top of page

Најголемите пропалици во филмската индустрија: Heaven's Gate 1980

авторка: Лени Гелева;



Што е тајната состојка за еден филм да успее, режисер со добро реноме, актер од класа А, добро сценарио, маркетинг или многу среќа? Во историјата на правење филмови имало филмови коишто имале повеќе фактори кои гарантираат успех, но сепак нешто тргнало наопаку.  Во понатамошниот текст е раскажана една од таквите фасцинантни приказни што се случувало за време на снимањето и потоа на Heaven's Gate (портите на рајот) од 1980, што ме фасцинираше повеќе и од самиот филм.



Во режија на оскаровецот Michael Cimino (The Deer Hunter), овој филм е познат како филмот што го уништил Холивуд, или најлошиот филм направен досега. Како што би рекол Френсис Форд Копола, нема ништо пострашно од претенциозен филм. Филмот e инспириран од вистински историски настани и ја адаптира приказната за војната во Округот Џонсон, во кој имигрантите дојдени од цела Европа се истребени од богатите ранчери. Филмот е 4-часовен вестерн со сепиа филтер од кој што не може ништо да се гледа јасно. Дејствието тешко се следи поради недоволно развиените ликови, но и сцени со танцување кои траат бескрајно долго. Почетниот буџет што го предложил режисерот бил 7.5 милиони долари, за до крајот на снимањето тој да порасне до 44 милиони долари. Како сет бил изграден цел град од 19-ти век и една локомотива била довлечкана преку неколку американски држави. Биле ангажирани 2500 статисти. Статистите и актерите морале да земат часови по јавање, возење запреги, а актерките кои глумат проституки живееле во бордел една недела. Затоа филмот изгледа толку реалистично. Cimino понекогаш чекал со часови за поволни услови и соодветна атмосфера за снимање. Кога еден од екипата со нетрпение прашал кога ќе може да ручаат, Cimino одговорил дека снимањето е многу позначајно од ручек. Сцената со борбите била планирана со недели, била снимана околу еден месец и трае околу половина час.  За таа сцена тој изградил цел систем за наводнување за тревата да биде зелена, пред да стане црвена од крвта. Но тоа не може ни да се види поради сепиа филтерот. Актерот Џон Хaрт чекал толку долго да му дојде редот, што во меѓувреме го снимил филмот „Човекот-слон“. Воведната сцена или прологот на Heaven's Gate чинела колку што  чинел целиот „Човекот-слон“. 



До крајот од снимањето имало вкупно 220 часа снимен материјал достигнувајќи сума 500% над предвидената. После катастрофата со Heaven's Gate студијата веќе не им дозволувале креативна слобода на режисерите како во 70ите. Кариерата на Cimino  после овој филм тргнала само надолу и секој негов следен филм добивал лоши критики, се додека не избледел во заборав. Од визионер кој ветува тој станал предупредување за алчноста и мегаломанијата. Поради овој филм пропаѓа студиото во кое бил продуциран, United Artists, кое е првото независно филмско студио во Америка.



Но после 32 години Criterion’s Collection го зел за да го реставрира под надзор на режисерот, при што бил отстранет омразениот сепиа филтер и биле вратени живите бои. По реставрацијата бил прикажан на Венецискиот филмски фестивал 2012 каде бил дочекан со овации од публиката. Приемот од француската публика и критика докажува дека некогаш добрите филмовите се расчеречени од критичарите и поради тоа не успеаваат, но и она што Вуди Ален го прикажа преку неговиот филм Hollywood ending, дека ако филмот лошо помине во Америка има шанси да стане култен во Франција.






Лени Гелева, фотограф , е една од најважните имиња во современата македонска фотографија и важен глас на домашниот визуелен идентитет. Има работено на филмови, десетици групни и самостојни изложби, во последните две децении. Таа е страстен филмски фан, која се прелева во филмската критика. 


Стани Дивотно

Comments


Дива Мисла е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

дива лого
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page