top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Изложба на Елизбета Костова во КСП Центар Јадро: Градски импресии во акварел | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%B8%D0%B7%D0%BB%D0%BE%D0%B6%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B1%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%81%D0%BF-%D1%86%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-%D1%98%D0%B0%D0%B4%D1%80%D0%BE%3A-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B8%D0%BC%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BB-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Елизабета Костова, КСП Центар-Јадро, Градски импресии, самостојна изложба, акварел 14.11.24 г., 18:00 Во подемот на вештачката интелигенција и наметливата информатичката презаситеност до кој степен опстанува памтењето за светот како лично искуство? Скопје, 8 февруари - Во четврток (8.02) во КСП Центар Јадро, публиката ќе има можност да се впушти во светот на градските импресии со изложбата на акварелите на Елизабета Костова, која ќе одржи во 20 часот. Со градските импресии на Елизабета Костова, ќе бидат прикажани триесетина акварели насликани во последните две години. Секоја слика претставува нејзини импресии и впечатоци од градовите кои ги посетила, престојувала или живеела. Но, забележително е како нејзините акварели не се само реални претставувања на градски сцени, туку се и емоционални прегледи на минатото и размислувања за иднината. Елизабета Костова, инаку психолог по професија, но сликар по срце, ги претстави своите уметнички дела на триесетина акварели, создадени во последните две години. На оваа изложба, посетителите ќе имаат можност да ги разгледаат нејзините импресии и впечатоци од градовите во кои престојувала, ги посетила или живеела. Од тесни улички и ниски куќи до погледите кон просторното сино небо, секој акварел на Елизабета Костова претставува уникатен преглед на градскиот пејзаж. Нејзините дела, со своите бои и форми, не само што го зачувуваат духот на минатите времиња, туку и ги поттикнуваат размислувањата за иднината на нашите градови. Елизабета целиот свој работен век го поминала и работела како психолог. Но таа отсекогаш била голем вљубеник во уметноста, а особено во сликарството. Таа во себе носи и голем креативен потенцијал, кој избива и е видлив, на почетокот со изработката на различни предмети од применетата уметност. Но нејзината љубов кон сликарството сепак преовладува и нејзината уметничка дарба и креативност доаѓа до полн израз кога решава да почне да слика акварел. Aкварелот е нејзината понатамошна преопукација и уметнички израз. Акварелот е една од најстарите сликарски техники. Со техниката акварел сликите се прозирни, се гледа подлогата на која се насликани. Белите полиња од подлогата кои се појавуваат меѓу боите секогаш даваат впечаток на прозирност. Со оваа техника сликале меѓу другите и многу од познатите импресионисти. Акварелот како сликарска техника со големата палета на бои Елизабета успешно го применува. Боите на нејзините акварели нежно преминуваат од една во друга боја од сина во виолетова, црвена, од зелена во сина, жолта. Со четките и боите слика се што ја опкружува, градини, цвеќиња, мртва природа, ликови на девојки, пејсажи, птици. На оваа изложба насловена „Градски импресии“ таа ни се преставува со триесетинаакварели н асликани последните две години, кои што преставуваат нејзини импресии и впечатоци од градовите во кои престојувала, ги посетила или живеела. Голема инспирација и се старите македонски градови или делови од нив. Тесни улички, ниски куќи на приземје и кат, тесно збиени една до друга и со надвиснати еркери над улиците. Оџаци од кои се извива сивиот дим. Насликани се со прекрасни палети од бои, сина, зелена, лилава, жолта… црвени кровови и секако пространото сино небо над нив, кое се гледа и од уличките. И овде белите полиња на подлогата помеѓу топлите бои даваат посебна светлина. Од овие акварели зрачи и светлина и радост. Можеби оваа тема која ја слика Елизабета преставува носталгија за старите делови од градовите како што ги паметиме, а во едно од тие маала Елизабета го поминала детството и младоста, Дебар Маало во Скопје. Можеби ова е и жал и носталгија за старите градски маала кои полека исчезнуваат и ги заменуваат модерни делови од градот со висококатници, асфалтирани улици, многу возила, темни и мрачни, сонцето одвај допира до улицата. А небото и не се гледа од улицата. Овие акварели се и носталгија за минатото кое одминува, а доаѓа сегашноста и иднината, некое ново време со друга слика на градовите. Натка Ќосева, дипл.инж.арх. Eлизабета Костова е родена 1953 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Филозофскиот Факултет во Љубљана, отсек психологија. Реализирала повеќе самостојни изложби во Дом на АРМ, Скопје (1989 и 1991 г.), Галерија на ДЛУМ, Скопје (2002 г.), во Домот на култура Иван Мазов – Климе, Кавадарци (2020 г.), како и во Галерија КО-РА, Скопје (2019, 2020 и 2023 г.) Исто така учествувала на и на повеќе групни изложби. следно

