ја има Џон Си Холмс, макро кој надгледува проституциски ланец која е маскиран во сервис за достава на пица, беше историски на свој начин, како еден од најраните примери на она што стана класична тропа: порно со феферонки. Сепак костимот е во Шлезингер поради едно друго име: Кандида Ројал. Ројал, која почина во 2015-та беше ситна славна личност во нејзиното време. Таа беше порно ѕвезда од 70-те - златното доба - и која се премести на другата страна на камерата, продуцирајќи феминистичка еротика која што се фокусираше на женските фантазии, и женската публика. Тоа е аргументот кој го даде Џејн Каменски, историчарка која што го предводеше стекнувањето на трудовите на Ројал. Во новата биографија „Кандида Ројал и сексуалната револуција: Историја одоздола“, Каменски ја поставува Ројал во центарот на амбициозната, амбивалентна историја која има за цел да ја разреши секоја идеја за конфликт со цврсти борбени линии. „Таа е навистина премногу критична и само-критична за многу од секс-позитивните феминистки. И таа апсолутно не припаѓа во анти-порнографската кутија…нејзината приказна ни покажува дека се занимаваме со погрешните кутии.“ Каменски, водечки научник за Американската револуција која неодамна го напушти Харвард за да стане претседателка на Монтичело на Томас Џеферсон, не е личноста која би очекувале да пишува биографија на конфликтна порно кралица од доцниот 20-ти век. Но сексуалната револуција можеби не е сосема различна од онаа 18вековна политичка борба која ги подвои надежните Американци еден против друг - и помеѓу себе - многу повеќе од начинот на кој што се сеќаваме денес. „Тоа е борба на идеи, но исто така, борба со телата на луѓето на борбената линија. И секоја добивка е стекната со загуба.“ „Дали има архива?“ Во 1990-тите, додека модата за порно студии зафати некои делови од хуманитарните науки, Ројал се појави на колеџ кампусите, восхитувајќи се на нејзиното искачување „од курва-зависник, до политички коректна успешна претприемачка и портпаролка за сексуалноста на жените“, како што напиша во нејзиниот дневник. Сепак, кога Каменски наиде на нејзиниот некролог во септември 2015 година, таа никогаш не беше слушнала за Ројал. Каменски работеше само неколку недели на нејзината нова позиција како директорка на факултет во Шлезингер, со намера да ги прошири своите наслови, надвор од нејзините припадници кои се доминантно од висока средна класа, либерални, образовани, од „коридорот Ацела“(*се однесува на североисточниот мегалополис што се протега приближно од Вашингтон, преку Њујорк, до Бостон) регионот“ - како што рече таа. Читајќи за Ројал, таа се запраша: „Има ли архива?“ Два месеци подоцна, Каменски раздаваше бизнис картички на меморијалната церемонија за Ројал, во Њујорк, каде што стотици гости, оддаваа почит и се мезеа со чери домати од нејзината градина. Извршител на Ројал беше Вероника Вера, трговец од Вол Стрит, која стана новинарка , и која од 1989 година раководи со продавница за облека во центарот на Менхетен наречена „Завршна школа за момчиња кои сакаат да бидат девојчиња на госпоѓица Вера“. Таа се зближи со Ројал во 1983 година, после седенка каде што таа и група други жени во секс индустријата, вклучувајќи ги Ени Спринкл, Вероника Харт и Глорија Леонард, танцуваа заедно на „Приказна од западната страна“ до крајот на забавата. Тие почнаа да се состануваат редовно како Клуб 90 (именуван по адресата на улицата на Спринкл), понекогаш опишана како прва група за поддршка на порно ѕвезди, која исто така организираше самосвесни претстави во уметнички простори во центарот на градот. И кога Ројал се разболе од рак на јајниците, тие се собраа да се грижат за неа и нејзината оставштина. Кога се јави Шлезингер, Вера праша зошто библиотеката ја бара архивата. Каменски објасни дека веќе ги има трудовите на Дворкин, Мекинон и групата Жени против порнографијата и дека сака да ја чуе и „другата страна“. „Тоа беше многу значајно за мене“, рече Вера. „Толку долго, секогаш се цитираат антипорно филмовите, а луѓето кои всушност работат во индустријата се изоставени“. Откако пристигнаа во Шлезингер, трудовите на Ројал станаа „сидро“, како што рече Каменски, за дополнителни секс-позитивни набавки, како што се архивите на другите основачки членови на Клубот 90 и документите на Жанет Зинкан (позната како Љубовница Антоанета), дизајнерка на облека која помогна да се популаризира носењето на фетишот од поливинил хлорид. Во 2017 година, Каменски предаваше на истражувачки семинар „Феминизам и порнографија“, со Џенет Хали, експерт за феминистичка правна теорија на Правниот факултет на Харвард. Претходно, таа ја покани Хали да погледне дел од колекцијата на Ројал, која почна да пристигнува. „Ќе извадевте нешто од кутија и светки ќе се разлетаа насекаде“, се сеќава Каменски. „Ова не беа документите на Бети Фридан“. СОНИШТАТА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СЛАВА Едно утро, минатиот декември, кураторот на библиотеката за род и општество, Џени Готвалс, и вишиот архивар Марк Васар поставија примероци од архивата. Немаше светки и немаше пица, зачинета или не. Но имаше кукла манекен, во јакна - униформа, од High Society - порнографскиот магазин во кој Ројал беше колумнист, во 1980-те, и трофеј во сугестивен облик за „Најжешка групна секс сцена.“ Но, главно, масите беа покриени со дневници, писма, белешки, фотографии и ефемери што Ројал - „младата архиварка“ уште како дете, пишува Каменски - внимателно ги сочувала. Ројал е родена како Кендис Вадала во 1950 година во католичко работничко семејство на Лонг Ајленд. Нејзиниот татко, Луис, бил професионален џез-тапанар кој бил склон кон гнев. Кога Кендис имала 2 години, нејзината мајка го напуштила семејството. Кендис никогаш повеќе не ја видела. Луис повторно се оженил, а семејството на крајот се населило во Бронкс, каде Кендис го започнала својот прв дневник на Нова Година, 1962 година. Малиот журнал од црвен скај, комплетиран со месингана брава, е полн со записи за девојчиња и семејни тепачки, обично илустрирани со цртежи од нејзината облека за тој ден. Но, во запис од септември 1963 година, таа опишува сексуален напад во парк во близина на семејниот стан, придружен со друг цртеж. „Го носев моето треко, фала богу!“ напиша таа, пишувајќи погрешно „трико“. „Грозно е да се возиш во полициско комбе! Кендис и нејзината сестра биле плен и на нивниот татко, кој се соблекол пред нив, и барал „љубовни“ бакнежи. Тој ги читаше нивните дневници, понекогаш додавајќи грозни коментари и предлози - некои сè уште се видливи, забележува Каменски, и покрај неговите напори да ги избрише. Архивската етика може да биде незгодна, дури и кога нема секс. Колку има право истражувачот да ги објавува најинтимните и најтрауматичните детали од животот на луѓето? Пишувајќи за време на нејзината последна болест, Ројал се прашуваше дали нејзините списанија и фотографии „ќе завршат во продавници за ѓубре и по пазари за половна роба“, каде што непознати луѓе „ќе претураат по моите спомени без да ми го знаат името“. Но, тоа не бил „Запали го ова“- момент“ , рече Каменски. „Мислам дека таа чувствува длабока амбивалентност за делови од нејзината работа и нејзиниот свет“, рече Каменски. „А сепак таа го документирала тоа“. Вера, извршителот, која моментално подготвува сопствена архива за испраќање до Шлезингер, се согласува. Дневниците „се чинеше дека се напишани со идејата дека некој подоцна ќе ги прочита на ум“, рече Вера. „Имаше идеја дека таа ќе стане позната“. Како девојче, Ројал студирала балет и сонувала да биде „позната танчерка“, како што напишала на 11-годишна возраст, во писмото до нејзината иднина, насловено „Моите тајни желби“. Во 1972 година, по напуштањето на Сити колеџот во Њујорк, таа заминала во Сан Франциско, каде работела на ситни привремени работи и настапувала со авангардни трупи како Ангелите на светлината, гранка на анархистичкиот драг колектив Кокети. Ројал - име што почна да го користи во 1974 година, во елаборирани белешки колажирани со фотографии и психоделични цртежи - ја бележи нејзината желба да успее како уметник. Како и останатите во нејзиниот круг, таа се занимаваше со ескортинг и голо моделирање за да ги плати сметките и сними неколку циклуси - кратки, нецеремонијални филмови кои беа пуштени на повторување, во локалите за аркадни игри за возрасни. Во 1975 година, таа доби улога во „Срцето скршено од псоријаза“, мјузикл со Дивајн во главната улога, за кој се надеваше дека ќе биде нејзин голем пробив. Претставата се затвори по три изведби. Во нејзиниот дневник, таа се прогласила себеси за „неуспешна еднаш засекогаш“. „Нема повеќе осредност“, напиша таа. „Ако нема да правиш вистински, легитимен театар, ќе мора да ги шокираш“. Во месеците