Резултати од пребарување
1180 results found with an empty search
- Добитникот на „Мостови на Струга“, Џерардо Мазучо, се бори со својот идентитет како поет
„Струшките вечери на поезијата“ се приближуваат со целата нивна помпа, и возбуда што доаѓа со овој фестивал. Оваа година „Златниот венец“ го добива Шунтаро Таникава, поетски и книжевен џин, кој и за време на неговиот живот е јасно дека ќе одолее на заборавот. Но, тука е и наградата „Мостови на Струга“ која е обмислена како контратежа, се доделува на младите поети кои само што ја почнале својата трка, и можеби ќе се вратат еден ден по својот Златен венец. И признавам – токму така се запознав со Џерардо Мазучо, кого го чепкав, па задевав, па дури и се нурнав во она што го работи: амбициозен уредник на млада, двегодишна издавачка куќа Утопија, која во толку кратко време има пораснато не само како италијанска туку и европска институција на книгата. Издавач кој има збирка поезија на која навистина не ѝ е потребно никакво посебно претставување ниту посочување на награди и успеси кои ги добила, туку многу очигледно стои сосема автономно во вредноста на својот збор. Малку по малку го колвав Џерардо Мазучо, но чашата ја прелеа пост на Инстаграм каде што изразува неверица дека ќе гостува во Струга, и неговото име заклучува низа на поети кои тој очигледно ги почитува – во најмала рака. Па беше време да разговараме. „Прашањава се месести“ – го предупредувам, издавачот – поет, бидејќи стиховите му се чисти, а зборовите секогаш таму само кога се неопходни „но тактиката е да те внесам во мојот коментар, наместо дополнително да те изненадам“ - и еве гледате, со воведов го погазив својот збор. Riflessione sulla poesia Non ha senso E ne da. Come un giglio Che gridi a chi passa Da un cigglio di via: Fin qui visse un uomo Рефлексија на поезијата Нема смисла И дава. Како крин Кој им довикува на минувачите Од работ на улицата: Дотука живееше човек Дива: Патот низ Твојата поезија, мојот, беше кривулест, чуден, и упорно доаѓав до следниот впечаток: Тишината одѕвонува на начин како кога некој сакан гостин ќе замине, па седиш со чашата одложена со отисоци, перничето е паднато, а отисокот на плочките во тоалетот ја пополнуваат Празнината и ја нагласуваат Тишината. Јазикот, иако ги исчитував стиховите (со различен капацитет ) на четири јазици, секогаш педантен, чист, некомплициран, но комуницира комплексност, до степен на егизтенцијализам. Но сепак е секојдневен јазик, кој е атмосферичен. Последното што го прочитав од Fin Qui Visse Un Uomo („Дотука живееше човек“ ) беше “Ma i poeti migliori hanno scelto il silenzio” („Поетот живее во тишината.“) со која се отвара книгата. Дали Ти живееш во Тишината, каде е, доколку е место и дали е синонимна со Празнината? И дали поетот и издавачот се сретнуваат, или се истиот човек со различни шапки? Џерардо Мазучо: Пишувам во своето отсуство. Отсуството е дом на тишината. Јас постојам, секако. Како човек, како уредник. Но како поет – доколку вистина сум поет – чувствувам постхумна врска со моите стихови. Јас се обмислувам себеси и мојот живот од димензија која очигледно не е сè уште смрт, но е чистилиште. Кога пишувам, потребно е да се соголам од време, оваа тешка наметка која ми ги преиначува цртите на лицето, која ги преиначува цртите на секој човек. Отаде времето, тишината е апсолутна, и е единствениот јазик. Да се даде зборот на тишината, преку поезијата, е највисоката експресија на апсурдното. И животот, за мене, е ништо до апсурден. Непосредноста на јазикот, е наменета да компензира за комплексноста на овие контрадикции. Дива: Ти си главен и одговорен уредник на Утопија. Нејзиниот критериум за објавување на книги, и бирање наслови не е во потенцијалот на бројот на книгите кои би биле продадени, но го зголемивте влогот, и ја поставивте Утопија во улога на оние кои го диктираат вкусот: Утопија е издавач на книги кои не можат а да не бидат препорачани. Па, каде е насочена сказалката, на млада издавачка куќа, која има земено како своја задача да ја диктира европската култура, или поспецифично литературата? Дали е повеќе на страната на исполнително, заживувачки, или фрустрирачки и исцрпувачки? Или сето набројано? Џерардо Мазучо: Јас сум напросто читател кој ги уредува книгите на другите луѓе. Кога ќе се затекнам себеси како читам книга која се чини дека е способна – и ова е многу ретко – да го надвладее предизвикот на време и место, два ланци, за кои човекот е врзан, се обидувам да ја издадам. Литературата не старее. Или не е литература. Литературата не ја губи својата моќ на границите. Или не е литература. Кога роман кој е сто години стар, продолжува да ми зборува, по мене заслужува да биде реиздаден. Кога една книга ќе пристигне во Италија, од другата страна на светот, но продолжува да ми зборува, по мене, заслужува да биде преведена. Останатото трае по сезона. Со огромен успех, можеби. Но кому му е гајле за тоа? Добар уредник, според моето мислење, не смее да биде замаен од моментот. Литературата е секогаш. Или не е литература. Тогаш, кога има илјадници читатели, кои се потпираат на изборите на една издавачка куќа, како што е случајот со Утопија, сè е повеќе возбудливо. Вистинскиот суд за мојата работа како издавач, сепак, ќе биде донесен од читателите кои сè уште не се родени. Тие се оние за кои работам. Дива: За Утопија, услов за избирање наслови за издавање е - бегството од Време - и - Место континуумот: доколу за двестотини години, човек на другата страна на светот ќе може да се поврзе, и ја исчита книгата тогаш би бил добар кандидат да биде издаден во Утопија. Кој критериум си го поставуваш на себе, во својата работа, или процес како поет: дали имаш прашање, критериум кој мораш да го исполниш, за да ги пуштиш стиховите, на пример, во светот? Џерардо Мазучо: Ниту еден писател, според моето мислење, не е во состојба да го процени сопствената дело, со луцидност, дури и доколку е уредник. Писателот на текстот, не може напросто да го прочита она кое е штотуку напишано, како останатите читатели. Тој ги знае намерите и амбициите на текстот, и продолжува да чита, во напишаниот текст, она кое не било напишано, она кое е во неговата глава. Единствената помош доаѓа од времето. Мноштво месеци, или дури години подоцна, писателот може да ги чита сопствените стихови, преку очите на друга личност. Затоа, доколку немам никаков сомнеж за талентот на оние кои премногу пишуваат, имам многу сомнежи за оние кои премногу често објавуваат. Добар поет си дава време на себе, за да стане својот сопствен уредник. Fin qui visse un uomo ризикуваше да не биде објавена. Јас сакав да се отарасам од нејзе. Беше пријателка, и самата поетеса, таа која ги знаеше стиховите, која ме спречи да не го направам тоа и, со соучесништвото на мојата партнерка, Лаура, се координираа со издавачот. Дива: Паѓа во очи твојата младост и е нешто што веројатно го слушаш често: Таа, младоста, во контраст со безвременскиот квалитет на класиците (и во случајот со Грација Деледа: каде откри, повторно, заборавен ракопис) кои одново се раѓаат со секоја нова генерација и нови очи. Но, иако (на Инстаграм) во објавата за Струшките вечери на поезијата, скромно забележа дека низата на имиња која завршува со Твоето, те зачуди. Но креативно и професионално се чини дека си во позиција на човек, уметник, поет, кој веќе ги одминува своите средни години а овој хипотетички човек, едвај се сеќава на младоста во која ти си вселен. Дали сметаш дека таа позиција е опасна, креативно лесно можеш да се лизнеш, или дезориентираш. Или освен „штипни ме, сонувам“ - моментите, не обрнуваш многу внимание на статусот како поет па и издавач, или накратко: креативец? Џерардо Мазучо: Како читател или како издавач, сум во длабоко соучесништво со авторите, класици или живи, кои никогаш не сум ги сретнал во живо. Како што Монтале пишува „ è possibile, lo sai, amare un'ombra, ombre noi stessi“ („возможно е, знаете, да ја сакате сенката на самата сенка.“) Ова е обид да се избега од затворот на времето, исто така. Овде, слободен, се чувствувам на иста возраст како Вергилиј, Петрарка и Унгарети. Предложувам, сепак, да ги прочитате. Јас не сум сигурен дека сум поет.
