Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- „Мерилин“ на Енди Ворхол се очекува да биде најскапото уметничко дело на 20от век!
Колку високо може да отиде цена на уметничкиот пазар? Ќе дознаеме многу бргу! Иконичниот портрет на Merylin Monroe се очекува да достигне цена од 200 милиони долари на Christies во мај. Тоа е највисоката проценка досега забележана за уметничко дело на аукција. Shot Sage Blue Marilyn (1964) (серијата на „мерлинки„ на Ворхол се вика Shot Marilyns - Застрелани Мерлинки ) се продава од Фондацијата Томас и Дорис Аман во Цирих, Швајцарија, а целиот приход ќе биде наменет за добротворни цели, особено за оние кои се во корист на децата и здравјето. Само оваа една слика, претставува најголема филантропска продажба после аукцијата на Рокфелер во 2018 година, според Кристис. Мерилин „е подготвена да стане најскапата слика на сите времиња“, рече Алекс Ротер, претседател на Кристис за уметност на 20 и 21 век, на прес конференција, откривајќи го делото во седиштето на компанијата Рокфелер центар во Њујорк. За да се случи тоа, цената на Ворхол треба да ја удвои својата проценка и да ги надмине 450,3 милиони долари платени за Salvator Mundi на Леонардо да Винчи во 2017 година. Тоа дело беше проценето на 100 милиони долари. По нејзиното деби во Њујорк, сликата ќе отпатува во Хонг Конг и Тајпеј за преглед. Во ваков ризичен потег нема никакви гаранции. Продажбата ќе биде тест на пазарот на ремек-дела. Ворхол, некогашен застапник на трговијата со современа уметност во целина, забележа пад на цените во последниве години, бидејќи вкусот се префрли кон нови, помлади таленти и пресуши понудата на делато на поп-уметникот на аукцискиот пазар. Во 2021 година, Ворхол генерирал 347,6 милиони долари на аукции, според Базата на податоци за цени на Артнет, што е за 34% помалку од максимумот во 2015 година. (Во меѓувреме, штитеникот на Ворхол, Жан-Мишел Баскијат, генерирал 439,6 милиони долари во продажба, втор само по Пабло Пикасо). Браќата и сестрите Дорис и Томас Аман ја основаа Thomas Ammann Fine Art, легендарна галерија која прикажува широк спектар на блу-чип уметност, во 1977 година. Откако Томас почина во 1993 година, неговата сестра Дорис остана на чело. Таа важеше за челично цврсто присуство во продажните салони за аукции и саемите за врвна меѓународна уметност. Почина во април 2021 година. Дорис не сакаше да остави зад себе музеј, туку се погрижила наследството на нејзиното семејство со сигурност „да им помогне на другите“, рече Марк Портер, претседател на Кристис Америка. Новоформираната фондација има за цел да ја постигне оваа цел. Колекцијата на Аман вклучува бројни ремек-дела, но не е јасно дали некое друго освен Shot Sage Blue Marilyn ќе оди на аукција. Ворхол првпат ја насликал Мерилин во 1962 година и се вратил на својата позната и трагична муза уште два пати во текот на неговата кариера. Поголемиот и подетален формат што тој го создал во 1964 година се смета за најпосакувана подгрупа на темата, која сам по себе е најпосакувана во опусот на Ворхол. Сината Мерилин е една од серијата од пет слики кои исто така вклучуваат верзии во црвена, портокалова и тиркизна боја. Нивниот наслов доаѓа од инцидент кога уметникот Дороти Подбер ги застрела четирите наредени платна со револвер. Браќата и сестрите Аман ја купиле сликата од магнатот и мега-колекционер Condé Nast пред околу 40 години. Во 1998 година, Њухаус собра друга верзија на сликата - портокаловата - на аукција, за 17,3 милиони долари наспроти високата проценка од 6 милиони долари. Тоа беше пресуден момент за уметничкиот пазар, според Ротер. По смртта на Њухаус во 2017 година, менаџерот на хеџ-фондовите милијардер Кен Грифин ја купил приватно за околу 200 милиони долари, според луѓе запознаени со ситуацијата. „Секогаш кога ваква слика ќе се појави на аукција“, рече Ротер, „тоа го менува пазарот не само за Ворхол, туку и за самиот пазар на уметност“.
