Резултати од пребарување
1180 results found with an empty search
- Последната песна на Битлси ,,Now and Then“ и краток документарец - погледнете ги!
,,Now and Then“, неодамна завршената снимка од доцните 1970-ти, која е наречена „последната песна“ од Битлси, беше објавена на 2 ноември, повеќе од половина век по распадот на групата, благодарение на напредокот во аудио технологијата - објавија во четвртокот останатите членови на бендот. Песната - заедно со две други песни, „Free as a Bird“ и „Real Love“, кои беа објавени во средината на 1990-тите - првично беше снимена од Џон Ленон како демо со пијано и вокал во неговиот дом во зградата Дакота на Менхетен. не многу долго пред да биде убиен во 1980 година. Откако ги добија тие снимки од вдовицата на Ленон, Јоко Оно, во 1994 година, Пол Макартни, Џорџ Харисон и Ринго Стар работеа на песните, но открија дека домашната снимка на „Сега и тогаш“ не може соодветно да се измикса со алатките од тоа време. . Минатата година, според најавата, Мекартни и Стар работеле на комплетирање на песната, користејќи ја истата аудио технологија - WingNut Films' MAL - што режисерот Питер Џексон ја користел за да ги изолира инструментите, вокалите и вревата од разговорите во позадината за неговиот документарен серијал од 2021 година „The Beatles: Get Back.”“. „ И ете го, гласот на Џон, кристално чист“, рече Макартни за „Now and Then“ во изјавата во четвртокот. „Тоа е доста емотивно. И сите свириме на нејзе, тоа е вистинска Битлси песна. Во 2023 година сè уште да се работи на музика на Битлси и да се објави нова песна што јавноста не ја слушнала, мислам дека тоа е возбудливо“. Стар додаде: „Тоа беше најблиску што некогаш ќе дојдеме да го вратиме назад во просторијата, така што беше многу емотивно за сите нас. Беше како Џон да беше таму, знаеш. Откачено е“. Макартни претходно предизвика збунетост и вознемиреност меѓу феновите кои се пуристи на Битлси на почетокот на оваа година кога рече дека тие користеле „В.И“. технологија да ја завршат последната песна на Ленон. „Можевме да го земеме гласот на Џон и да го добиеме чист преку оваа вештачка интелигенција работа, за потоа да ја измиксаме, како што вообичаено би правеле“, рече тој тогаш. Но, наместо какви било вештачки создадени звуци наменети за репродукција на гласот или свирењето на Ленон, официјалното соопштение јасно кажува дека технологијата била користена за да се зачува „јасноста и интегритетот на неговата оригинална вокална изведба со тоа што ја одвојува од пијаното“. Истата технологија беше користена и минатата година со повторното издавање на албумот „Револвер“ од 1966 година, кој вклучуваше нов микс добиен директно од мастер снимките со четири песни. ,,Now and Then“ на кој му претходи 12-минутен документарен филм еден ден пред објавувањето и музичко видео еден ден потоа, вклучува „електрична и акустична гитара снимени во 1995 година од Џорџ, новиот дел од тапаните на Ринго и бас, гитара и пијано од Пол, што одговара на оригиналното свирење на Џон“, се вели во соопштението. Макартни исто така додаде и слајд гитарско соло инспирирано од Харисон, како и придружни вокали со Стар во хорот. Траката ќе содржи и гудачки аранжман на Џајлс Мартин, син на поранешниот продуцент на Битлси Џорџ Мартин, кој почина во 2016 година, заедно со Макартни и композиторот Бен Фостер, плус придружни вокали од три други песни на Битлси - „Here, There and Everywhere“, „Eleanor Rigby“ и „Because“ - како поврзување со албумот „Love.“. Издавањето на „Now and Then“ ќе биде поврзано со деби-синглот на Битлси од 1962 година „Love Me Do“ како двоен сингл од А-страна со оригинална обвивка на уметникот Ед Руша. Песната ќе биде вклучена и во проширеното реиздание на колекциите на најголемите хитови на Битлси, „1962-1966“ (познато како „The BlueAlbum”“) и „1967-1970“ („The Red Album”“), што треба да излезе на 10-ти ноември
- Местенка
Вратете се. Вратете се. Вратете се! Таа улица - не е објаснето зошто - носи мошне наивно име: „Има уште време", но зад таа наивност се крие опасна местенка. Таму не се оди. Таму нејасната мрша во распаѓање, фрлена во правта, ги привлекува малите девојчиња да истрчаат од дворовите на детството за да плукнат врз неа, за потоа да се обидат да се вратат - но таму каде што имало зелена порта со мала китка суви цвеќиња и 'рѓосана рака-чукало, сега ги пречекува висока врата од судска палата со вратар кој секогаш гледа некаде лево, и кој се преправа дека не ги слуша молбите што треба да го умилостиват. Не помага ни да му се покажат фотографии на умрените роднини, ни потврда за платениот данок, ни старо љубовно писмо со измислена адреса. Вратете се. Вратете се. Вратете се додека уште има време! Таму не се оди. Влада Урошевиќ; Барокна подморница. Повеќе од приказните на Окно.
- Задушница и Халовин се по ист урнек - објаснува археологот Василка Димитровска
Она што го празнуваме како „Задушница“, во една од неговите визуелизации е и популарниот празник Halloween. 🎃
- Аниме Хорор - „Беладона на тагата“
Беладона на тагата (1973) Пред педесет години, мрачниот фантастичен еп на режисерот Еичи Јамамото ја шокираше и збуни публиката која вообичаено бара подиректно анимирано искуство. Наместо тоа, тие добија уметнички филм за возрасни за бруталното силување, демонската одмазда и последователниот пад на една жена оцрнета како вештерка во средновековна Франција. Беладона на тагата е нешто како аниме култна класика и висцерален, честопати непријатен пример на феминистичка кинематографија од вториот бран. Визуелно, не личи на телевизиското аниме од ерата - повеќе е како вкрстување помеѓу сликите на Климт и фантазмагоричната хипи уметност од 60-тите отколку порано режираните дела на Јамамото Astro Boy и Кимба Белиот лав. Филмот делува малку застарен денес, но ужасите против кои се залага неговата централна „вештерка“ Џен - репресивни општества, мизогинија, сексуално насилство - остануваат.
- Страшни поткасти за Халовин расположение: три хорор поткаст класици!