кои следеа, таа сними седум лупови за аркади и два ХХХ филмови. А порното, како што рече Каменски, „е врата низ која поминува, и која се испостави дека се отвара само во еден правец“. Приказот на Каменски за годините на Ројал во Лос Анџелес, каде што таа се преселила во 1976 година, надевајќи се дека ќе се пробие во „вистинската“ глума, го евоцира разиграното златно доба на порното доловено во филмот „Буги ноќи“. Таа имаше кратко појавување во сцена со оргија во „10“ на Блејк Едвардс, каде што беше кредитирана како „трета сексуална изведувачка“. Но, главно таа снимаше порно, на крајот појавувајќи се во речиси 50 филмови. Нејзините записи во дневникот од тие години се надополнети и со задоволство од нејзината убавина и моќ и со очај поради тоа што се чувствува заглавено. За време на една турнеја низ стриптиз клубови во 1980 година, таа напишала: „Секогаш кога знам дека наскоро треба да излезам на сцената, ми доаѓа да врескам и да плачам“. Таа година, Ројал и нејзиниот нов сопруг, син на шведски порно продуцент се преселиле во Њујорк, каде што почнала да пишува за секс медиумите кои беа во подем, понекогаш критикувајќи ги сексистичките клишеа на тврдокорната порнографија. Во 1984 година, таа и Лорен Ниеми ја основаа Femme Productions, со цел да снимаат филмови насочени кон жената наменети за парови, кои сега веќе можат да гледаат порно од интимноста на спалната соба, благодарение на видеото. Првото издание на Фем не вклучуваше ниту еден „екстерен машки оргазам“, како што вели Каменски. Овој потфат ја доведе Ројал во судир со растечките антипорно феминистки, кои се здружија со конзервативните политичари. Каменски опишува хаотична епизода од „Донахју“ од 1985 година, каде што Ројал и другите про-сексфеминистки дебатираа за Меккинон, која ледено изјави дека нивните обиди за просветлена порнографија „пропаднале“. Архивата на Ројал вклучува многу пошта од благодарни жени, како една што се потпишала со името на нејзиниот сопруг на лист хартија украсен со Мапетите, и друга која пријавила дека гледа филмови за Фем со нејзината мајка. Но, компанијата се бореше финансиски, додека мејнстрим индустријата стана, се жалеше Ројал, „куп ѓубре со претерани екстремитети во агресивни акти кои се нарушувачки“. И новиот тип на моќна, медиумска порно кралица, на нејзино запрепастување, беше подготвена за тоа. Каменски ја цитира горчливата фрустрација на Ројал кон Џена Џејмсон, чија приказна од 2004 година, „Како да водите љубов како порно ѕвезда“, наводно, била продадена во 150.000 примероци за еден месец. Неколку години подоцна, Ројал направи белешки за мемоарите наречени „Сексуализирана - не повеќе: Моето патување кон и надвор од порно бизнисот“. „Ниту еден издавач“, пишува Каменски, „не ја сакаше таа книга“. ОНА НА „П“ Во книгата на Каменски има многу зборови што не можат да се отпечатат, но малку се толку потентни како П-зборот: пожртвување. За борците против порно, жените во сексуалната индустрија беа жртви на перење мозок, или уште полошо. Меккинон, адвокат, во еден момент ја застапуваше Линда Лавлејс, ѕвездата на „Длабоко грло“, која рече дека нејзиниот сопруг ја принудил да се појави во филмот под закана со пиштол. Каменски опишува како еден од пријателите на Ројал и́ предложил да ја нарече биографијата „Од жртва до победник“. Но, за волја на вистината, пишува Каменски, „таа секогаш беше и двете“. Деновиве, можете да платите 9,95 долари за да стримувате Фем филмови како „Три ќерки“, приказна со вкус што магазинот „Тајм“ ја нарече „вкрстување помеѓу „Деби го освојува Далас“ и „Волтонс“. Или пак, можете да отидете на порно сајтовите, каде што пребарувањето за „Candida Royalle“ дава бесплатни клипови на „Жешки и сочни пица девојки“, заедно со тагот - „Чудна ретро оргија“. Денес, Каменски рече: „Можете да видите голем дел од нејзината кариера токму на начинот на кој таа најмалку би сакала“. Но, како ја гледаме нејзината животна приказна е друго прашање. Вера рече дека се надева дека биографијата ќе ја продолжи целта на Ројал „да го прошири значењето на што е тоа феминистка“. Самата Ројал никогаш не запре со нејзината интроспекција и внатрешни истражувања. Во 2013 година, за време на нејзината последна болест, таа напиша во својот дневник: „Сè уште се обидувам да го најдам клучот од самата себе“.
- Чудно фотошопираната семејна фотографија на Кејт Мидлтон создава уште почудни мемиња
Одлуката на принцезата да сподели чудно изменета слика, а потоа да се извини за тоа не помогна многу, во смирувањето на апсурдните теории на заговор на Интернет. И тогаш дојдоа мемињата. Чудната фотографија на Кејт Мидлтон и нејзините три деца споделена за време на викендот долеа масло на огнот на гласините дека таа е MIA, ја нема - од јануари. Принцезата од Велс се повлече од јавноста од Божиќ 2023 година, а Кенсингтонската палата подоцна потврди дека била подложена на „планирана операција на абдоменот“ во средината на јануари. Малиот број на достапни информации ги поттикна корисниците на социјалните мрежи да лансираат теории на заговор на ѕидот за да видат што ќе се фати - вклучително, но не ограничувајќи се на шпекулациите за бразилско подигнување на задникот и Кејт како пробува да изведе Gone Girl. Но, принцезата го прекина молкот во неделата, 10 март - Денот на мајката во UK- за да сподели семеен портрет кој навистина не помогна да ги смири теориите на заговор, ако не и да ја влоши ситуацијата. Новинските и фото-агенциите како Асошиејтед прес и Гети Имиџис издадоа известувања за повлекување на фотографијата, наведувајќи докази за дигитална манипулација што ги прекршува нивните политики за фотографии. Во изјавата , на 11 март, Мидлтон призна дека „експериментирала со едитирање“ како аматер фотограф и се извини за конфузијата, која само ги мотивираше луѓето да продолжат да укажуваат на чудни недоследности низ сликата и, природно, да и́ ја мемат мајката. Едно лице не можеше да одолее да додаде уметничка историска перспектива со наметнување на неуспешната реставрација на фреска во Шпанија со љубов позната како „Ѕверот Исус“. Подолу, ви ги претставуваме некои од најдобрите и веќе иконични одговори на портретот на семејството Мидлтон :
- Конгресот на САД планира рестрикции за ТикТок поради загриженост за националната безбедност
Во обид да се заштитат интересите и националната безбедност, Конгресот на САД разгледува законодавство кое би можело да резултира со забрана или принудно отстапување на ТикТок од неговиот кинески сопственик, ByteDance. Оваа мерка пристигнува во време на растечки тензии меѓу САД и Кина, со посебен фокус на опасностите кои можат да произлезат од кинеската технологија. Додека претходниот претседател Доналд Трамп се обиде да ја забрани платформата, сега, во еден неочекуван потег, тој се противи на законот. Трамп изрази загриженост дека забраната на ТикТок би можела да ги оттуѓи младите гласачи и да ја зајакне позицијата на Facebook, која ја смета за свој непријател. Предлог-законот, кој беше единствено поддржан во комитетот за енергетика и комерцијални прашања во Конгресот, предложува дека ТикТок ќе биде отстранет од апликациските продавници во САД до 30-ти септември, освен ако ByteDance не продаде својот удел.Основната загриженост е дека ТикТок и ByteDance можат да бидат присилени да ги споделат податоците на корисниците со кинеската влада, поради законите кои дозволуваат на владата да бара податоци од кинеските компании и граѓани. Покрај тоа, постои страв дека Кина би можела да го користи ТикТок за ширење на дезинформации кои одговараат на нејзините интереси.Законската иницијатива идва исто така во време кога Стејт Департментот издаде наредба за бришење на ТикТок од владини уреди, неколку држави и универзитети забранија употребата на апликацијата на нивни уреди, а гувернерот на Монтана потпиша закон за забрана на ТикТок во државата, иако судските одлуки сè уште не се конечни по ова прашање. Критичарите на ТикТок исто така се загрижени дека платформата може да го олесни ширењето на антисемитизам и да промовира содржини во корист на Палестина за време на конфликтот меѓу Израел и Хамас меѓу корисниците во САД.ТикТок одговори на овие активности со тоа што ги нарече „политички театар“ и ги критикуваше законодавците за обид да цензурираат Американци. Компанијата исто така интензивираше своите лобирачки напори во Вашингтон, со цел да ја промовира својата план за операции во САД кој би ги решил прашањата поврзани со националната безбедност.Додека Конгресот продолжува со разгледувањето на овој предлог-закон, останува неизвесно дали притисокот од поранешниот претседател Трамп ќе влијае на широката поддршка која законот претходно ја имаше, како и како ќе се одвиваат настаните во претстојниот период.
