Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Gabby Petito најдена мртва
Gabby Pettito е пронајдена мртва. Повеќе од недела читаме и гледаме идилични снимки од патувањето со нејзиниот дечко во комбе. Во моментот кога излезе клип од полициска камера, кога ги распрашувале за семејно насилство дечко ѝ (или свршеникот, статус не е до крај јасен) - го снема, или “се даде во бегство”… не сме true crime страна, но случаите кога сѐ изгледа совршено, додека не стане совршено ужасно, нѐ фасцинираат. Друг таков случај: Chris Watts фин дечко, кој ги уби своите две ќерки и бремената жена….
- Meek Mill наиде на сопка!
Meek Mill наиде на сопка при промовирањето на албумот Expensive pain.
- Море, набрзинка
Неколку дена претходно - точно три - ми беше соопштено дека одиме на море. Додека бев под немилосрдниот стисок на топлотниот бран запајташен со четвртиот ковид бран копнеев да отидам: избрав Палмолив гел за туширање кој мириса на плажа, и додека слабиот млаз од тушот се цедеше врз мене замислував дека сум во море… само овој гест на очај ме дисквалификуваше и да размислувам да останам во Скопје. Но, за три дена мораше да организирам мал милион ситници… а, тоа резултираше со: мислите ми беа во слободен пад, и во оган, и се вртеа во круг како мачка што си го брка опашот, сето тоа одеднаш - првите два дена. Не можев да сфатам дека сум во заспано градче, ако воопшто беше и тоа, веднаш на плажата. Се будев во 5 сабајле и одев со забрзан чекор на терасата. Третиот ден таа состојба испари.Нема да опишувам како изгледа тој мир, но сега не можам да излезам од него…ниту ќе навлегувам во про и кон списоци само ќе кажам: тешко нѝ e (интересна омашка!) да се вратам на галамата, да ја соџвакам и да ја плукам на малите Фејсбук гладни пилиња … #greece #macedonia #home
- Drake на чај и колачиња кај Hirst
Слично како Kanye кој отиде на уметнички аџилак во Берлин пред пар недели, еве го и Drake во Лондон со Damien Hirst. Си доби патики, но дознавме дека каверот со сите варијации на емоџи од бремени жени (Champagne papi му е ИГ handle-от) e исто така од Hirst. Поп културата е единствената релевантна култура и во моментов се проголтуваат и прождеруваат со т.н. Висока култура.
- Тагување: туторијал.
Македонската колективна тага, нејзините конци се чини дека се провлечени во секој разбој. До таа мерка што веќе ретко што можеме да кажеме за себе без да се повикаме на нејзе, дури и најсреќните моменти. Се чини не знаеме како да бидеме без нејзе. Добрата вест е што е можно да се одучи, и да се прекине таа генерациска клетва. Минативе година-две а посебно минатиов месец, ескалираше во траума. Го пишуваме ова, бидејќи обидите да се ускрати правото на изразување на таа болка (се чини од партиски активисти?) е вознемирувачко само по себе... Па би почнале да ја третираме таа тема со освестување, не само преку уметноста туку и посочување: „Кои се некои од начините преку кои заедниците можат да тагуваат? - Јавни погреби и меморијални церемонии - Состаноци во градски собранија и други јавни форуми - Протести и митинзи - Паради и процесии - Минута молк, или молитви - Терапија за тага понудена од градот, психолошки центри, цркви, и други групи. . - Донации да се помогнат оние кои се најдиректно погодени - Волонтерски акции за чистење, градење, итн... - Постови на социјални медиуми и групи
- Што знаеме за смртта на Michael K Williams
Ова е ситуацијата пред зградата на Мајкл К Вилијамс… тоа што го знаеме е дека внук му го затекнал веќе починат и “ладен на допир” (како го опишал кога викнал брза помош). Седел на столица во трпезаријата, додека на масата во кујната имало хероин што укажува на брзото темпо со кое се одиграл овој последен чин. Кога дошла полицијата го прогласила за мртов во 2.12 попладне. Пред зградата седи млад човек сам, и неутешно плаче, и објаснува на соговорникот на телефонот: јас го најдов! Интернет од друга страна е “запален” после оваа вест… сите се закачени на своите лајвови , ништо помалку шокирани од нас(риалити шоута се мали бебиња за овој формат)…
- Збогум Michael k Williams
Michael k Williams најдобро познат по улогата на Omar Little во Wire (централниот лик во за многумина најдобрата серија во ТВ историјата и омилен лик на Barack Obama), а потоа и од улоги во Boardwalk Empire, 12 years a slave… Тој ја започнал кариерата како танчер (работел со Madonna). Пронајден е мртов во својот стан во Њу Јорк од внук му. Веројатно станува збор за предозирање :( Имаше 54 години.
