top of page

Резултати од пребарување

1178 results found with an empty search

  • Пионери арт платформата домаќини на Индиа Мулен: интимна изложба во Скопје

    На 11 април 2025 година, со почеток во 20:00 часот, Пионери галеријата во Скопје ќе биде домаќин на изложбата of any substance, првата самостојна визуелна презентација на ирската мултидисциплинарна уметница Индија Мулен. Од актерска сцена до визуелна уметност Индија Мулен, родена во 1993 година во Сандиков, Даблин, е позната по своите улоги во телевизиски серии како Red Rock, Brassic и Normal People, каде што ја толкуваше улогата на Пеги.  По завршувањето на Gaiety School of Acting во 2014 година, нејзината кариера се прошири и во областа на визуелната уметност, особено фотографијата. of any substance: Истражување на идентитетот Изложбата of any substance претставува колекција на фотографии кои го истражуваат идентитетот и односот кон себеси во периодот од 20 до 30 години. Фокусот е ставен на прекумерната потрошувачка и чувството на изолираност во опкружување исполнето со боја и шум. Претходно, делови од оваа серија беа изложени во Have A Butchers Gallery во источен Лондон, како дел од изложбата Strange Quarks, курирана од Алегра Вентури во соработка со уметницата и дизајнерка Џоана Лордан. Визуелна нарација и интимност Фотографиите на Мулен се одликуваат со нежна, но моќна нарација, која ги поканува гледачите да размислат за сопствените искуства и чувства. Нејзините дела се објавувани во списанија како Wonderland, W Magazine и NME, што сведочи за нејзината способност да комуницира со широка публика преку визуелни медиуми. Изложбата во Пионери галеријата е ретка можност за публиката во Скопје да се запознае со визуелната уметност на Индија Мулен. Овој настан претставува спој на интимна уметничка експресија и глобална перспектива, нудејќи уникатно искуство за сите љубители на современата уметност. Сместена во срцето на Скопје, Пионери Арт Платформа е живо јадро за современа уметност, кое ги поврзува новите визуелни уметници од Балканот и пошироко. Како физичка галерија и динамична онлајн платформа, Пионери служи како простор за размена на идеи, инспирација и културен дијалог. Нивната мисија е да ги промовираат новите уметници на глобалната сцена, притоа задржувајќи ја автентичноста и локалниот контекст. Преку изложби, соработки и продажба на уметнички дела, Пионери ја гради сцената на современата уметност од Балканот, пренесувајќи ја нејзината енергија и визија на меѓународно ниво. Детали за настанот: • Изложба: of any substance од Индиа Мулен • Датум и време: Петок, 11 април 2025 година, во 20:00 часот • Локација: Пионери галерија, Скопје Посетете ја Пионери арт платформата ОВДЕ .

  • Страшниот волк, изумрен пред 10.000 години, повторно чекори по Земјата!

    Американска биотехнолошка компанија ги создаде првите страшни волци во модерната историја, користејќи напредна генетска технологија и древна ДНК. Сцената е неочекувано разнежнувачка: три млади волци си играат, се туркаат и се галат. Но, нивната појава открива нешто далеку подлабоко – овие животни не се обични волци. Тие се Ромул, Рем и Калиси – првите претставници на одамна исчезнатиот вид познат како страшен волк (Dire Wolf), кои повторно се појавија на Земјата по пауза долга десет милениуми. На возраст од само шест месеци, Ромул и Рем веќе тежат над 36 килограми и достигнуваат должина од над еден метар, со потенцијал да пораснат до импресивни 68 килограми. Нивниот изглед е величествен, но она што е уште повпечатливо е нивното однесување: одбиваат блиска интеракција со луѓето, па дури и со своите негуватели, што укажува на длабоко вкоренети инстинкти на диви предатори. Од теорија до реалност: науката зад „воскреснувањето“ Зад овој извонреден биолошки подвиг стои Colossal Biosciences, компанија основана во 2021 година со мисија да ги оживее изумрените видови преку синтеза на генетика, биоинженеринг и археогеномика. Тимот научници предводен од компанијата успеа да реконструира делови од геномот на страшниот волк користејќи фосилни остатоци – вклучително и заб стар 13.000 години и ушна коска стара над 70.000 години. Следниот чекор бил да се модифицира ДНК на модерен сив волк за да се доближи до оној на страшниот волк. Вкупно се направени само 20 генетски измени во 14 специфични гени – доволни за да се репродуцираат клучните морфолошки и бихевиорални особини: белото крзно, зголемената мускулатура, засилените вилици и препознатливиот начин на завивање. Во процесот е користена напредна, минимално инвазивна техника со изолирање на ендотелијални прогенитор-клетки (EPC) од крвта на сив волк, со што е избегнато оштетување на живи ткива. Генетски изменетите ембриони потоа се имплантирани во домашни кучки (мешанки од ловечки раси), кои успешно ги изнеле бременостите до крај. Ромул и Рем се родени на 1 октомври 2024 година, а Калиси на 30 јануари 2025. Живот помеѓу наука и природа Денес, трите млади волци се сместени во строго чуван еколошки резерват од 800 хектари во САД. Животната средина е внимателно дизајнирана за да ги стимулира нивните природни инстинкти, но се поставува прашањето: дали дури и таков простор може навистина да го замени дивиот екосистем за кој тие се еволутивно програмирани? Мет Џејмс, главниот службеник за животни во компанијата, раскажува за фасцинантен момент кога младенчињата, на само неколку недели, започнале да завиваат во одговор на музика од анимираниот филм „Малата сирена“ – прво завивање на страшен волк забележано по илјадници години. Од страшен волк до мамут: нова ера на де-истребување Враќањето на страшниот волк е само почеток. Colossal има амбициозна визија за „де-истребување“ на неколку иконски видови: волнениот мамут, птицата додо и тасманискиот тигар. Работата на мамутот веќе вроди со првични резултати – „волнено глувче“ со метаболизам и крзно слични на оние кај мамутите. Но визијата на компанијата оди подалеку од научната авантура. Според главната научна директорка Бет Шапиро, „човештвото е денеска активен фактор во еволуцијата – ние решаваме кои видови ќе имаат иднина.“ Таа додава дека технологијата што се развива во овој процес може да послужи и за спас на постоечки загрозени видови. На пример, искуството со страшниот волк може да придонесе за обновување на популацијата на црвениот волк, додека генетските сознанија за тасманискиот тигар можат да помогнат во адаптацијата на северниот квол на заканата од отровни жаби. Етички и еколошки прашања Како и секоја голема научна интервенција, проектот не е без контроверзии. Прашања за добросостојбата на животните, потенцијалните здравствени ризици од генетското модифицирање, како и еколошките последици од воведување на „воскреснати“ видови, остануваат отворени. Историјата нуди доволно примери на еколошки колапс предизвикан од човечка интервенција – како во случајот со трската жаба во Австралија. Некои експерти, како професорот Роберт Клитцман од Универзитетот Колумбија и Стивен Латам од Јеил, повикуваат на поголема претпазливост, особено кога станува збор за страдање на сурогат мајките и долгорочните последици за екосистемите. Дополнително, се поставува прашањето дали страшните волци, со нивната еволутивна зависност од мегафауна која веќе не постои, навистина имаат шанса за опстанок во денешниот свет. Биотехнологија како индустрија Покрај научната и еколошката димензија, Colossal прерасна и во економски феномен. Со проценета вредност од над 10 милијарди долари, компанијата е веќе „декакорн“. Иако монетаризацијата на изумрените животни не е директен бизнис модел, технологиите развиени во процесот имаат огромен потенцијал во биомедицината, лековите, па дури и во решавање на еколошки предизвици како разградување на пластика. ДНК модел на страшниот волк Поглед кон иднината Иднината на Ромул, Рем и Калиси останува неизвесна. Дали ќе им биде дозволено да се размножуваат? Дали ќе бидат пуштени во дивина? Засега, одговорот е негативен. Но компанијата уверува дека секој чекор ќе биде направен со сериозна научна и етичка проценка. Како што рече Мет Џејмс, парафразирајќи го Теодор Рузвелт: „Најлошото што може да се направи пред лицето на изумирањето – е ништо.“ Враќањето на страшниот волк можеби не е совршен одговор, но претставува храбар и предизвикувачки чекор во обидот да се направи нешто.

