Кевин Федерлајн тврди дека Бритни Спирс користела кокаин додека го доела нивното бебе
- Ана Чушкова / Ana Cuskova
- Oct 18
- 1 min read
Поранешниот сопруг на поп-ѕвездата, Кевин Федерлајн, изнесе нови шокантни тврдења за Бритни Спирс во своите мемоари You Thought You Knew, кои треба да бидат објавени на 21 октомври. Во откриени одломки, Федерлајн вели дека пејачката користела кокаин во 2006 година, во период кога ги доела нивните синови, Шон Престон (тогаш 13 месеци) и Џејден Џејмс (еден месец).

Федерлајн, кој беше во брак со Спирс од 2004 до 2007 година, опишува сцена од промоција на неговиот албум Playing With Fire, кога таткото на Бритни (Џејми Спирс), го предупредил дека „нешто не е во ред“. „Ми фрли поглед, ја стресе главата и ми покажа кон вратата од собата,“ пишува Федерлајн. „Изгледаше како да вели: ‘Тука е, и не е добро.’“
Тој продолжува дека кога влегол, ја затекнал Бритни заедно со позната актерка. „Првото што го видов беше Бритни и нејзината ѕвездена пријателка како шмркаат дебела линија кокаин од масата,“ тврди тој. „Двете носеа смешни перики Бритни носеше дреч сина. Беше надреално. Дури и не се обидоа да го сокријат тоа.“
Во мемоарите, Федерлајн дополнително изразува загриженост за менталното здравје на Спирс, велејќи дека нејзината состојба „оди кон нешто неповратно“.





Comments