fullDatetime-to-read.short-label

Scarlett Johansson vs Disney

post.update-date

Scarlett Johansson го тужи Дизни. Црната вдовица, по договорот кој го потпишала, требало да се прикажува исклучиво во кината, но тие истовремено го пуштиле и на стриминг сервисот Disney+. Зошто би ги тужела за тоа? Бидејќи платата била процент од заработката во кината, а со тоа што е пуштени на Disney+, се одлеала заработката.

Женската работна сила, глобално и без исклучок од професијата и локацијата, е драстично помалку платена од машките соработници. Кога се има на ум дека жените работат и во домот и околу децата овој расцеп расте, а со финанската немоќ доаѓа и немоќ во сите сфери и ќошиња на животот. Холивудските глумици не се исклучок, често актерките работат и со пола од платата на своите колеги. The Wall Street Journal цитираа извори блиски на глумицата, кои известија дека хибридната премиера ја чинело Јохансон 50 милиони долари.