top of page

Резултати од пребарување

1178 results found with an empty search

  • Еуфорија руши рекорди

    HBO објави дека премиерата на втората сезона на Euphoria добила вкупно 2,4 милиони гледачи, што ја означува најголемата дигитална премиера од која било епизода на HBO на HBO Max(кој е тамошниот HBO go). Епизодата водеше како највисоко котирачко шоу или филм на HBO Max во неделата вечер; сепак, големиот број на гледачи доведе до делумно уривање на сервисот околу 21 часот кога епизодата стана достапна за гледање. Премиерата на втората сезона ерангирана повеќе од девет пати повисоко во дигитално гледање од првата сезона на Euphoria. Вториот дел од серијата со чело на Сем Левинсон ги следи животите на средношколците во Источен Хајленд, ставајќи акцент на 17-годишната Ру (Зендаја). Пред премиерата, Зендаја сподели тригер предупредување за фановите на Инстаграм, пишувајќи: „Оваа сезона, можеби дури и повеќе од минатата, е длабоко емотивна исе занимава со тема која може да ве тригерира и е тешка за гледање. Ве молам гледајте ја само ако се чувствувате удобно. Грижете се за себе изнајте дека што и да се случи, сè уште сте сакани и дека сè уште ја чувствувам вашата поддршка“. (еве една таква тригеринг сцена, во која Ру овердозира...) Новите епизоди ќе има премиера на HBO Max секоја недела.

  • Хактивизам денес

    Сајтот на TASS осамна со следната порака: “Драги граѓани. Ве повикуваме да го запрете лудилово. Не ги праќајте вашите синови и мажи во сигурна смрт. Путин нѐ тера да лажеме и нѐ става во опасност. Ние бевме изолирани од цел свет, тие престанаа да ја купуваат нашата нафта и гас. За неколку години ќе бидеме како Северна Кореа. Што има за нас од тоа? Да го ставиме Путин во историските читанки? Ова не е наша војна, ајде да ја запреме! Оваа порака ќе биде избришана, а некои од нас убиени или во затвор. Но не можеме повеќе вака. Индиферентни новинари на Русија. Претходно руските канали во хактивистички акции емитуваа снимки од вести од Украина со украинската химна. Белоруските хакери се приклучија под името “Сајбер партизани” Anonymous пак, објави војна на Путин и од тогаш со активни со хакнување на државните сајтови, телевизии итн…

