Резултати од пребарување
1178 results found with an empty search
- И Joni Mitchell се придружи на бојкотот на Spotify
Taa во петокот напиша : “Решив да ја повлечам целата моја музика од Спотифај. Неодговорни луѓе шират лаги и ги чинат луѓето нивните животи. Стојам во солидарност со Нил Јанг и со глобалната научна и медицинска заедница по ова прашање”- Џони Мичел и додаде линк до оригиналното писмо потпишано од илјада научници кои протестираа против недостатокот на регулација на Џо Роган. Доколку не ја знаете Џони(или не ви текнува):
- Spotify ја симна музиката на фолк легендата Neil Young
Спотифај го тргна каталогот на музика на Нил Јанг, откако тој им постави ултиматум: или Џо Роган или јас. Со оглед на тоа, дека Спотифај го плати задоволството Џо Роган да биде ексклузивно на нивната платформа 100 милиони долари, вклучувајќи епизоди кои одат наназад 11 години, се чини дека имале релативно лесна одлука. Роган и покрај тоа што е прилично благ, и слаткоречив, дури и умерен, стана бастион на антиваксерството и конспирациските теории, однесување кое кулминираше со гостувањето на канадскиот психолог Џордан Петерсон кој кажа дека нема таква работа како клима, а и се исмејувал со климатски типови. Научната фела, во првиот момент се подбиваше со „теориите„ и „размислувањата„ на Петерсон, но после првичната реакција, стигнаа коментари кои беа малку пожестоки. “Таков наизглед комичен нихилизам би бил смешен да не беше толку опасен. Слични анти-научни размислувања од овие двајца индивидуалци за ковид-19 веројатно веќе довело, и ќе води до смртни случаи. Дури и повеќе ќе погинат од екстремно опасни и смртоносни климатски екстреми доколку не реагираме на климатската криза. Затоа промоцијата на дезинформации за климатска промена е дури и поопасна од онаа за пандемијата„ Повеќе од 1000 научници од медицинската и научна професија, потпишаа отворено писмо до Спотифај, со кое ургираа да ја зголемат контролата над Роган и опасните антинаучни теории кои ги промовира. Итноста и масовноста на овие апели доаѓа од фактот дека според Нилсен, Роган ги надминува CNN, Fox вестите, со својот просек од 11 милионска публика во секоја од епизодите. „Усраниот крај на стапот„ го доби по глава - фолк легендата Нил Јанг. Toj во понеделникот напиша отворено писмо во кој им кажува дека Спотифај може да го има или Џо Роган, или Нил Јанг. Не и двајцата. „Сакам да му дадам до знаење на Спотифај дека под итно ДЕНЕС сакам мојата музика да ја тргнат од нивната платформа. Го правам ова бидејќи Спотифај шири лажни информации за вакцините - потенцијално носејќи смрт на оние кои веруваат на дезинформациите што ги шират.„ Спотифај денес го направи токму тоа, но Нил Јанг најде поддршка во шефот на СЗО. Тедрос Адханом Гебрејесус твитна благодарност до Јанг, и кажа „сите ние имаме улога во ставање крај на пандемијата и инфодемијата.„ Кој ќе биде на вистинската страна на историјата - тоа ќе го напишат победниците, кои во овој случај се - преживеаните.
- Cardi B “ја доби” јутјуберката Tasha K на суд
Јутјуберката #TashaK го растеше каналот врз грбот на #cardi … трачевите што ги раскажуваше беа грозни: дека има херпес, дека се проституирала се само дел од нив(во видеото приложивме некои од нив). Карди ја тужеше и сведочеше дека била во депресија, луѓе и оставале коментари да не ја бакнува ќерка ѝ… дека била суицидална- но конечно ѝ наплати 4 милиони ….па вие видете ps. Девојката во клипот се докажа дека само живеела во иста зграда и не се знаеле, самата Таша призна во судницата дека свесно лажела… но вечерва излезе со изјава индигнирана во стилот rage against the machine … па во твит ликуваше “ау па го скршивме инанет”
- Одлична препорака за Валентиново
Доаѓа за некоја недела денот на вљубените- Валентиново, и хрватскиот Elle има одлична препорака: да се обратите кај македонско-британскиот Игор Пачемски Џоунс за соодветна … одежда за таа прилика! Неговиот Noblesse Oblige Lingerie е ставен во микс со Burberry и D&G .. Капетан Џоунс ви го чува грбот(и креветот) :
- Снег во Грција и Турција
Климатските промени се реални(галерија и видео)
- Почина композиторот и диригент Александар Џамбазов
“Си замина нашиот МАЕСТРО тивко и нечујно, како што живееше последниве 25 години” напиша Игор Џамбазов на Инстаграм а сочувство му изрази целата музичка сцена… Не е претерано да се каже дека модерната македонска музика е Александар Џамбазов на начин како што современиот македонски јазик е Конески.
