top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • Њујорк го претрка и Скопје со лошиот квалитет на воздухот

    Њујорк, најголемиот град на американскиот континент, и денеска(9-ти јуни) е обвиен во магла и прав, а мерните инструменти покажуваат висока загаденост на воздухот. Причината за оваа состојба се големите шумски пожари кои горат во Канада и чиј чад се придвижува на југ кон САД. Според платформата IQAir, Њујорк има најзагаден воздух од било кој друг голем светски град. Вториот најлош по квалитетот на воздухот беше пакистанскиот град Лахор. Властите во Њујорк издадоа предупредувања за граѓаните да ги ограничат своите активности на отворено и да носат маски за да се заштитат од чадот. Јавните училишта ги откажаа сите настани на отворено. Видливоста во Њујорк нагло се влоши бидејќи чадот од стотиците активни шумски пожари во Канада го прекри американскиот град во портокалова магла. Чадот од шумските пожари се движи на југ кон САД од мај. Стотици пожари горат во Канада од западните провинции до Квебек на исток, каде има повеќе од 150 активни пожари во невообичаено интензивниот почеток на летото. Властите во Канада евакуираат илјадници луѓе поради опасноста од огнот. Студии покажале дека климатските промени се главниот двигател на растот на жешкото и суво време на западот од САД и Канада. До 2090 година глобалните шумски пожари се очекува да се засилат во интензитетот за дури 57% поради климатските промени

  • Извадок од мемоарот на Гилберт Бејкер активистот и уметник позади дизајнот на знамето на виножитото

    Овде Гилберт се сеќава на една вечер со неговите пријатели Клив Џонс и режисерот Арти Бресан во почетокот на 1978 година, по неговото божиќно раскинување со Тенди Белју. „За да го преболам Тенди, дополнително се посветив на активизмот и отидов во кино. Мојот пријател Арти Бресан, Џуниор, беше филмаџија кој штотуку сними документарен филм за Парадата во 1977 година, насловен „Геј САД“. Тој беше див визионер кој режираше порно на страна за да може да ги финансира неговите 35 мм документарни филмови. Одевме да гледаме филмови неколку пати неделно. Еден ден отидовме во киното Стренд, на улицата Маркет, да го видиме ‘Граѓанинот Кејн’. Тој беше омилен филм на Арти. Клив ни се придружи. После филмот, сите отидовме до Граѓанскиот центар Плаза за да ги погледнеме неокласичните згради. Арти почна со неговиот притисок да изнајдам нов симбол за, како што рече, „зората на новата геј свест и слобода“. И тој и Харви ми го имаа кажано истово претходно. Во овој момент, розевиот триаголник беше симбол за геј движењето. Но, тоа претставуваше темно поглавје во историјата на истополовите права. Адолф Хитлер го замислил розовиот триаголник за време на Втората светска војна како стигма ставена на хомосексуалците на ист начин како Давидовата ѕвезда се користела против Евреите. Функционираше како нацистичко средство за угнетување. Сите чувствувавме дека нѝ треба нешто што е позитивно, што ја слави нашата љубов. Поради инсистирањето на Арти, ги погледнав знамињата што се вееја на различните владини згради околу Граѓанскиот центар. Мислев и на американското знаме со неговите тринаесет ленти и тринаесет ѕвезди, колониите кои се одвојуваат од Англија за да ги формираат Соединетите Држави. Мислев на вертикалната црвена, бела и сина тробојка од Француската револуција и како обете знамиња ги должат своите почетоци на бунт, бунт или револуција. Мислев дека и геј нацијата треба да има знаме, за да ја прокламира својата идеја за моќ. Како заедница, и локалнo и меѓународнo, геј луѓето беа во момент на пресврт, битка за еднакви права, промена на статусот каде што сега баравме моќ, преземајќи ја. Ова беше нашата нова револуција: племенска, индивидуалистичка и колективна визија. Заедница која заслужи нов симбол. Во минатото, кога мислев на знаме, го гледав само како уште една икона за исмејување. Сето она веење знамиња и, воопшто,патриотизмот го сметав за опасна шега. Но, тоа се смени во 1976 година. Прославата на американската двесте - годишнина го стави фокусот на американското знаме. Беше насекаде, од поп-арт до ликовна уметност, од непријатни сувенири до џанк рекламирање. На секое ниво функционираше како порака. По оргијата на бендови и обрачи околу Двестогодишнината, мислев на знамињата во ново светло. Ја открив длабочината на нивната моќ, нивниот трансцендентен, трансформациски квалитет. Мислев на емотивната врска што ја имаат. Мислев како повеќето знамиња претставуваат место. Тие беа првенствено националистичка, територијална, иконична пропаганда - сите работи што ги доведувавме во прашање во 70-тите. Геј луѓето беа племенски, индивидуалистички, глобален колектив кој се изразуваше во уметноста и политиката. Ни требаше знаме за да се вее насекаде“. Подоцна истата недела во салата за танцување Винтерленд… „Клив и јас танцувавме на ист начин; секогаш ги кревавме рацете нагоре над главите, крцкајќи ги прстите како Дајана Рос. Ги тресевме колковите како Тина Тарнер, асид чирлидерки кои се вртат во психоделични фанкаделични кругови. Толпата беше дел од шоуто исто колку и бендот. Сите беа таму: битници од Норт Бич и маалски траварџии, моторџиите во црна кожа кои се досадуваа, тинејџерите во задниот ред се бакнуваат. Имаше долгокоси, гипки девојки во костуми за чочек, розови панкери со розеви косо закачени заедно со безопасни, приградски хипици, филмски ѕвезди толку убави што би ве оставиле занемени, мускулести гејбојси*(*мажи кои повремено се вклучуваат во квир активности или животен стил) со совршени мустаќи, буч дајкови во сини фармерки и вили*(*fairy-маж кој се однесува помалку женствено(urban dictionary) ) од сите полови во фустани од половни/секонд хеннд продавници. Ја јававме огледалната диско топка на глитер ЛСД и љубовна моќ. Танцот нè спои, магичен и прочистувачки. Сите бевме во вител на боја и светлина. Беше како виножито. Виножито. Тоа е моментот кога точно знаев какво знаме ќе направам. Знамето на Виножитото беше свесен избор, природен и неопходен. Виножитото дојде од најраната запишана историја како симбол на надеж. Во Книга на генезата, тоа се појави како доказ за завет меѓу Бога и сите живи суштества. Бил пронајден и во кинеската, египетската и индијската историја. Знамето на виножито ќе биде нашата модерна алтернатива на розовиот триаголник. Сега бунтовниците кои ја бараа својата слобода во барот Стоунвол во 1969 година ќе имаат свој симбол на ослободување“.