- „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ - гранџ, вештачка интелигенција и Бранко Прља
Бранко Прља е сосема вдомен и мирен во својот модус операнди од една страна, но и принцип - во морална и етичка смисла - во друга, и во својот последен проект. Не е непознато за него да истапува со колаборациони проекти (Нада Прља, Владимир Карер) и - да делува од позиција на дидактика па и активизам на кој се повикува во многу од активностите: На пример кога ги промовираше агрегатите за вести од науката а потоа и од културата, водеше со повикот „не за турбофолкеризацијата на нашето општество“. Тука се популарната група „Дај не фрлај“ , тука е позајмување на својот глас против загадувањето на воздухот - и секако сето тоа крунисано и обмислено со книги „Даj, не фрлаj“ од Феjсбук група до еко-револуција!“ и „25 факти за аерозагадувањето и 25 начини на кои ти можеш да го намалиш“. Објаснувајќи го резонот позади едицијата Фактопедија, слично порача: идејата е да се инспирираат младите генерации да црпат од идоли и примери поразлични од оние на кои се навикнати. „Целта на овие изданија е неформално образование, оригинален и нетипичен пристап кон обработка на една тема, со фокус на компресирањето информации и нивното пренесување во концизна форма, при што нема да се жртвува содржината. Се работи за концепт на кој Бранко Прља работи од почетоците на неговата писателска „кариера“ (ако може воопшто да се зборува за такво нешто во Македонија).“ Бранко Прља ги заслужува своите поплаки - доколку не нуди решение за поплаката ретко кога и ја слушаме. Што е едноставно запрепастувачко во својата реткост. Кој е неговиот последен проект, со кого соработува? „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ е биографска илустрирана енциклопедија која има црпено референци од „…дневниците на Кобејн, неговата исцрпна биографија „Heavier Than Heaven“ од Чарлс Р. Крос и други наводи.“ - а потоа даден е писателскиот печат, или потпис на Прља. Приказната ја збогатува и додатно „коментира“ со илустрации - Stable Diffusion. Му праќам на Бранко слика која ја добив од Дали со инструкцијата „Дива чита книга за Курт Кобејн“ а тој одговара „ Има проблем со помалку познати личности кои се тоа на глобално, светско ниво. Пробав да направам илустрации и со Горан Стефановски и не успеав. Има начин и за тоа, но тука веќе навлегуваме во програмирање и многу е покомплицирано. Затоа со Владимир Карер работиме на тренирање ( така се вика процесот) на Stable Diffusion да може да обработува слики и од други наши познати личности.„ Stable Diffusion Како работи генератор на слики со вештачка интелигенција? Програмата користи база на податоци со слики за да научи како да генерира нови. Така, откако ќе го напишете текстот, програмата прави процес и врз основа на сликите во базата на податоци, создава нова слика. “Стабилна дифузија е модел од текст во слика кој ќе им овозможи на милијарди луѓе да создадат неверојатна уметност за неколку секунди. Тоа е пробив во брзината и квалитетот што значи дека може да работи на потрошувачки графички процесори. Можете да видите некои од неверојатните резултати што ги создал овој модел без претходна или постобработка на оваа страница.” Стабилна дифузија е латентен модел на дифузија од текст во слика, способен да генерира фото-реалистични слики со било каков внес на текст, негува автономна слобода за производство на неверојатни слики, им дава моќ на милијарди луѓе да создадат неверојатна уметност за неколку секунди. Но колку и да се чувствува возбудата во сите медиумски известувања, и во блоговите и коментарите на АИ-архитектите, сепак не се само апокалиптичните сценарија на научната фантастика која натежнува како темен облак во оваа нова етапа. Ние сме среде вжештена дискусија баш во овој момент, како Илон Маск го купи твитер со ветувањето дека ќе даде платформа на потенцијално опасни лажни вести, дипфејкови, темата на слободниот говор која се прекрши преку пандемијата и Кање Вест и Трамп(сосема де-платформирани поради опасниот говор). Па вештачката интелигенција, посебно од текст во слики моделот, како алатка која може да ги разгорува многу лесно веќе разбурканите страсти. Стивен Хокинг за Би-Би-Си, кажа дека примитивните АИ алатки до тој момент се покажале како многу корисни, но се плаши дека сме на пат да создадеме нешто што ќе се изедначи ако не и надмине можностите на човечкиот род . „Тоа би земало замав независно, и би се редизајнирало со постојано растечка стапка. Луѓето, кои се ограничени од бавната биолошка еволуција, не можат да се натпреваруваат и ќе бидат заменети“. И секако веќе пишувавме за Блејк Лемојн, кој беше отпуштен од Гугл поради неговата показна вежба дека, Ламда е свесна. АИ уметност Иако Вештачката интелигенција, ја лови имагинацијата на луѓето и е присутна како мотив далеку пред дигиталната револуција, па и индустриската, сега живееме во ера кога фантазијата е отелотворена и можеме да ја гледаме во акција. Новела напишана заедно од програма за вештачка интелигенција и нејзините човечки асистенти успеа да помине во првиот круг од изборот за јапонска книжевна награда. Новелата, чиј наслов во превод значи „Денот кога компјутерот напиша роман“(Konpyuta ga shosetsu wo kaku hi), беше еден од 11-те поднесоци на авторите на вештачката интелигенција за третата годишна книжевна награда Хоши Шиничи. Наградата е позната по тоа што прифаќа пишување и од луѓе и од машини, но ова беше првпат да добива апликации од програми за вештачка интелигенција, известува Емико Јозука за Motherboard. Во август, Џејсон Ален, дизајнер на игри кој живее во Пуебло Вест, Колорадо, го освои првото место во категоријата „дигитални уметности/дигитално манипулирана фотографија“ на одделот за уметници во развој на Конкурсот за ликовни уметности во државата Колорадо. Неговата победничка слика, насловена како „Théâtre D’Opera Spatial“ (француски „Вселенски оперетски театар“), беше направена со Midjourney - систем за вештачка интелигенција што може да произведе детални слики кога ќе се нахранат писмени инструкции. Наградата од 300 долари ја придружуваше неговата победа.„Фасциниран сум од оваа слика. Го сакам тоа. И мислам дека сите треба да го видат тоа“, изјави 39-годишниот Ален за CNN Business во интервју. Музичката индустрија не е исклучена од грижата која се чини дека расте надвор од Силиконската долина, како АИ станува сѐ поприсутна и подостапна : Recording Industry Association of America ги наброја музичките веб-локации со вештачка интелигенција кои прават ремикси, подобруваат домашни нумери или соголуваат песни од вокалите или инструменти и им штетат на уметниците, како одговор на барањето од Канцеларијата на комерцијалното претставништво на САД. Артистите кои работат во сите видови медиуми изразија загриженост во последниве години - и сè повеќе, со зголемената популарност на генераторите на текст во слика како DALL-E - за тоа дали уметноста генерирана од вештачка интелигенција ги прекршува авторските права на поединци. Повеќето генератори на содржина со вештачка интелигенција зависат од сетови на податоци кои се исполнети со оригинални уметнички дела, текстови или аудио, и ги користат тие оригинални дела без дозвола на сопствениците. Но, вештачката интелигенција не е ограничена - секако - во употребувањето во уметноста. Таа има своја промоција и во политиката : Синтетичката партија, новата данска политичка партија со вештачки интелигентен претставник и политики кои произлегуваат од вештачката интелигенција, очекува место во парламентот бидејќи се надева дека ќе се кандидира на општите избори во земјата во ноември.Партијата била основана во мај од уметничкиот колектив Computer Lars и непрофитната уметничка и технолошка организација MindFuture Foundation. Јавното лице и фигурата на Синтетичката партија е четботот за вештачка интелигенција, лидерот Ларс, кој е програмиран на основа на политиките на данските левичарски партии од 1970 година и треба да ги претставува вредностите на 20 проценти од Данците кои не гласаат на изборите. Компјутер Ларс нема да биде на гласачкото ливче, но човечките членови на Синтетичката партија се посветени на спроведување на нивната платформа изведена од вештачка интелигенција. Во книжевноста, АИ е резервирана воглавно во научната фантастика, не само како тема туку како и партнер за пишување. Веќе има книжевна критика која размислува како да се рецензира книжевност која е напишана или помогната од Вештачката интелигенција. Бранко Прља - спој на математички и уметнички, сензитивен ум „Како дете велев дека кога ќе пораснам ќе бидам научник, тоа не се оствари, но ден-денес не поминува ден, а да не прочитам еден или повеќе текстови поврзани со научни откритија, технологија и слично. Можеби таа научна тенденција преовладала во мојот пристап кон пишувањето. За мене пишувањето е експеримент кој го правам со себеси, со својата свест и со перцепцијата на читателите. “ Иако сме навикнати следот на настаните да биде: дневната работа доаѓа прва, а потоа уметничката наклонетост, доколку постои, е нешто што се практикува во слободното време, случајот на Прља е обратен: од своите работни почетоци, тој е наклонет и ориентиран кон книжевноста, каде го зема уметничкото име Берт Стајн, а во Точка и Темплум почнува да работи како графички дизајнер „пишувам веќе 15 години[интервјуто е направено во 2009та за Теа модерна]..мојот професионален ангажман на двете полиња - зборувам за прва објавена книга и прво вработување како дизајнер речиси се поклопува“ , и тоа професионално скршнување го носи во маркетинг агенциите каде го гради своето портфолио на графички дизајнер и копирајтер. Но тој „брак“ , пак, го носи во позиција каде што креативно може да се актуелизира, на повеќе од еден начин и да ги заживее своите идеи наизглед без некој поголем напор - но со очигледно многу работа. Библиографијата, му е разновидна и богата, од кратки приказни, до романи, до конечно - илустрирани енциклопедии во форма на едицијата “Фактопедија“ . Роден е во Сараево во 1977 година, но како тинејџер се сели во Скопје, како Југославија крваво се распадна. И покрај тоа што копнее по Сараево - да може да се врати таму како креативец, и да понуди во тамошната култура како сентиментална отплата, тој пишува на македонски. Во 2003 ја објавува „За секого по нешто, за некого ништо “ микропроза која во својата ритмичност и лиричност дури, натежнува накај поезија во проза - а со „Еднаш Курт Кобејн тропал со лажици по куфери…“ е во својот триесети наслов - доколку не ги сметате текстовите на неговиот сајт арно.мк каде можат да се најде неговата библиографија. Кога сме кај библиографијата на Прља, во 2015та година, се појавува името Берт Стајн, како уметничко име, писателски псевдоним. Кога се натпреварувал за Три минути и педесет и три секунди за роман на годината на Утрински весник, го послушал добриот инстинкт да влезе во трката со псевдоним - Берт Стајн. Со тоа можеби и ненамерно го демаскира процесот на бирање на тие книжевни награди(кој навистина стои позади напишаното ќе зависи како ќе биде читано) - но продолжува да потпишува со Берт Стајн. Пишувачкото портфолио му е педантно средено(всушност не знам за друг македонски писател кој има), па имам прилика да ги разгледам рецензиите и интервјуата додека ги пеглам фактите... Но не можам да најдам од што е изведен псевдонимот. Гуглам - надвор од фотограф, кој не делува ништо посебно, нема никаква референца. Па се обраќам директно на изворот: - Бранко, на тема Берт Стајн. „Зошто“ ми е јасно, барем мислам... но „кој“ или „што“ баш и не...? (седнете и спремете се мистеријата да биде конечно разрешена) „ Името Берт Стајн е скратено од Алберт Ајнштајн :) Но, за да не биде очигледно ја преземав англиската транскрипција „Ајнстајн“. Тоа е повеќе „inside joke" , не сум зборувал за тоа јавно за да не мислат луѓето дека имам премногу високо мислење за себеси... Ајнштајн е личност која ме инспирирала цел живот, уште од основно училиште читав биографии за него(првата „Фактографија“ е токму за Ајншатјн). Особено ми е интересна социо-психолошката компонента на тоа како еден научник може да стане симбол на зборот „генијалец“, а неговите теории глобално познати. Кога би имало повеќе такви личности мислам светот дека би бил поубаво место за живеење.“ Навистина Прља, доколку имавме повеќе ангажирани, вредни, мотивирани личности, во најмала рака нашиот свет ќе биде далеку поубаво место за живеење. Фактопедија Едицијата Фактопедија почнува со Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн а завршува со АИ- помогната биографија на Курт Кобејн кое е 15от наслов. Вселенскиот пионер Гагарин, Мустаќлии кои го смениле светот се наслови кои претходеа на „Фактопедија“ но веќе може да се насети тенденцијата на Прља за оживување на информации и приказни со цел - да се преземе контролата од наративите кои според него го празнат и осиромашуваат јавниот дискурс и свест. Може да се насети и нишка на носталгија по возбудливите едукативни содржини од типот на „1000 зошто, 1000 затоа“, Политикин забавник, но и стриповите „За почетници, писатели и читатели документарни стрипови“ кои се напишани во 90-тите а стигнаа во Македонија околу деценија подоцна - „Маркс за почетници“ „Платон за почетници“ итн. Потсетуваат на Фактопедија во спојот на илустрациите со талентиран писателски глас. „Вистинското име на едицијата е „мала Фактопедија“ - вели Прља. Како ли изгледа големата во неговите амбиции - зјапам во ѕидот позади мониторот барем 2-3 минути обидувајќи се да одговорам. Курт Кобејн За оние кои растеле и се развивале во 90те години, е тешко да се замисли дека има останат простор кој не е измиен од бранот на Нирвана и Курт Кобејн. Кога го забележуваме ехото во културата која следи, само ја зацврстува таа илузија, но ситуацијата е оваква: бебето на каверот на Never Mind e над 30 години и се обиде да ја тужи Нирвана за фотографијата. Културата се гради активно, непрестано, дисциплинирано, она што и Прља може да го посведочи. „По три децении време е да се потсетиме на бендот Нирвана, да ги истражиме причините за неговото настанување, што довело до неговиот метеорски сјај и пад, и колку тие оставиле влијание на глобалната светска култура. Курт Кобејн е трагичен лик, но она што треба да нѐ инспирира и интересира не е неговиот крај, туку неговиот живот. Токму за тоа е книгичкава.“ - велат во арно.мк „Гласноговорникот на генерацијата Х“ МТВ генерацијата, цинична, разголена од илузии, и за разлика од нивните родители бејби бумери, кои со речиси налудничав оптимизам ја живеат поствоената еуфорија, на обнова(која се протега дури и во социјалистичка СФРЈ) страдаат од Реганомија - на прва е тешко да се препознае како некој чиј „лик и дело“ би биле противотров на турбоинфлуенсерите од кој Прља упорно и активно зазира. Всушност, тој изгледа на точниот опис на профил од кој требате да се плашите во оние наивни но опасни брошури кои до ден денес знаат да се протнат по социјалните мрежи „доколку вашето дете слуша рокенрол - во опасност е“. Не само што се протнуваат по фејсбук - тие протекуваат и низ учебниците како радиоактивен талог. Антисоцијален, огорчен, болен па и агресивен зависник кој обожава да носи фустанчиња, без да се насети било каков цинизам звучи како конзервативна ноќна мора. Но поентирањето дека и покрај несреќните социо-економски услови, и се́ што потенцијално доаѓа во тој контекст, и конечно менталното здравје - зависноста која му го зема централното место - не е она што го дефинира Курт Кобејн. Туку уметноста која преку талентот и енергијата но и - жестоката амбиција - вдоми цела генерација на луѓе кои конечно се осетија слушнати. До ден денес, дури и раперите често го цитираат Кобејн како своја музичка инспирација. А иако е лесно да се заборави дека поминаа цели три децении откако Кобејн почина, а не пет минути, тоа му дава причина на проект како Фактопедија, која сака да информира, инспирира и го посочи погледот надвор од бескрајните фидови, и алгоритми во хоризонти кои им претходеле, но и генерации - и поединци - кои оделе за да можат денешните - да трчаат.
