top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • Саундтракот на „3 минути и 53 секунди“

    Бранко Прља - кој го користи својот авторски псевдоним Берт Стајн - неодамна промовираше графичка новела, „3 минути и 53 секунди“ , која е базирана на истоимениот роман... ...и со тоа го зацементира својот статус од ВИ ентузијаст, во македонски ВИ пионер, посебно во уметноста. Заедно со аудиокнигата која може да се најде на Самоглас, ... Со тоа го комплетираше кругот на вештината на се́ повеќе присутното immersive storytelling, имерзивно, потопувачко раскажување на приказни.... Приказната која тој ни́ ја нуди, е приказна со која беше шокантно лесна за поистоветување... Тоа посебно се однесува на една супкултура на Скопје (иако започнува и се одвива во Сараево), но и на генерацијата која растеше во 90-те и се развиваше во 00-те.. Имаме доста хроничари на Скопје, и сите - сосема нормално - го рефлектираат од својата посебна перспектива, но културата која се наоѓа воглавно во оралната, разговорна димензија ретко кога ја среќаваме поместена на овој начин, со голема доза на носталгија - а како поинаку? Но, навистина немавме намера да направиме рецензија на книгата(бидејќи бара одредена посветеност) овде сме да го понудиме саундтракот... на една младост :)

  • Карл Лагерфелд беше темата на Мет галата набргу после неговата смрт- поради стравот од ревизионизам