- Montero: Прекрасен трол
Монтеро го трола Дрејк
- Ye го виде Berlin
Дојде Donda и реакциите експлодираа откако конечно го издаде… а Ye е во “таинствена арт прошетка” во Берлин. Локациите кои ги обиколил се: Pergamon музејот, Julia Stoschek колекцијата, Boros колекцијата, Berghain (изложба во најпознатиот клуб во Германија) и KW институтот за модерна уметност. Почнуваме да попуштаме во верувањето дека има нешто генијално во него. Во прилог оригиналниот дизајн за насловницата на Donda . Сепак се одлучи за црн квадрат. Donda е ода за мајка му, а Burgeois и саматa ја обработувала својата врска со мајка ѝ…#ye #kanyeinberlin
- Што го јаде Spencer Elden: приказна за self-fulfilling prophecy
Spencer Elden, бил четири месеци кога го сликале за каверот на Nevermind албумот на Nirvana - еден од најпознатиот и иконичен дизајн за насловница на албум. Значи тогаш бил четири месеци, а сега го тужи бендот за “сексуална експлоатација”. Ок друже не сме ние дел од луѓето што се сомничави по автоматизам и ќе кажат дека можеби му текнало во еден момент дека заслужува некаква компензација и само тоа, а детската порнографија е начин како да дојде до пари. Можеби се чувствува морално згрозен… сѐ е можно… Тој тврди дека заработил првично 200$, а подоцна уште 1000$ за да ја повтори фотографијата, но тогаш веќе возрасен. Celebrity net worth, вели дека Elden “тежи” 50.000$… па се оформува полека сликата… за евентуалните мотиви за оваа парница.
- Beyoncé, Jay Z и Diamond Star на Tiffany во нова кампања со име "За љубов"
Покрај толку „ѕвездена„ екипа, вестите ги направи Basquiat Beyoncé и Jay Z носат промотивна кампања на Tiffany's, која се вика: „ “ABOUT LOVE.” Јавноста е увреѓена и лута! Зошто? Додека го барав одговорот на ова прашање, се почувствував како да спремам испит. Веќе е извесно дека не е можно да се пушти чекор без сеопшта хистерија. На фотографиите кои се пуштени во етер, можеме да ги видиме Beyoncé и Jay Z како позираат пред Basquiat кој се вика „ Е еднакво на пи„ во сина боја (или „тифани сина„ или „ јајце на свиларка - сина„ - префинување е дневна задача! :). Додека Jay Z потсетува со косата на Basquiat веќе неколку години. (I'm the new Jean-Michel!") , Beyoncé изгледа како црна Тифани - во црнa Hermes хаљина, дијамантот од 128 карати блескана нејзините гради. Само четири жени го имале тоа задоволство. Мисијата наКартерови на „преведување„ на белата и европоцентрична цивилизација и висока култура, во црна,продолжува, прилично успешно, без да се карикира, или да биде навредливо или вулгарно. Но - како што веќе спомнавме галама и прашина сепак се крена. Зошто? „Jay Zнашол за сходно Basquiat да ни́ го претстави додека промовира едновековна бела компанија?! „ - меѓутоа овој Basquiat бил откупен од Tiffany's од приватна колекција, токму за оваа кампања. Забуната веројатно доаѓа од неговите стихови: "Yellow Basquiat in my kitchen corner Go ahead lean on that shit Blue You own it" Вториот приговор беа: крвави дијаманти! Tiffany's излегоа со енергичен демант, но и со информација дека донирале два милиони долари на историски црни универзитети и колеџи. Со тоа се затвори контроверзијата, остана да ги разгледаме фотографиите уште еднаш, можеби да ја изгледаме Појадок кај Тифани или да ја прочитаме, и да почекаме 15 септември кога ќе излезат и со краток филм, во кој Beyoncé ќе ја пее Moon River, која е и во филмот, Појадок кај Тифани, испеана од Audrey Hepburn) ...
- Andrew Cuomo најави оставка после скандалот со неумесно однесување
Andrew Cuomo најави оставка! На прес конференција кажа " Силен како од Њу Јорк, значи да сакаш како од Њу Јорк...а јас го сакам Њу Јорк и ве сакам вас. И сѐ што имам направено е мотивирано од таа љубов". Единаест жени го обвинија за непримерно однесување, фачкање, драпање по гради. Тој одговори дека му се испуштило, па ги нарекол неговите вработените "срце, душо, меду мој" (не- не се зезаме) "ама не мислев ништо лошо"...Инаку Cuomo доби и глобално внимание со тоа што имаше дневни преноси на ТВ во кулминацијата со ковид во Њу Јорк кој беше епицентарот во САД на кризата, и смирувачкиот тон му "заработи" доста обожувачи...












