top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • Одлична препорака за Валентиново

    Доаѓа за некоја недела денот на вљубените- Валентиново, и хрватскиот Elle има одлична препорака: да се обратите кај македонско-британскиот Игор Пачемски Џоунс за соодветна … одежда за таа прилика! Неговиот Noblesse Oblige Lingerie е ставен во микс со Burberry и D&G .. Капетан Џоунс ви го чува грбот(и креветот) :

  • Снег во Грција и Турција

    Климатските промени се реални(галерија и видео)

  • Почина композиторот и диригент Александар Џамбазов

    “Си замина нашиот МАЕСТРО тивко и нечујно, како што живееше последниве 25 години” напиша Игор Џамбазов на Инстаграм а сочувство му изрази целата музичка сцена… Не е претерано да се каже дека модерната македонска музика е Александар Џамбазов на начин како што современиот македонски јазик е Конески.

  • Ќе врне снег!

    Па овде сме да ве потсетиме како да бидете загреани и комотни!

  • PS

    Заврши роденденската забава на Чикаго, и Је отиде во Мајами да го снима албумот, а Ким е на Карибите од каде нѝ праќа строго контролирани фотографии. Откако ја фатија неспремна во Мексико пред неколку години (тврдеше дека додавале контраст на фотките за да изгледа дека има целулит) сигурни сме дека нема повеќе да ѝ се случи …. Си носи папараци фотограф со себе… Пит Дејвидсон е во Статен Ајленд, Џесика (девојката на Кање е исто така во Њу Јорк)… а децата кој ги чува… ако може да му се верува на Кање : дадилки и камери.

  • Малиот Принц Џорџ и лекцијата за ѓубрето

    Принцот Вилијам раскажа анегдота од животот на својот осумгодишен син Џорџ, која кажува дека дете разбира и има повеќе свест за околината отколку милион возрасни Македонци. Имено, на поткастот на ВВС Њускаст, дека кога како активност во школото - собирање ѓубре го разлутила. Но не затоа што бил мрзелив. Вилијам кажа: „Џорџ беше во школо неодамна, и собираа ѓубре. Додека зборував со него пред некој ден сфатив дека беше збунет и гневен од фактот дека еден ден отишле да собираат ѓубре, а следниот ден кога поминале по истиот пат, во истото време, ѓубрето што го исчистиле било повторно таму.„ Така научил дека луѓето не загадуваат случајно туку тоа го прават од недостаток на грижа за околината. Ние во Дива сме исклучително засегнати, оваа тема нѝ е болна, затоа што живееме во средина со природа која го одзема здивот, но се чини многу од луѓето што живеат во неа, не се грижат и ја осакатуваат со ѓубре, ги загадуваат реките, земјата, шумите, наместо да ги пазат, уживаат и се гордеат со нив. Во прилог неколку сцени забележани деновиве, на патот кон Богомила и македонскиот бисер Солунска глава, на потегот помеѓу селото Теово и Согле. Ѓубрето е повторно проблем - го нагрдува и уништува нашето богатство.

  • Kate Middleton полни (и слави) 40 години!