  • Изменета свест во неколку потези: минијатурна лична, универзална и локална, Изменета свест во неколку потези: минијатурна лична, универзална и локална

    Дали луѓето се така составени, да бараат оддишка во супстанци надвор од нас, кои би го одземале притисокот од психолошкиот експрес лонец, и оневозможат и олеснат експлозија која е неминовна, во рецепт на животот кој знае да нè чукне по тилот, плукне во лице, нагази на плускавец, или сосема да нè онеспособи со удар во градите. < Назад Изменета свест во неколку потези: минијатурна лична, универзална и локална Дали луѓето се така составени, да бараат оддишка во супстанци надвор од нас, кои би го одземале притисокот од психолошкиот експрес лонец, и оневозможат и олеснат експлозија која е неминовна, во рецепт на животот кој знае да нè чукне по тилот, плукне во лице, нагази на плускавец, или сосема да нè онеспособи со удар во градите. Прв пат, формално, во школо, слушнав како комплетниот молк, на тема дроги, прекинува на час по македонски, кога професорката како фуснота додаде, како била напишана Кубла Кан на Колриџ. Самиот тој помен беше револуционерен, како хипокризијата, и позиционираноста на школото, институцијата која се занимаваше со нас, откако некаква свест се има пробудено, како авторитарна, секогаш со закана дека може да ти биде и мајка и маќеа, и да се струполи врз тебе како тон од цигли, значи конечно некаква искра на пријателска и искрена поврзаност. Но, прејдовме на Ана Каренина, љубителка на опиум, и молкот продолжи. Зошто се фрлила под воз кој јуриша? – Можеби не било толку очај, колку што било и бессознание? Еден прекорен поглед го заврши тој разговор. Тоа беше период, на доцните 90-ти, кога ја изгубивме југословенската култура, каде што и покрај социјализмот, имаше нечуени проблици во уметноста најмногу, на либерализам и прогресивност, но која е анегдотална, и колку фактички тој либерализам постоел, а не е само носталгија, е можеби тема за друга прилика. Беше епоха во епилогот на кулминацијата на гранџот, кој беше носечки звук, и неколку години после самоубиството на Курт Кобеин, измачен поет со наивност и несташлук на дете, икона од тој калибар која се појавуваше во поп-културата еднаш во секоја деценија или две. И беше џанак. Некако не ни беше јасно дека тој не беше последица на тој факт, но математиката беше јасна: сите неоспорни таленти колку што можеше нашиот тинејџерски поглед да досегне во хоризонтот го имаа тој заеднички носител. „Доколку вратите на перцепцијата се отворени, сè ќе ни се чини како што е: бесконечно“ – вака се сеќавам на цитатот, сега после 25 години и можеби по прв пат го гледам на англиски: „If the doors of perception were cleansed every thing would appear to man as it is: Infinite“. Значи во доцните 90-ти, како заклучок на 20 век, една работа беше извесна, сè што можевме да впиеме од спорадичните и измачени преноси на МТВ на третиот канал, на радио, веќе и на интернет, по концертите и журките и патот кон и од нив, кога сè уште и неколку голтки пиво нè онеспособуваа, музиката, книгите од било која ера и жанр: животот нема да биде потполн доколку не експериментираме со дроги. Не знаеме точно кои ќе бидат, и како ќе изгледа, но едноставно нема смисла да се искуси живот доколку целата култура која ја впивавме, и даваше значење, контекст и сочност, естетика, па и морален компас, не можеме сосема да ја разбереме. Нешто како акапела пеење, а музиката на слушалките е исклучена. И беше извесно дека некој џоинт ќе улета, од некого, во тој момент, некои постари, полукави и поочајни од нас, ќе ни ги соберат парите. Ќе дуваме камилица, или оригано, но конечно – ќе се случи. Јас лично бев занемена од искуството, за кое и после толку зборување, читање, објаснување, нормално, немав референци кои ќе го доловат. Занемев, но не сосема, знам дека кажав „луѓето велат за трава дека е лесна дрога?!