Извадок од мемоарите на Гилберт Бејкер активистот и уметник позади дизајнот на знамето на гордоста
top of page

Извадок од мемоарите на Гилберт Бејкер активистот и уметник позади дизајнот на знамето на гордоста

Овде Гилберт се сеќава на една вечер со неговите пријатели Клив Џонс и режисерот Арти Бресан во почетокот на 1978 година, по неговото божиќно раскинување со Тенди Белју.



„За да го преболам Тенди, дополнително се посветив на активизмот и отидов во кино. Мојот пријател Арти Бресан, Џуниор, беше филмаџија кој штотуку сними документарен филм за Парадата во 1977 година, насловен „Геј САД“. Тој беше див визионер кој режираше порно на страна за да може да ги финансира неговите 35 мм документарни филмови. Одевме да гледаме филмови неколку пати неделно. Еден ден отидовме во киното Стренд, на улицата Маркет, да го видиме ‘Граѓанинот Кејн’. Тој беше омилен филм на Арти. Клив ни се придружи. После филмот, сите отидовме до Граѓанскиот центар Плаза за да ги погледнеме неокласичните згради. Арти почна со неговиот притисок да изнајдам нов симбол за, како што рече, „зората на новата геј свест и слобода“. И тој и Харви ми го имаа кажано истово претходно.


Во овој момент, розевиот триаголник беше симбол за геј движењето. Но, тоа претставуваше темно поглавје во историјата на истополовите права.


Адолф Хитлер го замислил розовиот триаголник за време на Втората светска војна како стигма ставена на хомосексуалците на ист начин како Давидовата ѕвезда се користела против Евреите. Функционираше како нацистичко средство за угнетување.


Сите чувствувавме дека нѝ треба нешто што е позитивно, што ја слави нашата љубов.


Поради инсистирањето на Арти, ги погледнав знамињата што се вееја на различните владини згради околу Граѓанскиот центар. Мислев и на американското знаме со неговите тринаесет ленти и тринаесет ѕвезди, колониите кои се одвојуваат од Англија за да ги формираат Соединетите Држави. Мислев на вертикалната црвена, бела и сина тробојка од Француската револуција и како обете знамиња ги должат своите почетоци на бунт, бунт или револуција. Мислев дека и геј нацијата треба да има знаме, за да ја прокламира својата идеја за моќ.



Како заедница, и локалнo и меѓународнo, геј луѓето беа во момент на пресврт, битка за еднакви права, промена на статусот каде што сега баравме моќ, преземајќи ја. Ова беше нашата нова револуција: племенска, индивидуалистичка и колективна визија. Заедница која заслужи нов симбол.



Во минатото, кога мислев на знаме, го гледав само како уште една икона за исмејување. Сето она веење знамиња и, воопшто,патриотизмот го сметав за опасна шега. Но, тоа се смени во 1976 година. Прославата на американската двесте - годишнина го стави фокусот на американското знаме.





Беше насекаде, од поп-арт до ликовна уметност, од непријатни сувенири до џанк рекламирање. На секое ниво функционираше како порака. По оргијата на бендови и обрачи околу Двестогодишнината, мислев на знамињата во ново светло. Ја открив длабочината на нивната моќ, нивниот трансцендентен, трансформациски квалитет. Мислев на емотивната врска што ја имаат. Мислев како повеќето знамиња претставуваат место. Тие беа првенствено националистичка, територијална, иконична пропаганда - сите работи што ги доведувавме во прашање во 70-тите.

Геј луѓето беа племенски, индивидуалистички, глобален колектив кој се изразуваше во уметноста и политиката. Ни требаше знаме за да се вее насекаде“.


Подоцна истата недела во салата за танцување Винтерленд…



„Клив и јас танцувавме на ист начин; секогаш ги кревавме рацете нагоре над главите, крцкајќи ги прстите како Дајана Рос. Ги тресевме колковите како Тина Тарнер, асид чирлидерки кои се вртат во психоделични фанкаделични кругови.




Толпата беше дел од шоуто исто колку и бендот. Сите беа таму: битници од Норт Бич и маалски траварџии, моторџиите во црна кожа кои се досадуваа, тинејџерите во задниот ред се бакнуваат. Имаше долгокоси, гипки девојки во костуми за чочек, розови панкери со розеви косо закачени заедно со безопасни, приградски хипици, филмски ѕвезди толку убави што би ве оставиле занемени, мускулести гејбојси*(*мажи кои повремено се вклучуваат во квир активности или животен стил) со совршени мустаќи, буч дајкови во сини фармерки и вили*(*fairy-маж кој се однесува помалку женствено(urban dictionary) ) од сите полови во фустани од половни/секонд хеннд продавници. Ја јававме огледалната диско топка на глитер ЛСД и љубовна моќ. Танцот нè спои, магичен и прочистувачки. Сите бевме во вител на боја и светлина. Беше како виножито.



Виножито. Тоа е моментот кога точно знаев какво знаме ќе направам.

Знамето на Виножитото беше свесен избор, природен и неопходен. Виножитото дојде од најраната запишана историја како симбол на надеж. Во Книга на генезата, тоа се појави како доказ за завет меѓу Бога и сите живи суштества. Бил пронајден и во кинеската, египетската и индијската историја. Знамето на виножито ќе биде нашата модерна алтернатива на розовиот триаголник. Сега бунтовниците кои ја бараа својата слобода во барот Стоунвол во 1969 година ќе имаат свој симбол на ослободување“.





bottom of page