- Томе Трајков успева да исплива на површина и покрај условите за стрип уметниците дома
На мејл не е невообичаено да стигнуваат известувања за културни случувања, најави и заклучоци од културниот живот овде, но еден од нив отскокна: стрипаџии од Велес, имале групна изложба во Феризај, Косово, и нивниот промотор држел предавање. Признаваме, сосема надвор од сликата која ја знаеме за стрип сцената во Македонија. Не само што стрипаџиите функционираат сосема надвор од Скопје, не само што бројката на стрипаџии е голема и (само)организирана, туку и нивниот состав е разноврсен, половина се жени, а според сликите можеме да заклучиме дека опфаќаат неколку генерации уметници. Известувањето гласеше: „Велешанецот Томе Трајков –културен работник и стрип промотер , на покана од Здружението „HITHI” ( Коприва) од Урошевац/Феризај - соседно Косово присуствуваше на активности организирани во склоп на програмата на споменатото здружение . Негова изјава:... Со ова здружение имам повекегодишни контакти и соработка, но навистина пријатно ме изненади повикот за конкретни активности и тоа на конкретна тема „стрип“! Инаку одамна имам контакти со стрип сцената на Косово и моите заложби беа на оваа територија да се анимираат младите кон светски познатата 9 та уметност, толку популарна кај нивните родители,баби и дедовци. Во тие насоки беше организиран мојот престој и агенда. Најнапред локалната гимназија одржав кратко предавање на тема „ СТРИП-СУШТИНА, ИСТОРИЈА, РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ И НА ОВИЕ ПРОСТОРИ“. - известуваше дел од пораката. Па продолживме, за да ја чуеме приказната, поблиску до нејзината целост. ДИВА: Како изгледа една типична стрип кариера, или пак патот на еден ентузијаст? Каде се купуваат стрипови, на кои јазици, каде се издаваат и колку интерес има за да се изложуваат? Томе Трајков: Во случајот со мене ,и не само со мене, од тие генерации инфицирани од „филмот на хартија“! Татко ми, како наставник по историја, ми ги носеше дома историските стрипови на „НИКАД РОБОМ“ поврзани, меѓу останатото и со македонската историја. Како дете многу читав, а редовно се купуваше и „Политикин забавник“ . Тоа беа оние од кои можеше нешто да се научи. Потос дојдоа Загор, Блек, Алан Форд , Наш Свет, па Млад Борец. Не само јас, најмногу заради стриповите научив некои јазици кои сега за нас се странски: српски, хрватски...Правам искрена дигресија и потврдувам дека некои сегашни стрип преводи на македонски јазик го немаат тој шмек споредбено со другите ,најдобар случај е со стрипот „АЛАН ФОРД“ и „славните“ зборови, изрази и цитати! Поранешните генерации го чекаа саканиот стрип уште од наутро, и буквално да ја помирисаат хартијата на која се печатело тоа издание. За стрипот како светски позната и призната 9 уметност...тој е релативно нова култура (околу 150 години), но брзо прифатен како средство за комуникација. Едноставниот пристап на раскажување на приказна преку слика ги плени луѓето од самиот почеток ,па затоа стрипот се здоби со репутација на „деветта уметност“. Стрипот како 9-та уметност опфаќа неколку сегменти: цртеж, текст, порака, позитивни јунаци, во минатото беше многу популарно средство кое на младите им овозможуваше, да „патуваат и фантазираат“ преку него. Преку стрипот тие, освен запознaвање со техники на ликовна уметност, имаа соодветен тип на неформално учење и запознавање со историја, географија, антропологија.. Еден од великаните на стрипот Хуго Прат има речено дека„ тој ги црта текстовите и ги пишува сликите“. Според други дејци, стрипот е „филм на хартија“. Според ова, стрипот е во солидна позиција да ги промовира и горенаведените теми и истите да допрат до широк круг. Во РС Македонија стрипови издаваат, со или без финансиска поддршка од страна на државата издавачи како што се: Стрип центар на Македонија - Велес, издавачките куќи „СТРИП КВАДРАТ„, БУНКЕР“, „ТЕМПЛУМ “, „М КОМИКС“, независни изданија,...порано издаваше и здружението „ МАКСТРИПОВИ“, па изавачката куќа „ ВАРМ КОМИКС“ (се извинувам ако испуштив некого). Секоја од гореспоменатите си има(ше) своја издавачка политика. За набавка на стрипови, освен на сајтовите или социјалните мрежи на споменатите издавачи, најдобро е да се посети специјализираната книжарница „БУНКЕР“ во Скопје (се наоѓа во кулите спроти „РАМСТОР“) каде можат да се најдат и стрип изданија од странство на различни јазици. ДИВА: Листата на имиња - велешани стрипаџии - која отишла на гостување во Феризај е фасцинатна. Како се најдовте и каков е локално уметничкиот живот таму, во Велес? Томе Трајков: Точно , јас сум од Велес и некако нужно дојде до застапеноста на велешки стрип автори меѓу вкупната листа на застапени. Но, да потсетам само дека освен велешаните: Лазар Ангелков, Илко Стојановски, Оливер Цветковски, Васил Гаврилов и Ване Трајков (како сценарист) на изложбата беа изложени дела на автори како стрип мајсторот Игор Јовчевски, потоа Дарко Богданов, Александар Цакоски, Славица Купенкова, Александра и Максим Ристески, Душица Димитровска, Катерина Тери Николовска, Мирко Бојаџиевски, како и младите сили Анастасија Недељковска, Евгенија Трајковска, Ѓургица Варела, Ана Марија Стефаноска, Јана Бутеска, Мартина Величковска, Ангела Ајтовска, Елена Апостоловска, Софронија Шарламанов и Александар Стеванов (како сценарист). За Велес, ќе бидам субјективен, одамна важи дека е град од внатрешноста, но не провинција! Тоа се однесува и на други градови. И покрај видливи и невидливи отпори, се развива и треба да се развива официјализираниот концепт на ДЕМЕТРОПОЛИЗАЦИЈА т.е. ДЕСКОПЈЕВИЗАЦИЈА. Во извесни настани Велес и предничи, пример тој е веќе признат ГРАД НА СТРИПОТ, театарскиот живот е одамна развиен, музичката сцена исто...Со сета почит кон културната, посебно независната културна сцена од Скопје, сепак тие ништо не губат доколку повеќе се организираат вистински културни активности надвор од метрополата. Барем Велес не е толку далеку! ДИВА: Никаде нема идеални услови, но има услови кон кои можеме да се стремиме. Како би изгледала идеалната ситуација на еден стрип промотор? Томе Трајков: Меѓу другото, идеална ситуација е стрип промотерите, но и стрип авторите да се професионалци и да се бават само со тоа, истите да имаат сопствени канцеларии, студија и постојани стрип галерии. Арно ама...! Дотогаш , ние стрип промотерите, ќе се бавиме со: пишување на проекти до домашни и странски донатори, растегнување на расположивите финансии за да се задоволат сите потреби, почитување на строгите критериуми на некои од донаторите, расправање со суетите на стрип авторите и (во извесни ситуации) и родителите на помладите од нив, ситуации „искористи-отфрли“ итн. ДИВА: Дали помладата и новата генерација има ист пристап, интерес и сфаќање за возбудливоста на стрипот, како што имавме ние кога беше популарен и достапен? Како изгледа младата стрип генерација на Македонија, каква естетика и во која насока се движи? Томе Трајков: Ова прашање ми претставува повод да го споменам токму Денот на бесплатни стрипови во Скопје и редиците коишто се создадоа од граѓаните, посебно младите. Тој интерес е резултат на трпелива комбинирана работа на организираната стрип сцена во државата, којашто паралелно со издавачката дејност и медиумската поткрепа влезе во училиштата организирајќи промотивни и едукативни стрип часови регрутирајќи нови таленти и интересенти за стрип. Има нови таленти, секој од нив со различен стил и сензибилитет. Лично мене ме радува тенденцијата да цртаат на хартија (субјективно мое мислење, подвлекувам) наспроти таблетите и други погодности коишто секако си имаат свои предности. За жал, морам да го искажам впечатокот дека во нивниот развој како автори нужно делува и севкупната стрип сцена во Македонија, којашто, за жал е многу хетерогена и некомпактна. Неприфатлива е, на пример, реалната состојба на своевидни забрани во смисол на учество на некои стрип конкурси или настани во зависност од тоа кој е организаторот. Или пак насоченоста на извесни стрип субјекти кон оваа или онаа партија, очекувајки лоби поддршка коишто и ја добиваат (и ова е реалност). Стрипот треба да влезе во училиштата, не само како уметност туку и како алатка со која подобро ќе се одвива наставата по разни предмети (не само историја, граѓанско општество, литература и сл). Дури тогаш младите ќе сфатат со што всушност порано биле опседнати нивните родители, баби и дедовци. ДИВА: Дали имате комуникација на балканско и европско ниво со колегите, па и глобално, или соработката со Здружението „HITHI” е исклучок? Томе Трајков: Искрено, ова за мене е чудно прашање на коешто ќе одговорам - не само што има комуникација и соработка тука современата македонска стрип сцена соработува со децении со колеги на балканско, европско и глобално ниво.. По некоја инерција најнапред после осамостојувањето, се обнови соработката со автори од поранешна Југославија, потоа Балканот и пошироко. Се организираат изложби на македонскиот стрип во други земји од кои некако најстари се изложбата на алтернативен стрип во 2000 година во Ангулем,Франција или на мејнстрим стрип во 2004 година, во Белград, Србија. Одтогаш се имаат организирано повеќе вакви промоции, од кои јас непосредно бев селектор на последните : Ваљево, Србија 2019 година и последната Феризај, Косово (ноември оваа година). Организацијата во којашто сум вклучен од 2006, Стрип центар на Македонија - Велес секоја година организира меѓународен салон на стрип, кој прерасна во стрип колонија. Тука се и меѓународните проекти на коишто бев иницијатор а финансирани од странски фондации. Велес стана место каде што без проблем другаруваат стрип автори не само од ЕКС ЈУ, но и Албанија, Косово, Романија, Грција, САД, Јапонија, Швајцарија, Италија ... При крај е големиот неколку годишент стрип проект CAN FOR BALKANS каде што околу темата „меѓусебна релација на стрип и историјата “ соработуваат стрип дејци од Македонија, Србија, Романија, Албанија и Данска. Организираните стрип конкурси на меѓународно ниво се со автори од сите континенти. Заради податокот и контекстот дека Здружението „ХИТХИ“ е од Феризај/Косово со доминантно албанско население, без лажна скромност ќе споменам дека со Косово соработката е започната уште од 2009 година, а јас бев член на интернационално стрип жири на првиот воопшто организиран стрип настан организиран во Тирана од страна на Министерството за култура на Албанија. Соработката продолжува, а го повторувам впечатокот дека Здружението „ХИТХИ“ (Коприва) има потенцијал, ентузијазам и тимска сплотеност да ја развива и афирмира стрип културата кај нив посебно помеѓу младата генерација.
- Каи Таникава Оуглсби за нејзиниот однос со дедо ѝ поетот, разговор и поема
Шунтаро Таникава, во медиумите опишуван како „најголемиот жив јапонски поет“ во нивното известување за „Струшките вечери на поезијата“ (годинава Таникава го зема „Златниот венец“ ) изгледа како вирусна фраза, но навистина и не е невистинита. Каи во подкаст лектирата зборува за нејзиниот однос и впечаток за Шунтаро Таникава, познатиот поет, најголемиот жив јапонски поет, и во исто време дедо кој го доживува како да е отуѓен иако живеат во иста куќа. Таа го чита меѓусебниот разговор, а го завршува подкастот, кој е прилог за јапонската едиција на Dizzy magazine со читање на поема посветена на нејзе, од самиот Шунтаро на јапонски, таа ја чита на англиски, а ние ви ја нудиме на - македонски.
