top of page

Овие луѓе живееле овде?


Пред хотелот Челзи да стане елитен, еден долгорочен станар го овековечи неговиот раскалашен сјај и иконите кои му биле гости со црно-бел фотоапарат.

Автор: Наоми Фрај;


Грејс Џоунс, среда, 10 октомври, 2007, 4:45 am;
Грејс Џоунс, среда, 10 октомври, 2007, 4:45 am;

Тони Нотарберардино, фотограф од Мелбурн, првпат пристигнал во хотелот Челзи во 1994 година. Тогаш бил во средината на триесеттите, а претходно живеел во Париз и Лондон, пред да реши да го испроба Њујорк — да види како ќе му стои. Пријател кој веќе престојувал во Челзи му предложил да дојде да се шлепа со него.

„Живееше со уште двајца во една многу тесна соба,“ ми рече фотографот кога неодамна разговаравме по телефон. „Му реков: ќе ми треба мој личен простор.“

Ди Ди Рамон, вторник, 17 ноември, 1998, 1:48 ам;
Ди Ди Рамон, вторник, 17 ноември, 1998, 1:48 ам;

Челзи, кој се наоѓа на Западната Дваесет и Трета улица, бил пренаменет од станбена зграда во хотел уште во раниот дваесетти век, и вдомувал и долгорочни станари и привремени гости. Нотарберардино мислел дека ќе биде од овие вторите. Наместо тоа, „никогаш не си отидов,“ рече тој.

Стенли Бард, среда, 26 ноември, 2008, 11:30 ам;
Стенли Бард, среда, 26 ноември, 2008, 11:30 ам;

Во поголемиот дел од својата историја, Челзи бил познат како прибежиште за боеми од секаков калибар. Меѓу познатите што престојувале таму биле Пети Смит и Роберт Мејплторп, Дилан Томас, Џенис Џоплин, Артур Кларк и можеби најпознатиот и најозлогласен Сид Вишс, кој во 1978 година беше обвинет дека ја убил својата девојка Ненси Спанген, во собата број 100.

ree

Ив и Далас Ерл, петок, 13 ноември, 2009, 4:20 ам;


Во неодамнешните мемоари Don’t Call Me Home, Александра Аудер ќерка на музата на Енди Ворхол, Вива се присетува на растењето во Челзи во осумдесеттите години:

„Низ ходниците стоеја кафени врати со месингани рачки за чукање, а зад нив имаше станови: празни станови, станови низ кои минуваа луѓе, и станови со долгорочни станари кои толку детално си го уредуваа просторот, што внатрешноста буквално крвареше од рабовите на вратата и се разлеваше низ ходникот тиркизна боја, златен емајл, растенија, лепенки, пластични играчки.“

Отец Питер Џејкобс, четврток, 9 август 3:40 ПМ;
Отец Питер Џејкобс, четврток, 9 август 3:40 ПМ;

Нејзината мајка, продолжува Аудер, често навраќала кај соседите како композиторот Џорџ Клајнсингер, чија соба беше преполна со рептили, или режисерката на експериментални филмови Ширли Кларк, чиј стан со мотиви на Мачката Феликс беше целосно украсен во црно и бело.

Питер Саарсгаард, недела, 13 јуни, 1999, 7:30 ПМ;
Питер Саарсгаард, недела, 13 јуни, 1999, 7:30 ПМ;

Кога Нотарберардино почнал да живее во хотелот една деценија подоцна, го погодила таа неговата турлитава, хаотична атмосфера, каде зад секој агол демнел некаков шок или чудо.

„Челзи беше растурен, полн со уметници и луѓе кои не можеа да си приуштат да живеат на друго место,“ ми рече.

Боби, четврток, 23 февруари , 2006, 9:30 ПМ;
Боби, четврток, 23 февруари , 2006, 9:30 ПМ;

„Беше како да влегуваш во филм. Како да си на сетот на Bad Lieutenant.“

Иако веднаш беше привлечен од раскалашената атмосфера на хотелот и неговите неконвенционални станари, на фотографот му требале три години за да собере храброст да ги слика.

Дрти Мартини, четврток, 13 декември, 2007, 11:10 ПМ;
Дрти Мартини, четврток, 13 декември, 2007, 11:10 ПМ;

Една есенска ноќ во 1997 година, конечно се одлучил: ѝ пријде на една постара драг кралица што ја забележал во лифтот; таа прифатила да ѝ направи портрет во неговата соба.

Со тој момент започнала серијата на која ќе ѝ се посвети во следните две децении.