    Во Њујорк е недела на Карл Лагерфелд. Гротескно голема глава на дизајнерот демне во близина на ескалаторите во Блумингдејл, и неговите слики се во излозите на Бергдоф Гудман. Со оглед на тоа колку галама се крена околу повтоеното отворање на Тифани продавницата на Петтата авенија, речиси извонредно е дека на некого во LVMH не му текнало на Карл Голајтли. Тие се сопственици и на Фенди, каде што Лагерфелд работеше цели 54 години. Вечерва во Метрополитен музејот за уметност, постои морничавата можност славни луѓе да се појават во КЛ драг: тоа е, со очила за сонце, црно-бели комбинации со кренати крагни, со денди вратоврски попрскани со скапоцени камења, можеби дури и едно-две напудрени опавчиња. Само-прогласена карикатура, Лагерфелд ќе си добие сопствена фрик парада. Причината е отворањето на ,,Карл Лагерфелд: Линија на убавината,” која ќе биде застапена на Мет галата. Прва работа која гостите ќе ја видат кога ќе влезат на изложбата, која беше дизајнирана од архитектот Тадао Андо, се рацете на Лагерфелд во црни ракавици, како со голема брзина скицираат облека, снимка проектирана на голем закривен ѕид. Исто така, на самиот влез е едно од мноштвото работни маси кои ги поседуваше, поставено со неговиот  типичен неред составен од документи, книги, и ткаенини. Можеби некој ќе истури Coke Zero во пехар. За реквизитите да си бидат сосема на место. И сега еве го парадоксот: ,,Линија на убавина” е многу помалку загрижена со човекот и митот за него, отколку со работата која ја креирал во неговата седумдецениска кариера. Ние сите знаеме дека Лагерфелд беше исклучителен работник “lots of class but working class,”( ,,многу класа но работничка класа”) тој често знаеше да каже, но само напола шегувајќи се. Тој мораше да биде дисциплиниран за да дизајнира за повеќе куќи истовремено. Кога им се придружи на Chloé и Fendi во средината на 60-те тој веќе имаше работено за Balmain и Patou, и двете куќи за висока мода од стар ков. И покрај тоа тој дизајнираше во сенка и за други куќи. Во текот на годините помеѓу 1992-1997, направи колекции за Chanel, Fendi, Chloé, како и неговата сопствена линија. Денес, дизајнерите имаат слобода да прескокнуваат од еден во друг бренд и да колаборираат со компании за брза мода, и причината за тоа е - Лагерфелд. Тој ја измисли идеата за дизајнерот како слободен агент, како платен убиец. И го правеше тоа кога не беше конвенционално. Се сеќавам на Пјер Берж кој беше партнер на Ив Сен Лоран кој беше во конфликт до Лагерфелд во 90-те: велеше дека Карл никогаш нема да има големо  влијание затоа што немаше сопствена куќа за висока мода со неговото име, и неговите дизајни секогаш се менуваа. Така размислуваа повеќето луѓе тогаш. Но не повеќе, секако. Откако почина на 85 години во 2019-тоа, Лагерфелд беше субјект на неколку биографии, како “Рај сега” на Вилијам Мидлтон која беше објавена годинава, и две филмски остварувања кои се во продукција. Еден со Џеред Лето и другиот Kaiser Karl Дизни + серија, со Даниел Брул која се одвива во 70-те. Интересот е разбирлив. Лагерфелд беше фасцинантен човек, делумно затоа што беше сноп на контрадикции кои не се трудеше да ги разреши ,,Сакам да изгледам површно” му кажа на еден писател во 2007-ма, во типичен потег на остроумност и дефлекција. Тој ги направи куќите во кои работеше, најмногу Chanel, многу профитабилни. Но неговата мода беше заземена од неговиот статус на славна личност доцна во животот, кој се зачна во 2004-ра со неговата H&M колекција и паралелно функционираше на социјалните медиуми. За да ги искомплицира работите дополнително, ги коментараше  луѓето често поради нивниот физички изглед. Го обожавав Лагерфелд. Никој не беше подуховит, потопол, и повеликодушен со неговите согледувања. Тој беше еден од грстот на дизајнери кои беа доволно самоуверени да им дозволат на новинарите да седат во неговото студио и да гледаат како се одвива работата. И сепак, и покрај тоа никогаш не се симнував по скалите во  Chanel после некоја таква средба, без да погледнам во огледалото да видам да не имам случајно забиено нож во грбот. Како и со Меквин шоуто кое беше блокбастер хит, кое Мет го состави една година откако почина, Ендру Болтон, главниот куратор за костими на музејот, не сакаше да чека за Лагерфелд. ,,Можеби е погрешно но секогаш сум загрижен дека доколку оставиш нешто премногу долго, ревизионизмот ќе се вовлече. Автентичноста станува помалку изменета доколку ја оставиш на подолг период.” Целта на Болтон беше да најде ,,карлизми” во неговите дизајни за различни куќи, и неговиот метод во неговите скечеви. Тој беше еден од ретките модерни дизајнери кој всушност правеше скечеви. Тој ја развил таа вештина како дете кога се преселил во Париз во 1952 од неговиот роден Хамбург. А ја изострил оваа вештина во линија на оган како помлад асистент во Balmain, каде бил задолжен да прави тетратки со скици во детали за клиентите. Како што еднаш рече за високата мода во тие мрачни повоени години ,,Мислев дека атмосферата беше ужасна. Но си реков на себе ,,не си овде како критичар на уметност, овде си да учиш, затоа замолчи и гледај.” . За Лагерфелд, кој во подоцнежниот живот го започнуваше својот ден со скицирање дома, цртежите беа истовремено начин на изразување, истакна Болтон, и на комуникација. Болтон рече дека идејата за изложбата ја добил гледајќи го Лагерфелд како разговара со неговите premières d’atelier, или шефовите на работните простории, кои би земале неговите илустрации и ги претворале во тродимензионална облека. Тој работеше со многу од овие поединци со децении. ,,Тој ги нарекуваше  архитекти на неговата визија“, рече Болтон. „Она што ми беше импресивно беше она што , навидум беше едноставност, на она што тие го прават. Тие зборуваат за тоа на толку едноставни начини - како само да ставаат путер на парче тост. Всушност, тоа беше софистицираност“. И знам на што мислеше. Едно од задоволствата да се биде во неговото студио беше гледањето како ќе скокнеше на нозе од бирото и ќе се впуштеше во дискусија со première околу шев. Нивните разговори беа толку интимни и со познавање и без очигледна хиерархија. Тогаш Лагерфелд ќе се вратеше на бирото и ќе зборуваше за нешто површно. Тадао Андо го дизајнираше својот сет во суштина како змиулеста линија пресечена со права линија. Навистина, тоа е еден од подобрите комплети на костими на Мет бидејќи линиите што се вкрстуваат создаваат отвори во ѕидовите што ви дозволуваат да погледнете  во друг дел или во друга тема, со што подеднакво ги третирате естетските интереси на Лагерфелд. Болтон ја позајмил основната идеја, како и „линијата на убавината“, од книгата „Анализа на убавината“ на сликарот Вилијам Хогарт од 1753 година. Потоа ја организираше работата на дизајнерот околу девет „подлинии“, користејќи двојности како машки/женски, историски/футуристички и фигуративни/апстрактни. Покрај облеката од архивите на Chanel, Fendi, Chloé, и Лагерфелд, Болтон вклучи црн капут од дебитантската колекција на Лагерфелд за Patou во 1958 година и нова верзија на палтото, со décolleté во задниот дел, што го направи за Woolmark наградата од 1954 година. Тој беше еден од тројцата победници, заедно со Сен Лоран. Balmain го преработи дизајнот за изложбата. „Се надевам дека луѓето кои ќе дојдат на изложбата  навистина ќе се фокусираат на деталите“, рече Болтон минатата недела. „Бидејќи понекогаш луѓето го отфрлаат Карл затоа што не беше толку драматичен како, да речеме, Џон Галијано. Но, префинетоста и деликатноста на овие парчиња се едноставно  извонредни“. Работата на Лагерфелд е секако трип,исполнета со толку многу знаење (изложбата ќе содржи слики од неговите референци на многу од изложбите) и, во исто време, чувството на леснотија  како што и треба да биде високата мода. Еден од нокаут изгледите во шоуто, од колекцијата Métiers d'Art на Шанел од 2003 година, е костум од свила во боја на слонова коска, плетен кашмир и тул, извезен да изгледа како ткаенината и деловите од површината да се распаѓаат. Се сеќавам кога Лагерфелд ја истражуваше оваа техника - наречете ја пост-деконструкција. „Девет од десет луѓе кои поминале низ ова шоу коментираат за тој изглед“, рече Болтон. „Затоа што е толку едноставно и лесно“. А сепак не. Тоа е мистерија, како пар бунди од Фенди во 2001 година, едната инспирирана од шема на бои, а другата од парчиња избричено визон составени во сложена геометриска шема, инспирирана од цртежите  на Соња Делоне. На крајот на краиштата, она што е заедничко за овие и другите „карлизми“ е одредена типична силуета. Го гледате во линијата на јакната од костум што се распаѓа и палтата на Fendi - линија што се криви јасно навнатре од дупката за раката која е поставена прилично високо „Оваа опсесија со тој дел од телото - на кој тој ќе се враќа повторно и повторно“, забележа Болтон, „тоа навистина е тело на момче“. Тоа е исто така, на некој начин, каросерија од 1920-тите, форма која беше техника со која беше сигурен, и форма која исто така се појавува во раното, суперлесно кроење на Коко Шанел. Како и да е, се работи за младоста. И тоа покажува дека неговиот пристап бил многу поконзистентен отколку што може да делува. Тој не сакаше светот да го гледа на тој начин, исто како што не сакаше да го сметаат како вреден работник „Фати ме ако можеш“ можеби беше животното мото на Лагерфелд.