Постои една стара поговорка за хорор филмовите, која е често припишувана на Алфред Хичкок: она што нема да го видиш често е пострашно од виденото. Ова ги прави аудио-драмите одлични возила за хорор жанрот, затоа што отсуството на на визуелното раскажување на приказни, ги присилува слушателите да ги пополнат празнините со соптсвената фантазија. Што и да смисли умот, направено по мерка за неврози и стравови може да биде многу пострашно од било кој опиплив дух или чудовшите. Поткастиве го земаат тоа во своја корист на различни начини, и ни носат вознемирувачки вистински приказни на секојдневен хорор, живи прераскажувања на страшни филмови, за оние кои се премногу исплашени да го гледаат филмот и величествено морничави драми за натприродното. ‘Alice Isn’t Dead’(,,Алис не е мртва") Колку и да е отворениот автопат симбол на слобода во американската фикција, исто така претставува опасност, особено доколку си жена која патува сама. Тој вид на опасност лежи во основата на секој момент од воодушевувачката, вознемирувачка серија на Џозеф Финк, која следи една жена возач на камион која вози низ целата земја во потрага на вистината за наводната смрт на нејзината сопруга. Финк, најдобро познат на обожавателите на поткастите како ко-креатор на „Welcome to Night Vale“, бил инспириран да ја напише „Alice Isn’t Dead” откако поминувал многу часови сам на пат за време на турнеја, а тој и главната гласовна актерка Џасика Никол, вешто го доловуваат го тоа психолошко искуство, полуоформените погледи на градовите низ кои минуваш и чудните тек на свеста мисли што се појавуваат после премногу време поминато во самотија. Составен од аудио дневниците и драматичните сцени сместени на рестораните покрај патиштата и постојки за одмор, „Alice Isn’t Dead“ е - како и многу од најдобрите хорор приказни - повеќе се однесува за тагата отколку за стравот, истражувајќи го чувството на неразбирлива загуба преку натприродното. Почетни епизоди:„ Omelet” ‘Too Scary, Didn’t Watch’ (,,Многу страшно, не го гледав") Дали некогаш сте прочитале Википедија страница за хорор филм за кој што сте се заинтересирале, но сте биле престравени да ја гледате? Не сте сами! Овој метод за консумирање хорор отстранет за еден степен е вообичаен и тој е основата на овој забавен и навлекувачки поткаст со огледи. Семи Смарт е хорор љубителка која гледа филмови за нејзините плашливи ко-водителки Емили Гонзалес и Хенли Кокс не мораат. Над 200 епизоди триото покрија модерни класици како „Get Out” („Излези“) на Џордан Пил и „Hereditary,” (Наследно) на Ари Астер, секогаш присутното “The Shining” („Сјаење“) и толку лоши што се добри бисерите, како збунувачкиот римејк од 2006-та „The Wicker Man” со Николас Кејџ. Како многу поткасти од овој ков хемијата помеѓу трите водителки е тоа што го прави „The Wicker Man”толку привлечен - Гонзалес, Кокс, и Смарт брзо стануваат ваши парасоцијални најдобри другарки кои се кријат позади перничињата на каучот со тебе. Стартер епизода: “Midsommar Revisited” ‘The NoSleep Podcast’ (НемаСпиење поткасот) НемаСпиење долго беше еден од најголемите Редит форуми кој себеси се сметаше како местото на кое се разменуваат „страшни лични искуства.“ Тоа е потсмешлив опис, секако, затоа што споделените приказни се фиктивни, но нагласувањето е автентично, хорор наративи во прво лице е што ја прави заедницата толку забавна, предизвикувајќи атмосфера на деца гладни да бидат исплашени собрани околу логорски оган, натпреварувајќи се во меѓусебното плашење. Овој спиноф подкаст ја рекреира таа магија во формат на антологиски серии, препакувајќи ги најпопуларните приказни испратени од корисниците како раскажани аудио драми, комплетирани со морничави музички ефекти и звучни пејзажи. Сега во својата 19-та сезона, серијата има каталог на застрашувачки приказни на кој му нема крај, и иако веќе не ги преземаат сите приказни од форумот, висококвалитетните морници се конзистентни. Почетна епизода: The Stairs and the Doorway” „Скалите и вратата“
- Френсис Бин Кобејн се омажи по втор пат!
Френсис Бин Кобејн ( Frances Bean Cobain) наводно се омажила за Рајли Хок (Riley Hawk) на почетокот во октомври. Кобејн – ќерката на фронтменот на Nirvana Курт Кобејн (Kurt Cobain) и Кортни Лав (Courtney Love), на чело на Hole– и Хок – син на легендата на скејтбордингот Тони Хок ( Tony Hawk )– наводно аплицирале за дозвола за брак минатиот месец во округот Сан Диего. Иако многу малку се знае за церемонијата, документите за брак ги добилеТМЗ, тие открија дека церемонијата, наводно, се одржала на 7 октомври и со неа раководел R.E.M. фронтмен и кум на Кобејн, Мајкл Стајп (Michael Stipe). Ова е вториот брак на Френсис Кобејн. Таа во 2014 година се омажи за Исаја Силва (Isaiah Silva) од The Eeries. Двајцата се разведоа во 2016 година, само две години откако се венчаа. Кобејн наведе непомирливи разлики и изјави дека Силва не треба да има право на никакви пари од имотот на нејзиниот татко, кој беше проценет на 450 милиони долари. Силва и Кобејн, исто така, завршија со незгодна јавна и правна караница околу сопственоста на иконичната акустична гитара на нејзиниот татко која ја знаеме од настапот на Nirvana на MTV Unplugged. Силва на крајот ја доби сопственоста на познатата гитара. Како и да е, Хок и Кобејн се во врска од 2021 година. „Сакав да споделам неколку моменти кои беа снимени/создадени изминатава година кои ми донесоа голема радост. Еве да се надеваме дека 2022 година на сите ќе им биде исполнета со автентични врски, многу топлина и длабоки откритија за себе, среќна нова година“, стои во описот на нејзината објава. Инаку, од Nirvana излегува делукс 30-годишно реиздание на „In Utero“ на 27 октомври. Содржи три изданија кои сочинуваат вкупно 72 песни со 53 претходно необјавени песни во живо од некои од последните концерти во живо од Кобејн, Новоселиќ, Дејв Грол и гитаристот Пет Смир.
- Џада Пинкет-Смит е на Њујорк тајмс бестселер листата!
