top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • „Дума ин Сума“: новите бајки за македонските хероини

    Неформалното здружение за култура „Дума ин Сума“ под водство на Ивана Смилевска, Марија Бошковска и Дарко Алексовски успеа да ги обедини група млади жени во креирањето на новата генерација бајки, овој пат посветени на македонските хероини кои оставиле неизбришлив траг во историјата. Во јануари 2024 година, „Дума ин Сума“ организираше работилница за креативно пишување насловена „Неименувана“, каде што младите учеснички се здобија со знаења за развојот на бајките низ вековите, но и добија инспирација да создадат сопствени приказни. Петте свежи бајки се посветени на Вера Јоциќ, Мимоза Несторова - Томиќ, Мара Нацева - Анка, Билјана Гарванлиева и Веселинка Малинска, жени чии животи и дела сè уште резонираат сила и инспирација. По завршувањето на работилницата, „Дума ин Сума“ ги претстави текстуалните инсталации на пет различни локации низ Македонија, секоја одредена да оддаде почит на животот и делото на една од хероините. Визуелниот уметник Дарко Алексовски вклучи QR кодови на инсталациите, нудејќи интерактивно искуство кое ги повикува минувачите да истражат и читаат бајките. Изложбата одржана на 17 април беше клучен настан, каде што учесничките ја имаа можноста да ги прочитаат своите создадени бајки пред публиката, истражувајќи ги темите на храброст, мудрост и истрајност кои ги поседувале македонските хероини. Промената понекогаш се перцепира како бајка, иако сите потајно мечтаат за среќен крај.  Но, за среќен крај, потребен е многу труд, тон имагинација и отвореност за нови знаења. Во време кога постојано се зборува за недостаток на критичко размислување кај младите, несоодветни образовни политики и генерациски препукувања за „незапознаеноста со нашето“, се одлучивме за „бајковидна промена“. ... „Дума ин Сума“ ги постави текстуалните инсталации во пет државни институции, соодветни според дејствувањето на секоја од хероините. Текстуалната инсталација посветена на Вера Јоциќ се наоѓа ОУ „Вера Јоциќ“ - Скопје, а инсталацијата за Мара Нацева - Анка го краси НУЦК „Трајко Прокопиев“ - Куманово. Текстуалната инсталација посветена на Веселинка Малинска, уредничката на списанието „Македонка“ - орган на АФЖ и прва печатена публикација уредувана од жени и посветена на проблемите на жените во Македонија е поставена во  Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“. Инсталацијата за архитектката Мимоза Несторова - Томиќ може да се погледне во Музејот на Македонија, воедно една од сѐ уште постоечките градби на Томиќ во Скопје. Текстуалната инсталација во спомен на режисерката Билјана Гарванлиева е поставена во Кинотеката на Македонија.“ - Дума ин Сума; Со оваа иницијатива, „Дума ин Сума“ не само што цели да ги истакне значајните женски фигури од македонската историја, туку и да инспирира активен дијалог меѓу генерациите и поттикне повисоко ниво на критичко размислување и креативен израз кај младите. Бајките и инсталациите лежат како мост меѓу минатото и иднината, сугерирајќи дека и во нашите современи приказни, среќните завршетоци и херојски подвизи сè уште се можни. ДОЖДОВНА БУРА Лара и Мила Го набљудував моето снеможено село низ прозорецот. Како луѓето сè уште живеат во оваа ледена доба? Ниту еден сончев зрак не ја осветлуваше мизерната пустина, со исклучок на некои залутани зракчиња, кои одвај се пробиваа низ гневните облаци. Се чувствував поразлично од колективот, индивидуално.Водев релативно среќен живот, но мојата душа сè повеќе и повеќе запаѓаше во агонија. Кај кого да пронајдам грам емпатија? Кај грнчарот ли, кој безволно ги обликуваше грнињата во една иста форма со години? Кај берберот ли, кој истите 'рѓосани ножици ги користи цел век? Кај шивачите ли, чии облеки недокрпени, недовршени ги продаваат за пара за еден леб?Сивило го исполнуваше животот во моето мало селце. Но тоа е сè што ние знаеме од најмладите години. Волја за работа нема, пари уште помалку, а среќа воопшто. Секоја наредна генерација беа маченици на своето време, апатично родени и израснати. Читајќи книги, мојата свест не ми потврдуваше дали читам фикција или реалност. На крајот на денот, не знаеш подобро од она кое го имаш преживеано. Се помирив со своите мисли и тргнав кон дневната соба. Од сите бедни луѓе, баба ми беше единственото чкорче надеж во мојот живот. Таа ме израсна во човекот кој сум, во обид да ми овозможи живот без беда. Но, тоа беше она кое најмногу можеше да го направи. И покрај мачниот живот, успеа да го најде светлиот зрак. Седнав до неа, незабележувајќи дека мојата мисловна бура не беше престанала. ‚‚Мило, мрачнина е отцртана на твојот лик. Дозволи баба да навлезе в тие мисли кои те обземале.‘‘ Бев збунет, бидејќи овој израз го поседував секој ден, в секој негов час и минута. За прв пат не знаев што да проговорам, дали да премолчам или секој збор да го излијам. Мисловната мачнина ја надвладеа способноста да премолчам. Надежта кај мене сосема згасна, а кај баба ми беше пред исчезнување. Можев да го забележам тоа иако таа самата ја одбегнуваше вистината. Немав што да изгубам со искажувањето на моите секојдневни мисли. Не беа ништо ново ниту за мене, ниту за неа. Јас ѝ се доверив, а таа ме упати со разумни зборови. Мислев дека таа се шегува со мене со цел да ме развесели, но нејзиниот глас беше сосема сериозен. „Синко, тебе те очекува правиот пат. Ќе тргнеш на патување кое ќе е кратко и лесно, или пак долго и мачно. Непознатото ги крие одговорите на она кое го бараш.‘‘ Со часови седев стаписан, во обид да го најдам прикриеното значење на тие зборови. Таа беше јасна – треба да одам на некое непознато место и таму да ја барам загубената надеж. Каде се наоѓа таа дестинација, ни самиот не знаев. „Непознатото ги крие одговорите на она што го бараш“ – тие зборови како ехо одѕвонуваа во мојата глава. Таинственоста си играше со мојот ум. Баба ми е во години, но и многу мудра жена. Никогаш не кажува нешто без причина. Сè она кое можев да го изгубам веќе беше изгубено. Вознемирен од безнадежната судбина на мојот крај, решавам да се препуштам на некое неодредено патување. Одев по познатиот пат близу излезот на селото, единствено со стомна вода во торбата. Не знаев колку ќе е долг мојот пат, но без разлика, тој веќе започна. Моите чекори беа сигурни, но не чувствував ништо особено. Полека го напуштав и селото и навлегував во некој непознат дел. Ноќта ја преспав на земја, слушајќи го звукот на скакулците. Таа земја беше најудобниот кревет на кој имам легнато. По малку чекорење изутрината, пред мене се исцрта една бескрајна и застрашувачка шума. Беше украсена со дрвја и неверојатни крошни. Не ме застрашуваше шумата, а ниту мојата судбина. Но, знаев дека се криеше нешто во таа шума, нешто што магнетно ме привлекуваше. Ги направив првите неколку чекори во возвишената градина. Сè што гледав пред мене беше мрак, но