top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Transmarginal Beverly Hills – промотивен концерт и албум во чест на Мирко Попов | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/-transmarginal-beverly-hills-%E2%80%93-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B5%D0%BD-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%86%D0%B5%D1%80%D1%82-%D0%B8-%D0%B0%D0%BB%D0%B1%D1%83%D0%BC-%D0%B2%D0%BE-%D1%87%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан концерт, промоција, Transmarginal Beverly Hills 14.11.24 г., 18:00 Музичкиот свет оддава почит на Мирко Попов Скопје, 27 март 2024 година – Сцената изгуби еден од своите стожери, но неговото наследство продолжува да живее не само во звуците што ги остави зад себе туку и инспирацијата. Мирко Попов, икона на македонската музичка култура, во неделата почина во Скопје, а музичката заедница реагира на единствен начин што знае – преку музика што го допира срцето. Во негова чест, на 27 март, со почеток од 21:00 часот, JaZzy Music Venue (поранешен ZZ Top) ќе биде домаќин на концерт за промоција на албумот "Transmarginal Beverly Hills" од триото Бука | Коста | Нино. Филип Букршлиев (електрична гитара), Константин Хаџи Коцев (пијано) и Нинослав Спировски (кларинет и сопрано саксофон), талентирани членови на македонската експериментална џез сцена, спојуваат своите музички визии во ова динамично трио. Албумот беше снимен на живо во мај 2023 година, во атмосферата на клубот Џези, и одразува спонтаност и длабока музичка комуникација. Иако овие музичари веќе имаат заедничко музицирање на различни проекти, "Transmarginal Beverly Hills" претставува нивно прво интегрално соработување во формат на трио. Концертот е организиран од Зафир Шуманов, со Михаил Стојанов зад снимањето и миксањето на албумот, дополнителниот микс и мастеринг во рацете на Филип Букршлиев, додека визуелниот идентитет на албумот го креираше Ѓорче Ставрески. Извршниот продуцент и автор на текстот за албумот е Вангел Ноневски од Аксиома. Најавувајќи го концертот, организаторите истакнаа дека е немисливо откажување на настанот поради губењето на Мирко, човек кој го посвети својот живот на музиката и културата. Во духот на оваа филозофија, вечервашниот концерт ќе биде посветен на неговата меморија – за да се ода почит на неговото име и она што го остави зад себе. Transmarginal Beverly Hills! – Слободна и структурирана импровизација во духот на овој најнов албум на Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев и Нинослав Спировски 27 март 2024 година (среда), 21:00 часот JaZzy Music Venue (поранешен ZZ Top) НАСТАНОТ Е ПОСВЕТЕН НА МИРКО ПОПОВ (1972-2014) Филип Букршлиев – електрична гитара Константин Хаџи Коцев – пијано Нинослав Спировски – кларинет и сопрано саксофон Овие тројца млади, но веќе мошне докажани музичари на македонската експериментална, авангардна, алхемијска и некомодифицирана џез сцена, концертно ќе го промовираат албумот Transmarginal Beverly Hills (Live at JaZzy), издаден пред само неколку денови за новото музичко издаваштво на Аксиома. Албумот на ова неконвенционално трио беше снимен во клубот Џези, една мајска вечер 2023 година. Иако досега сите тројца, ама само во пар свиреле заедно на други албуми, ова е првпат сите тројца да се соберат на заеднички албум. Имено, Спировски и Хаџи Коцев се појавуваат на двата исклучително успешни албуми на Svetlost Odron Ritual Orchestra; Букршлиев и Хаџи Коцев соработуваа на последниот албум на Филип Букршлиев трио, издаден за реномираната Skopje Jazz Festival Records; а Спировски и Букршлиев свиреа заедно на последните три албуми на пост-рок/џез бендот Fighting Windmills. На овој албум, Букршлиев, Хаџи Коцев и Спировски се зафатиле со исклучително тежок потфат: да спојат три инструменти кои досега многу ретко биле врзувани во трио формат. Меѓутоа, резултатот од тој спој звучи како тие да свиреле заедно долги години, а не на една спонтана музичка соработка/дружба, што и било случај таа вечер. Обидот овој албум да се објасни со зборови е ѓаволски тежок потфат. Затоа, само ќе посочиме на неколку можни споредби и надреални хипотези. Замислете го The Fourth World на Џон Хасел, исфилтриран низ урбаниот самрак на електронскиот меланхолик Burial, во неговиот пост-Untrue период. Или можеби звукот на трубата на Мајлс Дејвис од Bitches Brew, ама задушена со крпа натопена во конзумеристички смог. Или, пак, најтажните, репетитивни завивања на Mats Gustafsson од албумот (Without Noticing) на Fire!, но „скротени“ со формалдехидна еуфорија. Можеби Godspeed You! Black Emperor, ама кога би свиреле приспивни преработки на сопствените песни. Сепак, веројатно најсоодветната определба би била дека се работи за заталкан албум од архивите на Манфред Ајхер, откако тој заминал на егзотичен одмор и сосема заборавил дека овој албум останал некаде длабоко во правливите фиоки на ECM. Доколку не можете да си ја замислите домашната џез музика без албумите и концертите на Светлост (и проширениот Odron Ritual Orchestra), Taxi Consilium, Fighting Windmills, Филип Букршлиев трио, Строг Пост, групите на Јордан Костов исл., тогаш концертната промоција на албумот Transmarginal Beverly Hills не смее да биде настан кој треба да го пропуштите. Очекувани емоции и силни музички интерпретации ќе го пополнат просторот на JaZzy, додека публиката ќе има прилика да стане дел од уникатното музичко патување кое спојува авангардата со неконвенционалните звуци и тимскиот дух на овие тројца музичари. Албумот и концертот се поклон кон сите кои ги вреднуваат делата на Светлост, Taxi Consilium, Fighting Windmills, Филип Букршлиев трио и многу други проекти на кои работеше Мирко. Сите се добредојдени да се придружат и да станат дел од ова вечерно тагување во слава на еден голем човек, кој својот отпечаток го оставил не само во музиката, туку и во срцата на оние кои го познавале. АКСИОМА, асоцијацијата која стои зад организацијата на настанот, е посветена на културата, уметноста и музиката која граничи и прекорачува, токму како и делото на Мирко Попов. следно

