top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • Викендов низ град

    ЧЕТВРТОК: Концерт: Јапонски сон - музика од колективното несвесно ; Буква, 20часот. Од Токио, Јапонија ни доаѓа вокалистката Ају, која во соработка со нашиот музичар, продуцент и композитор Јордан Костов ќе ни приредат неповторлив музички перформанс. Со мешавина на јапонски, балкански, афро и латино фолклор ќе ја доживееме музиката на народите во една еклектична џез нео сол изведба. Нејзиниот глас не преплавува со безвременски емоции на музика која функционира насекаде и секогаш. Додека пак џез аранжманите и импровизациите со хармоника на Костов со Петар Христов лира , Дамјан Гријо перкусии и Александар Бошков електрична гитара, ќе му додадат еден урбан модерен шмек, што уште повеќе ги поврзува континентите и времињата што оваа музика ги репрезентира. На самиот настан ќе имаме и шанса да дегусираме јапонски пијалоци додека уживаме во музиката. Журка: Македонски шлагери, Јавна соба; 21.30ч. Ајде на македонски шлагери во петок! 💃🕺 📲 Резервирајте си навреме за вашето друштво на 078 250 554. 🎫 Билетите чинат 200 денари и се набавуваат на самиот влез, најдоцна до 22 часот. ✨🎙️За добрата атмосфера се задолжени дечките од The Ringtones! 🗓 Започнуваме од 21:30 часот. Се гледаме на поткровјето на Public Room! 🍸 Хуманитарен фестивал: Сите за Грицко; МКЦ, 16.20-00:02ч. СИТЕ ЗА ГРИЦКО е добротворна забава во организација на Фоундрејзер Брат за Брат, со цел собирање на средства за нормален живот на нашиот брат Небојша Додевски Грицко. Настанот ќе се случи на 16.03. во бифето на МКЦ и замислено е да трае од 16:20 до 24:02 Ги покануваме сите музичари кои се заинтересирани да помогнат и директно се вклучат или во музичката програма или да донесат свој мерџ (ЦД-а, плочи, мајци, прешивачи и др.) кои посетителите би можеле да ги купат и тие средства да допринесат за стабилен достоен и нормален живот за Грицко. Концерт: Строг Пост; Буква; 21ч. СТРОГ ПОСТ e новата музичка констелација на Филип Букршлиев (гитара), Дени Омерагиќ (бас) и Кристијан Новковски (тапани) - познати по својата работа во бендови како Светлост, Палиндром, Fighting Windmills, Taxi Consilium... СТРОГ ПОСТ свири музика на цврста „рифовска“ основа, спакувана во композиции, кои пливаат во матните води помеѓу пост-рок, free jazz и слободна импровизација. Овој концерт ќе биде прва јавна презентација на целосниот материјал кој ќе се најде на нивниот деби албум, сниман пред неколку недели. Што би се рекло, ќе имаме можност да ги чуеме во фантастична форма. ФИЛМ: Солидарност со работниците на Вио.Ме; Социјален центар Дуња; 19ч. Вио.Me е фабрика која по нејзиниот банкрот, со години е самоуправувана и окупирана од страна на работниците. Работниците успешно и самостојно управуваат со производството на еколошки производи за чистење, последните шест години во окупираната фабрика. Нема газди во оваа фабрика на источната страна на Солун, вториот по големина град во Грција. Тие докажуваат дека може да се достигне вистинска самоуправа и слобода на работникот без газди. Но, фабриката денес е под закана да биде затворена од страна на судската власт и капиталот, бидејќи парцелата каде што се наоѓа беше продадена пред еден месец. Во таа насока во солидарност со работниците од Вио.Ме во четврток (16.03.2023) со почеток од 19 часот организираме проекција на документарен филм. Документарецот е со времетраење од 90 минути и превод на англиски јазик, а по проекцијата ќе следи и дискусија. ПЕТОК Промоција и изложба: ,,Пргавиот зајак" од Пандалф Вулкански и Будимка Поповска; Метаноја галерија; 20ч. Во петок, 17 март, со почеток од 20 часот, во просториите на Галерија Метаноја (ул. Максим Горки бр.19) ќе се одржи промоцијата на сликовницата со наслов "Пргав зајак." Станува збор за сликовница чиишто автори се Пандалф Вулкански (текст) и Будимка Поповска (илустрации). Пандалф Вулкански е псевдоним на писателот Никола Гелевски. Станува збор за искусен автор со богат книжевен опус кој зад себе има претежно експериментална поезија и проза, и за деца и за возрасни. Работи и како уредник, преведувач и издавач. Добитник е на наградите "Тоде" (2023), „Девет преобразби во чудната шума (2021)“ (поезија за деца), влегол во најтесниот круг за престижната наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, а во 2007 ја добил наградата „Борјан Таневски“ за најпроминентен колумнист на годината. Досега ги има издадено следните авторски книги: "Панда во дрон," 2022 (стрип-сликовница) „Девет преобазби“, 2021 (поезија за деца) „Текстилна поема“, 2018 (поезија за деца) „Призрак против Сенка" (постмодернизам за деца), 1993 „Светулки и мракови (прилог за една критика на медиумите)", 2002 „Контрапункт (принципи за една поинаква политика)", 2004 „Архитортура и гробализација (текстови за градот)", 2010 „Никола Груевски - 250 хаику“, 2011 „Скопски приказни од 2014", 2011 „Фасадата ги јаде темелите“, 2012 Будимка Поповска е писателка, поетеса и уметница од Скопје. Студирала класична филологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1996 до 2015 живее во манастир, каде што ја изучува старата македонска школа на цртање икони. Истовремено го уредува списанието за духовни вредности „Премин“ (од 2000 до 2012г.) и учествува во бројни телевизиски и радио документарни емисии од областа на духовноста. Истовремено објавува текстови во дневните весници „Нова Македонија“, „Дневник“ и „Утрински весник“. Во наредниот период се враќа дома и живее во Скопје кадешто работи како иконописец, колумнист (фриленсер) во македонската периодика. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2013 година и ги има издадено книгите: „Врата“ (графичка поезија, 1994), „Полигони“ (раскази, 2007), „Друга визура“ (есеи, 2008), „Невидливи вежби“ (прозна поезија, 2011), „Куќа на Марс“ (поезија, 2019), „Ботичелиев каталог“ (есеи и фотографии, 2019), „Полигони“ и „Невидливи желби“ (на хрватски, 2021). Има остварено неколку изложби меѓу кои групната изложба како член на групата Абау а ку - „Млечен град“ (МКЦ, 1991), самостојна изложба „Фантомима“ (МКЦ, 2019); како и самостојната изложба "Супа од Чиопа" која моментално може да се проследи во галеријата Метаноја. Концерт: Да Џака Накот Шурикен рекордс организира еднодневен фестивал. На чело на кондензираната македонска (па и балканска) хип хоп сцена ќе застане Да Џака Накот, кој по прв пат го гледаме на концерт откако го издаде последниот албум "Live on no evil." САБОТА: Концерт: промоција на „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“, Makka bar, 13h Ве покануваме на промоција на вториот албум на тандемот Добрила Грашеска / Дориан Јовановиќ под наслов „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“, збогатена со мини-концерт. 👉 Сабота, 18 март, 13:00 во Макка Бар (влез слободен) Добрила Грашеска - вокал, лупови Дориан Јовановиќ - ут, лупови, електроника „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ е ново автентично истражување на македонското музичко наследство, на еден свој, чудесен, начин поинакво од првенецот „Апокриф“, кој едновремено и едногласно ја освои публиката и музичката критика. Овојпат со осум мелодии, небаре разгледници од минатото со подизбришан штембил, Добрила и Дориан раскажуваат ту весели, ту тажни приказни обоени со аритмија, со темна готика или весела динамичност, но со различен пристап кон ткаењето на звукот на утот и вокалот. Имено, соочени со прашањето како понатаму, тие најдоа одговор во збогатувањето на едноставноста со помош на електронски модификатори - лупери и процесори кои на утот му додадоа уште еден куп шумови, тонови и звуци, а од вокалот извадија и радио бранови и хорови. Од познати до непознати песни од нашево поднебје, со поинакви аранжмани и изрази, „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ е албум кој има задача да отвори ново поглавје, да покаже различен дискурс на нешто колку познато, толку и непознато, да испраша и да израдува. Како пиле. Шарено. „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ е 49то издание на SJF Records, спремно за уживање на CD, а ќе биде достапно и за даунлоуд и стриминг. НЕДЕЛА: Семенувачница, Општествена градина Бостание; 12-16ч. На 19 март (недела) на пладне - 12.00 часот - во општествената градина Бостание ќе одржиме средба за размена на семе. Понесте си ги дупликатите од семенскиот материјал и разменете ги за семчињата што ви недостигаат, за да си ја засеете бавчата. Настанот е отворен за сите, ќе има музика и други активности поврзани со семенувањето. Повелете да семенуваме заедно! *Меѓу другото на 20 март почнува пролетта.

  • 8 март 2023: Дали има поместување?