Уште едно име се придружува на листата на најпопуларните автори, а тоа е Џада Пинкет-Смит. Нејзиниот нов мемоар, насловен "Worthy" (Вредна), дебитираше на Њујорк Тајмс бестселер листата оваа недела, заземајќи го четвртото место на листата за не-фикција. Во пост на Инстаграм, Џада ја сподели својата среќа и благодарност кон нејзината публика. "Ви благодарам на семејството RTT, на „Вредна“ војниците и на сите кои сакаа да дознаат за мене отаде насловите," напиша таа. Во истата објава, нејзиниот сопруг(веројатно?), Вил Смит, исто така и́ честиташе речиси со еуфорија: "'Њујорк Тајмс Бестселер Автор, Џада Пинкет Смит' ЧЕСТИТКИ, МАМА! Големи изгледи." Во нејзиниот мемоар, Џада ја опиша драматичната ситуација на прославата на Оскарите во 2022 година, кога нејзиниот сопруг, Вил Смит, физички го нападна водителот Крис Рок. Таа истакна дека не сфатила дека тоа не било дел од шегата сè додека Вил не се вратил на своето седиште. Дополнително, во мемоарите, Џада Пинкет-Смит обелодени дека таа и Вил се разделени веќе седум години, била зачудена што тој сè уште ја нарекува неговата "сопруга". Сепак, најзначаен удел на книгата беше што ја цементираше Џада како „вештерка која сите ја мразат“(Мет Волш) затоа што голем дел од јавноста, нејзиниот мемоар и коментарите за време на промоцијата ги доживеа како понижување и омаловажување на нејзиниот „напатен“ сопруг Вил Смит - сентимент кој тој не го дели. Дури беше нарекуван и „доброволна жртва“. Исто така, популарното веб-шоу "Муабети на црвената маса" (Red Table Talk), кое го водеше заедно со нејзината мајка Адриен Банфилд-Норис и ќерката Вилоу Смит, ќе се врати следната година. Според актерката и музичарка, процесот на пишување на нејзината книга ја спречил да продолжи со емисијата.
- Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young Art 2023
Скопје, 26 октомври 2023 година - Визуелната уметност има способност да го изразува и претставува светот преку форми, бои и креативни идеи. Со цел да се поттикне истражувачкиот дух и талентот на младите визуелни уметници, Агенцијата за млади и спорт објави Конкурс за изложбата Young Art 2023, со кој ги повикува сите млади уметници и групи да ги достават своите оригинални дела. Целта на овој натпревар е промоција, стимулирање и препознавање на талентот на младите македонски уметници. Одлична можност за сите уметници на возраст од 15 до 29 години да се изразат и да ја споделат својата визија низ различни уметнички дисциплини. Натпреварот се состои од две возрасни категории: од 15 до 20 години и од 21 до 29 години. Ова им овозможува на секој учесник да се натпреварува во својата возрасна група и да ја претстави својата креативна работа. Стручната комисија, составена од искусни уметници и експерти, ќе ги испита сите пристигнати апликации и ќе ги оценува делата во согласност со современите уметнички практики. Проценката ќе опфати аспекти како талент, оригиналност, мајсторство на изработка и совпаѓање на избраниот медиум со идејата и концептот на делото. Уметниците можат да се натпреваруваат во следните дисциплини: Сликање: Делото не треба да биде поголемо од 200x200 cm и прифатени се сите техники на сликање. Скулптура: Скулптури или дела изразени во просторот, без ограничувања во однос на димензиите, материјалите или техниките на производство. Графика: Делото не смее да биде поголемо од 100x70 cm и изработено со традиционални техники на печатење, без дигитални отпечатоци. Графички дизајн (постер): Креирање постер во одредени компјутерски програми како што се Illustrator или Photoshop. Фотографија: Покрај принт, фотографијата мора да се испрати и во дигитален JPG формат со одредени димензии и со наслов и краток опис. Комисијата ќе додели новчани награди од 40.000 денари за категоријата од 21 до 29 години и од 30.000 денари за категоријата од 15 до 20 години во секоја од петте дисциплини. Изложбата Young Art годинава се одржува по десетти пат и има за цел да ги поддржи и стимулира младите во продукцијата на современа уметност. Секој уметник има шанса да го претстави својот индивидуален, визуелен и креативен ракопис пред јавноста и стручното жири. Доколку сте млад уметник во Македонија, овој натпревар е одличен начин да го покажете вашиот талент и да влезете во светот на современата визуелна уметност. Подгответе ги вашите предмети и испратете ги според условите објавени на веб-страницата на Агенцијата за млади и спорт до 03.11.2023 година. Вашето уметничко дело може да биде следниот голем придонес за македонската уметничка сцена, затоа не губете време и поднесете го вашето најдобро уметничко дело. Не заборавајте да ги следите деталите за поднесување на случајот и информациите за контакт за дополнителни информации. Со нетрпение очекуваме да ја видиме вашата работа на изложбата Young Art 2023 и да го споделите вашиот талент со јавноста. Уметноста има моќ да ги инспирира и инспирира луѓето, а вашиот придонес може да биде вистинска инспирација за македонската уметност. За сите дополнителни информации и прашања, можете да се обратите на следните електронски адреси: gordana@ams.gov.mk или nasuf@ams.gov.mk, секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот или да ги посетите просториите на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади. Не пропуштајте ја шансата да го покажете вашиот уметнички потенцијал и да влезете во светот на визуелната уметност преку изложбата Конкурс за млада уметност 2023 година.