  • Доаѓаат Оскарите: Кралот Ричард

    За Оскарите годинава дознав од - Серена Вилијамс! Ми упадна нејзиниот среќен пост во тајмлајнот:„ Се разбудив со оваа вест! Плачам од среќа! „ А Серена не ми е на листата на фигури кои ги следам затоа што се интересирам за спорт - сосема напротив! За спорт сум...тапа! Серена е икона во поп културата, но и име кое ја обележува културата воопшто, на нејзиното време па информациите за нејзе тешко може да се избегнат. Винус - не баш. Но тежиштето на филмот Кралот Ричард паѓа врз нејзе, како возило преку кое се актуелизира вербата, упорноста, и нешто повеќе од надеж на таткото на сестрите Вилијамс, кога целиот свет е свртен против нив. Тој има направено план уште пред да се родат, и се држел до него додека не се исполнил((освен тоа што оригиналниот крал Ричард бил нарекуван „лавовско срце„ - не можеме да видиме никакви паралели помеѓу крстоносецот и овој посветен родител). Ричард Вилијамс, е тоа е веќе име што веројатно го знаат тениските ентузијасти. Но јас како спортски аналфабет, прв пат слушнав за него преку писмото кое беше адресирано, јавно, на - Меган Меркел дента пред нејзината венчавка со принцот Хари. Чудно но вистинито... Во тој период скандалите со Меган и нејзиниот сопствен татко беа помија која беше сервирана од таблоидите кои кулминираа во откажувањето на присуството на господин Меркел на венчавката на својата бирасна ќерка во британската аристократија на сеопшт сеир. И тогаш се појави Серена да го спаси денот: не́ извести дека и покрај тоа што и нејзиниот татко е жив не ја предал нејзината рака на венчавката, како што е обичај во тамошните церемонии . Неговото компромитирано ментално здравје(депресија) го парализало во способноста да го издржи притисокот да ја даде спортската легенда за милијардерот и косопственик на редит. Еден час пред свадбата и́ пратил порака „Серена не сакам да ми бидеш лута, но едноставно не можам да те испратам по црковната патека. Не сум свој повеќе. Едноставно сум премногу нервозен„. Од тогаш до филмот Кралот Ричард - немам баш ништо чуено за него. Серена е друга приказна. Откако ја доби својата ќерка, нејзиното легендарно тело омекна, и се закани со згрутчување на крвта, беше казнувана поради униформите кои беа малку премногу креативни за организаторите на турнирите, ја цртаа како непресметливо чудовиште, ја нарекуваа размазена, и ова не беше ништо ново. Тие напади се чинат дека се константа во нејзината кариера: во книгата на Марија Шарапова, таа ја опишува Серена како импонзантна фигура која ја преплашувала, малата кутра принцеза, „требате да сфатите дека таа е висока и голема„ - но- известуваа медиумите - Серена не ниту повисока ниту покрупна од Марија. Тој впечаток доаѓа од друго место, од другоста на Серена. Така ја запознав Серена. Но филмот не е за Серена, туку е портрет на Ричард, и како изгледа кога упорноста и вербата и неуморната натчовечка посветеност кон својата фамилија е рецепт кој што не може да промаши доколку верно се држиш до него. Американската кинематографија, па и уметноста на раскажување приказни се често дидактички, и има склоност да ни́ дава лекции и поуки, а онаа „ упорноста и работата кога сите шанси се против тебе „ се чини дека е омилен мотив. Тој е темелот на американскиот сон. Во овој период на расна тензичност таму(која се прелеа и во Европа) филмот сака да не́ потсети дека дури кога соочени со расизам - може да се надмине ако се работи доволно упорно и паметно на тоа - нападот на Родни Кинг беше каталист поради кој Ричард ги елиминираше расистичките соработници иако можеби не бил во позиција да бира - колку е тоа историски точно не можам да знам - тапа сум од спорт, тоа го утврдивме..А и да не е- дури и јас имам сведочено преку насловите дека до ден денес сестрите Вилијамс се соочуваат со таа болест. Можеби овде тешко ни́ е да разбереме што значи да дојдеш од Комптон - гето во Лос Ангелес - до титулите „најдобар спортист на сите времиња„ бидејќи можеби не можеме да разбереме целосно дека во САД голема порција на луѓето се борат со сиромаштија, а Комптон е на самото дно - ништо поразлично од нашите сопствени сиромашни населби. И тоа е во филмот полето каде што силата на убедувањето на Ричард (но и сопругата) е ставена на тест. Но да земеш две девојчиња под 12 години и на своја рака, со речиси ништо пари и услови, преку посветеност и љубов ги вообличиш во атлетско чудо од деца е една работа(како Македонци оваа позиција ни́ е позната), но да ги пробиеш истите тие деца во бел спорт, кој е наменет исклучиво за луѓе кои се од високата класа е нешто сосема друго... вметни го во тоа фактот дека овие аутсајдери ги победувале на „домашен терен„ и гневот кој го испровоцирале со тоа добиваме незгодна ситуација. Впрочем - во скорешната ситуација со Новак Џоковиќ во Австралија, слушнавме доста коментари кои ги правеа овие исти паралели.. Вил Смит го знаеме како сладуњав актер на комедии и акции, кој се обидува да прејде во драма и да се докаже како актер, и покрај тоа што е холивудско „А - класа„ име и конечно го добива признанието ... Тоа што Кралот Ричард е класичен холивудски филм без уметнички експериментирања, или изненадувања и новитети, туку го устоличува познатиот формат: победување на злото/конфликтот/потешкотиите не го прави овој филм помалку значаен, ако ништо друго ни́ треба овој жанр за генерациите кои немале шанса да навиваат без цинизам или потсмев, за главните протагонисти, и да најдат поттик и поука за себе - а веруваме дека нема нема човек на кој поуката: „колку и да се чини невозможно и тешко - истрај! Тоа што го сонуваш ќе стане реалност„ не му е потребна. Дури и да е многу кул за нејзе:) П.С. Го има на HBOgo

  • Доаѓаат Оскарите: Affairs of the Art

    Номининиран во категоријата краток анимиран филм. Погледнете:

  • Навални пресуда и последно слово

    После пресудата Навални се обрати со следните зборови на социјалните медиуми: “9 години строг режим. Мојот вселенски лет малку се одолговлекува - бродот е фатен во временска јамка. Ми текна дека сум во оваа сага како тој од Интерстелар. Запомнете, главните ликови влегуваат во станицата, издигнувајќи се од планетата, каде што времето тече неколку пати побрзо. И ги пречекува фраер со брада во бањарка: „Те чекам 23 години 4 месеци и 8 дена“. Точно, веднаш ја отфрлив оваа мисла. Прво, немам ни брада ни наметка. И второ: сето тоа е глупост. Бројките не се важни. Тоа е знак над креветот, тоа е се. И ниту јас ниту моите другари едноставно нема да „чекаме“. Како што кажав во мојот „последниот збор“, не само што ја продолжуваме работата на Фондот за антикорупција, туку ја подигнуваме на ново ниво. Фондацијата ќе стане глобална меѓународна организација. И навистина ни требаш во него. Посетете го: https://acf.international/ Паричниот дел од наградата Сахаров, што ми го додели Европскиот парламент, ќе биде првиот придонес во овој фонд. Граѓаните на ЕУ претставени од нивни претставници ми ја доделија оваа награда за борба против корупцијата. Благодарен сум и им испраќам пари за да ја продолжиме оваа борба. Патем, имајте предвид дека мојот „последен збор“ беше заглавен, прекинувајќи го емитувањето. Па, се разбира, зборовите имаат моќ. Путин се плаши од вистината, тоа секогаш сум го велел. Борбата против цензурата, доближувањето на вистината до народот на Русија остана наш приоритет. Кремљ ги разбива медиумите, а како одговор создаваме нови. На 5 март ви ја објавив „Популарна политика“ - сега веќе има речиси милион претплатници. Придружете ни се - заедно ќе ги направиме најдобрите медиуми во Русија: https://www.youtube.com/channel/UC7Elc-kLydl-NAV4g204pDQ Многу сум им благодарен на сите за поддршката. И, момци, сакам да кажам: најдобрата поддршка за мене и за другите политички затвореници не е сочувство и убави зборови, туку дела. Секоја активност против измамничкиот и лоповскирежим на Путин. Секое противење на овие воени злосторници. Во 2013 година, откако ја слушнав мојата прва пресуда, го напишав ова и сега ќе повторам: не се плеткај. Оваа жаба, која седи на цевка за нафта, нема да скокне. Ги гушкам и ги сакам сите! ❤️“

  • Измамничката Ана Сорокина има изложба

    Изложба на уметнички дела посветена на осудената измамничка Ана „Делви“ Сорокин беше отворена во Њујорк на 17 март и ќе продолжи до 24 март 2022 година. Насловена „Ослободете ја Ана Делви“, изложбата прикажува пет цртежи направени од самата Сорокин. Уметничките дела се скици и може да се гледаат и како автопортрети и како авто-пародии. Преку нив Сорокин покажува дека живее живот „на висока нога.„ Едно од уметничките дела ја прикажува како се релаксира внатре во нешто што личи на затвор со елени надвор од бодликавата жица. Сорокин користи стрелки за да ги нагласи нејзините „Miu Miu“ наочари и „Tom Ford“ маичка. Уметничките дела се курирани од Џулија Морисон и Алфредо Мартинез.Интересно е тоа што Мартинез е фалсификатор на уметнички дела кој беше осуден пред околу две децении за продавање фалсификувани цртежи од Баскијат на колекционери. Но, тој се стекна со слава подоцна како уметник, обработувајќи ја неговата ситуација и дури беше прикажан во MoMA. Мартинез пресоздаде некои од делата на Сорокин. Еден од нив е насловен „Испрати биткоин“, на кој е прикажан Сорокин како носи Александар Ванг и пар „затворски чорапи“. Во него, Сорокин се гледа како гледа во огромен компјутерски екран и чита е-пошта, додека доминира пораката „Испрати Биткоин“ . Освен скиците на Ана Сорокина/Ана Делви има и позајмени дела од уметници каде предметот на инспирација е токму таа.. Но иако е Во Њу Јорк, таа не беше присутна на изложбата, бидејќи е во центар за депортација, чекајќи да отпатува во Германија, каде папараците спремно ја чекаат на Франкфуртскиот аеродром. Ана Делви е предводничка на таканаречената „изманичка култура„ која го привлече вниманието и насловните страни на јавноста преку серии како „Тиндер преварант„ и „Измислувајќи ја Ана „ ...

  • Посебен ден за Ѕвездан Георгиевски: 61 ѕвездени години

    Денес му е роденден на новинарот и писател Ѕвездан Георгиевски… Битно е да им кажеме колку нѝ значат луѓето додека се/сме сѐ уште овде, цвеќињата да им се дадат сега… еве што нѝ кажа на Фејсбук:

  • Деловите кои ја прават Еуфорија целината што ја сакаме (прв дел)