    Годинешната тема на ОН за 8 март е: “DigitALL: Иновации и технологија за родова еднаквост“. Надвор од ОН настаните, се чини дека западната култура последнава деценија засилена од #metoo движењето се приклучи на осмомартовските прослави, и сепак излезе премногу „комуњарски“ - самото потсетување на неговото потекло го привикува социјал-комунистичкиот дух, па се префрли на „март: месец на женската историја“. Не треба многу повеќе од пребарување на овогодинешниве глобални прослави и настани за да се дојде до тој заклучок. Ние, пак, како Дива ќе ги земеме за сега и двата формати, бидејќи секоја можност да се зборува за феминизмот, е шанса да се разбие перцепцијата дека е агресивен, абразивен и штетен на автентичната македонска жена и нејзината улога, дури и во умовите на жени кои имаат пристап и до дигиталните алатки и со тоа информации. Имајќи го на ум тоа, секоја шанса да се подобри позицијата на жената, и во системот во кој е сместена како порцеланска фигурина, или измеќарка. А, тие промени секогаш почнуваат преку „менталитетот“ . Ирена Цветковиќ деновиве ги „ловеше“ тие напади на кивање од болниот гореспоменат систем, и нѝ ја покажуваше флегмата за паметните комична, за срчаните трагична. Како Македонија во 2023 го слави 8 март? Се чини дека ја надминавме помалку перверзаната потреба да ги деградираме жените од работничката класа кои се чувствуваа видено на тој ден со прославите по кафани, а кул дечките (кои денес се жалат дека феминизмот е агресивен и не по нивен вкус) ги коментираа нивните „сарми“ - фризури. Но, еве каде сме денес. НОБУ ја отвори темата за Денот на жената со поезија на Конески, фамозната „Убавите жени на мојот народ“ … се убави, но брзо прецветуваат (проблематична, но го сакаме Конески, па ќе го препишеме тоа на духот на времето). Како контраст, Сима Бахус извршен директор на ОН жени, објаснува зошто пристапот до дигиталните алатки на жените е од витална важност, во дигитална ера, е аналогно со пристап до книги, или описменување (во современата дефиниција, писменоста ја вклучува и дигиталната писменост). „Жените и девојките имаат исто толку право на пристап до дигиталниот свет и да напредуваат во него како и мажите и момчињата. Нивната креативност, знаење и перспективи би можеле да обликуваат иднина каде технологијата ќе придонесе за трансформирање на општествените норми, засилување на гласовите на жените, притисок против онлајн вознемирувањето, спречување на продолжување на алгоритамските предрасуди и дистрибуција на придобивките од дигитализацијата како одличен врамнотежувач за постигнување на одржливиот развој. Нашата визија за еднаквост, за тоа каков би можел да биде нашиот свет, за сите нас, може и ќе вклучува подеднакво уживање во плодовите на технологијата и иновациите без страв од насилство или каква било злоупотреба. Жените и девојките мора да бидат способни да се вклучат, создаваат, учат и работат, безбедно и продуктивно, на интернет или надвор од него, искористувајќи го максимумот од сите можности во секоја сфера од животот и во секоја фаза од неа, во образованието, во економијата, во општеството и во политиката. На сите ви посакувам многу среќен Меѓународен ден на жената.“ Меѓутоа, се чини не е сѐ така тмурно… Сепак самиот факт дека 8 март е "државен" празник, и дека дури и седмицата пред самиот ден е ден за кој се зборува, околу кој се оргнизираат патувања, попусти, букети, преполни парфимерии, цвеќарници, повикува на едноставно свеченост колку и да е изместена - сепак е нешто. Сепак не е комплетна штама. Тоа искрење дава прилика да се разгори оган на разговор, па и посериозни поместувања и промени. На социјалните медиуми доминатниот сентимент се чини дека сепак е - нема место за славење, време е за акција. Јана Коцева изјави: „Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат доволно нивните потреби, институциите не ги заштитуваат доволно. Има напредок во донесување закони, иако некои се заглавени, но клучно е дека проблем е имплементацијата на политиките, институциите не ги спроведуваат како што е пропишано. Залудно е што декларативно имаме документи, кога нема промени“. Таква акција организира Платформата за родова еднаквост, со маршот во 18 часот, на плоштадот Филип Втори, кој има тема „Ќе преживееме ли?“

  • Креаторот на стрипот Дилберт, Скот Адамс: откажан!

    Минатата недела имавме случај на “откажување” на Лазаров и Латас , кој сите нѐ продрма и можеби е првиот таков случај барем во овој контекст и формат. Во САД стрипаџијата Скот Адамс од некоја причина на својот Јутјуб канал извади видео во кое на долго и широко објаснуваше колку се ужасни американските Црни граѓани. Реакцијата беше брза, ефикасна и очекувана. Стрипот (сличен на нашиот Пецко) кој ретко кој не го видел беше повлечен во стотици весници кои го објавуваа. Но на Дива ѝ е битен разговорот кој следеше. Шарламејн му врачи “магаре на денот” и елоквентно образложи зошто откажувањето на Адамс е неопходно. Ние како граѓани на Македонија можеме да го читаме од неколку аспекти. Еден е - како во сочувство со Црнците бидејќи слично како нив сме изложени на сите болести на белата супремација како што ја нарекува вујче Шарла. Но и како оние кои ги нанесуваат тие неправди…. Да не должиме: што кажа Скот Адамс, и како одговори дел од црната заедница на тоа.

  • Diva razgovori: Rambo Amadeus "Fokus je i dalje na proizvodnji nove muzike, to mi je uzbudlj

    DIVA: Kad sam počеla smišljati i koncipirati intervju, krenula sam u potpunosti uvjerena da će to biti razgovor prvično o muzici, njenoj ulozi u vašem životu. Na slušalicama ide poslednji album - Brod Budala na Apple, iz 2020te, izlistan kao jazz, i od nekog razloga iznenađena sam da se smijem na dovitljivost tekstova, kao što sam se smijala kad sam bila tinejđerka, nisu bajati, nitu ustajali sa starim istim doskočicama. Zvuče zrelo, vremeno, i svežo: Seri, seri, moj golube beli Serator pjesniku sere o rimi Gnjurcu o plimi, meteorologu o klimi Doktoru mlati o vakcini Inžinjeru kenja o mašini Gradjanima Nagasakija o Hirošimi Vojniku tupi o skraćenju Kurvi popuje o poštenju Popu metaniše o krštenju Generalu o unaprjedjenju Astronomu teoretiše o nebu Pekaru se miješa u lebu Slastičaru o baklavi Koliko mora oraha da stavi Oduvjek su mi bili tužni stari rokeri, koji uporno i tvrdoglavo se drže za rokera koji su bili u svojim 20ma. Drugi put kojim obično odu je - mijenjanje žanra ili kompletno mijenjanje karijere iz muzike u slikarstvo recimo. Što misliš, koja je formula uspješnih rokera nad 45-50 godina. Da ostanu relevantni, a da ne budu komični u tom pokušaju? RAMBO AMADEUS: Ne znam, zaista, ni kao adolescent nisam bio roker, više su me zanimali malo kompleksniji muzički žanrovi. Kao pubertetlija sam mislio da sam panker, ali nije me dugo držalo, Herbie Hanckonck, Keith Emerson, John MC laughlin i ekipa kkoja je svirala taj Jazz Rock bila mi je bliža srcu. Najbliže iz Rocka što sam iskreno volio je Album Wired od Jeff Beck - a. On ni danas ne djeluje komično. Takodje, mislim da su tekstovi , poezija, ono što popularnu, laku muziku čini dobrom, originalnom, ili banalnom s drudge strane. U lakoj, popularnoj muzici dakle, tekstovi su presudni, jer je muzika sastavljena od opštih mjesta. Tu je svakako važna i garderoba, ponašanje koje čine nekog muzičara komičnim ili ozbiljnim. Naravno, ima slučajeva kad se i banalnost i muzike i tekstova toleriše, ako protagonista javno zastupa humanističke stavove, ako upotrebljava svoju popularnost stečenu lakim notama da bi propagirao humanističke vrijednosti. S druge strane, nekada ništa ne pomaže. Naiskrenije, ne znam odgovor na vaše pitanje. Ne znam ni zašto bi se po svaku cijenu trebalo ostati relevantan. Mijenja se vrijeme, i kriterijumi, mislim da je nakomičnije kad se stalno prave neke estetske akrobacije da bi se zadržala pažnja auditorijuma. Nakon par minuta čeprkanja po informacijama o Rambo Amadus koji bi mi pomoglida se spremim,naletjela sam na "Nadkast podkast" - to je tvoji podkast, kojeg samo što počinješ. Mislim da to kaže dosta, da prvo nešto na što sam naišla je podkast, no i da sa tvojim gostovanjem u Agelastu, znači podkast, je bio medium preku kojeg sam ostala u neki virtualni kontakt sa Rambo Amadeusom, posebno u vrijeme pandemije, i s tim što sam u Skopju pa te ne mogu načekati na TV recimo. Prva epizoda “Nadkast podcasta” je krajem oktombra.Kakve su ti ambicije i planovi, s tim što podkasti su superpopularni i ta popularnost i publika još uvijek raste? Je li ti bilo teško pronaći se u ulozi onoga koji postavlja pitanja ili ti je bilo lako, kako neko koji je u navici da bude središte pažnje i da vozi priču, odnosno narativ? Bez brige, rijetko sam na televiziji i kod kuće, pa nisi ništa propustila. Moj fokus je na internetu, čim je profunkconisao, jer tu ne postoje urednici od čije dobre volje ili ukusa zavisi da li će se nešto emitovati i ili ne. Moj Podcast - Nadcast je zamišljen kao arhiv svih onih mojih gostovanja po drugim podcastima, tako da nije potrebno da mijenjam svoj način ophodjenja u medijima. I dalje to izgleda tako što drugi postavljaju pitanja meni, samo što se sve arhivira na jednom mjestu. Nemam neke strašne abicije sa tim, fokus je i dalje na proizvodnji nove muzike, to mi je uzbudljivo, to me pali. Iskra ovog razgovora je koncert u Skoplju 9og Decembra: U makedonskoj filharmoniji nastupa ZJM Big Bend sa “Čudo na Balkanot” , pjesme Ramba Amadeusa u aranžmanu big benda…Čuvena je vaša ambicija da vam se pjesme sviraju na svadbama, kao znak da muzika je doživljela svoji vrhunac, u svojoj društvenoj funkciji. Sigurna sam da su prošla desetljeća otkako ste tu ambiciju ostvarili. Ali Big Bend? U toj konfiguraciji navikli smo gledati recimo Kesoviju, i slične dive i divove ex ju šlagera i evergreena, ali ne i rok zvijezde, posebno one koje su satirične, pa i zappoidne.. Ali taj genre bendingna globalnoj razini nije nešto novo ili neviđeno. .Vidjeli smo Sir Mixalota, Kendricka i druge ljude engleskog govornog područja kako nastupaju sa simfonijskim orkestrima. Radite li prvi put u ovoj konfiguraciji i postoje li nove lekcije i trenuci za glazbu koju stvarate i poznajete intimno? Kolko je bilo lako naći zajednički jezik, sa orkerstrom, dali si imao utisak da kontaju tvoje namjere i senzibilitet, i konačno smisao za humor? Čovjek što je stariji, želi da bude seriozniji, pa su i ambicije različite. Najozbilniji autori su sretni kad im se muzika emituje na dane žalosti. Moja muzika je uvijek bila bliža funku, fusionu, pa i jazzu nego roku, već sam radio nešto slično sa BIg bandom RTS a, tada sam binu dijelio sa Dadom Topićem i Vlatkom Stefanovskim. Pola mog benda je prošlo kroz Big Band, sve mi je to vrlo blisko. Radio sam i neoklasiku, klavirske koncerte, operu. Sasvim je logično da danas veliki ansambli, filharmonije, simfonijski orkestri angažuju autore i izvodjače popularne muzike, očigledno da to sa uspijehom puni dvorane, a valjda je i zanimljivo školovanim aranžerima i muzičarima da oblače popularnu muziku u nove aranžmane, daju im novi zvuk. Mislim da je u pitanju prirodan spoj, dobro je da veliki klasični ansabli nisu ostali hermetički zatvoreni samo za muziku koju je neko odredio prije 100 godina da bude klasična. Pa za 100 godina bi i moja muzika mogla postati klasična, ako joj damo priliku. Kad smo kod lekcija:pandemija nije prošla baš bezbolno za većinom.Izgubili smo šokantno puno ljudi , zapravo, baš u periodu kada je Balašević otišao, ti si bio u bolnici, zbog covida(zabrinut zbog tajminga:) ) Je li ti ova zanimljiva, pa i unikatna etapa (nema ništa novo pod suncem, kako što glasi pogovorka) - dala nešto vrijedno, kao osobi i umjetniku? Jesi li primijetio kako su umjetnici na internetu kanalizirali energiju i dobili zanimljive trenutke? Ili je to bio samo još jedna obična epizoda u životu Balkana, opterećen šokovima i poviješću? Izvukao sam nekoliko pouka. Prva, da volim činjenicu što sam muzičar, jer sam sebi dokazao da mogu radeći poslove koji nemaju veze s muzikom da živim mnogo luksuznije, i time razbio predrasudu da sam muzičar - putujući zabavljač jer ništa drugo ne umijem da radim. Čim su koncerti krenuli, obradovao sam se vraćanju na stage. Druga pouka, da je dobro imati nekoliko različitih zanata, da to čini čovjeka egzistencijalno sigurnijim u nepredvidjenim okolnostima krize. U krizi kultura prva strada, industrija hrane i energije nikad. Takodje, za vrijeme covida prilično je poraslo zanimanje za moju muziku, otkrio sam zanimljiv fenomen da u trenucima krize moja muzika mnogo više znači ljudima nego u nekim bezbrižnijim okolnostima, kada se radije okreću lakim notama i lakim temama. To saznanje mi je dodatno dalo krila da kreiram dalje. Definitivno moje su pjesme manje dopadljive na prvi pogled, ali im je duži rok trajanja, i otpornije su na krize. Kao neki stari tvrdi sir, koji nije atraktivan kao kolač, ali ima mnogo duži rok trajanja, i kad si baš gladan, radije ćeš jesti sir nego kolač. Kad smo već kod ničega novog pod suncem – sigurno nema puno pitanja koja nisu vam postavljena tokom decenijama…Ovo govorim približavajući se temi jedrenja koja je, čini se, jedna od tvojih velikih strasti? Što nalaziš na moru što te toliko privlači? More ne postavlja pitanja, niti kad sam na moru imam potrebu da nešto kažem. A ni kad se vratim sa mora, nemam potrebu da pričam kako je bilo. Baš kao što izbjegavam da govorim o ljubavi i sexu, tako nerado govorim o moru. Nekako imam utisak da mogu svojom pričom samo da narušim osjetljivu harmoniju. Ova pitanja šaljem odmah nakon ispada repera, dizajnera i od skoro predsjedničkog kandidata Kanyea Westa. Realnost slična Montyja Pythona, koju bi obično bi poslali u rubriku "zabava", no čini se da je odnio vrag šalu, a Kanye West destabilizirao je američku stvarnost, a time potencijalno i globalnu: pojavio se na Infowars podkast, sa crnom maskom, na licu i otvoreno izjavljivao ljubav prema Hitleru(zato što je izmislio mikrofon - rekao je) i nacistima. Sama činjenica da je u priču uključen američki predsjednik(reagirao je sa izjavom), bivši američki predsjednik(primio ga je na večeru), najbogatiji čovjek na svijetu i njegova društvena mreža Twitter (gdje 75 posto vijesti prvo izlazi i samim time ima nevjerojatnu kontrolu i moć): što možemo da kažemo sebi, za svijet čija je pozornica tako apsurdistički smiješna i zastrašujuće postavljena? Postoji li neka formula koju bismo mogli primijeniti na individualnom nivou, i donijeti malo stabilnosti i mira? Ili je formula - prepustiti se divljoj rijeci? Treba pogledati film IDIOCRACY, napravljen je kao komedija, ali zapravo je zlokobna slika današnje stvarnosti i bliske budućnosti. . Vlasnici novca su shvatili da raju treba zamajavati populističkim baljezgarijama, da bi ostali poslušni, radili za male pare i kupovali besmislice koje im se uvaljuju. Mediji služe za zatupljivanje ljudi, ili rasplamsavanje mržnje, da bi , u slučaju potrebe kapitala za ratom, bilo dovoljno ljudi koji će povjerovati u razloge za rat koji im se serviraju preko medija. Nadam se da će doći trenutak kada će ljudi prestati da vjeruju masovnim medijima, da će da shvate da mediji služe samo da zbunjuju, manipulišu i skreću temu sa onog što bi običnom radnom čovjeku bilo dragocjeno. Treba razumjeti da je besplatna informacija zapravo dezinformacija, manipulacija, laž, ili reklama. Nemam neki čarobni savjet šta da se radi. Ja lično volim da pitam prijatelje za savjet , ako je u pitanju hrana - nutricionistu, ako je u pitanju pravo - advokata , ako je u pitanju zdravlje - ljekara, ako je u pitanju novac - biznismena, ako je u pitanju neki lični problem - psihoterapeuta. Srećom , imam prijatelje u svim ovim branšama. Čovjek mora nekom da vjeruje, najbolji izbor je obrazovani prijatelj.