- Je на врвот на Билборд хот 100 листата со Carnival
Последните успеси на рап иконаta Je го цементираат неговото враќање на музичката сцена со искачување на број еден позицијата на листата Билборд Хот 100. Според официјалните извештаи, песната „Carnival“, која е во партнерство со Ty Dolla Sign Rich, но и гостуваат и Rich the Kid и Playboi Carti, се искачи на првото место откако претходно застана на втората позиција. Ова го означува петтиот број еден хит на Је и втор за Ty Dolla Sign Rich, додека за Rich the Kid и Playboi Carti, ова е нивниот прв врвен успех. Со овој хит, Је, на 46 години, станува најстариот рапер кој освоил врвот на листата и единствениот рапер кој има постигнато број еден хит во три различни децении, почнувајќи од 2004 година со соработката „Slow Jamz“ со Твиста и Џејми Фокс. Иако Је претходно имаше број еден хит со својот придонес во песната „Е.Т.“ на Кејти Пери во 2011 година, „Carnival“ е неговиот прв бр.1 хит како главен изведувач од 2007 година и песната „Stronger“. Тој често се наоѓал високо на листата Хот 100, но поуспешен бил на листата Билборд 200 со вкупно 11 албуми кои го освојувале првото место. Издавањето на „Carnival“ го означува најдолгиот период помеѓу два хита број еден за уметник откако песната „Rockin' Around the Christmas Tree“ на Бренда Ли стигна на врвот 63 години откако нејзината песна „I Want to Be Wanted“ постигнала ист успех во 1960 година. Само неколку часа по објавувањето на веста за успехот на песната, беше објавен и видеоспот за „Carnival“, кое е креирано од Џон Рафман со компјутерска графика од Дарио Алва и Гарет Мекгејл. Сега клучно прашање е дали Је, кој се соочува со контроверзии но успеа да се искачи до врвот на музичките листи, повторно ќе го освои врвот на Билборд 200 со неговиот втор заеднички албум со Ty Dolla Sign, „Vultures 2“. Тој неодамна откри дека проектот, за кој сè уште нема точно датум на објавување, нема да биде достапен на стриминг сервисите бидејќи смета дека Spotify и Apple Music го обезвреднуваат музичкото дело. Албумот ќе биде достапен само преку неговата веб-страница по цена од 20 долари, следејќи го сличниот образец со неговиот албум од 2021 година „Donda“, кој беше стримуван по музичките платформи, додека „Donda 2“ од 2022 година, кој беше достапен само на неговиот Stem Player.
- Погледнете го „Островот помеѓу“ - краток документарец со номинација за Оскар
Роден сум во Тајван, пораснав во Соединетите Држави, работев интензивно во Кина и сега живеам во Тајпеј. Оваа мешавина на искуства ми даде место во првиот ред на сложениот, повеќедецениски танц меѓу овие народи. Во последно време, светот посветува значително повеќе внимание на мојата татковина, особено откако поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ја посети во август 2022 година. Кинмен, познат и како Квемој, е група острови управувани од Тајван кои беа првите линии на првата и втората криза во тајванскиот теснец пред неколку децении. Тие лежат на само неколку милји од копното на Кина, а овие денови, локалните жители не се сигурни што значат ескалацијата на тензиите за иднината. Тајванските гласови често се задушуваат од кинеските и американските наративи, засенети од глобалните игри за моќ што се случуваат околу нас. Малку луѓе надвор од регионот разбираат како всушност изгледа животот на тајванскиот народ заглавен меѓу две суперсили. Го направив овој документарец за да го прикажам животот во Тајван низ очите на луѓето кои живеат таму, вклучувајќи ме и мене. Во овој момент, додека се бориме да ги разбереме ужасите на војната, се надевам дека овој документарен филм може да има мала улога во застапувањето за мир. - Филм и текст од С. Лео Чианг (титловите на македонски можат да се уклучат во Settings> Subtitles> English >> Macedonian
- Модата и ејџизмот - дали сме на прагот да го надминеме?
Дали модата е феномен за кој некогаш станувате премногу стар или му дораснувате? Тоа зависи од тоа - како и со многу нешта поврзани со модата - со кого разговарате. Дали облеката е заморна дистракција од нештата кои навистина значат? Или начин на радосно самоизразување kое дава чувство на моќ?Оваа дебата никако не е специфична за возраста. Триесетгодишно лице е исто толку веројатно да се залага за било која од страните на дебатата, како и осумдесетгодишно лице. Но, колку постарите луѓе стануваат, ако моите познаници се нешто по што може да се суди, толку повеќе секоја страна станува повеќе вжештена“. За некои станува случај на „збогум-и-нека се отарасив,“ бидејќи е "смешно" - како што една баба на пријател славно изјави - "зошто да трошам пари на облека кога сум на прагот на смртта". За други е сосема спротивното. За нив е случај на „предизвикот е прифатен“ и дури - во однос на неколку мои постари пријатели - прифатен е како никогаш порано.За секого кој се чувствува дека достигнал точка која е над модата, ако не и вон неа, има некој др уг кој се смета за подобро позициониран од кога било да ја прифати сесрдно. Она што најчесто го слушам од оваа група е дека се чувствуваат помалку загрижени за мислењата на другите во споредба со нивните помлади верзии, и така повеќе се способни да носат - а да прават вооптшо да не зборуваме! - што сакаат. Кога кројачот и личниот стилист Александра Вуд (ccouture.com) се среќава со нова женска клиентка, таа поставува цел да ги класифицира како "класични", "со стил" или "експерименталисти", толку многу за да им олесни да се снајдат кои се стилски, колку и за неа самата. Колку што се постарите што се, таа вели, толку поверојатно е да паднат во третата - и најхрабрата - модна категорија. "Тие чувствуваат дека можат да се забавуваат повеќе. Тие се подготвени да изразат кои се." Калеидоскопската Инстаграм сметка @advancedstyle, и нејзините различни издавачки спин-офови, покажуваат жени, и некои мажи, кои ја прифаќаат со отворени раце филозофијата дека повеќе значи повеќе, до често, прилично забележителен степен. Експерименталист, не почнува дури ни да допре некои од нив.Јас сметам дека тука има и практична димензија. Почнувајќи од педесеттите години, барем теоретски, имате повеќе време и почнувате да истражувате што всушност сакате да имате во вашиот гардеробер, наместо она што чувствувате дека треба да имате. Исто така може да се најдете во среќната позиција да имате поголеми расположливи примања. Една од многуте работи кои ме излудуваат во врска со луксузната индустрија е степенот до кој таа се насочува кон дваесетгодишниците кога во реалноста, жена која е тројно повозрасна, многу поверојатно дека заработила пари да инвестира, да речеме, во навистина посебна чанта.Барем некои брендови станаа доволно паметни за да ја разберат потентноста на возраста, како што е појавата минатата година на актерката Меги Смит, на 89 години, во рекламна кампања за Loewe, и уметницата Џуди Чикаго, на 84 години, за Dior. Дури и Мери Бери, на 88 години, направи модно извивање, фотографирана од глава до пети во Burberry во времето на најновата модна ревија на брендот. Таа го лансираше своето соработување со Harrods со остварување на нешто слично со Јоана Лумли, на 77 години. Ова се сепак исклучоците кои ги потврдуваат правилата.Луксузниот Лондонски резиденцијален комплекс за пензионери Wallacea Living, кој отфрла било каква идеја тој да биде - Бог да чува - дом за пензионери, овој месец организира настан за време на Лондонската модна недела наречен Напреден стил: во чест на модата за сите возрасти. Попладнево во нивната станбена зграда во Марилебон ќе вклучува разговори со Дафни Селф, на 95 години најстариот работен модел во светот, и Силвија Езер, нов регрут во трговијата на 88 години. Долго време една од моите омилени инспирации за стил воопшто, и сива коса посебно, е американскиот стилист Линда Родин, на 76 години. Меѓу нејзините опсесии се белите чевли("Тоа е затоа што кога бев дете сакав да бидам мажоретка"), винтиџ деним и нејзината сребрена монтка. "Луѓето понекогаш ме прашуваат, 'Дали е соодветно да се облекуваш така?' Но јас едноставно никогаш не сум размислувала на тој начин," вели таа. Минатата година таа голансираше нејзиниот бренд за џинс Linda Hopp (lindahopp.com), кој опфаќа сè, од ѕвонарки со огромни ногавици до она што најдобро може да се опише како микро-килт. Нема потреба да се каже, таа изгледа фантастично во двете.Ирис Апфел, најпозната возрасна модна икона е на свои импресивни 102 години. Таа има книга што излегува во август насловена Colourful: Манифест за живот полн со светлина и смелост од модна икона (издадена од Ebury). Никој не ја слушнал за Апфел сè додека во 2005 година Институтот за костими во Метрополитен музејот во Њујорк не пополнил празен термин во нивниот распоред со изложба на нејзиниот накит. Тие ја нарекоа Rara Avis ("ретка птица"). Таа беше на нежна возраст од 85 години во тоа време. Сега нејзините калеидоскопски комбинации, вкусот за ѓердани и наклоноста кон очилата се светски познати.Апфел ми се пожали еднаш за она што го нарече "оваа одвратна истост. Луѓето... сите изгледаат како да сакаат да изгледаат исто." Облеката за неа е "вежба на креативност." Сакам да мислам дека и стареењето може да биде истото тоа.
