top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Враќање на магијата: Новата ера на танцот во срцето на Старата чаршија | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/-%D0%B2%D1%80%D0%B0%D1%9C%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%3A-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B5%D1%80%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D0%B0%D0%BD%D1%86%D0%BE%D1%82-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%87%D0%B0%D1%80%D1%88%D0%B8%D1%98%D0%B0?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан ПМГ Танц Дигитал, журка, Андреја Салпе, Виолета Качакова, Мирко Попов, ПМГ, Стара чаршија 14.11.24 г., 18:00 лом музика, партали журка. За љубителите на урбаната култура и ноќниот живот, ретко има причина за поголемо возбудување од отворањето на нов простор за изразување на танцовата страст:). PMG Tanz Digital најавува - ќе бидат домаќини во волшебниот простор во Старата Чаршија, нудејќи ни нешто што може да биде ренесанса на клупската сцена во нашиот град. Ноќта ќе ја отворат (и затворат) три врвни ТАНЦ ДИЏЕИ кои се веќе добро познати на фановите на квалитетниот електронски звук: Мирко Попов, Виолета Качакова и Андреја Салпе . https://www.youtube.com/watch?v=AEcOuN387XQ Секој од нив претставува свој уникатен музички израз кој е гаранција за вечерта. Мирко Попов, со своите еклектични сетови, е вистински маестро на пултот. Виолета Качакова, позната по својата способност да ги води слушателите на емотивно патување преку музиката, и Андреја Салпе, чиј стил несомнено додава нова димензија на клупската сцена, ќе бидат капетаните на Танц дигитал бродот. https://www.youtube.com/watch?v=CauARUgo2y4 Отворањето на новиот клуб, кој се наоѓа веднаш спроти поранешниот Дамар, ветува повеќе од вообичаенот искачање у град: ветува искуство кое резонира со златните денови на Капан Ан пред десетина години. За оние кои не беа дел од таа епоха, ова е шанса да ја почувствуваат истата енергија која ги оживе најдобрите ноќи во градот. https://www.youtube.com/watch?v=19xIqH2Xm0U Организаторите ветуваат "ЛОМ МУЗИКА" Оваа ветувачка фраза кажува се́ што треба да знаете, па земете ги танцовите црвени чевлички и трк на PMG Tanz Digital Party . следно

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Дива diva.mk https://static.wixstatic.com/media/195fea_88302f0ba459428484a8a2706a65df39~mv2.png

    независна релевантна култура There’s Nothing Here... We can’t find the page you’re looking for. Check the URL, or head back home. Go Home

  • Yöu тргнуваат на европска турнеја, Корка ќе им се придружат на скопскиот концерт, Yöu тргнуваат на европска турнеја, Корка ќе им се придружат на скопскиот концерт, yöu-тргнуваат-на-европска-турнеја-корка-ќе-им-се-придружат-на-скопскиот-концерт

    Емо/пост-хардкор бендот Yöu тргнува на европска турнеја низ осум земји, со стартен концерт во Скопје каде ќе настапат заедно со Корка. Македонскиот емо/пост-хардкор бенд Yöu оваа пролет заминува на европска турнеја што опфаќа 13 концерти во осум земји, со рута што минува низ клубови, DIY простори и алтернативни сцени во централна Европа и регионот. Турнејата започнува на 15 мај во Скопје со концерт во Буква, каде како гости ќе настапат и кочанските Корка. Потоа следува интензивен циклус од 11 концерти во 11 дена низ Словенија, Италија, Германија, Австрија, Чешка, Хрватска и Србија. Финалниот настап е закажан за 6 јуни во Битола, на главната бина на фестивалот Metal Discharge Open Air. Патувањето, долго повеќе од 5000 километри, е реализирано во соработка со Атомик продукција и Црнило букинг, во духот на DIY мрежата што одамна ја поврзува регионалната алтернативна сцена. Формирани во 2015 година во Скопје, Yöu својата музика ја градат врз влијанијата од DC „Revolution Summer“ сцената, класичното емо, пост-хардкорот и потемните текстури на blackgaze и пост-металот. Нивниот звук комбинира мелодични, атмосферични гитарски линии со агресивен вокал и цврста ритам секција, создавајќи чувство на постојана тензија помеѓу кревкост и експлозија. По деби албумот We Sing The Blues… од 2017 година, бендот настапуваше низ Европа и Балканот, а во 2024 година го објави EP изданието River of Sadness, со кое го дефинираше новиот правец и актуелниот звук. Оваа турнеја претставува нивно враќање на европските сцени со нов материјал и освежен состав. Критиката ги опишува како бенд со интензивен и емотивно набиен настап. Српскиот Abbadon Magazine ги нарекува „брилијантен бенд“ со силно сценско присуство, додека американскиот The Platypus Zine го истакнува балансот помеѓу атмосферичните градации и суровиот, агресивен израз. Во време кога голем дел од регионалната алтернативна сцена преживува преку мали клубови, самоорганизирани турнеи и упорна DIY логистика, вакви турнеи функционираат и како културна мрежа: патувачки систем на пријателства, засилувачи, подруми и сцени што уште веруваат во бучавата како форма на заедништво. Придружете му се на бендот: FB: www.facebook.com/youthebandmk Bandcamp: https://youtheband.bandcamp.com IG: youthebandmk Датуми на турнејата 15.05 – Скопје – Буква 21.05 – Љубљана – Menza pri Koritu 22.05 – Модена – Stella Nera 23.05 – Милано – GTA Gratosoglio 24.05 – Тубинген – Epplehaus 25.05 – Линц – Willy*Fred 26.05 – Лајпциг – Connewitz 27.05 – Прага – Eternia 28.05 – Брно – Vegalite 29.05 – Загреб – AKC Attack 30.05 – Белград – Drugstore 31.05 – Нови Сад – CK13 06.06 – Битола – Metal Discharge Open Air

  • Карпошово културно лето: „Мирисот на летото 2024“ со ликовен настан | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88%D0%BE%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%BE-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE%3A-%E2%80%9E%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B8%D1%81%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82%D0%BE-2024%E2%80%9C-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан карпошово културно лето, Мирисот на летото 2024, Кинотека на Северна Македонија 14.11.24 г., 18:00 Скопје ова лето ќе биде домаќин на уште еден уметнички настан под отворено небо. Како дел од Карпошовото културно лето „Мирисот на летото 2024“, Детскиот ликовен центар ќе организира ликовен настан кој ќе се одржи во дворот на Кинотека на Република Северна Македонија. На настанот, кој ќе се одржи на 24 и 25 август (сабота и недела), ќе учествуваат десет ликовни творци, меѓу кои се: Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева. Во текот на двата дена, од 10 до 19 часот, овие уметници ќе бидат во живо пред публиката, создав ајќи нови дела под летното сонце.Отварањето на изложбата е закажано за вторник, 27 август, во 12:00 часот о изложбената галерија при кинотеката . Стручниот секретар на Детскиот ликовен центар и познатиот ликовен уметник, Харалампие Манчев – Хари, истакна дека настанот не само што ќе овозможи презентација на современата македонска ликовна уметност, туку и ќе создаде платформа за размена на идеи и инспирација меѓу уметниците и широката јавност.Повикани се сите љубители на уметноста и културата да го посетат настанот и да уживаат во креативната енергија што ќе го одбележи ова лето. следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page