Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Отворено јавно платно: Муралите на АКТО фестивалот визуелен потсетник за солидарност и слобода
Моќта на јавната уметност да инспирира, провоцира и обединува не е нов концепт, но свежиот замав кој го добива уличната уметност во Македонија, видена и во најновата серија „АКТО мурали“, е светла илустрација на нејзината важност и динамичност. Со отворањето на 19-то издание на AКTO фестивалот за современи уметности, организирано од Здружението Факултет на работи што не се учат (ФРУ), се претставија и серија мурали кои се разгрануваат насекаде низ Македонија - од Прилеп до Скопје, и сите тие длабоко зборуваат за солидарност, правдина и слобода. Извори на инспирација Муралите се не само украси; тие се катализатори на културен дијалог и рефлексија. Во Кичево, муралот поставен на Центарот за култура „Кочо Рацин“ е инспириран од релјефот на Јордан Грабулоски, прославен македонски вајар и уметник, што остава траен препознатлив знак во градот. Муралот во Скопје пак е оживуван со порака на Бертхолт Брехт: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“, што експлицитно ја истакнува потребата за активизам и колективна одговорност. Уличната уметност како средство за промена Муралите и уличната уметност имаат длабоки корени во социјалната и политичката историја на многу култури. Настани како мексиканското муралистичко движење од раниот 20-ти век иконографски изразуваа социјални пораки, ставајќи ги уметниците во центарот на народните револуции и културни преобразби. Денес, овие мурали во Македонија го следат тој дух и стануваат експозитури на современите стремежи и предизвици на нашето општество. Ефект на муралите во локалните заедници Освен што привлекуваат внимание, муралите во Македонија промовираат културен туризам и ги поттикнуваат локалните заедници да се вклучат и да ги изразат своите мислења и чувства преку уметност. Тие се големи панели што ги отсликуваат колективната сознанија и стануваат симболи на местата каде што живеат и дишат. Серијата мурали инсталирани низ Македонија не се само обични уметнички дела; тие се манифестации на друштвените вредности и амбиции. Низ изразување на солидарност и повик за акција, овие улични дела служат како постојан потсетник на силата на заедништвото и подвигот што уметноста може да го постигне во промена на општествените перцепции и ставови. Со големо задоволство Ве известуваме дека серијата мурали низ државата – акцијата со која и официјално се отвори најновото, 19-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ, е заокружена со последните два мурали во Кичево и Скопје. Во центарот на кичевската чаршија, на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“, на надворешната и предна фасада е реализиран мурал од уметницата Ивана Самандова во соработка со уметниците Александар Џинго и Методиј Исков. Идејата за овој мурал е делумно инспирирана од релјефот на Јордан Грабулоски, македонски академски вајар и уметник кој го кој го има изработено на спомен- костурницата во Кичево. Од истиот тој релјеф, композициски се презема инспирацијата да се преобрази во еден поинаков контекст преку кој се нагласува хармонична соработка помеѓу луѓето. Муралот, кој се реализираше во март во Скопје, на зградата која се наоѓа на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, побуди позитивни чувства и кај соседните згради така што резултираше со уште една иницијатива за реализација на мурал, како вид завршно заокружување на целиот проект и подарок кон станарите. Поткрепени со ентузијазмот на станарите во зградата и поддршка од ФРУ, уметницата Ивана Самандова во соработка со Ана Трајковска и Доротеј Нешовски реализираа мурал на зградата бр. 37. На овој мурал е поставен цитат од Бертхолт Брехт кој вели: „Наместо само да бидете слободни, создадете услови кои ги ослободуваат сите!“. Серијата мурали (во Скопје, Прилеп и Кичево), од коишто два се во соработка со две јавни културни институции и уште два со две заедници по нивно барање, се темелат на концептите за солидарност, правдина, соработка и слобода, со надеж дека долго време ќе останат визуелен потсетник за неопходноста на борбата за да дојдеме до истите - со силата на заедништвото. ФРУ