продолжив да одам и заслепен. Имав чувство дека шумата ме води. Бев непобедлив, никое животно, никоја гранка, никои трња не можеа да ми го спречат патот. Одеднаш, пред мене се појави нешто невообичаено за ваква осамена шума. Пред едно дрво се исправи олкав, напуштен велосипед. Блескаше во една сјајна портокалова боја. Гледајќи го велосипедот, одеднаш почувствував некое чувство кое досега како да беше згаснато во мене. Нешто одамна неоткопано. Тоа беше оптимизмот. Ја чувствував мотивацијата и енергијата во себе. Ова последен пат го почувствував кога одевме на пикник со родителите, играјќи миженка со братучедите, лизгајќи се по мраз зиме. Се присетувам како ги криевме украдените колачиња под маица, а енергијата само надоаѓаше. Нежно го допрев велосипедот за рачките. Стоев, вчудовиден од сеќавањата кои порано ми предизвикуваа длабока жалост бидејќи се сега недостижни. Сепак, во овој момент како да почувствував дека сè беше достижно. Обземен од моменталните мисли, продолжив натаму по темниот пат со ново осознаената сигурност и желба за повеќе. Знаев дека тој велосипед не беше обичен, напротив, беше полн магија и волшебство. Добив нагон да дознаам од каде потекнува тој велосипед. Дали некој го поседувал претходно? Како и да е, таа личност сигурно поседувала некаква голема моќ, моќ доволно силна за да биде мој спас. Помислата на спасот од монотонијата ми ја лечеше душата, душата која пред малку беше покриена со црн шинел. Сега веќе тонев во удобната тишина на шумата, а чувствував и дека сум пообѕирен. Темнината ми го скокоткаше умот и легнав на починка на меката трева пред мојата наредна авантура. Сончевите зраци продираа низ крошните на дрвјата како никогаш досега. Велосипедот и неговата блескавост беа единственото нешто на кое мислев, а телото ми гореше за повторно такво чувство. Од возбуда се испружив на земјата, која се вдлабна како дувло од меки пердуви, а отскокна кога станав. Образите ми ги допреа ситните и кревки тревки, намокрени од утринска роса. Ја помирисав земјата, мирис кој навидум не беше убав, но за мене беше најпријатната арома која постоеше. Вдишував што подлабоко, чувствувајќи како патот на воздухот се движи до сите делови на моето тело. Замислував дека некоја жолта магија ги исполнуваше моите гради, како весел жар. Лежев и уживав во сè она кое ме исполнуваше во моментот. Сепак, мојот пат не беше завршен. Почнав да чекорам и сосема ѝ се препуштив на шумата. Повторно се изгубив во нејзината магија и почнав да го следам слободниот лет на птиците наоколу. Сончевите зраци сега како да стануваа сè поцрвени како што повеќе се движев. Тогаш забележав дека таа црвена светлина не припаѓа на зајдисонцето, туку на неидентификуваниот предмет пред мене. Тоа очигледно не беше велосипед. Не знаев дали претставуваше некаква опасност, но на мое изненадување, не почувствував ни грам страв. Зачекорев кон светлината и во непосредна близина, наидов на предметот. Тоа беше мал пиштол, безопасен. Го зедов во рака и почувствував како нешто ново повторно се раѓа во мене. Нешто кое ме потсети на мојата кавга со родителите на мојот другар Митре. Тие го имаа обвинето за една скршена вазна, но јас бев сведок дека тоа не беше негова вина и жестоко го бранев својот пријател. Се присетив на авантурата среде ноќ со татко ми до соседното село, кога тргнавме да продадеме млеко за некоја пара иако наоколу завиваа волци. Ми надоаѓаат овие спомени, а со нив и храброста – чувството кое ми го пробуди пиштолот. Кројам приказна зад предметот, како ѝ припаѓал на некоја важна личност. Личност која донела промена за многумина, која бестрашно го бранела она кое ѝ припаѓа. Колку повеќе размислувам за неа, толку повеќе посакувам и јас да сум оној кој ќе го промени моето безживотно село. Замислувам како луѓето ѝ се воодушевувале, се осврнувале на нејзината храброст. Фантазирам за некакви борби низ кои поминала личноста, битките кои ги совладала за да се истакне, трудот кој го вложила за својот народ. Зачекорувам натаму по патот, облеан со жестокост, со некоја несовладлива решителност која се пробуди во мене. Приказната за пиштолот ја држам близу до себе, сакам на сиот свет да му ја раскажам. Сакам таква храброст на сите да им подарам. Везам така во своите мисли и се вивнувам низ шумата, потскокнувам. Чекорам променето од сета насобрана храброст, а забележувам дека и шумата го променила својот изглед. Тоа не е истата темнина со која првично се запознав, таа како да осветлила за неколку нијанси. Чиниш треперат светулки наоколу, тактира нивниот жолт сјај. Шумата се накитила со некоја жолтеникава боја, како да ги спуштила ѕвездите од небото и ги зела за себе. Сјајот е беспрекорен. Навлегувам подлабоко и забележувам како некои отплеткани конци се сврзале по боровите стебла. Свилени конци, облеани со истиот оној жолтеникав сјај што ги красеше ѕвездите и веселите светулки. Забележувам дека тие се поврзани од дрво на дрво, водат некаде, цртаат некаков пат. Сета доверба им ја препуштам ним. Се стрчувам по осветлениот жолтеникав пат, сосема сум бестрашен! Трчаме така заедно со светулките и конците, ритмички функционираме. Туку одеднаш сите застануваат. Чинам сосема онемев в тој миг. Сите конци сврзани на еден сјаен килим, скроиле едно блескаво парче жолта ткаенина. Беше пожолт од сончоглед, посјаен од најскапоцениот цитрин. Му се приближувам, а во мене оживува сè она кое претходно беше згаснало, се буди мојот најголем копнеж. Како да ми мина низ глава еден сон в тој миг. Селото мое го краси веселба, ведри се лицата на луѓето мои, а јас жестоко верувам дека тоа ќе е нашето јаве. Во мене нешто гори, толку силно верува. Возможно е! Моето село ќе се разбуди, јас тоа го чувствувам толку сигурно, го гледам пред мене. Килимот поставен на самиот крај на шумата, чека да го направам првиот свој чекор на него. Му се приближувам и туку одеднаш сè ми се разведрува. Јас ја зграпчив надежта! Килимот да ти бил ткаен со толку верба, со толку голема сигурност дека промената може да настане. Килимот е создаден од надежта, онаа која силно жубори во мене. Внимателно го правам првиот чекор, а килимот започнува да се одмотува. Како што чекорам по него, тој почнува да се простира низ целото село. Пустото наше село одеднаш оживува, блеснува во онаа сјајна цитринска боја. Килимот трепери незапирливо, а од прагот на секој дом се вивнуваат луѓето. Тие се насмеани! Личат ведро, исто онака како што ги видов на сон. Се фаќаат на игранка кој со кого прв ќе стигне, се воодушевуваат на глетката под нивните стапала, восхитно извикуваат. Сите ја впиваат досега прикриената магија на селото, никако не се двоумат. Секој еден е осветлен, борбата заврши! Божицата на надежта нè посети сите. Таа беше прекрасен цвет по дождовна бура. Сончевиот зрак во ледената доба, преврска на отворена рана. Таа создаде дом во долговечната пустелија. Тоа беше незаборавната и надежната, Мара Нацева – Анка.