  • ОФФЕСТ - откажан!

    После исклучително тешките пандемиски години, за културњаците, тие наместо на спасувачки брод наидуваат на дополнителен шок: Министерството за култура годинава се чини ја извлече и последната нишка стабилност од тлото на оние кои го чуваат оганот на македонската култура од згаснување. Па така, ОФФЕСТ дојде до веројатно тешка одлука: да го откаже (про)летниот фестивал, кој вообичаено го означуваше почетокот на таа културна сезона. Скопскиот џез фестивал вели, без да се воздржува: ,,Доделените милион денари за ОФФест на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на ОФФест (предвиден од 7 до 10 јуни) како (повеќедневен) фестивал. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор. Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања, кои и со поддршката често ги имавме со Министерството за култура во изминатите години. Лани, на пример, вложивме жалба на 1 март, ОФФест се одржа на почетокот на јуни, а одговор на жалбата (се разбира негативен) добивме на 19 септември. Ние знаеме дека на овој конкурс имаме приложено исклучително квалитетни апликации и дека средствата што биле на располагање во оваа дејност не биле намалени во споредба со минатата година. Немаме намера да ја коментираме Годишната програма, која, според Законот за култура, ја донесе министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, ниту пак да се впуштаме во некакви споредбени анализи. Тоа е наполно бесмислено сè додека квантитетот на одобрените проекти е замена за оценката што е, а што не е, национален интерес во културата, според критериуми и квалитет, со конечно напуштање на популизмот и антиевропските политики во културата, присутни во Годишната програма. Од третманот на ОФФест, како и на есенскиот Скопски џез фестивал, кому, исто така, му се скратени средствата (за тоа во друга прилика), од актуелната министерка за култура веројатно не треба да бидеме изненадени. Особено ако ја имаме на ум нејзината изјава дека културните проекти во иднина ќе мора да водат повеќе сметка за својот „забавен карактер“. Во што ОФФест и Скопскиот џез фестивал очигледно тешко се вклопуваат. Но, не е наше да се бавиме со ликот и делото на министерката, заробени во скафандер, и со нејзиното педигре во културата. Се знае чија должност е тоа. Се разбира, еден министер за култура не мора да знае сè. Ништо - не е опција. Партијата, во улога на Господ, тука не може да помогне. Ако во конкретниот случај на министерката не ѝ се познати долгогодишниот програмски растеж и континуираниот висок квалитет на фестивалите како ОФФест и Скопскиот џез фестивал, јасно признаени кај нас, а уште повеќе во светот, има за тоа на дофат опсежни материјали во самото Министерство, како дел од апликациите по годишните конкурси и програмските и финансиски извештаи. На ОФФест му останува пријатната обврска да го реализира, заедно со уште 11 еминентни европски фестивали, четиригодишниот проект „Sounds of Europe”, поддржан од Европската Унија (преку програмата „Креативна Европа“). Овој проект, меѓу другото, ќе им овозможи гостување на македонските музичари на бројни европски сцени." Министерството за култура, пак од своја страна, ја објаснува и оправдува својата стратегија на распределување на парите со следниот резон: „Комисиите кои одлучуваа по пријавите по дејности, останаа доследни на принципите: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност за потребите на граѓаните, поддршка на младите и стимулирање на нивната креативност, поддршка на проекти наменети за деца, поддршка на културите на етничките заедници, поддршка на проекти за  ранливите и маргинализираните, како и принципот на родова еднаквост“

  • Пркосот на Салман Ружди (извадок)