- Деновиве низ град: активизмот во прв план во првата седмица на март
Во првите мартовски денови, пролетта веќе го почна својот настап, а со тоа нашите градови се преобразуваат во живи полиња на уметнички настани, културни собири и активистички маршови. Духот на пролетта нè носи низ брановите на промена и забава, а она што е пред нас е вистинска парада на богати содржини, таман и нас да не́ распролетат. Еве го прегледот на некои од најавените настани во Скопје, Битола и дури и Њујорк, кои нè очекуваат во неделата што доаѓа. Скопје: Фестивал на семиња и промоција на женската книжевност На 09 Март, Факултетот за Земјоделски Науки и Храна ќе биде домаќин на Фестивал за локална размена на семиња. Настанот е идеален за сите посветени на земјоделството и одржливиот начин на живот, каде ќе се промовираат автохтоните сорти и биодиверзитетот. Повеќе за настанот : овде. Исто така, издавачката куќа „Илика“ на 9 март нè поканува на дружба и прослава на женското писмо. Во нивната книжарница, возбудливите наслови од македонски и странски авторки ќе бидат во преден план, додека музиката и препораките за книги ќе го облагордат ова книжевно саботно матине. За повеќе информации кликнете токму: овде. Вечерта - журка! Што е саботна вечер без ПМГ журка, а овој пат се враќаме во Старата чаршија за целовечерна Танц партија. Мотото е „Лом музика“...па вие толкувајте си го тоа како знаете и умеете. А за повеќе да знаете, кликнете: овде. Музички и театарски вечери во Македонија Социјален Центар Дуња во сабота ќе биде простор каде што авангардниот виолинист Глигор Кондовски ќе нè воведе во својата музичка вселена, заедно со обредната панк-џез дружина СВЕТЛОСТ. Овој настан е обет за едно несекојдневно музичко искуство. Што можете да очекувате ќе читнете: овде. Во Битола, на 9 март, НУ Народен Театар ќе биде домаќин на претставата „Момчето со пругаста пижама“, која на еден длабок и емотивен начин ја раскажува историјата со оглед на Втората светска војна, носејќи пораки за невиноста, човечноста и пријателството. Однесете ги клинците, за сликовит приказ на нацизмот. Повеќе овде. Слобода и права - мотиви на уличните маршови А на 8 Март, граѓаните ќе ги зафатат улиците на Скопје во еден гласен марш за женските права под мотото „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање“. Оваа акција ќе почне на плоштадот Скендербег и ќе продолжи до Паркот Жена Борец, каде што ќе се чујат завршни пораки до јавноста и институциите. Повикот за акција прочитајте го овде. После маршот продолжуваме накај МКЦ, на концерт чие учество може да се смета како израз на бунт и активизам. МКЦ се чини дека е ранет, но платформата „Силата еу младите“ не се дава така лесно - ве кани на концерт на Артан Лили и Занаду, за вечер на која ќе се потсетиме зошто го сакаме МКЦ преку концерт на прекрасен жесток рок. Повеќе за настанот овде. Надвор од границите: Македонската уметност во Њујорк И за крај, не запираме кај локалното - доколку сте во Њујорк, ќе ве интересира да знаете дека македонската теоретичарка Сузана Милевска ќе го промовира своето ново дело „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“. Оваа промоција ќе биде сведок на глобалниот отпечаток на македонската уметничка сцена. Што ќе можете да очекувате и кого се́ ќе видите на промоцијата (и изложбата) : овде. Неделата што следува е полна со различни настани што ја поттикнуваат културата, уметноста и активизмот. Независно дали сте во потрага по нови знаења, уметнички доживувања или сакате да изразите поддршка за важни социјални прашања, неделата што нè очекува во Скопје, Битола и Њујорк обеќава дека нема да останете рамнодушни. Нека уметноста и солидарноста бидат вашите водилки низ овие денови.
- Уметничко дело на тема фемицид „цензурирано“ од грчкиот конзулат во Њујорк
Изложбата во Грчкиот конзулат во Њујорк стави фокус на фемицид и домашно насилствоВо понеделникот, 18 декември, беше отстранета уметничката инсталација на знамето во изложбата која се занимава со фемицид и домашно насилство во Генералниот конзулат на Грција во Њујорк, по наредба на министерот за надворешни работи на земјата."Знаме" (2021) е дело на визуелната уметничка од Бруклин, Џорџија Лале, која ги заменила сините и белите ленти на знамето со розеви и црвени, користејќи се со постелнина во различни бои донирана од жени кои живеат во Грција за да го презамисли националното знаме.. Делото беше прикажано на самостојна изложба „Вина на соседството“, привлекувајќи внимание на зголемените стапки на фемициди и семејно насилство во земјата. По отворањето во конзулатот минатиот петок, на 15 декември, изложбата требаше да трае до 31 јануари како инаугуративна изложба за двомесечна серија во која се истакнуваат шест грчки уметници со седиште во Њујорк. Но, помалку од неколку дена од вечерта на отворањето на изложбата, екстремно десничарскиот грчки политичар Димитрис Нациу, кој ја предводи ултра-религиозната партија Ники во земјата, ја осуди работата на Лале во парламентот, нарекувајќи го „Знаме“ како „буквално партал“ на Х. „Нашето знаме е сино-бело и може да биде обоено црвено само во една прилика: со крвта на нашите херои за време на националните борби“, објави Нациу што наиде на гласно одобрение на неговата партија , објави Асошиејтед прес. Дополнително, во околу 4:30 часот истиот ден, властите реагираа и го изгаснаа пожарот подметнат со „течност за ѓубрење“ во жардињерите надвор од конзулатот. Нема информации за повредени и нема уапсени додека истрагата за инцидентот е во тек. Во оваа фаза не е јасно дали пожарот е поврзан со контроверзијата. Hyperallergic контактирал со Генералниот конзулат на Грција и Министерството за коментар. ".По изјавите на Нациу и пожарот, министерот за надворешни работи Џорџос Герапетритис издаде наредба до Генералниот конзулат за отстранување на уметничкото дело од изложбата, и делото беше демонтирано во понеделник. За "Вина во соседството" (2023), уметникот креираше килт со должина од скоро160 цм, на кој се прикажани 22 куќи направени од розеви и црвени парчиња, секоја посветена на жртва на фемицид која беше убиена во Грција во 2022 година. На социјалните мрежи порано оваа недела, корисниците изразија дополнителна поддршка за Лале, осудувајќи ги изјавите на министерот и повикувајќи на конзулатот да го врати делото. "Ни требаат повеќе вакви уметнички дела кои предизвикуваат размислување и промени во општеството. Ова нема врска со 'осквернување на знамето'. Се работи за подигнување на свеста преку уметноста за важните општествени прашања", коментираше Ефи Пасагианис, поет и адвокат од Њујорк, на Instagram профилот на конзулатот. Насос Илиопулос, претставник на грчкиот парламент и член на партијата Нова левица, исто така, излезе во одбрана на уметничкото дело, повторувајќи во изјавата дека „ако знамето на нашата земја не содржи жртви на семејно насилство, ако не содржи убиени жени, тогаш тоа содржи не содржи никого“. „Мило ми е што независниот културен комитет и грчкиот конзулат ѝ дадоа платформа на мојата уметност и тие ми дадоа поддршка низ овие моменти“, рече Лале. „Одговорноста паѓа на грчкиот министер за надворешни работи Георги Герапетритис, кој ја цензурира мојата работа за да ги задоволи барањата на екстремната десница.
- Зошто се жените толку маргинализирани во Рокенрол куќата на славните?