- 75 години David Jones, 6 години без David Bowie
Зиги Стардаст на турнеја
- DRAKE: Certified Lover Boy
Го слушаме Certified lover boy, засега е истото доживување како сите претходно: како од почетокот на кариерата да пуштил трака од типот на chill hop кои се пуштаат за работа или учење, нешто помеѓу музика и бела бучава - а Drake зборува (скоро па рапува) во близина на бучавата... прекршена со гласовите на гостите кои ја разбиваат монотонијата. Но, како се преслушуваат повторно и повторно почнуваат да добиваат лице, кое можеби и ќе го засакате. Веројатно ќе го засакате. Не се споредува со врисокот на Kanye. PS. во She's gotta have it на Spike Lee, Nola Darling, во еден момент забележува: што е со хипстериве и нивната љубов кон Drake?! Навистина, што е?
- Амбасадата на Drake
Не е дека не сме го виделе домот на Дрејк, и не е дека не бил главна ѕвезда, но секогаш имплицитно. Во написот на Architectural Digest јукстапозицијата е сменета - има место за обете ѕвезди (вклучувајќи ги и имињата на тапестријата, мермерот, пијаното, уметноста..) но сега е внатрешноста на домот во преден план. Проблеснуваше гетсбисковскиот сјај од време на време преку пијани лајв инстаграм вклучувања, но конечно добивме турнеја преку Toosie Slide - Drake танцува со покриено лице - " I can dance like Michael Jack-sonn, I can give you thug passion" - додека опулентноста која го опркужува ни се срушува на глава, Mao на Andy Warhol нè заселпува преку рамото, и кулминира со огномет во дворот, каде се искрадува поглед на целата зграда, и само делче ја наговестува импозантноста( Architectural Digest известува дека сводот во влезот е 13метри висок. Во спарингот со Кање Вест адресата беше објавена на твитер од страна на Кање и со тоа потенцијално го стави во опасност, блиску до закана по неговиот живот („неговата куќа е знаменитост во Торонто - сите ја знаат" беше оправдувањето на Кање на Drink Champs) но, наместо очекуваната реакција, на кревање буквални дефанзивни ѕидови - тој го престори својот вебсајт drakerelated.com во виртуелна турнеја на „Амбасадата„. Со овој потег, на Кање му наплати бесплатна промоција - прмотивни твитови од ѕвезди на калибарот на Кање одат во милиони. Сега ја имаме Амбасадата објаснета од библијата на дизајнот на ентериери : Architectural Digest.
- Дедо Мраз има дечко во Норвешка!
Дедо Мраз и Хари!
- Drake и Kanye West: #freeLarryHoover Концерт на помирување
Кање и Дрејк облечени од глава до пети во Баленсијага, со испишано „ослободете го Лери Хувер!„ триумфално во ЛА колосеумот!