- Зимска краткодневница (поезија)
Рилке и темнината
- Има простор и за разум и за бес
Од сите прашања што ми ги поставуваат, има едно што се појавува почесто и попредвидливо од кое било друго. Речиси секогаш кога разговарам со новинар или седнувам со нова група луѓе, во основа можам да сметам на некој што ќе го подигне прашањето, додека другите се поднаведнуваат да слушаат. Што навистина значи да се оди високо? Се чини дека е можно да поминам години одговарајќи на ова прашање. Па дозволете ми да се обидам овде. За прв пат, јавно ги изговорив зборовите „Кога тие ќе тргнат ниско, ние одиме високо“ додека зборував на Демократската национална конвенција во Филаделфија во 2016 година. Хилари Клинтон се кандидираше за претседател, како и Доналд Трамп. Мојата работа беше да ги обединам демократските гласачи, потсетувајќи ги сите да останат вклучени и да ја завршат работата што е потребна за нивниот кандидат да биде избран, вклучително и гласање на денот на изборите. Како што често правам, зборував за тоа што ми значат темите на денот како родител на моите две ќерки, како изборите што Барак и јас ги правиме секогаш се водени од принципите кои сакавме нашите деца да ги препознаат како вредни. Искрено, немав поим дека фразата „Одиме високо“ ќе ми се прикачува со години, станувајќи речиси синонимна со моето име. Сè што направив, всушност, беше споделување на пригодна кратенка со која Барак и јас се потсетувавме да се држиме до нашиот интегритет кога гледавме како другите го губат својот. Тоа беше поедноставување на нашите идеали: кажувај ја вистината, дај сè од себе за другите, одржувај перспектива, остани жилав. Приватно, Барак и јас се посветивме и ја возобновивме посветеноста на идејата, да одиме високо многу пати, особено кога минувавме низ тешки кампањи и политички битки, обидувајќи се да се движиме низ животот во очите на јавноста. Се повикуваме на тој принцип секогаш кога се чувствуваме дека сме ставени на тест, како потсетник да се стабилизираме кога ќе се соочиме со морален предизвик. Одењето високо е како цртање линија во песокот, граница која можеме да ја направиме видлива и потоа да разгледаме „На која страна од ова сакам да бидам?“ Тоа е потсетник да паузирате и да бидете внимателни. А сепак, проблемот со секое едноставно мото, претпоставувам, е дека може полесно да се запамети и повторува отколку да се стави во активна секојдневна пракса. Деновиве, кога луѓето ме прашуваат да објаснам што значи да се оди високо, понекогаш чувствувам како да има помалку учтиво прашање во позадина, изнијанисрано со природен скептицизам, чувство зготвено од замор, и кое пристигнува кога нашите напори изгледаат бесплодни и нашите тестови никако да завршат: Но чекајте, дали сте го виделе светот во последно време? Колку работите можат да станат полоши? Каде е енергијата за борба? Откако Џорџ Флојд умре со коленото на полицаец на вратот на аголот на улицата во Минеаполис во мај 2020 година, луѓе ми пишуваа, прашувајќи дали одењето високо е навистина правилниот одговор. Откако беше опустошен Капитол, откако републиканските функционери продолжија да поддржуваат лажни и поткопувачки тврдења за нашите избори, тие прашуваа нешто слично. На провокациите им нема крај. Видовме повеќе од милион Американци како умираат во пандемија што ја истакнува секоја разлика во нашата култура. Видовме руски војници како колат цивили во Украина. Талибанците им забранија на девојчињата да одат на училиште во Авганистан. Во САД, нашите сопствени лидери направија потег, да го криминализираат абортусот додека нашите заедници рутински се уништени од насилство со оружје и злосторства од омраза. Транс правата, правата на хомосексуалците, правата на глас, правата на жените - сето тоа останува на удар. Секогаш кога има уште една неправда, уште една рунда на бруталност, друг инцидент на неуспешно раководство, корупција или прекршување на правата, добивам писма и мејлови, кои поставуваат некаков облик на истото прашање. Дали сè уште треба да одиме високо? Мојот одговор е да. Треба да продолжиме да се обидуваме да одиме високо. Да се делува со интегритет е важно. Ќе биде важно засекогаш. Тоа е алатка. Во исто време, сепак, сакам да бидам јасна: одењето високо е нешто што го правите наместо само чувство. Не е некој повик да се биде самозадоволен и да се чека промената или да се седи на страна додека другите се борат. Не се работи за прифаќање на условите на угнетување или оставање на суровоста и моќта да останат без предизвик. Идејата за одење високо не треба да покренува никакви прашања за тоа дали сме должни да се бориме за поголема правичност, пристојност и правда во овој свет; Наместо тоа, се работи за тоа на кој начин да се бориме, како се обидуваме да ги решиме проблемите со кои се среќаваме и како да се одржуваме доволно долго за да бидеме ефективни наместо да прегориме. Има некои кои го гледаат ова како неправеден и неефикасен компромис, продолжување на политиката на почитување, во која ние се усогласуваме со правилата наместо да ги оспоруваме за да успееме. Зошто, луѓето со право се прашуваат, дали треба постојано да се трудиме да бидеме толку разумни? Гледам како некои мислат дека разумот не остава простор за бес. Ја разбирам перцепцијата дека одењето високо значи дека некако се отстрануваш од ситуацијата и остануваш незасегнат од сето она што инаку би можело да те жолчи и испровоцира. Но, воопшто не е тоа. Кога првпат ги кажав тие зборови на конгресната сцена во Филаделфија во 2016 година, ниту бев по страна, ниту незасегната. Всушност, бев прилично вознемирена.. Во тој момент, бев темелно испровоцирана од жолчката што редовно излегуваше од устата на републиканските функционери. Бев уморна по речиси осум години кога видов дека работата на мојот сопруг е поткопана и неговиот лик оцрнет, вклучително и преку фанатичните обиди да се доведе во прашање неговото државјанство. И јас бев лута што главниот поттикнувач на тој фанатизам сега истапи како кандидат во кампања за претседател. Но, каде беше мојата вистинска моќ? Знаев дека тоа не е во мојата болка и бес, барем како што постоеја во нивните сирови форми. Мојата моќ лежи во сè што можам да направам со таа болка и бес, каде што би можела да ги однесам. Се држеше од тоа дали можам - или не - да ги издигнам тие чувства во нешто што на другите ќе им стане потешко да го отпишат, што беше јасна порака, повик за акција и резултат за кој бев подготвена да работам. Делувајќи со интегритет е важно. Ќе биде важно засекогаш. Тоа е она што е високо за мене. Станува збор за земање на апстрактно и вообичаено, вознемирувачко чувство, и работа за да се претвори во некаков план применлив во акција, да се движите низ сировите работи во насока на поголемо решение. Сакам да бидам јасна дека ова е процес, и не секогаш брз. Можно е да биде потребно време и трпение. Во ред е да седите и да вриете некое време, да живеете во возбуда предизвикана од неправда или страв или тага, или да ја изразите својата болка. Во ред е да си го дадете просторот што ви треба за да закрепнете или заздравите. За мене, одењето високо обично вклучува пауза пред да реагирам. Тоа е форма на самоконтрола, линијата помеѓу нашите најдобри и најлоши импулси. Одењето високо значи да се спротивставиш на искушението да учествуваш во плиткиот гнев и корозивниот презир и наместо тоа да сфатиш како да одговориш со јасен глас на сè што е плитко и корозивно околу тебе. Тоа е она што се случува кога ќе преземете реакција и ќе ја созреете во одговор. Затоа што ова е работата: емоциите не се планови. Тие не ги решаваат проблемите и не ги исправаат сите грешки. Можете да ги почувствувате - и ќе ги почувствувате, неизбежно - но бидете внимателни да не дозволите да ве водат. Бесот може да биде валкано ветробранско стакло. Болката е како скршен волан. Разочарувањето само ќе се вози, мрзливо и некорисно, на задното седиште. Ако не направиш нешто конструктивно со нив, ќе те одведат директно во бездна. Мојата моќ отсекогаш зависи од мојата способност да се држам себеси надвор од таа провалија. од Мишел Обама Обама е автор на Светлината што ја носиме, од кој овој есеј е адаптиран.