- In memoriam: Дива разговор: Стив Албини одбива да слуша “националистичко ѓубре”
Нема многу музички ентузијасти како што нема ниту музичари кои не го знаат креативното портфолио на Стив Албини. Револуционерно и иновативно не е преувеличување на твоето професионално резиме, на твоето животно дело. Го кажувам тоа за да кажам дека мојата работа да најдам прашања кои не биле прашани порано, не е лесно и може да биде ограничувачко, ОСВЕН доколку си саунд инженер, или студента музички инженеринг. Можеби го „изгубивме“ Фил Спектор, имаме тебе да зборуваме за ангуларниот звук, доколку треба да го направиме тоа…. Јана Коцева: Многу сум благодарна затоа што најде време да зборуваш со нас. Во тоа светло, минатите две години беа вистински тобоган. Како се справи со досадата и лудилото и теророт кое го обзема целиот свет? Стив Албини: За време на пандемијата, светот на сите се собра, сите ние бевме повеќе во нашите домови и глави и јас не сум ништо поразличен. Искористив нешто од присилното време на мирување да работам во домашната столарска работилница, да правам мебел и корисни нешта за куќата, поминав повеќе време во градината, тој тип на работа. Бендот во кој што сум, Shellac, секогаш беше тивка афера, немаме изискувачки распоред. Бевме во можност да одржиме неколку турнеи во 2022, и додека беше супер што можевме сето тоа да го направиме, турнеја под Ковид протоколи не е ни оддалеку забавна како што порано беше. Тој саат на сцена е супер, но остатокот од времето се чувствуваш екстремно притеснет, од она што е безбедно, а што не е. ЗА БЕНДОВИТЕ, ПРОДУЦИРАЊЕТО И ЕВОЛУЦИЈАТА НА ШЕЛАК. .Ј.К.: Лично, мислам дека е најдобро кога бендовите ја продуцираат сопствената музика. Доколку го ставиме тој идеал на страна, што мислиш дека значи одличен музички продуцен, и што е уште поважно инженер на звук? Јадрото на Shellac е продуцент како се разви звукот на бендот со тек на време? Стив Албини: Ако ја дефинираме „продукцијата“ на специфичен начин, што значи да ги правиме сите сонични и уметнички одлуки за одреден албум тогаш да, мислам дека е најдобро луѓето да си ја продуцираат сопствената музика. Често има ситуации каде бендот не знае кој е опсегот на можности за одреден звук или техника, и во тие случаи помага да имате искусен инженер кој може да им покаже што е возможно, за да може да направат информирана одлука, или да ја употребат соодветната опрема и техники за да реализираат концепт. Одличен инженер има целосно сфаќање на снимачката околина (техничка и акустична) и доволно од фамилијарноста за опремата и музиката, за да прави интелигентни одлуки со снимачкиот процес во однос на техниката, методот, тајминот итн. Одличен инженер е сервис на бендот, правејќи се што е потребно за да звукот од нивните глави излезе на звучниците. Одличен инженер не се обидува да ја продуцира снимката, туку го прави продукцискиот процес безболен. Во Shellac имаме среќа да имаме двајца многу добри инженери во бендот, па можеме да ги решиме сите инженерски проблеми и самите. Додека ние всушност свириме, ни треба некој друг во улога на tape operator, а некогаш тие луѓе имаат влијание и на сесиите. Во почетокот на бендот, ги тестиравме границите на нашите првични идеи, па затоа често секоја нова песна имаше фундаментална идеја, како „Оваа песна треба да има хармонска прогресија која никогаш не се повторува на ист начин“ или „Оваа песна треба да почне брзо, и да заврши бавно…“ тој тип на работа. Колку подолго бендот преживуваше, идеите стануваа посуптилни, дистинкциите помеѓу песните поспецифични. Сега кога правиме една од тие основи, обично има и нешто друго со нив да ги разликува, и процесот е многу побавен. Ние користевме многу од лесните формати, сега сме на тешките. АНАЛОГНО И ДИГИТАЛНО: ЗОШТО АНАЛОГНИОТ ЗВУК Е ИЗБОР ЗА ОНИЕ КОИ РАЗМИСЛУВААТ ДОЛГОРОЧНО ЈК: Претпочиташ аналогни наспроти дигитални методи и потполно се согласувам со тебе. Но сепак, зошто е изборот на аналогното? Стив Албини: Кога почнав да снимам, уште далеку во 1970-тите, немаше одлука што требаше да се направи. Аналогните техники беа сѐ што беше на располагање, па тоа беше начинот на кој што научив. Секоја година или така нешто, од отприлика 1980-тата па натаму имаше „нов пробив“ во дигиталното снимање што ветуваше