    Втората сезона на Еуфорија заврши пред еден месец, сруши секакви рекорди на гледање(на ХБО само Игра на тронови ја има надминато), и покрај тоа што ја чекавме две години - и ќе ја чекаме уште две: третата сезона е најавена во 2024 - се́ уште сме под импресии. Во еден момент траумата која ја сведочевме како гледачи, ја доживуваме како своја, но хуморот во најтензичните моменти, и прошката која ја понуди Ру - главниот карактер -на ликовите со кои ги играше овие моменти - дозволи и ние да здивнеме и да се осетиме поштедено, и да го завршиме патувањето на добра нота. Но како сите добри кинематографски искуства, во приказната има многу елементи кои се вплетени и ја придвижуваат, но и кои можат да стојат и да зборуваат сами за себе како независни целини. Па без ниту трошка истражување, ниту еден таб отворен за консултација, чисто од љубовта и сеќавањето на задоволен гледач, ги издвојуваме следните неколку (!) дефинирачки моменти за нас и за Еуфорија кои ја раскажуваат приказната на оваа генерација сега и овде, со убавината и вниманието која ја заслужува а многу од нив никогаш не сме ги виделе третирани на екранот. Скроз свесна дека целината не е збир на деловите отворам јутјуб таб и барам: ЗАВИСНОСТА Е КОМПЛЕКСНА БОЛЕСТ: Ру овердозира на забава за нова година: „Срце, мислев дека те изгубив„ МУЗИКАТА: ДАЛИ Е АВТОРСКА НА ЗЕНДАЈА И ЛАБИРИНТ(НО И ДОМНИК ФАЈК) ИЛИ ПОШИРОКИОТ САУНДТРАК - ИНТЕГРАЛЕН ДЕЛ НА ПРИКАЗНАТА, ПА МУ ДАВА ТРЕЈНСПОТИНГ- ВАЈБ. ФОТОГРАФИЈАТА Директорот на фотографија Унгарецот Марсел Рев вели"Фотографијата, по својата природа, не вклучува џиновска фабрика. Мислам дека е поажурен, поприменет во тековното време. Секогаш е малку естетски понапред од снимањето филмови. Тоа е моето чувство, но можеби сум само љубоморен. [Се смее] Фотографијата има повеќе влијание врз визуелноста на филмовите отколку обратно. Кога зборуваме за изведена фотографија, можете да имате напред и назад. Но, само на многу естетско ниво, фотографиите - фотографиите - секогаш се малку понапред од снимањето филмови. Тоа е пофлексибилен медиум... Голем дел од визуелноста на претставата е напишана во сценариото. Значи, не можам да земам заслуга за тоа бидејќи веќе е на хартија. Очигледно додаваме многу во лет и додека го подготвуваме и снимаме, но сето тоа е вкоренето во пишувањето."

