top of page

Резултати од пребарување

1178 results found with an empty search

  • Турнеја во домот на вдовицата на Боуви Иман

    Дејвид Боуви во едно интервју со насмевка и без размислување рече дека секако би се откажал од кариерата на сметка на семејството. Ова е неговата сопруга која толку очигледно тагува - имаа толку очигледно складен брак.

  • Триумфално враќање на Euphoria

    Еуфорија е серијата која на родителите на тинејџери им даваше ноќни мори и ги држеше будни навечер: погоди нерв, баш затоа што изгледаше болно познато и вистинито. Исто така, Еуфорија им понуди естетика на децата на тие родители кои ја копираа во шминката, облеката, ставовите и поставеноста во светот. А кого лажеме дека децата ја копирале шминката? Ги препознав Фенти светките на Џулс - и јас ги носев за Нова година, децении после моето тинејџерство! Во втората сезона која ја почекавме цели две години поради пандемијата (со исклучок на две special епизоди, кои ги премостуваат приказните до точка на која што очигледно сценаристите сакаат да ја однесат без да фалат големи делови) ние како публика сме супер жедни затоа што Еуфорија баш поради недостатокот на цензура во име на коректност вообичаена за телевизијата, која не сака да се расправа со дневниот печат или јавноста воопшто, станува тип на серија во која публиката е вљубена. Приказните се искрени со нас, и добиваат приврзаност. Овој тип на „Еуфорија„ за ТВ или филм беше реакција на Брејкинг бед - тоа се пресликува и во бројките, а премиерата поставува рекорд од 2.4 милиони прегледи на HBO платформата. Десет минути во првата епизода, гуглам да дознаам дали режисерот е Тарантино. Најозбилно. Иако сцената која ја отвора сезоната ја видовме во Needed me спотот на Ријана, сепак хуморот (кој е нов елемент оваа сезона) е она што потсетува на Тарантино освен линијата по која оди помеѓу хорор и насилство (- што правиш? - а ова? немаш гајле, само хероин е.). Тарантино го режира Трејнспотинг кој се одвива на Тамблер со Тамблер естетика. И сега следи спојлер... Фактот што после толку долго чекање , стигнавме до премиерна епизода посветена на Фез - дилерот со златно срце (секоја епизода портретира по еден лик ), финишот вредеше толкав застој: кулминира и со тоа завршува со брутално и графичко претепување на насилниот негативец (Нејт) кој нè антагонизира нас како гледачи преку тоа што се изживува со протагонистите - физички надмоќен, но и по статус, шовинист, хомофоб кој „лови„ луѓе на Грајндер, поради личен конфликт, конечно кроткиот но правичен антихерој тарантиновски го понижува пред сите со развлечен, брутален и калкулиран напад но како гледачи, наместо да се скриемe позади дланките воскликнуваме во Еуфорија...

  • Anonymous во одмазднички напад: објавија сајбервојна на Русија

    Познати се по нападите на ЦИА, но сега се на мета сајтови кои се водени од руската влада. rt.com - пропутин гласило, кои многумина го карактеризираат како пропагандна машина беше соборено поголем дел од ноќта. Вчера вечерта ја отпочнаа со твитовите „Ставете се во чевлите на Украинците кои во овој момент ги бомбардираат. Заедно можеме да го смениме светот, заедно можеме да се побуниме против било што. Време е за рускиот народ да стане и да каже НЕ за путиновата војна. Ние сме Анонимус, ние сме легион. Очекувајте нè. Ние како колектив сакаме мир во светот. Сакаме иднина за целото човештво. ..разберете дека овие акции се целосно насочени кон руската влада и Путин„. Сајтовите кои или беа сосема симнати, или значително успорени, беа оние на руската влада, Кремлин, Дума, Министерството за одбрана на Русија. Освен RT.com, колективот насочи DDoS (distributed denial of service) напади на руските интернет провајдери Com2Com, Relcom, Sovam Teleport и PTT-Teleport Москва. Анонимус акаунти користеа #OpRussia и #OpKremlin хаштази, слично на #OpISIS кампањата кога се обидуваа да ја симнат пропагандата на терористичката ИСИС.