  • The White Lotus Official Podcast – Водич низ хаосот на рајот

    За сите фанови на „The White Lotus“ (а ги има многу - тука се и оние кои сакаат да го мразат но сепак гледаат), HBO серијата што на прв поглед изгледа како поглед во луксузен одмор , а всушност е саркастичен и остроумен приказ на човечките комплекси, новата сезона доаѓа со уште еден бонус: The White Lotus Official Podcast. Во рубриката „Поткаст Лектира“ оваа недела ви го препорачуваме токму овој companion podcast, кој стартува на 8 јануари 2025, паралелно со премиерата на третата сезона. Водители се авторката и новинарка Џија Толентино и сценаристот Џош Беарман, кои секоја недела навлегуваат длабоко во темите, карактерите и симболиката на серијата. Она што го прави овој поткаст особено вреден за слушање не е само фактот што нуди ексклузивни разговори со актерите и креаторите (да, тука е и Мајк Вајт), туку начинот на кој ги отвора прашањата што серијата само ги навестува: моќ, привилегија, секс, класа, лицемерие. Толентино и Беарман не се обидуваат да се држат до новинарската неутралност – имаат ставови, критички пристап и доволно хумор за да не стане сè премногу озбилно и тешко. Ако сте фанови на серијата, овој поткаст е must. Ако не сте го гледале– слушнете една епизода и ќе посакате веднаш да го гледате „The White Lotus“ од почеток. Поткастот не е само додаток, туку вистински коментар на културниот феномен што оваа серија го создаде. Каде може да се слуша? The White Lotus Official Podcast е достапен на сите поголеми платформи за подкасти, вклучувајќи Spotify, Apple Podcasts, Google Podcasts, YouTube како и на официјалната HBO Max апликација и веб-страна. Нема видео верзија, но аудиото е доволно моќно да ве внесе во светот на серијата и зад сцената.

  • Туберкулоза во скопската зоолошка: смрт на лама која била болна повеќе од пет години

    Во последниот период, Зоолошката градина во Скопје се соочи со загуба на неколку животни, вклучувајќи и лама која подлегна на туберкулоза. Според соопштението од Зоолошката градина, лама била под медицинска нега во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина, но и покрај сите напори, животното угинало. Обдукцијата и PCR тестирањето потврдија присуство на туберкулоза во напредна фаза која траела повеќе од пет години. „Иако беше направено сè од медицински аспект и грижа, за жал, ламата угина“, стои во соопштението. Резултатите од обдукцијата, направени со PCR метода, покажале присуство на туберкулоза во напредна фаза – болест која, според анализите, животното ја носело повеќе од пет години. Туберкулозата кај ламите е хронична и заразна болест предизвикана од бактерии од комплексот Mycobacterium tuberculosis. Иако ламите не се сметаат за високо подложни на туберкулоза, зголемениот број на случаи во последниве години укажува на потребата од внимателно следење и дијагностицирање. Преносот на инфекцијата обично се случува преку контакт со заразени говеда или диви животни. Симптомите кај ламите можат да вклучуваат губење на тежина, анорексија, респираторни проблеми и зголемени лимфни јазли, но често заболувањето останува асимптоматско подолг период. Дијагностицирањето на туберкулозата кај ламите е предизвик поради недостаток на специфични и сигурни тестови. Туберкулинските тестови често даваат лажни позитивни или негативни резултати, што го отежнува раното откривање на болеста. Серолошките тестови покажуваат потенцијал, но сè уште се потребни дополнителни истражувања за нивна валидација. Фактот дека лама во Зоолошката градина во Скопје имала туберкулоза повеќе од пет години без видливи симптоми укажува на подмолноста на оваа болест и потенцијалната опасност за другите животни во зоолошката градина. Иако не е наведено во соопштението, ваквата состојба бара внимателно следење на останатите животни и преземање на соодветни мерки за спречување на ширење на инфекцијата. Туберкулозата може да се пренесе од животно на животно преку директен контакт или индиректно преку контаминирани материјали како што се храна, вода или опрема. Исто така, постои ризик од пренос на болеста од животни на луѓе, особено при директен контакт со заразени животни или нивни излачувања. Во светски рамки, забележани се случаи на туберкулоза кај ламите, како што е случајот со две лами во Швајцарија кои биле заразени со Mycobacterium microti. Овие случаи укажуваат на потребата од внимателно следење и контрола на туберкулозата кај камелидите. Како можела лама во зоолошка градина да се инфицира од туберкулоза ? 1. Контакт со заразени животни: Ако ламата била во близок контакт со други заразени животни, како што се говеда, диви животни или други камелиди, постои можност за пренос на инфекцијата. 2. Контаминирана храна или вода: Инфекцијата може да се пренесе преку консумирање на храна или вода контаминирана со излачувања (како што се урина или измет) од заразени животни. 3. Присуство на заразени глодари: Малите глодари, како што се глувците, можат да бидат природни носители на одредени видови на бактеријата Mycobacterium, како што е M. microti. Ламите можат да се заразат преку директен или индиректен контакт со овие глодари. 4. Инфекција од луѓе: Иако ретко, постои можност за пренос на туберкулоза од луѓе на животни, особено ако персоналот во зоолошката градина е заразен и има близок контакт со ламите без соодветни мерки на претпазливост. Во зоолошките градини, каде што животните често се сместени во блиски простори, ризикот од пренос на болести како туберкулозата може да биде зголемен. Затоа, редовното тестирање, строгите биосигурносни мерки и внимателното следење на здравјето на животните се клучни за спречување и рано откривање на ваквите инфекции. Зоолошката градина во Скопје, во соработка со Агенцијата за храна и ветерина, спроведува туберкулински тестови на сите лами и редовно ја следи нивната состојба под медицински надзор. Овие мерки се од клучно значење за рано откривање и спречување на понатамошно ширење на туберкулозата меѓу животните во зоолошката градина. Од Зоолошката ветуваат транспарентност и соработка со сите надлежни институции. Јавноста, засега, останува со многу прашања – пред сè, како е можно една заразна болест да не биде откриена пет години.