- Агенцијата за млади и спорт објавува конкурс за млади поети
Скопје, 26 октомври 2023 година - Агенцијата за млади и спорт организираше конкурс за млади поети, со цел да ги анимира, промовира и стимулира младите поети. Сите заинтересирани, на возраст од 15 до 29 години, имаат можност преку овој конкурс да ја искажат својата поетска уметничка визија и својот глас. Натпреварот се одвива во две возрасни категории: од 15 до 20 години и од 21 до 29 години. Ова им овозможува на секој од учесниците да се натпреварува во својата возрасна група. Комисијата составена од стручни експерти ќе ги испита сите пристигнати пријави и при одлучувањето, ќе го оцени нивниот талент, оригиналност, идеи и севкупниот впечаток што делата им го оставаат. Ова обезбедува објективна и правична евалуација на секоја апликација. За да учествувате, треба да ги исполнувате следните услови: Да е на возраст од 15 до 29 години. Немаат објавени збирки поезија. Испратете го вашето најдобро парче поезија. Оваа година ќе бидат доделени три награди за најдобрите дела. Предвидени се 20.000,00 денари за прва награда, 15.000,00 денари за втора награда и 10.000,00 денари за трета награда, во две категории (прва категорија од 15 до 20 години, втора категорија од 21 до 29 години). Организаторите, Агенцијата за млади и спорт, ги охрабруваат сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години кои пишуваат поезија да се пријават на конкурсот. Тие ќе бидат оценети од стручна комисија, обезбедувајќи висок степен на професионалност и објективност. Конкурсот „Млади поети 2023“ е одлична можност секој млад талент од областа на поезијата да ја сподели својата креативна визија со јавноста и да се приклучи на книжевната сцена. Размислете добро и не пропуштајте ја вашата шанса да се изразите и да се натпреварувате за големите награди. Насоки за пристапување кон конкурсот: Секој кандидат своето дело треба да го достави непотпишано, во затворен плик. Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот, а во средината треба да биде назначена точна адреса на Агенцијата за млади и спорт. Во пликот треба да има уште два затворени и запечатени плика. Едниот треба да ја содржи песната потпишана со шифра и на него треба да стои ознаката „Творба’’. Другиот треба да ја содржи документацијата за идентификација на испраќачот(шифрата со која е потпишана песната, име, презиме, возраст, контакт телефон и електронска адреса, како и копија од документ за лична идентификација, која по завршување на конкурсот ќе биде уништена согласно Законот за заштита на личните податоци), и на горниот лев агол од овој плик треба да стои ознаката „Не отварај’’. Адресата на која треба да се достават авторските дела е: Агенција за млади и спорт Сектор млади ул. Македонија 38, 1000 Скопје (Палата „Панко Брашнаров’’) Со назнака „за Конкурсот Млади поети„ Делата можат да се достават лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт . За дополнителни информации, сите заинтересирани можат да се обратат на е-маил адресата imran@ams.gov.mk секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот или да ги посетат просториите на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади. Не заборавајте да го означите како краен рок за доставување на предметите - до 03.11.2023 година. Ова е вашата шанса да ја споделите вашата креативна визија за светот, да се натпреварувате со други талентирани поети и можеби да го најдете вашиот талент како поет.
- Трики и создавањето на Мaxinquaye (2/3)
Автор: Марк Саундерс. Првиот дел ОВДЕ. Рутината И така, Трики, Мартина и јас продолживме да работиме во станот на Кенсал рајз некое време пред да ја преместиме операцијата во моето студио кое не беше многу далеку во Кеналот продакшн студиос на Кенсал роуд. Ова беше стара фабрика за чоколади поделена на многу единици од кои повеќето имаа компании поврзани со музичкиот бизнис кај нив. Тоа беше одлично место за работа со кул бар и ресторан каде редовно можеше да се видат музички ѕвезди како се дружат. Менаџерската компанија на Џамиракуај (Jamiroquai) беше во зградата, така што тие беа редовни муштерии- сакав да ги гледам прекрасните винтиџ автомобили на Џеј паркирани надвор. Како што може да очекувате од еден дечко наречен Трики, тој беше озлогласено недоверлив кога станува збор за појавувањето на сесии. Тој немаше часовник или саат во неговиот стан - немаше ништо на кое може да го чита времето. Мојата дневна рутина се состоеше во тоа да му се јавам на Трики околу 15 часот кај него дома. Тој ќе го кренеше телефонот, зевајќи, и јас ќе му речев: „Еј Трики, Марк е, требаше да бидеш во студио денес во 12, се сеќаваш?“. На што тој сонливо одговараше: „Тогаш колку саат е сега?“. Јас ќе речев: „3 саат“. И тој неизбежно ќе речеше: „Нееее…! Мартина ти се верува, 3 саат е?!„ Тогаш ќе ја слушнав нејзе како вели: „неее!“... стварно?! " - „ Веднаш ќе дојдам“ - , ќе речеше Трики. И тогаш некаде помеѓу 17 и 20 часот тој ќе се појавеше! Потоа ќе влезеше во „зоната“ околу три часа. Ќе направевме песна, Трики ќе го снимеше својот вокал, потоа ќе ја повикаше Мартина да дојде и да пее, а до 23 часот тој ќе речеше: „Ој се уморив, мора да оам дома во кревет“. Еден ден му се јавив на неговиот менаџер и му реков: „Не можам да го најдам Трики, требаше да биде тука пред еден куп време “. „Ах...“ рече таа „штотуку ми се јави од Њујорк, тој едноставно одлучи да оди минатата ноќ... извинете... не сум сигурна кога планира да се врати“. Сепак, оваа рутина не беше толку лоша за мене, како и да е, бидејќи сум љубител на поп музика, секогаш се обидував да ги направам песните прифатливи за на радио и прилично рано сфатив дека ако се обидам да додадам мелодија со клавијатури или дел со гитара, беше малку веројатно дека Трики ќе го прифатеше ако ме видеше дека го правам тоа - но доколку го правев тоа кога тој не беше присутен - па ќе го чуеше следниот ден, беше поверојатно дека ќе ги задржи. Трики генерално беше задоволен со трака од еден луп без нешто многу друго да се случува, без краеви и почетоци- не го интересираа светлината и сенките. Така, секогаш ги измолкнував музичките промени, ги спуштав луповите за скала или две и генерално се обидував траките да ги направам што е можно поинтересни и ги правев посладуњави. Светлите точки Има неколку траки за кои вреди да се зборува во детали. Мојата омилена е Black Steel. Ова беше дефинитивно посебна песна за мене на албумот. Трики сè уште контактираше со мајката - Индијка на една поранешна девојка и таа му испраќаше касети со индиска музика. Еден ден, Трики ми пушти нешто од овие касети и сакаше да ги семплувам тапаните за интрото. Очигледно, касетата беше копија на касета преснимена од друга касета и шуштеше како да нема утре - но на Трики не му беше гајле, се разбира. И така, го ставив семплот во луп, потоа додадовме некои делчиња со гитара кои свиреа наназад, и други чудесии. Трики ми кажа дека сака ова да биде преработка на песната на Public Enemy „Black Steel“. Па почна да ги пишува стиховите за да може Мартина да пее. Тој не ги доврши, по некое време и́ рече на Мартина: „Ах...ова ќе биде доста, само повторувај ги овие“. Совесно, Мартина отиде зад микрофонот и јас стиснав „снимај“ . Како и обично, она што го слушате на песната е првата работа што излезе од нејзината уста. Звучеше брилијантно и таа создаде кул мелодија иако немаше вистинска музика за пеење на траката, само индиски тапани со длабока табла. Кога заврши, Трики рече „тоа е тоа, значи оваа е готова!