  • Четвртата и последна вечер на ОФФЕСТ со најбогата програма

    Четвртата, завршна, вечер на OFFest 2023 е воедно и најбогата со настани. Имено, вечерва ќе проследиме три концерти и еден документарен филм. За мистериозната аура на култната чешка двојка ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ ќе сведочи нивното уникатно концертно претставување, но и прикажувањето на документарниот филм „Little Blue Nothing: A musical portrait of Irena and Vojtech Havlovi”. OFFest 2023 ќе го заокружат фуриозните настапи на две исклучително возбудливи музички појави: новата world-music атракција БАБ Л‘ БЛУЗ со својот психоделичен марокански фанк-рок звук, како и деветчлениот оркестар на легендарното име на конгоанската румба, гитаристот Дизи Манџеку и неговите THE ODEMBA OK ALL STARS. Оффест ќе заврши со афро-румба журка, а гаранцијата за тоа е настапот на Дизи Манџеку е роден во Киншаса, Конго, и почнал да свири гитара уште како мало момче. Тој бил дел од неколку познати бендови во својата земја, како Orchestre OK Jazz, Orchestre African All Stars International и Odemba OK All Stars. Тој е жива легенда во конголската румба, стил на музика кој комбинира африкански ритми со кубански влијанија. Неговата гитара има препознатлив звук и мелодичност која го прави уникатен. Соработувал со многу познати пејачи и музичари, како Franco Luambo, Papa Wemba, Zap Mama, Milow, Baloji и Stromae како и проекти со афро-колумбискиот бенд Alé Kumá, со кои го издаде албумот De Palenque à Matongé во 2018 година. Манџеку сега живее во Брисел, Белгија, каде што продолжува да свири и снима музика. LITTLE BLUE NOTHING, кој го следи животот и делото на Ирена и Војтех Хавлови, необичен музички тандем од Чешка, и е режиран од тројца млади режисери: Марко Шкоп, Андреј Бан и Матеј Минач. Филмот е интимно патување низ светот на Ирена и Војтех Хавлови, пар таинствени виолисти што живеат во преградието на Прага, на маргините на цивилизацијата. Овој музички тандем во 1991 година го сними албумот наречен „Malé Modré Nic (Little Blue Nothing)“, кој останува целосно анонимен во тоа време. Петнаесет години подоцна, тројцата режисери случајно го откриваат и - опседнати од неговата уникатната уметничка содржина - започнуваат да ја истражуваат приказната за двете мистериозни музички појави. Овој филм ја документира нивната средба, во сината магла на прашките преградија. Чешкото дуо ИРЕНА И ВОЈТЕХ ХАВЛОВИ (The Havels) има речиси 40-годишна заедничка уметничка кариера и партнерство зад себе. Започнаа да работат заедно кон средината на 80-тите како дел од експерименталниот ансамбл Capella Antiqua e Moderna, уникатна асоцијација на музичари чиј репертоар опфаќаше различни стилови на европската класична музика: од ренесансата до современата. Со текот на годините тие минаа низ неколку сопствени развојни фази, патувајќи долго и широко низ времето и просторот. Со својот инвентивен и неортодоксен пристап кон историските и модерните композициски техники и интерпретативни процеси, Хавлови развија уникатен и музички автономен јазик кој е тешко, ако не и невозможно, да се дефинира. Во изминатите 40 години тие бележат бројни значајни соработки. Прославениот независен режисер Винсент Мун сними документарен филм за нив. Композицијата на Брајс Деснер „Little Blue Something“, создадена во чест на музиката на дуото од Прага, која ги користи нејзините мотиви, ја снимиja Kronos Quartet на албумот „Aheym“. Музичарите од бендот The National, како и Суфјан Стивенс, се меѓу долгогодишните обожаватели на Хавлови. Нивната музика е отворена и сè уште расте добивајќи нови стимули. Директно од срцето на Магреб, БАБ Л‘ БЛУЗ (во превод: „порта на блузот“), го редефинираат традиционалниот северноафрикански блуз на нетрадиционален начин. Овој квартет, формиран во Маракеш во 2018 година, е инспириран од мароканските музички традиции, во комбинација со рок музиката, современите звуци и мароканскиот поп. Етикетирани како „психоделичен марокански рок бенд“, тие се истовремено древни и актуелни, традиционални и современи, фанки и ритмични, со моќни вокали и тешки бас грувови. Бендот го сочинуваат француски и марокански музичари, предводени од пејачката Јусра Мансур, која израснала во мароканскиот град-тврдина Ел Џадида, изложена на разновидни музички стилови, вклучувајќи ги оние на Џенис Џоплин, Уму Сангаре и Ерика Баду. Јусра, која главно твори на мароканскиот јазик Дарија, третира актуелни и општествени теми во нејзините текстови. Првиот албум на групата, „Nayda!“ (Real World Records, 2020), претставува глобален конгломерат на звуци, од американска психоделија до индиски ситар рифови, од валкан фанк до класична арапска поезија. Албумот доживеа фантастичен прием од музичката критика: беше вброен меѓу најдобрите албуми на годината во списанијата „Mојо“ и „Songlines“.