    Ружди беше навикнат на настани како оној во Чаутаука. Тој имаше направено безброј читања, панели и предавања, дури и се сладеше со нив. Неговиот партнер на сцената, Хенри Рис, не баш. За да ги смири нервите, Рис зема длабок здив и се загледа во толпата. Беше смирувачки, сите тие пријателски лица во очекување. Потоа се слушна врева - брзи чекори, задишано брефтање, напрегање. Рис се сврте кон бучавата, кон Ружди. Маж облечен во црно, беше вдаден, целосно преку писателот. Отпрвин, Рис рече: „Мислев дека тоа е мајтап, некоја имитација на напад во навистина лош вкус, нешто како шамарот на Вил Смит“. Потоа здогледа крв на вратот на Ружди, крв течеше на позадината со знаците на Чаутаука. „Тогаш стана јасно дека таму има нож, но на почетокот се чинеше како само да го удира со тупаници. Во една секунда се вкочанив. Потоа се вдадов по типот. Инстинктивно претрчав и го соборив одзади и го држев за нозете“. Матар го прободел Ружди десетина пати. Сега тој се сврте кон Рис и го прободе и него, отворајќи му рана над окото. Лекар кој појадуваше со Ружди тоа утро седеше на коридор, во вториот ред. Тој стана од своето место, се стрча по скалите и се упати кон турканицата. Подоцна, лекарот, кој ме замоли да не го користам неговото име, рече дека е сигурен дека Рис, со соборувањето на Матар, помогнал да се спаси животот на писателот. Државен војник од Њујорк, му стави на Матар лисици и го изведе од сцената. Ружди беше на грб, сè уште свесен, крвареше од убодни рани на десната страна на вратот и лицето, левата рака и стомакот веднаш под ребрата. Сега, еден пожарникар беше покрај Ружди, заедно со четворица лекари - анестезиолог, радиолог, интернист и акушер. Двајца од лекарите ги држеа нозете на Ружди нагоре за да го вратат протокот на крв во телото. Пожарникарот ја држеше едната рака на десната страна од вратот на Ружди за да го спречи крварењето, а другата рака во близина на окото. Пожарникарот му рекол на Ружди: „Не трепкај со окото, се обидуваме да го запреме крварењето. Чувајте го затворено.” Ружди реагираше. "О.К. Се согласувам“, рече тој. "Разбирам." Левата рака на Ружди тешко крвареше. Со помош на ножици, еден од лекарите му го отсекол ракавот од јакната и се обидел да ја затвори раната со чисто марамче. За неколку секунди, марамчето беше заситено, крвта прскаше „како свет пекол“, се сеќава докторот. Некој му подаде еден куп хартиени крпи. „Ги стискав марамчињата колку што можев посилно“. „Што се случува со мојата лева рака? - изјави Ружди. „Толку многу боли!“ Во близина на неговиот лев колк се ширеше локва крв. Пристигна амбулантата од прва помош., болничарот го закачи Ружди за инфузија и го спуштија на носилка. Тие го изведоа од амфитеатарот и го качија на хеликоптер, кој го префрли на трауматологија, на второ ниво, Хамот, дел од Медицинскиот центар на Универзитетот во Питсбург, во Ири, Пенсилванија. Ружди патувал сам до Чаутаука. Назад во Њујорк, неговата сопруга Рејчел Елиза Грифитс добила повик околу пладне кој и́ соопштил дека нејзиниот сопруг бил нападнат и дека е на операција. Таа брзајќи организирала лет до Ири, за да стигне до болницата. Кога таа пристигна, тој сè уште беше во операционата сала. Во Чаутаука, луѓето шетаа наоколу запрепастени. Како што ми рече еден од лекарите што се качија на сцената за да му помогнат на Ружди, „Чаутауква беше единственото место каде што се чувствував потполно удобно. Еден момент, тоа беше како сон. И тогаш не беше. Немаше никаква смисла, а потоа ја имаше сета смисла во светот“. Ружди беше хоспитализиран шест недели. Во месеците по неговото отпуштање од болницата, тој главно остана дома, освен за посетите на лекарите, понекогаш по два или три на ден. Тој живееше без обезбедување повеќе од две децении. Сега мораше да го преиспита тоа. Непосредно пред Божиќ, во студено и дождливо утро, пристигнав во канцеларијата на Ендрју Вајли, литературниот агент на Ружди во центарот на градот, каде што се договоривме да се видиме. По некое време слушнав како се отвора вратата од агенцијата. Ружди, со акцент што носи траги од сите негови градови - Бомбај, Лондон, Њујорк - ги поздравуваше агентите и асистентите, луѓе што ги немаше видено многу месеци. Глетката како се пробива низ ходникот беше запрепастувачка: изгуби повеќе од четириесет килограми од прободувањето. Десната леќа на неговите очила е поцрнета. Нападот го остави слеп во тоа око, а сега обично чита на iPad за да може да ја прилагоди светлината и големината на буквите. На десната страна од неговото лице има лузни. Зборува течно како и секогаш, но долната усна му се спушта на едната страна. Улнарниот нерв во левата рака беше тешко оштетен. Ружди го соблече палтото и се смести на столот спроти бирото на неговиот агент. Прашав како е со духот. „Па, знаеш, сум бил подобро“, рече тој суво. „Но, со оглед на тоа што се случи, не сум толку лошо. Како што можеш да видиш, големите повреди се излечени, во суштина. Имам чувство во палецот и показалецот и во долната половина на дланката. Правам многу физикална терапија со раце и ми рекоа дека ми оди многу добро“. „Можеш ли да типкаш?“ „Не многу добро, поради недостаток на чувство во врвовите на прстите на овие прсти“. Што е со пишувањето? „Само пишувам побавно. Но, ќе биде“. Спиењето не беше секогаш лесно. „Имаше кошмари - не токму инцидентот, туку само застрашувачки. Се чини дека и тие се намалуваат. Добро сум. Можам да станам и да одам наоколу. Кога велам дека сум добро, мислам, има делови од моето тело на кои им требаат постојани прегледи. Тоа беше колосален напад“. Повеќе од еднаш, Ружди погледна низ канцеларијата со насмевка. „Одлично е да се биде назад“, рече тој. „Место кое не е болница, каде што најчесто бев. И да се биде во оваа агенција е - доаѓам овде со децении и тоа ми е многу познат простор. И да можам да дојдам овде да зборуваме за литература, да зборуваме за книги, да зборувам за овој роман, „Градот на победата“, за да можам да зборувам за она што ми е најважно. . .“ На овој состанок и во последователните разговори, почувствував спротивставени инстинкти кај Ружди кога одговараше на прашањата за неговото здравје: имаше инстинкт да се продолжи понатаму - да се зборува за литературни работи, неговата книга, сè освен повеќедецениската фатва и сега напад - но и инстинкт да се биде апсолутно искрен. „Постои нешто како P.T.S.D., знаете“, рече тој по некое време. „Ми беше многу, многу тешко да пишувам. Седнувам да пишувам и ништо не се случува. Пишувам, но тоа е комбинација од празнина и ѓубре, работи што ги пишувам и што ги бришам следниот ден. Сè уште не сум излезен од таа шума, всушност“. Тој додаде: „Едноставно никогаш не сум си дозволил да ја користам фразата „писателска блокада“. Секој има момент кога нема ништо во твојата глава. И мислиш, Ех, па добро, никогаш нема да има ништо. Една од работите во врска со тоа што имаш седумдесет и пет години и имаш напишано дваесет и една книга е тоа што знаеш дека, ако продолжиш да се обидуваш, нешто ќе надојде“. Дали тоа се случи во изминатите месеци? Ружди се намурти. „Не баш. Мислам, се обидов, но не баш“. Само во последно време „штотуку почна да го чувствува враќањето на соковите“. Како да продолжиш да живееш откако мислиш дека си излегол од години на закана, осуда и смртна опасност? И сега, како да се опоравиш од нападот што дошол на неколку милиметри да ве убие, и да се обидете да живеете, некако, како никогаш да не е можно да се повтори? Изгледаше благодарен за психотерапевтот кој го посетувал, уште пред нападот, терапевт „кој има многу работа да заврши. Тој ме познава и ми помага многу, а јас само разговарам за работите“. Разговорот беше очигледно во служба на долготрајна резолуција. „Секогаш многу се трудев да не си ја присвојам улогата на жртва“, рече тој. „Тогаш само си седиш и си велиш: Некој зари нож во мене! Кутриот јас. . . . Што понекогаш навистина го мислам“. Тој се насмеа. "Боли. Но, она што не мислам е: - тоа е она што сакам да мислат луѓето кои ја читаат книгата .Сакам да бидат затекнати од приказната, да бидат понесени“. Пред многу години, се сеќава тој, имаше луѓе на кои се чинеше дека беа уморни од неговото упорно постоење. „На луѓето тоа не им се допадна. Затоа што требаше да умрам. Сега, кога речиси умрев, сите ме сакаат. . . . Тоа беше мојата грешка, тогаш. Не само што живеев туку се трудев да живеам добро. Голема грешка. Здобиј петнаесет убоди - многу подобро“. Додека лежеше во болница, Ружди добиваше безброј пораки и мејлови кои изразуваа љубов, и со желби за закрепнување. „Бев во целосен шок“, ми рече Чимаманда Нгози Адичи, нигериската романсиерка. „Едноставно не верував дека тој сè уште е во вистинска опасност. Два дена бдеев, испраќав пораки до пријателите ширум светот, пребарував на Интернет за да се уверам дека тој е сè уште жив“. Во негова чест имаше читање на скалите на Јавната библиотека во Њујорк. За некои писатели, шокот им доведе одредени прашања во строг фокус. „Нападот врз Салман ми разјасни многу работи“, ми рече Ајад Ахтар. „Знам дека имам многу посветла линија што си ја повлекувам, меѓу потенцијалните штети на говорот и слободата на имагинацијата. Тие се несоодветни и не треба да се ставаат во ист пасус“. Ружди беше со разбуричкани чувства, од почитта што ја инспирираше неговата приближна смрт. „Знаеш, многу е убаво што сите беа толку трогнати од ова?“ - рече.