  • Доаѓа Велигден: Дали жртвувањето животни за Христијански празници е пагански или исламски обичај?

    Истражуваме длабоко вкоренета традиција која опстојува во некои делови на земјата, а чии корени се предмет на дебата. Низ различни делови на Македонија, за одредени христијански празници, селски слави или специфични обреди, сè уште може да се забележи обичајот на жртвување животни, најчесто јагне или овен, познат во народот како „курбан“. Понекогаш, во некои рурални средини, дури и дрвјата стануваат дел од ритуални практики(Богомила за Велигден). Овие обичаи, иако изведувани во контекст на христијански празнувања, често предизвикуваат прашања за нивното вистинско потекло: Дали се тие автентичен дел од христијанската вера, остаток од древните пагански верувања, или пак се влијание од исламската традиција стекнато за време на Отоманската империја? Христијанската доктрина: крај на крвната жртва Од гледна точка на официјалната православна христијанска доктрина, крвната жртва како начин за помирување со Бога завршува со една, крајна и совршена жртва – онаа на Исус Христос на крстот. Неговата саможртва се смета за откуп за гревовите на целото човештво, со што старозаветните практики на принесување животински жртви ја губат својата религиска неопходност и смисла за христијаните. Централниот литургиски чин во православието е Светата Евхаристија (Причест), која се нарекува „бескрвна жртва“. Тоа е симболично и духовно принесување и сеќавање на Христовата жртва, а не буквално повторување на крвен ритуал. Според тоа, Црквата денес не пропишува ниту охрабрува жртвување животни како дел од христијанското богослужение или како неопходен верски чин. Кога се подготвува храна за слави или празници, тоа се смета за чин на гостопримство и делење, а не за религиска жртва во старозаветна или паганска смисла. Иако многу од основните елементи на денешното празнување имаат длабоки корени, прославата на Велигден во Македонија до 19 век несомнено имала свои специфики, особено во руралните средини. Бојадисувањето јајца, особено црвеното „првак“, било апсолутно централно, но техниките биле исклучиво природни – лушпи од кромид за црвеникаво-кафена боја, коприви или спанаќ за зелена, разни цветови и кори од дрвја за други нијанси. Прославата била изразито колективна; целото село учествувало во богослужбите, особено во ноќното бдеење и утринската литургија. По службата, веселбата често се пренесувала на селскиот мегдан (плоштад), каде што можело да се играат ора и да се пеат песни, зацврстувајќи ја заедницата во време кога таа била основната клетка на опстанокот. Бидејќи Велигден секогаш паѓа напролет, празникот бил нераскинливо поврзан и со будењето на природата и надежта за плодна година. Во овој аграрен контекст, покрај чисто христијанската симболика, веројатно се провлекувале и постари, можеби претхристијански ритуали поврзани со плодноста. Се верувало дека одредени обреди извршени на Велигден, како првото изнесување на стоката на пасење со црвено јајце или прскање на нивите со осветена вода од празникот, може да обезбедат заштита и добар принос. Народните верувања биле многу поприсутни и испреплетени со религиозните обреди; на пример, на моќта на првото црвено јајце му се придавало уште поголемо значење, користејќи го во разни апотропејски (заштитни) и лековити практики во текот на годината. Животот под Отоманската империја исто така влијаел на начинот на празнување. Иако верските слободи варирале низ периодите и регионите, големите христијански празници како Велигден биле можност за јавно, иако можеби понекогаш со одредена претпазливост, манифестирање на верскиот и културниот идентитет. Празничната трпеза, иако поскромна споредено со денес и зависна од локалните ресурси, била важен дел од прославата, со јагнешкото (честопати како „курбан“ поврзан со денот) и обредните лебови како централни елементи. Празнувањето не завршувало со неделата, туку честопати се протегало низ целата Светла Седмица, со продолжени гостувања, песни и игри кои ја славеле победата на животот над смртта и доаѓањето на пролетта. Паганските корени Пред доаѓањето на христијанството, на Балканот, како и во многу други делови од светот, паганските религии биле доминантни. Жртвувањето, вклучително и на животни, било централен дел од овие верувања. Се принесувале жртви за да се умилостиват боговите, да се обезбеди плодност на земјата и стоката, да се побара заштита од болести и несреќи, или да се одбележат важни моменти во животниот циклус и годишните времиња. Со процесот на христијанизација, многу од овие длабоко вкоренети пагански обичаи не исчезнале целосно. Наместо тоа, тие често биле адаптирани, трансформирани и интегрирани во новата религија, добивајќи христијанска „облека“. Старите пагански светилишта станувале места за цркви, паганските божества биле заменувани со христијански светци (на пример, Св. Илија често ги презел функциите на громовникот Перун, а Св. Ѓорѓи некои атрибути на божества на пролетта и сточарството), а ритуалите, вклучувајќи ги и жртвените практики, продолжиле да се изведуваат, но сега во чест на некој светец или христијански празник. Практиката на жртвување дрвја („запис“ или „ветина“) е уште појасен показател за преживеани пагански култови кон природата. Влијание на Исламот: Курбанот и културната размена За време на повеќевековното владеење на Отоманската империја, исламот и неговите обичаи биле доминантна културна сила на Балканот. Еден од најважните и највидливи исламски обреди е Курбанот (Qurbani), жртвувањето животно (овца, коза, крава) за време на празникот Курбан Бајрам (Eid al-Adha), во спомен на подготвеноста на пророкот Ибрахим (Авраам) да го жртвува својот син. Несомнено е дека постоела културна размена и взаемно влијание помеѓу христијанското и муслиманското население. Можно е видливоста и распространетоста на исламскиот Курбан да извршиле одредено влијание врз локалните христијански практики. Терминот „курбан“ кој се користи и кај христијаните за овој чин е јасен показател за јазично влијание. Сепак, тешко е да се тврди дека христијанското жртвување е директно преземено од исламот. Поверојатно е дека исламската практика наишла на веќе постоечки, постари (пагански) традиции на жртвување кај локалното население, кои потоа можеби биле дополнително обликувани или засилени под влијание на доминантната култура, вклучително и преку усвојување на терминологијата. Обичајот на жртвување животни во контекст на некои христијански празнувања во Македонија најверојатно не може да се сведе на само еден извор. Тој претставува сложен пример на религиски синкретизам – спој на различни верувања и практики низ вековите. Најверојатната патека е: -Длабоки пагански корени: Жртвувањето било дел од претхристијанските верувања. -Христијанска адаптација: Обичајот преживеал со тоа што бил поврзан со христијански светци и празници, губејќи ја првобитната паганска теологија, но задржувајќи ја формата. -Можно исламско/отоманско влијание: Видливата практика на Курбан во исламот можеби дополнително ја зацврстила или модифицирала веќе постоечката традиција кај христијаните, особено во поглед на терминологијата и некои аспекти на ритуалот. Важно е да се прави разлика помеѓу официјалната црковна доктрина и народната религиозност или фолклорните обичаи. Додека Црквата ја нагласува духовноста и бескрвната жртва на Евхаристијата, во народните традиции често опстојуваат древни ритуали кои сведочат за богатата и слоевита културна историја на овие простори. Овие обичаи се дел од културното наследство, но нивното разбирање бара увид во сложената интеракција на паганството, христијанството и исламот низ вековите. А.Ч.