- “Драг дневнику, бев на состанок со Kanye..„
Џулија Фокс (Julia Fox) е име кое не ни значи ништо, а кога ги видовме сликите - ниту пак ликот. Дознавме дека е глумица, но ете, никогаш не сме налетале на неа. До сега. Нѝ даваше Меган Меркел, енергија, додека не го видовме написов во Interview магазинот насловен како „Date night", илустриран со над десетина интимни фотографии. Овој потег ќе испровоцира една од две реакции кај Кање и неговиот камп - или воодушевување, или шок и неверица. Еве што напиша Џулија, за вториот состанок со Кање. „Го сретнав Је во Мајами за Нова година и тоа беше инстант конекција. Неговата енергија е толку многу забавна да се посведочи од блиску. Мене и моите пријатели нè смееше, поради него бевме насмеани и танцувавме цела вечер. Решивме да продолжиме да ја оддржуваме оваа енергија, и да отидеме во Њу Јорк за да ја видиме претставата Slave Play (Робова игра). Летот на Је се приземји во шест, а претставата беше во седум, и тој беше таму НА ВРЕМЕ. Бев импресионирана. После претставата решивме да одиме на вечера во Carbone кој е еден од моите омилени ресторани. Очигледно. Во ресторанот, Је изрежира цела една фотосесија за мене додека луѓето вечераа! Целиот ресторан уживаше и навиваше додека се одвиваше. По вечерата, Је имаше изненадување за мене. Мислам, уште сум во шок. Је имаше цел хотелски апартман полн со облека. Тоа беше сон на секоја девојка. Го доживеав како вистински "Пепелашка момент". Уште не знам како успеа да го изведе тоа, или како успеа да го донесе на време. Но бев толку многу изненадена. Мислам, кој прави ваков тип на работи на вториот дејт? Или било кој дејт! Сè со нас беше толку органско. Не знам во која насока оди ситуацијава, но доколку ова е некаква индикација за иднината, го сакам патувањево. „ p.s. И додека сите сме преокупирани со новата романтична ситуација на Кање, тој веќе се врати во Мајами, и имаше уште еден интересен, ако не и поинтересен состанок со Џеред Кушнер (Jared Kushner), зетот на Доналд Трамп (Donald Trump). Не е некаква тајна дека отворената љубов на Је кон поранешниот претседател, и инсистирањето да го носи црвеното МАГА капче зададе голем удар во бракот со Ким. По сопствено признание, црвеното капче го направи не само него и Ким, туку и нивните деца мета на суперлибералниот Холивуд од кој што го „вадат лебот„. Ако се обидува на овој начин да ѝ го сврти вниманието на Ким...
- Принс против „Принс„
Енди Ворхол фондацијата ја носи пресудата на Врховен суд, кој би ја „реарфимирал важноста на слободна уметничка експресија„ која суд од понизок ранг имено ја одземал. Енди Ворхол фондацијата за визуелна уметност го цитира „fair use" правилото откако фотографка Lynn Goldsmith која е автор на фотографијата врз која е изградена Ворхоловата серија портрети на Принс од 80тите, тврди дека оваа употреба не спаѓа во фер употреба. Критериумот за фер употреба е да биде доволно трансформирана, да има различна порака и намера од оригиналната, или да биде придружена со коментар, или критика. Имено, Принс портретите на Енди Ворхол не го поминуваат овој т.н. тест од четири шилци. Во спорот дури бил цитиран и Гугл во судскиот спор со Оракл, кога ископирал 11 000 реда код - но, според Голдсмит, кодот не е уметничка експресија. Судот 2nd Circuit Court of Appeals пресудил во полза на Голдсмит, ценејќи дека делото на Ворхол, премногу сличело на оригиналната фотка. Лин ја направила фотографијата во 1981, кога била на работна задача за Newsweek. Зошто е овој спор значаен и далекусежен? Ставена е во легална неизвесност целата современа уметност и култура. Огромното мнозинство на интернет коментаторите, влогерите, блогерите, накратко „контент креаторите„ се потпираат на фер употреба исклучокот. Само пред некој ден Јутјуб каналот Ејб анд прич откако добија 20тина копирајт оспорувања, затоа што коментираат радио шоу, тие од своја страна дадоа свое оспорување на Јутјуб, и стандардниот исход на платформата е укинување на каналот, на оние кои не го почитуваат фер употреба правото на уметничка експресија и слобода на говорот. Тука се музеи кои користат референци, семплови, па и уметници од типот на Дишан и воопшто цитирање на култура во било која форма за било која намена. Адвокатите на Ворхол фондацијата за визуелни уметности велат „пресудата носи облак на неизвесност врз цел жанр на визуелната уменост, вклучувајќи канонски дела од Енди Ворхол, и неброени други ументици. Таа ќе има драстични и штетни последици за слободното изразување, и го замрзнува уметничкиот говор.„
- J Cole раскажува интересна пикантерија за Kendrick Lamar
J Cole раскажува како Kendrick Lamar се запознал со dr.Dre
- Турнеја во домот на вдовицата на Боуви Иман
Дејвид Боуви во едно интервју со насмевка и без размислување рече дека секако би се откажал од кариерата на сметка на семејството. Ова е неговата сопруга која толку очигледно тагува - имаа толку очигледно складен брак.