тој „Никогаш немав размислувано, за тоа како луѓето ќе реагираат доколку бидам убиен, или речиси убиен“. А сепак, тој рече: „Јас сум среќен. Она што навистина сакам да го кажам е дека моето главно преплавувачко чувство е благодарноста“. Тој беше благодарен на оние кои ја покажаа својата поддршка. Беше благодарен на лекарите, на болничарите во амбулантното возило, и пожарникарот во Чаутаукуа кој му ги притиснал раните и им беше благодарен на хирурзите во Ири. „Во одреден момент, би сакал да се вратам таму и да им се заблагодарам“. Тој, исто така, беше благодарен на своите два возрасни синови, Зафар и Милан, кои живеат во Лондон, и на Грифитс. „Таа ги презема работите во свои раце, во момент кога јас бев беспомошен“. Таа се справуваше со лекарите, полицијата и инспекторите и со транспортот од Пенсилванија до Њујорк. „Таа едноставно презеде сè, како и емоционалниот товар од тоа што речиси ќе бев убиен.“ Дали мисли дека е грешка што го спушти гардот, откако се пресели во Њујорк? „Па, јас си го поставувам тоа прашање и не го знам одговорот на тоа“, рече тој. „Имав повеќе од дваесет години живот. Значи, дали е тоа грешка? Исто така, напишав многу книги. „Сатански стихови“ беше мојата петта објавена книга - четвртиот објавен роман - а ова е мојата дваесет и прва. Така, три четвртини од мојот живот како писател се случија од фатвата. На некој начин, не можете да жалите за својот живот“. Кого тој го обвинува за нападот? „Го обвинувам него“, рече тој. Некој друг? Дали беше разочаран од обезбедувањето во Чаутаука? „Се обидов со многу напор низ текот на годините, да избегнам меѓусебни обвинувања и огорченост“, рече тој. „Едноставно мислам дека не изгледа добро. Еден од начините на кои се справив со целата оваа работа е да гледам напред, а не назад. Она што ќе се случи утре е поважно од она што се случи вчера“. Објавувањето на „Градот на победата“, тој појасни, беше неговиот фокус. Тој е заинтересиран да види како ќе биде прифатен романот. Дали ќе се гледа низ призмата на прободувањето? Тој се потсети на „бранот на сочувство“ што дојде со „Сатански стихови“, колку се зголеми продажбата со фатвата. Тоа се повтори откако минатото лето беше избоден речиси до смрт. Тој е желен, секогаш, да зборува како новиот роман е втемелен во индиската историја и митологија, како се забрзал процесот на пишување, исто како што беше со „Децата на полноќ“, откако го најде гласот на неговиот главен лик; како книгата може да се чита како алегорија за злоупотребата на моќта и проклетството на секташтвото - двојните клетви на Индија под нејзиниот сегашен премиер, хинду врховистот Нарендра Моди. Но, уште еднаш, знае Ружди, неговиот нов роман ќе мора да се натпреварува за внимание, со грдотијата на реалниот живот. „Се надевам дека до одреден степен тоа може да ја промени темата. Отсекогаш мислев дека моите книги се поинтересни од мојот живот“, рече тој. „За жал, светот се чини дека не се согласува“. Хади Матар е притворен во окружниот затвор Чаутаука, во селото Мејвил. Тој е обвинет за обид за убиство од втор степен, што може да донесе дваесет и пет години затвор; тој е обвинет и за напад од втор степен, за нападот врз Хенри Рис, кој може да донесе дополнителни седум. Судењето најверојатно нема да се одржи до следната година. „Тоа е релативно едноставен настан кога ќе размислиш за тоа“, ми рече Џејсон Шмит, окружниот обвинител во округот Чаутаука. „Знаеме дека ова беше однапред испланиран, неиспровоциран напад од поединец кој немал претходна интеракција со кривично-правниот систем“. Работата на обвинителот несомнено е олеснета со фактот што имаше стотици сведоци на злосторството. Матар го застапува Натаниел Бароне, јавен бранител. На судското рочиште недолго по прободувањето, Барон го придружуваше Матар, кој носеше лисици, маска за лице и затворска облека со широки црно-бели риги. Косата и брадата на Матар беа кусо исечени. Тој кажа многу малку, освен неговото изјаснување - за невин. Барон, облечен во костум и вратоврска, застана покрај својот клиент. Изгледа дека нема илузии. Кога му предложив дека има речиси невозможен случај, тој не го оспори тоа: „Речиси сите до човек велат:: „Каква е одбраната на овој човек? Сите го видоа како го направи тоа!“, Бароне рече дека има стотици вештаци во досието, и дека ќе се консултира со некои од нив за прашања од психологија и радикализација. Тој, исто така, посочи дека би можел да ја оспори прифатливоста на интервјуто на Матар за Њујорк Пост, велејќи (без да обезбеди никакви докази) дека тоа е веројатно добиено под лажни изговори. (Њујорк Пост рече дека нејзиниот новинар се идентификувал и дека „г-дин Матар апсолутно разбрал дека зборува со новинар“.) Не е познато дали Матар дејствувал под нечие туторство или инструкции, но иранските државни медиуми го изразуваа своето одобрување многукратно - за неговиот обид да го убие Ружди. Само минатиот месец, Хосеин Салами, шефот на Исламската револуционерна гарда, рече дека Матар постапил „храбро“ и предупреди дека персоналот на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, кој беше нападнат од муслимански екстремисти во 2015 година, треба да размисли за „судбината “ на Ружди ако продолжи да се исмева со ајатолахот Хомеини. Што се однесува до мајката на Матар и нејзините забелешки за печатот за неговото однесување и нивната нарушена врска, Бароне воздивна и рече: „Очигледно, секогаш е загрижувачки кога ќе видите опис од мајката за вашиот клиент што може да се протолкува на негативен начин“. Тој не ги оспори нејзините забелешки. Барон се сретнал со Матар во неговиот блок на келии и го доживеа како кооперативен. „Немав апсолутно никакви проблеми со г-дин Матар“, рече тој. „Тој беше срдечен полн со почитување, отворено разговараше со мене. Тој е многу искрен млад човек. Тоа би било како да се запознаете со кој било млад маж . Нема ништо што го издвојува“. Матар е во блокот келии наречен „приватната зона“. Тој поминува голем дел од своето време читајќи го Куранот и други материјали. „Се запознавам со него, но не е лесно“, рече Бароне. „Реалноста на седење во затвор, затворен - лесно е да се нема надеж. Лесно е да мислите дека работите нема да ви појдат од рака. Но, јас им велам на клиентите дека треба да имате надеж“. Тој ме увери дека Матар „не го сфаќа ова лесно. Некои луѓе едноставно не се грижат за работите“. Дали искажува каење? Барон одговори дека не може да каже „во овој момент“. Ружди ми кажа дека го смета Матар за „идиот“. Тој застана и, свесен дека тоа не е некоја опсервација, рече: „Не знам што мислам за него, бидејќи не го познавам“. Имам избледено чувство дека писателот се бори со лик - и човечко суштество што се бори со непријател - кој е упорни и фрустрирачки испарлив. „Се што видов е неговото идиотско интервју во Њујорк Пост. Што само идиот би го направил. Знам дека судењето е уште многу далеку. Тоа може да се случи до крајот на следната година. Претпоставувам дека тогаш ќе дознаам нешто повеќе за него“. Ружди ги помина изминатите месеци опоравувајќи се. Тој изгледа огромна порција од „срање телевизија“. Не можеше да најде нешто или некој да му се допадне во „Белиот лотос“ („Грозно!“) или во документарецот на Нетфликс за Меган и Хари („Баналноста на сето тоа!“). Сепак, Светското првенство беше големо задоволство. Тој беше воодушевен од напредокот на Мароканците и надприродните настапи на Французинот Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси, и беше трогнат од поддршката што ја покажаа играчите за протестите во Иран, за кои се надева дека може да биде „пресвртна точка“ за режимот во Техеран. Се разбира, нема да има литературна турнеја за „Градот на победата“. Но, сè додека неговото здравје е добро и безбедноста е осигурана, тој се надева дека ќе оди во Лондон на отворањето на „Хелена“, неговата драма за Елена Тројанска. „Ќе ти кажам навистина искрено, не размислувам долгорочно“, рече тој. „Размислувам за малку, чекор по чекор. Само мислам, Bop till you drop“.(*референца на албум на Рај Кудер) Кога ја допревме темата неколку недели подоцна, во разговор преку Зум, тој рече: „Немам што друго да правам. Би сакал да имам втора вештина, но не. Отсекогаш им завидував на писателите како Гинтер Грас, кој имаше втора кариера како визуелен уметник. Мислев колку е убаво да поминеш еден ден борејќи се со зборови, а потоа да станеш и да одиш по улицата до твоето уметничко студио и да станеш нешто сосема друго. Јас го немам тоа. Значи, се што можам да правам е ова. Сè додека има приказна за која мислам дека вреди да и дадам време, тогаш ќе го направам тоа. Кога имам книга во мојата глава, како остатокот од светот да е во својот правилен облик“. „Депресивно е“ кога се мачи на своето биро, признава тој. Се прашува дали ќе дојдат приказните. Но, тој сè уште е таму, вложува време. Ружди погледна околу своето биро, гестикулираше на книгите што ги обложуваат ѕидовите на неговата работна соба. „Чувствувам дека се́ е во ред. кога седам овде и имам за што да размислувам“, рече тој. „Бидејќи тоа го презема од надворешниот свет. Се разбира, внатрешниот свет е поврзан со надворешниот свет, но, кога сте во чинот на создавање, тој презема од сè друго. Засега ја остави настрана идејата за роман инспириран од Кафка и Ман и размислува за своевидно продолжение на „Џозеф Антон“. Отпрвин, тој беше иритиран од идејата, „затоа што се чувствував речиси како да ме натераа - нападот бараше да пишувам за нападот“. Меѓутоа, во последниве недели, идејата зема замав. Книгите на Ружди се склони да бидат продукции во голем обем, но за да напише за нападот во Чаутауква, настан што се случи вонеколку секунди, тој замислува нешто повеќе „микроскопско“. И гласот би бил поинаков. Малку дистанцираниот глас во трето лице што го употреби „Џозеф Антон“ изгледа погрешно за задачата. „Ова не ми изгледа како трето лице“, рече Ружди. „Мислам дека кога некој ќе ти забие нож, тоа е приказна во прво лице. Тоа е приказна за „јас“. ♦︎ Дејвид Ремник е уредник на „Њујоркер“ од 1998 година и писател дел од персоналот од 1992 година. Тој е автор на „Мостот: Животот и подемот на Барак Обама“. ♦︎ Извадок од профил на Дејвид Ремник "Пркосот на Салман Ружди"