  • Реакцијата на медиумите за загадувањето во Северна Америка е рефлексија на еколошкиот расизам

    Секоја зима како што се качуваме на светскиот врв на листите на најзагадени градови во светот(Скопје и Тетово предничат), шокот е подеднакво ист и не се стишува. А вината секогаш ја бараме во нас самите и ја посочуваме накај „властите“ кои упорно ја игнорираат ситуацијата и дозволуваат да ескалира - со тоа ги доживувавме како хронична болест на која сме осудени, или како казна. Но иако има и во тоа вистина - непринципиелноста, ситното и не толку ситното профитерство, неинвентивноста во наоѓање на решенија, придонесува овие проблеми да се трупаат со децении, а сепак, тие се само делче од мозаикот. Македонија, и Балканот се жртва на еколошки расизам... Затоа и Њујоршкиот Мед Макс момент дојде како изненадување дури и за нас. Еколошкиот расизам е вид на расизам кој се однесува на нееднаквиот влијание на еколошките опасности врз луѓето од различни раси поради расистичка дискриминација во одлучувањето, насоките и спроведувањето на прописи и закони кои намерно или ненамерно ги оштетуваат поединците, групите или заедниците според расата. Поимот „еколошки расизам“ започна да се користи во САД во 1960-тите години, а подоцна во 1980-тите години неговата дефиниција стана пошироко позната и употребувана и покрај тоа што е јасно дека тој постои многу подолго, уште пред да биде официјално дефиниран, поради долгата историја на Западот кој ги нормализирал расистичките концепти и верувања. Еколошкиот расизам не е нов феномен, туку има длабоки корени во историјата и географијата. Некои примери за еколошки расизам се: - Колонизацијата и експлоатацијата на природните богатства на домородните заедници во Америка, Африка, Азија и Австралија од страна на европските колонизатори. - Сегрегацијата и апартхејдот во Јужна Африка и САД, каде што Црните и другите малцински групи биле принудени да живеат во зони со нисок квалитет на живот и висок степен на загаденост. - Изградбата на индустриски комплекси, депонии, нуклеарни реактори и други опасни објекти во близина на заедници кои припаѓаат на етнички малцинства или социјално маргинализирани групи. - Незаконската сеча на тропските шуми и уништувањето на биодиверзитетот во Амазонската прашума, Индонезија, Конго и други земји од страна на корпорации и мафии кои не ги согледуваат интересите на локалните заедници. - Нерамномерната распределба на последиците од глобалното загревање и климатските промени, кои повеќе ги погодуваат земјите и регионите со нисок доход и кои се со слаб развој. Загадената питка вода, нафтените цевки на земјата која припаѓа на домородни заедници, отпадните депонии во глобалниот југ и други начини на кои структурните недостатоци се одразуваат врз животната средина се начини на кој еколошкиот расизам се појавува и пројавува и со тоа не само што ги загрозува правата и достоинството на маргинализираните групи, туку и ги загрозува нивното здравје и опстанок. Образованието, активизмот, уметничкиот израз, еколошки репарации и политики и меѓународни спогодби кои ќе гарантираат правда и одговорност се механизми кои можат да ја амортизираат направената штета. Не е само оптимистично, туку и реално, да се држи позицијата дека можеме да донесеме промени ако сме свесни за неговите причини и последици и ако сме подготвени да се ангажираме за подобра и поправедна светска заедница. Еколошката правда, која се однесува на тоа дека сите луѓе имаат право на здрава и безбедна околина, без разлика на нивниот идентитет или положба, бара да се почитуваат правата и потребите на маргинализираните групи, да се вклучат во одлучувањето за нивната околина, да се компензираат за нанесената штета и да се поддржат во нивното општествено и економско оснажување. Еколошката правда исто така бара да се промовира одржлив и еколошки одговорен начин на живеење, кој ќе го зачува природното наследство за идните генерации.