    Катерина, го прослави својот 40ти роденден на 9ти јануари, тоа доколку не го знаевме, го знаеме сега, и сигурно ќе го запаметиме. Тешко беше да се заобиколат трите формални портрети на Војводката од Кембриџ, широко позната како Кејт Мидлтон на секое ќоше од интернетот, посебно оние западните... Секој од нив рефлектира три нејзини аспекти, модерна жена во 21от век, централна фигура на најсилната монархија во светот која е на чело на Комонвелтот, и исполнета жена во своите 40ти, сѐ уште млада, но зрела. Секој детал е вообичаено внимателно испланиран, и носи своја порака, но сега таа комуникација беше уште побитна, после annus horribilis на оваа генерација: Хари и Меган не само што ја напуштија Британија и улогите на сениор фигури во кралското семејство, туку тоа го направија со медиумска бура во која се обидоа да ја реплицираат Дијана со напади на „Фирмата„ (како што ја ословуваат монархијата кога сакаат да ја обезличат). Ги претставија нејзините членови, кои се и нивно семејство, како ладни, калкулирани, немилосрдни, расисти, кои ја довеле новата невеста на Хари до ментална состојба во која размислувала на самоубиство. Сето тоа кулминираше со смртта на Принцот Филип. После ваква година, исклучително важно е да се рехабилитираат нејзините централни фигури. А Катерина, немаше ни самата лесен пат до позицијата на која што е во моментов. Доколку сега е Војвотката од Кембриџ, во нејзините 20ти години беше нашироко позната како Waity Kaity - Кејти која бесконечно чека да се омажи (поточно осум години), и која беше исмејувана преку несреќна анегдота каде самиот Вилијам во периодот кога беа кратко разделени, се исмевал со некогашната професија (стјуардеса ) на мајката на Кејт (ја нарекувале во неговиот круг на пријатели "Doors to Manual"), и со тоа ги покани таблоидите да го прават истото сѐ додека не се венчаа. Сите напади ги поднесуваше достоинствено, и без ниту еден погрешно направен чекор. Кога Дива прв патго слушна нејзиниот глас, беше во заедничкото интервју кога ја објавија свршувачката. Од тогаш наваму, стана олицетворение на британска роза, стабилна а лежерна, сталожена но грижна мајка и прекрасен партнер, кралица на тивката елеганција, која е позната по „штедливоста„ и практичноста од една страна, но натприродно совршен модел на колекцијата на Кралицата и нејзиниот накит вкрстен со најдоброто од британската мода...Сето ова е рефлектирано во портретите на Војвотката, кои ќе влезат во постојаната поставка на National Portrait Gallery чиј патрон е таа. Сликани се во Лондонските Kew Gardens од Паоло Роверси. Таа е облечена во три балски фустани на Александер Меквин, истата модна куќа која не само што ѝ ја направија венчаницата, туку се во постојана ротација, во нејзините свечени и формални настапи. Накитот е од личната колекција на Кралицата Елизабета.