  • Почетници за неписмени

    од Дубравка Угрешиќ Насловот на оваа изложба го инспирираше „Почетница“ за неписмени печатена во Загреб во 1946. Кориците на тие почетници се избраздени со тенки, хоризонтални, црвени линии а над насловот - Почетница за неписмени - виси незграпна црвена ѕвезда. Така, името не го подразбира само предметот на мојот интерес (моето визуелно поле се претежно социјалистички буквари од педесеттите години на минатиот век), туку и мојот авторски статус: во однос на визуелната уметничка практика јас сум навистина неписмена. Големата смена на буквари Во годината 1991, кога се распадна Југославија и кога започна војната која ефикасно ќе го доврши нејзиното распаѓање, во моите раце случајно се најде почетница која според годината на изданието (1957) лесно можела да биде и моја. Листање на почетницата длабоко ме возбуди. Пред мене одеднаш се појавија два света: дамнешниот, заборавен свет на почетниците, кој ветуваше среќна иднина, и другиот, вистинскиот, сегашниот, кој брутално ја оспоруваше таа иднина. Побарав и други почетници, баш како во нив да ќе најдам некоја тајна причина за военото лудило кое се одигруваше пред моите очи. Најдов хрватска почетница од крајот на 19-от век и земав нова, испечатена 1991, сто години подоцна. Ги споредував световите на трите почетници - од крајот на деветнаесетиот век, од крајот на дваесетиот век и мојата, од средината на дваесетиот век. Есеј за тоа со наслов „Почетница“ е објавен во холандското издание „Култура на лаги“.Ерик Ванде Пит, белгиски уметник, го вклучи тој есеј во каталогот на неговата изложба Paul va ouvrir la porte (Антверп, 2004). Во своите дела, белгискиот уметник ги воскреснува визуелните детали на старите белгиски буквари. Mila myla mamu Во јуни 2009 година, умре мојата мајка. Целото лето го поминав доброволно затворена во мојот дом во Амстердам. Еден ден сосема случајно наидов на книга што некој ми ја подари одамна, руски советски буквар од шеесеттите. И баш како некој друг да управува со мене, почнав да ги посетувам продавниците во Амстердам за материјали за сликање. Ги купив моите први боички, блокови, гуми за бришење, хартија за копирање. Во рускиот буквар, моето внимание од сосема нејасна причина го привлече цртежот на девојката која мие чаши во мал леген кој стои на стол. Текстот веднаш до минијатурата гласи Mama ušla. Mila myla... (Мама си замина. Мила миеше...) Малиот корисник на почетницата на местото каде што стоеја трите точки требаше да го впише зборот - шолјички. Мама, значи, замина, а Мила миеше шолјички. И како некој да управува со мене со далечински управувач, јас го прецртав цртежот од девојчето на хартија за прецртување. Хартијата за прецртување ја поставив на бела хартиена подлога. Девојчето сега, насилно исфрлена од светот на букварот се најде на празен простор. Околу нејзе беше белина, пред нејзе столче, на столчето мал леген. Тој празен простор почнав опсесивно да го населувам. Мила во мајчиното отсуство прво переше шолјички а потоа голем морков, потоа билки, крокодили, птици, бродови, цел град…. Се́ уште не ми беше јасно од каде доаѓа мојата потреба да го прецртувам недолжното девојче Мила. А тогаш, случајна грешка го извлече на површината на хартијата објаснувањето. До цртежот на девојчето напишав. Mama ušla. Mila myla mamu.Беше тоа облик на длабоко тагување за кое не бев свесна : цело време јас всушност ритуално ја миев својата покојна мајка, мајка која замина. Терапија? Па сепак останува прашање зошто повторно - баш како во времето на распаѓањето на Југославија - се закачив за почетницата како за сламка. Од психоаналитички аспект, овој облик на „регресија“ се чини разбирлив: почетницата како нашиот прв координатен систем, воедно е и comfort zone и трауматично поле. Почетницата е почетокот на знаењето за светот, првото идеолошко апче кое ќе го проголтаме, првата лекција за морал, прва лекција за визуелни уметности. Припаѓам на југословенската повоена генерација. За децата на мојата генерација, ,,Почетница” воедно беше и прва книга која многу ја земале во раце. Моето (нашето) детство беше без играчки, бидејќи едноставно ги немаше, а сликовниците беа реткост. Немаше телевизија, видео, ЦД, ДВД, компјутери, сите работи со кои денешните деца се обилно закопани и без кои животот денес изгледа незамислив. Внатрешните корици на книгите од скромната домашна библиотека на моите родители служеа како мои први блокови за цртање. Во време на општата повоена сиромаштија, дури и хартијата беше луксуз. Благодарение на пријателите кои сериозно ја сфатија мојата „компулсивна активност“, на мојата адреса почнаа да пристигнуваат буквари: Партизанска почетница од 1944 година, хрватски математички буквар од 1946 година, македонски буквар од 1946 година, бугарски буквар од 1953 година, руски буквар, познатиот полски елементарц од Маријан Фалско ( со илустрации на Јежи Каролак) – овој буквар првпат е објавен во 1910 година, а со текот на времето доживеал одредени промени, и денес им служи на полските деца. Книгата за почетници не е невино читање, многу може да се прочита од внимателно читање. Беа потребни, на пример, само неколку години за „југословенските“ црно-бели буквари од времето на Втората светска војна и веднаш по војната да процветаат во раскошни буквари со пригушени бои и детални цртежи; за татковците да ги заменат пушките со трактори или дупчалки, а мајките со книги за готвење или медицински слушалки. Сè е интересно во иницијалите, дури и скриената историја на поединечни букви. Во партизанскиот буквар, на пример, нема Срби, Хрвати, Босанци, туку се појавува буквата Dž. Џафер е одговорен и за промоција на буквата  Dž, покрај džak. Џафер ја преживеа Втората светска војна, социјалистичка Југославија, тој беше единствениот кој успеа да ги помине сите буквари и да се најде во нови буквари. Истата долговечност ја покажува и буквата I - како игла. Многу поранешни Југословени од различни генерации се озаруваат на поменот на Џафер и иглата. Повеќе за изложбата „Црвеното училиште“ на Угрешиќ : Изложба на Дубравка Угрешиќ на КРИК фестивалот. Покор? Во Берлин во 1994 година, случајно налетав на Гркот Телемах, кој заработуваше монети свирејќи багламас по крчми. Него го споменувам  во една епизода од мојот роман „Музеј на безусловно предавање“. Кога дозна од каде сум, Гркот рече: „Мислам дека јас сум виновен за војната во твојата земја“. Во 1989 година, Гркот сонувал две вкрстени секири. Неколку дена по необичниот сон падна Берлинскиот ѕид. На почетокот Гркот мислел дека секирите од неговиот сон го најавуваат падот на Ѕидот, но кога започнала војната во Југославија, ја сфатил вистинската порака на сонот. „Од тогаш секоја вечер чекам да ми се врати тој сон, за да ги раздвојам тие секири“, ми рече Телемах. Кој знае, можеби со мојата нејасна букварса работа мешетарам како Телемах во моите соништа,  ги спојувам завојуваните писма, кирилица и латиница, завојуваните буквари, ги помирувам Милан со Ивица, Стипе со Џафер. Прецртувањето како и препишувањето, може да биде ритуал на некое длабоко внатрешно покајание. Со што јас тоа се занимавам? Со што се занимавам? Искрено кажано, не знам. Вистина е, не ми се страни поимите appropriation art, art intervention, soc-art (раниот Илја Кабаков)  знам и кој беше Хенри Дарџер. Современата уметност, меѓутоа, веќе подолг период не ја доживувам како движење „напред“ (ниту пак ако одење наназад), ниту како „оспорување“ ниту како промислен цитат, него повеќе како повторување на индивидуални уметнички гестови кои меѓусебно едвај комуницираат, што се́ уште не значи дека гестовите се различни и оригиниални. Својот компулсивен „уметнички гест“ го гледам исклучиво во рамките на - Почетници за неписмени. Ме возбудува хартијата, откривањето на паус-хартијата и играта на криење и откривање на детали. Ме возбудуваат посетите на продавниците со сликарски материјал, случајноста да се купи молив, откритието дека има бел фломастер, дека има плавјази кои не се само виолетови. Ме возбудува кога со јазикот ќе ја натопам срцевината на таков еден дрвен молив. Возбудена бев кога открив дека секој Холанѓанец, исто како да му е активирана некоја ментална акупунктурна точка, непогрешиво се озарува на реченицата A is een Aapje. Овде го гледам значењето на оваа изложба: во стимулирањето на точките на некој одамна усвоен и долго дискутиран внатрешен пејзаж. Април 2010 година.

  • Припреми за концертот на Funk Shui со видео за „Роденден“

    Ако ви скурчи да се обраќате кај Марјан Стојановски за нумери од роденденски карактер, Фанк Шуи доаѓаат напомош, пет минути до нивниот концерт во петок, каде ќе можете да го слушате „Никогаш пак“ во живо. Повеќе за концертот овде: Спремни за Funk Shui во Лабораториум? За разгибавање, притисни плеј. Don’t hurt yourself It’s just my tolerance, Don’t lose yourself It’s just your truths I tolerate When you love who you need And you need what you didn’t learn, And you live and let die You live And let die Now show me your patience, Where are your moods ? You know that i fell in and Out of love so many times That we decided to just be friends Than i got mad that you died Now i just miss my survivor’s guilt The wolves Were my friends Now i stopped Pointing the gun At myselfThis city’s heart Melts like snow, It screams “Fuck you if you need me”It doesn’t have any smell, It resembles your misplaced love It said “torture never stops” Got to lean on the gas Got to wave goodbye real fast Don’t forget to remember, Don’t remember too The wolves Were my friends Now i stopped Pointing the gun At myself Од пеперутки Во стомак Ми остана Осило Ова е помалку од љубов А ве барав како Диоген