дека ќе го смени аналогното. На почетокот тоа беа тривијални, ужасни системи кои звучеа лошо и имаа осакатена функционалност. Во системите базирани на ленти, не можеше да редактираш и тие беа врзани за еден произведувач за плејбек системи, па мастерите константно стануваа сирачиња кога компаниите остануваа без пари и уредите стануваа излишни. Тие беа трагично лоши, и практиките на студијата беа компромитирани од нивните ограничувања. Како што дигиталните снимки се поместија од хардвер во DAW системи, проблемот на некомпатибилност помеѓу форматите остана, но многу од практичните карактеристики беа додадени и беше возможно да се снима во суштина нормално на нив. Единствениот вистински проблем со нив беше дека таму немаше долгорочен формат за складирање на мастерите, и компјутерската индустрија се менуваше толку брзо што софтверот и хардверот брзо стануваше некомпатибилен од година во година, и конкурентните формати и кревкоста на бизнисите кои ја држеа сопственичката контрола на користењето на мастерите, создаде многу повеќе мастер сираци, сесии кои повеќе не можеа да бидат отворени или имаа катастрофално компромитирана функционалност. Овие проблеми опстојуваат. Сѐ уште нема долгорочно архивно решение за мастерите направени за време на сесија за снимање. Нема универзален формат за сесиите, како што се сите работи кои порано беа составни за една снимка, EDL, параметри за уредување, виртуелни инструменти, плагини, метадата, и сето останато што е потребно да се оживее сесијата во иднина е кревко и склоно да исчезне со тек на времето. Дополнително тука е тековниот модел на претплата, кој обезбедува сесиите кои се оддржуваат денес, да не бидат употребливи во иднина доколку претплатата не е подмирена. Ја гледам мојата примарна одговорност во сесија за снимање како правење снимка. Мојата број еден работа е да направам нешто што ќе ги надживее сите во сесијата, за музиката да преживее доволно долго за потенцијално да најде публика. Поголемиот дел од музиката која ја снимам е со ограничена привлечност во моментов, но многу од неа евентуално ќе развие историска значајност со текот на времето, и би било неуспех на мојата одговорност, доколку не уснимам на таков начин, што ќе може да биде слушнат денес како што беше тогаш. Снимките во аналогниот домен се единствен начин да се обезбеди дека сработеното на моите клиенти ќе опстане долгорочно, и искрено долгорочно е единствениот термин кој ми е битен. Некои снимки кои ги правам ќе бидат популарни во моментот, некои нема, но она што ми е битно е да бидат сочувани за луѓето и по 100 години да знаат нешто за нашата музика и нашата култура. Јас снимам на аналогни ленти затоа што зачувувањето на музиката за иднината е мојата примарна грижа. ЗА ЖАНРОВИТЕ: ШТО КОНСТИТУИРА ЖАНР, И ДАЛИ СЕ ТОА ИСКЛУЧИВО НЕГОВИТЕ МУЗИЧКИ ЕЛЕМЕНТИ? ЈК: Што е твоето мислење на ставање на бендовите, и музиката воопшто во жанрови, што е нивната цел? Дали за да го олесни делот кој се справува со „Индустријата“, дел од процесот, или можеби е добра работа? Што го сочинува еден жанр, дали се тоа исклучиво неговите музички елементи? Стив Албини: Многу од жанровските музичари се среќни и горди да бидат дел од традиција, од култура и заедница која е само-дефинирана и слеана околу тип на музика. Кантри музика, рутс музика, ска, панк, гот, сурф, гараж, разни категории на метал и електронска/клупска музика… овие се идиоми, понекогаш цели култури инкапсулирани во звук, и луѓето кои се во нив се таму по избор. Апсолутно во ред е да се признаат овие категории и да се прослават, кога се однесуваат со чест. Многу од сурф музиката е забавна да се слуша, речиси без разлика кога е направаена или колку компетентно. Не е длабока, но е забавна. Исто со ска, со арбитрарна вредност на „забавно.“ Но музиката речиси не е битна доколку културата на жанрот е значајна и отаде музиката. Јас не сакам да слушам white-power музика, нациналистичко ѓубре, или тип на блек метал што флертува со фашизмот, па затоа и не ја слушам и не можам да ти кажам дали музиката е „добра.