“ Не се согласив баш - не ми звучеше толку интересно, само вокал, тапан и малку чудност, но не реков ништо затоа што дотогаш веќе сфатив дека е најдобро да му даеш време на Трики ако сакаш да го убедиш да оди во друга насока за било што. Некое време после ова, братот на Мартина свиреше со својот бенд и сите решивме да одиме да му дадеме поддршка. Трики, како што често правеше, рече: „Нема да пијам вечерва. Последен пат кога излеов се напраив крш“. Па, кога стигнавме на свирката, кога го прашав што сака да пие, ми рече „дупло бренди друже“!. Свиреше предгрупата, но поголемиот дел од времето го поминавме во барот и не ми текнува ништо за нив. И Трики се напраи крш. Следниот ден, назад во студиото, менаџерката на Трики се јави и рече: „Тукушто се слушнав со еден бенд од Манчестер (можеби не беше Манчестер, но беше некаде од север), и велат дека Трики ги поканил да свират. На албумот.“ Се свртев кон Трики и му реков „дали го покани бендот што беше предгрупа вчера вечер да дојде и да свири на албумот?“ Тој рече „ја?...не…..дали? О Боже а можда сум ги, сеа коа размислувам!'. Прашав „Дали беа добри? Каков тип на бенд се?’. „Неам поим“, рече Трики. Како и да е, Трики реши да дојдат да свират и така беше договорен датум за неколку недели подоцна. Неколку дена пред тој датум, се сетивме дека бендот доаѓа во студиото спроти моето што го резервиравме за оваа сесија во живо (моето студио не беше доволно големо) и Трики рече „ шо ќе ги пуштиме да свират?'. Размислив за тоа и реков „а што е со Black Steel?….тоа е единствената трака што ја имаме, што нема многу на нејзе. Изненадувачки, Трики се согласи. Тој ден, многу возбуден бенд се појави во студиото точно на време, и желен да започне. Трики, сепак, беше многу помалку возбуден за целата идеја и не се обидуваше баш да го скрие тоа. Едвај зборуваше со бендот и остана во контролната соба додека јас го поставував бендот во просторијата за во живо, и пробав да сконтам каков бенд се тие, и се обидував да ги забавувам и да им го одвлечам вниманието од фактот дека Трики, типот поради кој што тие извозеле долг пат за да соработуваат, не покажуваше никаков интерес за нив. Се испостави дека свират музика во техно стил, но со живи инструменти. Не го очекував тоа - па да бидам искрен, немав поим што да очекувам. И кога сега мислам за тоа, не ми е јасно зошто не побаравме да ни испратат касета од нивната музика, пред да се појават?! Назад во контролната соба Трики беше намрштен, со својата црна качулка натегната преку главата додека пафкаше од својот сплиф. Го замолив тапанарот да ги удри томовите за да можам да ги проверам микрофоните на тапанот, Трики одеднаш се размрда. „Звучи лудило! Брзо, сними го!“, рече тој. Совесно го ставив DAT плеерот да снима. Имајте на ум сега, дека тапанарот не свиреше кул фанки ритам или нешто така, тој едноставно удираше по неколку отчукувања на секој том - бонг бонг - бум бум - там там. Можев да насетам каде оди сето ова во умот на Трики... ќе ја направиме целата оваа сесија и единственото нешто што Трики ќе сакаше да го искористи беа овие случајни удари на тапани кои штотуку ги снимив на DAT-от! Кога бендот почна да свири, ги замолив да изведат една од нивните песни за да се загреат. Тие беа добри. Беа стегнати, особено тапанарот кој свиреше како драм-машина. Вокало беше добар. „Но, како ќе функционира на Black Steel?“ си помислив. Знаев дека ќе треба нежно да му дадам до знаење дека нема да биде вклучен во оваа трака. Тој го прими ова изненадувачки добро и се чинеше дека е едноставно среќен што бендот ќе добие публицитет со тоа што ќе соработува со артист кој има вистински договор за снимање. Им го пуштив она што го снимивме досега за Black Steel и ги замолив само да бидат трпеливи за да видат како ќе излезе. Тогаш сфатив колку голема работа е да се побара, затоа што, како прво, Мартина пееше вокал без музика и можеби не беше ни блиску до „концертниот“ тон, но, импресивно сепак беше. Бендот се согласи да проба по моите инструкции, и иако ми звучеше премногу затегнато и круто, тие всушност свиреа некои акорди и мелодии на начин кој добро функционираа со песната. Го прашав Трики, кој повторно се спушти во својот дуксер, што мисли и тој рече „ја нема да користам ништо од срањево“. „Одлично“, си помислив, „ова оди добро“. Имав помисла дека Public Enemy се како панк рокерите во светот на рапот, па го замолив тапанарот да го напушти стегнатиот, машински начин на свирење, и го замолив да го испроба пристапот на тапанар на панк рок, на Секс пистолс - полабаво и многу краш цимбали. Тој се прими како патка на вода и навистина влезе во филмот. Одеднаш траката почна да оживува. Бев навистина возбуден, каде води ова. Го погледнав Трики, кој беше прилично коматозиран во овој момент и очигледно не беше заинтересиран. Бендот отсвири неколку преоди, и им реков „тоа е брилијантно, имам многу со што ќе можам да работам“ и многу им се заблагодарив што возеа толку долг пат за да го направат ова итн. - повторно се обидував да им го одвлечам вниманието од Трики кој едвај им кажа збор. Додека се пакував да одам, сопственикот/инженерот на тоа студио, кој беше сведок на целата сесија, ми рече: „Мора да имаш трпение на светец!“ кимнувајќи со главата кон Трики. Назад во студиото следниот ден, додека чекав Трики да се појави како и обично, почнав да го разгледувам она што бендот го свиреше и се обидов да направам груба структура користејќи ги нивните најдобри делови. Ми звучеше навистина добро и направив груба мешавина за му ја пуштам на Tricky мислејќи дека „нема смисла да се исполира ако Трики потоа го мрази “. Сфатив и дека најдобро би било да почекам малку пред да му ја пуштам. Како што беше, кога Трики се појави тој ден, не ја ни спомна сесијата од претходниот ден. Мислам дека тој целосно заборавил на тоа. Само продолживме со нова трака. Околу една недела, или така нешто, подоцна, кога знаев дека Трики ќе влезе во студиото секој момент, го ставив грубиот микс на Black Steel.„Што е тоа?!“ рече тој кога влезе: „Звучи лудило!“. Му реков дека тоа е она што бендот го сними за Black Steel. Тој беше многу возбуден и рече: „брзо, пушти го микрофонот!“ Влета зад микрофонот и го сними неговиот дел „many switch in, switch on, switch off“ (целосно украде сам од себе од Strugglin!). И тоа беше тоа… песната заврши. Беше среќен, не бараше финеси. Навистина сакав да користам нов софтвер кој може да ги отстрани звуците како шуштењето снимката од касетата - сакав да го исчистам шушкавиот тапан...но никогаш не стигнав да го направам тоа. Друга светла точка беше кога Алисон Голдфрап (Alison Goldfrapp) дојде да ја пее песната Pumpkin. Никогаш не сум слушнал за неа до тој момент, но таа влезе, беше многу фина и, откако ја преслуша песната неколку пати, влезе во кујната пред микрофонот, Трики не и́ даде никаков текст - тој сакаше да ја остави да испее по свое. Она што го слушате на плочата е нејзиниот прв и единствен обид. Таа беше брилијантна. Таа во основа го правеше она што го прават многу добри писатели, таа пееше како навистина да го мисли тоа, но пеејќи какви било звуци/зборови што ѝ доаѓаа во главата во тоа време. Понекогаш писателот ќе го направи тоа неколку пати и често ќе открие дека неколку зборови држат вода, и текстот на песната е изграден околу нив. Но, Трики сакаше да ја задржи нејзината прва снимка онаква како што беше. Па тоа беше тоа! Поради некоја причина, кога Алисон за првпат почна да ја пее нејзината фраза, Трики почна да се кикоти. Тоа и мене ме фати, и на крајот во основа се смеевме во текот на целото снимање и моравме да се обидеме да се собереме, за да го притиснеме копчето за разговор за да разговараме со Алисон кога ќе заврши песната и да и кажеме дека е брилијантна. За среќа бевме разделени со цврст ѕид, па Алисон не можеше да не́ види.