  • Мет Галата почнува наскоро со темата „Карл Лагерфелд: линија на убавина“

    Еден од најочекуваните и најспектакуларните настани во модниот свет - Мет галата се одржува вечерва. Годишната хуманитарна забава во Институтот за костими во Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк на која дебитира нова изложба, која гостите (околу 600 ) ја погледнуваат пред да продолжат со вечерата и следење на настапот. Програмата е држена во најголема тајност - освен кога ќе протече понекое селфи од тоалетот, или во случајот со Соланж, Бијонсе и Џеј Зи - сигурносната снимка од лифтот која стана иконичен настан далеку од муаебетите на МЕТ галата. Секоја година има различна тема и дрес-код за гостите кои се најпознатите личности од светот на филмот, музиката, спортот и политиката. Оваа година Мет галата ќе се одржи на 1 мај, и темата е „Карл Лагерфелд: линија на убавина“. Темата е посвета на легендарниот моден дизајнер, кој почина во 2019 година и кој беше редовен посетител на Мет галата. Изложбата ќе го проследи неговиот живот и кариера од 1933 до 2019 година, преку естетски теми кои се повторуваат во неговите дизајни. Некои од поканетите ко-претседатели за оваа година се Пенелопе Круз, Микаела Коел, Федерер и Дуа Липа. Работеше за различни модни куќи, како Балман, Пату, Клои, Фенди, Шанел и својот сопствен бренд. Иако беше редовен посетител на Институтот за костими на Метрополитан музејот на уметноста во Њујорк, истовремено тврдеше дека модата не припаѓа по музеи. Тој сметаше дека модата е уметност која треба да биде на улицата, на телата на жените и мажите. Затоа Институтот за костими одлучи да не прави традиционална ретроспектива на неговото дело, туку да го истражи клучот кој го обединува неговиот огромен и разновиден опус. Околу 150 оригинални изгледи - од сите куќи што ги служеше, како и неговата сопствена линија - ќе бидат претставени во МЕТ заедно со нивните соодветни оригинални скици. Понатаму, видео интервјуа снимени од големиот Лоик Пржент, ќе им овозможат на посетителите да го запознаат Лагерфелд. Ентериерот на изложбата го дизајнирал архитектот Тадао Андо. Болтон рече дека Андо еднаш дизајнирал куќа за Лагерфелд, која никогаш не била реализирана: некои од нејзините елементи ќе оживеат во A Line of Beauty. Главниот спонзор на изложбата ќе биде Шанел, додека Фенди ќе обезбеди голема поддршка. Модната марка Карл Лагерфелд и Конде Наст ќе додадат дополнително финансирање. Но, не е сè е така розево како што изгледа. Темата за МЕТ галата оваа година предизвика многу контроверзии и критики од страна на јавноста и активистите. Кансел културата се замери со Карл поради следниве причини: - Карл Лагерфелд беше познат по неговите застарени и понижувачки изјави за жените, луѓето од боја, мигрантите и - чудно но - ЛГБТ+ заедницата. Некои од неговите цитати се: „Никогаш не би бил пријател со некој кој има дебели раце“, „Немам ништо против хомосексуалците ... ама не треба да им се дозволува да влегуваат во брак“, „Никогаш не би користел манекенки кои се забрадени... тоа е нечесно кон жените“. - Карл Лагерфелд беше обвинет за апроприjација на култури од други народи и региони во неговите колекции. Некои од примерите се: колекцијата за Пролет/Лето 2016 за Шанел, каде што користеше елементи од кубанската култура без да ги спомне или да ги компензира; колекцијата за Есен/Зима 2013 за Фенди, каде што користел парчиња од американските домородци. - Во 2017 година, тој ja обвини Германија за приемот на мигранти од Сирија и рече дека "не може да убиваш милиони Евреи за потоа да донесеш милиони нивни непријатели ". - Во 2013 година, тој го нарече папата Франциск "хомосексуалец" и рече дека тој треба да се ожени со својот приватен секретар. - Во 2012 година, тој ја критикуваше пејачката Адел за нејзината тежина и рече дека е " премногу мрсна". - Во 2009 година, тој ја обвини принцезата Дијана за нејзината смрт и рече дека тоа било "нејзина вина" бидејќи таа бегала од папараците. Актерката Џамила Џамил, на Инстаграм кажа: „Знам дека ќе се замерам со Воуг после ова, но... Карл Лагерфилд - Не!“ - и постави слајдшоу со своите причини.

  • Антимонархистите велат дека немало подобро време од сега да се укине монархијата