  • Пролет во Вишни преку проектот „Уметникот во заедницата“

    Oваа пролет, Вишни станува место на средба, иновација и креативна размена. Преку проектот „Уметникот во заедницата“, кој се развива под водство на ИНКА Струга и Мини Погон од Белград, ова мало село ќе се претвори во живо ателје каде уметници од различни култури и дисциплини допираат до корените на локалната заедница и ја поврзуваат со широкото поле на културата и креативноста. Почетокот на оваа патешествие беше на 21 април во локалот „Дуќан“ во Струга, каде што беше промовирано Радио Атељето – „Духови на радиото“, под водство на искусниот дизајнер на звук, Харис Сахачиќ. Неговото истражување на радиото како медиум отвори врата кон нови перспективи и предизвика интерактивна комуникација со сите присутни. Преку оваа резиденција, Виктор Вејвода, мултимедијален уметник од Србија, Дејана Николовска, режисерка од Македонија, и Харис Сахачиќ, ги надминуваат границите на традиционалните уметнички форми и создаваат една сосема нова платформа каде креативноста е слободна и непосредна. Вејвода, со неговата желатинска принт работилница, нè потсети на важноста на соработката и креативните вештини кои можат да се изведат од секојдневните предмети. Неговата работилница не само што ги зближи локалните жители, туку и поттикна размена на идеи и искуства меѓу учесниците. Дејана Николовска, на друга страна, прекорачувајќи ги очекуваните рамки на театарот, ја насочува својата пасија кон местата и заедниците. Таа вклучува ин ситу алатки и методологии, создавајќи спектакли кои ги отсликуваат животните принципи на околината во која работи. И на крај, Харис Сахачиќ, држејќи се до филозофските и естетските прашања на радиото како медиум, нè потсетува на неговата магија и моќ. Преку неговите радионички, учесниците не само што се запознаваат со техничките аспекти, туку и длабоко разбираат влијанието на звукот во нашите животи. УМЕТНИКОТ ВО ЗАЕДНИЦАТА Пролетна резиденција во реализација на ИНКА Струга и Мини Погон, Белград Со претставувањето на Радио Атељето – „Духови на радиото“ кое од 22 април до 9ти мај ќе се развива под водство на дизајнерот на звук Харис Сахачиќ, на 21. 04, во локалот „Дуќан“ , Струга, Здружението ИНКА, ја отпочна пролеттната резиденција во проектот „Уметникот во заедницата – резиденција и развоен хаб Вишни“, поддржан од Програмата култура и креативност за Западен Балкан. Покрај Харис Сахачиќ, кој доаѓа од Босна и Херцеговина, во струшкиот регион (Струга и Вишни), ќе престојуваат и Виктор Вејвода, мултимедијален уметник од Србија и Дејана Николовска – режисерка од Македонија. Тројцата со своите методолошки пристапи и со меѓусебно уметничко вкрстување, доаѓаат во заедницата да одговорат на главната проектна цел, а тоа е, преку уметноста да се создаваат нови вредности во заедниците околу охридското УНЕСКО подрачје и да се охрабри креирање на нови солуции кои се естетски, одржливи, достапни и корисни за развојот на регионот. Проектот исто така има за цел да создаде точка на средби помеѓу уметници од различни дисциплини од регионот на Западен Балкан и поширокиот регион, како платформа за размена, мобилност и слободна експресија преку уметничка пракса. Така, до крајот на проектот, април 2024, селото Вишни ќе пречека вкупно 12 уметници од Западен Балкан, поделени во 4 резидентни циклуси, кои од ова средиште ќе го шират својот радиус на интерес и кон поширокиот регион околу Охридското Езеро. Заедничка трансферзала која ги поврзува тројцата уметници на пролетната резиденција е медиската редакција иако секој од нив вклучува различни медиуми и интерактивни пристапи: Посветен на демократизација на креативноста, Виктор Вејвода, користи достапни алатки за продукција на самоиздадени (Samizdat) принтани дела, поттикнувајќи соработка и јакнење помеѓу заедниците. Служејќи се со едноставноста на желатинскиот дупликатор, Виктор ќе води желатинска принт работилница, каде учесниците ќе создаваат локално произведени публикации, картички, и мали дела исполнети со текст и илустрација, на „направи сам“ принцип. Дејана Николовска е театарска режисерка, со образование стекнато на руската академија за театарски уметности, Москва. Покрај главната пасија театарот, зад себе има искуство во тв и продукција на манифестации и театарска педагогија. Во рамки на резиденцијата, покрај богатото искуство во класичната режија, Дејана ќе вклучи ин ситу алатки и методологии во служба на интеракција со заедницата и околината. Харс Сахачиќ е радио продуцент и дизајнер на звук. Тој се впушта во реалностите на звукот, ги испреплетува заедно, концептот, естетското и контекстот, со цел создавање имерзивни аудитивни искуства. Учесниците во сесиите на Харис ќе се запознаат со аспектите на радио продукцијата, преку теоретско и практично истражување. Тој сака да ја предизвика перцепцијата на радиото како медиум, кое слави 100 години емитување, истовремено промовирајќи го неговиот потенцијал за уметничка и филозовска експресија. „Уметникот во заедницата, резиденција и развоен хаб, Вишни“ е имплементиран од страна на Здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА, Струга и Мини Погон од Белград поддржан од УНЕСКО преку програмата Култура и креативност за Западен Балкан“, проект финансиран од Европската Унија се цел да поттикне дијалг наЗападен Балкан преку зајакнување на цултурниот и креативниот сектор за зголемент социо-економски импакт. - Здружение ИНКА Проектот „Уметникот во заедницата“, поддржан од Програмата култура и креативност за Западен Балкан, не е само мост каде уметниците и заедницата можат да се сретнат, туку и платформа каде што се валоризираат креативноста и уметничките практики во рамки на локалниот и регионален контекст. Со ова можеме да кажеме дека Вишни не е само географско место, туку и место каде креативноста и уметноста се ткаат во таписерија на културна размена и иновација.

  •  Шејла Камериќ на Венецијанското биенале

    Шејла Камериќ ќе настапи со своето најамбициозно дело на 60-тото издание на Венецијанското биенале, една од најпрестижните платформи за визуелни уметности на светот. Шејла Камериќ, уметница од Босна и Херцеговина, е позната по својот мултидисциплинарен пристап кон уметноста, кој опфаќа филм, фотографија, објекти, цртежи и инсталации. Нејзините дела често промовираат политики на сеќавање, отпор во човековиот живот и спецификата на женската борба, со нагласок на емпатијата како основен креативен механизам. Камериќ е носител на бројни престижни награди и нејзините дела се дел од колекцијите на реномирани институции како што се TATE Modern и MACBA Barcelona. Темата на која ќе се осврне уметницата е во согласност со фундаменталното наследство на нејзината работа, кое беше обликувано од болното искуство на преживувањето на опсадата на Сараево. Како проект независен од структурите на длабоко поделената постдејтонска Босна и Херцеговина, Цејс ќе биде директно претставен на јавноста за време на траењето на оваа престижна меѓународна изложба. Во фотографија за Vogue го гледаме т.н првиот поглед на работата или нејзината големина, големина во сите сетила; метафоричната, и буквалната. За време на Венецијанското биенале, Камериќ ќе го претстави своето најамбициозно дело до денес, насловено „Cease“, создадено во соработка со италијанската кураторка Џулија Фоскари. Ова дело е поддржано од Музејот на современата уметност Ars Aevi во Сараево, како и од неколку други значајни институции и организации. Преку „Cease“, Камериќ продолжува со нејзината традиција на создавање дела со длабоко социјално значење, овојпат фокусирајќи се на еден од најтемните периоди во нејзиниот живот - опсадата на Сараево. Со овој проект таа предизвикува директен дијалог помеѓу уметноста и публиката, нудејќи ја својата перспектива на поделената пост-дејтонска Босна и Херцеговина. Кураторката на „Cease“, Џулија Фоскари, е архитект и активистка, која својата кураторска пракса ја организира околу платформата UNA/UNLESS со цел да се адресира правдата преку меѓународна соработка. Нејзиниот труд и оној на нејзиниот студио се изложени на повеќе изданија на Интернационалната изложба на архитектура La Biennale di Venezia, потврдувајќи ја нејзината посветеност на уметничката и интелектуална заедница. Преку ова грандиозно претставување, Шејла Камериќ не само што ја потенцира својата извонредна кариера и допринос кон современата уметност, туку и уште еднаш го истакнува својот огромен талент и одлучност да создава дела кои прашуваат, предизвикуваат и мотивираат. Венецијанското биенале оваа година ќе биде платформа каде што нејзината порака ќе одекне силно, поттикнувајќи ги гледачите не само да ценат убавината на уметноста, туку и да се замислат за својата улога и одговорност во конструкцијата на подобро општество.

  • Аудио адаптацијата на '1984' со Ендру Гарфилд, Синтија Ериво и Том Харди пристигнува на Audible

    Класичното дистописко дело на Џорџ Орвел, „1984“, доби  нова,  (исклучиво) аудио преработка од Audible. Аудиодрамата која беше нетрпеливо очекувана (се кладиме дека е нешто што не сте го слушнале долго време, ако и воопшто), ја има големата филмска ѕвезда Ендру Гарфилд во улогата на Винстон, заедно со Синтија Ериво која ќе ја толкува улогата на Јулија. Нив им се придружуваат и Том Харди, кој ќе го позајми гласот на Големиот Брат, и Ендру Скот, кој е во улогата на загадочниот и опасниот О'Брајен. Audible е водечка платформа за производство и дистрибуција на аудиокниги, поткасти и аудио предавања, која нуди огромен избор на содржини за своите претплатници. Оваа адаптација на „1984“ претставува несекојдневна можност  за љубителите на книгите и аудио драмите да уживаат во едно од најзначајните дела на 20 век, преработено и доживеано преку моќта на звукот и гласот и тоа од холивудски и бродвејски суперѕвезди. Актерската екипа е исклучителна, со Гарфилд, познат по филмовите „Tick, Tick...Boom!“, „The Amazing Spider-Man“, и Ериво, позната по своите улоги во „Wicked“ и „Harriet“. Тие се придружени од високо ценетиот Том Харди, како и  Ендру Скот(„Fleabag“). Според изјавите на Audible и познавачите на Орвел, оваа адаптација го следи оригиналниот текст, истовремено истражувајќи ја длабочината на љубовната приказна меѓу Винстон и Јулија во еден свет каде љубовта и сексот се забранети. Режијата е под палката на наградуваната Дестини Екарага, додека сценариото е напишано од Џо Вајт. Музиката е поверена на Ешкери и Белами (Muse). Премиерата на аудио драмата "1984" на Audible беше на 4-ти април, 2024 година, точно 40 години откако Винстон започнал да го води својот дневник, што ја зголемува симболичноста на ова издание. Првиот месец на претплатата на Audible е бесплатен и доаѓа со една бесплатна книга.

