Испишување и градење култура: Кендрик Ламар
top of page

Испишување и градење култура: Кендрик Ламар

Кендрик Ламар во моментов е на турнеја во САД, но, откако завршил со Северна Каролина оставил порака на Инстаграм (освен промоции речиси и да не е активен на социјалните мрежи „сакате да знаете каде бев? Си ја заштитував душата во долината на тишината“ рапува).. Тука се обраќа на неговата лична креативна северна ѕвезда, најсветлата креативна точка на неговата кариера - Mother I Sober (Мајко сум трезен) која ја направи со Бет Гибонс од Portishead. Сите сведочеа дека липаат кога ја слушаат „целиот албум е фантастичен, но Mother I Sober е кога ја напушти планетата Земја “ искоментира Џо Баден :)



Јас сум сензитивен, јас чувствувам сè, јас ги чувствувам сите

Еден човек стои на два збора, сите исцелени

Преобразување, потоа возвраќање, карма мора да се врати

Се исцелувам себе, тајните кои ги кријам, погребани во овие зборови

Закани за убиство, егото мора да умре, но јас му дозволувам да се прочисти

Спокојот скршен, парчиња од мене, сè беше замаглено

Мајка плачеше, дигнаа рака на нејзе, тоа се семејни врски

Слушнав сè, требаше да се фатам за пиштол, ама бев само пет



Уште чувствувам како ми тежи на срцево, мојата прва тешка одлука

Во сенките припиени на мојата душа како мојот единствен критичар

Каде е мојата вера? Ти кажав дека сум Христијанин, само не денес

Се преобразив, молејќи се на дрвјата, Бог зазема форма

Мајката на мајка ми ме следеше со години во нејзиниот задгробен живот

Се ѕвери во мене позади на некои автобуси, се будам ноќе

Ја сакав многу, и ги заменив солзите за Рејнџровер бесен

Преобразување, не сте осетиле тага додека не сте ја сетиле трезен

Посакувам да сум некој

Било кој само не себе


Се сеќавам гледам во огледалото и знам дека имам дар

Единец син, цели седум години, сè за Божиќ

Семејни врски, го обвинија братучед ми

„Кендрик, дали те допираше?“

Никогаш не сум лажел, но никој не ми поверува кога реков „Не“

Замрзнати моменти, уште ги чувам

Тешко ми е да си верувам на себе си, почнав да римувам

Механизми за справување, да се вознесам,

Зборував со адвокатот, вели немој да бидеш толку строг со себе

Тој има аура што се надевам дека ќе ја постигнам, ако побарам помош

Честитки, стигна да станеш славен, сепак се чувствувам непријатно

Гледање вода, го живеам животот во природа, единствено нешто што ми олеснува

Водичот дух ми шепоти во увото, вели дека ме гледа

„Дали те допре?“ Реков „Не“ повторно, и сепак тие не ми веруваат

На мајка ми братот, одмазда за лицето на мојата мајка ја мисли кришум

Црно и плаво, слика од мојата кралица што не можам да го избришам

До ден-денес не можам да ја погледнам во очи, болката ме остава бесен

Се обвинувам себе, никогаш нема да почувствуваш вина додека не ја осетиш трезен

Никогаш не бев хај, никогаш не бев пијан,

Никогаш распаметен, ми треба контрола

Ми подадоа да земам дим, но сепак одбив

Го направив тоа трезен, седејќи со себе

Поминав низ сите емоции, никакви зависности

Освен онаа една, дозволете ми да ви ја доближам

Интоксициран, присутна е похотлива природа што не стигнав да ја спомнам

Несигурности кои ги проектирам, со други жени спијам

Витни е повредена, чистата душа што ја знам, ја најдов во кујната во болка

Прашувајќи го Господ „Каде ли се изгубив? И можам ли да добијам прошка?“

Ме расплака, ме погледна во очите „дали станува збор за зависност?“

Реков „Не“ но овој пат лажев, знаев дека не можев да ја победам

Чиста душа, дури и во нејзината болка, знам дека е загрижена за мене

Ми даде број, вели, препорачува психолог



Ја прашав мама, зошто не ми веруваше кога ѝ реков „Не“

Никогаш не знаев дека била злоставувана во Чикаго, сочувствувам

Вели се плашела дека ми се случило и на мене, за да ме заштити,

И иако никогаш не се случило, не може да се согласи

Сега јас сум засегнат, дваесет години подоцна, траумата исплива

Појачана додека ја пишувам песнава, треперам бидејќи сум нервозен,

Бев пет, се прашував себе си, сам толку години,

Сè е во ред, само резултатите како тие прашања ме направија да се чувствувам

Дојдов дома, после седум години на турнеја, трагајќи по мојата машкост

Но Витни замина, додека ти ќе ја чуеш песнава, направи сè што можеше,

Сите оние жени ми дадоа супермоќи, она што мислев дека ми фали,

Се молам нашите деца нема да ги наследат сите чувства што ги привлекувам

Разговор кој не е направен во црните семејства

Разорот ги прогонува генерациите и човештвото

Тие ги силуваа нашите мајки, тогаш ги силуваа нашите сестри,

Тогаш нè принудија да гледаме, тогаш нè принудија да се силуваме меѓу себе

Психотично измачување, помеѓу нашите животи, уште не сме исцелени

Сè уште живееме како жртви, во очите на јавноста која е под завет на верност

Секој втор брат е компромитиран

Ги знам тајните, секој втор рапер сексуално злоставуван

Ги гледам секој ден погребувајќи ја болката во ланци и тетоважи

Затоа чуј добро пред да почнеш да судиш како постапуваме

Научи како се справуваме, секогаш кога вујко му мораше да го носи во школо

Неговиот гнев расте длабоко во мизогинија

Ова е пост-трауматско Црни фамилии и содомија, денес е сè уште активно

Затоа се ослободувам се си од целата вина што мислев дека ја создадов

Затоа ја ослободувам мајка ми од целата болка што ја нарече срам

Затоа го ослободувам братучед ми хаотичен од болката која мајка ми му ја даде

Се надевам Хајким те направи горд, зашто не умре за џабе

Затоа ја ослободувам моќта на Витни, да даде Господ да нè исцели сите

Затоа ги ослободувам нашите деца, да даде Господ добра карма да ги чува и со нив да биде

Затоа ги ослободувам сите срца полни со омраза, да ги чува нашите тела свети

Како што ве ослободувам сите вас злоставувачи ова е преобразба




Би сакал да сум некој

Било кој само не јас себе

Ох, би сакал да сум некој

Било кој само не самиот јас

Го направи тоа, горда сум на тебе

Ја прекрши генерациската клетва,

Кажи „фала тато“

Фала тато, фала мамо, фала бато

Господин Морал

Пред да заспијам,

Сакај ме за оној кој сум

Ја соголив својата душа, и сега сме слободни.











bottom of page