  • И едноставно така…

    Кога Ким Катрал, и конечно одби да се врати во уште едно продолжение на Секс и град(како серија која се вика „ И едноставно така...„ ) го направи тоа со коментарот „ едноставно нема што повеќе да се додаде и каже„, на сите нас, кои ја следевме ентузијастично Секс и град но потоа разочарано филмските продолженија кога ќе ги начекавме на тв ни изгледаше и повеќе од разумно, дури и умерено. Но - се чини дека хероините се искупија. Главната замерка долго време на сметка на серијата беше сосема изместената слика за жените во Њу Јорк кои требаше наводно да бидат претставени: бели, богати, жени кои живеат мадам бовари тип на живот, без многу смисла или насока надвор од традиционални недоумици и фантазии. Мажите и во еден момент темата на децата, и нормално сексот кој ги врзува овие елементи заедно... Pose (Нетфликс) во својата финална епизода го кондензираа колективниот муабет во една сцена… Протагонистките, пак, на оваа пак серија, немаа ништо заедничко освен „градот„ - четири транс црни и браун жени седат на маса и одбиваат да нарачаат космополитен и со тоа ја одбиваат премисата на секс и град додека најдиректно ја исмеваат серијата. И туку така ја прифати оваа критика, и точно затоа успеа да најде да каже, уште нешто, над две децении подоцна. Иако се враќа на своите стари лоши навики, Ја отворија сезоната со тоа што ги поставија овој пат трите протагонистки како изгубени, и заостанати Карен карактери. Претпоставуваме дека тоа е причината зошто многу од оригиналните фанови кои отворено се препознаваа во една од карактерите, објавуваа по социјалните мрежи во протест „ И едноставно така - се откажав од гледање на серијава„ - веројатно да бидат одразени во ова светло беше неугодна вистина да може туку така да се проголта.. Кери Бредшо која што ги голицаше миленијалките со своите наводни колумни и прашања околу кои ги градеа епизодите, кои се вртеа околу сексот и врските - сега одбива да се вклучи во разговорот, затоа што ѝ е премногу, во секс позитивен подкаст. Миранда се враќа во универзитет како студентка, и помеѓу младите колешки и црната професорка, прави низа на неумесни коментари, кои ја ставаат во опасност да биде „откажана„ и како карактер и помеѓу протагонистките. Шарлот се бори со фактот дека има небинарна ќерка. Но серијата повторно ја ставаат во опасност да замре, преку тоа што ги помируваат трите хероини со светот кој се менува, но и со светот во кој што секогаш живееле, со привилегија да не мораат ниту да го видат ниту да учествуваат во него кога станува и малку непријатен. Ги помируваат со тој свет без скоро никаков конфликт, искушение или искупување. Тоа искупување е на ниво на анегдоти кои не се ништо повеќе од догодовштини на секојдневието. Сезоната уште не е завршена, но во овој момент, тие веќе се вклучени во новиот Ген Зи свет и почнуваат со навигацијата низ него, на начин кој веќе го видовме во оригиналната Секс и град, сите елементи се вратени со задржена свежина - и со многу повеќе етнички и расно, родово, хетерогени карактери (сладуњавите, празни филмови - веројатно сите сакаат да ги заборават, а и да не сакаат лесно е тоа да се направи - толку беа промашени.) А и Кери во серијата, се прешалта од колумнистка во подкастерка , just like that.

  • Домашниот подкаст: Жива вода- наскоро

    Домашниот подкаст доаѓа наскоро!

  • Градинарство за почетници: зошто е градинарството за секого!