„Се впуштив во овој бизнис за да пишувам одлични песни и да се журкам. Бев брз ученик. Го читав секое музичко списание што ќе ми дојдеше до рака и на 12 години, откако издигестирав многу изданија на Creem, решив да ја засновам мојата личност врз Лестер Бенгс, рок-критичарот раскажувач; неговата постојана верба во трансформативната моќ на одлична рок песна се совпаѓаше со мојата. (Исто така бев опседната со неговите непрестани расправии со Лу Рид – ме затекнуваа, но ги сакав). Уметниците и нивните песни го обликуваа мојот живот, моите верувања, мојата само-концепција како музичар – ‘ржечката Pissing in the River на Пети Смит, Barracuda на Heart, Dead End Justice на The Runaways, чии текстови уште ги знам од збор до збор. Но, она за што ниту едно списание или албум не можеше да ме научи или подготви е колку исклучителен треба да бидеш, како жена и уметник, за да ја држиш главата над вода во музичкиот бизнис. Прекрасниот Чак Ди рапуваше “Elvis is a hero to most, but he doesn’t mean shit to me” ( „Елвис е херој за повеќето, но тој за мене е срање“). Се согласувам. Биг Мама Торнтон за прв пат ја отпеа Hound Dog, напишана за неа (а, можеби и со неа) во 1952 година, што подоцна го стави Кралот на радио. Сестрата Розета Тарп ја препеа, исто така, нејзината верзија беше и најжестоката. Нејзината песна Strange Things Happen Every Day е снимена во 1944 година. Токму овие песни и нејзиното евангелско свирење гитара, ја сменија музиката засекогаш и го создадоа она што сега го нарекуваме рокенрол. Кога Куќата на славните на рокенролот беше отворена во 1983 година, би помислиле дека можеби ќе сакаат да започнат со Сестра Розета, со оние први акорди што ја зазвучеа песнарката од која сега сите пееме. Првичните индуцирани, беа Чак Бери, Џејмс Браун, Реј Чарлс, Литл Ричард, Сем Кук, Фетс Домино, Еверли Брадерс, Бади Холи, Џери Ли Луис и Елвис Присли, ниту една жена на повидок. Сестра Розета не беше примена, сѐ додека Рок куќата не беше јавно засрамена да ја додаде во 2018 година (таа беше на американска поштенска марка две децении пред Рок куќата да ја прифати). Биг Мама Торнтон, чија снимка на Ball’n’Chain исто така ја оформи оваа нова форма на музика? Сè уште не е примена. Денес, само 8,48% од индуцираните се жени. Номинациите за овогодинешната класа, објавени минатиот месец, понудија годишен потсетник за тоа колку една жена мора да биде извонредна за да влезе во клубот на старите момчиња (уметниците ги исполнуваат условите 25 години по објавувањето на нивната прва снимка). За една година беа номинирани повеќе жени отколку во кое било време во нејзината 40-годишна историја. Таму беа иконокластите: Кејт Буш, Синди Лаупер, Миси Елиот, две жени во бендови кои ја дефинираа сопствената ера: Мег Вајт од White Stripes и Џилијан Гилберт од New Order, и жена која го субвертираше клубот за момчиња, Шерил Кроу. Сепак, на овогодинешната листа, имаше неколку легендарни жени, кои мораа да се оладат, додека чекаат да бидат забележани. Ова беше четврта номинација за Буш, визионер, првата жена изведувач, што го освои првото место на топ-листата во Обединетото Кралство со песна што ја напишала (1979 Wuthering Heights) на 19 години. Таа стана подобна во 2004 година заслужено, во неговата прва година на подобност, заедно со Џексон Браун, ZZ Top, Traffic, Боб Сегер, Dells и Џорџ Харисон. Ко-основачот и тогашниот претседател на Рок куќата, Јан Венер (кој е исто така и ко-основач на Ролинг Стоун) беше примен и самиот. Но, Буш не успеа да се најде на гласачкото ливче до 2018 година - и таа сè уште не е вклучена. Не е важно што таа беше првата жена во историјата на поп музиката која ја напишала секоја песна на дебитантски албум, со продадени милиони примероци. Пионер на синтисајзери, и музички спотови, таа беше откриена минатата година од новата генерација обожаватели кога Running Up That Hill (A Deal With God) беше вклучена во хитот на Нетфликс Stranger Things. Таа сè уште прави албуми. А сепак нема гаранција дека таа ќе биде уфрлена оваа година. На Рок Куќата и́ беа потребни повеќе од 30 години за да ги воведе Нина Симон и Керол Кинг. Линда Ронштат го објави своето деби во 1969 година и стана првата жена која настапуваше на стадиони, но сепак беше примена заедно со Нирвана во 2014 година. Најневеројатно, Тина Тарнер беше примена како соло уметник, три децении откако ја доби номинацијата заедно со нејзиниот злоупотребувач Ајк. Зошто жените се толку маргинализирани од Рок куќата? Од 31 лице во одборот за номинации, само девет се жени.Според музичкиот историчар Евелин Мекдонел, гласачите на Рок куќата, составена од музичари и елитата на индустријата, се 90% од машкиот пол. Можете да ја отпишете Рок куќата како „гробница за бумери“ и да тврдите дека таа гради тотем на сопствената ирелевантност. Зошто да нѝ е гајле кој е примен, а кој не? Но, колку и да беа нејзините индукции за презир, Рок куќата е бедем против бришењето со кое се соочува секоја жена уметник без разлика дали копнее по честа, или сака да ја плукне. Сè уште е игра која ја препознава играта, историја создадена и забележана. Рок куќата е сила што создава кралеви во глобалната музичка индустрија (во САД се емитува на HBO). Индукцијата влијае на цените на билетите на уметниците, на нивните гаранции за изведба, на квалитетот на нивните кампањи за реизданија (ако воопшто се реиздадат). Овие можности се од оние кои го менуваат животот - ја прават разликата помеѓу турнеи во казина за секундарниот пазар, на кои настапуваат како предгрупи за комичари од втор ред; или да бидат хедлајнери на ценети фестивали. Рок куќата се прекри со сјај на гравитас, и долговечност што Греми наградите ги немаат. Особено за женските артисти - ветерани, индукцијата им дава статус што директно влијае на парите кои тие можат ги заработат. Тоа е еден од единствените начини, и секако највидливиот, за оставштината на овие жени, и влијанието, да се почитуваат со непосреден материјален ефект. „Ова не се песни, ова се химни“ (“These ain’t songs, these is hymns”), да го цитирам Џеј Зи. Цртата е демонстративно пониска, за мажите да можат да ја прескокнат (или да се лизнат под нејзе). Рок куќата, ги признаа Pearl Jam околу четири секунди откако беа квалификувани - а сепак Чака Кан, која ги исполнува условите од 2003 година, згаснува, со седум номинации. Сепак, не е сѐ изгубено - Рок куќата прави специјална програма за месецот на женската историја, на нејзината сценска облека... Она што го прави „секогаш-деверица“ (никогаш невеста) статусот на Кан, особено трагичен, е тоа што таа била, е, и секогаш ќе биде прародител. Едноставна фигура, таа е кралица на фанкот уште од кога едвај ја навршила тинејџерската возраст. Како што рече Рики Ли Џонс: „ Тука беше Арета, а потоа и Чака. Ќе чуевте како пеат и знаевте дека никој никогаш не го сторил тоа, претходно“. Сепак, Кан ја смени музиката. Кога беше на сцената во нејзиниот комплет со пердуви, изведувајќи ја Tell Me Something Good, носејќи ја на сите места каде што оди, таа отвори либиденален нов свет. Сензуалност, Црност, таа беше толку многу слободна. Тоа беше божествено. И никогаш повеќе ништо не беше исто. Но, и покрај сите нејзини исклучителни таленти и достигнувања - и ако постои нешто што жените во музиката мора да бидат, тоа е бескрајно исклучителни - Кан не ја убеди Рок куќата. Нејзините заслуги, нејзините Греми награди, нејзината долговечност, нејзиниот занает, нејзината упорност да преживее како млада Црна жена со сопствен ум во музичкиот бизнис од 70-тите, мостот пред рефренот за Close the Door- ништо од тоа не заслужува канонизација, или така вели Рок куќата. Креирањето канони на Рок куќата, не мириса само на сексистичко пазење на капијата, туку и наменска неупатеност и непријателство. Оваа година, еден од гласачите изјави за списанието Vulture дека едвај знаеле која е Буш - во годината кога таа имаше светски сингл број 1, 38 години откако првпат го објави. Потенцијалната индукција на Мег Вајт како половина од White Stripes (во нивната прва година на подобност) поттикна отворено презирлив дискурс на интернет, чувствувате дека доколку гласачите би можеле да го примат Џек Вајт без неа, тие би го направиле тоа денес. И сепак, таа ќе биде само третата тапанарка таму, по Џина Шок од Go-Go’s и Мо Такер од Velvet Underground. Каде е Шила И – ги исполнува условите од 2001 година? Не изгледа добро ниту за црните уметници. Beastie Boys беа примени во 2012 година пред повеќето црни хип-хоп изведувачи од кои научија да римуваат. A Tribe Called Quest, подобно од 2010 година чија музика создаде нова граница за хип-хопот, беа номинирани минатата година и повторно оваа година, како фрлање на коцките, наспроти белите рокери со кои се принудени да се натпреваруваат на гласачките ливчиња. Ако толку малку жени се примени во Рок куќата, тогаш комисијата за номинација е расипана. Ако толку малку црни уметници, толку малку жени од боја, се примени, тогаш процесот на гласање треба да се промени. Музиката е животна сила која постојано се развива и тие не можат да држат чекор. Срам да му е на HBO што ја поддржува оваа фарса. Доколку Рок куќата не е подготвена да ги погледне начините на кои го реплицира насилството на структурниот расизам и сексизам со кои се соочуваат уметниците во музичката индустрија, доколку не може соодветно да го почитува она што жените уметници - визионерки, го создале, иновирале, револуционизирале и придонеле за популарната музика. – па, тогаш нека оди по ѓаволите во чанта. Кортни Лав е пејачка, музичарка и актерка
- Што е со жените во хип хопот?