- Tricky и создавањето на Maxinquaye (1/3)
од Марк Саундерс; Tricky средба Го притиснав копчето на интерфонот за станот на вториот кат во Кенсал рајз - не баш особено шармантна област во Лондон. северно(sic) од Нотинг Хил и чекав. Ова беше мојот трет обид да се сретнам со Трики (Tricky) и веќе почнав да разбирам дека можеби има нешто во неговото име што имплицира неволја. Првите два неуспешни состаноци беа во Island Records, па затоа А&Р(*Артисти и репертоар) човекот на Трики, Дејв Гилмор (Dave Gilmour) (не...не тој!), ми предложи следниот пат да отидам во станот на Трики. Па, еве ме кај него на врата. Претходно ги ислушав двете постоечки песни на Tricky што ми ги даде Island - Aftermath и Ponderosa и бев фасциниран да дознаам зошто овој човек, Tricky, сака да работи со мене. Ова не беше вид на музика на која некогаш сум работел во минатото или доброволно нешто посебно би сакал да ја слушам - но фактот дека Трики беше дел од екипата на Massive Attack беше доволно за да ме натера да посакам барем да го запознаам… ..доколку некогаш успее да се случи. Доволно брзо потоа, вратата се отвори и таму беше Трики. Беше без маица и изгледаше жилаво, повеќе како лут уличен тепач отколку нов артист со договор со музичка издавачка куќа. Она што го комплетираше неговиот изглед, беше неговата избричена глава која беше покриена со густа бела крема. Тој изгледаше напнато. Се претставив и тој веднаш се отвори со голема насмевка, ми ја подаде раката и ми рече, со неговиот нагласен и уникатен бристолски акцент, дека е голем обожавател на Cure - а потоа, покажувајќи ми ја главата, рече „оф немај гајле за ова, иам ебана егзема.“ Горе во станот ми понуди шолја чај. Наскоро посакав да не прифатев затоа што Трики сега ја плакнеше чашата во која пред неколку моменти се чуваа мувлосаните остатоци од старо отстојано пиво измешано со еден куп стари отпушоци. Бев многу изненаден од неговата енергија - сепак. Откако ги слушнав Aftermath и Ponderosa, очекував човек кој е многу олабавен. Но, откако работев со Трики некое време, дознав дека кога тој беше во зоната, сплифот едвај да го омекнуваше. Тој ќе беше во полна брзина околу три саати па и нешто повеќе, а потоа ќе станеше толку исцрпен што ќе мораше да си оди дома да спие. Нашата средба тој ден очигледно помина доволно добро, бидејќи една недела или така нешто, подоцна, се вратив во станот на Трики за да започнам со работа на нови песни за Maxinquaye. Прв ден Во тесната трпезарија на малиот стан беше многу ниско буџетното „студио“. Имаше Atari ST компјутер со Cubase, семплер на Akai S1000, дек за снимање, некој вид тастатура, дигитална 8 трака машина Адат, Mackie деск со 16 канали, нискобуџетен AKG 3000 микрофон, евтин компресор Behringer и пар звучници Јамаха NS10. Прилично основни работи што Island му ги обезбеди. Подот беше натрупан со винили - ама навистина натрупан, беше тешко да не се нагази на винил кога се одеше во станот на Трики. Во нешто што изгледаше како прилично случаен избор, тој посегна по неколку плочи и соопшти: - „Сакам да семплувам една трака од оваа и една трака од оваа“. „Добро“, реков, а потоа следеше пауза во која што очекував да скокне во акција и да ми покаже каков волшебник е со целата оваа опрема. Сепак, Трики го прочита мојот израз и, гестикулирајќи кон опремата, низ смеа рече: „О... Не знам како функционира ништо од ова - издавачката куќа мисли дека знам! Ха ха ха, кикот кикот кикот“. Реков „О...ок...“, сфаќајќи токму тогаш дека ова нема да биде чисто инженерски ангажман. Го ставив секој од албумите на декот и пуштив по малку од секоја песна што Трики ја избра за семплови и реков: „Не сум сигурен дека ова ќе функционира - овие песни се во различни клучеви и со различно темпо... нема да се вклопат заедно'. Имајте на ум дека сега технологијата е многу подобро опремена да се справи со ситуации како овие, но тогаш она што го бараше Трики не беше толку лесно изводливо. Трики рече: „ама ја сакам да чујам“. Па, неволно ги земав семпловите од двата дела од песните што ги избра Трики, ги вчитав на две копчиња од тастатурата и притиснав Play на двете копчиња и потоа ги ставив во луп во Cubase. Резултатот беше како кога сте на фестивал и кога одите помеѓу сцените и слушате два бенда како свират во исто време - што Јенките би го нарекле „train wreck“. Реков „Гледаш, ти реков…“, но ме прекина подигнатата, траварска рака на Трики. Трики кимаше со главата на ритам што не постоеше во ниту еден од семпловите, тој очигледно беше на друг авион. Во меѓувреме, чекорев горе-долу зад него мислејќи... „Боже мој, овој човек е тотално луд“. Кога повеќе не можев да ја поднесам какафонијата, го прекинав секвенсерот. Трики ме погледна и рече: „Тоа е лудило ти викам ја!“. Реков „Искрено не го делам мислењето со тебе Трики…“. Потоа очајнички почнав да ги чепкам семпловите во, како што мислев, прилично залуден обид да направам овие две делчиња да функционираат заедно. Се обидов да го детјунирам едниот семпл наспроти другиот, се обидов да го растегнам другиот за да одговара на темпото на првиот примерок итн. И да си ибе векот, после 15-на минути на чепкање, двата семплови одеднаш се вклопија - на сосема неочекуван начин. Бев прилично шокиран од ова. Трики рече сосема озбилен „ој ти реков дека е лудило, нели!