    Март вообичаено е почеток на пролетта иако е формално зима - јакните се оставаат дома, дрвјата расцветуваат, сите излегуваат да шетаат. Но тоа е последната шанса да се почне со градинарството - доколку ги почнуваме или обновуваме своите градини со семчиња - наспроти купување од пазар или ботанички градини, или дури ги започнуваме културите од гранчиња. Има нешто посебно во искуството да се почне дел од градината од семки - овие мали, не-живи трошки ги положуваме во земјата и после недела-дена: се појавува главче. Најчесто до мај или јуни тоа е веќе убавица која привлекува пчели, пеперутки и погледи. Во секојдневното полевање, проверување, подесување, посматрање, има нешто медитативно и смирувачко. Доколку оваа навика се развлече во години, искуствата, извлечени од работата во градината била да е покрај прозорот дома, на балконот или во двор и фарма на поголема површина - тука се и земјоделски култури па семчињата стануваат ручек и храна - поуките се налик на зен-коани: кратки приказни и анегдоти од секојдневието со животна поука. Пример: Лани купив семчиња и лабелија, и гипсофила, и пркос. Во хаосот на секојдневието саксиите за семчиња се измешаа и земјата се истури повеќе од еднаш или два пати. Ги чекав цветовите како мастило, фатални убавици, да го букнат од саксијата или малите ситни бели балерини да се вивнат - но ништо. Збунувачки, но требаше да се помирам дека и покрај тоа што направив речиси сè како што треба, ситните грешки ме чинеа. Оваа пролет иако доцни, веќе е на врата, а со нејзе ми донесе: 15 сантиметарски стебленца за кои се чудев кои се и што се, и дали се некоја рана трева. Се испостави дека тоа е ланската гипсофила која решила дека првата година ќе работи на својот коренски систем. И тоа не беше сè : во плочникот во дворот, во фугите: лилакови цветчиња - во необично ладен март! Лабелијата пркосела! Се израдував на начин на кој куче се радува на газдата кога се враќа дома, и ја примив лекцијата: работите што се за мене ќе си дојдат во соодветно време. Тоа време не го одредувам јас, но го одредувам трпението. Што ќе биде - ќе биде. А сега малку наука, доколку моите лични искуства не се доволен аргумент: Има големи шанси веќе да сте чуле за лековитоста на „играњето во кал„ : Се зголемуваат доказите дека изложеноста на растенија и зелени површини, а особено на градинарството, е корисна за менталното и физичкото здравје , намален стрес, страв, гнев и тага, како и намалување на крвниот притисок, пулсот и мускулната напнатост. Друга јапонска студија едноставно покажа дека физиолошки е покорисно да се гледа зелена жива ограда наместо бетонска ограда. Во пионерска рандомизирана студија од страна на Се зголемуваат доказите дека изложеноста на растенија и зелени површини, а особено на градинарството, е корисна за менталното и физичкото здравје. Затоа, здравствените работници треба да ги охрабруваат своите пациенти да користат зелени површини и да работат во градините, и треба да ги притиснат локалните власти да ги зголемат отворените простори и бројот на дрвјата, со што ќе помогнат да се забави и спротивстави загадувањето на воздухот и климатските промени. Постои загриженост дека здравството нема да може да се справи сега и во иднина со здравствените потреби на зголемената и старечка популација. Исто така, се сфаќа дека фармацевтските лекови, иако се функционални и си имаат свое место, се сè поскапи и не се секогаш толку ефикасни како што се појавуваат во резултатите од раните, ентузијастички пријавени, клинички испитувања. Здравјето зависи од низа социјални, економски и еколошки фактори, како што е нагласено со засрамувачкиот диспаритет помеѓу должината на животот во различни групи на луѓе според класата. Една група на холистички терапии кои имаат за цел да ја третираат целата личност и се добро истражени преку анкети и рандомизирани испитувања е таканаречената зелена нега или терапија со изложеност на растенија и градинарство. Неколку испитувања ги открија корисните ефекти врз расположението и менталното здравје на едноставно набљудување на природата, па дури и слики од природни сцени. Во едно јапонско истражување, гледањето на растенијата го променило ЕКГто... Присуството на растенијата и поглед од прозор на дрвја од постоперативните одделенија го подобрија расположението на пациентите и ја намалија употребата на аналгетици, хируршките компликации и должината на престојот. Слични корисни резултати се пронајдени за пациентите кои биле подложени на стоматолошки третмани, и гледањето природни сцени заедно со природни звуци го подобрило искуството на бронхоскопијата. Друга внимателно контролирана студија покажа дека гледањето градини со скулптури без зеленило низ прозорците на одделението за онкологија предизвикало негативно реакција кај многу пациенти. Дури и случајното изложување на постоперативни пациенти на слики од село на ѕидовите од нивните соби може да ја намали болката и анксиозноста, додека, можеби не е изненадувачки за сите, апстрактните слики ја зголемуваат анксиозноста. Добротворната организација MIND ги спореди кратките прошетки низ градина со прошетки во трговски комплекс и покажала дека првиот го подобри менталното здравје, додека второто го влоши. Во затворот во Мичиген, жителите кои имале поглед кон природата од своите ќелии помалку ги користеле затворските медицински услуги отколку оние со внатрешен поглед кон дворот. Во друг рандомизиран експеримент, кога постоперативните пациенти беа изложени на осум различни видови растенија во затворен простор, болката и должината на престојот повторно беа намалени, а задоволството на пациентите од нивните болнички соби беше подобрено. Изложување слики од цвеќиња во играта “Диктатор” , која е економска игра која прашува дали поединците се водени исклучиво од личен интерес, може да ги промени одлуките што ги донесуваат играчите. Во друга студија, ставањето растенија во компјутерска соба ја подобри продуктивноста и го намалува крвниот притисок. Градинарството во затворени простории е користено за лекување на пациенти со ментални здравствени проблеми. Многу студии во UK и други земји се согласуваат дека повисоките пропорции на зелени површини, особено живеалиштата на биолошката разновидност, се поврзани со помала депресија, анксиозност и стрес. Во Јапонија, зелениот простор е поврзан со зголемена долговечност. И сакам уште ова да ви го кажам: кога ги гледам терасите, и прозорите и дворовите начичкани со зеленило, од дрвца до петунии и сардели: им се радувам како да се мои! А, и се - општо добро.