  • Во петок(9.06) е третата фестивалска ОФФЕСТ вечер

    После две возбудливи ОФФЕСТ вечери, влегуваме во викенд кулминацијата на фестивалот за светска музика-за кој се чинеше дека нема да имаме можност годинава да го проследиме. Петочната вечер ќе имаме можност да ги чуеме Џастин Адамс во музичка соработка со Мауро Дуранте и македонско-американскиот Крсте Роџески. ЏАСТИН АДАМС И МАУРО ДУРАНТЕ: Пустински блуз и таранта Џастин Адамс е еден од највлијателните гитаристи и продуценти на денешницата, кој со своето свирење и компонирање ги спојува различните музички култури и традиции. Неговата кариера започнува во добата на пост-панкот, но набрзо се префрла кон стариот блуз, арапската и африканската музика, фолкот и други потрадиционални жанрови. Џа Вобл, Tinariwen и Роберт Плант се само некои од неговите музички соработници, а неговата работа како продуцент на албумите на Tinariwen и Рашид Таха ја истакнува неговата склоност кон северноафриканскиот грув. Магазинот Songlines го вброи неговиот последен соло албум „Ribbons“ меѓу најдобрите 50 албуми во изминатата деценија. Мауро Дуранте е виолинист и перкусионист од Италија, кој е дел од групата Canzoniere Grecanico Salentino, една од најпознатите бендови за традиционална музика од регионот Саленто. Тој е експерт за тарантела, вид на фолклорна музика која има хипнотички ритам, и е музика која се користи за да се ослободат емоциите и да се преборат стравовите и тагата. Заедно, Џастин Адамс и Мауро Дуранте создаваат жив, соголен звук кој се движи и маѓепсува, со едноставни мелодии и опсесивно-репетитивни обрасци, подеднакво соодветни за танцување и мечтаење. Нивното дуо е оригинална синтеза на пустинскиот гитарски блуз и транс ритмите на тарантата, која нуди свеж и иновативен пристап кон светската музика. КРСТЕ РОЏЕВСКИ: Интроспективна лиричност и неодолив шарм Крсте Роџевски е македонски пејач, гитарист и композитор, кој живее и работи во Њујорк. Тој е активен на авангардната „даунтаун“ сцена од неговата преселба во САД во доцните деведесетти. Тој има издадено шест албуми под своето име, кои се одликуваат со интроспективни текстови и електроакустичен звук. Неговата музика е влијана од разни стилови, како джез, рок, поп, фолк и класична музика, а неговите песни се полни со емоционална длабочина и поетичност. Неговиот најнов албум „Fair Weather Friends“ излегол во февруари 2022 година и е продолжение на неговата трилогија „Batania“, „Bitter Almonds“ и „The Rabbit And the Fallen Sycamore“, кои ги обработуваат темите на имиграцијата, идентитетот и припадноста. Албумот е концептуален и содржи 12 песни, кои се однесуваат на 12 различни личности, со кои Роџевски имал контакт во текот на својот живот. Тие се приказани како „пријатели по време на убаво време“, кои се појавиле и исчезнале од неговата егзистенција. Албумот е снимен со помош на извонредни музичари од Њујорк, како Марк Рибо (гитара), Дејвид Бернстајн (труба), Кен Томпсон (саксофон), Џонатан Голдбергер (гитара), Шазад Исмаили (бас) и Ден Вайс (тапани). Повеќе за фестивалот на нивната официјална страница.