  • „БЕЗ СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА“ извикуваа на протестот на Венецијанското биенале поради Израелскиот павилјон поради конфликтот во Газа

    ВЕНЕЦИЈА — Над 100 уметници, работници во областа на уметноста и активисти организираа протести надвор од Израелскиот и Американскиот павилјон на 60-тото издание на Венецијанското биенале на 17 април. Настаниве се одговор на тековниот конфликт во Газа и привлекоа меѓународно внимание кон пресекот на уметноста, политиката и човековите права. Активистите од колективот Art Not Genocide Alliance (ANGA), составен од уметници и културни работници, се собраа пред павилјоните, осудувајќи го она што го нарекуваат „геноцидален апартхејд“ од страна на израелската држава. Протестантите раздадоа црвени летоци со зборовите „НЕМА СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА – НЕ ЗА ГЕНОЦИДНИОТ ПАВИЛЈОН“, кои исто така беа фрлени во воздух, создавајќи визуелна изјава на несогласување. Израелскиот павилјон кој беше затворен од 16 април од страна на уметницата Рут Патир, стана епицентар на протестот. Патир најави дека ќе го затвори изложбениот простор со ветување дека нема да се отвори додека не се постигне примирје и договор за ослободување на заложниците. И покрај ова, ANGA и неколку други групи побараа целосна исклученост на израелскиот павилјон од Биеналето, со петиции кои се шират и добиваат значителна поддршка. Покрај израелскиот павилјон демонстрантите насочија ги своите пароли кон Американскиот павилјон, извикувајќи пароли насочени кон американскиот претседател Џо Бајден и обвинувајќи го за соучесништво во геноцид. Протестот кратко се движеше низ различни делови на Биеналето, со полицијата која одржуваше дискретно присуство. Активистите истакнаа дека финансиската и воената поддршка која Израел ја добива од неколку земји-учеснички на Биеналето, вклучувајќи значителна помош од Соединетите Американски Држави, меѓу другите. Тие исто така најавија создавање на виртуелен павилјон на Палестина за да изразат „манифест против состојбата на светот.“ По протестот, групата се распрсна, но влијанието на нивната акција одекна низ уметничката заедница. Одлуката на Рут Патир да го затвори израелскиот павилјон беше видена како чин на солидарност со оние кои бараат промени во Израел. Нејзината изложба, (M)otherland (2024), се занимава со лични и политички теми, прикажувајќи дела базирани на време и древни статуети на плодност. Иако Патир и кураторите не направија никакви официјални коментари на пресот во врска со протестот, гестот не беше сметан за доволен од ANGA, кои веруваат дека павилјонот треба да биде целосно затворен. Омар Баргути, соосновач на движењето BDS, го сподели ова чувство, повикувајќи на глобално отфрлање на она што го нарекува "првиот геноцид во светот кој е емитуван во живо ". Овој бурен настан, ги подвлекува веќе постоечките прашања за улогата и одговорноста на културните институции и настани во политичките конфликти. Тековниот дијалог на Венецијанското биенале повикува на поширок разговор за етиката на претставување и учество во уметничкиот свет, особено во врска со нации вклучени во меѓународни спорови и конфликти. Венецијанското биенале ќе биде отворено за јавноста на 20 април и е закажано да заврши на 24 ноември, со глобалната уметничка заедница која внимателно веќе следи како ситуацијата  се развива.

  • Време во годината кога се одржува „Саемот на книгата“: совет од професионалец

    Живко Грозданоски е македонскиот литерарен маг, роден во Кичево во 1986 година. По завршувањето на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, Живко се претвори во литературен виртуоз, мешајќи ја својата страст кон италијанскиот јазик и книжевност со својата способност но и дисциплина како автор. Не е чудо што неговите книги, кои покриваат разни жанрови од поезија и кратка проза до романи и раскази, се преведени на десетина јазици. Освен тоа, Живко е потпишан на еден краток документарец, „In cage“, снимен во Косовска Митровица, кој бил прикажан на само еден филмски фестивал - во Кан. Како вистински литературен експериментатор, тој се осмелил да го истражува концептот на „заедницата“ преку делото на италијанскиот кантавтор Фабрицио де Андре, покажувајќи дека неговите интереси се толку широки колку што се различните жанрови во кои пишува. Со награда за најдобра книга за деца, финалист место на конкурс за „Роман на годината“ и дела што се читаат низ целиот Балкан, па и подалеку, Живко Грозданоски останува еден од големите авторски имиња од младата генерација.

  • Дива појачало: Druggy x Martix, Поетроника, Луфтанза...

    Имам сон како Luther King Кога фатив лист рекоа: wonderkid Ќутејќи што сакав остварив Влегов во ова со почит за постари 0стави... ретки се тие без маски Ти си им најјак, но не си им маалски На плакати фестивалски најситен фонт За зборови уште со најсилен фонд 0ва е насилен фронт, јас влегов со кротки поеми Дур пловев по мастилен Дон, правеа сите од сопки поени Ова се факти мислат сум здивен, само подвлекувам црта По успешни акти тврдат сум нивен, среќа на време ги шкртнав Рими ко на Караманов тврди Џабе лаат, караванот врви Звукот вратен ние весници први, Вие мртви ко од пестицид црви Бит на Druggy носи ренесанса Без план за песна, но сенс за шанса Не чекам музи да дадат thumbs up Преобразба ко Грегор Самса Рефрен: Ова е метаморфоза, менувам пристап, менувам форма A тие со глави во торба, никако надвор од својот орман x2 Системот цркна - правиме формат Премногу вируси заразна орда Никаков upgrade истите збор, два А сцената горда на просечна творба x2 Гасеници грди презираат лет Им сметаат туѓи височини Ко осила зујат ми трујат мед По листот ми гризат штеточини. Џабе прават Voodoo да ми снема зборот, Денес ми е зелен семафорот Тргнав споро, но ќе стигнам скоро Да го тргнам шутот да го нема в дворот Пола се мртви, а пукам на ќоро, не ги ни гледам ко мета Случајни жртви од зборовен ороз, некаква бледа vendetta Уште ве возат излитени фрази, без нив ќе останат листови пусти А нема сиромашен јазик, постојат само голтарски усти Од капата сами си ишкаат мува, Ова ко дете да нишкаат грува Дотерувам сцена во нови рува Вие неми без теми во собата глува Ова е меѓу нозе број го два гола Тука сум да благоглаголам (Што?) Толку беше, сега дома право Часот е завршен здраво! TВОЈАТА ТИШИНА (Со секој поминат ден) Сега твојата тишина е погласна од мене (Со секој поминат ден) твојата тишина е погласна од мене И прави да сум немирен (Со секој поминат ден) Кога сум немирен дрдорам Сега сум ја ко ти, ти си ко јас не сум ко ти, ти си ко јас (градевме све) Сега ја сум ко ти, а ти ко јас, Сега ја сум ко ти, многу сум вознемирен, (Со секој поминат ден) Со секој поминат ден еден помалку Сега твојата тишина е погласна од мене Твоето небо (....) не ме прави да сум немирен Сега сум немирен, дрдорам, (Нови вибрации) И една кафена лажичка поп: Вака така пак ќе те видам бура имам во глава, цунами Вака така пак те шармирам Ја и ти меѓу пет океани его, его ја сум лекот за него вечерта е на вечерта е наша сакам да те ла сакам да те лажам Кога и да си сам Тебе ти правам драма Малку сум токсик дама Мрак, Врати се пак и пак не можам да заспијам влези ми ти во глава Пекол си за нас а рај ми е со тебе До последен час ми запираш време не оставај ме, не знај ќе помине сѐ ти си мојот билет од овој себичен свет Лажи ме лажи ме Сакај ме, рани ме ова е мое его допираш ти до него Лажи ме лажи ме Сакај ме, рани ме ова е мое его допираш ти до него Вака така пак ќе те видам бура имам во глава, цунами Вака така пак те шармирам Ја и ти меѓу пет океани Пекол си за нас а рај ми е со тебе До последен час ми запираш време не оставај ме, не знај ќе помине сѐ ти си мојот билет од овој себичен свет Лажи ме лажи ме Сакај ме, рани ме ова е мое его допираш ти до него Лажи ме лажи ме Сакај ме, рани ме ова е мое его допираш ти до него ние двајца како ден и ноќ како ѓаволот и ангелот и ќе стигнеме до пеколот само допри ми го егото x2

  • Салман Ружди на промотивна турнеја за мемоарот „Нож“

    Откако Ружди беше нападнат во 2022, разбирливо - се опоравуваше, а потоа речиси срамежливо и нетипично почна да се појавува по медиумите. Првично даде интервју за Њујоркер - можете да прочитате извсдок на македонски јазик овде. но и да пишува. Сега го гледаме на 60 минути со Андерсон Купер но и на NPR и CBS Mornings со неговата млада сопруга: тој е на промотивна турнеја на неговиот мемоар „Нож“... Титловите на македонски јазик можете да ги вклучите во settings> subtitles on(English) > automatic translate (Macedonian).