“ и сите бескрајно се смееја. Но, после два реда искуство со анксиозни напади и параноја, и нешто НТШ, бев обесхрабрена, а и го ислушав целиот трип хоп што го имав, неколку пати – конечно доби смисла. Се обидов да читам, но фокусот беше очаен (додека имаше луѓе кои тоа им беше помагало за спремање испити!) и некако отпаднав од тој воз, на пушење трава. Но, иницијацијата ја пројдов, и можев да кажам дека имав позади себе едно значајно човечко искуство кое се провлекува откако луѓето се луѓе онакви како што ги знаеме денес, на темели на цивилизации, и ѕидини од култура. И како такво никако не можам да кажам дека го зажалив, иако вратите на перцепцијата во смисла на Алдоус Хаксли, не беа прочистени, односно отворени, затоа што до ден-денес немам пробано халуциногени дроги, а тој се обраќа од позиција на човек кој консумирал мескалин кој помогнал со перспективата и отворени, односно прочистени врати. Дали јас, или моите современици во слична ситуација, би можеле да претпоставиме со сигурност дека имале слични искуства, е прашање за кое можеби статистиките само половично можат да ни посочат – оние кои се заведени во легалниот лавиринт, побарале медицински услуги како резултат на хронично или рекреативно користење дрога, но е секако прашање кое е дел од поширока, ако не и филозофска дебата. Дали луѓето се така составени, да бараат оддишка во супстанци надвор од нас, кои би го одземале притисокот од психолошкиот експрес лонец, и оневозможат и олеснат експлозија која е неминовна, во рецепт на животот кој знае да нè чукне по тилот, плукне во лице, нагази на плускавец, или сосема да нè онеспособи со удар во градите. Оддишка во форма на десетминутна пауза на кафе (кое почнално да се користи во Етиопија како би се задржал фокусот во исцрпни религиски ритуали, но и ловечки походи, откако забележале сточарите дека козите не спиеле навечер откако јаделе од бобинките – барем таква е легендата, за потоа да се прошири во Арапскиот Полуостров) и цигара или три (тутунот е култивиран уште 6 000 г. пр. н. е. од домородните Американци, во 1 в. пр. н. е. е користен како билка користена во религиозни обреди, а од 15 век колонизаторите ја вратиле во Европа, од кога и се популаризира, на начин кој го знаеме денес). Kафе и цигара, алкохол, во нашата култура се толку интимно вплетени во секој аспект што не предизвикуваат ниту реакција ниту инвоцираат посебно внимание при нивниот помен, супстанци со благи психотропни ефекти, но во исламските култури – строго забранети. Исто како што бил забранет за време на прохибицијата, а и строго казнувана неговата консумација (освен за луѓе во одминати години) во Америка пред доаѓањето на колонизаторите. Цигарите споро, но сигурно напредуваат до статус на целосно стигматизирање во Северна Америка, но и Западна Европа. Самите овие забелешки укажуваат на тоа дека не е прашање на специфична енкултурација и социодизајн, кој има мрачен конспиративен тон, каде што некој човек или група луѓе немале среќа или разум или воспитување и морален компас, туку дека овие искуства се универзални. Она што е специфично е, ритуалите кои речиси спонтано се развиле додека се приспособувале на локалното социјално, па и духовно тло, кои не биле, пак, од своја страна, изолирани од глобалното искуство и култура. Како се одвива навигацијата легална, медицинска, од аспект на намалување на штети – е динамичен процес и процес кој никогаш нема да биде конечен, но можеме да се надеваме дека ќе биде усовршен колку е тоа можно, како човековата природа и однесување ни станува поблиско. Овој поход, на ниедно поле никогаш не бил напуштен, од ниту еден аспект на човековите активности. ЕНТЕОГЕНИ: „en“ [внатре, во], „theo“ [Бог] и „gen“ [создава, креира] – неологизам кој либерално ги олабавува стегите што може само еден термин да ги внесе во поимањето на цели контексти и принципи; алтернатива на „религиозна употреба на психотропни, психоделични суптанци кои со тоа што ќе ги воведат свештениците (шаманите, магионичарите (во окултен смисол)), оние кои се иницираат во таа улога, или пак: болните на кои им треба интервенција, да се извадат од состојба на болест, а во магиското мислење тоа би била состојба на опседнатост од духови, на заразеност од демони на пат на здравје, од ред во хаос, во овоземност, во чистота. Магиското мислење сè уште не е религиско. Тоа не му претходи, ниту му е супериорно во цивилизациска смисла. Религијата не е еволуција на магијата. Всушност, магиското мислење по своите методи и логика има сличности со научното