- Триумфално враќање на Euphoria
Еуфорија е серијата која на родителите на тинејџери им даваше ноќни мори и ги држеше будни навечер: погоди нерв, баш затоа што изгледаше болно познато и вистинито. Исто така, Еуфорија им понуди естетика на децата на тие родители кои ја копираа во шминката, облеката, ставовите и поставеноста во светот. А кого лажеме дека децата ја копирале шминката? Ги препознав Фенти светките на Џулс - и јас ги носев за Нова година, децении после моето тинејџерство! Во втората сезона која ја почекавме цели две години поради пандемијата (со исклучок на две special епизоди, кои ги премостуваат приказните до точка на која што очигледно сценаристите сакаат да ја однесат без да фалат големи делови) ние како публика сме супер жедни затоа што Еуфорија баш поради недостатокот на цензура во име на коректност вообичаена за телевизијата, која не сака да се расправа со дневниот печат или јавноста воопшто, станува тип на серија во која публиката е вљубена. Приказните се искрени со нас, и добиваат приврзаност. Овој тип на „Еуфорија„ за ТВ или филм беше реакција на Брејкинг бед - тоа се пресликува и во бројките, а премиерата поставува рекорд од 2.4 милиони прегледи на HBO платформата. Десет минути во првата епизода, гуглам да дознаам дали режисерот е Тарантино. Најозбилно. Иако сцената која ја отвора сезоната ја видовме во Needed me спотот на Ријана, сепак хуморот (кој е нов елемент оваа сезона) е она што потсетува на Тарантино освен линијата по која оди помеѓу хорор и насилство (- што правиш? - а ова? немаш гајле, само хероин е.). Тарантино го режира Трејнспотинг кој се одвива на Тамблер со Тамблер естетика. И сега следи спојлер... Фактот што после толку долго чекање , стигнавме до премиерна епизода посветена на Фез - дилерот со златно срце (секоја епизода портретира по еден лик ), финишот вредеше толкав застој: кулминира и со тоа завршува со брутално и графичко претепување на насилниот негативец (Нејт) кој нè антагонизира нас како гледачи преку тоа што се изживува со протагонистите - физички надмоќен, но и по статус, шовинист, хомофоб кој „лови„ луѓе на Грајндер, поради личен конфликт, конечно кроткиот но правичен антихерој тарантиновски го понижува пред сите со развлечен, брутален и калкулиран напад но како гледачи, наместо да се скриемe позади дланките воскликнуваме во Еуфорија...
- Anonymous во одмазднички напад: објавија сајбервојна на Русија
Познати се по нападите на ЦИА, но сега се на мета сајтови кои се водени од руската влада. rt.com - пропутин гласило, кои многумина го карактеризираат како пропагандна машина беше соборено поголем дел од ноќта. Вчера вечерта ја отпочнаа со твитовите „Ставете се во чевлите на Украинците кои во овој момент ги бомбардираат. Заедно можеме да го смениме светот, заедно можеме да се побуниме против било што. Време е за рускиот народ да стане и да каже НЕ за путиновата војна. Ние сме Анонимус, ние сме легион. Очекувајте нè. Ние како колектив сакаме мир во светот. Сакаме иднина за целото човештво. ..разберете дека овие акции се целосно насочени кон руската влада и Путин„. Сајтовите кои или беа сосема симнати, или значително успорени, беа оние на руската влада, Кремлин, Дума, Министерството за одбрана на Русија. Освен RT.com, колективот насочи DDoS (distributed denial of service) напади на руските интернет провајдери Com2Com, Relcom, Sovam Teleport и PTT-Teleport Москва. Анонимус акаунти користеа #OpRussia и #OpKremlin хаштази, слично на #OpISIS кампањата кога се обидуваа да ја симнат пропагандата на терористичката ИСИС.