    „Република“, групата која сака да ја укине британската монархија, се состанува во модерна црква во едно грдо предградие на Лондон, како да сака да каже нешто со одбирањето на локацијата. Две недели пред крунисувањето на Чарлс III, 70 луѓе се собраа да го чујат Греам Смит, извршниот директор на ,,Република", и прогресивниот новинар Јасмин Алибхаи-Браун. Тие изгледаат изненадени кога видоа дека се пречекани од камери, и новинарски екипи. Британскиот печат ја продава монархијата како спој на свет ритуал и евтина сапуница. Како институција, круната ретко се критикува јавно. А и кога се случува тоа, луѓето се љубопитни, како деца кои никогаш не виделе снег. Сепак, постојат знаци дека сето ова почнува да се менува. На прогласувањето на кралот Чарлс во Единбург минатиот септември, една жена држеше знак на кој пишуваше „Еби го империјализмот, укинете ја монархијата“ и веднаш беше уапсена. Во Оксфорд, Симон Хил, учител по историја, извика: „Кој го избра?“ и беше обвинет за непристојно однесување. Ова не е практика на една робустна и функционална демократија. Гардијан известува дека Министерството за внатрешни работи испратило писма до „Република“ во кои ја предупредува групата дека новите правила стапиле на сила пред денот на крунисувањето на Чарлс на 6 мај за да се спречи „нарушување на мирот“. Демонстрантите може да се соочат со затворски казни до една година за блокирање патишта и до шест месеци доколку се фатат за раце во протест, а можат да бидат предмет на претрес доколку се осомничени за сеење на „хаос“. Смит рече дека писмото е „многу чудно“. Републиканците долго време се опколено малцинство - интелектуалци, неистомисленици, панкери, луѓе кои не гласаат за владеачката Конзервативна партија. Тие можат малку да направат кога монархијата е популарна, а популарните монарси обично прават две работи: веродостојно ја пресликуваат земјата и се преправаат дека не си ја сакаат титулата. Елизабета II молчеше - не знаевме која е - што ја направи како празна табла на којај може да се проектираат одредени идеали (стоицизам, скромност, пристојност). И таа изгледаше неволно, па бевме благодарни и ја сожалувавме. Нејзината популарност беше огромна и одобрувањето по нејзината смрт беше 80 проценти. Чарлс III не се колеба. Тој направи две нови круни и купи два нови тронови, а за кралица ќе ја круниса Камила, жената која неговата прва сопруга Дијана ја мразеше. Тој се пресликува само себеси, бидејќи малкумина управуваат со Aston Martin пијани од вино и се најадени од нуспроизводи на сирење и носат рачно изработени чевли. Исто така, тој многу зборува. Анкетите уредно се оддалечуваат од него. Помалку од половина од британските испитаници се искажуваат позитивно за него, а 42 проценти се негативно. Во групата на возраст од 16 до 24 години, има бездна од 13 проценти позитивна до 58 проценти негативна перцепција. Се чини дека ова е моментот на антимонархистите. И има преседан. Во 1649 година, му ја отстранивме главата на Чарлс I. „Јас преминувам од круна подложна на корупција во онаа која не може да се корумпира“, рече тој, што секако е позитивен спин за влегувањето во задгробниот живот. Тоа беше единствениот англиски регицид за кој нема сомневање дека е наложено од други членови на кралското семејство, оставајќи го Оливер Кромвел да владее некое време додека монархијата не беше обновена во 1660 година. Сепак, Републиката не го поддржува регицидот: Таа сака транзиција кон парламентарна демократија со избран шеф на државата и пишан устав. На денот на крунисувањето, таа ќе одржи демонстрации во Лондон, каде нејзините членови ќе носат жолто. Но, не е јасно колку ќе бидат убедливи аргументите на Републиката. Монархијата и претходи на демократијата со милениуми, а Британците сакаат да се чувствуваат исклучително - само Јапонија има постара круна. На конференцијата, Смит е непопустлив во своето противење. Сè што на луѓето им е шармантно кај членовите на кралското семејство е она што тој не го сака. Секој аргумент во нивна полза „или е погрешно од принцип, или фактички, или и двете“. Неговиот аргумент - дека монархијата е „неодговорна и таинствена“, дека „ги поткопува нашите вредности и стандарди“ - може да изгледа јасен и очигледен, барем за демократските граѓани кои не живеат под кралеви и кралици. Кралското семејство има помала одговорност од ЦИА. Тие ги злоупотребуваат јавните пари: „Тие рутински го земаат она што е наше и го третираат како нивно“, вели тој, чувство старо колку Француската револуција. За Алибхаи-Браун, имигрант од Уганда, монархијата е „вековна манипулација со народите на оваа земја“ од страна на „тотално дисфункционално и прилично ужасно семејство“. Таа се сретна со Елизабета Втора три пати: „Одбив да се поклонам“. Таа го запознала и принцот Филип: „Тој ме игнорираше и му рече на мојот сопруг: „Твоја ли е?“ Се сеќава на вечерата со Чарлс, на која драматургот Харолд Пинтер фантазирал да го обезглави. Тие седеа во близина на сликата на Чарлс I. Кога таа ја потсети на тоа вдовицата на Пинтер, аристократската романсиерка Антонија Фрејзер, „таа негираше дека оваа вечера некогаш се случила“. Монархијата поканува амнезија. „Република“ сака луѓето да паметат. Алибхаи-Браун ги потсетува придружниците на монархистичката суровост. На сестрата на Елизабета Втора, Маргарет, и беше забрането да се омажи за мажот што го сакаше, вели таа, бидејќи тој бил разведен. Нериса и Кетрин, внуките на покојната кралица Мајка, беа институционализирани поради потешкотии во учењето, беа напуштени од нивното семејство, па дури и пријавени мртви во Буркс Пириџ. Скршените кралски тела, како што ги нарече романсиерката Хилари Мантел, се расфрлани насекаде, особено ако се женски: Маргарет; Дијана; Меган. Печатот е во соучесништво со овој масакар. Но, не е доволно да се жалиме; нешто мора да се направи. Во сесијата за прашања и одговори, Републиканците дебатираат за стратегијата. Еден човек се плаши дека Британија е имуна на републиканизмот: „Сега сме повеќе конформисти отколку во 1930-тите. Како во Северна Кореја, со Големиот лидер“. Некои совети чекаат додека круната не се урне под тежината на нејзините противречности. Сигурно ќе има секс снимка на крајот? Смит вели дека кога се изнесуваат републикански аргументи, луѓето се приемчиви, како Дороти што се буди на полето со афион во Оз: „Тоа треба да го направиме ние“. Следната недела, Њу Стејтсмен, левичарски магазин, е домаќин на дебата во Кембриџ, златен универзитетски град со лебеди кои мируваат на реката. Предлогот е: Време е да се укине монархијата. Ги броиме гласовите пред расправата; 176 за укинување на монархијата, 122 да се задржи. Ана Вајтлок, професорка по историја на монархијата на Сити, Универзитетот во Лондон, ја води дебатата со низа поплаки: „Критиката или дебатата за кралското семејство е забранета во парламентот“, забележува таа. Кралското семејство е изземено од Законот за еднаквост од 2010 година - факт кој е и ужасен и соодветен. Чарлс III не плаќа данок на наследство и корпорациски данок. Монархијата е, вели таа, „институција која се спротивставува на контролата на врвот на општеството, која, со самиот нејзин опстанок, ја зајакнува хиерархијата“. Роберт Хардман, кралски дописник, ја претставува промонархистичката страна. Тој е шеговит и лесен; го познава кралското семејство и ги пресликува. Неговиот аргумент е: Алтернативата е полоша. Елизабета Втора, вели тој, „била шеф на државата со список на работи кои мора да се направат“ која нè штитела „од деспоти со претерана моќ. Никој не може да ги стави во своја рака вооружените сили, системот на почести, судството, државната служба“. Кога шефот на француската држава ќе положи венец, тој вели: „половина од луѓето го мразат оној што го положува венецот и бонус поени за секој кој може да именува повеќе од двајца италијански претседатели“. Тој признава дека монархијата е ирационална, но исто така се и „трките со кајаци, венчаниците, јадење мисирка на Божиќ и жешките лепчиња“. По него следи Гери Јанг, прогресивен новинар. „Покрај сите разговори за модерноста и меритократијата“, вели тој, „пораката од врвот останува: без разлика колку напорно и да смислувате, се жртвувате, иновирате и инвестирате, никогаш нема да стигнете до оние снежно бели врвови кои се резервирани за оние кои се родени таму. Тој го зацврстува наследниот принцип во систем кој сè повеќе ги збогатува привилегираните и ги привилегира богатите.“. Ниту пак ги прави среќни. Тој ја потсетува толпата дека престолонаследникот од Непал го убил поголемиот дел од неговото семејство во 2001 година, се застрелал, ја наследил круната (иако во кома - каква метафора!), а монархијата била укината. Јанг вели дека повеќе би сакал референдум отколку масакр, резимирајќи го монархистичкиот аргумент како „Спаси нè од себеси! Конечното гласање е 202 спрема 77 за аболиција, а расположението во просторијата е радосно. Но, Кембриџ е град на интелектуалци и родно место на Оливер Кромвел, како што истакнува Хардман, делувајќи многу како некој што изгубил битка, но се чувствува прилично уверен во победата во војната. И покрај републиканската возбуда, монархијата е чувствителна на јавното мислење а и претходно била непопуларна. Ако круната ги слушне републиканските поплаки и стане поодговорна и потранспарентна да одговори на нив, тогаш тоа може да биде доволно за да се избегне сериозно пресметување. Првата светска војна ги сруши повеќето високи круни во Европа, но не и оваа. Се чини малку веројатно дека некој монарх, дури и Чарлс III, може да постапи поинаку.