“ Ќе претпоставам дека е лоша бидејќи доаѓа од ужасен начин на размислување, но тоа не е симетрична врска. Немам никаква наклонетост кон музиката на Insane Clown Posse, на пример, но жанрот кој го направија и заедницата која се изгради околу нив е инклузивна и гостопримлива за луѓето кои се на надворешните маргини на стрејт општеството, луѓето кои немаат каде да се обратат, и тоа е доволно за мене да ги ценам, за екстра - музичката грижа. ЗА МУЗИКАТА КОЈА ЈА СЛУША ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ И МАИЧКИТЕ КОИ ГИ НОСИ. ЈК: Што слушаш дома во последно време, и кои маички од омилени бендови сакаш да ги носиш? Стив Албини: Скоро имав сесија со бендот Code Orange и во пресрет на сесијата, направив мал deep dive во нивната музика онлајн, ми беше заживувачка и како награда открив цел каталог што го игнорирав претходно. Има нов Dead Meadow албум, и е значајно експериментално отстапување за нив и на тоа му се восхитувам. Има пар апсолутни ремек-дела на него, и е заносен за слушање како целина. Во последните пар години добив нови маици од Cocaine Piss, Decibelles, Naked Raygun( трибјут на Pierre Kezdy) и Spare Snare, сите се фантастични, и ги носам често. ЗА ПРЕДИЗВИКОТ НА ПОКЕРОТ. ЈК: Знам дека презираш се́ што е мејнстрим(иако се чини дека се́ се стопи во него во последно време). Тоа ме носи до заклучокот дека не играш Холдем. Што е твојот избор: Омаха или 7 stars? Стив Албини: Играм покер за пари, и ќе ја играм било која покер игра во која мислам дека ќе добијам пари. Тоа повеќе зависи од поставата на играчи, отколку од типот на игра, но моите вештини, какви што се, се погодни за игри со силна имплицитна информациска компонента, каде што читањето на играчите и читањето на раката од акцијата се највредни. Од тие причини, преферирам мешани игри и stud формат игри, стад со 7 карти поточно. Ако има тешка мешана игра и мека Холдем игра, веројатно сепак ќе си ги опробам шансите во стад играта, но ако комбинацијата на играчи и влоговите го прават играњето на Холдем попрофитабилен, тогаш тоа е она што ќе го направам. Разговараше: Јана Коцева Уреди; Ана Чушкова илустрации: dream milk *Разговорот на англиски е ОВДЕ
- Милано забрани сладолед после полноќ!
Во последниот обид да ги наложи мирот и тишината во своите живописни улици, Милано, италијанската метропола позната по својот безгрижен ноќен живот и културата на аперитиви, воведе контроверзна одлука: Забрана за продажба на сладолед и друга храна која се јаде на нога, после полноќ. Оваа одлука ги става под клуч 12 од најживописните дистрикти во градот, воведувајќи општествена дилема меѓу правото на забава и потребата за јавен мир. Во официјално соопштение, заменик-градоначалникот одговорен за безбедноста, Марко Гранели, објасни дека целта е да се најде рамнотежа меѓу социјализацијата и забавата, мирот и здравјето на жителите и слободната економска активност на трговците и претприемачите. Сепак, она што најмногу издвојува од оваа мера не е самата забрана, туку специфичната цел на сладоледот, кој кај многумина предизвика негодување и потсетува на длабоко врежаната култура на уживање во сладолед по касните часови. Милано, срцето на Италијанската банкарска и технолошка индустрија, секогаш бил симбол на напорна работа и иновативност, што го направи понатамошното ограничување на ноќниот живот уште повеќе контроверзно. Градоначалникот Giuseppe Sala изјави дека мора да слушне сè страни, вклучително и тие кои работат и сакаат да водат бизнис во текот на ноќта. Сепак, критичарите на оваа одлука се прашуваат дали забраната навистина ја адресира коренот на проблемот или поради неа трговците ќе понесат непропорционално голем товар. Поддршката и спротивставувањето на оваа забрана се допираат до разбирањата на локалната идентитетска култура, како и содржината на ноќниот живот каде сладоледот е повеќе од само појадок; тој е део од италијанската душа. Новинска статија "Il Giornale" дури отиде толку далеку да прокоментира дека градоначалникот "ја објавил војна на сладоледот". Бизнис-заедницата, исто така, се огласи против оваа одлука. Лино Стопани, претседател на италијанската федерација на јавни и туристички оператори, истакна дека инцијативата не решава проблем, туку нанесува штета на бизнисите кои го зајакнуваат и збогатуваат градот. Останува да видиме дали ќе има простор за компромис или предлози за промена на планот пред финалниот рок на почетокот на мај, како и дали историјата ќе се повтори како во 2013 година, кога слична одлука за кратко беше воведена, па повлечена по "недоразбирање". Вистинското прашање е: дали Милано ќе може да најде начин да го балансира својот богат социјален живот со потребите на своите жители за мир и спокојствие