- Револуционерната моќ на женското пријателство за време на празниците
„Може ли да те прашам нешто?” гласи порака од мојата блиска пријателка Адриен. Таа секогаш почнува вака, прашувајќи дали имам простор да слушнам нешто и да се вложам. Понекогаш тоа е борба со која таа се справува, понекогаш е непријатност, понекогаш радост. Само откако ќе одговорам со „да“, таа ќе сподели. Рано сабајле е, па сè уште не сум расонета. Ми возврати порака „Да, се разбира. Дозволете ми прво да се напијам кафе“. Таа испраќа емотикон со дигнати палци. Се спуштам по скалите покрај прозорецот, гледајќи свеж слој снег од претходната ноќ кој падна на планините Васач во Јута. Ги приклучувам светилките на елката, ставам кафе во машината за кафе, а потоа го притискам копчето за почеток. Чекајќи да се свари кафето, мислам на едноставната практика на прашување на Адриен која беше модел за комуникација со почит, граници и самоефикасност. И како, на големи и мали начини, преку нивните зборови и присуство, моите пријателки ме научија како да живеам, обликувајќи го мекиот простор на сепството. Јас не сум сама во ова. Истражувањето од 2010 година, „Женски пријателства на колеџ: Надолжен поглед“, од Ана М. Мартинез Алеман, покажа дека женските пријателства се „место за проценување на значењето на себе и на реалноста, место за искуство на различни перспективи и гледишта, и можност за раст преку меѓузависност“. И една понова студија за феминизам и психологија од 2020 година покажа дека женските пријателства се „место на леснотија, бегство и засолниште“. Џејн Фонда го повтори ова на седенката „Жените во филмот на Санденс“ во 2015 година, споделувајќи дека нејзините женски пријателства помогнале „да го задржам скробот во мојот рбет“ во текот на нејзината долга и неверојатна кариера во Холивуд, само со тоа што можела „да се дружиме и да си помагаме“. Друга студија на Харвард од 2019 година, покажа дека најуспешните жени се оние со близок внатрешен круг на пријателки. Ова секако беше и моето искуство. Пред 20 години за време празничната сезона, ја изгубив мајка ми од зависност на опиоиди. Бев во раните 20-ти години, и набргу откако таа умре, се омажив, се преселив на речиси 2.000 милји подалеку од Питсбург, Пејсинг, во Парк Сити, Јута и го основав своето семејство. Првите неколку години, особено околу празничната сезона, без мајка ми беа комплицирани. Некои од нејзините традиции ми донесоа утеха, како што е украсувањето на дрвото со неа и старите лимени украси на баба ми, или правење синџир за одбројување, како што правеше за мене, од црвена и зелена хартија за моите деца. Но, многу други ме оставија во огромна тага. Иако повеќе не бев религиозна, копнеев да седам до неа во топлиот сјај на полноќната миса. Или да разговараме додека правиме пити од тиква. Или да остануваме будни до доцна додека разговараме во близина на осветленото дрво. На повеќе начини не сакав да имам никаква врска со традициите на мајка ми. Нема никаква врска со неа. Бев лута на изборот што го направи. Лута, што ја немаше. Бесна, што не знаев како да ја спасам. Тој гнев долги години ме чуваше од сеќавањето на неа. Ме направи неспособна да ја вратам во моето секојдневие. Ме чуваше далеку од нејзините празнични традиции. Но, утрово, по мојата прва шолја кафе, ѝ одговорив Адриен во порака: "ОК! Сега сум доволно кафеинизирана. Добро утро!" Таа враќа „Хаха“, а потоа „Што сакаат децата за Божиќ?“ Испраќам скриншот од маица и игра. Таа испраќа срце. Потоа добивам нова порака од друга пријателка, Емили. „Добро време е да разговараме утрово?“ Јас одговарам: „Да! Само почекај да ги одведам децата на училиште. Ќе ти се јавам кога ќе го шетам кучето“. Навлекувајќи ги моите чизми, телефонот повторно вибрира. Овој пат, тоа е Џилијан. „Ќе бидеме во град за празниците. Вечера кај вас?“ „Да!“ враќам на пораката. „Јавете се кога ќе пристигнете“. Во студијата „Жените кои прават пријателства“ од 2010 година, научникот по социологија Ајлин Грин ја испита важноста на слободното време и разговорите, особено со други жени, како клучно место на нашата самоконструкција. Таа тврди дека „рекреативните контексти, особено оние со други жени, се важен простор за жените да ги прегледаат своите животи; да ја оценат рамнотежата на задоволствата и активностите преку контрадикторни дискурси кои вклучуваат и „отсликување“ на сличностите и отпор кон традиционалните женски идентитети“. Во редицата за автомобили кои ги носат децата во школо, ги туркам децата, ранците и и облеката за снег надвор од вратата, го наоѓам контактот на Емили и се сеќавам на тие први празници како нова мајка - кога проаѓаше, често со кутија специјалитетни пива. Или садници од нејзината зимска градина. Или колачиња од локалниот пазар. Она што таа го носеше, на многу начини, не беше важно. Она што беше важно беше дека таа ќе седнеше со мене и моето неутешно бебе на каучот и ќе разговараше, ќе се смееше и ќе плачеше со часови. И оттогаш, поминавме години споделувајќи разговори за време на прошетки, вечери, пијалоци и патувања. Ѝ се јавувам, и само слушам додека таа ги споделува нејзините проблеми за патувањето за да ги посети родителите на сопругот, за време на празниците. Не ѝ треба мојот совет, само малку простор околу идеите што ги формира - стратегии за здрави граници, начини да го обезбеди времето за сама себе што знае дека ќе и треба. Таа вели дека е убаво да се зборува за сето тоа. И кажувам како е убаво само да се слуша. Студија од 2021 година ја истражуваше биохемијата на овие размени, откривајќи дека пријателствата меѓу жените ослободуваат смирувачки хормони, помагајќи да се негираат влијанијата на стресот. Емили ми се заблагодарува што ја слушав, вели дека се чувствува подобро, појасно за тоа што и треба. На крајот од нашиот повик, почнуваме да планираме заедничко патување за пролет. Јас и велам дека ја сакам. Таа вели дека и таа ме сака мене. Назад дома, конечно стигнав до мојата работна маса, за да работам за тој ден. Се појавува мејл од мојата пријателка, Нала. Тоа е нејзиниот билтен за нејзината работа со тага со наслов: „Нашите сакани не се изгубени! Зборувајќи со нашите предци“. Кликам да го отворам. Тоа е интелигентно, промислено истражување на начините на кои го користиме јазикот за да зборуваме за нашите починати сакани - изгубени, исчезнати - создавајќи исклучување наместо врска, тврди таа. На крајот од мејлот, таа го охрабрува своите читатели, да разговараат со љубов со нивните мртви. Таа не потсетува дека сме мешавина и продолжение на сите наши претходници. Учам дека сум збир на сите жени кои живееле пред мене. Дефинитивно мајка ми. Особено моите пријателки. Оваа празнична сезона, нема да готвам сложени празнични вечери во нејзина чест. Нема да одам на полноќна миса или да ги шетам моите две мали деца низ земјата, да ги носам на големи семејни собири. Но, ќе се приближам до споменот на мојата мајка, поради љубовта и поддршката на жените во мојот живот. Ќе закажам телефонски состанок со Адриен, вклучувајќи ги и моите деца за да можат да и се заблагодарат за подароците. Ќе ѝ направиме елаборирани домашни картички со заблагодарување, сместени во подарок што ќе го испратиме по пошта. Ќе се видам со Џилијан на муабет, на едноставен домашен оброк додека е во градот, уживајќи во времето што го поминуваме заедно. Ќе побарам мали подароци за Емили - книги што знам дека ќе ѝ се допаднат, локални производи за туширање, смешна разгледница за свекорот. И ќе го следам поттикот на Нала - ќе направам мала олтар со фотографии од баба ми и мама, додавајќи оваа година и фотографија од татко ми. Ќе запалам свеќа за секој од нив, ќе разговарам со нив со љубов. И можеби ова е најдобриот подарок што можеме да си го понудиме еден на друг, нашето присуство и убави зборови. Во култура и сезона што може да се чувствуваат толку трансакциски, да се биде обликуван и негуван од сочувствувачкото внимание на вашите блиски, имам чувство дека е револуционерно. Од Ребека Бренер 22 декември, 2022 Бренер е автор и ко-основач на Mindful. Summit County, непрофитна организација фокусирана на поместување на обмисленоста на грижата за себе, во грижа за заедницата.
- КСП Центар - Јадро го носат првиот македонски Верзуз со Ненад (Брус) vs Марко Зад Аголот
- Марко! Среќен роденден! - Фала многу! - одговара речиси веднаш. Марко и јас не се знаеме и ова нѝ е прв муабет. Со Дива разговорите во ова кратко време што постоиме, откривме дека колку името е поголемо (во влијание, колку време функционира во одредена кариера) толку е полесно да се зборува со тој или таа, и да се договори што и да треба да се договори, па дури и едноставно одговарање на прашања. Оние кои уште работат да стигнат до статусот на овие првите се најкомплицирани и многу едноставни ситуации стануваат сложени и тешки. Па настрана што ми измами насмевка, со ведриот дух – ѝ заблагодарив на која и да е виша сила, за лесниот муабет. Дива: Tap your gloves (нели како боксерите) – зошто ќе победиш утре? Марко Зад Аголот: Нема да победам затоа што не се натпреварувам со никого освен со себе. Со Нено сме пријатели и ќе направиме една интересна работа што нема да ја очекуваат луѓето. Со Нено работиме повеќе од 20 години и направивме доста култни песни за македонската хип хоп сцена. Дива: Дали тоа значи дека во еден момент Верзуз ќе биде во рамките на една иста трака/песна? Марко: Неее! Нека има тајна. Скопје веќе нема дискотеки. Се надевам дека ќе дојдат луѓе да се дружиме и да испиеме по некое пивце. Дива: Гарант. И се надевам дека журката ќе продолжи. Марко: Па двајца продуценти и еден диџеј сме. Додека не нѐ избркаат таму сме. Овој „двобој“ (со рима :) ) не е многу различен од неговиот пандан по кој го земаат урнекот: Верзуз (Verzuz). Тој почна за време на карантинот на Инстаграм Лајв, кога сите бевме заклучени дома, а сега е бизнис кој надмина милијарда долари и ја бранува културата до ден-денес. Многу натпревари на Верзуз почнуваат како среќа во несреќа. Оригиналниот Verzuz започна во март, кога упатите за останување дома ефективно ги затворија клубовите насекаде и се најдовме како се движиме низ Инстаграм за да видиме кој што прави на Лајв. Една вечер, Тимбаленд (Timbaland) се појави на Инста, се блесавеше, танцуваше и пушташе од плочите што ги правеше додека тепаше време во своето студио. Одеднаш, тој му викна на својот брат Свиз (Swizz Beats): „Каде си?!“ Поканата ги наведе да одат заедно во живо следната вечер на епски петчасовен маратон во кој тие наизменично ги свиреа своите најголеми хитови и разменуваа приказни. Форматот се чинеше како нов - дел како ноќно излегување во клуб, дел документарец од типот „која е приказната позади сцената“ и, над 20.000 фанови се вклучија, а до пролетта 2020 Верзуз беше означен како самостоен бренд. Шоуто на Инстаграм брзо стана една од најголемите успешни приказни на пандемијата, бидејќи Свиз и Тим ги искористија своите врски за да ги спојат сè поголемите битки од соништата низ R&B, хип-хоп, госпел и денсхол. Легенди како Џил Скот против Ерика Баду. Нели против Лудакрис. Снуп Дог против DMX. Гледис Најт против Пети ЛаБел, твитерџиите со љубов ја нарекоа #AuntieChella (дадачела). Во свет каде што ноќниот живот не е одржлив, луѓето планираат да гледаат Верзуз како легитимни забави на интернет, да ги рангираат нивните омилени песни и отворено да фантазираат на Твитер, што би носеле и што би било соодветно за периодот, доколку ги напуштат своите дневни соби. Но, вистинската магија на Верзуз е спонтаноста, чувството дека сè може да се случи. Кога Баунти Килер се спротивстави на Бини Мен на битка во лице во Јамајка, на пример, нивниот настап беше толку збрлавен што полицијата се појави и се обиде да го исклучи. „Дојди џандарр ае да те видиме“, се појави Ријана во коментарите додека половина милион гледачи гледаа во неизвесност. „Кажете ѝ на полицијата да оди домаа!“. Полицијата набрзо попуштила, а забавата продолжила. „ Без најава, 30.000 луѓе гледаа. Тоа е без флаер, тоа е без ништо. Тоа сме само ние таму горе само што одиме. Ангажманот [на Instagram Live] обично е 30, 40 секунди - не четири, пет часа. Луѓето останаа наоколу додека губам Wi-Fi и го носам до автомобилот и се качувам по ридот и го правам тоа од автомобилот. Знаевме дека имаме нешто. Почнавме да добиваме телефонски повици, а потоа јас и Тим кажавме: „Ајде да продолжиме со оваа работа и да ги славиме писателите, продуцентите и музичарите“. Во моментов Верзуз има форма на вебкаст и ставен е позади пејвол (се наплатува за да се гледа), за да може да се одржува и да има смисла, финансиски – нашиот прв Верзуз е без некое посебно изненадување – спонзорирано од Министерство за култура. Се чини дека не можеме да избегаме од зависноста на фондови, грантови, донатори...Опцијата е да се функционира сосема волонтерски, што не е фер кон никој од оние што професионално се занимаваат со кулурата наспроти само како хоби. Јадро не е многу тешко да се заклучи дека се пример како се користат тие пари одговорно и онака како се замислени – чисто по критериумот: културната игла на македонската сцена ја поместуваат конзистетно, постојано и квалитетно. Или сосема симплистички: да беа сите корисници на парите наменети за македонската култура, „пред гранапче“ муабетите, но и кои ги читаме деновиве по колумни и слушаме на пословичните „пред гранапче“ - нема да постоеја. Е сега за македонската хип-хоп сцена.. Веројатно сосема аналогно со светските трендови, тие во моментов се доминатната музичка сила, она што до 90-те беше рокот (и сите негови гранки). Македонските хип-хопери се овде, речиси од зародишот на самиот хип-хоп и во моментов е толку богат, што е невозможно да се пофаќаат конците набрзинка. А Ненад Брус од хип-хоп продуцент преминува во рок ѕвезда (Foolish Green) без да изгуби чекор. Меѓутоа Марко Зад Аголот поточно Марко од Зад Аголот, и Ненад (Брус) се хип-хоп ветерани. Во најавата на Јадро убаво и концизно е тоа објаснето – сосема нетипично за мене: „Марко Зад Аголот како продуцент е активен од 2001 година, период во кој има работено музика за СВП (Бранко и Марко во разни постави), Исток Запад, Зад Аголот (Римиски Масив, Длабока Трага, Контра Напад, Паки), СТР 2, Страјк, ЛД Пистолеро, Бвана (Србија) и многу други. Прави рап мрсен и хромски! Ненад Стефаноски ја започнува својата музичка кариера на рана возраст кон крајот на 90тите и оттогаш како композитор, вокалист, инструменталист и музички продуцент учествува и соработува во бројни музички изданија и живи настапи, меѓу кои се проектите на Фулиш Грин, Легијата, Гринаут, СТР2, ЛД Пистолеро, САФ, Џака Накот, Против Сите, и колаборација со многу домашни и странски артисти (копродуцент, аранжер, вокал, итн.). Покрај учеството во бројните проекти на македонската популарна музичка сцена, тој работи и како композитор и саунд дизајнер во областа на филмот, телевизија, театарски претстави, адвертајзинг и веб содржини. Покрај горенаведеното, тој повремено настапува и како диџеј, инспириран од македонската забавна музика од минатиот век. Важи и за собирач, селектор и промотер на македонската евергрин музика која потекнува од 50-тите години па навака.“ Го прашавме Ѓорги Пулевски од КСП Центар-Јадро: Од активностите кои ги следиме, хип-хопот ви се измолкнал? Кој е мотивот да се свртите кон овој жанр/движење? Ѓорги: Ние како културна установа од самиот старт од пред три години имаме програмска линија која се занимава со хип-хоп културата во Македонија. Одржавме 6 дискусии за хип-хопот, како што се на пр.техничките аспекти на пишување со Tonyo San, конфликтната позиција на феминизмот во рапот со Ивана Смилевска. Покрај тоа имавме 8 месечен бесплатен курс за аудио продукција со Владимир Аговски Аго за 20 учесници, рап концерти на Кацар и Бибич и можеби нашиот најмбициозен проект - рап демо конкурсот со Гоце Саф, Аго и Druggy. Oва е концертот во нашиот простор од сите избрани новајлии. Во однос на Версуз битките и минатата година имавме ист ваков концерт со Кискинов vs Druggy. Центар-Јадро продолжува да ја негува и омоќува оваа култура. Драго нѝ е што можевме ова да го разјасниме! На прашањето: „што посакувате и се надевате утре да се случи на настанот?“ Ѓорги: Настанот првенствено е еден вид на славење и оддавање почит на работата на Ненад (Брус) и Марко од Зад Аголот. Тоа се сериозни имиња во изградбата на македонската хип хоп култура преку нивните ритами, продукции и рапување. Тие имаат изградено свој стил, израз и печат кој продолжува да инспирира генерации. Настанот е замислен како еден мегдан во кој ќе може да се погледнат варијациите и деталите во нивната работа. Тоа се двајца артисти кои се многу блиску генерациски и па би рекол дека се блиску и хронолошки во својот творечки период. Настанот всушност ќе направи дистинкција во нивниот пристап и краен продукт, но истовремено и еден механички консензус за нивниот квалитет. Дали ќе биде само овој настан (или ограничен однапред одреден број)? Ѓорги: За оваа година не планираме уште еден настан, но кај нас програмата е динамична и секако може да претрпи измени. Па " Draga braćo, MC'ji, Dj'i, Braker-i, Writer-i" – топката е на ваш терен. Знаете дека Јадро се во ваш тим и можеби може сликата да се сврти од друга перспектива. А за нас како публика првиот чекор е во петок во 20:30 пред Јадро.