“. „Исусе боже“ си помислив: „Мислам дека тој всушност не може да увиди разликата“. Ова дефинитивно не беше мојата нормална територија. Бев навикнат да работам со бендови како The Cure кои можеа да свират на вистински инструменти и да пишуваат нормални песни - или бендови како Erasure во кој Винс беше генијален програмер и можеше да смисли неверојатни призвуци од над 50-те и повеќе синтисајзери во неговото студио и исто така пишуваше одлични песни. Трики и јас тој ден се впуштивме во создавање на првата песна од нашите заеднички сесии, „Strugglin“. Беше навистина мрачна, морничава песна со оние чудни длабоки расштимани семплови - но функционираше и звучеше одлично. Текстовите на Трики - кои мислам дека тој ги смисли на лице место беа брилијантни…. ‘In hell I'll be lost in the layers of weakness All around the surface brainwashed with the cheapest Strugglin', strugglin', strugglin' Brainwashed with the Hallucinagenics in my system Like, I'm trippin' Many switch in Switch on, switch off’ „Во пеколот ќе се изгубам во слоевите на немоќ Насекаде на површината со испран мозок со најевтините Се борам, борејќи, се борам, Испран ми е мозокот со… Халуциногеници во мојот систем Као, трипам Многумина се вклучуваат Вклучи, исклучи“ За да биде уште повеќе морничава, додадов семплови од крцкањето на подните даски, звук на навивање на пиштоли и семплови на капење на вода. Поради некоја причина, можеби секундарно вдишување, си замислив дека сето тоа се одвива на стар дрвен брод што чкрипи. Мартина и Трики беа пар во тоа време и живееја заедно во станот во Кенсал. Мартина тогаш имаше 19 години - Трики 26. Мартина беше многу тивка и се моташе низ станот додека работевме на траката. Таа не зуцна скоро ништо. Изгледаше дека има многу малку енергија. Долго време за време на снимањето на албумот мислев дека можеби нешто не е во ред со неа, но еден ден Трики ме праша дали можам да ја однесам со кола некаде и јас се согласив. Штом влезе во колата, таа беше сосема друга личност. Таа оживеа и се размуабети со мене за фактот дека ако не го правеше овој албум, ќе студираше океанографија во Калифорнија. Тогаш сфатив дека очигледно не е лесно да се живее со некој толку интензивен како Трики. Кога ја завршивме траката, Трики напиша неколку зборови за Мартина да пее, ја повика и рече: „Е’e Мартина, оди и испеј го ова“. Очекував таа да се премислува за стиховите, дека ќе сака да ја слушне песната неколку пати додека таа смислува некои мелодии за зборовите итн. Но, не, таа се префрли во кујната каде што беа поставени микрофонот и слушалките. Притиснав play и record на Adat и она што се случи потоа беше наежување-и-кревање-на-влакненцата-на-вратот - момент. И покрај евтиниот микрофон и компресор, гласот на Мартина звучеше чудесно- таа имаше таква топлина и карактер во гласот, толку убедлива ранливост. Прогонувачките мелодии што излегоа од неа беа прекрасни...тие совршено одговараа на расположението на траката. Немаше загревање за неа, беше полн погодок во еден обид. Чисто инстинктивна ствар. Направивме уште една снимка чисто онака, и на крај ја искористив како сенишен вокал во позадина. Таа беше веројатно најтивката пејачка што некогаш сум ја снимил - не многу погласна од шепот. Еден ден Мартина се накашла додека беше на микрофонот и за малку ќе ми ја разнесеше главата! Беше очигледно дека оваа девојка имаше во себе нешто неверојатно посебно. Рапот на Трики исто така звучеше неверојатно. Квалитетот на неговиот глас беше толку чуден и мрачен. Некој еднаш ми рече неколку години подоцна „Еј, штотуку го гледав филмот „5th Element“ [во кој имаше улога и Трики] и го искористиле истиот ефект на неговиот глас што го користевте и вие на Maxinquaye!. Морав да му кажам… „Не бе човек… верувал или не, така звучи и во реалниот живот“. Еднаш додека ја слушавме траката гласно, некој тропна на вратата. Тоа беше момчето што живееше долу. Тој рече: „Не сакам да се жалам, но се обидувам да вечерам, а басот ја движи мојата чинија околу масата, морам да ја држам додека јадам“. Беше неверојатно кул поради оваа незначајна непријатност и се обидовме, не секогаш успешно, да бидеме потивки оттогаш. Вечерта кога ја завршивме Strugglin, Дејв Гилмур, А&Р човекот на Island , пројде за да види како помина нашиот прв ден. Трики му срола голем џоинт и му рече да оди во „студиото“ и да слуша со исклучени светла. Трики, Мартина и јас чекавме надвор. Кога се појави косата му стоеше право нагоре и беше видно изваден од памет од искуството - но мислеше дека е брилијантна! Во тој момент немавме DAT плеер за да снимиме груб микс за потомството - имавме само касетофон. Кога се работеше за мастер на песната, на албумот беше касетната верзија. Се обидовме да го измиксаме „правилно“ на DAT, но јас и Трики решивме дека вајбот на касетата од првиот ден е „таа правата“. Отидов дома таа вечер и му заѕвонив на мојот менаџер и му реков... „Еј, правам многу повеќе од само инженерство на оваа плоча, Трики не е програмер/продуцент кој Island мисли дека е“. „Остави ми го тоа на мене“, рече таа. Таа се јави следниот ден пред да се вратам во станот на Трики и ми рече „Без гајле, разговарав со Дејв Гилмур и тој се согласи да те потпише како ко-продуцент и да ти даде поени (авторски права)“. Супер си помислив. Меѓутоа, во вистински стил на издавачка куќа, кога албумот беше направен и изгланцан околу три месеци подоцна - и покрај тоа што момците од куќата, Дејв Гилмур и Џулијан Палмер ми честитаа за одлично сработеното- деловниот оддел на Island го повика мојот менаџер и и́ кажаа дека нема да го испочитуваат договорот што таа го договори со Дејв затоа што „Дејв не беше на доволно висока позиција во компанијата за да одобри таков договор“. Толку шармантно што почекаа најмалку три месеци за да ни го кажат тоа. На крајот го добив тоа што го заслужив бидејќи мојот менаџер исто така раководеше со најпочитуваниот миксер во Велика Британија во тоа време наречен Марк Спајк Стент кој работеше со врвни уметници како Madonna, Depeche Mode, U2,и Oasis. Тој ѝ рекол да му каже на Island дека ако не постапатфер со мене, тогаш тој никогаш повеќе нема да работи за Island . Бинго! Фала Спајк!