мислење, логика на контролирање на исходот, преку строго пропишани рецепти. Во деведесеттите, кои за мене беа декада кога животот и светот се отвори на поозбилно и пошироко ниво, и го продолжив школувањето на книжевност, како контраст во однос на конзервативноста што ја сретнував во школувањето до тогаш, почнавме (или за мене продолживме) да ги третираме овие теми на академско ниво. Тоа беше епоха на почеток на транзицијата, која никако не заврши, смена на системи, вредности, на сите можни полиња, а во еден момент најбуквално и егзистенцијален: пролетта кога авионите на НАТО надлетуваа, го пробиваа звучниот ѕид, полиците на супермаркетите беа испразнети во исчекување на неминовната војна, море од бегалци ја преминаа северната граница, Албанците во кампови и по домовите на роднините, а Србите, веројатно, исто така по домовите на роднини и познаници. Скопје го поплавија странски новински куќи, алкохол, таблети за смирување, тие доминираа и имаше атмосфера на „заминување со тресок“. Она што го слушнав на вежбите и часовите тогаш беше дека овој тип на периоди и простори, лиминални, гранични, лабилни, се плодно тло на тоа магиско делување и мислење. Бајачки, ТВ-тарот – експерти, астролози со сертификати беа новина, но згрозеноста на научниците и академиците беше насочена повеќе кон свртувањето кон религијата, кон конзервативизмот, регресија и деволуција барем еден век поназад, наместо да грабаме час поскоро за да го надоместиме она што го изгубивме во таа деценија, и заглавивме во затворот на Европа, или како што уште попрецизно знаеше да се каже резигнирано „Балканот стана европската зоолошка“. Таа дијагноза, дека лиминалноста ќе нè однесе во состојба на хаос наместо ред, со самиот факт што тоа мислење го воведовме во свеста на голема врата, беше погрешно лоцирана. Две децении подоцна сè уште транзитираме. Супкултурата, или културата, која беше надвор од ѕидините на академските уметници, беше повторно: јазик на револуција, јазик на клоцање и борба, против пропаѓање и заборавање на цела една генерација, и повторно: тој страв излезе оправдан. Патувањата, вклучувањето во културата на Европа, кои иако беа тешки да се изведат, со визи, и малку пари, и учествувањето во културниот живот таму – ние прифатени веројатно како егзотични животни, но и носењето на музичари, уметници, држењето на секое ќоше на културата, значеше одржување на сè послабиот пулс во живот. Некои одеа на транс-фестивали, во Турција, во Грција, Унгарија – каде што рекреативната употреба на психоделици се подразбираше. Некои на рок-фестивалите во Србија, Унгарија, некои што имаа можност и во Британија, некои на аџилак во Гоа. Но, да се вратам на магиското мислење кое се обидов да го посочам како живо и здраво, до ден-денес, но не како застарено, комично, примитивно, нецивилизирано мислење. Односот на психоактивните супстанци со класичните елементи на тој систем, начинот на кој универзално – која и култура да ја изберам како пример, ќе ги содржи (магионичар, свештеник, кој со точно одредени критериуми, вклучувајќи и консумирајќи психоактивни суптстанци како би стапил во контакт со натприродниот свет, во својата иницијација, а и последователно, кога ги користи како средство за лечење, одредено место, одредено време, каде што има способност и исклучителна контрола врз својата душа, душата на предците, на демоните – нијансите зависат од култура до култура), сега, и овде е одвоена. Психоактивните супстанци, без разлика дали се халуциногени, стимуланси (ритуално земање, на пример, тутун или кафе) или имаат депресивно својство на централниот нервен систем (користат како анастетици) – се секуларизирани. И со тоа го добиваат статусот на рекреативни дроги. Дали ова разведување е резултат на силниот фат на религијата, посебно монотеистичките кои во нејзините најортодоксни и радикални форми е лишена од оваа форма на човековото однесување, освен виното во христијанството или тутунот, кафето, црниот чај во сите останати…, веројатно, и како обид да се искорени паганството, па како резултат се пресликало во правно-легалниот систем и потоа конечно ова однесување е сосема идентично на „ловот на вештерки“ каде таа култура бега во илегала и во подземјето. Дали е тоа резултат, што од друга страна, консумирање на психоактивни супстанци е патологизирано, од страна на медицината, слично како и со правно- -легалниот статус, можеби не сосема без основа, не би можела да кажам, но можеме да лоцираме, дека ситуацијата како што ја знаеме