- Рон Финли - гангста градинарот - за моќта на градинарството
Изненадувањето беше толку големо кога хортикултурниот гангста градинар за Дива одговори, што сосема занемаривме да ја искористиме приликата да потпрашаме и повеќе :) … Рон Финли почнал да се занимава со градинарство кога приметил во сиромашните населби порака на патлиџаните “можно е да има лак за дрво”- за да изгледаат посјајно. Следниот пресуден момент - кога го уапсиле затоа што засадил цвеќе на плочникот “кога има ѓубре е во ред, но кога има цвеќе е нелегално?!” Неговиот ТЕД разговор има преку 1 милион прегледи на Јутјуб и од тогаш станува еден од најголемите и најгласните еко- активисти!
- Животот на Џери Ли Луис во Рок ЕН Ролот
Луис, кој почина на осумдесет и седумгодишна возраст, во петокот, беше последниот преживеан од генерацијата во која беа Чак Бери, Елвис Присли и Литл Ричард. Израснат во пентекостално христијанско семејство во Феридеј, Луизијана, тој отсекогаш знаел дека свири ѓаволска музика. Тој се насладуваше со тоа. Присли имаше супериорен глас, а Бери и Литл Ричард ги смислија речиси сите карактеристични инструментални фрази од ерата. Но, Луис имаше сѐ. Тој можеше да напише или, како Елвис, да ја создаде дефинитивната верзија на туѓите текстови. Тој пееше со беспрекорна сила и убедување. Тој свиреше на пијано на начин кој беше и мелодичен и перкусивен. Пред сè, Луис приреди пеколно шоу. Долго пред Тhe Who да ги искршат иструментите, или Џими Хендрикс да свири гитара со забите,Луис свиреше пијано со неговата петица, или лактот во ритам на музиката. Темпото на неговите концерти, се забрзуваше како автомобил залетан по удолница без сопирачки. Дури и во годините на опаѓање, тој ја носеше публиката во состојба на дива непромисленост од кое операторите на концертните сали и службениците од осигурувањето секогаш се плашеа. Луис беше конкурентен со своите генерациски ривали. На почетокот на неговата кариера, тој беше изнервиран, што Бери беше награден со завршното место за време на серијата концерти на кои тие беа хедлајнери. Една вечер, кажува легендата, Луис извадил шише Кока-Кола наполнето со бензин и го истурил на својот клавир. Тој го запали инструментот и продолжил да ја свири „Great Balls of Fire“. Кога заврши, излезе од сцената и му се потсмеваше на Бери: „Надмини го ова!“ рекол тој, додавајќи гнасна навреда. Во доцните педесетти, додека Елвис беше во странство во војска, Луис беше подготвен за доминација, но тој лошо се поткопа себеси кога новинарите открија дека се оженил со својата малолетна братучетка Мира Гејл Браун, додека сè уште бил во брак со друга жена. Во типично бесмислено објаснување, тој му рече на новинарот за Wall Street Journal многу години подоцна: „Веројатно ќе го уредев мојот живот малку поинаку, но никогаш не криев ништо од луѓето“. Деловниот и музичкиот свет беа двосмислени со Џери Ли Луис: тие го посакуваа неговиот непогрешлив талент, но сакаа да држат дистанца. Во студио, кога снимаше за Мекдоналдс, во 1982 година, тој ја отсвири „Great Balls of Fire“, но пееше и стихови како „Goodness, gracious, Big Mac and fries“ и „some cool thick shakin’ going on“. Додека вампуваше на крајот од џинглот, тој ги поттикна слушателите: „Кажете им дека Убиецот ве праќа“. Кети Алтман, авторката која ги напишала новите стихови за рекламата, признала дека нејзината агенција не сакала јавноста да знае дека ова е навистина Џери Ли; тие само сакаа луѓето да мислат дека звучи како него. „Ако мислите на рокенролот, мислите на една жива личност“, рече Алтман: „Џери Ли Луис. Сакавме ова да звучи правилно, да се чувствуваме како што треба“. А потоа, славно, додаде: „Клиентот не сака и ова да се идентификува со него. Мислам, пиење, дрога, злоупотреба на деца. . .“ Рекламата никогаш не се емитуваше. Луис беше отворен околу неговите борби со алкохолот и дрогата. И тој беше подложен на нестабилно однесување, вклучително и пијан упад со барање за влез во Грејсленд вооружен со Дерингер од калибар 0,38. Тој ги објасни своите многубројни бракови (шест) како прашање на уметничка неопходност: „Знаев еден дечко еднаш, текстописец, ми кажа дека единствениот начин да напише уште една добра песна е да донесе нова жена или нова девојка и да му го загорчи животот“. Она што навистина го изнервира Луис е недостаток на реакција на сличното однесување на Елвис. „Не сакам да звучам како да не ги почитувам мртвите“, рече тој, „но нека се ебе Елвис“. Во анализата на Луис за ситуацијата, тој беше осуден иако на никој не му пречеше дека Елвис почнал да излегува со Присила Ен Болие во Германија, кога и таа била малолетна. Кога некој спомна дека Присила имала четиринаесет години, но не била братучетка на Елвис, Луис се налутил. „Застани под итно! “, рече тој. „Тој не беше во брак со неа. Јас бев оженет, бидејќи бев чесен, богобојазлив човек“. Извор: Том Зито, The New Yorker Том Зито е поранешен писател и музички критичар на Вашингтон пост. Живее во Сан Франциско, Калифорнија.
- „Круната“ има нови Дијана и Чарлс да ги растргне во петтата сезона
Последната сезона го следи колапсот на бракот на кралското семејство. Во заедничко интервју, Елизабет Дебики и Доминик Вест разговараат за предизвикот за преземање на овие улоги и за темелниот увид што го доби шоуто по смртта на кралицата Елизабета. Доминик Вест и Елизабет Дебики ги преземаат улогите на Чарлс и Дијана во новата сезона на „Круната“, почнувајќи од среда на Нетфликс. Доминик Вест и Елизабет Дебики немаа илузии за очекувањата и предизвиците со кои ќе се соочеа како најновите инкарнации на принцот Чарлс и принцезата Дијана во „Круната“. На крајот на краиштата, нивните претходници во улогите, Џош О'Конор и Ема Корин, освоија Златен глобус и Еми за нивните портрети во 4-та сезона. поглавје од приказната за Чарлс и Дијана: болната јавна имплозија на нивниот кралски брак. Сезоната 5 на „Круната“, која пристигнува во среда на Нетфликс, е сместена за време на врвот на нивната огромна брачна збрка на почетокот до средината на 1990-тите, кога аферата на Чарлс со Камила Паркер Боулс и интервјуто на Дијана со Мартин Башир - што ја вклучуваше нејзината поплака која гласеше „бевме тројца во овој брак“ - беше како создадена таблоидна помија. Серијата веројатно никогаш не пресоздала настани, како што ги замислил креаторот, Питер Морган, за кои толку многу гледачи веќе имаат силни чувства. И тогаш, на почетокот на септември, смртта на кралицата Елизабета Втора уште повеќе ја вжешти ситуацијата, бидејќи некои од високите субјекти на нејзиното височество го насочија внимаието кон серијата. Поранешниот премиер Џон Мејџор изјави за Дејли Меил дека луѓето треба да го бојкотираат шоуто и рече дека сцената во новата сезона, во која неговиот лик се среќава со Чарлс, кој се залага за абдицирање на кралицата, е „ штетна и злонамерна фикција“. Џуди Денч, пишувајќи за лондонскиот Тајмс, повика на додавање на оградување од одговорност на почетокот на секоја епизода, додавајќи дека Нетфликс „се чини подготвен да ги замагли границите помеѓу историската точност и грубиот сензационализам“. „Се чини дека вознемирува многу луѓе“, рече Вест со нервозна смеа во неодамнешното видео интервју со Дебицки. „Ако некој би помислил дека не чувствуваме огромна одговорност, тогаш би згрешил“, додаде Дебицки. Во интервјуто, Вест во Англија и Дебицки во Шпанија зборуваа за навигацијата на јавното мислење, приоѓањето кон нивните ликови со сочувство и зошто е важно што облекла Дијана. Ова се уредени извадоци од разговорот. Колку е тешко да се глуми приказна за која светот чувствува дека веќе ја знае? ДОМИНИК ВЕСТ: Свесни сте дека сите имаат силно мислење за тоа што се случило и на чија страна се. Тоа е помалку како минско поле. ЕЛИЗАБЕТ ДЕБИКИ: Од актерска перспектива, тоа е навистина интересна вежба бидејќи луѓето го носат своето живо сеќавање во оваа приказна. Никогаш не сум била дел од такво нешто. Тогаш кралицата умре додека двајцата ја снимавте сезоната 6 во Барселона. Каква беше вашата реакција? ДЕБИКИ: Секогаш ме чуди колку брзо се движи историјата, колку брзо се случуваат промените. Тоа шокира. Сите бевме многу длабоко тажни и паузиравме со снимањето. И тогаш таа прекрасна редица почна да се формира, со сите тие луѓе од толку различни општествени сфери и возрасти и способности кои минуваа покрај тој ковчег, и тоа апсолутно ме вџаши. ВЕСТ: Се сеќавам дека почувствував каква неверојатна смрт, каков неверојатен ефект и каква неверојатна, единствена светска фигура. Но, исто така, она што беше интересно е дека голем дел од сезоната 5 прашува „Дали Чарлс ќе стане крал?“ Во 90-тите, многу луѓе зборуваа: „Мислам дека тој не е вистинскиот човек“. Потоа се случи, и беше неверојатно колку брзо и веднаш сите го прифатија како нов крал - и без сомнежи. Се чинеше дека толку многу од превирањата што ги претставувавме за Чарлс, дали тој некогаш ќе ја исполни својата судбина, беа одговорени во тие неколку дена. Дали имаше брзински препишувања на сценаријата по нејзината смрт? Некое дотерување на репликите во приказната? ВЕСТ: Го прашав Питер или Нетфликс неколку пати минатата година: „Што ќе се случи кога кралицата ќе умре? И тие рекоа: „Па отприлика ништо“. Бев изненаден кога таа умре дека немаше чувство на: „О не, ох боже, бевме ужасни“. Она што ми го утврди беше степенот на почит со кој писателите и сите ги земаа овие приказни и овие фигури. Утешно беше тоа што немаше чувство дека треба да се преиспитаат работите. Дали расположението се промени на снимањето? ДЕБИКИ: Се смени. Мислам дека повторно го активираше чувството на намера. Се чувствувам како да има, ако сум искрена, многу тага. Вистинско чувство на загуба. Многу луѓе со кои разговарав беа изненадени од тоа колку длабоко беа погодени од тоа. Колку од вашите сопствени спомени за Чарлс и Дијана донесовте во овие улоги? ВЕСТ: О Боже мој, јас бев кралски набљудувач, откако тие се венчаа. Бев опседнат со Дијана. уште сум. Сигурно имав 10 или 11 години. Се сеќавам дека планирав со двајца пријатели да се обидеме да одиме и да кампуваме за да ја видам - сега е прилично тажно да се поврземе. ДЕБИКИ: Моето прво сеќавање од овој период беше, како што мислам дека многу луѓе на моја возраст, го доживеаја погребот преку реакцијата на твоите родители на него. Тоа е посебен спомен за мене. Дали откривте дека како што поминувавте повеќе време за играње на овие ликови, вашите перспективи за нив и нивните проблеми се променија? ВЕСТ: Мислам дека тоа е една од придобивките од драматизирањето на овие настани сега. Луѓето велат: „Зошто треба повторно да ги разгориме овие настани? Тогаш немаше