  • Reset! Форум во Скопје: Независната култура и медиуми го враќаат својот простор на 10 април

    Скопје оваа среда, 10 април 2025, станува точка на вриење за европската независна културна и медиумска сцена! Мрежата Reset! го носи својот прв Reset! Форум токму кај нас, во просториите на нашиот локален член – Лабораториум. Во време обележано со геополитички превирања и предизвици за демократијата ширум континентот, овој форум има цел да ги засили гласовите на оние кои дејствуваат надвор од мејнстримот – независните културни центри, алтернативните медиуми, уметничките колективи и сите кои ја обликуваат културата од темел. Зошто е ова важно за нас? Главната тема на форумот е „Враќање на просторите (Reclaiming Spaces)“. Инспириран од неодамнешните граѓански мобилизации во градови како Белград, Берлин, Братислава, Будимпешта и Тбилиси, Reset! сака да ја истакне клучната улога што независната култура и медиуми ја играат во овие движења. Од студентски протести против корупција до борба против политички притисоци во културата и одбрана на слободните медиуми – независните актери често се во првите редови, создавајќи простор за дијалог, критичко размислување и граѓанска акција. Овие организации – мали концертни сали, фестивали, општински кина, интернет радија, алтернативни музички етикети, кооперативни театри – се неопходни за градење заедници. Тие се простори каде што се негува довербата и каде граѓаните можат да се вклучат и да дејствуваат. Затоа, поддршката на овој сектор е влог во демократската иднина. Што нѐ очекува на 10 април во Лабораториум? Целиот ден ќе биде исполнет со динамична програма, дизајнирана да инспирира, поврзе и зајакне: Денот започнува со кафе за добредојде (10:00) и завршува со неформално дружење (18:00 – 20:00). - Работилници (11:00 – 12:30) : Три паралелни сесии ќе истражуваат како да се биде поактивен граѓанин (Action Competence), како да се користат инклузивни практики во уметноста и медиумите, особено во радијата на заедницата, и како успешно да се дизајнираат проекти за добивање фондови за независни иницијативи. Разговори (14:00 – 18:00) : Панел дискусиите ќе се фокусираат на клучни теми: -Како независните гласови можат да влијаат врз културната политика на ЕУ („Културен Компас“), модерирана од Тео Мајшер (ALTER EGO (X) | Франција). -Потребата од создавање нови сојузи помеѓу културниот сектор, локалните власти и други јавни актери за заштита на заедничкиот интерес, модерирана од Дамир Ивиќ (Soundwall | Италија). - Како да се поврземе со недоволно застапените заедници и да излеземе од сопствените „меурчиња“. - Завршна дискусија „Враќање на просторите“ со говорници од Словачка, Грузија и Надица Банишка од Македонија, модерирана од Манон Мулин (Reset! network | Франција). - Reset! Радио Преземање (14:30 – 17:30): Слушнете ги во живо дискусиите за жените во културата, јавните простори и политиките за грижа за раселени уметници, со гости од Италија, Унгарија, Германија и Украина. - Вмрежување (Networking): Идеална можност да се сретнете со колеги од цела Европа, да размените искуства и да започнете нови соработки. - Културен настан (20:00 – 00:00) : За крај на денот, уживајте во музичката програма со настап во живо на I am Dive и ДЈ сет на Motsion. Приклучи се! Сите формати на Reset! Форумот се бесплатни и отворени за јавноста. Ова е уникатна можност за локалната независна сцена, но и за сите заинтересирани граѓани, да се вклучат во важна европска дебата, да научат нови вештини и да станат дел од мрежа која се бори за поотворено, демократско и културно богато општество. Важно: За учество на работилниците и панел дискусиите потребна е претходна регистрација бидејќи местата се ограничени. Повеќе информации за програмата и линкови за регистрација можете да најдете на официјалните канали на Reset! network . Не ја пропуштајте оваа шанса да бидете дел од движењето кое ја ресетира иднината на независната култура и медиуми во Европа. Се гледаме во Лабораториум!