  • Најстарата круна на светот

    Елитите постојат одамна, веројатно од крајот на неолитскиот период, кога номадските ловци-собирачи преминале во земјоделски заедници. Концептот за приватна сопственост (што значи сопственост на земја која може да се предаде на своите наследници) и појавата на металургијата, (која создава трајни симболи на престиж), придонеле за социјалната стратификација. Во јужниот Левант (современ Израел), за време на халколитскиот период (бакарното доба - 4500-3600 г.п.н.е.), елитата на една култура за која малку се знае, освен дека биле "господари на огнот" - бакарници и занаетчии со богата култура со симболизам - ги носеле својата привилегија и статус и во гробот. Обичните смртници биле едноставно погребувани, но телата на племенските достоинственици биле изложувани на отворено додека не би останале само коските. Потоа биле погребувани со церемонии. Во тек е изложба на нивните погребни богатства, откриени од израелските археолози, во 1961 година, во пештера на галилејските височини, која е изложена во Институтот за изучување на стариот свет, на Источна осумдесет и четврта улица. Главната атракција, која за прв пат ја посетува Америка, е елегантна лента од потемнет бакар, висока 18 cm и со дијаметар од речиси 17cm. Горниот раб е опкружен со шилести фигури: крст во облик на дршка; две долговрати птици, кои можеби се мршојадци; и две стилизирани порти или решетки со рогови. Вистинската функција на овој предмет, во животот или во смртта, е мистериозна, но има изглед на дијадема (опкружувањето е како на мала шапка за маж), и организаторите на изложбата го нарекуваат "најстарата круна во светот". Круните се носеле од владетелите и божествата од страна на двата пола од праисториските времиња. Основните карактеристики на машкоста - гриви, рогови, прекрасно перје и, пред сè, круната на сонцето - го инспирирале нивниот дизајн. Императорската круна на Наполеон беше венец од златни лисја од ловор, начин на кој се изразувала почит во класичниот свет кон победникот на игри или во војна. Круната од трње на Христос било исмевање на неговото тврдење дека е цар на Евреите. Кога три кобри се појавуваат на мермерната дијадема на една хеленистичка императорка, веројатно станува збор за Клеопатра. Зборот „диадем“ доаѓа од грчката именка за „лента“ или „панделки“, но подоцнежните, посложени круни на христијанството се кастелирани, како куполи. Павле VI, последниот Папа што беше крунисан, во 1963 година (неговите наследници се одлучиле за инагурација), носеше „тијара“ која личеше на базилика. Старата „круна“ од Галилеја можеби исто така симболизира света зграда - затворена или оградена.

  • Гледајте го преносот во живо на кралот Чарлс III

    Ви поставивме неколку перспективи од крунисувањето на кралот Чарлс, некои и со коментар да можете да го проследите

  • Првомајските паради во Југославија

    Пред 1-ви Мај да стане ден кој е резервиран за правење скара по излетничките места во Македонија, имаше поинаков начин на прославување: првомајски паради, кои ги прославуваа работниците и трудот вложен на подигање на цела една држава на нозе во само пар години. Веројатно имало доза на популизам, но првично биле потсетување и енергизирање на трудбениците и генерациите кои доаѓаат... Лесно е да се потоне во "порано беше подобро" сентиментот, посебно како заклучокот напросто го измамува после заплиснување со носталгијата од видеата, но тој сентимент не нуди ништо добро па ќе прејдеме на денешната програма. Ние го гледавме со "можеби се чини дека е невозможно да се крене една култура и општество од пепел, но токму она спротивното е точно. Не само што е возможно - туку и нужно!"

  • Гледаме независни филмови: Мистер И (1959)

    Најекстремната независност е онаа аматерската. Маргарет Конили работеше фактички без буџет и без техника која може да се каже дека не припаѓа ниту близу на филмската индустрија. Таа создаваше филмови со пријателите и семејството кои, во најдобар случај, ја отелотворуваат бурната и преполна кинематографска имагинација (иако во кратка и компресирана форма) . Во оваа драмедија ги гледаме чудните напори на една жена која го провоцира нејзиниот сопруг да биде доволно љубоморен за да остане дома со неа.

  • Каролин Брајант жената која со своето обвинување го уби младиот Емет Тил, почина на 88 години

    Каролин Брајант која го обвинила 14 годишното момче Емет Тил (Emmett Till) за вознемирување - и со тоа го ,,осуди” на смрт” почина вчера на 88 годишна возраст. Момчето кое било убиено во 1955 година во Мисисипи, САД, додека бил таму на распуст,, бил киднапиран и мачен после нејзините наводи. На 24-ти август 1955 година, Тил отпатувал од Чикаго до Мисисипи за да ги посети своите роднини. Во текот на својот престој, тој ја сретнал 21-годишната Каролин Брајант која работела во гранапчето на нивната семејна фарма. На 28-ми август, Брајант и нејзиниот сопруг Рој влетале  во куќата каде што престојувало детето. Тие го киднапирале, измачувале удирајќи го со цевка од  пушка и конечно  го застрелале. Телото на Тил било фрлено во реката Талахатчи а неговото убиство предизвикало шок и гнев низ целата земја и со тоа го започна движењето за цивилни права во САД. Промисленоста на неговата мајка - да дозволи медиумите да го видат мртвото тело на Тил било пресудно за постигнување на тој ефект. Каролин и нејзиниот сопруг Рој биле обвинети за убиството на Тил, но биле ослободени од поротата составена само од локалните белци. Во 2017 година, Каролин  признала дека лажела кога сведочела против Тил и дека неговите наводни вознемирувања не се случиле. Смртта на Емет Тил има големо значење во историјата на граѓанските права во САД, бидејќи предизвикала големи протести и придонела за подигнувањето на свеста за расната нееднаквост.