  • Жива вода на Крис Спенгл шоуто

    “Дајте ни еден час и ќе ги разберете вестите. Од либертаријанска перспектива ги заменуваме “вриштечките глави”(глави кои зборуваат е термин за експерти кои се повикуваат на вести и ток шоуа за да понудат ”информирани мислења”) Ви даваме алатки каде можете да размислувате различно во свет поделен на лево и десно”- е описот на “Ние сме либертаријанци” со либертаријанската легенда и историолошки extraordinaire Крис Спенгл. Ние го запознавме како ководител на подкастот на госпожа Пат- the Patdown- комедијантка која можете да ја запознаете на Нетфликс(Y’all wanna hear something crazy?) и серија која уште не можете да ја гледате. Крис сакаше да дознае како Источно- Европејците ги перцепираат Американците и нивната улога во војната во Украина… не се секирајте многу добро знае каде е Македонија и историскиот контекст, но мора да прашува прашања од типот “злобни Американци” за да расчистиме базични мисконцепции…

  • Грижа за себе според Beyoncé

    Beyoncé веќе со години не дава интервјуа. Привилегија која освен кралицата на Комонвелтот може да си ја дозволи и Beyoncé, и притоа да знае дека кога и да се врати со проект ќе го има вниманието на јавноста, со несмален интензитет. Затоа новото издание на Harpers Bazaar е фино да се види, наспроти нејзиниот 40ти роденден, патем и да ја испромовира Ivy Park соработката со Аdidas (chop chop Бијонса треба да ја стигнеш Rihanna)… Што е битно да се истакне од интервјуто, a што не сме слушнале до сега? Не многу (ретко бега од строгиот медиски тренинг), но еве цитат со кој се може да се поистоветиме “Во минатото поминав толку многу време на диети, со мисконцепцијата дека да се грижиш за себе е да вежбаш и да држиш диети. Моето здравје, како се чувствувам кога ќе се разбудам наутро, мирот, колку пати ќе се насмеам, со што го хранам мојот ум и тело, на тоа се фокусирав минатиов период. Менталното здравје е форма на грижа за себе. Се обидувам да го прекинам кругот на лошо здравје, запоставување, се фокусирам на суптилните знаци што ми ги дава телото. “. Тоа е Beyoncé, години…

  • Ребрендираниот Центерфолд на чело со Cardi B е во живо!