  • Следните 10 дена се одлучувачки за текот на војната

    15 март 2022 година Напорот на Русија да ја освои Украина може да кулминира во следните 10 дена. Русите се во неволја и тие го знаат тоа. Затоа посегнаа до Кина за помош и затоа сега регрутираат Сиријци. На руските генерали им снемува време, муниција и работна сила. Тоа не се заснова на никаква внатрешна интелигенција - јасно е од информациите од отворен карактер и моето искуство. Би можел да бидам далеку од реалноста, но уверен сум во оваа проценка. Суштинско предупредување за мојата проценка е дека ние, Западот, предводени од САД, мора да ја забрзаме и прошириме поддршката што и ја даваме на Украина на размери и со чувство на итност на Берлинската блокада (јуни 1948-мај 1949). Ним им треба оружје и муниција за да ги уништат ракетите, крстачките ракети и артилерија со долг дострел што предизвикуваат најголем дел од штетата на украинските градови, како и разузнавањето за лоцирање на тие системи и способноста да ги погодат бродовите на руската морнарица кои лансираат крстосувачки ракети во градовите од Црното и Азовското Море. Временскиот предизвик за Русија не е само воен. Ефектите од санкциите растат - Русија наскоро може да не плати долг од 150 милијарди долари во странска валута - а руската домашна огорченост исто така расте (треба да запомниме дека е невообичаено, но и крајно храбро обичните луѓе да протестираат во Русија на Путин и телевизиските уредници ненадејно да ги прекинат своите програми со развиорени антивоени плакати.) Треба да направиме се што можеме за да го поттикнеме тоа незадоволство и да им дадеме до знаење на храбрите Руси дека ја имаат нашата поддршка. Недостиг на муниција Русите се соочуваат со недостиг на муниција. Нивната транзиција кон војување за трошење ги зголемува стапките на потрошувачка над она што го планирале и она што можат да го одржат. Сè уште ќе имаат многу од конвенционалната артилерија и таканаречените неми бомби. Но, како што знаеме од минатите воени операции на САД, најсофистицираната муниција е многу скапа и толку поограничена во достапноста. Русите веројатно ќе го имаат истото искуство; Покрај тоа, тие мислеа дека кампањата ќе заврши во рок од неколку дена, така што големите залихи веројатно не беа подготвени. Потрошувачката за време на војна секогаш ги надминува планираните бројки, а урбаната борба го влошува тоа. Санкциите, исто така, ќе помогнат - Финска и Словенија порано и даваа муниција на Русија, а тие сега престанаа. Недостиг на човечки ресурси Пентагон соопшти дека 50 отсто од руската борбена моќ била посветена на Украина. Во екот на нашите војни во Ирак и Авганистан, бевме посветени со околу 29%. И беше тешко да се одржи тоа. Ова директно игра во дискусијата за опкружувањето на Киев. Русија нема човечка сила или огнена моќ да го опколи главниот град на Украина, а камоли да го заземе. Сум бил во Киев неколку пати. Бев таму во Киев пред пет недели, се сретнав со претседателот Зеленски. Тоа е многу голем, густ главен урбан центар на бреговите на една од најголемите реки во Европа. Тоа е тежок, сложен урбан терен. Украинците ќе можат да го држат отворен и да спречат опкружување, особено ако можеме да го достигнеме протокот на оружје и муниција до потребните нивоа. Ќе има, за жал, зголемени напади врз градот со воздушни и копнени системи, а многу повеќе невини украински граѓани ќе бидат убиени, повредени или раселени. Но, не верувам дека ќе падне. Дилемата на Русија само се влошува со нејзините борбени жртви. Иако секогаш сум скептичен во врска со бројот на тела на непријателот, верувам дека бројот на загинати е во илјадници (најверојатно во опсегот од 5.000-6.000 предложен од американски извори) и бројот на ранети е многу поголем. Современото бојно поле е крајно смртоносно, особено за слабо обучени или недисциплинирани војници. Овие се многу високи бројки само за првите две недели од војната и многумина доаѓаат од елитните единици на Русија - тешко е да се заменат (и Кремљ нема да може долго да ги крие овие загуби од руската јавност.) Извештаите за низок морал, раздор меѓу командантите, бунт на барем еден брод, дезертирање и слично, сето тоа во првите две недели се показатели за големи проблеми со работната сила. И во чист број, украинските вооружени сили сè уште се побројни или блиску се совпаѓаат со руските сили всушност на теренот во Украина. Не постои сугестија дека Русите имаат големи единици кои демнат во шумите некаде (а Пентагон рече дека не гледа знаци на значително засилување.) Значи, очигледно е дека замислената сила од 900.000 на руската војска е шуплива бројка. Нивниот јавен повик за 16.000 војници од Сирија и од други места укажува на тоа. Употребата на „стоп загуба“ од Русија на регрути чие време е приближно е уште еден показател. Украинската дијаспора се собира дома за да помогне во борбата; Русите не се враќаат дома - и навистина, многумина заминуваат за да ја избегнат борбата на Путин. Сега постои можност да се влоши нивниот проблем со работна сила. Следниот прием на регрути во руската армија е на 1 април, кога околу 130.000 руски семејства се бара да ги испратат своите синови (18-25) во воените центри каде што ќе бидат примени во руската армија како војници. Треба да направиме сè што можеме за да влијаеме на тој следен прием со користење на комбинација од човечки дострел, како и сајбер/технички средства за да се заобиколи руското затемнување на новинарството и социјалните медиуми. Милиони Украинци, Грузијци, Германци, Полјаци, Литванци, Летонци и Естонци и Финци имаат пријатели, семејство, деловни контакти, вработени и клиенти во Русија. Тие треба директно да допрат до нив - Литванците веќе започнаа кампања по оваа линија. Ако успееме да натераме одреден процент од тие семејства да се спротивстават, да им се придружат на оние илјадници Руси кои веќе покажуваат храброст да протестираат, тоа ќе испрати шокови низ Русија. Следните 10 дена се одлучувачки. Тоа е трка и не гледам доволно итност. Треба веднаш да ја притиснеме педалата за гас на подот. поручник. Генералот (Ret.) Бен Хоџис е Претседател за стратешки студии во Центарот за анализа на европската политика во Вашингтон, ДЦ.

