top of page

Феликс не беше само куче: Првата затворска казна за насилство врз животни во Македонија

Updated: Jul 16

Насилството врз животните не е инцидент – тоа е симптом



Во Македонија се испиша значајна легална историја. За првпат досега, лице беше осудено на затворска казна поради убиство на куче. Љубе Крстевски доби ефективна казна затвор од три месеци за монструозното убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година. Иако три месеци звучат како симболичен гест, сепак оваа пресуда не е само правна пресвртница, таа е морална проверка за сите нас. И добар почеток.


Кога некој ќе убие или повреди животно од досада, омраза или од чиста бездушност, не е станува збор за „само куче“. Тоа е аларм. Тоа е симптом на длабока социјална неосетливост губење на емпатијата кон животот. Психолошките и криминолошките истражувања одамна предупредуваат: насилството врз животни често е раната манифестација на насилничко однесување и кон луѓе.


Зошто насилството врз животните треба да нѐ загрижува сите? Одговорот е подлабок од самото прашање: односот кон животните често го рефлектира нашиот однос кон луѓето. Насилството врз животните не е изолиран настан; тоа е симптом на подлабоки општествени проблеми како што се недостаток на емпатија, неконтролирана агресија и несоодветно морално воспитување. Пресудата против Љубе Крстевски за бруталното убиство на кучето Феликс ги нагласува овие прашања и отвора сериозна дискусија за вредностите кои ги негуваме како заедница.


Организацијата „Зелен хуман град“ ја поздрави оваа досега невидена судска одлука:


„Ја добивме првата затворска казна за убиство на куче во историјата на Македонија! Денес е значаен ден бидејќи Љубе Крстевски доби првостепена пресуда од три месеци ефективен затвор за грозоморното убиство на Феликс. Активистите за права на животните повторно испишаа историја. Оваа пресуда докажува дека граѓанскиот активизам е важен; промените се случуваат кога ќе се спротивставиме на неправдата.“

Насилството врз животните не е личен проблем. Тоа е прашање на јавен морал. Ако како општество дозволиме страдањето на едно невино суштество да помине незабележано, тогаш сме изгубиле нешто подлабоко, чувството за правда. Пресудата за убиството на Феликс е шанса да го вратиме тоа чувство. Како што порача „Зелен хуман град“:

„Кога се бориме против неправда, тоа има ефект! Активистите за заштита на животни повторно испишаа историја! Пресудата е жив доказ дека да се биде активен граѓанин се исплати, промените се случуваат!“

Ова е победа за сите што веруваат дека секое суштество заслужува достоинство.


Трагичната смрт на Феликс, како резултат на повреди нанесени од човечка рака, претставува пресврт во македонското судство.

Судијката Лидија Петровска ја нагласи пошироката импликација на оваа пресуда, истакнувајќи: „Оваа затворска казна служи за заштита на јавниот интерес и има за цел да спречи слични инциденти во иднина. Делото предизвика значителна јавна чувствителност и морално негодување, особено во контекст на растечкиот број случаи на суровост кон животните. Со изрекувањето на затворска казна се испраќа јасна порака дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, потврдувајќи ја обврската на секој граѓанин за хуман третман кон животните.“


Оваа пресуда носи големо значење, нагласувајќи ја вознемирувачката поврзаност меѓу суровоста кон животните и пошироките обрасци на човечко насилство. Лицата што вршат насилство врз животни често се покажуваат како насилни и кон луѓето. Како што активистите јасно истакнаа: „Од убиство на животно до убиство на човек има само еден чекор.“


Пресудата не смее да остане изолиран глич во системот . Барањата на активистите се јасни и разумни: Минимум една година затвор за убиство и мачење животни, општински служби за заштита на животни, животинска полиција како дел од комуналната полиција, превентивни мерки и едукација за хуман однос кон животните


Ова не се барања од “љубители на миленичиња” ова се темели на едно одговорно општество.


Насилството врз животните е прашање на вредности. Прашање на граници. Ако не поставиме црвена линија тука, каде ќе ја поставиме?

Судбината на едно куче, по име Феликс, стана симбол. Не само на една борба, туку на еден избор — дали ќе гледаме на животот како на нешто што вреди да се заштити или како нешто што може да се фрли во контејнер.


Феликс не беше само куче. Беше живот. И животот мора да значи нешто. Кога се чини дека е безвреден тој трага по своето достоинство преку границата.

Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page