  • Играта на судбината во трагичниот живот на Christopher Reeve

    Супермен е излезен во годината на моето раѓање, а сум го гледала прв пат на телевизија во моето рано детство. Во тоа време бев „заљубена“ во Супермен и неговите продорни плави очи што можат да те прочитаат како рентген. Ја прашував мајка ми дали тоа е вистински Супермен или глумец и дали навистина лета. Таа иако ми ја кажа вистината дека тоа е само глума, јас сепак не сакав да верувам. Сакав да верувам дека има некој што ја презема правдата во свои раце, дека има некој што ги прави сите тие најверојатни работи. Christopher Reeve е роден 1952 година. Студирал на позната школа за глума Julliard, каде што само тој и Robin Willamsбиле избрани за напредната програма. Со него, освен што биле цимери, исто така бие блиски пријатели до крајот на животот на Christopher. Сузан Сарандон ќе изјави дека да не починеше Christopher Reeve, можеби и Robin Willams ќе беше се уште жив. Robin Willams му помагал на ChristopherReeve финансиски после неговата парализа. Во споредба со него за кого вели дека е сјаен принц, тој е за себе вели дека е само дворска будала, но дека тоа не му смета. Кога се пријавил за кастинг за Супермен, неговиот пријател Willam Hurt, се обидел да го спречи и според него тоа значело дека ќе се продаде.  Откако утврдил дека никој од познатите актери не одговара за улогата на Супермен, кастинг директорот одлучил да оди со непознат актер, но да биде опкружен со звучни имиња. Christopher имал комплициран однос со татко му и кога му кажал дека е избран за Супермен, татко му сакал да прослави со шампањ. Christopher бил изненаден од реакцијата, затоа што обично ништо не било доволно добро за него. Но за кратко се утврдило дека се работи за недоразбирање. Татко му мислел дека тој е избран да глуми во претставата Супермен на Џорџ Бернард Шо, но кога дознал дека тој е избран да глуми лик од стрип, тоа не било доволно сериозно и доволно академски за него. Супермен од 1978 не е само она што денес имаме претстава за суперхеројски филм. Од оваа дистанца филмот е се уште уметнички издржан. Покрај убедливата глума на Christopher,кој избран меѓу 200 пријавени и кој целосно се поклопува со замислата како изгледа Супермен, во филмот се јавуваат и легенди како Марлон Брандо, кој го глуми неговиот татко (и кој бил платен 3 милиони долари за помалку од 20 минути присуство во филмот), скоро починатиот Gene Hackman кој го глуми негативецот Лекс Лутор и Terence Stamp, кој го глуми Генерал Зод. Саундтракот на филмот (John Williams, Star Wars, Jaws, Indiana Jones, ET) е еден од најпрепознатливите во историјата на филмот, а сцените со планетата Криптон, со леденото засолниште на Супермен и скривалиштето на Лекс Лутор не пренесуваат во еден магичен свет кој успева да се вреже во потсвест. Како прв значаен филм за суперхерој, тој ги постави темелите за целиот жанр. Визуелната иконографија на Супермен втисна длабок и долготраен печат врз поп-културата. Иако Christopher Reeve се појавува во уште три продолженија на Супермен, тој сепак понатаму се труди да се наметне како сериозен актер со несомнен талент во сериозни улоги. Негови поистакнати улоги  се во романтичната драма со елементи на научна фантастикаSomewhere in Time (1980) во режија на Jeannot Szwarc, каде партнерка му е Jane Seymour, во која вистински се вљубил за време не филмот. Тој успешно го пренесува ликот на непоправлив романтичар, кој е спремен и да се врати назад во времето заради љубов и длабокото страдање после губењето на вистинската љубов. Потоа во трилерот Deathtrap (1982) во режија на SidneyLumet, каде се појавува покрај британската икона MichaelCaine, чија изведба се доживува како театрална, но тоа е дел од стилот на самото дело – кое е базирано на театарска претстава на Ира Левин и намерно го задржува тој стил. Како контратежа на неговата театралност, глумата на Christopher Reeve делува посуптилно. Исто така е контроверзен неговиот избор да глуми хомосексуалец после таков голем успех со Супермен каде веќе беше глобално препознатлив како симбол на машкост, морал и „чистота“. Бакнежот меѓу Reeve и Caine (иако многу краток) предизвика огромна реакција, дури и негативен публицитет, а некои фанови на Супермен беа шокирани. Тоа покажува дека тој не сакаше само да биде „икона“, туку актер со интегритет, подготвен да го прошири својот спектар и да ги предизвика општествените норми. Потоа во ремејкот на Village of the Damned од 1995 во режија на John Carpenter, каде се појавува покрај KirstieAlley како психолог кој води морална борба со надмоќни вонземски суштества во форма на белокоси деца, кои што можат да убиваат со поглед. Новата верзија е визуелно, но и психолошки подобра од оригиналот затоа што ја обработува темата на неприфаќање на "другиот" и за дехуманизацијата и изолацијата на општеството. Овој филм е релевантен и денес кога си ги поставуваме прашањата колку можеме да ги прифатиме и како да се справиме со новите генерации западнати во апатичност и непочитување на старите морални вредности. Потоа се појавува во Above Suspicion (1995) во режија на Steven Schachter, кој е последниот негов филм пред неговата несреќа каде што се парализира од вратот надолу откако ќе падне од коњ. Како иронија на судбината токму во овој филм глуми парализиран полицаец, нели животот ја имитира уметноста, покрај Kim Cattrall, во улогата на негова сопруга, која го изневерува со неговиот брат. После неговата несреќа иако може да се движи само со вратот се појавува во ремејкот на Rear Window (1998), во режија на, Jeff Bleckner покрај Daryl Hannah која му е партнерка во неговиот воајеризам. Гледајќи го овој филм, имаме впечаток како да гледаме документарец за лицата што живеат со парализа и многу исечоци се искористени во документарецот за Christopher Reeve. Како борец за подобрување на квалитетот на живот на лицата со парализа, кој оформил фондација преку која се извојувани многу промени, овој филм е најверојатно правен по негова иницијатива и како платформа преку која ќе се претстават предизвиците и тешкотиите со кои тие се соочуваат во секојдневието. Неговото појавување на Оскарите во 1996 во количка беше храбар чин на човек кој не се срами од својата состојба и не ја табуизира и тоа беше прв пат парализиран човек да се појави на најважната филмска сцена во светот, а со самото тоа стана симбол за сила и достоинство. Тој ја искористи својата состојба за да биде лицето и гласот на другите што се наоѓаат во слична положба. Неговата неверојатна животна приказна не тера да размислуваме за тоа дали има судбина, дали тој ја испровоцирал судбината со тоа што глумел толку моќен човек и заради тоа доживува голем пресврт на судбината, еден ден да е познат како најсилниот човек на светот а потоа да доживее несреќа и да ги помине последните години од својот живот немоќен и целосно зависен од други и 24часовна нега.  Не тера исто така да размислуваме за опседнатоста на Америка и на западното општество со супер херои и колку е тоа е оправдано. Сите сакаме да се појави некој супер херој и да ни ги реши сите проблеми и неправди, но за жал такви не се појавија, оставени сме сами на себе и борбата е во нашите раце. Reeve, со сите својатаживотна борба, не само што ги надмина своите физички граници, туку и стана симбол за отпор и за неприфаќање на реалноста. Гледајќи го неговиот живот по несреќата се поставува прашањето дали вистинската сила не е во физичката моќ, туку во внатрешната сила да се соочиш со предизвиците и да ги надминеш. Силата да продолжиш да се бориш, дури и кога изгледа дека сè е изгубено.           Лени Гелева, фотограф , е една од најважните имиња во современата македонска фотографија и важен глас на домашниот визуелен идентитет. Има работено на филмови, десетици групни и самостојни изложби, во последните две децении. Таа е страстен филмски фан, која се прелева во филмската критика.

