top of page

Гласајте за „Приказна за Силјан“ на Тамара Котевска – Cinema Eye Audience Choice 2025!

Започна вториот круг гласање – секој глас нè приближува до Оскар! Гласајте до 16.12.2025


Денес стартува вториот и одлучувачки круг на гласањето за Cinema Eye Honors Audience Choice Prize – една од најпрестижните награди за документарниот филм што целосно ја доделува публиката низ целиот свет.

По успешното освојување на номинацијата во првиот круг, македонскиот документарец „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска сега се бори за главната награда меѓу извонредни филмови од Бразил, Палестина, Гана, Нов Зеланд, Украина и уште многу земји.

Оваа награда е посебна токму затоа што ја одредувате ВИЕ – гледачите. Во историјата на документарниот филм, добитниците на Audience Choice Prize често завршуваат во потесниот избор за Оскар следната година. Значи секој ваш глас директно влијае на иднината на филмот.

ree

Гласањето трае до 16 декември 2025 вo 02:00 часот по македонско време.

Гласајте веднаш тука → https://cinemaeyehonors.com/audience-choice-voting/

А веќе на 16 декември во 22:00 часот ќе дознаеме дали „Приказната за Силјан“ влегува во потесната листа за Оскар 2026!

Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page