- Кои се - и какви - хрватските „From Another Mother" кои ќе настапат во Битола
Битолскиот колектив Пондер викендов во Мезе бар Јагода ги носи и „From Another Mother" (покрај Funk Shui и Bad Juju). Тие објаснуваат - откако потсетуваат колку е важно за една не-скопска културна струја да биде покриена од медиумите - кој и каков е хрватскиот бенд: „ Прог рок, панк фјужн, пост хардкор, наречи го како сакаш. From Another Mother се Владо и Борна и некој трет во улога на тапанар кој се менува по потреба. Ова загребачко трио пршти од енергија и создава тотално лудило на нивните концерти, бришејќи ја границата меѓу публиката и бендот, како и границата меѓу свирењето инструменти и неколку олимписки дисциплини како ритмичка гимнастика и трчање 200 метри со пречки. Досега имаат издадено ЕР и два албуми, Bratebra, Epileptir i ATATOA, кои се во живо отсвирени во над 20 европски држави на неброени фестивали и клубови. На концертот ќе го промовираат нивното ново издание, ЕР-то од 4 песни насловено Zest, кое има малку побрзи аранжмани, без компромис, директно и сирово во главата.“ Почетокот на бендот „From Another Mother" ни носи еден од најважните елементи - нивното долгогодишно присуство (11 години) на музичката сцена Овој бенд се издвојува по дивите и сложени аранжмани, и енергичните и луди изведби - кои потсетуваат на нивните земјаци ЛЕТ3 но и на нашите ДОПЕ Куќата.Жанровски често ги вклучуваат во math rock, но самите членови велат дека одлуката каде ќе ги категоризирате зависи исклучиво од слушателот. Ова опирање на жанровската предетерминираност трае веќе со децении, и доколку немаше и практична смисла (на пример каде да се пребаруваат по стриминг сервисите) можеби и ќе изумреше праксата барем во еден добар дел од современата музика. Членовите на бендот Владо Ремеш, Борна Јамброшиќ и Данило Добриќ, освен соработници во From Another Mother, имаат и други музички проекти, со што ја покажуваат својот креативна разноврсност, и страст кон музиката. Борна е басист во бендот Luul te Đutko и Plodovi Zemlje, кому неодамна му се придружи и Владо како гитарист. Владо со своите ангажмани во бендот има нежен и помирен соло проект наречен VOADO. Данило, кој се приклучи на бендот по заминувањето од долгогодишниот тапанар, учествува и во други музички иницијативи. Приказната за раѓањето на бендот „From Another Mother" влече корени во КСЕТ, каде Владо и Борна случајно се запознале. Нивната заедничка страст за музиката, особено Red Hot Chili Peppers, беше основата за формирање на овој бенд. Со текот на времето ми се придружи Данило и заедно го развија својот музички израз, носејќи ни музика која по својата природа е изискувачка, но и возбудлива. Секој од членовите на бендот има своја приказна за почетоците со во музиката, но тие НЗС-то го нарекуваат љубов кон музиката. Своите први чекори Борна ги направил на четиринаесетгодишна возраст, инспириран од System of a Down, додека Владо, под влијание на истиот бенд, започнал сам да учи гитара. Музичката кариера на Данило започна седум години пред да се приклучи на бендот, кога запозна пријател кој свиреше на тапани. „ И тогаш одлучив да научам да свирам. Две години лупав по перници и ја наговарав мама да ми купи бубњеви и конечно ми успеа. Тогаш почнав да лупам бубњеви по станот, а после и по бендови. И така пројдов низ маса бендови да сега дојдам до овие дебили“ Една од интересните работи е како свиокот го доби своето име. Кога свиреле на KSET на натпревар за млади и неафримирани изведувачи наречен Čuješ?! Бендот победил (2016-та) godine. Овој натпревар ми ја отвори вратата и ми овозможи да свират во Бруцошијадата во ФЕР. Владо опишува како нивните музички идеи се развивале преку различни бендови, додека Борна ја нагласува сложеноста на аранжманите специфични за нивната музика. Овој предизвик дури доведе до проблем да се најде постојан тапанар, бидејќи ритмите во нивните песни бараа талентирани и искусни музичари. „Освен Данило - тој е експерт!“ Тие го издадоа својот втор албум, ATATOA, со помош на германскиот издавач Kapitän Platte, кој ги продуцираше нивните винили и ЦД-а и го објави нивниот албум на стриминг сервиси, но остатокот од работата беше оставен на нив. На прашањето што е музика за него, Данило одговара: „„Музиката е љубов. Љубовта е бог. Бог е љубов.'“ За Влада музиката е ѕвонечка радост, начин на изразување. „Навистина ми се допаѓа слободата. И се трудам да живеам што е можно послободно. Слобода, општо слобода на изразување. Не знам колку глупаво звучи, но знам дека фул често музиката ме крева. Често слушам оптимистичка музика и тоа ме прави да се чувствувам подобро. Поврзан е и со лачењето на хормоните, па создава позитивна енергија. Освен ако слушате премногу блек метал или досадниот Џони Кеш може да создаде негативна енергија (хехе). Тоа е мјуза до коска!“ За Борна, музиката е толку возвишена што е „навредливо е дури и да се обидуваш да вербализираш што е музика“. Повеќе за настанот ОВДЕ.