  • Сатирична визија на Saturday night live за „просперитетот“ на Трамп: Од „МАВА“ до „МАГДА“ – нова ера на економски предлози?

    Во неодамнешната презентација, извесен господин Џонсон ја претстави својата неортодоксна визија за економски просперитет на Америка. Отфрлајќи ги вообичаените флоскули, Џонсон се заколна дека ќе ја оствари „МАВА“ – Да ја направиме Америка повторно богата (Make America Wealthy Again). Но, според него, пред да се стигне до тоа благосостојба, можеби ќе треба да поминеме низ една, како што самиот ја нарече, преодна фаза: „Ќе го направиме МАГДА. Да ја направиме Америка повторно Голема депресија (Make America Great Depression Again). знаете што? Ќе биде по - ќе биде подобро од големо. Ќе биде фантастична, неверојатна депресија, каква што досега не сте виделе.“ Згора на тоа, Џонсон додаде дека таа Депресија ќе биде „толку голема, што ние ќе ги јадеме мачките и кучињата.“ Презентирајќи го својот план со помош на Дизмукс, кој носеше голем картонски плакат кој се испостави дека е страница од менито на „Cheesecake Factory“, на Џонсон му беше предадена друга табла со детали за неговиот тарифен систем. And I ooop „Ниту една земја не е безбедна од моите тарифи“, изјави Џонсон, „Јас дури и ставив тарифи на остров кој е ненаселен од луѓе.“ Осврнувајќи се на островите Херд и Мекдоналд, Џонсон рече: „Ох, островот Мекдоналд. Би сакал да го посетам.“ Тој додаде: „Можете ли да си замислите? Биг Мек во хавајски сукњичка, у ла ла.“ Покажувајќи картичка со уметнички приказ на токму таа слика, тој рече: „Однеси ме во Божјата земја, нели?“ (Ова, се разбира, беше референца на објава на социјалните мрежи од кантри музичарот Морган Валeн по неговото нагло заминување од сцената на „С.Н.Л.“ минатиот викенд за време на завршната проштална порака).

  • Како да направиш поткаст кој сакаш да го ислушаш ,,на екс”?

    Како да креирате подкаст што се слуша без престан? Целта е да ги задржите слушателите инвестирани со целото нивно внимание во секоја епизода, а уште поважно – да ги натерате да се вратат и бараат и повеќе. Има причина зошто серии како „The Office“ и „Friends“ се универзално признати како серии кои се гледаат во еден здив и без престан. Секако, тие може да бидат позадински шум додека готвите или чистите, па дури и да се слушаат додека вежбате, возите точак, но клучот е што од некоја причина не стануваат здодевни или заморни, дури ни по 60 епизоди. Вие сакате да создадете иста таква „зависност“ кај слушателите со вашиот подкаст, и искрено кажано – може да биде тешко да се постигне тоа! Затоа составивме неколку совети кои ќе ви помогнат да се тргнете на тој пат: 1: Фокусирајте се на првите 60 секунди Слушателите ќе си го формираат мислењето за вашиот поткаст многу брзо. Потребни се само 1 минута за аудио емисијата да го ангажира или изгуби слушателот. За видео поткастите, ова може да биде и 1 секунда (особено ако размислувате за кратки видеа!). Затоа, усовршете ги првите 60 секунди со следниве методи: Веднаш преминете на содржината . Долгата предисторија може да почека и да се најде на крајот од епизодата. Ова значи дека треба да започнете со најинтересниот или најрелевантниот дел веднаш. Размислете за привлечно интро, изјава што го привлекува вниманието или интересен факт поврзан со темата. Објаснете ја вредноста на вашиот подкаст. Кажете му на вашето публика точно што ќе добие од оваа епизода. Дали ќе научат нешто ново? Ќе се забавуваат? Ќе добијат практични совети? Бидете јасни и концизни. Најавете го крајот. Оставете нешто за подоцна и дадете најава за дел/идеја/прашање што ќе го истражувате подоцна во епизодата. Ова може да го задржи нивното внимание и да ги мотивира да продолжат да слушаат. 2: Имајте структура за секоја епизода Под без структура е само разговор. Тоа звучи како одлична идеја додека вашите слушатели не се испозбунат и почнат да се прашуваат што се случува, а водителите се прашуваат едни со други: „ Чекај, а за што зборувавме?“ Избегнувајте го ова бесцелно талкање и одржувајте го темпото со сегменти. Обидете се да размислувате за: Креирајте незаборавни моменти што публиката ќе ги памети. Ова може да биде сесии за прашања и одговори, тематски коментари, редовни квизови, интервјуа со интересни гости или дури и лични анегдоти кои се релевантни за темата. Размислете за нешто што ќе го направи вашиот подкаст уникатен и ќе ги натера луѓето да зборуваат за него. Користете звук за да ви помогне . Очигледно, ова е поткаст! Користете го звукот во ваша корист и организирајте ги вашите сегменти со звучен дизајн, музички џинглови или можеби дури и некои фрази кои се повторуваат. Ова може да му даде на вашиот поткаст професионален и препознатлив шмек. Бидете конзистентни . Не обидувајте се да го измислувате млака вода одново секоја епизода. Откако ќе пронајдете структура што функционира, држете се до неа. Ова ќе им помогне на вашите слушатели да знаат што да очекуваат и ќе создаде чувство на посетување на нешто познато и сакано. 3: Гледајте во иднината Не велиме дека треба да имате огромен клифхенгер на крајот на секоја епизода (иако ако ова е крими подкаст или поткаст од одреден жанр, можеби баш ТОА е начинот), но дефинитивно треба да имате план за иднината. Тоа им помага на слушателите да разберат во што го вложуваат своето време . Размислете да направите: Кратки тизери на крајот од епизодите. Ова може да биде едноставно како да кажете „во следната епизода ќе…“. Можете да најавите тема, гостин или посебен сегмент што планирате да го вклучите. Дадете временски рамки за следните изданија . Дури и ако секогаш објавувате во понеделник, вреди да се повтори дека тогаш ќе им се обратите на вашите слушатели. Тоа помага да се изгради навика за слушање (во добар смисол). Конзистентното објавување е клучно за да ги задржите слушателите ангажирани. А понекогаш – погледнете и наназад. Оставете трошки од претходните епизоди на крајот од вашата. Поттикнувањето на луѓето да го слушаат целиот каталог ќе ви помогне да станете под што се слуша без престан. Можете да споменете претходна епизода што е релевантна за темата на новата епизода или да ги потсетите слушателите на нивниот омилен момент од минатото. 4: Направете да биде лесно да се слуша вашиот поткаст без престан И конечно, размислете за логистиката! Колку е лесно всушност да се слуша вашиот подкаст без престан? Дали сте присутни на сите платформи и социјални канали? Каде можат да ве најдат луѓето? Ако сте почнале да објавувате целосни видеа на YouTube, а сè уште немате поставено остаток од каталогот, сега е вистинското време. Не го прекинувајте протокот на сесијата за слушање – сакате да ги задржите луѓето „навлечени“ цел ден (или месец), а тоа може да се случи само со непречено автоматско пуштање на која било платформа што ја користат. Пар трошки за крај Бидете автентични и покажете ја вашата личност. Слушателите се поврзуваат со луѓе, па не плашете се да бидете свои и да го покажете вашиот уникатен глас и перспектива. Интеракција со вашата публика. Одговарајте на коментари и пораки, поставувајте прашања и поттикнувајте дискусија. Ова создава заедница околу вашиот подкаст и ги прави слушателите да се чувствуваат поврзани. Промовирајте го вашиот поткаст . Споделувајте ги вашите епизоди на социјалните мрежи, соработувајте со други поткастери и користете други стратегии за да допрете до поширока публика. Квалитетно аудио. Инвестирајте во добра опрема за снимање и уредување за да обезбедите чист и пријатен звук. Лошиот квалитет на звукот може да ги одбие слушателите. Монтирајте внимателно. Отстранете ги сите непотребни паузи, грешки или нејаснотии. Уредната и концизна содржина ќе го задржи вниманието на слушателите. Бидете вложени и страствени за вашата тема. Вашиот ентузијазам ќе биде заразен и ќе ги привлече слушателите кои го споделуваат вашиот интерес. Анализирајте ги вашите резултати. Следете ја статистиката за слушаност за да видите кои епизоди се најпопуларни и кои стратегии функционираат најдобро. Користете ги овие информации за да го подобрите вашиот подкаст во иднина.