  • Френк Оушн се повлече од вториот концерт на Коачела

    Посетителите на првиот викенд на Коачела оставија снимки по социјалните медиуми, како орди на луѓе трчаат во истиот момент кога се отвориле вратите на сцената на која требаше да настапува Френк Оушн, за да обезбедат што подобра позиција да го проследат извиканиот концерт. Тоа беше првиот настап на Оушн од 2017та - кога го издаде неговиот последен албум Blonde. Нестрпливоста растеше како денот прејде во ноќ, не само за нас кои чекавме да го проследиме настапот на лајв стримот - во Македонија тоа беше во 7 наутро, и со тоа се разбудивме прилично рано во очекување... но она на што нѐ дочека беше гласина дека сепак ништо од преносот во живо. Гласините се потврдија кога „пукна“ веста од официјалниот Твитер профил на Јутјуб кој не́ извести дека за разлика од сите други Коачела настапи Френк Оушн нема да го гледаме, барем не на лајв стрим. И потоа почнаа да стигнуваат реакциите од присутните во Индио пустината: критики и чувство на разочараност, дури гнев. Оушн не само што не доцнел цел час, туку ненадејно го прекинал концертот, песните ги прекратувал, оставал долги паузи помеѓу нив, но и бизарно вклучи Диџеј во сетот, кој пушташе - рејв- добри петнаесетина минути. Ништо ниту од најавеното уметничко лизгање - цела трупа уметници беа најавени да го придружат настапот, но и тие беа тргнати во последен момент - Оушн беше речиси во темница, со качулката од јакната навлечена преку главата, и во влечки. Ролинг Стоун, известил дека преку извор „близок до ситуацијата“ дознале дека Оушн се здобил со повреда на зглобот додека вежбал за настапот. Фановите се чувствуваа изневерено - патувањето до Калифорнија, и самиот престој не чини само време туку и пари. Ролинг Стоун подкастот не́ упати, пак, на Empty Netters подкастот, каде што објаснуваат што се случи минатиот викенд: Коачела е фестивал кој се протега во два викенди, со идентична постава: вториот викенд го реплицира првиот. Но сега дознаваме дека Оушн нема да настапи овој викенд, водејќи се по „препораките на докторот, Френк има две скршеници на левата нога.“ - кажал неговиот публицист. Френк додал и своја белешка на крајот на изјавата „ Беше хаотично. Има некоја убавина во хаосот. Не беше на начин како што имав намера да ја прикажам музиката, но уживав додека бев таму, и ќе се видиме наскоро- Френк Оушн.“ Уште од неговиот деби албум Channel Orange во 2012, ние како фанови знаеме дека не прави многу концерти во живо. Има направено само грст концерти, и се има откажано повеќе пати од закажани фестивалски настапи. Но - тоа што ни́ го дава како уметност, како музика, како поезија, и во крајна линија како врска преку она што го создава, целото тоа доживување, тешко може да биде помрачено или огорчено од „технички проблеми“. Сосема во линија на стихот од е е камингс: ,,since feeling is firstwho pays any attention to the syntax of thingswill never wholly kiss you; wholly to be a foolwhile Spring is in the world" Човекот што ни́ го даде Novacane, Lost, Nights… блог активноста на tumblr, Хомер и Blonded радиото на Епл… Современ Стиви Вондер со Афекс Твин пресврт... сосема ОК сме со тоа… Yup, duplex in New Orleans east I was writin' down everything Things I would tell nobody Some things I didn't even tell me Sleepin' on my back, my body would wake up after me My barber fresh out the penitentiary That alcohol was stingin' me My four cousins stayed with me, stayed with us One was in the shower My aunt in law come over to fuss and fight So she get out in cutoffs and a wifebeater Barefeet and bra-less, titties swingin' She was seventeen then Vaseline and Reebok classics Weaves and baskets Take the bully on the greenest grasses His name was Renny, we was cool after Matthew had some pairs of Air Maxes Clarky had them road rashes Lost your virgin on a air mattress Texturizer, feelin' unnatural This what I would do just to show you That it's special now What could I do to know you better than I do now? What can I do to love you more than I do now? What can I do to know you better? What can I do to show my love? What can I do to know you better? What can I do? What can I do? don't let the high go to waste п.с. Сите подкастери, влогери, медиуми зборуваа само за настапот кој не се случи, па еве го Баден као „свршава“ на Оушн, пред да го растури - како што обично бива