  • Обвинителите бараат 13 години во “строга режимска колонија” за рускиот опозиционер

    Судењето на Навални е во својот 13ти ден, па тој остави порака на пркос на социјалните мрежи, резимирајќи ги случувањата: “Обвинителот побара 13 години во строга режимска колонија. Ако терминот е цената за моето човеково право да го кажам она што го сметам за неопходно, и граѓанското право да се борам за подобра иднина на Русија, тогаш тие можат да побараат и 113. Нема да се откажам од зборовите и од она што го направив. И другари, денеска објавив дека Антикорупциската фондација не само што нема да загине, затвори или, закочи, туку ќе влезе на ново глобално ниво на работа, станувајќи меѓународна организација. И задржување на овој фокус на истрагите против крадците од Кремљ. Не грижете се за мене. Сосема сум ок и се грижам само за тоа што другите се грижат за мене. дури ја замолив Јулија да не доаѓа на пресудата на 22 март, туку да го помине денот со Захар за да не ги дознае вестите од соучениците или наставниците. Во мојот последен говор зборував, се разбира, за војната. За тоа како стана директна последица на корупција и деградација. Крвава покритие за неуспехот на режимот на Путин. Сега сите не треба само да галамиме, да се колнеме меѓусебно, да се каеме и да жалиме. Секој мора да дејствува. На свој начин, како што може, земајќи ги предвид околностите, но да дејствува. Очигледно, како што остави во аманет Л.Н. Толстој, еден од нашите големи писатели, чиј цитат го завршив мојот говор: „Војната е производ на деспотизмот. Оние кои сакаат да се борат против војна, треба само да се борат против деспотизмот“. Обвинителот на судењето на затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални сака отворениот критичар на Кремљ да биде осуден на 13-годишна затворска казна под обвинение за проневера и непочитување на судот. За време на завршните изјави на 15 март, обвинителката Надежда Тихонова, исто така, побара од московскиот окружен суд Лефортово да го казни Навални со 1,2 милиони рубли. (9.900 долари). Судењето, кое започна пред еден месец, се одржува во поправната колонија бр. 2 во градот Покров во Владимирската област на околу 200 километри источно од Москва. (Видеото има англиски титлови- од јутјуб каналот “navalny”) Навални ја помина минатата година во казнената колонија на друго обвинение откако се врати од странство, каде што се опоравуваше од речиси фаталниот напад со отров за кој го обвинува Кремљ.

  • Најпрестижната Прицкер награда за архитектура оди на Diebedo Francis Kere

    Нема да лажеме дека и покрај се́ - бев шокирана кога слушнав дека на состанokoт во месната заедница во Влае, на насобраните граѓани жена го одбранила градоначалникот со зборовите: живеете во град! Ако не ви се допаѓаат неговите процеси одете на друго место! Тоа е точно тип на работа што би кажал некој што е од „друго место„ како го замислува градот: немилосрдна бетонизација. Градот, во своите најсовршени форми е прилагоден на човекот и околината ..Почнавме да бараме инспирација во антропологија на архитектурата но таа потрага заврши кога пред некој саат излезе веста: Прицкер наградата за архитектура отиде на првиот црнец кој некогаш ја добил : Франсис Кебе од Буркина Фасо. Еве зошто е битен за нас: За многу архитекти, да се одликува со награди е задолжително отскочна штица за попрестижни комисии. И нема поголема награда од годишната награда за архитектура Прицкер. За архитектурата е она што е Нобеловата награда за литературата. Денеска беше објавено дека Прицкеровата награда за 2022 година му е доделена на 56-годишниот архитект Дибедо Френсис Кере. Со оваа награда, архитектот роден во Буркина Фасо ќе добие 100.000 долари и бронзен медал. Кере вработува голем број граѓани на Буркинабе (во 2020 година, неговата земја беше рангирана на 20-то место во светот по најнизок БДП по глава на жител) со работни места во столарија, заварување, изработка на тули, ѕидање и сликарство, обезбедувајќи локалната