top of page

Панк сабота во Дуња и Блесава прошетка низ главниот град на кичот со Ѓорѓе Јовановиќ

Сабота ќе биде интересен ден во С.Ц. Дуња во самиот центар во градот: Ќе почне со КРИК фестивалот за критичка култура во 5п.м. кога „Бен Вотсон ќе одржи панк поетско предавање за неговите искуства кога беше во Лидс 1979-1993 година, кога панкот беше поврзан со Ф Клубот, а потоа Рок против расизмот, кога локалните скинхедси погрешно ги толкуваа свастиките на Вивин Вествуд и мислеа дека панкот е фашистички. Тој ги виде Секс Пистолс непосредно пред да заминат од Велика Британија и да се разделат и беше импресиониран од плочите што ги свиреа во тој интервал - неговиот прв вкус на даб реге. Не толку фокусиран на историјата, Бен ќе се задржи на релевантната уметност на нашето време што остана со него во децениите кога пишуваше за џезот и слободната импровизација за магазинот Wire и ќе за начинот на кој го води својот бенд (AMM All-Stars) денес - и неговите музички избори за неговите неделни радио емитувања.“

Ќе му се придружи Сезгин Бојник ќе ја претстави публикацијата Панк супрематизам, која го вклучува првиот англиски превод на теоретски дела за панкот, уметноста, социјализмот, бирократијата и национализмот од Славој Жижек, Растко Мочник и Зоја Скушек. Напишани во првата половина на осумдесеттите, овие текстови се единствена мешавина на панк став со теоретски концепти позајмени од Алтусер, Лакан и авангардната уметност.“


Од 7п.м. ќе се одржи промоцијата на Артан Садику и Ѓорѓе Јовановиќ - „Мапирање на супкултурите“ спроведено во рамките на 14- тото издание на Манифеста биенале во партнерство со Термокис од Приштина. После промоцијата за истражувањето за субкултурата во Скопје, после кој ќе има проекција на филм (Скопје: Вовед во движење одоздола )а ќе се заврши со концерт на Марија Каева и 40ес. Но она што е најбитно: ќе има пијачка и грицки!

Дуња во самото срце на градот, почна како сквот а е утврден како скопска верзија на Метелкова - и останатите анархистички центри во Европа.

ree

Ве покануваме на промоцијата на на публикацијата „Мапирање на супкултурите“, што ја иницираше Одделението за едукација  на Манифеста 14 и која помогна да се расветли природата на супкултурните движења во Приштина, Скопје и Тирана. 

Автори на истражувањето во Скопје се Артан Садику и Ѓорѓе Јовановиќ, а е спроведено во рамките на 14- тото издание на Манифеста биенале во партнерство со Термокис од Приштина. 




Еве како го опишуваат ова издание авторите:

„За да се реализира ова истражување, неопходно беше да се разбере поширокиот социо-политички контекст во регионот после 90-те години, период на големи културолошки и економски транзиции во Скопје, Приштина и Тирана, период на големи надежи, но и разочарувања. Супкултурните движења во овие три града беа анализирани првенствено преку истражување на независните простори и луѓето што ги придвижуваа алтернативните визии за културата и неформалното образование во 90-те, 2000-те и 2010-те години.


ree

Ова истражување нема за цел само да даде преглед на независната културна сцена во овие градови, туку да ги инспирира младите да се осврнат назад кон историите, практиките и процесите на современата култура и организациите во заедницата.

Во Приштина истражувањето беше фокусирано на почетокот на 2000-те, повоениот период кога импровизирани културни центри организираа спорадични настани, изложби и фестивали, а сето ова, вклучувајќи го и одржувањето на  Манифеста 14 во Приштина, го туркаа млади луѓе кои ги поминаа турбулентните 90-ти години. Тоа беше период на неинституционална културна продукција што почна веднаш по воените настани во Косово, во барови, кафулиња и други простори, која се’ уште не е соодветно документирана.

Во Тирана временската рамка беше поширока, делумно затоа што немаше претходни истражувања на супкултурните движења во градот. Тимот во Тирана се фокусираше на три супкултурни движења што се појавија меѓу 90-те и 2010-те години и го следеше менувањето на фокусот – од рок музиката и поезијата, кои беа во центарот на автономниот културен свет на крајот на 20. век, преку феминистички, активистички и артивистички иницијативи што ја дефинираат сцената во поново време. Сепак, и покрај нивниот фокус, сите анализирани движења често беа номадски и непредвидливи, со привремен престој во различни простори.

Во Скопје истражувачкиот тим анализираше супкултурни движења во два периоди: движења, групи и манифестации што се случуваа во социјалистичкиот период, кои обично се фокусираа на слободата на изразување и иницијативи што се појавија при обновата на капитализмот и повторната традиционализација на балканските општества во 2000 и 2010-те години. Истражувањето се фокусираше на разбирање на предусловите што ги создадоа неинституционалните, не-мејнстрим културни движења, како и нивното влијание.

„Истражувачкиот процес во сите три градови опфаќаше подготвителна архивска работа, како и огромен број на интервјуа, кои потоа прераснаа во јавни настани и објавување на списание. Сакаме искрено да се заблагодариме на тимот истражувачи во Приштина, Тирана и Скопје, како и на Истражувачкиот клуб и тимот на „Термокис“, кои учествуваа во оваа публикација“, велат авторите. 


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page