Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Празнични дланки!
Грабнете ги зелените, црвени и глитер лакови за нокти доколку ви фали поттик да влезете во празничниот дух во уште една пандемиска Нова година! Ако ги немате тие бои, фатете се за лампион и- воала!
- Есенски бои
За со џемпери…
- Jay Z воведен во Rockenroll hall of fame 2021 од Chappelle и Obama..
Вчера Jay Z и Foo Fighters беа вклучени во Рокенрол халата на славните. Paul McCartney ги воведе Foo Fighters (David Grohl бил веќе овде како бубњар на Nirvana), а Chappelle и Obama - многу очигледно - емотивниот Jay Z. Тој момент го искористија сите да ја нагласат пораката дека ова е времето кога се воведува хипхопот надвор од гетото: доаѓа од бетон, од глобалното гето, слично како панкот, но сега е во Белата куќа, во историјата преку говорите на претседателите.
- Ќерката на Kate Moss - Lila - по стапките на мајка и́
Ова не е вест дека Lila Moss порасна, ниту дека ја прошета пистата со мајка ѝ, ниту дека Donatella Versace ја дизајнираше линијата на Fendi… туку дека Lila ја остави инсулинската пумпичка на колкот без да ја крие… медицинските проблеми често до ден-денес се извор на срам, се шепкаат и кријат, бидејќи можеби индицираат дека човек со здравствени проблеми е скршен и непотполн? Има мал милион примери за тоа а на Етна ѝ текнува како не смееше да се зборува гласно дека баба ѝ имала туберкулоза како мала…за ментални болести и инвалидитети да не зборуваме доколку дијабетес е уште тема…
- Da Baby - cancellation in process
Da baby сагата продолжува! Da baby го избриша извинувањето кон LGBTQ+ заедницата што го објави на социјалните мрежи. Од друга страна Kanye West ја тргна nah nah nah - соработка со Da baby, и 2Chainz од сите стриминг платформи. Како и поп ѕвездата Dua Lipa, во нивниот случај дуетот беше радиски хит и котираше на сите листи, па повлекувањето ја чинело веројатно доста пари. За споредба, нашиот премиер кажа пред 100 камери и 200 микрофони “Нема еден педер да ја сруши владата”. Во одбрана му застанаа токму LGBTQ+ активистите, кои посочија дека “со вмро беше полошо”. Така демонстрираа со колку малку се задоволни.
- Се отвори East Gate Mall..
Со многу помпа и фанфари во предвечерјето на локалните избори (што сте вие!) се отвори East Gate Mall. Можеме да замислиме дела изгледа чудовишно, само по критериумот на големината. Целиот државнички врв го посети отварањето што е неверојатно само по себе и нѐ потсетува дека Македонија сѐ уште се перцепира себе си како паланка - а ја има слободата да излезе од тоа убедување. Паланка - состојба на умот. Иако изгледа дека сме на страната на оние кои жалат по саемот (жалиме), сепак баш како аргумент против провинцијализмот треба да ги имаме овие опции, но не по секоја цена… Разгорување на треската на конзумеризмот е перверзно во оптшество каде просечната плата е дупло помала од минималната европска. Можеби таа треска се “фаќа” поради таканаречениот “кармин ефект” (lipstick effect) - кога општествата се во економски стрес, жените купуваат кармини повеќе од обично. Зошто? Затоа што немаат можност за повеќе, па сакаат да се чувствуваат нормално, како сѐ да е во ред..
- Постерот на новиот филм на Almodovar премногу контроверзен за ИГ!