Авторка: Шамира Ибрахим; Од почетокот на хип-хопот, и како субкултура и како уметничка форма, постојат „жените во хип хопот“. B-Girls, диџејки, графити уметници и ЕмСи-ја, кои помогнаа да се обликува неговата историја заедно со мажите кои ја имаат заслугата како прататковци на жанрот. Првата хип-хоп група која што настапи на национална телевизија, Funky 4 + 1, ја имаше MC Sha Rock како нивната прва дама. Првата голема комерцијална плоча на хип-хопот - „Rapers Delight“ на Sugarhill Gang - беше координирана од никој друг туку од директорката на издавачката куќа Силвија Робинсон. Дури и признатото „раѓање“ на хип-хопот на 11 август 1973 година - датумот кога Clive “DJ Kool Herc” Campbell беше диџеј на „Back to School Jam“ журката на познатата Сеџвик авенија 1520 - беше координирана и промовирана од сестрата на Клајв. , Синди Кембел, B-Girl и самата таа уметница на графити. А сепак, како што хип-хопот влегува во својата шеста деценија, влијанието на жените како креатори и потрошувачи остануваат минимизирани со леснотија, се шпекулира за нивната релевантност и се третираат како да се за еднократна употреба. Кога Лил Вејн неодамна беше прашан од Билборд зошто им требаше толку долго на жените во рапот да го развијат својот сегашен моментум, тој одговори: „Мислам дека тие не го гледаа тоа или гледаа но не сакаа да го прават и всушност да заработуваат од хип-хопот“. Листите ретко ќе го споменат влијанието на баунс кралицата на Њу Орлеанс - Magnolia Shorty, и покрај тоа што од нејзините класици беа земени семплови од имиња како Drake и Chris Brown; или пак Shawnna: првата жена изведувач која потпиша со Def Jam South, и една од ретките кои имаа плоча бр. 1 заедно со Ludacris со „Stand Up“ и чија плоча „Gettin’ Some“ и појавување во „What’s Your Fantasy“ на Ludacris (особено ремиксот за сите жени) се непокајнички, жестоки и триумфалистички. И кога жените се слават, тоа е премногу често задоцнето славење на пресвртници кои се пак малку на број. Оваа година, Missy Elliot стана прва жена раперка која беше примена во Куќата на славните на рокенролот. Првата жена соло изведувач која освоила Греми за најдобар рап-албум беше Cardi B за нејзиниот деби албум во 2019 година, Invasion of Privacy; во 2021 година, Megan Thee Stallion беше првиот женски хип-хоп изведувач после Lauryn Hill во 1999 година која ја освои наградата за најдобар нов изведувач. Nicki Minaj собори уште еден долгогодишен рекорд на Lauryn Hill со нејзиниот сингл од 2022 година „Super Freaky Girl“, првата соло трака на жена во рап која дебитирала на врвот на „Billboard Hot 100“ после „Doo Wop (That Thing)“ од 1998 година. Иако ништо од ова не е баш изненадувачки, тоа што жанрот е толку често врамувам како инхерентно машка изведба е сè уште истовремено фрустрирачки и неисториски. Не дека хип-хопот е повеќе мизогин од кој било друг дел од популарната култура - живееме во патријархално општество и доминантните начини на забава се обврзани да ги одразуваат неговите норми - но без потребниот критички коректив , женските приказни лесно може да се изгубат а машките да бидат крунисани како просветителски. „Во бележењето на историјата, жените се гледаат како исклучоци кои успеале да преживеат во овој машки простор, наспроти луѓето кои ја создаваат културата“, вели Џоан Морган, новинарка, авторка и програмски директор за Центарот за црна визуелна култура на NYU во новиот Нетфликс документарец Дамите Први: Приказна за жените во хип-хоп. Но, хип-хопот не може да ја раскаже приказната за своето патување од субкултура до монокултура без да се пресмета со својата оптоварена врска со родот - капитализирајќи ја мизогинијата додека е носен напред од иновациите на жените. Има цели канони изградени од женското наследство во рапот. Легендарното чучење на Lil Kim на обвивката на албумот на Hardcore - на која таа беше и фигуративно и буквално секс-пионер - беше имитирана, дуплирана и почестувана ad infinitum. Класикот на MC Lyte - “10% Dis” — во кој жителката на Бруклин отвора со згрозеното „Hot damn, hot damn, hot damn, hot damn, Hot damn, hot damn, hot damn, hot damn, Hot damn, ho, here we go again“ — најде нов живот во жестоките стихови на Ким на “Quiet Storm (Remix) на Mobb Deep: „ “hot damn ho, here we go again/lyte as a rock, bitch, hard as a cock, bitch.” . MC Sha-Rock го претстави ефектот на ехо-комора, алатка за натрупување што каскадно ги префрла зборовите како да одекнуваат низ просторијата; на крајот ќе биде усвоен од Darryl “DMC” McDaniels од Run-DMC. Додека Rocawear и Sean John беа во полн ек, жените беа тие што го катапултираа хип-хопот во високара мода, упаднаа на црвените теписи облечени во Gucci, Marc Jacobs, Versace, и Chanel пред спомнувањето на луксузните брендови во рап-стиховите да стане стандардна тема. Тоа што го водиме овој разговор во 2023 година, можеби највозбудливото време да се биде љубител на жените во рапот, зборува за тоа колку индустријата е отпорна на рапсодизирање на жанрот во смисла на повеќе од подвизи на мажественост. Љубител си на лирски густа и церебрална игра на зборови? Истражете ги обемните дискографии на Rapsody, Chika и Noname. Можеби театарските истражувања на музичката изведба се повеќепо ваш вкус? Tierra Whack, Leikeli47, Monaleo, Rico Nasty и cupcakKe се баш по ваш вкус. Pussy Rap е достапен во изобилство:City Girls, Megan Thee Stallion, Latto, Cardi B, KenTheMan, и многу други имаат албум врз албум со секс-прогресивно, секс-позитивно возбудливо пишување песни. Девојките кои се упорно јужњачки и гето ги има во широк опсег, од BbyMutha до SexyyRed до GloRilla. Maliibu Miitch и Lola Brooke ја црпат соничноста на суперѕвездите на Њујорк од 90-тите, додека Ice Spice од Бронкс се прослави со инјектирање на деликатна каденца на посовремениот дрил звук. Flo Milli успеа да изостри и направи заштитен знак од нејзината изведба. Nicki Minaj редовно издава соработка по соработка со имиња, со која ја покажува нејзината речиси неспоредлива разноврсност како резидентна легенда. „Има многу лом раперки“, призна J. Cole во неодамнешно интервју со Кевин Харт. „Комерцијално, тие прават некои од највозбудливите - ни даваат многу прекрасни моменти, знаш на што мислам? И чувствувам дека тоа е нешто што го немаше кога растевме“. Иако, да, неспорно е дека придонесот и присуството на жените во хип-хоп културата се повеќе видливи сега од кога било досега, секој хип-хоп историчар може да ви каже дека жените имаат влијание на индустријата уште пред J. Cole бил дете. Ретко ќе видите уметник да понуди топ-пет листа која не е со сите машки имиња. Неодамнешната пофалба на Lil’ Wayne’ за Missy Elliott е забележителен исклучок. Тоа е горчлива двојна врска: самиот недостаток на препознавање е значително бришење, додека задоцнетото прифаќање од колегите, креаторите на вкусови во индустријата и директорите ја истакнува длабочината на структурниот превид. Раперката Mia X од Њу Орлеанс - која славно го отвори својот стих на No Limit класиката ““Bout It, Bout It”“ со тоа што рапуваше дека „“comin’ from the Crescent, testin’ nuts/and ready to bust some of those who doubt it“ – неодамна ја потврди оваа мисла на интернет. „Често слушам дека сум потценета и не ги добивам моите признанија“, твитна. „Често ме прашуваат зошто не те вклучуваа? Немам одговор на тие прашања“. „Постоеше тенденција низ историјата да се слават неколкумина“, вели новинарката Кловер Хоуп, „бидејќи луѓето на хип-хопот гледаат како на машки спорт“. Истражувајќи во нејзината книга од 2021 година,The Motherlode: 100+ жени кои правеа хип-хоп, во која ги ископа оставштините на жените во жанрот надвор од клучните имиња што ги знаеме и сакаме, Хоуп откри дека многу жени чувствуваат притисок да се придржуваат на однапред дефинираните конвенции на женската изведба. Имавте три избори: секс бомба(Kim, Foxy, Trina), девојката која се дружи со дечки (Eve, Remy Ma, MC Lyte) или совесниот боем (Lauryn Hill, Queen Latifah) - сите архетипови кои беа и редуктивни и длабоко ограничувачки. И за секоја успешна приказна, имаше многу повеќе жени кои пропаднаа под тие услови, бидејќи беа принудени да следат ригиден шаблон на почетокот на нивните кариери и да ги задоволат последователните очекувања за женски перформанси, често под водство на маж кој застанува позади уметницата и тоа функционираше како предуслов за жената да влезе во мејнстримот. Без таа јасно дефинирана пазарност, запоставувањето беше неизбежно, со музиката на уметниците оставена напуштена и без надзор на полиците додека не им истечат договорите. Не е ни чудо што толку многу женски уметници на крајот го напуштаат хип-хопот за да се занимаваат со други интереси. „Многу од нив се чувствуваа како да не можат понатаму“, истакнува Хоуп, спомнувајќи ја раперката Solé. „Таа не се чувствуваше како нужно да се вклопува толку целосно во некоја од шаблоните. Речиси како да сте втерани во ќош - и многу од нив чувствуваат огромен притисок да изберат “. Раперката Amil, која исчезна од центарот на вниманието по нејзината проминенција во доцните 90-ти како штитеник на Jay-Z за време на ерата на Рок-А-Фела, зборуваше за сопствените потешкотии во поновите интервјуа. „Се побунив против индустријата затоа што тоа не е она што го сакав“, рече таа во разговор со Билборд. „Не вложив се́ од себе во тоа. Не дадов 100% од себе. Се чувствував како тоа да не е за мене“. Овие граници можат да станат и замки за малкумина кои успеваат да го пробијат стаклениот таван и да најдат забележителен успех во формата .