  • Невидените страни на Франческа Вудман

    од Крис Вајли Имаме нова рубрика : Муабети на диво: за што зборувавме кога зборувавме на „Брза кучка“ и ја отпочнуваме со есејот на Крис Вајли кој е објавен на 16-ти април 2024 во Њујоркер - и како таков го доживеавме како дефинитивен знак дека оваа рубрика мора и треба да почне! Во најновата епизода на поткастот наречена "Танц со Лени " таа раскажува раздрагана и среќна („моето омилено прашање!“) за своите омилени фотографи кои влијаеле врз нејзе како уметник но и надвор од тоа, доколку воопшто постои Лени надвор од уметноста. Франческа Вудман не беше случајност со својата уметничка рана зрелост. Нејзиниот татко, Џорџ, бил апстрактен сликар. Нејзината мајка Бети била керамичарка. И двајцата ѝ ставија до знаење на Франческа дека уметноста вреди да се ситуира во центарот на животот. Во текот на летата, семејството се повлекувало во куќа во едно тосканско село и патувало за да ги види делата на фирентинските мајстори. Додека нејзините родители изведуваа свои чинови на уметничка посветеност, на Франческа и́ беше дозволено сама да скита низ музеите и да се враќа со скици полни со жени кои носеле елаборирани наметки, копирани од сликите во дворците, стари со векови. Нејзиниот постар брат, Чарлс, имал детски дијабетес, кој бил релативно опасен и редок во шеесеттите. „Тоа создаде еден вид семејна динамика каде што Чарли секогаш беше опсипан внимание и контрола, додека Франческа беше многу послободна во животот“, се присети еднаш нивниот татко. „Ако таа не дојде дома на вечера, на кого му беше гајле?“ Џорџ и́ го подарил првиот фотоапарат на Франческа кога имала тринаесет години, а таа набрзо почнала да прави смели слики во прогонувачки, романтичен стил кој е карактеристично нејзин. На една слика се гледа како таа стои сосема гола, облечена само во бели чорапи кои се протегаа до потколениците, главата надвор од рамката и сенка која паѓа преку нејзиното торзо, стои покрај девствен бел крин, како оние што би ги видела на безброј ренесансни слики. Во друга, таа има закачено штипки за алишта на нејзиното голо торзо, кои изгледаат речиси како рој крилести инсекти кои го гризат нејзиното месо. Предвидувајќи ја нејзината подоцнежна опсесија со начинот на кој телата може да изгледаат како да се замаглуваат кога се движат за време на долга експозиција, таа направи слика на фигура која се движи низ отворот на надгробниот споменик, изгледајќи половина во овој свет, а половина надвор. Кога Вудман се запишала на школата за дизајн на Род Ајленд, нејзината блиска пријателка и соученичка Слоан Ранкин ми рече: „дојде знаејќи дека е фотограф“. Извонредната кариера што следеше беше трагично скратена кога, во 1981 година, Вудман умре од самоубиство, на возраст од дваесет и две години. Оттогаш, Вудман постигна митолошки статус во светот на уметноста како симбол на измачената младост, еден вид фотографија на Силвија Плат. Постои перверзна тенденција, во такви ситуации, чинот на самоуништување на уметникот да се третира како некаков конечен уметнички процут. Но, новото шоу во Галеријата Гагосијан, кое штотуку го презеде имотот на Вудман, ни дава нова можност да се сретнеме со делото под свои сопствени услови. Голем дел од она што го знаеме како зрело дело на Вудман беше завршено како дел од училишните задачи. Кога нејзините принтови беа попишувани по нејзината смрт, голем број од нив сè уште беа означени со педагошки дескриптори како „Длабочина на полето“ или „Прескокни движење“. Изложбата на Гагосијан содржи неколку познати слики од овој период, од кои повеќето се направени во истата напуштена куќа во Провиденс. На една слика, Вудман се појавува необично облечена како Алиса на Луис Керол, нејзиниот фустан во движење и рацете спремени како да сака да отвори врата пред нејзе, која се прозева застрашувачки подотворена, не откривајќи ништо друго освен мастилно црнило. Во друга група дела, Вудман го штити своето голо тело со големи парчиња излупени тапети, чин на рудиментирана камуфлажа што често се споредува со феминистичката парабола на Шарлот Перкинс Гилман: Жолтиот тапет .“ Ранкин, која сега има шеесет и шест години, често служеше како модел за фотографиите на Вудман. Таа се сеќава на Вудман тогаш како брилијанна, но импулсивна и незрела: „Таа веќе знаеше за историјата на уметноста, пишувањето и сè. Таа беше толку, толку бистра, и навистина го забавуваше својот ум. Но, заедно со тоа, таа беше навистина како мало дете кое сакаше секс секоја вечер и само да јаде мараскино цреши и колачи“. Сликите на Вудман ја откриваат љубовта кон избришаното, истрошеното и мрачното сензуално, и го утврдуваат нејзиниот афинитет, без разлика дали е свесен или не, кон готскиот надреализам на фотографите како Кларенс Џон Лафлин (Clarence John Laughlin), Ралф Јуџин Мијард (Ralph Eugene Meatyard) и Фредерик Зомер (Frederick Sommer). Сепак, тоа беше речиси мономанијакално фокусирање на Вудман на себе како тема што ја издвојуваше. Ранкин го опиша ова со љубов како манифестација на младешки „нарцизам“, иако Вудман, во писмо без датум, еднаш призна: „Јас сум уморна како и вие, гледајќи во себе“. Во секој случај, тешко е да се замисли фотографка која била поуспешна да се обликува себеси во некакво суштество од друг свет. Значаен дел од изложбата на Гагосијан е посветен на сликите што Вудман ги направила во текот на една година што ја поминала на студирање во странство во Рим. Ранкин, која живееше со Вудман цело време, ми кажа дека Вудман подоцна го нарекла тој период како нејзините „спокојни дни“. Таа и градот беа добар спој. На место каде што секоја калдрма може да се замисли како ехо на стапалата на императорите и светците, оперетската визија на Вудман го достигна својот целосен израз. Во една серија дела, колективно насловена „Самоизмама“, таа е сликана гола наспроти ѕидовите ишарани со бели петна, на распадната фабрика за шпагети во која таа и Ранкин би се прикрале, манипулирајќи со кришка огледало што се чини дека ништо не одразува. Збирката на слики - најверојатно направени во истата фабрика -ја прикажува Вудман пред излупен ѕид што личи на уништен Ротко. Во една од нив, уметницата повторно се обидува да се вклопи во нејзината околина, овој пат со бојадисување на долната половина од телото со боја или нечистотија. Друга ја наоѓа превиткана и свиткана наназад со раката фрлена преку нејзината глава, а лицето изразува мешавина од болка и еротско блаженство што потсетува на „Екстазата на Света Тереза“ на Бернини. „Ти го покажувам она што не го гледаш“, напишала Вудман еднаш, „Внатрешната сила на телото. Не можете да ме видите од каде што се гледам себеси“. Највпечатливото откритие на шоуто на Гагосијан е невиденото ремек-дело на Вудман, „Нацрт за храм (II)“, кое зазема покласичен пристап кон телото. Импозантни четиринаесет стапки високо, делото е збирка на дијазотип принтови, фотографии и елементи на колаж кои ја привикуваат архитектурата на античка Грција од слики направени од нејзината околина во Менхетен. Грчките шари на вијуги на подот од станбените бањи се пренаменети како дел од архитектонскиот фриз, а пријателите на Вудман - меѓу нив и Ранкин - се трансформираат во високи каријатиди. „Смешно е како додека живеев во Италија тамошната култура не влијаеше толку многу на мене“, напиша Вудман, „И сега сум толку многу  фасцинирана со архитектурата итн. Франческа која како дете го посети Акропол три пати и секогаш зеваше“. Тоа е дело кое како да е исполнето со копнеж за друго време и место. Вудман се бореше да ја најде својата потпора надвор од удобните граници на училиштето. Успехот доаѓаше премногу бавно. Работеше слабо платени позиции, кои ги мразеше. Таа се обиде да упадне во светот на модата, без многу успех. Ранкин, која во тоа време живеела со претстојниот трговец со уметнички дела Мери Бун, се сеќава дека ја придружувала Вудман за да се сретне со друг дилер во центарот на градот, но ништо не испаднало од тоа. Ранкин се вратила во Рим откако доби неочекувана финансиска добивка која и́ дозволила да го следи човекот со кој на крајот ќе се омажи. Вудман и́ пишуваше писма изразувајќи ја нејзината зголемена тага и фрустрација. Таа се обидела да се самоубие. Нејзините родители ја испратиле на психијатар, кој ја ставил на лекови. „На крајот, реков: „Дојди во Рим“, се сеќава Ранкин. „Њујорк е тежок. Бевме среќни овде. Врати се.“ Имаше карта за да лета да дојде да ме види“. Според Ранкин, билетот бил за 19 јануари 1981 година. Тој ден, наместо да го фати нејзиниот лет, Вудман скокнала во смрт. Во последниот, енигматичен запис во нејзиниот дневник, таа напишала: „Јас бев (сум?) не уникатна туку посебна. Затоа бев уметник. . . Измислував јазик за луѓето да ги видат секојдневните работи што ги гледам и јас“.