  • Отворањето на Илика: кафе, книги, и нови литературни приказни | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%3A-%D0%BA%D0%B0%D1%84%D0%B5%2C-%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B8%2C-%D0%B8-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%82%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%BD%D0%B8?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Кафе-книжарница Илика, отварање 14.11.24 г., 18:00 Во центарот на градот, во самиот Градски ѕид се раѓа ново место за осмислена одишка. Денот на отворањето, 27.1, од 11 до 19 часот Поканет е секој кој го сака вкусот на добро кафе затскриени позади книга, во најновата дестинација - Илика. Дегустација на кафе и книги Од 11 до 19 часот, Илика ќе биде местото каде што ќе се сретнат страстта кон книгите и задоволството од свежо испечени колачиња и домашно вино. Тема за февруари: „АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ" Во разговор со присутните, тимот на Илика ќе сподели зошто избраа темата "АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ" за февруари. Издавачи за Илика Во Илика ќе може да најдете дел от големите и мали македонски издавачки куќи како Илика, Или-Или, Темплум, Полица, Антолог, Бегемот, Сигмапрес, Бункер, ПНВ Публикации, Сказнувалка, Артконект и Слово. следно

  • Деновиве низ град

    случувања низ град 14.11.24 г., 18:00 повеќе Српска ревија на македонскиот филм: Тридневен филмски и културен настан во Белград 25.10.24 г., 17:19 повеќе Промоција на книгата „Анатомија на небото“ од Борче Панов 17.10.24 г., 18:00 повеќе Изложба „Костими“: Ретроспектива на делата на Елена Дончева во Културно-информативниот центар – Скопје 3.9.24 г., 18:00 повеќе Отворање на самостојната изложба на Ѓорѓи Динев во Скопје 1.11.24 г., 18:00 повеќе Меѓународен фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ 10 23.10.24 г., 17:19 повеќе Промоција на романот „Додаток за фотоалбум“ со Владислав Отрошенко 27.9.24 г., 08:00 повеќе Маалски Фестивал 3.0 ги освежува скопските маала со уметност и заедништво 3.9.24 г., 18:00 повеќе Мартина Спасовска со изложба „Прегрнати лузни“ 22.10.24 г., 18:00 повеќе Водени предели: Импресии од патувања и култури – Пресек на уметноста и патувањата низ акварелот 17.10.24 г., 10:00 повеќе Почнува 43. Скопски џез фестивал со исклучителна програма 3.9.24 г., 18:00 повеќе Вања Штркова - Интимниот свет на "Мали настани, обични работи, скршени и реконструирани" 30.8.24 г., 18:00 повеќе Започнува четвртото издание на Младинскиот Филмски Фестивал all yesterdays' parties Локомотива-Центар за нови инцијативи на МОТ го носи перформансот „У.Ф.О. – Омаж за Каталин Ладик“ Спора култура Марија Павловска ја доби „Награда за кариера во уметноста 23“ во Санремо Увид „Најдобар млад македонски џез музичар во 2023 година“ за Драган Теодосиев Увид Кои се - и какви - хрватските „From Another Mother" кои ќе настапат во Битола 1 2 МКЦ не заборава : 60 години од земјотресот во Скопје Скопје е град со богата историја, култура и традиција, но, и не е претерано да се каже дека и со тешка судбина. На 26 јули 1963 година,... Градинарство во ГРАДИДНИНА: играта на зеленилото Преку сликарството и цртањето, децата се поттикнуваат да изразуваат своиот уникатен стил и перцепција, додека градинарството ги запознава со Цртање приказни Вечерва(7.06, вторник) во 8 часот ќе има групна изложба на стрипови, насловена „Цртање стрипови“ и ќе настапува состав „Цвеќарница“