  • „Преку нивните фотографии сакам да им дадам на жените шанса да зборуваат сами за себе“ (галерија)

    „Преку нивните фотографии сакам да им дадам на жените шанса да зборуваат сами за себе и да избегнат заблуди и погрешни толкувања, за овие делови од општеството кои се недоволно застапени - особено во западните медиуми. Сакав да фрлам малку светлина и увид во срцата и умот на младите девојки, овие девојки кои носат тешки обврски, како што е чувари на Куранот.Мојот проект го следи секојдневниот живот на ученичките во голем број од овие училишта и го покажува не само нивното патување да станат хафизи , туку и како тие истовремено ги задржуваат соништата и авантуристичката природа на младите жени на нивна возраст. Исто така, ги истражува нивните практики за кршење правилата и забавата на училишниот живот кога не учат. Проектот ми даде шанса да се видам како што бев тогаш.“ - Сабиха Чимен Од Ерен Орбеј 4 февруари 2023 година Фотографии на Сабиха Чимен / Магнум Првата фото-книга на Сабиха Чимен, „Хафиз“, започнува со портрет на деветгодишно дете по име Aтиџе, кое се обидува да го рецитира Куранот напамет. Таа носи виолетов хиџаб, и седи спроти партнерката за учење, слично забрадена, во училница во Истанбул, со лактот потпрен на покривка за маса со туфници, ист како тапетите зад неа. Како и скоро сите субјекти на Чимен - млади Муслиманки запишани во женските курански училишта во Турција - двојката некако проектира и несташлук и дисциплина. Атиџе го потпира своето лице на левата рака и му дава на гледачот непријатен поглед, фрустрирана можеби исто толку од досадата што доаѓа со нејзината задача, како и од прекинот на фотографот. Нејзината соученичка, држејќи ја отворена светата книга и следејќи со синот молив, не и́ нуди на камерата ниту еден поглед. „Хафиз“ е арапски термин што значи „чувар“ или „заштитник“. Тоа е, исто така, честа резервирана за студентите кои, како Атиџе, ги посветуваат на своето сеќавање сите шестотини и четири страници од Куранот. Обичајот датира од времето на пророкот Мухамед. Поголемиот дел од Арабија бил неписмен - вклучително, според исламската вера, и самиот Мухамед - така што зачувувањето на светиот збор за идните генерации беше должност и одикување што им припаѓаше на хафизите. По смртта на пророкот, калифот Абу Бакр ја составил првата пишана верзија на откровенијата од фрагменти од стихови кои биле врежани на листови од урма и коски од камила. Но, усната традиција, која во значителен дел ја носат жените, опстојува подолго од еден милениум. Само во Турција, повеќе од сто илјади девојчиња поминале низ училиштата за хафиз од седумдесеттите. За многумина од нив, забележува Чимен во воведот на нејзината книга, двете или три години поминати таму ќе бидат единственото формално образование. Чимен, самоука фотографка, беше испратена во едно такво училиште, во Истанбул, со нејзината сестра близначка, во 1998 година. Сега во своите триесетти години, таа го привикува искуството со жестока носталгија што многу Американци ја резервираат за спомени од летни кампови . Во „Хафиз“, таа се сеќава на неповторливото „игралиште на имагинацијата“, каде што ѕидовите се препотуваа „од здивот на девојките внатре“, а студентските домови „баздеа на скалпови“ кога студентите ги симнуваа марамите на крајот од денот. Секое утро, будејќи се со пеењето на муезинот, девојките брзаа повторно да ги дотераат своите глави, држејќи „остри челични шноли“ меѓу забите, за да ги ослободат рацете и повремено голтајќи ги шноличките додека беа расеани. (Подоцна, пишува Чимен, девојките ги исфрале „со помош на пире од компири“.) Во градините, за време на паузите за учење, соученичките на Чимен правеле од птичји пердуви, обележувачи за нивните Курани или ставале топли камења во нивните џебови за да го „почувствуваат Сонцето“. Во 2017 година, речиси две децении по напуштањето на училиштето, Чимен се врати со половна камера Хаселблад. Во текот на следните неколку години, таа бесчујно ги следеше младите Муслиманки во слични институции низ Турција. „Хафиз“ собира деведесет и девет нејзини портрети, снимени на филм со среден формат, во еден вид посредничка автобиографија, опишувајќи ги авантурите и мелодрамите на девојките од „ретко виден и често погрешно разбран сегмент од општеството“. Дење, учат на богатиот вез на молитвените килими, во застарената флуоресценција на училниците и во засенчените ќошиња на ходниците. Тие ги потпираат своите свети книги на 'рѓосани радијатори, катедри кои се високи до колена и на избледените постелнини, страниците отворени, писмото осветлено од снопови на сончева светлина. Неколку од субјектите на Чимен позираат за формални портрети со ставови на научна гордост. (Некои Муслимани сметаат дека е несоодветно да се крева гласот или дури и да се прекрстат нозете во присуство на хафиз.) Други го сомелуваат помното испитување на камерата, криејќи се под масите и зад металните шкафчиња, ги заштитуваат лицата со малите дланки и розов чад, инаку повлекувајќи се во осаменоста на нивните студии. Една снимка, незабележителна на прв поглед, покажува само бледи прсти на ученичката, распослани преку навидум празните страници од нејзиниот Куран, но кој таа го чита на Брајово писмо. Чимен не се плаши од ригидноста што ги дефинира овие рутини. Девојките земаат абдест и се молат пет пати на ден. За време на нивните менструални циклуси,, кога се обесхрабруваат да го допираат Куранот, тие сортираат мувлосани лимони во трпезаријата. „Хафиз“ ги прикажува и мрачните ентериери во кои девојките ги извршуваат своите домашни обврски и неуреденоста која е надвор, кога ја игнорираат берат овошје како смокви или се наведнуваат да го излапаат црвеното месо од лубеницата што експлодирала на улицата. Иако таблоата се честопати пригушени и монохроматски, субјектите покажуваат тврдоглава индивидуалност, носејќи бледо розеви куфери и собирајќи гуми за бришење во форма на овошје. Сликите посветуваат посебно внимание на нивните разновидни и шарени чевлички. Девојки со марами играат школка, на бетонско игралиште, облеано од дожд, сините набори на нивните наметки се издигнуваат за да откријат обувки кои изгледа дека можеби се Док Мартинс и Ер Џорданс. На еден од портретите на ролери, девојка со ангелско лице стои рамнодушна во сина покривка и црна абаја, која ги покрива само врвовите на нејзините розови ролери. Меѓу нејзините соученици во училиштето за хафиз, Чимен се сеќава на еднакво разнолика екипа. Имаше „скршени девојки со мртви лица“, „тврдокорни девојки кои ги тероризираа ходниците“, девојки кои не можеа да го научат Куранот „без разлика што и да направеа“ и „мали банди на девојчиња, кои ќе се формираа и распаднеа од причини кои никогаш не ги дознавме“ Во Турција, пред само една деценија беше укината долгогодишната забрана за забулување во државните институции. Како тинејџерка, Чимен ги одложила сопствените планови за на факултет, за да не мора да ја тргне марамата. (Подоцна, таа се здоби со диплома, после додипломските студии по трговија и економија, по што следеше диплома за културни студии.) Во херметичкиот свет на „Хафиз“, неколку фотографии целосно го признаваат сеништето на„ вестернизацијата“ . Еден исклучок е фотографија од исечоци на ѕид од училница, со црвени ознаки „Х“ ставени под оние на кои се прикажани жени во недоволно скромна облека. За многу од субјектите на Чимен, хиџабот наликува на секоја друга обична училишна униформа, не поограничувачка од кошула со јака или карирано здолниште. За други, пак, облеката сугерира груба индукција во реалноста на зрелоста. Во текот на „Хафиз“, Чимен ги драматизира патувањата на девојчињата од невиноста до искуството, со креативна употреба на страници на преклоп.. Секвенцата која најмногу ќе прогонува покажува жртвено животно фотографирано одблиску, со матирано крзно и застаклено око, проследено со фотографија од крвав камен. Во книгата, овие слики се скриени на позадината на страниците што ја прикажуваат осумгодишната Елиф, на нејзиниот прв училишен ден. На левата страна, таа е фотографирана без марама, како стои со проретчена четка пред фреска на отворено и гледа запрепастено, како суштеството на страницата на опачината. На десната страна, затворањето на втората врата ја открива Елиф на истото место, сега забрадена, но , во нејзиниот фустан со шари, непрепознатлива. Ѕверката е убиена, четката пораснала здивена, а Елиф излегува од рамката со спуштен поглед, носејќи го својот Куран.

  • ТОЈ БЕШЕ ТОМ ВЕРЛЕН: „Да бев момче, ќе бев тој”

    PS ТОЈ БЕШЕ ТОМ ВЕРЛЕН Од Пети Смит за Њујоркер 30 јануари 2023 година Се разбуди со звукот на водата што капеше во за’рѓаниот мијалник. Улиците долу беа искапени во средновековна месечева светлина, одекнувајќи тишина. Лежеше таму борејќи се со ужасот на убавината, додека ноќта се одвиткуваше како кинеска преграда. Лежеше треперејќи, закован од треперливите движења на вонземјаните и ангелите додека се формираа зборовите и мелодиите на „Marquee Moon“, капка по капка, нота по нота, од состојба на мирна, но злобна возбуда. Тој беше Том Верлејн, а тоа беше неговиот процес: префинето измачување. Роден како Томас Џозеф Милер, израснат во Вилмингтон, Делавер, го напуштил својот родителски дом и го излупил своето име, отфрлена кожа свиткана во аголот на скромната гаража меѓу купишта користени климатизери кои го барале постојаното професионално внимание од неговиот татко. Имаше хокејски стапчиња и велосипед и купишта стари весници на Том расфрлани во задниот дел, покриени со сенишни контури на искривени предмети; тој ќе ги прегазуваше лимените конзерви додека не се сплескаат, едвај препознатливи, а потоа ќе ги попрскаше со златна боја, неговите дводимензионални скулптури, секоја од нив претставуваше восхитена музичка фраза. Во средно училиште свирел на саксофон, прифаќајќи ги Џон Колтрејн и Алберт Ајлер. Тој играл и хокеј, а кога летечкиот пак, му ги избил предните заби, тој беше должен да го остави саксофонот и да се посвети на електричната гитара. Тој живееше дваесет и осум минути од местото каде што израснав. Можевме лесно да залутаме во истата Вава на границата Вилмингтон-Јужен Џерси во потрага по Јо-Ху или Тејстикејкс. Можеби сме се сретнале: две црни овци, на некој рурален  потег, секој  од нас носи книги со поезијата на француските симболисти - но тоа не се случи. Дури во 1973 година, на улицата Источна десетта, спроти црквата Свети Марко, каде што ме запре и ми рече: „Ти си Смит“. Тој имаше долга коса, а ние се приметивме еден со друг, и двајцата ја одгласувавме иднината, обајцата носевме облека што тие повеќе не ја носеа. Го забележав начинот на кој неговите долги раце висеа, и подеднакво долгите и убави дланки, а потоа тргнавме секој по својот пат. Така, до Велигденската ноќ, 14 април 1974 година. Лени Кеј и јас фативме ретко такси возење од театарот Зигфелд откако ја видовме премиерата на „Дами и господа: Ролинг Стоунс“, директно до Бовери, за да гледаме нов бенд наречен Television. Клубот беше CBGB. Имаше само неколкумина присутни, но Лени и јас веднаш бевме обземени со него, со масата  за билјард и тесниот бар и ниската бина. Она што го видовме таа вечер беше наша рода, нашата иднина, совршено спојување на поезија и рокенрол. Додека го гледав Том како свири, си помислив, да бев момче, ќе бев тој. Одев да ги  гледам Television секогаш кога тие свиреа, најмногу за да го видам Том, со неговите бледо сини очи и врат како лебед. Наведната глава, држејќи го својот Џезмастер, пуштајќи лелави облаци, чудни улички населени со ситни луѓе, убиство на врани и плач на птици модрици кои итаат низ репликата на вселената. Сето тоа преточено низ неговите долги прсти, давејќи го вратот на гитарата. Во текот на следните недели, се зближивме. Додека шетавме по градските улици, импровизиравме тековни приказни, нашите сопствени „Арапски ноќи“. Откривме дека и двајцата ги сакаме делата на ерменскиот американски композитор Алан Ховханес, а наше омилено дело е „Молитва на Свети Григориј“. Испитувајќи ги меѓусебно сопствените полици за книги, бевме изненадени кога откривме дека нашите книги се речиси идентични, дури и оние од автори кои тешко се наоѓаат. Косери, Хедајат, Тутуола, Мрабет. И двајцата бевме независни книжевни извидници, во ситуација да ги споделиме нашите тајни извори. Тој ждереше поезија и крофните на Ентенман прекриени со темно чоколадо, ги голташе со кафе и цигари. Понекогаш изгледаше сонливо и далечно, а потоа одеднаш се кршеше од смеа. Тој беше ангелски, но помалку демонски, стрип лик, со милост на дервиш. Тогаш го познавав. Сакавме да се држиме за раце и да поминуваме часови прелистувајќи ги полиците на Flying Saucer News и да одиме на Четириесет и осмата улица и да гледаме по излози гитари што никогаш не би можел да си ги дозволи и да се возиме на траектот Стејтен Ајленд после три сета во CBGB и да се качуваме на шест катови до станот на Единаесетата Ист улица, и лежејќи заедно на душек, гледајќи во таванот и ослушнувајќи го дождот а слушавме нешто друго. Немаше никој како Том. Тој поседуваше детска дарба да преобрази капка вода во поема која некако се престори во музика. Во неговите последните денови тој ја имаше несебичната поддршка од посветените пријатели. Бидејќи немаше деца, тој ја прими со добредојде љубовта што ја доби од мојата ќерка Џеси и мојот син Џексон. Во неговите последни часови, гледајќи го како спие, патував назад во времето. Бевме во станот, и тој ми ја скрати косата, а некои парчиња штрчеа вака и онака, па ме нарече Вингхед. Во годините што следеа, едноставно Винг. Дури и кога станавме постари, секогаш Винг. А тој, момчето кое никогаш не порасна, се крева над Омега, златна нишка во живописната виолетова светлина. ♦︎

