Фотографиите на Пол Макартни од 60-тите наскоро на изложба
top of page

Фотографиите на Пол Макартни од 60-тите наскоро на изложба

Извадок од текст на Џил Лепор, професорка по историја на Харвард;


На 4-ти ноември, 1963-та, Битлси свиреа во „Театарот на Принцот од Велс“ во Лондон, темпераментни, исцрпени и пркосни. „За нашата последна песна, би сакале да ве замолиме да ни помогнете“ - се обрати Џон Ленон на публиката. „Дали може луѓето кои се во поевтините седишта да ракоплескаат? А вие останатите, ѕвецкајте со вашиот накит.“

Две седмици подоцна бендот настапи по прв пат на американска телевизија: на ЕнБиСи “Huntley-Brinkley Report.” (Репортажа на Хантли-Брикли).



„Најпопуларната музичка група во Велика Британија во моментов се Битлси“ - рече новинарот Едвин Нуман. „Не станува збор за колекција на инсекти туку е квартет од млади мажи со „тенџере“ фризури.“ Четири денови подоцна “CBS Morning News with Mike Wallace” (СиБиЕс Утрински вести со Мајк Валас) емитуваше репортажа направена од лондонскиот коренсподент Александар Кендрик.


„Социолозите велат дека Битлсите имаат подлабоко значење. Некои велат дека се автентичниот глас на пролетеријатот.“ - сите бараа подлабоко значење. На самите Битлси им беше тешко сериозно да ја сфаќаат оваа потрага.


-„Што мислите зошто успеавте?“ - го праша Кендрик Пол Макартни.


-„Ах, не знам“ - одговори тој. „Фризурите?“



Репортажата на Кендрик требаше да се емитува уште еднаш истата вечер на “CBS Evening News with Walter Cronkite.” (СиБиЕс Вечерни вести со Волтер Кронкајт) Репризата беше откажана.


Набљудувачите сакаат да кажат дека шеесетите години почнаа во 1964-тата, а таа година почна попладнето на 22-ри ноември 1963-тата кога Кронкајт се појави со ударна вест во емисијата „As the World Turns“ (Како што светот се движи) „Во Далас, Тексас, беа испукани три истрели кон поворката на претседателот Кенеди.“- кажа Кронкајт, неговиот глас бил мрачен и итен. „ Доколку можете да зумирате со камерата, можеме да ја погледнеме оваа слика одблизу“, му рече тој на камерманот, држејќи ја фотографијата од поворката направена неколку моменти пред пукањето. Во 14 часот и 38 минути, Кронкајт погледна на часовникот и објави дека претседателот Кенеди починал.


Ние бевме позади сцената, на мала турнеја во Англија кога ги слушнавме вестите“ - ми кажа Макартни минатата година. Бевме во неговата канцеларија во Њујорк. Макартни, осумдесет години, носеше фармерки и пуловер, клапнат во столот како тинејџер. Повеќе замислен отколку носталгичен се присети на тој ден - како сѐ се чинеше надреално, нереално, но сепак, сè што се однесува на таа година изгледаше надреално. Два дена после атентатот на Кенеди, Џек Руби го застрела Ли Харви Освалд на пренос во живо. Во 1964-та секој би можел да ја насочи својата камера накај светот. Но какво лудило - каква убавина, радост и бес - би забележале вие?



Во 1964-тата, Битлси станаа првиот вистински глобален феномен од мас-културата. Како што историчарот Сем Лебовиц истакна, тие беа оформени од страна на широкиот и голем свет. Тие носеа италијански костуми и кубански чизми, француски фризури популарни меѓу германските студенти. Тие свиреа британска музика од дваесетите која се свирела по музички хали, и ритам и блуз, и Црна изворна музика од бреговите на Мисисипи и улиците на Детроит. Тоа се рефлектира дури и во самото име: „Битлс е мешавина од бендот на Бади Холи, Крикетс (штурци) и битниците, етикета која дојде од Црниот сленг. Песните на Битлси беа пуштани на радио станиците од Токио до Јоханезбург. Кога тие веќе избија на сцената, сонцето почна да заоѓа за Британската Империја, но ерата на глобализацијата започна. Имаше и нешто повеќе што се запали: вознемирувачки, пресврт, револуционерно. Тајм, пишувајќи за Битлси, го нарече „Новото лудило“.


Делумно доаѓаше од величествената безобѕирност, нежната безобразност, изненадувачки меката сексипилност. Интервјуата на бендот станаа нивен потпис: четири многу умни млади мажи се борат со бесконечните идиотски прашања на новинарите, шаблон кој беше само едвај "фикционализиран" во филмот од 1964-тата “A Hard Day’s Night” (Ноќта на тешкиот ден).



Новинар: Кажи ми, како ја најдовте Америка?


Ленон: Сврти лево од Гринленд.


Новинар: Дали успехот ви го смени животот?


Макартни: Да.


Новинар: Како би ја нарекол оваа фризура што ја носиш?


Харисон: Артур.




Бесмислено прашувани да го објаснат своето сопствено значење, тие го исмејуваа прашањето. Сепак, Макартни се обиде да улови дел од Новото лудило преку објективот на фото-апаратот. Во 1963-тата секој од членовите на Битлси, добија по еден Пентакс.


Им помогна да се справат со стресот од констатното фотографирање, и со грижата дека тие ќе патуваат во земја во која тие очекуваа, како и самиот Кенеди, да бидат пречекани со избезумени толпи и орди фотографи, и - изложени на можни вооружени лица. Од 1963-та до почетокот на 1964-та Макартни потрошил дузина ролни филм, додека бендот патуваше од Ливерпул во Лондон, Париз, до Њујорк, Вашингтон, и Мајами. Некако, стотици од неговите фотографии беа сочувани, а потоа и одново пронајдени, во 2020-та во неговите архиви. Фотографиите кои наскоро ќе бидат предмет на изложба во Националната галерија за портрети во Лондон, се поглед во Битлславија одвнатре. Секој гледаше накај бендот во 1964-та. Што видоа Битлсите?








bottom of page