перспектива. Разводот, па дури и смртта на Дијана - ни требаа 25 години или колку и да поминаа, тоа да го процесираме. И интересно е што мислиме сега и како можеме да бидеме многу поумерени во поглед на тоа. Има корист од ретроспективата. Чарлс е доста контроверзна ролја во начинот на кој е прикажан. Бев вклучен во Хуманитарната организација на принцот и навистина му се восхитувам на работата што ја завршува за нејзе; Не сакав да го загрозам тоа на кој било начин. Но, јас сум се́ повеќе и повеќе убеден дека тоа не го загрозува тоа или било која врска со кралското семејство. Џош О'Конор рече дека клучот за играње на Чарлс е неговото држење, кое станува сè понаведнато, како товарот на круната и неодобрувањето на неговата мајка да му тежат на главата. Дали некој од вас имал одредени особини што сте ги користеле за да ја сфатите суштината на вашиот карактер? ВЕСТ: Џош беше како желка, и тоа е толку ефективно. Па јас некако ја задржувам таа поза. Начинот на кој [Чарлс] ја допира својата облека и секогаш се превира и допира- сфатив дека тие нервозни гестови е единствениот начин на кој можете да продолжите да изгледате беспрекорно. Гласот беше некако со затворена уста, држејќи ги забите затворени - на некој начин психологијата на некој кој е многу внимателен што зборува. И тој секогаш покажува со прстот, и сфатив дека е навистина паметна техника кога минува низ гужва. Тој покажува кон луѓето и може да направи луѓето да се чувствуваат како да воспоставиле врска. Затоа прифаќам многу од посочувањата. ДЕБИКИ: Тоа беше навистина мојата омилена работа. Се сеќаваш ли колку пати во сцените те замолував да престанеш да покажуваш на работите? [Се смее.] Имаме тренер за движење во „Круната“ и нејзината работа е да ни помогне да се запознаеме со физичките карактеристики што им се припишуваат на овие луѓе. Ако сакате да се задлабочите, одделот за истражување може да ви обезбеди огромна количина на архивски снимки. Обожавам да гледам навистина сирови, несечени снимки, каде што само овие чудни мали филмски ленти траат, нешто како 40 секунди, а тие двајца излегуваат од автомобил. Има толку многу на располагање, па изгледав многу од тоа. Колку може да се каже и колку останува недоречено, а како тоа се манифестира во телата, е многу интересно за актерите да го сработат. Можеби ова е глупо прашање, Елизабет, но како е да се носи неверојатната облека на Дијана? ДЕБИКИ: Мислам дека не е глупо затоа што е многу голем дел од ликот. Фасцинантно е што некого го прави иконичен, нејзината гардероба гардероба ја направи во икона. Принцезата Дијана беше толку иконична и толку кул - онака ку, како што никогаш не би можела да бидам. Тоа произлезе од неа во оваа смисла: „Ќе создадам наратив кој е одделен од оној за кој можам да зборувам, и тоа ќе го направам со мојата облека“. Колку беше тешко да се совлада препознатливиот поглед на Дијана? ДЕБИКИ: Не толку тешко како што некој би помислил. Тоа доаѓа, можеби малку алармантно, природно. [Се смее.] Доминик, сега кога принцот Чарлс е кралот Чарлс III, дали сметате дека го играте поинаку? ВЕСТ: Се надевав на покачување на платата, но... [се смее]. Ова е само прекрасна храна за мене. Соголувачките гестови, малото раздразливо протечено пенкало. Бев едноставно залепен за неговиот Совет за пристапување. Видовте зошто „Круната“ и монархијата толку ги фасцинираа луѓето. Кој знаеше за стрелците што излегуваат и ја бранат кралицата со лак и стрела? И сите овие извонредно таинствени луѓе се појавија кои вежбале, се испоставува, секој месец во последните 200 години. Чајна забава на Лудиот Шапкач. [Се смее.] Ако британските вооружени сили не се можеби она што беа на светската сцена, тие се секако светски моќници во церемонијата, ритуалот и помпезноста. Сè уште сме добри во театар. Извор: New York Times, 2022
- Балканскиот интернет полека се сели на Мастодон
Ода на Твитер Збрлавениот милијардер можеби стави крај на Твитер како што го знаевме, но тоа не мора да значи дека им одѕвони на можностите за градење заедници што направи многумина од нас и да го засакаат. Во моментот кога го пишувам ова (средината на ноември), тешко е да се поверува дека поминаа само три седмици, од надреално глупавиот момент кога Илон Маск триумфално влезе во канцелариите на Твитер носејќи мијалник (веројатно со намера да насмее илјадници дванаесетгодишници со буквален превод на онлајн зезалицата "let that sink in"). Во тие три недели моментално најбогатиот човек на светот го отпушти надзорниот одбор, повеќето директори и над пет илјади вработени на Твитер (50% од работната сила) и непознат број индиректно вработени работници кои извршуваа исклучително важна работа за модерирање на социјална мрежа. Уште кога првпат се приклучи на компанијата, Илон секојдневно донесува куп навидум избезумени одлуки, барајќи од програмерите да го испечатат целиот код што го напишале последните месеци (така што, претпоставувам, лојалните инженери што ги донел во од Tesla и SpaceX би го процениле тоа врз основа на должината), до спектакуларно хаотичното воведување такси за верификација, што доведе до повеќемилионски загуби за компаниите кои одеднаш се најдоа во ситуација кога секој со осум долари може да отвори профил на Твитер кој изгледаше еднакво официјално како и нивните. Но, сето ова е кулминација на повеќемесечната борба, да се извлече Илон од купувањето на највлијателната социјална мрежа во светот. Нејасно е точно зошто пролетва, одлучи да плати 44 милијарди долари за Твитер (и тоа 44 милијарди долари што ги немал), но набргу по неговата првична објава, тој почна да бара причини да ја откаже продажбата. Од друга страна, надзорниот одбор на Твитер релативно брзо ја прифати понудата Маск целосно да ја преземе компанијата, која дотогаш беше во сопственост на акционери. Тоа не е чудно, со оглед на тоа што Твитер е познат по загубата - во 2019 година за првпат ја заврши годината со профит, па од перспектива на надзорниот одбор оваа понуда е веројатно единствената што би можела да врати дел од вложените пари на инвеститорите. Маск потоа се предомислил и со месеци се обидуваше да излезе од продажбата, вклучително и обидот да го убеди судот дека бил измамен затоа што Твитер не му дал точни информации за присуството на ботови на платформата. Таа тужба пропадна и така стигнавме до тоа да влезе во зградата на Твитер во Сан Франциско на крајот на октомври. Маск на крајот ги собра парите со помош на заем за кој ги заложи акциите на Tesla, но и голем број партнери, меѓу кои и саудискиот принц Алвалид бин Талал и државниот фонд на Катар. По масовните отпуштања и целосно хаотични неколку недели, сè уште е целосно нејасно која е целта на Илон. Тој најави дека сака да го претвори Твитер во „оаза на слободата на говорот“, а првите резултати од неговите потези покажуваат дека оваа слобода е резервирана само за неговите следбеници, кои сега главно се состојат од трговци со криптовалути (кои се уште едно „хоби“ на Илон ") и десничарски тролови (како корисникот @catturd со кој Илон се допишува и разговара за потезите што планира да ги направи во неговата нова компанија). Но, иако отстранувањето на проверените корисници кои го исмејуваа покажува дека разбирањето на слободата на говорот на Илон е повеќе слично на она на диктатурите во Заливот, кои помогнаа да се финансира купувањето на Твитер, отколку, на пример, со дефиницијата што се наоѓа во Уставот на САД, не е сосема јасно дали Илон има конструктивни намери за Твитер, или навистина преку ноќ, тој се обидува да уништи социјална мрежа која имаше невидено глобално влијание во текот на своите петнаесет години. Без оглед на тоа дали Твитер ќе згасне до крајот на годината, што е апсолутно замисливо во моментов, или дали ќе живее како оаза за теоретичарите на заговор и љубителите на Тесла во годините што доаѓаат, штетата што ја направи Илон веројатно веќе не може да се поправи. Стотици илјади корисници, ако не и милиони, ја напуштија мрежата во егзодус каков што не сме виделе на Интернет со години. Сосема е невозможно да се шпекулира какви економски, социјални, геополитички и други последици ќе има овој процес, особено во контекст на правото на слобода на говор, известување за воени злосторства и кршење на човековите права. Твитер со години е главниот канал за известување од конфликтните зони, од Арапската пролет до војната во Украина. Но, овој текст не е за тоа, а богами ниту за Илон Маск. За позадината и резултатите од овој момент (лично, се надевам дека некој веќе прави документарец од типот на оној за Фајр фестивалот) веројатно ќе се пишуваат книги и документарни филмови. Наместо тоа, овој текст е многу личен, го пишувам затоа што зад сите актуелни приказни, зад сè лошо и трауматично - а знаеме дека лошите работи на Твитер не започнаа со Илон Маск - има безброј приказни за нас кои сме биле на таа социјална мрежа со години се дружевме, запознававме и градевме сопствени заедници. Ние не сме единствени во овој поглед - онлајн заедниците растат, живеат и се распаѓаат уште од првите BBSи (Систем на огласна табла) од раните осумдесетти. Но, пред да погледнеме наназад за да научиме нешто од тие претходни обиди, накратко ќе ви кажам што значеше Twitter за мене и како ме поврзуваше со нови и интересни луѓе низ годините. Зошто Твитер (беше) посебен? Во 2006 година, кога беше лансиран Твитер, одев во средно училиште. Активен бев во разни онлајн заедници веќе неколку години, прво на локални форуми за научна фантастика (кој бил таму ќе знае кои), а потоа и на блогови кои експлодираа во Хрватска во тоа време. Кога првично создадов сметка на Твитер, во септември 2007 година, никој сè уште не беше јасен за каква социјална мрежа ќе биде тоа или како да комуницира на неа. Ја нарекоа платформа за „микроблогирање“, па сите ги имитиравме нашите блогови од тоа време во 140 знаци (оригиналната граница од еден твит, врз основа на должината на една СМС порака). Но, дури и тогаш можеше да се види што, од моја перспектива, сè уште е клучен елемент за успехот на Твитер - за разлика од форумите и блоговите, на Твитер сите разговаравме со секого. Се разбира, не буквално, но мрежата органски се прошири преку системот за мониторинг, така што преку луѓето што ги следиме, запознаваме нови луѓе, без разлика на одредени интереси или што групите беа мали. Кога бев на форумите разговарав со обожавателите на Star Trek, на блоговите се дружев со фотографи затоа што одржував блог за фотографии. Кога дојдов на Твитер, одеднаш се дружев со сите! На почетокот беше лесно бидејќи бевме многу малку, особено на хрватскиот Твитер. Се