сега, го има заодено овој пат, во периодот на прохибицијата. Да го земеме овој опис како пример „…пејотл, мал кактус, кој е домороден на Северно Мексико, и кој предизвикува шарени халуцинации“. Оние кои го јадат имаат застрашувачки или комични визии, и неговото пијанство трае два до три дена пред да ги спушти. Оваа билка е користена како храна од Чичимеците; ги одржува и им дава храброст да не се плашат ниту од битки, ниту од глад или жед; кажуваат дека ги чува од каква било опасност. Други билки чии ефекти, сè уште не се проучени, се чини дека се користеле како наркотици; помеѓу нив биле вегетативните делови на тлапатл, едно од соланацае, и семки од микситл. Но, оние кои најчесто биле спомнувани во литературата биле фунги, „свети печурки“ кои биле сервирани на гостите на почетокот на банкетот. „Првата работа што била консумирана на оваа слава беше мала црна печурка, која ги опијануваше мажите, и им даваше визии; исто така, им даваше склоност кон похотност. Тие го јадеа пред изгрејсонце… со мед; и кога почнуваа да се чувствуваат топли во образите, почнуваа да танцуваат. Некои пееја, некои липаа, толку беа омамени, а причината беа овие фунги; ги имаше и оние кои не пееја, седеа тивко, размислувајќи. Некои се гледаа како умираат и плачеа; некои се гледаа како се распарчени од диви ѕверови; или како се збогатуваат, и се гледаа како се господари на бројни робови… Кога опиеноста предизвикана од овие печурки ќе одумреше, тие зборуваа помеѓу себе за визиите кои ги имале.“ Овој опис не звучи драстично различен, ако и има некаква различност од искуства кои би можеле да се одвиваат денес и овде. Разликата е следна: таму консумирањето на тутун било задржано за свештениците и во медицината, а консумацијата на алкохолот строго и брутално казнувана! Може да се забележи дека колонизаторите го забележале тој поредок, и организирано и смислено ги „поплавиле“ со алкохол со разорни последици. Ова е показател за улогата на регулацијата на психоактивни супстанци, која рака во рака со природата на човековата психа и синдромот на „забранетото оружје“ може да има последици кои ни се познати. Во општествата каде што монотеистичките религии, дури и во секуларно уредување, се водечки, ритуалите на кафе, цигари, а и алкохол не се во сферата на другоста, консументите не се „странци“, не се спектакл, дури ниту кога преоѓаат во сферата на зависноста, односно патологијата. Нечистотијата е задржана, последниов век, морална и физичка, на оние кои се од другата страна на законот, и со тоа уште еднаш покажува колку политиките во сите форми се битни и во која мерка (и личното е политичко! Телото на жената е поле на борба, овде поочигледно и поотворено во светло на политичката клима на Западот во моментов само зашто таа борба е придвижена). Можеби првата лекција, која ќе треба некако да се пренесе на нашите сограѓани, е: потребата на човековиот род за трансцедентални искуства е вродена. Таа во овој момент е секуларизирана и демократизирана, но во зората на човештвото била поврзана со религиозниот живот и духовните искуства. Исто толку стара е и вештината и познавањето на луѓето за ботаниката и етномедицината. Познавањето на билките, и нивните својства, на еден обичен жител на Амазонот, забележале мисионерите и колонизаторите – е еднаква на специјализирана ботаничка енциклопедија. Опиумот се спомнува уште во Одисејата: Хелена го зачинила виното на уморните и ранети војници, и со тоа ги окрепила. Тоа го позиционира во 10 в. пр. н. е. Оралното знаење дека се користел за смирување на плачот на бебињата е забележан уште во древниот Сумер. Морална конзервативност и рекреативна употреба на дроги Приближувајќи се кон крајот на оваа деценија, ситуацијата околу марихуаната е помалку збунувачка. Во 2017 година, Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции се чинеше дека беше донесен нагло и речиси без најава – обично контроверзни промени се очекуваат кога анонимно се пушта пробен балон или „мистериозен“ пропаганден материјал е пуштен и залепен по јавните површини како припрема, којашто овој пат изостана) – бидејќи статистиките беа: 25 % од тинејџерите пробале канабис, бројка која може слободно да навести дека расте во погорните старосни групи. Ќе споменам дека е кофигуриран од една страна да биде декриминализиран доколку е произведуван во медицинска употреба, а од друга, да се подразбира дека таа операција не може да биде поверена на просечен земјоделец, туку е скапа каде што дури и оние најмалку