заедница да има поголема корист од неговите проекти како и посетителите. „Нормално со јавните објекти овде, никој не се грижи за нив“, рече Кере за Architectural digest во 2014 година, во врска со структурите во неговата матична земја. „Но, луѓето се посветени на овие проекти, се чувствуваат поврзани со нив. И ако нешто се случи, тие можат да ги поправат“. Кере е роден во 1965 година во Гандо, Буркина Фасо, како најстар син на селскиот поглавар каде што пораснал без струја или пристап до чиста вода за пиење. Тој се преселил на млада возраст за да стане единственото дете во неговото семејство што посетувало училиште. Дваесет години подоцна, Кере се преселил во Германија, каде што на крајот студирал на Техничкиот универзитет во Берлин и дипломирал во 2004 година со диплома по архитектура. По завршувањето на своето образование, Кере можеше лесно да го направи она што го направија толку многу архитекти пред него: остана во Европа за да се фокусира на облакодери, музеи и други профитабилни граѓански згради. Но, Кере избра поинаков пат. Тој се врати во Буркина Фасо, каде што процвета со обезбедување на својата заедница со многу потребна инфраструктура. По успехот во неговата родна земја, архитектот ја отвори својата фирма Kéré Architecture во 2005 година, со канцеларии во Берлин и Буркина Фасо. Дизајните на овогодинешниот лауреат се протегаат од кампусот „Startup Lions“ во Кенија (кој беше прогласен за „Чудото на чудата од 2022 година од АД) до серија единици за домување на наставници во Буркина Фасо. Она што ги поврзува овие две архитектонски дела е употребата на Кере на автохтони материјали, особено глина, која ја користел за правење дебели ѕидови. Оваа древна техника одржува свежа внатрешна температура во делови од Африка каде температурите често достигнуваат 45 степени целзиусови. Но, не само на неговиот роден континент, архитектот постигна успех. Во 2017 година, Кере го дизајнираше лондонскиот Serpentine Pavilion. Две години подоцна, архитектот ја завршил својата прва постојана градба во Америка со павилјон од борови трупци (направени од мртви дрвја) во руралното Fishtail, Монтана. Архитектурата, објаснува Кере, во основа е општествен процес - особено во посиромашните и помалку развиените региони во светот. Станува збор за интегрирање на луѓето за кои градите, правејќи ги да се чувствуваат, дека тоа е нивен проект. На овој начин тие се поистоветуваат со зградата исе гордеат со неа. „Архитектурата е многу повеќе од уметност. И тоа е многу повеќе од само градење згради“, вели архитектот Диебедо Франсис Кере од Буркина Фасо, интервјуиран од Марк-Кристоф Вагнер, во ова интервју за неговата архитектонска филозофија. Во најновото видео од каналот Луизијана, Френсис Кере со седиште во Берлин размислува за целта на архитектурата во општеството што се менува и влијанието што го врши неговата родна нација, Буркина Фасо. Во своите дела, Кере избира да работи со локални материјали - дрво и глина - иако неговите згради мора да имаат модерна артикулација. Локалната заедница многу често ги идентификува традиционалните материјали со предмодерна фаза на развој. Вклучувањето на луѓето значи да ги научиме на модерни градежни вештини, кои подоцна ќе им бидат потребни за одржување на зградата. Освен тоа, локалните материјали се идеални за соочување со климатските предизвици на регионот: глината ја задржува топлината надвор од зградата и ја стабилизира температурата внатре, што е „подобро од вештачката климатизација“, вели Кере. „Ако научиме да градиме со локални материјали, имаме иднина. Архитектурата може да донесе многу за локално општество како моето. Архитектурата ги прави луѓето горди, едноставно горди. А тоа може да генерира многу енергија“. „Преку градби кои покажуваат убавина, скромност, смелост и изум, и со интегритетот на неговата архитектура и гест, Кере грациозно ја поддржува мисијата на оваа награда“, се објаснува во официјалната изјава на Прицкеровата награда за архитектура.