  • Ye и Bianca Censori – Крај на бракот или уште една драма во низата?

    Ye и Bianca Censori – Крај на бракот или уште една драма во низата? Изгледа дека Ye – некогаш познат како Kanye West – повторно ја користи музиката како дневник, а последното што има да го каже за својот брак со Bianca Censori не звучи баш како љубовна песна. Во новата нумера “Bianca”, дел од албумот WW3, раперот ги потврдува гласините дека неговиот втор брак е во распад и фрла сериозни обвинувања на својата (поранешна?) сопруга. Песна или јавна исповед? “My baby she ran away/But first she tried to get me committed,” – пее Ye, тврдејќи дека Bianca не само што го напуштила, туку и се обидела да го хоспитализира пред да си замине. Ако ова ви звучи познато, тоа е затоа што Kanye веќе има историја на јавни испади во кои тврди дека луѓето околу него се обидуваат да го затворат во болница. Само што овој пат, наводно, тоа е неговата сопруга. Во текстот тој исто така признава дека ја следи преку апликација и дека се чувствува како дел од уште една токсична холивудска врска, споредувајќи се со Cassie и Diddy – пар чие име неодамна се поврзува со насилство и контрола. Каде завршува музиката, а каде почнува реалноста? Дали ова значи дека Bianca навистина го оставила Ye? Според извештаите од февруари, одговорот е „да“. Инсајдер за New York Post откри дека на Censori „ѝ беше доста“ по серијата контроверзии поврзани со раперот. Последната капка, бил моментот кога Ye реши да продава маици со свастика, што очигледно била границата што таа не сакала да ја премине. „Тоа беше последната капка,“ вели изворот. „Му кажа дека тоа не е нешто што таа може да го одобри , и дека не може да биде поврзана со нешто такво.“ Големиот молк на Censori И покрај тоа што Ye очигледно си ја отвори душата на песна, Bianca останува тивка. Нема изјави, нема деманти, нема обиди да ја „коригира приказната“. Единствената официјална реакција дојде од нивниот контроверзен портпарол Milo Yiannopoulos, кој порача дека „сите објави за нивниот приватен живот ќе дојдат од нив директно“. Но, со оглед на тоа дека Kanye веќе зборува преку музика, дали ова значи дека е официјално – крај на нивната врска? Во светот на Ye, ништо не е црно-бело (иако маиците со свастика дефинитивно се црно-бел проблем). Можеби ова е само уште една фаза во хаотичниот живот на раперот. Но, ако нешто е сигурно, тоа е дека Bianca, барем засега, не се враќа назад.

  • APIMIX – Моќен природен еликсир за зајакнување на имунитетот

    APIMIX APIMIX е врвен еликсир направен од  пчелните  производи мед, цветен прав, матична млеч и прополис. Состав 0,5% лиофилизиран матичен млеч – суперхрана на матицата. Тоа е уникатен производ, исклучително богат со минерали, амино киселини и ензими, со голема разновидност на витамини Б. 2% прополис – антибиотик на пчелите. Истражувањата покажуваат дека прополисот може да  користи при инфекции на горниот респираторен тракт, обична настинка и инфекции слични на грип. 28% ферментиран пчелен полен - пчелниот полен содржи 40% протеини и се смета за една од најкомплетните, најхранливи намирници во природата. Ги содржи скоро сите хранливи материи што му се потребни на човечкото тело. Околу половина од протеинот е во форма на аминокиселини подготвени да се користат директно од телото. Последно, но не и најмалку важно, препаратот содржи  100% природен пчелен мед како главен учесник во оваа природна комбинација за зајакнување на имунитетот. Вкус:  Вкусна комбинација со средна сладост и ноти на прополис, полен и матичен млеч. Употреба:  Ова е моќен производ  соодветен за директна употреба  за да уживате во корисните својства на состојките. APIMIX   e погоден  и за возрасни и за деца. Се препорачува да се зема 30-40 денови, после што треба да се направи пауза од 15 дена, пред евентуално да се зема уште една доза. Најдобро е да се зема за возрасни  по една до две  кафени лажички, распределни една лажичка наутро на празен желудец 15-30 минути пред  јадење и евентуално втората  лажичка навечер 30 минути после последниот оброк.  За деца од 3-12 години  дозата една кафена лажичка на ден. При консумација се препорачува препаратот да не се голта веднаш, туку да се остави што подолго во устата за да можат состојките полека да се раствори и директно да се апсорбираат. Напомена:   Пчелниот полен, прополисот и матичниот млеч може да предизвикаат реакција кај алергични или почувствителни луѓе. Ако прв пат се користат пчелни продукти се препорачува на почеток првите денови да се земаат мали дози кои постепено ќе се зголемуваат.  Во случај на било каква алергична рекција да се прекине со консумација на препаратот.  Ако се сомневате, консултирајте се со специјалист пред да го користите производот. Состојките во   составот се гарантирано  чисти  100% природни, со  непастеризиран мед и пчелен полен, прополис и лиофилизиран матичен млеч со гарантиран квалитет. Да се чува на темно и суво место на температура до 25°C И.Ч.