поврзувавме спонтано, се дружевме на твит-ап состаноци и сè уште одржувам контакт со многу од нив, иако тие одамна го напуштија Твитер. Во 2010 година се преселив во Америка. Во првите неколку години повеќе не го користев толку активно Твитер, но остана мојата врска со луѓето од Балканот, можност редовно да комуницирам на мојот јазик, но и да следам што се случува во земјата од која заминав. Откако се преселив во Њујорк во 2014 година, Твитер беше клучен за мене да се вклучам во велосипедизмот и урбаниот активизам во тој град. Иако мојот профил стана двојазичен, како и мојот „вистински“ живот, до ден денес мојот роден Твитер остана најважната заедница што ја најдов таму. Се разбира, не постои само еден домашен Твитер - дури и на малото подрачје на поранешна Југославија има најмалку сто илјади активни корисници, веројатно повеќе. Но, можноста постојано да запознавам нови луѓе, спонтано, пишувајќи на свој јазик, беше исклучително важна за мене. Еден елемент на емиграцијата, за кој според мое искуство не се зборува многу, е стагнацијата на нови пријателства по долго отсуство од земјата од која заминав. Се разбира, ако се враќате дома релативно редовно (во мојот случај тоа е еднаш, двапати годишно по неколку недели), ќе запознаете некои нови луѓе, но можностите за развој на нови врски се ограничени со време. Твитер ми ја промени таа динамика - многу луѓе што ги запознав во Хрватска во последните години беа „обострани“ (луѓе кои се следат еден со друг на Твитер) на почетокот. Не го спомнувам како некакво уникатно искуство - во 2022 година луѓето ќе се запознаат преку Интернет на сите можни мрежи и канали, но посочувам дека за одредена група на луѓе, Твитер беше место кое , и покрај неговата токсичност, континуирано поттикнуваше позитивни односи кои се развија во пријателства. За раскинувањето и миграциите на мрежата Некои од нас почнаа да се подготвуваат за преселба уште во април, кога Илон првпат го објави купувањето. Немавме начин да знаеме што точно ќе се случи, но врз основа на неговата репутација, претпоставивме дека тој не планира ништо добро за нашата мрежа. Многумина отворија профили на Mastodon, децентрализирана платформа слична по функционалност на Twitter, но идеолошки и инфраструктурно сосема различна од неа, повеќе слична на децентрализираните заедници од претходните фази на онлајн комуникацијата. За некои тоа беше прв пат да минат низ колапс на мрежа, други поминаа низ повеќе такви фази, од MySpace, Tumblr (потенцијално доживува втора ренесанса преку колапсот на Twitter) и MSN, до безброј форуми, групи Usenet и ББСови. Немаше, и сè уште нема, консензус за тоа дали да се пресели на друго место, и токму затоа не верувам дека заедниците создадени на Твитер ќе опстанат во формата во која функционираа до октомври 2022 година. Некои луѓе ќе останат на Твитер до крај. Некои ќе одат на Mastodon, некои во Tumblr, некои помлади и покреативни на Tiktok, некои во приватни Signal и Telegram групи, некои во Discord. Некои едноставно нема да одат никаде, можеби ќе се посветат на пријателите во „вистинскиот живот“. Некои ќе си заминат, а потоа ќе се вратат. Како и со секое распаѓање, се случува да се употреби проблематичен, но изгледа соодветен термин - балканизација. Во академски контекст, балканизацијата се користи за да се опише фрагментацијата на територијата на помали делови. И откако секој ќе тргне по својот пат, ќе биде потребно многу време за повторно да се изградат односи. За разлика од многу геополитички колабирања, оваа може да има некои позитивни последици. Во средината на 2000-тите, Интернетот беше управуван од движењето Web 2.0. Акцентот беше ставен на платформите кои им овозможуваат на корисниците активно да креираат и споделуваат сопствена содржина - YouTube, Flickr (некогаш главна платформа за споделување фотографии), блогови, Facebook, Twitter се појавуваат во клучен период, кога Интернетот каков што го знаеме денес беше роден. Но, иако на почетокот, покрај отвореноста на платформите, акцентот беше ставен на отвореноста на технологијата, преку отворените API (интерфејси за комуникација меѓу платформите) и технологиите како RSS (со кои следевме блогови), во крајот, затворени централизирани платформи кои прераснаа во компании вредни десетици милијарди долари. Кога повторно почнаа разговорите за децентрализација, криптовалутите и блокчејнот го презедоа разговорот. Наместо децентрализација во социјална и политичка смисла, идеологијата што се разви во крипто-заедниците ги гледаше социјалните односи исклучиво во форма на парични трансакции. Случајно (или не?), заедно со колапсот на Твитер, во моментов сме сведоци и на имплозијата на FTX, една од најголемите платформи за размена на криптовалути. Со оглед на далекусежните последици од овој и други падови на пазарите на криптовалути, гледаме дека нивните приказни за децентрализација беа сосема невистинити - крипто-движењето ја централизираше финансиската моќ во компаниите контролирани од мала група луѓе, слично како финансискиот систем што го требаше да се замени. Оптимизмот на Мастодон Но, можеби сепак нешто се менува. Во еден куп опции, решив повторно да ја најдам и изградам мојата заедница на Мастодон. Иако веќе го опишавме како децентрализиран Твитер, Мастодон е релативно тешко да се објасни без да се навлегува во технички детали и жаргон што многу луѓе не ги разбираат. Затоа, ќе се обидам да го објаснам во социјална и економска смисла. Mastodon, кој е само дел од федиверзната платформа базирана на отворени стандарди, е платформа која, во однос на инфраструктурата и општеството, почива на волјата и напорот на корисниците да управуваат со неа, наспроти големите компании кои ни даваат „бесплатна “ услуга во замена за нашите податоци и нивна манипулација преку тајни алгоритми. Во практична смисла, тоа значи дека Mastodon е сличен на раниот интернет и пред-интернет, кога онлајн заедниците како BBS беа создадени по волја на неколку луѓе кои сакаа да комуницираат едни со други. Некои од нив би ја одржувале техничката инфраструктура, серверите и телефонските врски, додека други би ја ублажиле комуникацијата за да ја одржат заедницата здрава и функционална. Проблемите со кои денес се занимава Твитер, односно се справуваше додека Илон не ги отпушти модераторите - вознемирување, хомофобија и трансфобија, расизам и сè поголем број нацисти - се присутни уште од првите онлајн заедници. Но, операторите на тие заедници уште тогаш дознаа дека не постои такво нешто како безусловна слобода на говор - ако се толерираат токсични и омраза членови на заедницата, тие ќе ја уништат заедницата и ќе ги избркаат останатите. Во периодот на доминација на централизираните социјални мрежи кој трае речиси дваесет години, компаниите како Фејсбук и Твитер се обидоа да се справат со овој проблем со комбинирање на алгоритамска и рачна умереност, со постојано идеолошко мерење, со цел (неуспешно) да се избегнат обвинувањата за пристрасност. Резултатите се поразителни: со години знаеме дека алгоритмите толерираат расизам и редовно ги дискриминираат луѓето кои се борат против него, а социјалните мрежи се вмешани во клучните глобални скандали на нашето време, како што е документираното руско влијание врз американските избори во 2016 година. Mastodon и федиверзумот нѝ ветуваат нешто сосема спротивно. Лансиран во 2018 година, Mastodon полека расте. Во светот на технологијата и економијата во кој доминира идеологијата на Силиконската долина каде опциите се или да растат или да исчезнат, таквиот пристап е целосно анахрон. Наместо хектари централизирани центри за податоци во пустината како Фејсбук и Твитер, Мастодон е повеќе сличен на заедниците од 80-тите и 90-тите кои одржуваа и модерираа свои сервери. Но, она што го прави модерен и погоден за улета таму каде што заглави Твитер, е протоколот што им овозможува на овие заедници да комуницираат едни со други. Станува збор за принципот на супсидијарност - одговорноста за градење на заедницата - во технолошко-инфраструктурна и социјална смисла - се пренесува од ниво на глобална корпорација на групи корисници, а добро управуваните заедници, преку меѓусебна соработка, ја задржуваат целата мрежа здрава и функционална. Ако на еден сервер се појави група нацисти, добар модератор ќе ги избрка. Доколку тој модератор не успее и дозволи неговата заедница да се претвори во заедница на нацисти, администраторите на другиот сервер ќе ги блокираат. Барем така треба да функционираат работите. Дали Mastodon е подготвен за огромен прилив на корисници по имплозијата на Twitter, останува да видиме. Има неколку предизвици, технолошки и социјални, но и практични - Mastodon е сè уште релативно комплициран за новите корисници. Концептот на серверот е апстрактен по 20 години централизирани услуги, а на многу корисници техноутописката атмосфера на почетокот ќе им биде одбивна. За среќа, Мастодон веќе има многу луѓе кои ги разбираат овие предизвици и активно се обидуваат да ги пречекаат новите пристигнувања. Иако поголемиот дел од домашните корисници се расфрлани низ различни сервери, има неколку регионални - toot.si, mastodon.hr и balkan.fedive.rs. Оние од нас кои неодамна пристигнавме од Твитер ги пречекуваме новите корисници преку хаштагот #forertwitter и нудиме помош на луѓето кои се обидуваат да се прилагодат на новата платформа. Генерално, во моментов на Мастодон владее многу оптимистичка и емпатична атмосфера, толку нетипична за денешниот интернет. Добар пример е вниманието посветено на пристапноста, на пример со додавање текстуални описи на слики за луѓе со слаб вид. Никој не знае што е следно за Твитер. Секојдневно пристигнуваат нови луди вести - можно е до објавувањето на овој текст, анализата од почетокот да биде целосно застарена. Живееме во исклучително динамичен и непредвидлив период. Пандемијата сè уште трае, во Украина има војна, климатските промени се влошуваат и се чини дека доаѓа голема економска криза. Тешко е да се предвиди како промените на Твитер ќе влијаат на сите овие политички кризи, но верувам дека купувањето на Твитер од Маск ќе стане значаен историски момент. Но, можеби заедно со приказната за големите глобални настани, можеме да почнеме да пишуваме и помала во исто време, за нашите онлајн заедници што почнавме да ги градиме заедно и независно од лудите милијардери кои носат мијалници. Што се однесува до мене, јас сум @mejs на Твитер во последните 15 години. Сега сум @mejs@mastodon.vladovince.com на Мастодон. Се гледаме на интернет! Извор: Vladimir Vince, Kulturpunkt.hr Превод: Дивотно 29 ноември, 2022