  • 420: одличен повод да зборуваме за ,, траварска “ уметност

    Терминот "420" се однесува и на времето 4:20 послепладне, кога многу луѓе пушат марихуана и на датумот 20 април, кој е сметан за неофицијален празник на канабисот. Но од каде потекнува овој израз и како стана толку популарен? Постојат различни теории за тоа како 420 станал синоним за пушење трева, но најшироко прифатената е дека тоа има врска со група тинејџери од Сан Рафел, Калифорнија, кои во 1971 година се нарекувале Waldos. Тие дознале за запуштен терен со посеви од канабис и решиле да го бараат после школо. Кога ги договарале средбите, тие го користеле изразот „4:20 Луи“, бидејќи зборното место била статуата на Луј Пастер во дворот на нивната гимназија. Иако никогаш не ги пронашле посевите со канабис, изразот „4:20 Луи“ станал нивен код за повик за пушење марихуана. Во текот на годините, изразот ,,4:20 Луи" се скратил на 4-20 и се проширил меѓу другите уживатели на канабис. Еден од факторите кои помогнале да се популаризира бил магазинот за марихуана High Times кој често го користел во своите статии и реклами. Исто така, групата Grateful Dead имала влијание врз ширењето на изразот, бидејќи тие биле поврзани со Waldos и често имале концерти во Сан Рафаел. Канабисот има огромно влијание во уметноста и воопшто разните супкултури кои се формирале околу неговата употреба(или обратно?). Всушност, стана контракултура сама по себе... На пример во класичниот рок и фолк. Боб Дилан истовремено инсистирал дека никогаш не напишал ниту една песна за дрога но и пее "everybody must get stoned!" во „Rainy day woman“(Жена за дождливи денови) - како ги нарекувал џоинтите. Можеби заборавил што кажал. Cause he got high, cause he got high, cause he got high... Со шармот на „Исцелител“, драмедија за очаен син кој се обидува да му помогне на својот татко болен од рак со - канабис, режисерот Ѓорче Ставревски успеа често циничината и тешка домашна публика да ја разоружа: си дозволија гледачите да бидат отворено воодушевени. Храброста која беше потребна да се третира оваа тема не можеше да не се почитува. Големиот Лебовски(1998) - надреалната сцена кога Д Дуд лета над Лос Ангелес го отсликува траварското сновидение и со тоа влегува во филмската историја. Шепард Фери, кој стана популарен по веќе легендардниот дизајн за изборниот постер на Обама (HOPE - постерот), црта и мурали. За јубилеј на списанието High Times има нацртано мурал со рака која држи лист на канабис, поткрепена со пораката „верувајте и́ на земјата“. Колективот Шарлотс веб го земала дизајнот на овој уличен уметник и го имплементирала во - поле со жито. Марихуаната е интегрален дел од реге музиката, поради филозофијата на растафаријанството кое ги има Карибите како свој дом. Не можеме да зборуваме за музика иниспирана од марихуана а да не го спомнеме Питер Тош со „Легализирајте ја! Немојте никако да ја критизирате!“ Doctors smoke it Nurses smoke it Judges smoke it Even lawyer too So you've got to legalize it And, uh, don't criticize it Legalize it, yeah, yeah And I will advertise it It's good for the flu Good for asthma Good for tuberculosis Even umara composis Go to legalize it Don't criticize it Legalize it, yeah, yeah I will advertise it EASY RIDER: Сцената со кампирањето. Ликот на Џек Николсон по прв пат пробува трева, и со тоа, како што бива, започнува филозофски (читај: надевам) муабет со ликовите на Денис Фонда и Петер Хопер : оваа сцена е важно обележје на контракултурната кинематографија. Далеку дека ова е комплетна и затворена листа (како и обично), но можеме да ја заклучиме со Дива омилено high times парче во моментов - Wale: Five blunts in rotation five blunts Good head is my motivation Gas her up like a service station Purple drank on you perpetrating While you perpetrating I'm renegotiating nah Let me think about it Ah it's like a bank around me When the soldiers with me it's like a tank around me And I don't like niggas saying can't around me I define the odds 2 Glock nines is my body guards Ain't nothing slick to a can of oil Roll up I'm high as fuck Some of you niggas ain't try enough Some of you niggas ain't buy enough You smoking good put your lighters up Oooh Trying to stay in my zone Watching enemies close They be doing the most So I go through the motions Five blunts in rotation five blunts