- ВИДЕО: A Study in Choreography for Camera на Маја Дерен
Маја Дерен можеби не е име кое често се слуша во широките кругови на филмските ентузијасти, но нејзиното влијание во сферата на експерименталниот филм е неоспорно и трајно. Оваа година, Филозофскиот филмски фестивал нè подсетува на нејзината неверојатна кариера и уметничко наследство, со фокус на нејзините видео есеи кои остануваат темели на авангардниот жанр и непроценлива инспирација за современите креатори. Родена во Киев во 1917 година и мигрирана во САД, Дерен ја префрла својата пасија од социјални науки кон филмската уметност, каде што нејзините иновативни идеи го најдоа идеалното игралиште. Нејзините дела, карактеризирани со силна експресија, нелинеарност и префинети визуелни експерименти, сè уште ги фасцинираат и провоцираат гледачите. На овогодинешното издание на Филозофскиот филмски фестивал, публиката ќе види шест од нејзините најемблематични дела, кои остануваат вечна инспирација за уметниците ширум светот. Есеите како „Meshes of the Afternoon“, „At Land“, и „Ritual in Transfigured Time“ се изучуваат не само како кинематографски подвизи, туку и како инструменти преку кои Дерен ја истражуваше психологијата, женската перцепција и метафизичките поими. Повеќе: Филозофскиот филмски фестивал полни 14 години со Маја Дерен Преку нејзините експерименти со времето и просторот во посебен контекст, Дерен го постави филмот во доменот на поетиката и филозофијата, нудејќи освежувачки нов увид во можностите на визуелниот јазик. „A Study in Choreography for Camera“ ги доближува границите помеѓу танцот и филмот, додека „Meditation on Violence“ нè поттикнува да размислуваме за природата на насилството и уметноста. Најавата на фестивалот со документарецот „Во огледалото на Маја Дерен“ на 14 мај во Музејот на современата уметност ќе понуди поглед зад кулисите на животот и творештвото на оваа режисерка. Режираниот од Мартина Кудлачек, филмот е одличен увод во нејзината уметност и нејзините методи. Едно од нејзините најпознати дела, A Study In Choreography for Camera (1945), е краток филм што со силна силуета и прецизност ги истражува границите на движењето и времето, претставувајќи го танцот како никогаш порано - во тој момент. Оваа четириминутна чудесност не е само студија за кореографија; таа е поема на телесната експресија, предмет на нови медиумски блесоци, каде што просторот и тонот се преформулираат. Во "A Study in Choreography for Camera", Дерен го манипулира времето и просторот преку кинематографските техники, воспоставувајќи интензивен дијалог помеѓу камерата и танчерот. Таа користи монтажа за да изгради континуитет на движење, истовремено создавајќи остри скокоти во просторот што го прекршуваат конвенционалниот тек на времето. Танцот, изведен од Талли Бити, не е прикажан како настап за публика, туку како интимна игра помеѓу телото и неговата око-што гледа—камера. Ова претставува драматично преиспитување на улогата на публиката, при што гледачот не е само набљудувач, туку активен учесник во создавањето на значењето.Арт филмот на Маја Дерен не само што предизвикува технички и идеолошки, туку и високо емоционално. Нејзиниот талент за создавање впечатливи визуелизации кои едновремено инспирираат и предизвикуваат. "A Study in Choreography for Camera" не е само дело на американската авангардна филмска сцена; тоа е лирски трактат на уметноста на движењето, покажувајќи дека танцот и филмот можат да се спојат во трансцендентално искуство што го преиспитува нашето разбирање на реалноста.Маја Дерен со својот визионерски пристап остави неизбришлив белег во светот на филмот и уметноста, утврдувајќи ја како една од највлијателните фигури во историјата на експерименталниот филм. Во "A Study in Choreography for Camera", Дерен не само што го отфрлила конвенционалниот приказ на телото во движење, туку и отворила нов пат за разбирање на кинематографскиот простор како органски елемент интегрален за исповед на уметничката визија.