  • Дива разговор: Стив Албини одбива да слуша “националистичко ѓубре”

    Нема многу музички ентузијасти како што нема ниту музичари кои не го знаат креативното портфолио на Стив Албини. Револуционерно и иновативно не е преувеличување на твоето професионално резиме, на твоето животно дело. Го кажувам тоа за да кажам дека мојата работа да најдам прашања кои не биле прашани порано, не е лесно и може да биде ограничувачко, ОСВЕН доколку си саунд инженер, или студента музички инженеринг. Можеби го „изгубивме“ Фил Спектор, имаме тебе да зборуваме за ангуларниот звук, доколку треба да го направиме тоа…. ЗА ПРЕЖИВУВАЊЕ НА ПАНДЕМИЈАТА Стив Албини: За време на пандемијата, светот на сите се собра, сите ние бевме повеќе во нашите домови и глави и јас не сум ништо поразличен. Искористив нешто од присилното време на мирување да работам во домашната столарска работилница, да правам мебел и корисни нешта за куќата, поминав повеќе време во градината, тој тип на работа. Бендот во кој што сум, Shellac, секогаш беше тивка афера, немаме изискувачки распоред. Бевме во можност да одржиме неколку турнеи во 2022, и додека беше супер што можевме сето тоа да го направиме, турнеја под Ковид протоколи не е ни оддалеку забавна како што порано беше. Тој саат на сцена е супер, но остатокот од времето се чувствуваш екстремно притеснет, од она што е безбедно, а што не е. ЗА БЕНДОВИТЕ, ПРОДУЦИРАЊЕТО И ЕВОЛУЦИЈАТА НА ШЕЛАК. Стив Албини: Ако ја дефинираме „продукцијата“ на специфичен начин, што значи да ги правиме сите сонични и уметнички одлуки за одреден албум тогаш да, мислам дека е најдобро луѓето да си ја продуцираат сопствената музика. Често има ситуации каде бендот не знае кој е опсегот на можности за одреден звук или техника, и во тие случаи помага да имате искусен инженер кој може да им покаже што е возможно, за да може да направат информирана одлука, или да ја употребат соодветната опрема и техники за да реализираат концепт. Одличен инженер има целосно сфаќање на снимачката околина (техничка и акустична) и доволно од фамилијарноста за опремата и музиката, за да прави интелигентни одлуки со снимачкиот процес во однос на техниката, методот, тајминот итн. Одличен инженер е сервис на бендот, правејќи се што е потребно за да звукот од нивните глави излезе на звучниците. Одличен инженер не се обидува да ја продуцира снимката, туку го прави продукцискиот процес безболен. Во Shellac имаме среќа да имаме двајца многу добри инженери во бендот, па можеме да ги решиме сите инженерски проблеми и самите. Додека ние всушност свириме, ни треба некој друг во улога на tape operator, а некогаш тие луѓе имаат влијание и на сесиите. Во почетокот на бендот, ги тестиравме границите на нашите првични идеи, па затоа често секоја нова песна имаше фундаментална идеја, како „Оваа песна треба да има хармонска прогресија која никогаш не се повторува на ист начин“ или „Оваа песна треба да почне брзо, и да заврши бавно…“ тој тип на работа. Колку подолго бендот преживуваше, идеите стануваа посуптилни, дистинкциите помеѓу песните поспецифични. Сега кога правиме една од тие основи, обично има и нешто друго со нив да ги разликува, и процесот е многу побавен. Ние користевме многу од лесните формати, сега сме на тешките. АНАЛОГНО И ДИГИТАЛНО: ЗОШТО АНАЛОГНИОТ ЗВУК Е ИЗБОР ЗА ОНИЕ КОИ РАЗМИСЛУВААТ ДОЛГОРОЧНО Стив Албини: Кога почнав да снимам, уште далеку во 1970-тите, немаше одлука што требаше да се направи. Аналогните техники беа сѐ што беше на располагање, па тоа беше начинот на кој што научив. Секоја година или така нешто, од отприлика 1980-тата па натаму имаше „нов пробив“ во дигиталното снимање што ветуваше дека ќе го смени аналогното. На почетокот тоа беа тривијални, ужасни системи кои звучеа лошо и имаа осакатена функционалност. Во системите базирани на ленти, не можеше да редактираш и тие беа врзани за еден произведувач за плејбек системи, па мастерите константно стануваа сирачиња кога компаниите остануваа без пари и уредите стануваа излишни. Тие беа трагично лоши, и практиките на студијата беа компромитирани од нивните ограничувања. Како што дигиталните снимки се поместија од хардвер во DAW системи, проблемот на некомпатибилност помеѓу форматите остана, но многу од практичните карактеристики беа додадени и беше возможно да се снима во суштина нормално на нив. Единствениот вистински проблем со нив беше дека таму немаше долгорочен формат за складирање на мастерите, и компјутерската индустрија се менуваше толку брзо што софтверот и хардверот брзо стануваше некомпатибилен од година во година, и конкурентните формати и кревкоста на бизнисите кои ја држеа сопственичката контрола на користењето на мастерите, создаде многу повеќе мастер сираци, сесии кои повеќе не можеа да бидат отворени или имаа катастрофално компромитирана функционалност. Овие проблеми опстојуваат. Сѐ уште нема долгорочно архивно решение за мастерите направени за време на сесија за снимање. Нема универзален формат за сесиите, како што се сите работи кои порано беа составни за една снимка, EDL, параметри за уредување, виртуелни инструменти, плагини, метадата, и сето останато што е потребно да се оживее сесијата во иднина е кревко и склоно да исчезне со тек на времето. Дополнително тука е тековниот модел на претплата, кој обезбедува сесиите кои се оддржуваат денес, да не бидат употребливи во иднина доколку претплатата не е подмирена. Ја гледам мојата примарна одговорност во сесија за снимање како правење снимка. Мојата број еден работа е да направам нешто што ќе ги надживее сите во сесијата, за музиката да преживее доволно долго за потенцијално да најде публика. Поголемиот дел од музиката која ја снимам е со ограничена привлечност во моментов, но многу од неа евентуално ќе развие историска значајност со текот на времето, и би било неуспех на мојата одговорност, доколку не уснимам на таков начин, што ќе може да биде слушнат денес како што беше тогаш. Снимките во аналогниот домен се единствен начин да се обезбеди дека сработеното на моите клиенти ќе опстане долгорочно, и искрено долгорочно е единствениот термин кој ми е битен. Некои снимки кои ги правам ќе бидат популарни во моментот, некои нема, но она што ми е битно е да бидат сочувани за луѓето и по 100 години да знаат нешто за нашата музика и нашата култура. Јас снимам на аналогни ленти затоа што зачувувањето на музиката за иднината е мојата примарна грижа. ЗА ЖАНРОВИТЕ: ШТО КОНСТИТУИРА ЖАНР, И ДАЛИ СЕ ТОА ИСКЛУЧИВО НЕГОВИТЕ МУЗИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ? Стив Албини: Многу од жанровските музичари се среќни и горди да бидат дел од традиција, од култура и заедница која е само-дефинирана и слеана околу тип на музика. Кантри музика, рутс музика, ска, панк, гот, сурф, гараж, разни категории на метал и електронска/клупска музика… овие се идиоми, понекогаш цели култури инкапсулирани во звук, и луѓето кои се во нив се таму по избор. Апсолутно во ред е да се признаат овие категории и да се прослават, кога се однесуваат со чест. Многу од сурф музиката е забавна да се слуша, речиси без разлика кога е направаена или колку компетентно. Не е длабока, но е забавна. Исто со ска, со арбитрарна вредност на „забавно.“ Но музиката речиси не е битна доколку културата на жанрот е значајна и отаде музиката. Јас не сакам да слушам white-power музика, нациналистичко ѓубре, или тип на блек метал што флертува со фашизмот, па затоа и не ја слушам и не можам да ти кажам дали музиката е „добра.“ Ќе претпоставам дека е лоша бидејќи доаѓа од ужасен начин на размислување, но тоа не е симетрична врска. Немам никаква наклонетост кон музиката на Insane Clown Posse, на пример, но жанрот кој го направија и заедницата која се изгради околу нив е инклузивна и гостопримлива за луѓето кои се на надворешните маргини на стрејт општеството, луѓето кои немаат каде да се обратат, и тоа е доволно за мене да ги ценам, за екстра - музичката грижа. ЗА МУЗИКАТА КОЈА ЈА СЛУША ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ И МАИЧКИТЕ КОИ ГИ НОСИ. Стив Албини: Скоро имав сесија со бендот Code Orange и во пресрет на сесијата, направив мал deep dive во нивната музика онлајн, ми беше заживувачка и како награда открив цел каталог што го игнорирав претходно. Има нов Dead Meadow албум, и е значајно експериментално отстапување за нив и на тоа му се восхитувам. Има пар апсолутни ремек-дела на него, и е заносен за слушање како целина. Во последните пар години добив нови маици од Cocaine Piss, Decibelles, Naked Raygun( трибјут на Pierre Kezdy) и Spare Snare, сите се фантастични, и ги носам често. ЗА ПРЕДИЗВИКОТ НА ПОКЕРОТ. Стив Албини: Играм покер за пари, и ќе ја играм било која покер игра во која мислам дека ќе добијам пари. Тоа повеќе зависи од поставата на играчи, отколку од типот на игра, но моите вештини, какви што се, се погодни за игри со силна имплицитна информациска компонента, каде што читањето на играчите и читањето на раката од акцијата се највредни. Од тие причини, преферирам мешани игри и stud формат игри, стад со 7 карти поточно. Ако има тешка мешана игра и мека Холдем игра, веројатно сепак ќе си ги опробам шансите во стад играта, но ако комбинацијата на играчи и влоговите го прават играњето на Холдем попрофитабилен, тогаш тоа е она што ќе го направам. *Разговорот на англиски е ОВДЕ

