Лудус излезе со нова колекција и истиот принцип „Пост-родовост VII“
top of page

Лудус излезе со нова колекција и истиот принцип „Пост-родовост VII“

Македонската мода се чини дека функционира помеѓу две раздалечени точки, кои се на толкава дистанца што никогаш не се допираат. Или во најдобар случај - ретко. Од една страна живее во дворот на занаетчиството без храброст или мотив или капацитет сосема да истапат со идеи и филозофии во многу поголеми димензии каде ќе влезат во светската мода. Па затоа кога ја симулираат изгледа комично, и импровизаторски, на ниво на училишна престава, каде сите учесници се прибрани на голем одмор. Во тој свет, „моден викенд“ во стандардните „модни недели“ е сосема соодветно.


А на другата позиција се имиња кои пораснати на својата амбиција, поткованост, уште од првото отворање на крилјата и опробување се лансираат во сфери на кои многумина глобални брендови им треба доста време да ги достигнат.


Во тој контекст Драган Христов кој почнал како филолог на Италјански а потоа продолжил - со игра на случајот (во приложениот разговор со Зоки Бејбе ќе ја чуете приказната) - во Италија на Академија за фини уметности. И петнаесетина години подоцна еве сме, со Лудус кој е во својата 13та година, и седма Пост-родова приказна.


Христов сосема природно, утврдува дека модната приказна и сите пракси кои доаѓаат со нејзе, веќе ги имаме дома дури и самата индустрија, која сега за ситно ја користат „Западњаците“. И не само тоа: сосема се вклопуваат во глобалната тенденција, и заљубеност во автентичноста на враќање кон корените. Корени кои глобализмот и модната ИНДУСТРИЈА ги разорува и поткопува до смрт. Во ера на самосвест, будење и WOKEnism(во најдобра можна смисла), еве го Драган Христов, кој зборува преку ЛУДУС: природно, автентично, македонско па и лековито. И повторно: на најдобар можен начин.

Колекциите на „Лудус“ се застапени во концептуални продавници во Европа и курирани веб продавници за независни дизајнери во САД, Велика Британија, Холандија, Германија и Словенија.








Еве ја комплетната галерија:



Драган Христов, сопственикот и дизајнерот на Лудус гостуваше на „Првата убава работа во денот“ со Зоки Бејбе - и таму и самиот во детали ја објасни логиката позади својата креативна филозофија, и од каде доаѓа:



bottom of page