    @playboycenterfold / centerfold.com е овде! Да најде прибежиште за сексуалните работници, секс позитивни уметници и творци на содржини (контент креатори) - а заработката ќе го рефлектира тој принцип (уметниците и работниците ги држат уздите) - 80% од парите ќе си ги задржуваат! Само што почнаа со Cardi B, раперка но и сексуална работничка (стриптизета), која ја напиша фем химната: Wet ass pussy (влажно пиче). Првиот центерфолд беше Мерилин Монро - и ја изблокира Дива со денови од Фејсбук!

  • Тик ток ја носи Генерацијата Z на Канскиот филмски фестивал

    Кога TikTok се здоби со популарност како апликација за вирални видеа кајшто деца играат, никој не можеше да предвиди дека ќе има амбиција да ”посегне” по некои од највисоките уметнички форми. Денес, Канскиот филмски фестивал (кој некогаш ги забрануваше селфи фотографиите на црвениот килим) го објави своето ново партнерство кое ветува дека ќе го поврзе културниот настан со една милијарда корисници на дигиталната платформа ширум светот. Тоа партнерство ќе го создаде глобалниот натпревар #TikTokShortFilm, со што апликацијата во сопственост на Byte Dance ќе биде официјално истакната.Апликациите на видеата мора да бидат долги помеѓу 30 секунди и три минути, што значи дека креаторите на содржини нема да смеат да ја користат новата максимална должина на видеото од апликацијата од десет минути за да ги направат своите филмови. Предводено од неименуван добро познат режисер, жирито ќе избере три победнички TikTok-ови во три категории: Гран при, најдобро сценарио и најдобра монтажа. Директорот на Кан, Тиери Фремо, ќе биде присутен на признанијата, кои ќе бидат објавени некаде за време на фестивалот што ќе се одржи од 17 до 28 мај“. Слично, Оскарите го приклучуваат Тwitter на церемонијата во обид да регрутираат и допрат до помлада или поинаква публика: Твитерџиите ќе можат да гласаат за нивните омилени филмови кои беа објавени во 2021 година - без разлика дали филмот е номиниран за Оскар - користејќи го хаштагот #OscarsFanFavorite. Филмот кој ќе добие најмногу гласови од обожавателите до 3 март ќе биде признат за време на емитувањето на наградите на 27 март.

  • Дојде Бадник!