  • Краток документарец: Dad can dance

    Во 2018 година, уметникот и филмскиот режисер Џејми Рос отпатува накај Банф Центарот за уметност и креативност, каде што во склоп на својата резиденција планираше да работи на проект за растенија кои се отровни и со афродизијачки својства. Но плановите на Рос се променија кога застана да се види на ручек со својот татко, Дејвид. Седејќи на кујнската маса, тој одненадеж стана емотивен и му раскажа на својот син за фазата од својата младост која никогаш не ја спомнал: и тој имал резиденција во Банф, пред четириесет и пет години. Тој учел балет, но на крајот се откажал, обесхрабрен од критиките на професорите кои го оцениле неговото тело - неговиот инструмент - како недостаточно. Дејвид кој сиот свој живот работел како финансиски консултант, споделувал многу спомени од својата младост, но тој никогаш не спомнал ништо за својот поранешен живот и соништата кои ги имал за себе како танчер.

  • Нов број на книжевното списание „Современост“

    Најстарото македонско списание за литература, култура и уметност, кое постои од 1951 година и е директен наследник на првото македонско списание „Нов ден“ излезе со својот втор број во 2023 година . Во овој број ќе најдете разновидна селекција од современи македонски автори, кои го обогатуваат нашето книжевно наследство со своите таленти и идеи. Бројот е отворен со раскази од Стефан Марковски, продолжувајќи со прозни прилози од Емељ Туна, Станка Бајлозова Барламова, Наде Поп-Гаврилова и Иван Стојановски. Потоа следат поетските творби на: Ристо Маџунков, Димче Шипинкаровски, Блаже Петревски, Виктор Танасковски, Росана Трајкоска, Александар Михајловиќ и Лидија Размоска-Тримовска. Во рубриката Интерпретации е застапена анализа од Верица Мукоска и труд од Елена Станкоска. Во рубриката Вреднувања се застапени рецензии од Иван Стојановски, Трајче Кацаров, Љубинка Донева, Славчо Ковилоски, Васил Дрвошанов, Трајче Кацаров и Никола Алтиев. Крајот е отстапен за рубриката Ѕвезди и протези во која се вклучени прилози од двете млади прозаистки: Светла Јакшиќ и Софија Тодороска, како и поезија од Александра Стојановиќ. Ликовните илустрации во вториот број за 2023 год. се дело на академскиот сликар Драги Хаџи-Николов, а броевите наскоро ќе бидат достапни низ книжарниците и библиотеките во Скопје.