- Поткаст лектира: Дрејк вс Кендрик битката во поткастите
Не е возможно да направиме кохеретно сумирање на сеопштата врева овој месец, па ви ги нудиме некои од главните точки: понтатаму можете и сами, големи сте си:) The Breakfast Club, Joe Budden podcast (се чини дека Кендрик ги темпира датумите точно на деновите кога се снима влијателниот поткаст), диџеј Академикс кој е цело време во живо и ја следи ситуацијата, Brilliant Idiots итн. ...
- КРИК Фестивалот ја носи „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска
Скопје, 6 мај - Контрапункт во рамките на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, платформа која ја покрена во 2016 година ве поканува на промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од Сузана Милевска, една од нашите најзначајни теоретичарки на визуелната уметност култура и кураторка. Промоцијата ќе се одржи во КСП Центар – Јадро, на 7 мај (вторник) со почеток од 19,30 часот. Промоцијата ќе се одвива во дијалошки формат помеѓу Сузана Милевска и Артан Садику, политички филозоф. Воведни зборови ќе има Искра Гешоска, теоретичарка на културата и културна работничка, а свои интревенции ќе има Тијана Ана Спасовска, историчарка на уметноста. Промоцијата е замислена како отворен дискурзивен и партиципациски настан што ќе вклучи и сесија со прашања и одговори од присутните. „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ е избор од петнаесет есеи за париципациската уметност со фокус на уметноста во Југоисточна и Централна Европа. Милевска ги напишала и објавувала овие текстови на англиски во текот на повеќе од петнаесет години. За првпат, овие есеи се објавуваат заедно во оваа збирка, почнувајќи со првиот есеј напишан на оваа тема во 2006 година. Сите есеи се преведени на македонски јазик и уредени од Ана Димишковска, деканка на Институтот за филозофија и професорка по логика и филозофија, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Повеќе: Нова книга на Сузана Милевска Сузана Милевска ги артикулира и интерпретира плуралните, отворени, променливи форми во уметноста кои, сепак, претставуваат кохерентно единство, структура која потенцира и репрезентира одреден свет на релации помеѓу поединечните општествени и човечки и интимни наративи, помеѓу политичкото и уметничкотот. Зошто е од исклучително значење книгата со теориски артикулации и размислувања на Сузана Милевска - заради нејзината важна интервенција во етичко-политичката организација на промислувањето на партиципациската уметност, и заради нејзиното храбро и предизвикувачко отворање/поставување прашања преку чии можни одговори може одново да се освои изгубениот политички и уметнички простор, разбиен со безмилосните напади на глобалниот неолиберализам. Милевска освен што во една повеќегодишна епистемолошка перспектива нуди огромен спектар на предностите и замките кои со себе ги носи партиципациската уметност, таа едновремено, нѐ воведува во една поинаква перспектива низ која ги согледуваме и институционалните лавиринти, и постколонијалните спирали, а сето тоа, се разбира, со исклучително внимателно инсистирање на контекстите во кои се одвиваат ваквите динамики. Книгата на Милевска Контрапункт ја објави и на англиски јазик, а промоцијата на англиското издание се одржа во март 2024 година, во Њујорк. Сузана Милевска е кураторка и теоретичарка на визуелните уметности и култура Нејзините теориски и кураторски интереси се свртени кон постколонијалната критика на хегемонските режими на моќта во претставувањето, родовите разлики во визуелната култура, и феминистичките, партиципациските и колаборативните уметнички практики. Милевска била Главен истражувач на проектот на Хоризонт во 2020 насловен како ТРАГИ на Политехничкиот Универзитет Милано, а во 2019 година таа ја курирала завршната изложба Спорни објекти/Засрамени субјекти. Во 2013 година, таа била назначена за прв поддржан професор за историја на уметностите од Централна и Југоисточна Европа на Уметничката Акдемија во Виена (2013 - 2015). Милевска докторирала визуелна култура на Голдсмит Колеџ, при Лондонскиот Универзитет. Во 2004 година била Фулбрајтов стипендист како виш истражувач во Конгресната библиотека во Вашингтон. Таа има курирано бројни меѓународни изложби, го