склоните да се налепуваат кон конспирациски теории, се насетува (односно сега, во 2019 веќе се знае) дека ако не државата, „државниците“ ќе ги држат уздите. Пропагандниот програм, кој за многумина беше здраворазумско размислување, беше ретрограден. Во голем дел, менталитетот, колку и да каска, со толку великодушна и сесрдна поткрепа од „државата“ неизбежно следи, и се рефлектира. Стигмата се чини дека е подигната – но, не сосема, од една страна глобално западната цивилизација оди кон декриминализација и легализација, а како стојат работите со ЦБД-маслото и најави од Малборо, излегување од сива и црна економија и во комерцијализација: таа е на пат да го заземе местото на тутунот. Од една страна, имаме вести како: „А фирмите коишто произведуваат медицински канабис, покрај тоа што помагаат на тешко болни лица, вработуваат и 300 граѓани низ целата држава, бројка која само ќе се зголемува. Ја повикувам да погледне во смиреноста и спокојството кај само едно детенце кое се бори со епилепсија кога го прима лекот од масло од канабис. Да не зборувам за помошта кои овие лекарства ја даваат при справување со другите болести. Се прашувам, што имаат Силјановска и Мицкоски против новите 26 илјади работни места во нашата земја, што имаат против инвестициите, против развојот на земјоделството и против растот на БДП? И конечно, што имаат против здравјето и против употребата на канабисот во медицински цели?“ (фејсбук–статус на Заев) А од друга: „На 15.09.2019 во 03:30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б. М. (22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.“ и :„Активистката Моника Ристовска е осудена на една година затвор, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 10 мај оваа година на улица во Куманово, беше приведена Моника Ристевска, по што е извршен претрес во нејзиното престојувалиште во Куманово и се пронајдени 14,46 грама канабис“. Налетувам на луѓе кои отворено палат џоинт на клупа во Центар, млади, но веќе возрасни луѓе кои сведочат дека консумирањето на канабис не е некакво табу, што се однесува до нивната фамилија, но сепак, коментари по социјални мрежи кои не се малкубројни, запрепастуваат во жестината со моралната осуда без разлика дали станува збор за масло од канабис или т.н. тешки дроги, кои се најозлогласени, дури и меѓу корисниците, и кои подлежат на стигматизација, и интернализирана омраза и презир зошто подлегнуваат кон такво однесување, па потоа како начин да ги стишаат тие гласови, на самолекување и повторно ги користат. И тука во оваа морална и легална конфузија, некаде опстојуваат рекреативните корисници, кои себе никогаш не би се ставиле во таа категорија, па затоа е тешко да се „пребројат“, барем не во овој момент, кога како изгледа има културолошко и генерациско поместување. Дали очекував дека доколку прочачкам ќе најдам: рејверите прават МДМА и ЛСД, електрашите спид, рокерите хорс, народњаците алкохол… Едноставно овие категории се застарени и можеби истражување далеку посериозно од моето ќе потврди дека општеството е мапирано по други, апдејтирани категории. Со зборови како „апдејтирани“. Дојавите од надвор се дека милениумците (кои се синоним за „младината“, но всушност се генерацијата родена помеѓу 1980 и 2000) се ужаснувачки питоми. Не се заинтересирани за секс, и озлогласени се по апстиненцијата на сè, единственото овердозирање е од серии на Нетфликс, неколку сезони од вечер на екс. Но, Ген-Екс, е веќе друга приказна. Колку тоа е пресликано локално? Веројатно до некоја мера. Интересно е што, слично на консумирањето на алкохол до крајот на 70-те, сега рекреативното консумирање на супстанци се однесува на „бело“ или кокаин, трава и алкохол. И тоа нема дискриминација или дистинкција, во која журка, промоција, галерија, свадба ќе залутате. Ова е впечатокот кој го добив од неформални разговори, во рок од неколку недели, и кое се поклопува со веста, која беше невообичаена, на вестите од овој тип: „Во акцијата на полицијата во која беа уапсени четворица дилери на дрога, од слобода се лишени уште 12-мина кои купувале кокаин, а кои, како што велат од МВР, биле менаџери на кафе барови, ноќни клубови и ресторани, потоа адвокати, директори, банкари и вработени во јавна администрација“. Реакцијата веројатно е во некоја мера на злорадост, посебно на понижените и стигматизираните толку долго време, на толку крвнички начин – протестите за преместувањето на центрите за лечење на зависници, некаде на маргините на градовите, и маргините