  • Само социопатите намерно повредуваат животни: Професионален поглед

    Овде, во ПЕТА, секојдневно гледаме ужасни случаи на злоупотреба на животни. Нашиот Оддел за истраги на суровост прима повици 24/7, помагајќи им на животните и осигурувајќи се дека оние што ги злоставуваат ќе одговараат пред законот. Ако сте како нас, веројатно сте поминале доста време со прстот на чело, прашувајќи се каков човек би направил толку ужасни работи. Затоа ја замоливме Даун Дракер, поддржувач на ПЕТА и психотерапевт, да ја сподели својата професионална перспектива за оваa тема. „Јас сум психотерапевт кој има работено со секакви луѓе, вклучително и поединци од сите возрасни групи, како и лица со растројства на личноста. Открив (и други психотерапевти со кои сум разговарала и за чии наоди сум читала, се согласуваат со мене) дека постои корелација помеѓу поединците кои повредуваат или убиваат животни и социопатското однесување. Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања (ДСМ) е објавен од Американската психијатриска асоцијација и се користи како алатка од страна на работниците од менталното здравје за дијагностицирање на психолошките проблеми на клиентите, врз основа на нивните симптоми и однесување. Дијагностицирањето на клиентите е неопходно за развој на нивните цели во третманот. За жал, постојат ограничени дијагностички алатки за да се потврди врската помеѓу суровоста кон животните и социопатското однесување, но социопатското однесување и социопатскиот тип на личност се навистина распространети во нашето општество. На пример, сериските убијци како што се Тед Банди, Џефри Дамер и Ричард Рамирез - како и безброј други сериски убијци, убијци и силувачи - сите злоупотребувале животни како деца, а тоа однесување ескалирало во повредување на луѓето. Социопатската личност најпрво се развива во раното детство или адолесценција и се класифицира под дијагнозата „нарушување на однесувањето“, кое потоа се развива во „антисоцијално растројство на личноста“ (и двете се наведени во ДСМ). Еден од раните знаци на нарушување на однесувањето е често суровоста кон животните. Поединецот кој е способен да се занимава со суровост кон животните се чини дека нема совест, а со тоа и нема каење за своето однесување. Чинот на суровост кон животните произлегува од очигледната потреба за моќ и контрола, а оваа потреба е придружена со недостаток на емпатија. Животните се таргетирани, особено оние беспомошните кои не се опасни, бидејќи сторителот не препознава или се грижи дека тие имаат чувства и можат да доживеат не само физичка болка, туку и емоционална болка. Животните можат да чувствуваат болка и да страдаат, исто како и луѓето, но бидејќи социопатите имаат општа неспособност да сочувствуваат, тие се способни да нанесат болка и агонија на чувствителните суштества без чувство на каење - оттука и зголемената веројатност дека суровоста кон луѓето е следниот чекор. Често сум работела со клиенти чиј став бил „Тоа беше само животно, па на кого му е гајле? Тие опишуваат чувство на возбуда по злоупотребата и убиството на животно. Овој налет на возбуда, може да се појави и кај луѓе кои нанесуваат суровост врз други луѓе, па ако некое лице е способно да злоупотребува, мачи и убие животно, тој или таа може да одлучи да оди уште подалеку и да нанесе штета на друго човечко суштество за да ја постигне истата сензација. Врската помеѓу насилството врз животните и насилството врз луѓето е добро утврдена. Dawn Drucker, MS, LMFT, LCDC, има магистерска диплома по клиничка психологија на Универзитетот во Источен Мичиген и е терапевт за брак и семејство лиценциран LMFT и советник за хемиска зависност лиценциран со LCDC во Тексас. *** извор: PETA Prime

  • ДИВА гледа: Moonage Daydream

    И го слуша неговиот саундтрак. Брет Морген (Brett Morgen) повеќето од оние кои го читаат текстов го знаат по Montage of Heck - биографскиот филм за Курт Кобејн, или филмот за Кобејн кој е посветен во функција на неговата биографија. По прв пат ги гледавме Новоселиќ, Грол, Куртни Лов, неговата мајка како од прва рака сведочат за текот на настаните, па затоа може да се исцрта јасна траекторија, од - до, но таа линија е потопена во снимки, од музиката, од домашни филмови, и видеа….и она што го направи посебен, но и уметничко дело само по себе. Во краткиот и трагичен живот, на Кобејн, моментот на гасењето на животната светлина, испровоцирана од зависноста, но сосема веројатно и вертеровска егзистенцијална криза, не е возможно да биде обилно документиран(можеби и е добро што е така, затоа што кратките секвенци кои ги видовме, беа срцепарателни). Затоа, тој е илустриран/анимиран и со тоа му дава посебен квалитет на филм кој би можел да стои самостојно, доколку Кобејн би бил фиктивна личност. Moonage Daydream – A Brett Morgen Film се сретнува со дијаметрално спротивниот „проблем“(од режисерски и организационен аспект): Боуви има живот повеќе од дупло подолг од оној на Кобејн, и траекторијата во еден момент се поклопува, приказната заличува. Екцесивната, ексцентирчна рок ѕвезда мора да помине крштевка на оган, сумирана во фамозното „секс, дрога и рокенрол“ кој е опасен процес. Но ако нешто учиме за Боуви од Moonage daydream е дека е исклучително талентиран во живеење, во дозирање, во тајмирање, и проценување. И Брет Морген ја зема заслугата за тоа што не го поклопува гледачот со Боуви материјали, туку има јасна линија на животно патување. Во првата етапа од неговата кариера на Рок ѕвезда(фактот дека денес, социјалните медиуми во Македонија се преплавени со музика од Боуви со пораки колку тој им значи на луѓето овде, сведочи за сјајот на таа ѕвезда) тој ја има присебноста во хаотичноста на тој живот - да се дистанцира од егото на рок суперѕвездата, и да и́ додели улога на Вонземјанин, Зиги, Alien Rockstar. А вториот падобран, брод за спасување - посветеноста кон духовниот живот, како ученик со сите петки, на светските религии, филозофии, патувања но и испробување и посветување на сликарството кое го наоѓа во Западен Берлин. Низ интервјуа испреплетени со музика - саундтракот има уникатни и „никогаш претходно слушнати“ верзии и парчиња музика А Боуви, низ мрежата на неговата уметност, го гледаме како испливува на сигурно, во своите четериесетти години со смиреност и мудрост на монах - со тоа што ја наоѓа својата сопруга Иман со која останува до крајот на својот живот (и таа до ден - денес е заљубена со фасцинатна посветеност) и станува татко, повторно, Овој несекојдневен живот, живот добро изживеан, е оставен да диши во Муниџ Дејдрим и затоа (и овој) филм функционира добро. Брет Морген дозволува уметникот, Боуви самиот да каже, - и зборува во траењето на филмот - а некој кој е толку елоквентен е одличен столб на кој може да се потпре, како се́знаечки наратор, но на книга на животот. Дозволува музиката без да се искасапи, дури и кога има интервенции(вметнување на коментарите, гласот на Боуви) да го илустрира патот кој го изодува, но не го изоставува Боуви сликарот, уметникот, љубовникот. Брет Морген работел на филмот четири години, но дури после три од нив, добил дозвола од Боуви имотот да ги користи архивите, кои требал да ги прочешла. Од нив излегува саундтрак од над 40 песни, дупло ЦД и винил издание кое се очекува во 2023. Rolling Stone го коментира саундтракот вака: „ПРЕД објавувањето на документарниот филм за Дејвид Боуви, Moonage Daydream, откриени се детали за саундтракот на филмот, а придружната колекција може да се пофали со необјавени верзии во живо, исечоци од албуми, извадоци од интервјуа, оркестарски изведби и специфични ремикси на класичните песни на Боуви. Како преглед на ексклузивните миксови на саундтракот „Moonage Daydream“, имотот на Боуви ја сподели верзијата на „Modern Love“ што се појавува во документот на режисерот Брет Морген. Оваа верзија е уникатен микс, почнувајќи од изолираниот мотив за пијано на траката, а се надоврзува во рефренот пред да заврши на придружните а капела вокали, нудејќи увид во поединечните елементи кои го создаваат класикот што сите го знаеме и сакаме“, вебсајтот на Боуви. рече за миксот на „Moonage Daydream“ за стартерот на Let's Dance. Други важни моменти од саундтракот на Moonage Daydream вклучуваат композиција во живо на „The Jean Genie“ од 1973 година и „Love Me Do“ на Битлси, во која се појавува Џеф Бек на гитара - изведба што беше снимена за време на последниот концерт на Боуви на Зиги Стардаст - исто така, како необјавен филм во живо од 1974 година на „Rock n' Roll With Me“. Филмот Moonage Daydream можете да го најдете на овие платформи. Саундтракот е на сите музички стриминг сервиси.

  • Погребот на пензионираниот Папа

    Починал со зборовите “Господи, те сакам!”

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page