  • Идиосинкратскиот гениј на Пабло Пикасо 2/3

    Автор: Џенет Фланер 2 март 1957 година Младиот Пикасо посегнал четири пати кон Париз, таа примамлива европска уметничка цитадела, пред да успее да влезе и да остане таму. Првата била посета од само два месеци, во 1900-та година на деветнаесетгодишна возраст со дозвола и помош на неговите родители, кои со потешкотии му ја платиле железничката карта(„Подоцна открив“, огорчено му раскажал на еден пријател, „дека поради картата, им останале само неколку пезети за да преживеат до крајот на месецот.“) Вториот обид бил следната година кога престојувал од јуни до декември во градот, а потоа бил поразен од комбинација на сиромаштија, глад и францускиот студ. Следел трет обид во 1902 година, и конечно, во 1904 година, тој трајно се вовлекол во Париз, како непрепознатливо експлозивно туѓо тело. Дошол да се одмори во изветвениот стар стан во Монмартр наречен Бато-Лавоар (бидејќи изгледал како еден од чамците за перење алишта во Сена), и таму останал да созрева пет години, брзо прераснувајќи во неговиот прв период на значајност во Франција. За Пикасо и неговата кариера се знае повеќе отколку што е откриено и забележано, за кој било друг сликар на нашето време - всушност, во кое било време. „Веројатно за ниту еден сликар во историјата не е толку пишувано - истовремено да е напаѓан и бранет, објаснуван и замаглуван, клеветен и почестуван од толку многу писатели со толку многу зборови - барем за време на неговиот живот“, изјавил еден од меѓународно најпочитуваните биографи на Пикасо. Г-дин Алфред Х. Бар, Џуниор, од Музејот за модерна уметност во Њујорк, во својата книга „Пикасо: Педесет години од неговата уметност“. Објавен во 1946 година, тој уште тогаш наведе петстотини дваесет и две супстанцијални дела на сликарот. Без сомнение, повеќе љубители на уметноста денес знаат дека тој бил откриен во неговиот ран период во Париз од г-ѓа Гертруда Штајн и нејзиниот брат Лео Штајн, и дека платиле еквивалент на триесет долари за нивниот прв Пикасо (30 долари во 1957 вредат 322 долари или 18 084 денари денес) „Девојка со кошница со цвеќиња“, отколку што знаат или воопшто се грижат дека францускиот крал Франсоа I му платил на Леонардо да Винчи четири илјади златни флорини за „Мона Лиза“(три милиони долари денес). Поголемиот дел од половина век, Пикасо беше доминантната уметничка личност во Европа и во западниот свет - мал, интензивен човек кој, како магнет, привлекувал интелектуален интерес и јавна љубопитност и, како печка, ги загревал и ги споил во гигантско јадро на влијание, додворување, восхитување, неодобрување и одредена мера на омраза, во коe живеше и работеше. Денес, на седумдесет и пет години, тој сè уште функционира во периодични концентрации на својата немилосрдна енергија. Црната грива на неговата младост, со тој прославен прамен коса што му паѓал преку едното око - сечејќи го челото „како лузна“, како што забележа еден пријател од младоста - одамна исчезна. Неговата голема глава сега е импресивен речиси гол череп, од кој неговите јасни, катран-црни очи, налик на смели очи на бик, ѕиркаат со несмалено внимание. Неговото силно, кусо, мускулесто тело едвај изгледа средовечно во своето месо и пропорции (неодамна јавно видливо во филмот „Mystère Picasso“, каде што носеше само шорцеви и сандали). Прекумерен сам по себе, тој отсекогаш инспирирал хипербола кај другите како единствен логичен метод за справување со неговиот посебен случај. Единствената скромна книга напишана за Пикасо, која содржи уникатно интимни човечки набљудувања направени за него, повремено, во распон од речиси педесет години, обично од толку блиско растојание како да е на другата страна на собата, е онаа од неговиот сонародник и секретар, поетот Хаиме Сабартес, кој го познавал педесет и седум години и живеел со него многу од тие години. Книгата е наречена „Пикасо: портрети и сувенири“, а објавена веднаш по Втората светска војна, започна како приватна продукција, за да ги пополни празните часови. Дури потоа беше скромно понудена како „водич за секој што бара заборавени или непознати детали“ за сликарот. Не се преправа дека се натпреварува со другите книги за Пикасо (но на повеќето од нив е супериорна како анализа), туку само го прикажува „она што го знам за неговиот живот кога мојот го следеше истиот курс - еден вид хроника, но само од периодите што директно ги наблјудував , кога бев во близок контакт и постојано го гледав, го слушав, го гледав“. Сабартес првпат го запознал Пикасо во 1899 година, во уметничките кафулиња во Барселона, и рано го повикал во сиромашна студио соба што ја изнајмил од семејство кое го користело остатокот од станот за трговија и изработка на корсети. Во 1901 година, кога Пикасо го сликал Синиот период, направил романтизиран портрет на Сабартес (долгокос, убав и без неговите очила), а во 1939 година, по избувнувањето на војната кога тие биле во рибарското село Ројан, на брегот на Атлантикот. во јужна Франција, тој насликал уште неколку негови портрети, од кои најзабележителните го прикажуваат како средновековен шпански интелектуалец, во бела крагна и капа со пердув, со неговите модерни наочари со рамки направени од рогови, потпрени наопаку на неговиот образ. Во својата книга, Сабартес ја прикажува позадината на младоста на Пикасо како што уметникот се сеќавал на неа како возрасен човек, а во вториот том, „Пикасо: иконографички документи“, објавен во 1954 година, тој пружа повеќе од двесте документарни фотографии - од изводот на родените на Пикасо, од неговото родно место, од речиси сите места каде што живеел во Франција, од неговото семејство итн. Посебниот квалитет на информациите на Сабартес, кои наизменично се менуваат во својата интимност помеѓу неинтересните настани во животот на еден гениј и исклучителните психолошки врвови што го одбележаа текот на неговата уметност, е тоа што вешто ги ревидира состојките на ликот на Пикасо, како и приватните движења на неговиот ум кога размислува, разговара и слика. Сабартес неодамна го опиша Пикасо како човекот кој има incendie cérébral (француски: мозочен оган) - ум како лава, споредлив со вулкан во постојана ерупција, интелигенција во постојана состојба на податливост. Со Пикасо, забележа Сабартес, „мислата и акцијата се спарени“. Потоа, започнувајќи со една проценка последователна како инвентар на домаќинството, тој продолжи да кажува дека Пикасо е странец на предумислата, бидејќи тој во неговата целост е неспокоен. Сè ферментира во него - неговите мисли, чувства и сеќавања. Ништо не останува тивко. Тој отсекогаш природно се изразувал во крајности и контрасти. Тој се врзува само за она што е суштинско; она што е минорно ќе дојде. Никогаш не ја губи силата со тоа што се разредува. Тој не се колеба, никогаш не е долго обесхрабрен. Тој користи упорност наместо трпение. Тој е заколнат непријател на сите системи и нема чувство за законитост. Тој е неуморен аналитичар; го следи мирисот на идејата како да е интрига. Тој е заинтересиран за сè и целосно апсорбиран од некои работи. „Откритието е она за што тој длабоко се грижи и е единствено нешто од што е фасциниран“, кажал Сабартес. „Тој е главно збир на куриозитети. Тој содржи повеќе љубопитност од илјада милиони жени“. (Ова последното беше нежен потсмев за астрономскиот вид на броење на кој Пикасо се потпира кога сака да укаже на значителна количина од било што. Тој еднаш рече дека една од сликите на неговиот татко на неговиот скромен гулабарник од Малага покажува дека е исполнет со „стотици гулаби — со илјадници гулаби — со илјадници и милиони гулаби“..“) Физички, Пикасо отсекогаш бил абнормално внимателен. Неговите очи се невообичаено брзи во зграпчувањето и забележување на детали, и тој сака да го разгалува неговото извонредно акутно сетило за мирис. Во неговите рани, сиромашни денови во Монмартр, кога и да имал сто франци(што било ретко) тој би купил големо шише колонска вода за Фернанда Оливие, првата и најисториската од неговите многубројни јавни париски врски. Неговата реакција на музиката, сепак, отсекогаш била нула, настрана од наклонетоста кон песните и свирењето со шпанско-циганската гитара. Една вечер на еден собир во неговото студио, Брак почна да ги пее главните теми на една од симфониите на Бетовен; Пикасо беше единствената присутна личност која не можеше да „падне“ на тоа, дури ни со сопнување. На еден пријател музичар еднаш му рече: „Не знам ништо за музиката. Јас дури и не ја разбирам доволно за да уживам во нејзе без ризик да грешам“. Неговото зачнување на идејата за слика е толку брзо што нејзината краткост ја спречува можноста да го исцрпи. Кога ќе почне да работи ништо не му го одвлекува вниманието и се́ го вознемирува. Без да гледа или слуша, тој гледа и слуша сè што се случува околу него - „и го нагаѓа останатото“, вели Сабартес. Кога работи, тој е хиперсвесен за она на што, кога не работи, тој одбива да му обрне внимание, како што се ѕвонење на вратата или телефонот, или пораки што му се доставуваат или тивки прашања во ходникот. Како палета за неговите бои, тој може да го користи ѕидот, или весникот што лежи на неговата студиска маса, или седиштето на кујнскиот стол (еднаш купил неколку такви столици во половна продавница токму за оваа намена), и познато е дека ги меша неговите бои на прозорското стакло, за да ја измери нивната прозрачност. Тој слика седнат, свиткан речиси напола пред платното, кое го закопчува на најниското ниво на својот триножник. Според еден пријател уметник, кога започнува нова слика „неговите очи се разгорачуваат, ноздрите му се шират, тој се мурти, го напаѓа платното како пикадор што боде бик“. Ова изгледа како разумна сличност, за да се суди според „Le Mystère Picasso“, која покажува како половина дузина од неговите слики се создаваат, од првото четкање до завршувањето, и се развиваат со толку брзи удари и насилство, со таква акробатика на имагинативна одбрана. и маневрирање, што се чини дека главните композиции доаѓаат до нивната конечна форма преку измачување.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page