на погледите, каде што сите што се „неподобни“ треба да бидат изолирани и острaтизирани, од погледите на децата, мајките (кога знаеме дека и деца и мајки имаат потреба од медицинска помош!), на начин на којшто беа дочекани деца со посебни потреби во групен дом, во обид да се стави крај на институционализираност, слично на тоа како се справуваат редовно со кучињата скитници. Но, ова е само најава дека медицинската заедница, па и на намалување на штети, ќе има на своите раце зависници кои не се само зависни од алкохол и опијати, што значи дека конечно ќе треба да се работи на модел на лекување кој нема да биде компатибилен со одредена фармаколошка формула, но тоа не е темата сега. Она што морам да го споменам кога веќе имам шанса е: дека елементот на едукација е клучот и клучен. Тоа е нешто што го имавме во 90-те, кога имавме пристап на интернет околу 1 час месечно, и тоа интернет кој беше прилично оскуден, сепак ја имавме Маргина, и неколку активисти и пионери во оваа област, кои допираа и до нас, тинејџерите, преку сите можни гласила до кои можеа да дојдат, уште кога бевме наивни и невини на тема на кои било дроги, освен пиво: иако ни оддалеку не комплетна претстава, но сепак некаква, во што се впуштаме. Се плашам да помислам дека, сепак била покомплетна од онаа што ја има денес еден тинејџер во истата ситуација. Извор: hops.org.mk Претходна Следна

  • Лизо :„ Се откажувам!“

    Што се крие зад наводното заминување од музиката? сите вести Лизо :„ Се откажувам!“ Што се крие зад наводното заминување од музиката? 1 апр. 2024 г. Деновиве социјалните мрежи и медиумите брујат со изјавата на познатата пејачка и моден претприемач Лизо, која на својот Инстаграм профил објави дека се повлекува од музичката индустрија. "I QUIT" или "Давам отказ!", напиша таа, отворајќи брана на коментари и реакции од нејзините следбеници и колеги од индустријата. Во изјавата/инстаграм постот Лизо открива дека позади блескавата фасада на успехот се крие незадоволство од начинот на кој јавноста и интернетот реагираат на нејзе: и како музичар но и личност. "Се уморив да се справувам со тоа што сите ме прават лом и во мојот живот и на интернетот," пишува таа. "Сè што сакам е да правам музика и да ги правам луѓето среќни и да помогнам светот да биде малку подобар од тоа како го најдов. Но почнувам да се чувствувам како да светот не ме сака мене во него." Таа продолжува да говори за потсмевот и критиките кон нејзиниот изглед, појава и карактер, истакнувајќи ги лагите што се шират за неа на интернет заради популарност и гледаност. Постот завршува со нејзината категорична изјава за повлекување. Иако нејзините претставници не беа веднаш достапни за коментар, поддршка во коментарите на нејзиниот пост не изостана. Великани од светот на музиката и шоу-бизнисот како Квин Латифа, Ерик Андре и модниот илустратор и дизајнер Хејден Вилијамс, исто така и актерката Софија Буш, ја поткрепија со пораки како "Интернетот не е вистински живот. Чувај се. Те сакаме." Лизо, чие вистинско име е Мелиса Џеферсон, стана позната со хитови како "Truth Hurts" и "About Damn Time", и нејзините песни и имиџ секогаш биле во знакот на самодоверба и позитивноста кон сопственото тело. Таа исто така е основач на марката за обликувално долно рубље Yitty, наменета за сите типови на тела. Сепак, нејзините обиди да ги промовира овие идеали честопати беа предмет на потсмев. Во 2023 година, ја направи нејзината Твитер-сметка приватна по повеќе наврати, поради коментари што го напаѓаа нејзиниот изглед. Нејзината изјава од петокот контрастира со објава од 17 март, кога на Инстаграм напиша дека "пишува некои од најдобрите музички дела и се радува што луѓето ќе можат да ги слушнат". И покрај проблемите со кои се соочува, Лизо е неверојатно успешна. Таа освои четири Греми награди и Еми за нејзината риалити серија "Lizzo’s Watch Out for the Big Grrrls". Во 2023, нејзината музика беше претставена во блокбастер филмот "Barbie", и беше промовирана нова линија на костими за капење под нејзиниот моден бренд. Оваа изјава доаѓа во средина на неколку тужби поднесени против Лизо од страна на дизајнер и одделно, тројца од нејзините поранешни танчери кои ја обвинија пејачката за создавање на непријателска работна средина за време на турнејата во 2023 година. Лизо континуирано ги отфрла обвинувањата. Во декември 2023 година, таа поднесе барање за отфрлање на тужбата на дизајнерот. Минатиот месец, судија го отфрли нејзиното барање за отфрлање на тужбата поднесена од нејзините танчери. Судијата ги отфрли некои од тврдењата но дозволи случајот да оди на судење. Независно од сè, Лизо остава отворена магијата на непредвидливоста на шоу-бизнисот. Дали навистина ќе се повлече или е ова уште еден обид да се скрене вниманието кон проблемите што ги носат славата и вниманието - останува да видиме. Што и да се случи, не можеме да заборавиме на енергијата и позитивноста што таа ја внесе во музиката и животите на многумина. Пред После