  • Лирични војни: Каде сме додека го чекаме одговорот на Кендрик

    Откако Кендрик Ламар ( Kendrick Lamar) се настрви на Дрејк ) Drake ) и Џеј Кол (J Cole ) на синглот на Metro Boomin „Like That“ на кој е и Future, Дрејк  очигледно возврати со дис што се појави на социјалните мрежи во саботата (13 април). Рано во текот на денот, четириминутната „протечена“ песна која му се припишува на Дрејк ги погоди социјалните мрежи, при што некои се сомневааво нејзината автентичност и шпекулираа дека станува збор за трака создадена од A.I. По долг ден на интернет муабет, Дрејк навидум ја потврди легитимноста на траката, објавувајќи фотографија на Инстаграм од Ума Турман како невестата во „Kill Bill“, со самурајски меч опкружен со група напаѓачи. Не само Power 105, туку и нејзината матична компанија iHeartRadio - најголемата радио мрежа во земјата - ја објавија песната, која исто така ја потврди нејзината автентичност. Турман, која глумеше во двата дела на „Убиј го Бил“ во 2003 и 2004 година, влезе во четот во неделата (14 април), објавувајќи слика на нејзиниот стори  на Инстаграм од оригиналниот костум што го носеше во филмот. „Ти треба ова? @champagnepapi“, напиша таа. Во песната на Дрејк, очигледно насловена „Push Ups“, раперот пука во сите правци. Тој се разбира оди директно кај Ламар „How the fuck you big steppin with a size 7 mens on?/Your last one bricked, you really not on shit / They make excuses for you ’cause they hate to see me lit / Pull your contract ’cause we gotta see the split / Ain’t no way you doin’ splits bitch your pants might rip.”  (Како правиш големи чекори со 39ка чевли? Твојот последен пропадна, не си за кур/Прават изговори за тебе, зошто мразат да ме видат како растурам/ Извади го договорот - мора да го видиме процентот, да верифицирам/Нема шанси правиш шпаги куче, панталоните може да ти се скинат ко крпче/ Потоа продолжува со исмејување на гостувањата на Ламар во мејнстрим поп песните и сугерира дека поранешната издавачка куќа на Ламар, Top Dawg Entertainment, барала половина од неговата заработка. „На Maroon 5 му треба стих, нека биде досетлив/ Потоа ни треба стих за Swifties / Ако Топ каже доле, подобро фрли се и дај му 50 склекови/ Тетка Биберче сега тивко/ Не си во голеите три/ SZA те искастри, Тревис те искастри, Севиџ те искастри/“. Тој, исто така, се чини дека пука во Кол, кој го повлече својот одговор за Ламар „7 Minute Drill“,  откако зажали за неговото објавување. „Гледај, јас никогаш не би можел да бидам ничиј број еден фан / Твојот прв број еден, морав да ти го ставам во рака“, вели тој, мислејќи на „First Person Shooter“, неговата соработка со Кол вклучена на минатогодишниот „For All the Dogs“ која стана првата песна на Кол која се најде на врвот на Billboard Hot 100. Подоцна на песната, Дрејк се  враќа на Кол, рапувајќи: „И таа ебана песна што ја добивте не започнува ништо со нас / Ова срање се подготвува во тенџере, сега се загревам / не ми е гајле што мисли Кол, тоа срање беше слабо како кур“. И, за добра мерка ,тој му се пушта на Метро Бумин, со кого имаше непријатен момент во текот на изминатата година: „Метро ќути си и свири на тапани, н-а“. Рик Рос е уште еден рапер кој фати залутан куршум на „Push Ups“ откако се појави на „We Don’t Trust You“ и го одследи Дрејк на Инстаграм. „Можеби треба да ја земам твојата најнова цура и да ја ставам во лисици како  да сум Рики“, рапува Дрејк, спомнувајќи ја историјата на Рос како полицаец. „Не можам да верувам дека улета,  н—има  пеес / Секоја песна што му се најде на листите, ја добиваше од Drizzy / Потроши го ситнишот  и тргни ми се од патот/ “ тука се стишува, но има некои шпекулации дека се повикува на Диди и неговите тековни правни проблеми. Рос брзо се упати во студиото откако се појави дисот на Дрејк, објавувајќи песна наречена „Моменти на шампањ“ каде што тврди дека Дрејк го оперирал носот и му го украл флоуот на Лил Вејн. DRAKE> PUSH UP Look, I could never be nobody number one fan Your first number one, I had to put it in your hand You p***ies can't get booked outside America for nan I'm out in Tokyo because I'm big in Japan I'm the hitmaker y'all depend on Tough on record, in my city, it was friend zone You won't ever take no chain off of us How the f**k you big steppin' with a size 7 men's on? This the bark with the bite, n***a, what's up? I know my picture on the wall when y'all cook up Extortion baby, whole career you been shook up 'Cause Top told you drop and give me 50 like some push-ups, huh Your last one bricked, you really not on s**t They make excuses for you 'cause they hate to see me lit Pull your contract 'cause we gotta see the split And the way you doin' splits, b***h, your pants might rip You better do that muthaf**kin' show inside the bitty Maroon 5 need a verse, you better make it witty Then we need a verse for the Swifties Top say drop, you better drop and give 'em 50 Pipsqueak, pipe down You ain't in no Big 3, SZA got you wiped down Travis got you wiped down Savage got you wiped down Like your label, boy, you in the scope right now And you gon' feel the aftermath of what I write down I'm at the top of the mountain, so you tight now Just to have this talk with yo' a*s, I had to hike down Big difference between Mike then and Mike now What the f**k is this, a twenty-V-one, n***a? What's a prince to a king? He a son, n***a Get more love in the city that you from, n***a Metro, shut your h*e a** up and make some drums, n***a Yeah, I'm the 6 god, I'm the frontrunner Y'all n***a manager was Chubbs lil' blunt runner Claim the 6, and you boys ain't even come from it And when you boys got rich, you had to run from it Cash blowin' Abel bread, out here trickin' S**t we do for bitches he doin' for n***as Jets, whips, chains, wicked, wicked, wicked Spend it like you tryna f**k, boy, you trippin' Drizzy Chip 'n Dale, probably got your b***h Chanel I just got 'em done, boy, don't make me have to chip a nail Rolling Loud stage, y'all were turnt, that was slick as hell Lucky that your doll lil BM doesn't kiss and tell Hugs and kisses, man, don't tell me 'bout no switches I be rockin' every f**kin' chain I own next visit, aye I be with some bodyguards like Whitney Top stay drop, your little midget a*s better f**kin' Aye, better drop and give me 50, aye Drop and give me 50, drop and give me 50, aye N***as really got me out here talkin' like I'm 50, aye N***as really got me out here rappin' what I'm livin' I might take your latest girl and cuff her like I'm Ricky Can't believe he jumpin' in, this n***a turnin' 50 Every song that made it on the chart, he got from Drizzy Worry 'bout whatever goin' on with you and huh... Aye, shout-out to the hooper that be bustin' out the griddy I know why you mad, n***a, I ain't even trippin' I ain't even rappin' after this, I'm way too busy This for all the top dogs, drop and give me 50, drop-drop And that f**kin' song y'all got is not startin' beef with us This s**t been brewin' in a pot, now I'm heatin' up I don't care what Cole think, that Dot s**t was weak as f**k Champagne trippin', he is not f**kin' easin' up N***a call the Top to see if Top wanna peace it up "Top, wanna peace it up? Top, wanna peace it up?" Nah, p***y, now you on your own when you speakin' upYou done rolled deep to this, it's not f**kin' deep enoughBeggin' Kai Cenat, boy, you not f**kin' beatin' usNumbers-wise, I'm outta here, you not f**kin' creepin' upMoney-wise, I'm outta here, you not f**kin' sneakin' upCornball, your show money merch-money fee to usI'ma let you n***as work it out, because I seen enoughThis ain't even everything I know, don't wake a demon upThis ain't even everything I know, don't wake a demon upDrop and give me 50, all you f**k n***as teamin' up What, what, teaming up, but all of y'all falling like some dominos Bros turning hoes, dog, like I ain't got enough of those I can't wait to see how far you n***as get to reaching now This the closest thing you n***as gettin' to a feature now Backpedal gang 'cause of few y'all been reaching out Y'all drew the line, what the f**k we gotta speak about Get your f**kin' head tap, you n***as get to peekin' out You had a song for four years, drop that s**t or shut your mouth Shut your mouth, n***aIt's me twice in my Big 3, I had to leave you out F**kin' dumba*s n***a RICK ROSS> CHAMPAGNE MOMENTS Fish tanks and marble floors, livin' big and bad Niggas laugh until they hit with my official jab Crack smoke is the exhaust from my pen and pad Ghostwriters, they get to floss what you could’ve had Record label takin' a loss, are you in your bag? You a worker wantin' to chart, don’t make me laugh Get to