Критики на денешниот „пичкин рап“, на пример,критикуван како хиперсексуален, безумен, понижувачки и нагрдувачки- зборови што не се разликуваат од потсмевните возврати кои ги мачеа имињата како Lil’ Kim, Foxy Brown, Trina, и Khia во нивните најславни денови. „Имаме луѓе како Too Short, Luke Skyywalker [од 2 Live Crew], Biggie [Smalls], Elvis Presley, Prince, кои се многу, многу, многу сексуални и не ги напаѓаат затоа што сакаат да го прават тоа. “ забележа Lil’ Kim во Интервју од 1997 година. „Но, сега одеднаш имаме жена која е раперка, како мене, и тоа не е во ред. И бидејќи сакам да го правам тоа, тогаш е уште полошо затоа што со години се боревме како жени да ги правиме истите работи што ги прават мажите“. Посовремената морална паника поттикната од мрсните синглови како што се „WAP“ и „Poundtown“ - дури и кога славната балада на BRS Kash „Throat Baby“ се искачи на 24-то место на „Billboard Hot 100“ - се нови ситуации на истиот дискурс. „Постоеше - генерално во хип-хопот - заемно разбирање дека се носи костим“, вели Хоуп, посочувајќи ја личноста на Jay-Z како хастлер и злогласното минато на на Рик Рос како полицаец во затвор. „Луѓето не дозволуваат можеби разновидност кај жените на ист начин“. Хиперсексуалната сценска личност за жените честопати беше примена, од индустриските критичари, како лиценца за понижување и непочитување, додека уметниците како MC Lyte и Lauryn Hill се пофалени за нивната „угледно“ и возвишено римување. Иако и двете се легендарни сами по себе, импликацијата овде е дека тие се воздржуваа од понижување со тоа што влегоа во еротиката - иако стихот на Lyte за „Wanna Be Down (Ремикс)“ е нагласено експлицитен и сексуален: „I flip a sideshow if you come my way/Up, down, and around, even sideways.” . Слично на тоа, повеќето пофалби за опусот на Missy Elliot блескаво ја превидуваат смелата сензуалност во нејзината музика, иако нејзината прифаќање на посакувањето како дебела жена со темна кожа исто толку менува парадигми како и било кој од нејзините видео концепти. Овие неколку примери (и има многу) ја осветлуваат неформалната, но светла линија помеѓу жените кои ја прифатиле нивната сексуалност како изведувачи и оние кои не ја прифатиле, а нивните цис машки колеги се бореа да ја наметнат таа вештачка бинарност со изискување на респектабилност на сметка на солидарноста со новата класа на жените во жанрот. Во нејзиниот класик на феминистичка теорија Кога кокошките ќе се вратат дома ,Џоан Морган забележува како уметниците кои биле дефинирани како свесни, како што е Queen Latifah им пркоселе на овие најчесто машки напори да се сее поделба меѓу жените во жанрот и ја прифатиле работата на Ким како искористување на еротската моќ. „Некој конечно го кажува на прост англиски јазик: Ако ти свршиш, тогаш јас ќе свршам. Ако тој ќе го добие она што го сака, тогаш јас ќе го добијам тоа што го сакам“, изјави Latifah. „И ова не е различно од работите што ги кажувам самата“. Всушност, во лирскиот триумф што е Ladies First,” на Латифа, соработничката Monie Love сугерира исто така , изјавувајќи „кога е време за љубов, жената е таа што добива нешто“. Друга испробана и функционална тактика за поништување на главните достигнувања на една жена е да се на распит за нивните способности за пишување. И покрај тоа што чинот на пишување со писатели во сенка и ко-авторство се дел од хип-хопот откако Grandmaster Caz помогна да се напише „Rapper's Delight“, жените се особено измачени од обвинувањата дека имале помош од страна, како да имплицираат дека нивното присуство на песните е поради прикладноста и е лесно заменливо. Но тоа што Big Daddy Kane , наводно, пишувал во сенка за Roxanne Shanté не го брише фактот дека некои од нејзините најпрепознатливи моменти биле документирани фристајлови; помошта на Biggie Smalls во изработката на „Queen Bitch“ не ги засенува стиховите кои Lil’ Kim ги состави по смртта на нејзиниот ментор во 1997 година. „Секој што пишувал со мене во студиото знае дека знам што правам“, рече Ким во интервју од 2014 година со HelloBeautiful. „Откако Биги почина имав еден по друг хит. Значи, претпоставувам дека тоа одговара на прашањето“. Ваквите наводи за пишување од сенка никогаш не биле за талентот - тие биле за ширење на наратив дека жените немаат автономија и дека се само марионети за вентрилокистичкиот чин на машките надзорници. Но, се разбира, улогата на жените во хип-хопот никогаш не била онаа на посматрач- нешто што фановите го разбирале многу подолго и подлабоко од моќниците на субкултурата која одамна станала корпоративна. Социјалните медиуми особено дозволија појава на моќни контранаративи за историски отфрленото влијание на жените врз жанрот. Само погледнете ги профилите на архивски фан акаунти кои ја прифаќаат раскажуваната моќ на жените во индустријата, минатото и сегашноста. Или како што дигиталните улици се мобилизираа кога иконата на Мемфис, Gangsta Boo, не беше номинирана на Греми наградите во 2023 по нејзината прерана смрт во јануари. И кога Dee Barnes, наводната жртва на Russell иКим Осорио беа оставени да се борат со медиумите на индустријата откако проговорија за злото што го доживеаја, фановите на Megan Thee Stallion се спротивставија на тригодишната кампања на дезинформации откако раперката беше застрелана од Tory Lanez, давајќи ѝ простор да се фокусира на нејзиното ментално здравје откако Калифорнија донесе виновна пресуда; таа неодамна им се заблагодари при нејзиното појавување во Outside Lands FestivalЗатоа што обожавателите - кои, со оглед на тоа што цената на билетите за концертите вртоглаво растат, сè уште трчаат да ги видат овие жени како изведуваат настапи кои се неспорно над оние на нивните машки колеги - тие се оние кои најдобро знаат дека поставиле трендови и воспоставиле преседани кои неповратно го промениле и го развиле жанрот. „Мораме да трошиме многу повеќе пари, да вложиме многу повеќе енергија во нашиот настап, да ангажираме танчери, едноставно да вложиме многу повеќе во сè отколку [мажите]“, речеFlo Milli во New York Times интервју. Noname се согласи, твитувајќи дека „повеќето жени кои рапуваат се технички исто толку вешти како и нивните современици, ако не и подобри. и би рекла дека сите тие се подобри забавувачи“. Како што Lil Wayne може да се прогласи за најдобар жив рапер без да се премислува многу, така треба и уметниците како Missy, MC Lyte, Trina и десетици други иноватори кои учествуваа во пробивањето на границите. И така, на 50-тиот роденден на жанрот, мораме да го прифатиме сето она што е постигнато, а исто така да се пресметаме со начините на кои порозната родова политика на хип-хопот доведе до тоа безброј жени да паднат низ пукнатините со надеж дека овие навреди никогаш не се се повторат со такво системско игнорирање. Во идеален свет, кога жените во хип-хопот ќе се засилат за да го побараат своето парче историја, тие ќе бидат поддржани не само од обожавателите и генерациите млади жени на кои влијаеле, туку и од мажите со кои долго време соработувале, како и од оние кои им застанаа на патот. Признавањето на овие превиди од страна на индустријата нема да ги отвори вратите ширум отворени, ниту ќе ги елиминира структурните проблеми со кои се соочуваат жените, но сигурно ќе биде чекор напред во следните 50 години. Her Song by Megan Thee Stallion I don't care if these bitches don't like me 'Cause, like, I'm pretty as fuck, hahahaha Just the other day, I heard a hoe say... Matter of fact, what could a hoe say? With a face like this and a bitch this paid Shit, what could a hoe say? The bag so expensive, my pussy came with it Body so nice, they be saying, "Who did it?" But everything natural, actual, factual Prissy in the streets, but I fuck like an animal All you hoes know who the fuck I am From your boyfriend down to my Instagram To all them busted-ass hoes that you kiki with I bet your jaw drop if you ever see me, bitch I'm her, her, her, her, her, her, her, her She, she, she, she, she, she, she Take a pic', it's me, me, me, me, me, me, me Tell your friends "this her, her, her, her, her, her, her, her" (ah) Bitch, you do you and whatever that is, I'ma do it better Hoes must've just seen me and they playing catch-up Bitches looking like lil' Megans playing dress-up Would I ever spin the block on a nigga? Never I'on even wear an outfit twice, dead 'em Any bitch got a problem? Probably never met 'em Tell a hater, "kiss both cheeks, ciao bella" But I'm used to the chatter 'cause I'm her, her, her, her, her, her, her, her She, she, she, she, she, she, she Take a pic', it's me, me, me, me, me, me, me Tell your friends "this her, her, her, her, her, her, her, her" (ah) All this hate giving me a pretty face I eat hate, that's why I ain't got a waist The more hoes hating, more money I'ma make And the more niggas talk, more niggas want a taste 'Cause I'm the most sickening, hoes so fucking sick of me No matter what they do or say, it ain't no getting rid of me I come in every room and draw attention like a centerpiece Stepping for a long time, moving like a centipede I ain't scared of shit, man or bitch To everybody hating, y'all can suck this clit 'Cause the hate campaign ain't working at all I ain't Jack or Jill, bitch, I ain't gon' fall I'm her, her, her, her, her, her, her, her She, she, she, she, she, she, she Take a pic, it's me, me, me, me, me, me, me Tell your friends "this her, her, her, her, her, her, her, her" (ah)