Наспроти Венецијанскиот филмски фестивал, Almodovar и екипата го промовирале новиот филм "Паралелни мајки" кој ќе дебитира токму таму. Постерот за филмот има дизајн на кој е претставена брадавица во лактација која е контекстуализирана како зеница на око…. Но Инстаграм не знае многу за контекст, па постерот бил отстранет од платформата. Не знае за контекст, но знае за лош публицитет…-по што беа принудени да го вратат постерот заедно со извинување. Javier Jaén (Хавиер Хаен) кој го дизајнираше постерот за филмот изјави за ситуацијата: “Брадавица е првата работа што сум ја видел. Некојаси компанија како ИГ ми кажува дека мојата работа е опасна! Дека луѓето не смеат да ја видат, дека е порнографија!! На колкумина луѓе им кажуваат дека нивното тело е погрешно, дека е опасно?” И додаде “ми кажаа дека технологијата не знае да разликува контекст. Ич не ми е гајле, сменете си ја технологијата” … така е брат…
- Bob Dylan во жешка вода
Bob Dylan, 80, минатата недела доби обвинение од жена, која тврди дека во 1965 година била издрогирана и силувана од Bob Dylan кога таа имала 12, а тој 26 години. Обвинението, кое минатата недела било поднесено во државниот врховен суд, вели дека J.C. (познати се само иницијалите) до ден-денес е емотивно ранета и психолошки оштетена. Dylan "воспоставил емотивна врска, за да ѝ ги намали инхибициите, што и се случило, за да може сексуално да ја злоставува. Kористел дрога, алкохол, и закани за физичко насилство." Гласноговорникот на Dylan, вели дека "наводите на 66 годишната жена се апсолутно неточни и дека тој жестоко ќе се брани". Да потсетиме дека Dylan е невин додека не се докаже спротивното, но и дека случаи кои се сосема празни, барем легално, не би повлекле судска постапка. Ќе видиме дали ќе се јават и други жени со слични наводи што беше случај и со Bill Cosby (кој веќе излезе од затвор), R. Kelly (судењето само што започна), и секако Harvey Weinstein, холивудскиот бог паднат на теме...Или можеби ќе се спогодат надвор од судот и тој ќе плати висока сума пари, па вистината ќе остане засекогаш помеѓу нив двајца.
- Einsturzende Neubauten имаат порака за вас
Einsturzende Neubauten, се јавија со порака, писмо, кое лесно може да биде нешто што и Дива го порачала: До сите вас, После повеќе од една и пол година од првиот карантин, има причина за надеж дека концертите наскоро ќе бидат оддржани под речиси нормални услови, откако беа развиени различни вакцини кои во голема мерка заштитуваат од инфекција од болеста. За да се постигне тоа, сепак, од суштинско значење е што е можно повеќе луѓе да бидат вакцинирани. Научните аргументи за сеопшта вакцинација се добро познати, но познати се и аргументите на скептиците и теоретичарите на конспирации. Ние не сме заинтересирани, никако, да учествуваме во оваа дискусија, но би сакале да посочиме дека вакцината, надвор од сите лични стравови, сомнежи и сензитивности, претставува акт на солидарност не само со нас уметниците, и другите работници во музичката индустрија, но исто така и со сите други луѓе. Ние се вакциниравме, и ве замолуваме и вие да го направите истото што е можно побргу. Collapsing new buildings
- Shiloh повторно во центарот на вниманието!
Таман светскиот печат беше убеден (скоро па резигниран) дека Shiloh (Шајло) ќе биде John, кога на промотивната турнеја на Eternals, направи 180 степени поместување и личи исклучително многу на мајка си Angelina Jolie… Зборуваше дека преку парфеми на Estee Lauder се чувствува блиску до мајка ѝ, која ги носела, па рециклирањето на фустаните од ќерките можеби е подвлекување на тој тип на интимност. Или штедат..
- Lena Duhnam e мажена жена!
Lena Duhnam се омажила со перувиано-британецот (што да правиме така го опишуваат!) Luis Felber во интимна (60 гости) свадба во Лондон. Lena отиде во Британија да снима филм пред цели неколку години и остана таму. Додека била во болница (имаше хисторектомија поради ендометроза-доста болна состојба на матката), тој ја запросил без да планира. “Зошто не го направиме тоа (ќе се земеме) некој ден, скорешен ден?”- и после 10-на месеци го оствариле муабетот. Lena од краткиот меден месец се јави на Инстаграм да ги искоментира коментарите за нејзиното тело: “Ме споредувате со мене кога последен пат бев на ТВ. Но тогаш бев несреќна, болна и во активна зависност”… Ние мислиме дека откако го доби HBO шоуто Девојки (Girls), а немаше ниту 25 години, јавноста се накостреши кон нејзината привилегираност. Нејзините родители се познати и богати њујоршки уметници, и таа антипатија и одбивност ја насочуваат на вечната тема за Лена - нејзиното тело, што секако не е во ред…