  • Почина Аструд Жилберто боса нова пејачката позната по „The Girl from Ipanema“

    Аструд Жилберто, една од пионерите на боса нова жанрот, почина на 83 годишна возраст. Таа беше бразилска пејачка и композиторка, и текстописец, која стана светски позната по својот хит „The Girl from Ipanema“ од 1964 година. Таа беше една од водечките гласови на боса нова, бразилскиот музички стил кој комбинира самба и џез. Аструд Жилберто, родена со името Аструд Евангелина Вајнерт на мајка со бразилско и татко со германско потекл во Салвадор во бразилската држава Баија. Започнала да пее во локални клубови и радио станици во својот роден град, пред да се пресели во Рио де Жанеиро во 1959 година. Аструд се омажи со Жоао Жилберто во 1959 година со кој имаа син - Жоао Марсело Жилберто, кој подоцна се приклучи на нејзиниот бенд. Аструд и Жоао се разведоа во средината на 60-тите години. Аструд имаше уште еден син од вториот брак, Грегори Ласорса, кој исто така свиреше со својата мајка. Откако брачниот пар се разделил, поради аферата на Жоао Жилберто со бразилската пејачка Миуча (Хелоиса Марија Буарке де Оланда), таа беше во врска со нејзиниот музички колаборатор, американскиот џез саксофонист Стен Гетц -врска која ја обележи животната приказна на Аструд, како школски пример за злоупотреба на женскиот труд. Гетц ја злоупотребувал Аструд, и ѝ плаќаше само симболично на пејачката кога беше на врвот на нејзината слава. Откако нејзиниот адвокат, Алан Ароу, ја ослободи од договорот за турнејата имигрираше во САД во 1963 година каде што остана да живее. Таа пееше на две песни на албумот Getz / Gilberto од 1963 година, кој ги здружува Жоао Жилберто, Стен Гетц и Антонио Карлос Жобим. Додека тоа беше нејзиното прво професионално снимање, Аструд „не беше целосно почетник. Таа порасна потопена во музика (нејзината мајка Евангелина Невес Лобо Вајнерт свиреше повеќе инструменти) и редовно пееше со својот сопруг во Бразил. Нејзиниот „заводлив, шепотлив глас“ и постојан пристап кон пеењето играа значајна улога во популаризирањето на „Девојката од Ипанема“, добивајќи Греми за снимка на годината и номинација за најдобар женски вокален настап. Херби Хенкок е единствениот џез музичар покрај нејзе, кој добил Греми за најдобар албум. Синглот од 1964 година на „Девојката од Ипанема“ беше изменет со тоа што ги изостави португалските стихови што ги пееше Жоао Жилберто и ја зацементира Аструд Жилберто како пејачка на боса нова. Синглот се распродаде во повеќе од еден милион примероци за кој Аструд само еднаш била платена - за снимањето и тоа 120 американски долари. Гетц го замолил продуцентот Крид Тејлор да осигура дека таа нема да добие пари од заработката на продажбата на синглот, кој продаде повеќе од 5 милиони примероци. Песната до ден-денес е една од најобработуваните песни во историјата на поп музиката.

