Френсис Бин Кобејн ( Frances Bean Cobain) наводно се омажила за Рајли Хок (Riley Hawk) на почетокот во октомври.
Кобејн – ќерката на фронтменот на Nirvana Курт Кобејн (Kurt Cobain) и Кортни Лав (Courtney Love), на чело на Hole– и Хок – син на легендата на скејтбордингот Тони Хок ( Tony Hawk )– наводно аплицирале за дозвола за брак минатиот месец во округот Сан Диего.
Иако многу малку се знае за церемонијата, документите за брак ги добилеТМЗ, тие открија дека церемонијата, наводно, се одржала на 7 октомври и со неа раководел R.E.M. фронтмен и кум на Кобејн, Мајкл Стајп (Michael Stipe).
Ова е вториот брак на Френсис Кобејн. Таа во 2014 година се омажи за Исаја Силва (Isaiah Silva) од The Eeries. Двајцата се разведоа во 2016 година, само две години откако се венчаа. Кобејн наведе непомирливи разлики и изјави дека Силва не треба да има право на никакви пари од имотот на нејзиниот татко, кој беше проценет на 450 милиони долари.
Силва и Кобејн, исто така, завршија со незгодна јавна и правна караница околу сопственоста на иконичната акустична гитара на нејзиниот татко која ја знаеме од настапот на Nirvana на MTV Unplugged. Силва на крајот ја доби сопственоста на познатата гитара.
Како и да е, Хок и Кобејн се во врска од 2021 година.
„Сакав да споделам неколку моменти кои беа снимени/создадени изминатава година кои ми донесоа голема радост. Еве да се надеваме дека 2022 година на сите ќе им биде исполнета со автентични врски, многу топлина и длабоки откритија за себе, среќна нова година“, стои во описот на нејзината објава.
Инаку, од Nirvana излегува делукс 30-годишно реиздание на „In Utero“ на 27 октомври. Содржи три изданија кои сочинуваат вкупно 72 песни со 53 претходно необјавени песни во живо од некои од последните концерти во живо од Кобејн, Новоселиќ, Дејв Грол и гитаристот Пет Смир.
Comments