„Ги гледав сите тие неверојатни луѓе,“ ми рече.

„И не можев а да не ги фотографирам.“

Роуз Вуд, сабота, 29 јануари, 2005, 10:00пм;
Роуз Вуд, сабота, 29 јануари, 2005, 10:00пм;

Со црно-бел филм, директен блиц и формат осум-на-десет, Нотарберардино фотографирал пресек од долгорочните станари на хотелот, но и од вработените и привремените гости.

Некои биле славни личности , како Деби Хари од Blondie или актерот Стивен Болдвин, но најголемиот дел биле незнајни.

Стормѐ Деларвери, петок, 30 јануари, 2009, 3:15 пм;
Стормѐ Деларвери, петок, 30 јануари, 2009, 3:15 пм;

И ги фотографирал сите униформно, стоејќи наспроти истиот гол ѕид во неговиот апартман.

„Не беше важно дали е Сем Шепард или Сем чистачот; имаа иста важност за мене,“ рече тој.

Постои еден антрополошки квалитет во овие слики, сличен на оној во серијата фотографии на Аугуст Сандер со Вајмарските Германци,

но проектот на Нотарберардино е поодреден не документира некаква замислена универзалност, туку учесници во конкретна епоха на Њујорк што се ближела до својот крај.

Секоја од фотографиите дел од нив ќе бидат изложени во ACA Galleries во Челзи, во март 2024 е означена не само со датум, туку и со точен час кога е направена.

Деби Хари, четврток, 7 јули, 2005, 2:35 пм;
Деби Хари, четврток, 7 јули, 2005, 2:35 пм;

Портретите често се сликани навечер, одразувајќи го ноќниот ритам на живот на многу од ликовите што го привлекувале Нотарберардино сексуални работнички, изведувачи, скитници, и клинци клабери.

Сузан Барч, промотерка на забави, која живееше во станот над Нотарберардино, е фотографирана во 2007 година, во 23:20

позирајќи во надвезици, круна од пердуви и вел од чипка, изгледаше не многу различно од прекрасен кокату.

мигел, среда, 11 март, 2009, 10:15 пм;
мигел, среда, 11 март, 2009, 10:15 пм;

(„Ми требаше долго време да ја убедам да се слика,“ ми рече Нотарберардино. „Секогаш беше во некаква гужва.“)

На друга фотографија, едноставно насловена Rodrigo Snakeman, направена во 3 часот по полноќ, во 2000 година, маж носи само камуфлажни панталони, а змија му е завиткана околу голото торзо, сјаејќи во кадифено црно-бело.

истребувачот, среда, 5 ноември, 2008, 2:35 пм;
истребувачот, среда, 5 ноември, 2008, 2:35 пм;

Во Bonnie, снимена во 2006 во 21:30, гледаме постара жена како пуши цигара.

Нашминкана со тешка рака, со капа за перика и во разголен костим на шоу герла, таа не прави обид да ја скрие возраста на своето тело или неговите наводни недостатоци напротив, таа гледа одлучно право во фото-апаратот.

Фенси, недела, 10 април, 1998, 9:10 пм;
Фенси, недела, 10 април, 1998, 9:10 пм;

Во 2022 година, по повеќе од една деценија реновирање, Челзи повторно се отвори сега како луксузен хотел.

Некои од долгорочните станари во станови со регулирана кирија, меѓу нив и Нотарберардино, успеаја да останат, по долги преговори со новите сопственици.

Мет Фрејзер и Џули Атлас Муз, четврток, 29 јули, 2010, 1:35 ам;
Мет Фрејзер и Џули Атлас Муз, четврток, 29 јули, 2010, 1:35 ам;

Но ликот на Челзи е променет.

Апартманите сега имаат тушеви со ефект на дожд и длабоки кади за бањање, а барот служи артизански коктели кои чинат 18 долари.

„Сега сè е различно,“ ми кажа тој. „Како одеднаш да живеам во хотел со пет ѕвезди.“

Брендон Ли Олсон, понеделник, 13 февруари, 2006, 3:45 пм;
Брендон Ли Олсон, понеделник, 13 февруари, 2006, 3:45 пм;

Челзи што тој го фотографираше со години со својата шаренолика, турлитава галерија на ликови повеќе не постои.

Неговото дело стана документ на едно минато време.

„Сега луѓе ги гледаат овие фотографии и прашуваат: ‘Навистина овие луѓе живееле овде?’“ рече тој.

„И ја сум као: да бе!“


Стани Дивотно

Comments


Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page