- Ќе врне снег!
Па овде сме да ве потсетиме како да бидете загреани и комотни!
- PS
Заврши роденденската забава на Чикаго, и Је отиде во Мајами да го снима албумот, а Ким е на Карибите од каде нѝ праќа строго контролирани фотографии. Откако ја фатија неспремна во Мексико пред неколку години (тврдеше дека додавале контраст на фотките за да изгледа дека има целулит) сигурни сме дека нема повеќе да ѝ се случи …. Си носи папараци фотограф со себе… Пит Дејвидсон е во Статен Ајленд, Џесика (девојката на Кање е исто така во Њу Јорк)… а децата кој ги чува… ако може да му се верува на Кање : дадилки и камери.
- Малиот Принц Џорџ и лекцијата за ѓубрето
Принцот Вилијам раскажа анегдота од животот на својот осумгодишен син Џорџ, која кажува дека дете разбира и има повеќе свест за околината отколку милион возрасни Македонци. Имено, на поткастот на ВВС Њускаст, дека кога како активност во школото - собирање ѓубре го разлутила. Но не затоа што бил мрзелив. Вилијам кажа: „Џорџ беше во школо неодамна, и собираа ѓубре. Додека зборував со него пред некој ден сфатив дека беше збунет и гневен од фактот дека еден ден отишле да собираат ѓубре, а следниот ден кога поминале по истиот пат, во истото време, ѓубрето што го исчистиле било повторно таму.„ Така научил дека луѓето не загадуваат случајно туку тоа го прават од недостаток на грижа за околината. Ние во Дива сме исклучително засегнати, оваа тема нѝ е болна, затоа што живееме во средина со природа која го одзема здивот, но се чини многу од луѓето што живеат во неа, не се грижат и ја осакатуваат со ѓубре, ги загадуваат реките, земјата, шумите, наместо да ги пазат, уживаат и се гордеат со нив. Во прилог неколку сцени забележани деновиве, на патот кон Богомила и македонскиот бисер Солунска глава, на потегот помеѓу селото Теово и Согле. Ѓубрето е повторно проблем - го нагрдува и уништува нашето богатство.
- Kate Middleton полни (и слави) 40 години!
Катерина, го прослави својот 40ти роденден на 9ти јануари, тоа доколку не го знаевме, го знаеме сега, и сигурно ќе го запаметиме. Тешко беше да се заобиколат трите формални портрети на Војводката од Кембриџ, широко позната како Кејт Мидлтон на секое ќоше од интернетот, посебно оние западните... Секој од нив рефлектира три нејзини аспекти, модерна жена во 21от век, централна фигура на најсилната монархија во светот која е на чело на Комонвелтот, и исполнета жена во своите 40ти, сѐ уште млада, но зрела. Секој детал е вообичаено внимателно испланиран, и носи своја порака, но сега таа комуникација беше уште побитна, после annus horribilis на оваа генерација: Хари и Меган не само што ја напуштија Британија и улогите на сениор фигури во кралското семејство, туку тоа го направија со медиумска бура во која се обидоа да ја реплицираат Дијана со напади на „Фирмата„ (како што ја ословуваат монархијата кога сакаат да ја обезличат). Ги претставија нејзините членови, кои се и нивно семејство, како ладни, калкулирани, немилосрдни, расисти, кои ја довеле новата невеста на Хари до ментална состојба во која размислувала на самоубиство. Сето тоа кулминираше со смртта на Принцот Филип. После ваква година, исклучително важно е да се рехабилитираат нејзините централни фигури. А Катерина, немаше ни самата лесен пат до позицијата на која што е во моментов. Доколку сега е Војвотката од Кембриџ, во нејзините 20ти години беше нашироко позната како Waity Kaity - Кејти која бесконечно чека да се омажи (поточно осум години), и која беше исмејувана преку несреќна анегдота каде самиот Вилијам во периодот кога беа кратко разделени, се исмевал со некогашната професија (стјуардеса ) на мајката на Кејт (ја нарекувале во неговиот круг на пријатели "Doors to Manual"), и со тоа ги покани таблоидите да го прават истото сѐ додека не се венчаа. Сите напади ги поднесуваше достоинствено, и без ниту еден погрешно направен чекор. Кога Дива прв патго слушна нејзиниот глас, беше во заедничкото интервју кога ја објавија свршувачката. Од тогаш наваму, стана олицетворение на британска роза, стабилна а лежерна, сталожена но грижна мајка и прекрасен партнер, кралица на тивката елеганција, која е позната по „штедливоста„ и практичноста од една страна, но натприродно совршен модел на колекцијата на Кралицата и нејзиниот накит вкрстен со најдоброто од британската мода...Сето ова е рефлектирано во портретите на Војвотката, кои ќе влезат во постојаната поставка на National Portrait Gallery чиј патрон е таа. Сликани се во Лондонските Kew Gardens од Паоло Роверси. Таа е облечена во три балски фустани на Александер Меквин, истата модна куќа која не само што ѝ ја направија венчаницата, туку се во постојана ротација, во нејзините свечени и формални настапи. Накитот е од личната колекција на Кралицата Елизабета.