  • Борба за Влае

    Пред некој ден ми стигнува порака - линк до вест која гласи: „„Борба за Влае“: Да ја спречиме планираната бетонизација на зелените површини во населбата„ - го отварам, и како прелетувам преку зборовите со поглед почнувам да тонам во чувство на поразеност. И покрај „интересните времиња„ во кои живееме, би помислил човек дека веќе сум отрпната, посебно вест која се чини дека не е драматична на прва, и се чини дека се однесува на обичните дневни активности на скопските маала... Но не е така. Оваа вест ми кажува дека плановите кои ги доживувавме како закана веќе со години, а се туткаа како кусур - банкнота во поздравот со комшиите кога ќе се разминеме „како си што правиш, слушна ли..„ - стануваат се́ поизвесни. А се чинеше дека имаме некои фигуративни пет минути да земеме здив и да се одмориме во застојот кој го донесе пандемијата па и локалните избори. Плановите Влае драстично да се „преуреди„, да се исечат многу од дрвјата, многу од нив липи кои растат 30 години, и да се дигнат згради кои за сите намери и цели повеќе се кули во населба позната по начичканите сликовити куќи во уличките покрај Вардар е срцепарачки. Тоа е спротивно на урбанизација, движење и работење една населба да стане функционален град - тоа е урбаницид. СИТЕ БЛАГОРОДНИ ИДЕИ ЗГАСНУВААТ НА ТЕРЕН (околу пет минути после изборите) Кога сме кај локалните избори сакам да го потенцирам ова, за мотивите ми бидат јасни: јас, навивам за секој градоначелник. Навивам да биде општо сакан, и плановите за кои зборува - обично во предизборието - да бидат непречено реализирани. И тоа оние за апсолутниот минимум: улиците и јавните површини ќе бидат чисти, градската опрема како клупи, канти, контејнери, канделабри ќе бидат на број и здрави, ќе има зеленило, ќе има мир, ќе има услови за сите нејзини жители од деца до пензионери, до безбеден пристап луѓе со посебни потреби, до правилно згрижени животни, до места за миленичињата, до паркинг за сите, до дисциплиниран и непречен сообраќај - накратко: мирен, складен и пријатен живот. Ова е основниот ритам на животот, кој можеби од носталгија -но ми се чини како деца во поранешната Југославија градовите и населбите се чинеше дека ритамот беше не само складен туку и ентузијастички „свирен„. На пример една од најскапоцените сеќавања ми се : летна вечер, конечно жештината попушти, и седам со баба ми дедо ми на балконот, зборуваме тивко доколку некој спие - 12 после полноќ а цистерна со вода ја патролира улицата, полека, свечено, додека двајца работници со извлечени црева ги мијат улиците и плочниците. Па зошто пола век подоцна е дотолку потешко да се одржува овој ред кој во 20от век функционираше со децении? Доколку прашате вработени или „упатени„ многу голема веројатност е дека ќе почнат да рецитираат кафкијански процеси, лавиринти, поради кои ништо не е така едноставно. Пример: - има гужва на клупите во текот на целата вечер се слушаат расправии, тепачки, брмчење со мотори, а на добри денови само пијано пеење и пуштање музика од автомобилите паркирани во паркчето и така додека се раздени, секој ден, секое лето . Знаеме дека го нарушуваат јавниот ред и мир - чаре? Кафка бирократ: пааа за ова треба позорникар а таа служба ја нема „ричините се недостатокот на полициски службеници, односно лошото менаџирање со кадарот во службата наследено од претходниот период – голем одлив на човечките ресурси од Министерството за внатрешни работи по основ на пензионирање, во применување други начини на вршење на полициски работи, како што е патролната и мотопатролната дејност и поради реален недостаток од полициски службеници.“ КОГА ИМА ВОЛЈА - ИМА И НАЧИН Но - добрата вест е дека не мора да биде вака. Со политичка волја дури и најневозможните проблеми наоѓаат начин да бидат решени. Во секојдневието на еден државен работник(од премиерот до кнеговата кафекуварка, од министерката до нејзиниот шофер ) е заработување и нешто слава. Бидејќи славата доаѓа со самата позиција и титула( „а да го знам премиерот како не, на „ти„ сме) а пари никогаш доста, очигледно е дека позицијата се користи за правење на сојузи, смислување креативни решенија како парите да се размрдаат и да работат во своја полза. Но кога граѓаните (или народот) стануваат толку гласни што нивната порака јасно и гласно стигнува и до навидум високите, и тешко пробојни ѕидови - тогаш славата е загрозена, и мора да слушаат. А прва работа која што треба да ја чујат е: не сме идиоти, па затоа не ни помислувај да не́ изиграш. Ова, заедно со потсетувањето дека тие работат за нас, со наши пари, и ја добиле позицијата на моќ само со помош на нас како грб. Па затоа ние(граѓаните, народот, државата) - е единствен приоритет. „Јас те створив, јас ќе те растворам!!„ - обично вика гневен татко на блудниот син... Јас сум овде да ве потсетам на таа сила на народот, која може да биде во однос со тековните претставници во позиција на моќ - порелаксирана, но и не исклучиво кога ножот ќе ја удри коската. Всушност тоа е нашата обврска. Се чини дека старо - новиот градоначалник на Карпош Стевче Јакимовски има дилема пред себе, која треба да земе време а се надеваме и одговорност, за да ја разреши: „Дали ќе ја изберам славата? Каков однос ќе изградам овој пат со граѓаните кои ме гласаа?„ Се чини дека се движи внимателно во овој мандат, сосема свесен за она тивко мнозинство, кое знае да пресече кога ќе се замерат со него. Нашата препорака кон Стефчо е истата како кон било кој во тој тип на кариера: гледајте да го изедначите она на хартија со она на терен. Да бидете се́ она што би требало да бидете, е и повеќе од доволно за еден просечен граѓанин. Тој однос пак(на демократски освестениот и активниот граѓанин), бара информираност на сите механизми на правото, на демократијата, на протоколи и е секако работа. Ама секогаш ученикот кој учи конзистетно има подобри резултати од оние кои учат кампањски. Кога ножот ќе ја удри коската, кога толкав е бројот а понижени и угнетени што веќе не може да се игнорира, кога едно попладне брзаш да стигнеш дома затоа што сопругата ѕвони на телефонот без престан, а ти седиш заглавен во кола во гужвата, и не креваш затоа што си премрен од страв од филмовите што ти се вртат во глава и се одговор на прашањето „зошто ѕвони, што се случило?„ Но и истрошен од стресот на бесмислената сообраќаен метеж „ Зошто сум заглавен во гужва во Влае? Беше така мирно место?„

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page