  • Историјата на замаглените фотографии

    Автор: Брајан Дилон; Уште како адолесцент, Себастијан Лифшиц (францускиот сценарист и режисер) собираше аматерски фотографии откриени по бувјаците. Тој не е заведен само од доказите за изгубеното време или душите кои веќе ги нема, но и по „фасцинатната чудноватост“ на пропаднатите фотографии. Седумнаесет од неговите пронајдоци се претставени во „Le fleu et la photographie historie d’une rencontre”( Замагленост: фотографска историја), која е изложба што се одржува во Лозана, Швајцарија. Зошто луѓето кои ги направиле овие неуспешни, замаглени слики ги отфрлиле? Можеби затоа што виделе нешто на што се надевале: некој од своите сакани, совршено лето, егзотично патување кое никогаш не се повторило. Можеби тие зјапале во замаглените лица и тела, и се обидувале преку силата на својата волја да ги разрешат, или да ги разјаснат. Или можеби грешките во овие слики се чинат ненамерно - уметнички? Изложбата, покрај обемниот придружен каталог со вовед од кураторката на серијата, Полин Мартин, го содржи Роберт Франк со “Movie Premiere, Hollywood” (1955) наоѓаме: руса старлета во преден план, носи дијамантски обетки и дијамантско синџирче, изгледа меко и нејасно; само толпата собрана зад неа е во прецизен фокус. Таму е и Вилијам Клајн со “Pachinko Doorman, Tokyo” (1961), во позадина јасно се гледа детален ентериер, но вратарот кој е во прашање, е толку блиску до камерата што ја гледаме само неговата замачкана насмевка. Две децении подоцна Клајн зборуваше за неговата „техника на отсуство на табуа: замагленост, зрнеста текстура, контраст, искривено врамување, незгоди, што и да се случи, дозволено е…. Во фотографијата замагленоста е почетничка грешка, која може да биде и облик на уметничка замисла.“ Како што истакнува Паулина Мартин, ставовите кон сликовната неопределеност варирале низ вековите. Зборувајќи од Лозана овој март, Мартин забележа дека францускиот термин „flou” не се преведува сосема исто како “blur.” Тоа е поблизу до „неодреденост“ или „волненост“; кога е користено како придавка „flou“ би можело да се однесува на концепт, или законски акт. Но зборот првично се појавил во сликарството, и во 18-от век се користел за опишување на техника - прикривање, маскирање или бришење на потезите со четката, со помали, понежни потези - замагленоста се користела во име на реализмот, или на прецизноста. Оваа контрадикција се враќа во фотографската историја и со нејзините критичари. Кога Шарл Бодлер бил фотографиран од великиот Надар, тој побарал неговиот портрет да биде вон фокусот, и напишал: „Само во Париз луѓето знаат што посакувам, што сакам да кажам - егзактен портрет, но со замагленост во сликата.“ Замаглената аналогна фотографија може да биде резултат на движење или на субјектот или на фото-апаратот, грешка или интервенција во печатењето, недостаток на фокус во моментот кога е земена сликата, без разлика дали тоа било случајно или намерно. Сите набројани инстанци се присутни во делата на Џулија Маргарет Камерон, викторијанската пионерка која истовремено била и фалена и исмевана поради замагленоста во нејзините фотографии. Чарлс Дарвин и Алфред Лорд Тенисон само се наѕираат од мракот; пријателите и слугите на уметницата се задолжени да фигурираат како мечтателни алегории и митски убавици. Камерон сметала дека нејзиниот „прв совршен успех“ е портрет од 1864-та. Во портретот, единствениот елемент кој е прецизно во фокус е копче на дебелиот волнен капут на Ени Филпот, осумгодишно сираче. Остатокот од неа трепери:можеби се поместила за време на експозицијата од седум секунди, а она што изгледа како солзи на нејзините образи, многу поверојатно е резултат на несмасната работа со фотографските хемикалии на Камерон. Еден критичар напишал следната година: „Мораме да и́ ја признаеме заслугата на госпоѓата таа е храбра во име на оригиналноста, но, на сметка на сите останати фотографски квалитети.“ Замагленоста на Пикторијалистите може да делува статично, како ние да сме тие што се движиме, а не лицето, фигурата, или пејзажот пред нас. Сепак светот се движеше, а фотографите беа желни да го забележат напливот на модерноста преку нивните фотографии. Изложбата содржи фотографии од танчерката и кореографка Лои Фулер, облечена во фосфоресцентен фустан, настапувајќи во блескаво одавање на почит на - радиумот. Се́ уште има уметници на кои чистотата на оптичката замагленост - мала длабочина на полето со еден детал издвоен, или целосно отсуство на фокус низ целата композиција - кажува нешто важно за границите на перцепцијата, или пак, корисно ги фрустрира очекувањата на гледачите. Деликатните домашни студии на Ринко Каваучи, архитектурата која е надвор од досег, и ентериерите на Хироши Сугимото, миражи во боја на скапоцени камења од Ута Барт, Кетрин Лојтенегер и Бил Армстронг - сите тие се задолжени на долгата историја на намерната замагленост, но исто така, можеби и на излудувачката грешка која сите ние ја имаме направено кога ќе заборавиме да фокусираме, или кога ќе штракнеме премногу близу до нашиот субјект. Современите паметни телефони го прават селективниот фокус лесен за употреба, и секогаш можеме да го принудиме Ајфонот да направи сосема замаглена фотографија. Но доколку го направите еднаш од љубопитност, можно е никогаш повеќе да не се обидете да го повторите тоа. Помеѓу ентузијастите на аналогната и дигиталната фотографија, глатка позадина надвор од фокус, се́ уште може да биде посакувана - понекогаш опишувана како боке, јапонскиот термин за замагленост. Но каде е фотографската замагленост денес, во протокот на социјалните медиуми? Сигурно целата идеја на филтер, кој е истовремено и заправо и метафорично начинот на кој ние преговараме со сликите околу нас, вклучувајќи ги оние што ги правиме и самите, и од самите себеси. Ние сме како сликарите од 18-от век, кои користеле ситна четкичка да ги впијат ударите на големата четка, се измазнуваме себеси додека не останува ништо друго освен привлечна магла.

  • „Без фусноти“ - еднодневна работилница водена од српскиот лингвист Ѓорѓе Божовиќ

    Не знаете со сигурност како да ги преведете или напросто искажете во говорниот јазик термините како „power bottom“, „bussy“, „batty boy“? А баш би било супер да бидеме во чекор со современата култура - но на мајчиниот јазик... Затоа се овде лингвистите, филолозите, антрополозите, или уште поконкретно - затоа во Скопје на 8-ми јуни, во 16 часот во Комитет, доаѓа Ѓорѓе Божовиќ на еднодневна работилница, за млади преведувачи на почетокот на нивната кариера кои преведуваат од македонски на останатите јужнословенски јазици и на албански јазик и обратно, и кои се заинтересирани за техниките на преведување книжевни и уметнички текстови и проблеми при нивната адаптација. „На учесниците ќе им биде даден краток фрагмент од прозен книжевен текст, кој ќе го преведат на јазикот по сопствен избор, а потоа ќе разговараат за нивните преводи во текот на работилницата. Особено ќе стане збор за преводот на квир книжевноста и за предизвиците што квир поетиката ги поставува за книжевниот превод. Бројот на учесници на работилницата е ограничен на петнаесет. Заинтересираните учесници треба да се пријават преку гугл-формуларот, или на мејлот izborsteficacvek@gmail.com, најдоцна до 05 јуни 2023. Работилницата се одржува во рамки на активностите поврзани со регионалната книжевна награда за феминистичка и квир книжевност „Штефица Цвек“. Ѓорѓе Божовиќ е доцент на Филолошкиот факултет на Универзитетот во Белград, каде што предава предмети по општа и балканска лингвистика. Од албански јазик превел повеќе дела од современа поезија, проза, публицистика и драма од автори како Љуљета Лешанаку, Аријан Лека, Ветон Сурои, Еди Рама, Јетон Незирај и други. Неговите два најнови преводи се автофикциите „Вечерен автобус“ од Стефан Алијевиќ од македонски на српски јазик (Нови Сад: Kulturanova, 2023) и „1997“ од Кристи Пиндери од албански на српски јазик (Белград: Pobunjene čitateljke, 2023).„ - велат организаторите.