- Јато од двајца: Ленче го спасува штркот Мишко
Секоја пролет, небесниот канвас на Балканот се разигрува со елегантната постава на бели штркови, коишто со своите моќни крилја, пресекуваат континенти во потрага по топлите денови и обилните хранливи терени. Овие мајстори на долгите патувања ја имаат својата рута длабоко вградено во гените, една миграција која со векови го инспирира човештвото и останува симбол на пролетта и обновата. Изминувајќи илјадници километри од јужните предели на Сахарската пустина и суб-Сахарската Африка, штрковите со вистинска издржливост и одлучност пристигнуваат на Балканскиот полуостров, подготвени да го започнат својот годишен циклус на размножување. Штрковите (Ciconia ciconia) се меѓу најпознатите птици-преселници, и нивното патување е пример за неверојатна адаптација и суровоста на природниот свет. Нивната способност да го искористат топлиот воздух за да летаат со помалку енергија е само еден од многуте нивни таленти. Со помош на големите крилја, тие можат да се кренат на високи надморски височини, каде што ветерот им овозможува да се носат со минимален напор. За време на нивното патување, штрковите се соочуваат со многу предизвици. Од сè поголемата урбанизација и намалувањето на влажните подрачја кои се користат за одмор и хранење, до опасните ловци и електрични кабли кои претставуваат смртоносни пречки. И покрај овие ризици, штрковите се неверојатно отпорни и продолжуваат да ги следат своите вековни патишта, инстинктивно водени кон своите одредишта. По пристигнувањето на Балканот, штрковите се натпреваруваат за најдобрите места за гнездење - често тоа се високи точки како што се крововите, црквени кули или специјално поставени столбови. Со своите величествени гнезда, тие стануваат карактеристичен дел од пејзажот и местото на многу културни и фолклорни приказни. На безброј кровови низ Европа и Африка, елегантните силуети на штрковите се истакнуваат наспроти залезот на сонцето, и оваа глетка буди сентименталност и прврзаност кон штрковите. Овие величествени птици се симбол на животот, раѓањето, и плодноста во многу култури. За мене, уште повеќе го будат сеќавањето на дечјата радост на лицето на татко ми, кога ќе ги забележи возејќи. Година по година се повторува сцената, како неговата возраст напредува, радоста останува иста: „ја гледаш куќата!? Ете ги, штрковите“ - додека го забавува автомобилот - „Секоја година, откако бев дете, доаѓаат на истиот оџак!“ Но тие се и пример на реалноста на животот, која последниве децении како планетата цвили под ногата на алчноста на луѓето, бара се́ поголема суровост, која е диктирана од природните закони за преживување. Оваа година во Македонија, се чини штрковите поранија, следејќи ја исклучително благата пролетна зима. За Ленче (Алексовска) тоа претставува знак за мобилизација. „ Штрковите веќе се дојдени и сега нова опасност за Мишко, поголема од зимата, штрковите нема да го прифатат бидејќи доаѓаат во парови и не сакаат инвалид во нивното опкружување може да го нападнат и сега мора да внимавам на него уште повеќе“ Ленче, од Гевгелија веќе го привлече вниманието на јавноста - нејзината приказна ја надминува онаа на луѓето кои се грижат за штрковите кога ќе дојдат од Африка. Таа се грижи за штрк - долго откако јатата ќе заминат. „Се враќав од центарот накај дома,со велосипед и здогледав нешто бело,мало како циви со невообичаен тон и тогаш видов дека е мало штркче сето исколвано од страна на родителите. Веднаш го однесов дома во дворот и веднаш му дадов храна и вода бидејќи беше прегладнет и дехидриран. Одма после почнав да го лекувам како што знаев и умеев, раните за неколку дена се санираа но окото не можев да му го спасам. Почна за кратко време да се дружи со мачките и кучињата. Почна сам да јаде,да шета низ дворот бидејќи е огромен,да излегува околу куќата и да се враќа дома." ,,Го најдов туку речи една година по смртта на брат ми за кој нема утеха - се совпаднаа деновите и решив да го викам Мишко по брат ми Миле бидејќи многумина брат ми го ословуваа како Миша.Мишко го викам а незнам дали е женка или мажјак“ Штрковите се социјални суштества кои во голема мера се потпираат на своите јата за преживување и размножување. Тие мигрираат во големи групи и секоја година се враќаат на истиот простор на гнездење за да подигнат ново потомство. Тие ја споделуваат храната, грижата за младите и информациите за локациите каде храната е обилна. Во својот танц на животот, штрковите покажуваат еден вид на совршена хармонија со природата. Сепак, под оваа поетична слика лежи една неопходна реалност - понекогаш штрковите отфрлаат членови од нивните јата. Ова може да се случи поради неколку причини. Нагло, болестите или повредите може да ги намалат шансите за преживување на поединецот, правејќи го товар за останатите во јатото. Во такви моменти, инстинктот за опстанок на групата станува примарен, и оние кои не можат да ги следат другите се оставени на милост и немилост на природата.Уште една причина за отфрлањето е доминацијата и територијалноста. Во време на оскудица со храна, доминантните членови може да ги прогонат послабите членови на јатото за да обезбедат преживување за себеси и своето потомство. Штрковите, иако често се гледаат како симболи на мир, се исклучително конкурентни кога станува збор за ресурсите потребни за преживување.Исто така, штрковите се познати по својот стереотипен летен патрон, кој е пример за неверојатната ориентација и издржливост. За жал, оние кои не можат да го одржат темпото или да се ориентираат добро, брзо стануваат изолирани и често не успеваат да го завршат годишниот циклус на миграција. Ја прашувам Ленче, дали се надева дека можеби сепак ќе се придружи годинава на своето јато - или дали сепак Ленче и Мишко се јатото на кое му било судено на штркот. Таа вели: -„ Јас би сакала да си најде друштво и полета, меѓутоа тука е опасноста по неговиот живот, штрковите веднаш ке го нападнат и убијат,тие се силни и моќни птици, посебна причина и опасност е и тоа што е хендикепиран,со едно око е а штрковите не сакаат инвалиди во нивно опкружување“ - и дополнува - „Ако сака некој животни доволно е само еден поглед и една подадена рака па макар и празна само да нема во раката отров бидејќи човекот е најголемиот непријател на животните - со исклучоци секако.“ Додека го следиме летот на штрковите, мора да се сетиме дека тие не се просто бајковити ликови од нашиот колективен културен имагинариум - тие се живи суштества кои се борат за опстанок во сѐ потешки еколошки услови. Секое отфрлање на член од јатото е тешка одлука диктирана од природниот избор и суровите услови кои ги диктира самата природа. Сепак и оваа приказна која лесно можеме да ја романтизираме, брзо не́ потсетува дека реалноста често повикува на борба, често бара напор, борба во која се препознаваат хероите: „Мене не ми е јасно само едно,заштитена птица а цела Гевгелија знае дека ја чувам никој од институциите не праша како е штркот и дали ми треба помош Верувајте воопшто не е лесно да одгледате штрк,штковите не јадат леб или жито,тие јадат во природата риби,жаби, глувци, змии,кои не можев да му ги обезбедам Почнав да му купувам месо,и така еден ден во месарата ме прашаа зошто толку често купувам и тогаш им реков за кого купувам и ете веќе неколку месеци подоцна од месарата да ми донираат остатоци од месо , благодарам на фамилијата Брзанови во чија сопственост е месарата.“ И покрај се́ тоа што го наоѓа во него е мир - „Ми делува како седатив,толку е мил и кроток“ Ја прашувам Ленче: „Дали има некоја лекција или лекции што ги научивте - практични или животни - откако се грижите за Мишко?“ „Јас многу добро ги знам лекциите и пораките од животните затоа што во моите 64 години не сум останала без миленик до сега а тоа ке го правам сѐ додека можам, јас животните бескрајно ги сакам и заштитувам,не оставам гладно животно,ист како мене беше и мојот покоен брат.“ Како љубители на природата и заштитници на дивите животни, нашата улога е да набљудуваме, да учиме и да интервенираме каде е потребно за да им помогнеме на овие незаменливи суштества да продолжат со својот велемудар танц на животот, додека секогаш сме свесни за линијата која ја одделува нашата помош од неопходната самостојност на дивите видови. За крај, секој пат кога ќе видите штрк на кровот или на небо, споделете почит кон нивната непрекината борба за живот и нивната способност да се приспособат во секогаш променливата еколошка таписерија на нашата планета. Нека биде тоа потсетник за сите нас дека животот во природата е и хармоничен и жесток, и дека секое суштество има своја улога во величествената разноликост на животот на Земјата . Ана Чушкова