- Резолуција #1: Ќе држам диета и Резолуција #2 набрзина
Највообичаени одлуки или „новогодишни резолуции„ се: - Ослабни - Вежбај повеќе - Престани да пушиш - Оганизирај се подобро - Научи нова вештина - Заштеди/заработи пари - Живеј го животот до максимум Пробав да ги изиграм и да почнеме со нив, уште почеток на декември, и што се случи? Почна да паѓаат баклави, руски салати, да се опиваме ненамерно на Свети Никола, годинава изгледа како да си го разлабавила каишот, откопчала кошулата на враќање од работа, и залутала во кафана. Со тоа удри ја листава со две околности: пандемија и Македонија, и не сме сигурни колку шанси имаме ние, кутри малечки хрчки... Па еве во обид на прегрупирање, размислуваме како некако, очајно, очајнички да земеме под контрола животов кој некако изгледа како да се свртил против нас. Број еден: Сивите фармерки На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата. Ја залепив на вратата на спалната како потсетник...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Не само што ги закопчав, туку имаше и фалти - ми беа еден број поголеми. Летото кое претходеше останав скроз сама, со афтершоковите на некоја катастрофална тиндер ситуација...беше ептен битно да се вратам сама на себе, сама со себе, но тоа доведе до - пилешко, потпржен кромид со маслиново и ориз, еднаш дневно... Со недели. И тоа на добрите денови, кога жештината не беше премногу да стојам над шпоретот. Останав во тие сиви фармерки како триумф над себе, следните 4 години, и до ден денеска, некои ликови ги спомнуваат, како да се некое натприродно фантастично сновидение „ а, се сеќавам, беше во сивите фармерки...„. Како и да е дојде март 2020, стихијно и нагло, на ист начин како што се купуваше од тинекс тој месец. Кога ќе оставиш некого со залиха од храна за 3-4 месеци, без никакви обврски, сама со себе, и менталното здравје есктремно компромитирано, и како врв на сето тоа: тренерки, хеланки, блузони - даваат простор, о, и те каков простор, исходот беше речиси неизбежен. Фармерките се некаде збутани скоро две години. Стратегијата: ослабни! Пандемијата се уште не е завршена, а до сега повеќето од нас, најдовме како да преживуваме, се снаоѓаме и наоѓаме смисла на свет кој се чини е засекогаш сменет. Летово решив дека цел еден шкаф, кој го затворив за некое подобро време (и ги преселив гореспоменатите тренерки и хеланки во просторија која требаше да биде остава, а сега е плакар за блузоните), ќе го вратам во употреба, и нема да чекам ковидот да го разора светот надолж и попреку пред да згасне, за да почнам да живеам - подобро. Или потполно. Еден битен услов за да се чувствувам дека сум жива е - да го препознавам телото кое ми служи, толку беспоговорно верно. А го препознавам како мое само кога е во својата оптимална верзија. Кога мојата психа ќе се сврти против мене, прво оди во напад на обемот на струкот, обравчињата... А како одговор на тоа, моето Его (во фројдовска смисла) - одбива да прави било што друго освен да хибернира додека не се приберам и упристојам. Дел од тој механизам е - одбивање да купувам облека која е во поголеми броеви. Кога ќе се соочам со целиот свој плакар кој е во број, во просек медиум, кога надвор е -5, кога имам +5 најмалку зимски палта, а ниту едно не можам да го закопчам, не останува ништо друго освен да се соочам со жената која што сум во моментов, и да - ослабнам. Тоа е оној момент, кога ножот се забива до коска. Начинот на којшто тоа го изведувам е болно едноставен - броење калории. Нема јадење ама баш ништо(можеби јаболко или салата) после ручек. Нема леб или тестенини. Нема грицкање. Има само доручек и ручек, сето заедно е околу 1000 калории. Навистина најлесната работа на свет, а со тоа најкомплициранта да се егзекутира среде ужасно сложени психички процеси. Само обиди се да влезеш во скини фармерките и веднаш тие нежни сложени ментални нишки ќе се симплифицираат во опстанок! Претркајте ги сите и почнете уште пред Нова Година, ќе најдете начин и пандемијава да ви биде продолжение на Казабланка! Резолуција #2: Вежбај повеќе! Имам орбитрек за шиткање, речиси неупотребен.