mine, tell by my watch, this a different time Livin' fine, I'm gettin' high as your shit decline Who believes he movin' keys in his Louis Vs? Run up on you and snatch your chain, watch you bitches bleed Feel the pain and just describe when you really ride Either you niggas gettin' money or ready to die B-I-G, give a fuck if you Chi-Ali You got it and you keep it tucked if you be by me Do the job, better known as the Charles Schwab Double Rs spread through the yard, and I swear to God [Chorus: Rick Ross] Pop a Perc' for the field, go and count me a mill' Kill you niggas for free, do it all for the thrill Niggas leakin’ they records when we speakin’ directly If we keepin' it gangsta, when you see me you check me White boy, I see you I see you, yeah, check Gettin’ bullied, don't walk up on me 'cause the clip is fully Niggas pussy, don't want to push me, I’m like, "Really, would he?" Like his moves, but he never had to fight in school Always ran, another nigga had to write your grooves Flow is copy-and-paste, Weezy gave you the juice Another white boy at the park wanna hang with the crew Pulitzer Prize winner switchin' up like dyed denim Get incentives for all the killings while we ride rentals Look me right in my face, he beginning to shake Told you niggas, "Stay schemin'", I predicted my fate Got more money than you, fuck you want me to say? Fifty mill' for the crib, where you want me to stay? I can shoot up the block, I got pictures to paint Let you DM my ho, but got bitches you can't Let you get on my songs, it was good for your face Now, bitch nigga, it's on, ain't no room for debate [Chorus: Rick Ross] Pop a Perc' for the field, go and count me a mill' Kill you niggas for free, do it all for the thrill Niggas leakin' they records when we speakin' directly If we keepin' it gangsta, when you see me you check me [Outro: Rick Ross, Jessica Gomes & Drake] By the way, I got a lot of respect for a lot of rappers, but I got one guy He's my favorite person to rap with on any song, his name is Rick Ross Maybach Music You ain't never want to be a nigga anyway, nigga That's why you had a operation to make your nose smaller than your father nose, nigga I unfollowed you, nigga, 'cause you sent the motherfuckin' cease-and-desist to French Montana, nigga You sent the police, nigga, hatin' on my dawg project That wasn't the same white boy that I seen, nigga, when we were makin' them early records, nigga When you were happy to be around niggas, seein' niggas holdin' them sticks Yeah You owe motherfucking Stunna your life, nigga Give Weezy some more money, nigga Give Rap-A-Lot some more money, nigga White boy Yeah, biggest, it's Rozay, nigga We can do it how you wanna do it, where you wanna do it, anytime you wanna do it, I'm ready I'm ready, white boy, huh I know you got your Dockers on with no underwear, white boy Yeah, you had that surgery, that six-pack gone That's why you wearin' that funny shit at your show, you can't hide it, nigga White boy Како започна рап битката? Кога Кендрик Ламар бил млад, Дрејк му пружил рака за помош со тоа што го поканил на неговиот албум Take Care и му дал прво место на неговата турнеја Club Paradise во 2012 година. Но, во 2013 година, по успехот на деби албумот на Ламар, Good Kid, m.A.A.d City, тој јасно ги кажа своите амбиции. За време на гостинскиот стих на Big Sean's Control, тој ги повика Дрејк, Џеј Кол, Мик Мил, Мек Милер, Пуша Ти и многу други рапери, предупредувајќи ги: „I got love for you all, but I'm trying to murder you." Запрашан за дисот, Дрејк за списанието Билборд изјави: „Навистина немав што да кажам за тоа. Само ми звучеше како амбициозна мисла. Тоа беше сè. Знам добро и добро дека [Ламар] воопшто не ме убива на ниту една платформа.“ Раперите разменија неколку закачки во текот на следните неколку години (Ламар незаборавно се пофали дека „облекол еден чувствителен рапер назад во неговите пижама - алишта“ за време на наградите за хип-хоп BET), но тоа никогаш не изгледаше особено сериозно. Што ја поттикна најновата ескалација? Првичната искра беше гест кон единство, наместо поделеност. Во октомври минатата година, Дрејк го издаде својот осми албум For All The Dogs, на кој имаше соработка со Џеј Кол наречена First Person Shooter. Во еден стих, Кол сугерираше дека тој, Дрејк и Кендрик се „големата тројка“ на актуелната ера на хип-хопот. „Love when they argue the hardest MC / Is it K. Dot [Kendrick]? Is it Aubrey [Drake]? Or me? / We the big three, like we started a league.." (Сакам кога се караат кој е најтврдокорниот Емси/Дали е Кеј Дот? Дали е Обри? Или јас?/ Ние сме големата тројка, како да направивме лига/)) Песната дебитираше на врвот на американските топ листи, станувајќи 13-та на Дрејк и првата песна број еден на Кол. Достигнувањето значеше дека Дрејк се изедначи со Мајкл Џексон за најмногу синглови број еден од машки соло изведувач. Една недела подоцна, Cruel Summer на Тејлор Свифт ги замени на број еден местото, а моментот се чинеше дека помина. Но, приватно, Кендрик забележа - и тој не беше среќен. Што рече Кендрик Ламар? На почетокот на овој месец, продуцентот Metro Boomin и раперот Future објавија заеднички албум наречен We Don't Trust You. Во листата на песни беше и Like That со стих од Кендрик Ламар... и беше експлозивна. Со добро спастрена, и украсена со пцости, тој зема нишан на стихот на Кол, тврдејќи дека нема „голема тројка - само сум големиот јас“. Тој ги нарече најдобрите стихови на Дрејк и Кол несуштински - „лајт кутија“ - и изјави дека е она што е Принс на Мајкл Џексон, на Дрејк. Моќта на стихот навистина не може да се пренесе во печатена форма, но кога ќе заврши со ветувањето на Ламар дека ќе ги стави сите „кучиња“ на Дрејк и Џеј Кол во „Pet cemetery” (гробиште за миленичиња) - име на книга на Стивен Кинг (и песна на Рамонес). Текстот се удвојува како референца за насловот на албумот на Дрејк, For All The Dogs. Вреди да се напомене дека поставувањето на стихот на Ламар е исто така значајно, бидејќи Метро Бумин' е поранешен соработник на Дрејк кој има пропаднато пријателство со канадската ѕвезда. Метро, ​​чие вистинско име е Лиланд Вејн, го продуцираше поголемиот дел од албумот на Дрејк од 2015 година What A Time To Be Alive, но ветеното продолжение никогаш не се реализираше, што наводно доведе до лоша крв меѓу парот. Во 2022 година, продуцентот го отстрани Дрејк од песната наречена Транс, и го одследи од Инстаграм. Дали Дрејк го прифати поразот? Се разбира не. Дрејк се појави да се обрати на стихот на Кендрик на концерт во Флорида, со жестока порака до толпата. „Многу луѓе ме прашуваат како се чувствувам“, рече тој. „Ќе ти кажам дека се чувствувам. Ја кренав главата високо, грбот исправен, со чист образ во Флорида и каде и да одам. И знам дека без разлика на се, не постои н—- кој може да се заебава со мене во овој живот“. Веројатно тоа беше крајот на тоа? Се разбира не! Две недели подоцна, Џеј Кол понуди свој одговор на стихот на Кендрик, во песната наречена 7 Minute Drill на неговиот изненадувачки албум Might Delete Later. "I got a phone call, they say that somebody dissing / You want some attention, it come with extensions, He still doing shows but fell off like The Simpsons." Тој продолжи со критикување на дискографијата на Кендрик, нарекувајќи го неговото деби „класично“, но неговиот најнов напор - замашниот двоен албум наречен Mr Morale and the Big Steppers - „трагичен“. "Your third [album] was massive and that was your prime," he continued, "I was trailing right behind and I just now hit mine."("Твојот трет [албум] беше масивен и тоа беше твојот врв“, продолжи тој,Заостанував веднаш позадите и само што го достигнав својот") Тој заврши велејќи дека сè уште го почитува Ламар, но нема да се двоуми да го растури доколку навредите продолжат. „Push come to shove on this mic I will humble him.“(„Ако дојде до тоа на микрофонов/ќе го понижам“) Дали Џеј Кол остана на неговите зборови? Речиси веднаш по објавувањето на 7 Minute Drill, Кол сфатил дека тоа бил огромен „погрешен чекор“. Говорејќи на сцената на фестивалот Дримвил во Северна Каролина,се извини за песната, го пофали последниот албум на Ламар и побара прошка. „Нема да ве лажам, изминативе два дена се чувствував страшно“, изјави тој пред публиката на фестивалот Дримвил во Северна Каролина. Тој објасни дека подлегнал на притисокот да одговори на дисот на Ламар, но резултатот бил „најглупавата, најлејм“ работа што некогаш ја снимил. Ветувајќи дека ќе ја тргне песната од сервисите за стриминг(ја тргна), тој додаде дека „ќе го прими ударот достоинствено“ доколку Ламар сака да одговори.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page