  • "Каков град?" - Просторни иновации и културен дијалог во срцето на Скопје | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%22%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%3F%22---%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B8-%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%B8-%D0%B8-%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B3-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D1%80%D1%86%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан AKTO Фестивал, Каков град?, креативна експедиција 14.11.24 г., 18:00 Откријте како архитектите, уметниците и младите градители го замислуваат идниот град на тродневниот настан во Железничката зграда Скопје, 28.04.2024 - Градските простори добиваат ново лице и нова функција оваа недела за време на манифестацијата "Каков град?". Помеѓу градбите и улиците на историското јадро на градот, железничка зграда на ул. Борка Талевски преобразена е во епицентар на културни интервенции, понудувајќи визија за иднината на урбаната средина. Организиран под менторство на Филип Јовановски, едукативната платформа „Градот како сцена“ се издигнува над стандарните и очекувани параметри на архитектурата и визуелните уметности, претставувајќи еден амбициозен обид да се откријат новите можности за користење и вреднување на јавните простори во градот. Во срцето на настанот се просторните интервенции и перформанси разработени од студенти и млади професионалци - Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, и други, кои се обидоа да го идентификуваат одговорот на прашањето "Каков град (ни треба)?" кроз еден едукативен процес на разбирање и реимагинација на градскиот идентитет. Уметничката програма започна со "Каков град?", една просторна интервенција што истражува различни аспекти на урбаната животна средина, и продолжи со перформансот "(Де)конструкција на машкоста" од Крсто Глигоријадис, кој публиката ја одведе на едно емотивно и интроспективно патување преку тежината на традиционалните улоги. Еден од најинтригантните делови на програмата беше "Соларна кујна", уметнички проект од Никола Узуновски, кој не само што изложи својата визија за одржливост и екологија, туку и практично го демонстрираше начинот на кој уметноста и технологијата можат да работат заедно за креирање на функционални, еколошки чисти решенија за секојдневниот живот. Завршниот сегмент, „Каков град сакамееееееее - ИНДОГ“, го претстави Горан Костовски во својство на ДЈ, кој на својствен начин ја понуди својата визија за градот со својата музика и илустрации, претставувајќи како уметноста и културата можат да генерираат дискусии и идеи за иднината на урбаните простори. "Каков град?" покажува дека иако се соочуваме со многу предизвици во модерниот урбанизам, преку иновативни уметнички интервенции и креативни решенија, можеме да најдеме нови начини за повторно осмислување и активирање на нашите јавни простори. Настанот, поддржан од Програмата за култура на Швајцарска амбасада во Република Северна Македонија, е вистински пример за тоа како уметноста и архитектурата можат да дејствуваат како мотори на социјална промена и развој, стимулирајќи ги граѓаните да размислуваат и да учествуваат во текот и иднината на своите градови. 28.04.2024 - Железничка зграда, ул. Борка Талевски 26, Скопје - 12:00 - 12:30 часот – Чин 1: Каков град? Просторна перформативна интервенција која истражува различни визии за иднината на градската средина и како таа може позитивно да влијае на животите на нејзините жители. Развиена под менторство на Филип Јовановски во соработка со талентирани студенти и млади архитекти. - 12:30 - 13:00 часот – Чин 2: Каков (градски) човек? Перформанс на Крсто Глигорјадис, "(Де)конструкција на машкоста", кој што преку уметничка експресија поставува прашања за улогата на машкоста во современото градско општество и колективните предизвици со кои се соочува. - 13:00 - 15:00 часот – Чин 3: Каков ГРАД НА КУЛТУРА? Соларна кујна на Никола Узуновски, креативна интервенција која претставува пример за одржливи решенија и иновации во градската култура. Потоа, "Каков град сакамееееееее" - винил ДЈ сет од Горан Костовски - Индог, го слика урбанистичкиот пејзаж преку музички вибрации и креативни ефекти. Овој настан ја покрева важноста на интеракцијата меѓу уметноста, културата и архитектурата во моделирањето на нашите животни простори, задавајќи длабоки прашања за идентитетот и приоритетите на градот утре. Ви обеќаваме дека ќе останете обогатени и инспирирани да ја видите урбаната реалност преку нови очи. следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

​

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page