    Во Скопје иако коледарчиња речиси и да нема, сепак вечерва сме сигурни дека ќе се осветлат социјалните медиуми со среќни свежи сопственици на паричките кои им паднале. Македонија има неверојатна ризница на обичаи и традиции кои датираат и пред христијанството, но успеале да се венчаат со него... Ова е територија каде што земјоделците и сточарите зависеле исклучиво од наклонетоста на природата, среќата и натприродна сила која се обидувале да ја одоброволат... Би било вистинска штета да се заборават овие обичаи(иако за жал, свештените лица инсистираат на тоа) па преку низа примери ќе се обидеме да ја освежиме културната меморија: Добро утро, стара бабо Дај колач и погача Напи с'вино и ракија! Лепчето и паричката Домаќинот го крши лепчето пред да почне вечерата. Првото парче е за Господ. Потоа за куќата. Па за стоката И најпосле за луѓето - и тоа по старост: прво мажите па жените. Сите во своите парчиња ја бараат паричката и оној што ќе ја најде е најсреќниот/та - за таа година. Потоа домаќинот ја откупува парата. Откупената пара се чува. Во Гуѓаково и Галишта се врзува ба пагурчето за ракија и се носи на Божиќното утро во црква. На пагурчето парата се чува повеќе години. Во с.Црешнево се става во чаша со ракија и се чува три дена. Во Пагаруша, најдената пара се врзува на винското грне. Во с.Давидово домаќинот ја крши погачата на два дела а потоа ја дели: прво на Господ, потоа на земјата, на водата, па за стоката, и за луѓето. Во Црешнево го канат и ветерот за да им дува летно време. Две жени ја земаат погачата (на која што има чаша со ракија) едната ја става на глава, и одат на гумното на стожерот, се вртат три пати и викаат: „Ветре, ти донесовме пиење, јадење, в лето да дојдиш кога ќе вршиме, да дуваш и да го вееме житото!„ - три пати. Кога се враќаат дома викаат: Домаќине отвори! „Кој вика?? Какво е времето надвор?!„ Тие му одговараат: „Над сите куќи ведро ,над нашата облачно„ - после ова го кршат и делат лепчето. утре вечер бадник-вечер, бадни коња на пазара купи риба и јогули дојди дома да ја вариш пи си вино, весели се Дрвцето Во Мариово бадниковица, во Гари бодница, во Давдиво бадница, а во Папрадишта бадник.... Речиси секаде е пресечено зелено дрво, а во с.Руља коледарска гламна од огинот на Коледе, се носи дома и не смее да се изгасне до Василица. Во с.Гуѓаково се сечат три бадниковици од горуба, даб и смоква. Се сече и дива круша (горница) но вогалавно даб. Откако ќе се пресече се става во дрварникот додека да замрачи, а потоа се носи дома и се става во огинот да гори. Во Гари и Галичник по бадниковицата одат деца и сечат 11, 13, 15 но никако парен број. Една си оставаат дома а другите ги даваат по роднини. За однесената бадниковца на детето му даваат пара и костени. При сечењето и носењето на бадниковицата децата пеат: Пријде, дојде Коледица, Коледе, коледе, Како сега, така и в година, Коледе, коледе, Догодина порадосни, коледе, коледе. Бадниковицата е заштитник на здравјето на стоката, на растенијата и луѓето. Во Мариовско се нагорува секоја вечер од Бадник до Василица. На Василица, утрото, ако видат поп - ја фрлаат по него, а ако не - по река: по вода да отиде црнилото за да не им фаќа црнило житото. Во Гуѓаково има три бадниковици: од горупа ја правеле за врзување со снопјето, дабовата фрлана по вода, а од смоква ја чувале како лек за заб. Во с.Слатина бадниковицата се нагорува три пати: на Бадникот, и на првиот ден Божиќ, на ручекот и вечерта на вечерата. По нагорувањето се гасне со вино и се става на трпеза, а на Божиќ се носи во црква. По враќањето од црква се става во гредите над вратата да ги варди луѓето од лошо. Во с.Сараќиново се носи во лозјето и се закопува таму, да го чува од град и други болести. Во с.Папрадишта се нагорува па се носи на дрвата кои не им држи плодот, за да го задржи следната година. За вечера типично е да се јаде: баднички грав, сарма, погача, пишии со лук, паница со лук, ракија, вино, костење, ореви, круши, смокви...Обичај е, домаќинот во оганот да фрла костени, ненакасани, за да пукнат и да го исплашат ѓаволот :) Во с.Пагаруша се гаси со вино и од нејзе се прават мали крстови кои се качуваат над вратите на луѓето за да ги чува од секакво зло. На Бадник не смее да се каже „нејќам„ зошто овците ќе си ги нејќат јагнињата, козите - јарињата, кравите -телињата а кобилите-ждребињата. Низ Македонија додека се јаде не смее да се станува од трпеза. Освено с.Вепрчани - Мариово - каде што секој што е на трпезата задолжително треба да стане по три пати. Коледица, меленица И по неа Василица, И по неа дава, дава Еднаш ни сте во година Како цвеќе во градина.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page