  • Дечкото што не носи оружје

    Топ листа надреалиста инсистираат дека се зезале... а тоа дека "виљушката побегнала со лажицата" (all you can think of is true: the fork run away with the spoon) - е сосема случајно... Најзначајно: ја предвидеа војната во БиХ, а еве скеч и за момчиња со оружје

  • Дневник на библиотекар од затворот на Рајкерс Островот.

    Повеќе од една година работев по затворите на градот Њујорк како библиотекарски асистент за Бруклинската јавна библиотека. Сега работам во Вернон С. Бејн центарот. Кога ќе го уклучам радиото пред да одам на работа, често се прашувам дали повторно ќе чујам лоши вести за затворскиот систем. Казнено поправните домови не ни́ даваат никакви полици, па во Рајкерс, моите колеги и јас буткавме мала количка која шкрипеше, од еден во друг дом. Телефони и камери не се дозволени на Рајкерс, но јас сум илустратор. Понекогаш гледав работи за кои подоцна бев принуден да ги цртам од сеќавање. Секогаш сум трогнат од благодарноста и топлината, што некои луѓе ја изразуваат кога сме во состојба да им ги донесеме книгите кои ги бараат. Рајкерс е еден од најозлогласените затвори во светот. Затворениците - работници го изградиле на темели на ѓубре, и градот Њујорк го преоптоварува капацитетот со шест илјади луѓе, а најголем дел од нив чекаат судење. Многумина едноставно не можат да си дозволат да платат кауција. Некои чекаат со години. Вернон С. Бејн Центарот, кој сите го нарекуваат Бродот, е затворскиот товарен брод во водата наспроти Рајкерс. Мириса на риба и ѓубре. Има делови од затворскиот систем кои повеќе не ги посетуваме, бидејќи не се чувствуваме безбедно таму. Други делови, пак, изгубиле пристап до библиотеката затоа што немаме доволно луѓе за работа. Во интернатот на амбулантата на Рајкерс, често слушав мажи како зборуваат на говорници со нивните сопруги и деца. Други пак, ја трампаа ужината, или ја разгледуваа правната документација која ќе им беше потребна за судскиот процес. На вториот и третиот кат од амбулантата, ходниците беа толку тесни, што количката со книги едвај се протнуваше низ нив. Мажите таму беа ставени во кафези поради „заштитничко старателство“ и едвај можеа да ги напуштат нивните ќелии. Им ги подавав книгите преку процеп. Одвреме - навреме, тешко вооружени „желки“ ќе ни́ наредеа на нас, библиотекарите, да се тргнеме настрана додека маршираа. Оваа единица придружуваше трансродова жена додека затворскиот чувар снимаше се́. Во 2022 работна група свикана од одборот на КПЗ рече дека затворите често ги ставаат транс луѓето во позиција на опасност, со тоа што ги сместуваат во единици кои не се во согласност со нивниот родов идентитет. Многумина имаа искуство со сексуално насилство. Можам само да замислам колку осамени моите покровители се чувствувале кога не го зборуваа истиот јазик како тие околу нив. Нашите книги стануваа единствените извори на забава и бегство. Уметник на петтиот кат направи неверојатни скулптури од сапун и мелено кафе. Ние сретнувавме и талентирани писатели, оригамисти, и дизајнери на маици. Повеќето затворски чувари не зборуваа со нас, дури не не́ погледнуваа во очи, но една од нив секогаш се шегуваше со нас кога си одевме. Таа бараше да и́ позајмиме книги за да може да си го минува времето на долгите смени. Кога ќе завршев смена во Рајкерс, моите нозе ме болеа од стоење по цел ден. Ќе размислував за сите луѓе со кои што зборував. Ќе се надевав дека сум направил барем мала разлика во нивните животи. Зборовите на еден покровител останаа со мене: „Барем ќе си отидеш дома.“ Медар де ла Круз е стрипаџија и асистент за сервисот за Казнено поправни установи во Бруклинската јавна библиотека.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page