  • Како да се уништи она што ја прави Америка велика

    Автор: Дејвид Брукс; Ќе им дозволам на другите да го опишат економскиот масакр што тарифите на претседателот Трамп веќе почнаа да го предизвикуваат. Сакам да ја опишам штетата што тие ќе ѝ ја нанесат на американската психа и на американската душа. Трамп гради ѕидови. Неговите трговски политики го попречуваат не само протокот на стоки, туку и протокот на идеи, контакти, технологија и пријателства. Истото го прават и неговите имиграциски политики. Тој ги напаѓа институциите и заедниците кои се најмногу вклучени во меѓународната размена: научните истражувачи, универзитетите, дипломатскиот кор, агенциите за странска помош и меѓународните сојузи како НАТО. Суштината на агендата на Трамп можеби е: Не ги сакаме тие проклети странци. Проблемот е што големите нации низ историјата на западната цивилизација биле нации-раскрсници. Тие биле места каде што луѓе од секаде се среќавале, разменувале идеи и заедно доаѓале до нови. Во својата книга „Градовите во цивилизацијата“, Питер Хол ги разгледува најиновативните места низ вековите: Атина во петтиот век п.н.е., Фиренца во 15-тиот век, Виена од крајот на 18-тиот век до предвечерјето на Првата светска војна, Њујорк од крајот на 19-тиот до средината на 20-тиот век, областа на Заливот (Bay Area) подоцна. Сите тие биле места за средба на луѓе од различни нации. Хол пишува: „Луѓето се среќаваат, луѓето разговараат, луѓето ја слушаат музиката и зборовите на другите, ги играат танците на другите, ги прифаќаат мислите на другите. И така, поради географски случајности, може да се појават искри и нешто ново да произлезе од средбата.“ Ова, продолжува тој, се случува на точките на спојување, места кои поттикнуваат глобална интеракција. Таквите места имаат заеднички карактеристики: тие се неформални, некласно ограничени, нехиерархиски, неофицијални. Економската иновација експлодира, пишува тој, „на места со богата мрежа на увозни канали, кои пак обезбедуваат канали за нови идеи“. Ова некогаш беше Америка. Нација-раскрсница, привлекувавме високо мотивирани имигранти кои сакаа да бидат таму каде што се случуваа нештата. Ја поддржувавме слободната трговија. Британскиот колонијализам и американскиот интернационализам го направија англискиот јазик најблиското нешто до глобален јазик што го имаме. Ова некогаш беше нашата иднина. Во есејот од 2009 година за „Форин Аферс“ наречен „Предноста на Америка“, Ен-Мери Слотер тврдеше дека моќта во 21-от век ќе им припадне на нациите кои ќе се постават во центарот на мрежите, и дека Америка беше добро позиционирана да ја игра таа улога. Имаме разновидно население со глобални врски, сојузи преку два големи океани, најдобри универзитети со голем број странски студенти. Сето тоа се оштетува. Но, тоа не е ни мојата главна грижа. Мојата главна грижа е за духот и вредностите на земјата. Психологијата на луѓето се формира од условите што ги опкружуваат. Условите што ги создава Трамп се засноваат на и го негуваат безбедносниот менталитет: тие нè загрозуваат; тоа е свет на нулта сума, каде што волкот го јаде јагнето; треба да штитиме, штитиме, штитиме. Треба да градиме ѕидови. Повторно, проблемот е што ако ги погледнете културите на општествата на нивниот врв, тоа е речиси спротивното од менталитетот што го наоѓате. Во „Цивилизација“, неговиот сопствен преглед на врвните точки на западната историја, ликовниот критичар Кенет Кларк заклучи дека големите периоди се градат врз голема самодоверба — самодовербата на нацијата во нејзините закони и нејзините капацитети. Таа заедничка култура на самодоверба природно ги исполнуваше луѓето со социјална храброст, со авантуристички дух. Помислете, на пример, на типот луѓе кои поттикнуваат иновации и динамизам. Какви се тие? Тие се ставаат во непознати ситуации. Тие се ентузијасти за новости. Новинарот Адам Хокшилд еднаш напиша: „Кога сум во земја радикално различна од мојата, забележувам многу повеќе. Како да сум зел дрога што го менува умот и ми овозможува да видам работи што нормално би ги пропуштил. Се чувствувам многу пожив.“ Тие имаат разнострана љубопитност. Нивните интереси и ентузијазам опфаќаат многу сфери. Нобеловците имаат најмалку 22 пати поголема веројатност од просечниот научник да имаат споредно хоби како магионичар, актер, танчер или некој друг вид изведувач. Тие имаат широк социјален опсег, голем број различни пријатели. Во децениите пред да го објави „За потеклото на видовите“, Чарлс Дарвин редовно разменувал писма со најмалку 231 научник од 13 различни области, толку различни како економија и биологија. Тие се способни да комбинираат различни погледи на светот. Креативноста често се случува кога некој комбинира две галаксии на идеи. Пабло Пикасо ги комбинираше западниот портрет со африканските маски. Јоханес Гутенберг ги комбинираше гравирањето на дрвени блокови, ковањето монети и пресата за вино за да ја создаде својата печатница. Тие се водени кон постојан раст. Тие се стремат да ги прошират своите интереси и приврзаности, да се вклучат во постојано само-подобрување. Можете да ги препознаете таквите луѓе бидејќи поминале низ различни поглавја. Секогаш учејќи, тие ги менувале своите интереси и погледи на светот со текот на годините, рушејќи еден начин на создавање смисла и градејќи нешто ново. Ралф Валдо Емерсон беше во право кога напиша: „Не во неговите цели, туку во неговите транзиции човекот е голем.“ Постои име за вредностите и ставот што ги опишувам овде: космополитизам. Космополитот има корени во еден град и една нација, но ги цени и учи од многу други национални струи. Со фраза што ја користев овде претходно, нејзиниот живот е серија смели истражувања од сигурна база. Понекогаш се чини дека 21-от век сведочеше на еден напад по друг врз космополитизмот — од 11 септември наваму. Лидер по лидер апелира на страв од нечистотија и закана. Оваа атмосфера на суров свет не само што го намалува контактот меѓу народите, туку го задушува и авантуризмот што беше најдобрата дефинирачка карактеристика на Америка. Трамп ја нарече средата Ден на ослободувањето, но можеби посоодветно би било Ден на стагнацијата. Ако Америка е сè уште Америка, овие тарифи ќе ја претставуваат пресвртната точка на претседателствувањето на Трамп. Луѓето ќе бидат револтирани од бесполезнaта економска болка што ја предизвикуваат и, посуптилно, згрозени од кукавичките вредности што ги претставуваат.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page