  • Добредојдовте, ова е Дива...Дива Мисла, Добредојдовте, ова е Дива...Дива Мисла

    После 15-тина години откако се откажав од тастатурата како да е лоша навика - ете ме пак! < Назад Добредојдовте, ова е Дива...Дива Мисла После 15-тина години откако се откажав од тастатурата како да е лоша навика - ете ме пак! Рилке во „Совети за младиот поет„ му одговара на младиот војник кој сака да биде поет на прашањето: Како да знам дека таа вокација е за мене? - со следното: Доколку пишувањето е нешто без кое апсолутно не можеш, тогаш пишувањето е за тебе. Секогаш ме интересираше: Како да знам дека не можам да живеам без пишување? Како се проверува тоа? Ми се чинеше дека е само софизам, поетска пируета која не дава конкретна инструкција која ми требаше очајно. Дали можеби ќе се засрамам, ќе се избламирам, дали си го трошам времето залудно, а достоинството го ставам на коцка?! Ми требаше математички прецизна формула. Но, несакајќи го најдов најнесреќниот начин да го опробам прашањето па и одговорот: да не пишувам. Кога во овие 15 години не можев да најдам занимање кое ни приближно не доаѓаше до пишувањето и сè што подразбира тоа - го имав својот одговор. Претходна Следна

  • Blog/Categories

    независна релевантна култура Hats Click here to edit the text and include the information you would like to feature. View More

  • Карди Би и Офсет не се повеќе заедно...повторно

    Гето бајката заврши. сите вести Карди Би и Офсет не се повеќе заедно...повторно Гето бајката заврши. 12 дек. 2023 г. Според Карди Б , таа е сингл. Рано наутро во понеделникот (11 декември), Карди отиде на Инстаграм во живо за да им каже на фановите дека таа и Офсет повеќе не се заедно откако на социјалните мрежи се појавија гласини за нивното раскинување минатата недела. „Веќе сум сингл цела минута, ама ми беше страв да - не страв - едноставно не знаев како да му кажам на светот“, рече таа во клипот. „Но, чувствувам дека денешниот ден е знак. Последен пат кога бев на лајв, сакав да ви кажам но не знаев како да ви кажам, па се предомислив. Но, вака е веќе цела минута. Јас само го сфатив тоа како знак“. „Сакам да ја започнам 2024 година, свежо, отворено“, додаде таа. „Не знам. Љубопитна сум за нов живот, за нов почеток. И да, возбудена сум“. Знакот на кој Карди мислеше беше тврдењето на Блуфејс во сега избришаниот твит дека неговата поранешна девојка и мајка на неговиот син, Кришон, била интимна со Офсет. Подоцна навлезе во детали, тврдејќи дека Кришон се поврзала со раперот од Мигос во домот на Офсет и Карди во Л.А. во ноември. Кришон се чини дека ги негираше обвинувањата на Х, делумно одговарајќи дека Блуфејс „измислува срања“. Кришон Рок има цела низа драми со раперот Блуфејс Офсет, исто така, ги отфрли овие тврдењана Х со свој твит. „Никогаш не сум зборувал или допрел таа госпоѓа“, рече тој во својот демант. „Стварно човек, ти треба помош! Минатата недела, Карди Б и Офсет се отследија еден со друг на Инстаграм, што ги подгреа шпекулациите за можно раскинување. Таа, исто така, сподели криптични објав „Знаеш кога ќе надраснеш некоја врска“, гласеше првото, а потоа, „Уморна сум за да ги штитам чувствата на луѓето… МОРАМ СЕБЕ ДА СЕ СТАВАМ НА ПРВО МЕСТО! Во 2020 година, Карди поднесе барање за развод, но неколку месеци подоцна, таа го откажа. Две години пред тоа, Офсет беше во центарот на скандал со изневерување, што го натера да достави јавно извинување до Карди. Во интервју за Call Me Daddy поткастот во октомври, Офсет зборуваше за тоа како двајцата работеле пријателски за повторно да ја воспостават довербата во нивната врска. „И двајцата сме јавни личности, двајцата сме во жижата на јавноста. Престани да бидеш себичен“, рече тој. „Ти си во брак со оваа жена, биди посветен на оваа жена. И исто така, исто како да се биде покомуникативен за срања. Као, само разговараме повеќе.. Разговараме и комуникацијата е клучна. Кога не се комуницира ги заебува срањата.” Пред После

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page