  • Резолуција #1: Ќе држам диета и Резолуција #2 набрзина

    Највообичаени одлуки или „новогодишни резолуции„ се: - Ослабни - ​Вежбај повеќе - Престани да пушиш - Оганизирај се подобро - Научи нова вештина - Заштеди/заработи пари - Живеј го животот до максимум Пробав да ги изиграм и да почнеме со нив, уште почеток на декември, и што се случи? Почна да паѓаат баклави, руски салати, да се опиваме ненамерно на Свети Никола, годинава изгледа како да си го разлабавила каишот, откопчала кошулата на враќање од работа, и залутала во кафана. Со тоа удри ја листава со две околности: пандемија и Македонија, и не сме сигурни колку шанси имаме ние, кутри малечки хрчки... Па еве во обид на прегрупирање, размислуваме како некако, очајно, очајнички да земеме под контрола животов кој некако изгледа како да се свртил против нас. Број еден: Сивите фармерки На враќање од море, во H&M од Солун, земав сиви скини фармерки кои имаа залепено трака 38 на ногавицата. Ја залепив на вратата на спалната како потсетник...Кога ги земав, не верував дека ќе влезам во нив - не ги ни пробав, ама беа на попуст, и бев решена дека ќе се договорам сама со себе евентуално, да влезам во нив, а до тогаш ќе ги чувам. Можете да замислите само ако сте биле во слична ситуација, кој шок и хорор, кога - ги закопчав без никаков напор. Не само што ги закопчав, туку имаше и фалти - ми беа еден број поголеми. Летото кое претходеше останав скроз сама, со афтершоковите на некоја катастрофална тиндер ситуација...беше ептен битно да се вратам сама на себе, сама со себе, но тоа доведе до - пилешко, потпржен кромид со маслиново и ориз, еднаш дневно... Со недели. И тоа на добрите денови, кога жештината не беше премногу да стојам над шпоретот. Останав во тие сиви фармерки како триумф над себе, следните 4 години, и до ден денеска, некои ликови ги спомнуваат, како да се некое натприродно фантастично сновидение „ а, се сеќавам, беше во сивите фармерки...„. Како и да е дојде март 2020, стихијно и нагло, на ист начин како што се купуваше од тинекс тој месец. Кога ќе оставиш некого со залиха од храна за 3-4 месеци, без никакви обврски, сама со себе, и менталното здравје есктремно компромитирано, и како врв на сето тоа: тренерки, хеланки, блузони - даваат простор, о, и те каков простор, исходот беше речиси неизбежен. Фармерките се некаде збутани скоро две години. Стратегијата: ослабни! Пандемијата се уште не е завршена, а до сега повеќето од нас, најдовме како да преживуваме, се снаоѓаме и наоѓаме смисла на свет кој се чини е засекогаш сменет. Летово решив дека цел еден шкаф, кој го затворив за некое подобро време (и ги преселив гореспоменатите тренерки и хеланки во просторија која требаше да биде остава, а сега е плакар за блузоните), ќе го вратам во употреба, и нема да чекам ковидот да го разора светот надолж и попреку пред да згасне, за да почнам да живеам - подобро. Или потполно. Еден битен услов за да се чувствувам дека сум жива е - да го препознавам телото кое ми служи, толку беспоговорно верно. А го препознавам како мое само кога е во својата оптимална верзија. Кога мојата психа ќе се сврти против мене, прво оди во напад на обемот на струкот, обравчињата... А како одговор на тоа, моето Его (во фројдовска смисла) - одбива да прави било што друго освен да хибернира додека не се приберам и упристојам. Дел од тој механизам е - одбивање да купувам облека која е во поголеми броеви. Кога ќе се соочам со целиот свој плакар кој е во број, во просек медиум, кога надвор е -5, кога имам +5 најмалку зимски палта, а ниту едно не можам да го закопчам, не останува ништо друго освен да се соочам со жената која што сум во моментов, и да - ослабнам. Тоа е оној момент, кога ножот се забива до коска. Начинот на којшто тоа го изведувам е болно едноставен - броење калории. Нема јадење ама баш ништо(можеби јаболко или салата) после ручек. Нема леб или тестенини. Нема грицкање. Има само доручек и ручек, сето заедно е околу 1000 калории. Навистина најлесната работа на свет, а со тоа најкомплициранта да се егзекутира среде ужасно сложени психички процеси. Само обиди се да влезеш во скини фармерките и веднаш тие нежни сложени ментални нишки ќе се симплифицираат во опстанок! Претркајте ги сите и почнете уште пред Нова Година, ќе најдете начин и пандемијава да ви биде продолжение на Казабланка! Резолуција #2: Вежбај повеќе! Имам орбитрек за шиткање, речиси неупотребен.

  • Jeen-yuhs на Нетфликс

    Инаку во моментов е во Париз на модната недела. Девојка му е моден медиум и ја облекуваат и шминкаат Dior и Schiapareli.

  • Муглер почина на 73 години

    “Мислам дека е важно луѓето да бидат целосна реализација на себе. Секогаш бев фасциниран од човечкото тело, и сакав да направам омаж за него, што може да направи.” “Зошто некој би сакал само мода? Тука се костимите, но тука е околината, светлата, моментот. Сега сум и фотограф, а ја сакам и музиката. Модата беше многу лесна за мене па си реков “имам моќ да ги правам овие големи шоуа.” Музиката, сетовите, осветлувањето, ставовите, сето тоа помогна да си ја кажам својата приказна. Нешто што често им го кажувам на младите луѓе е: “Биди јасен во тоа што сакаш да кажеш. Осигурај се луѓето да те разбираат.”

  • Рири и A$AP Rocky во шопинг

    Не нѝ треба посебна прилика да ѝ се воодушевуваме на Рири… таа веќе некое време - 2 години- е воглавно во Њу Јорк, стационирана со дечко ѝ A$AP Rocky , а слушаме по подкасти Њујорчани кажуваат дека често налетуваат на нејзе во зградата на студиото каде што снима… вчера излегоа од Roc-A-Fella records и тркнаа до Bottega Venetа на шопинг отворено заљубени.. таа беше облечена во линија на нашите препораки: јакна, Balenciaga тренерки, и т.н. Boyfriend шминка: само Fenty Beaty lipstain и доколку имаше пудра тоа е бб крема… тој беше од глава во пети маскирно.. фармерките тексас кошулата, монтката и капчето што го викаат шајсти капче(по раперот poo sheisty)..

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page