има иницирано проектот Повикај го сведокото - Рома павилјон на Венециското биенале (2010-2011). Нејзините текстови се преведени на бугарски, хрватски, англиски, француски, унгарски, германски, италијански, јапонски, руски, српски, словенечки, шпански, шведски, турски, итн. Таа е автор и уредник на многу книги, меѓу кои Gender Difference in the Balkans, 2010, The Renaming Machine: The Book, 2010, и On Productive Shame, Reconciliation, и Agency, SternbergPress, 2016 година. In 2012 ја добива наградата Игор Забел за култура и теорија. Оваа книга е објавена како дел од проектот Peripheral Visions – towards a trans(l)national publishing culture, кој си поставува за цел да развие меѓународна размена меѓу малите културни и лингвистички контексти на полуперифериите на Европа со меѓусебна поддршка преку ко-продукции, ко-креации, трансфер на знаења и споделување на ресурси. Преку мултилингвално издаваштво, трансдисциплинирана културна продукција, алтернативна дистрибуција, размена на знаење, дигитални содржини, отворени дигитални технологии, и нови формати на игри, проектот создава меѓународен простор за создавање и експериментирање во издавачкиот процес. Peripheral Visions е заеднички проект на Културтрегер, Маска од Љубљана, eipcp – European Institute for Progressive Cultural Policies, kuda.org, Контрапункт и Мултимедијалниот Институт со здружените партнери Kulturföreningen Glänta и EUROZINE. Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија и програмата Креативна Европа на Европската Комисија, финансирана од Европската Унија. Но гледиштата и мислењата што се изразени во неа се сепак само на авторот(ите) и не нужно ги одразуваат оние на Европската Унија или на Европската агенција за образование и (EACEA). Ниту Европската Унија ниту доделувачот на грантот не можат да се сметаат за одговорни за нив. За КРИК - фестивал за критичка култура 09 „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“ Желбата е вистинита, вирее од мноштвото на поврзувања, произведува и самата е истовремено резултат на тоа производство. Желбени машини насекаде. Тие не се веќе само човековите битија и нивните алатки. Нови желбени машини го колонизираат просторот насекаде, тие произведуваат и се резултат на производството на алгоритмите, платформите, облаците и вештачката интелегенција. Мноштво на поврзани желби, хипер забрзан процес на производство, податоци, информации, масивни дата сетови, и намaлен капацитет на разбирање и ставање во некоја, класично дефинирана, добронамерна цел. Кога теориите се немоќни пред мета-универзумот на капиталистичкото производство на се поголемо спекулативно богатство на податоци, на нови желби и нови машини, кои се тешко разбирливи, а уште потешко запирливи, единствено уметноста преостанува како вечно поле на борба со неразбирливото и незапирливото. Иако длабоко поврзана, преку редици машини, желби и производи, сепак веруваме дека уметноста може да се откине, да стане своја линија на прелет, да начне процеси на транс-формативни желби и анти-продукција. Таква уметност посакуваме, и се додека нашата желба не е потполно стопена во кодот на капиталот, ако воопшто желбата може да се покори, за таква уметност ќе се залагаме. КРИК Фестивал за критичка култура во неговото 9-то издание ќе се обиде да ги стави во фукција постоечките јазични капацитети и уметнички потенцијали за да може да се мисли во негација на сегашниот тек на махиналната нихилистичка инерција на современите машини. Со цел да ги предизвикаме постоечките текови на производство на мисла, уметност и воопшто да им се спротиставиме актуелните текови на создавање по инерција, заеднички ќе нурнеме подлабоко во често занемарената или намерно игнорираната од доминантните политички наративи, врската помеѓу уметноста и револуцијата. Ќе го истражуваме нивното постоење во симбиоза кое ги надминува популарните историски записи, навлегувајќи во самата суштина на човечкот, неговиот општествениот равој и еволуција. Барајќи ги врските помеѓу уметноста и револуцијата, ќе се потрудиме да произведеме уште една нит, во повеќеслојна таписерија на идеи исткаена од уметници, мислители, и разноразни престапници на популарните и доминантни наративи, кои навлегуваат во онтолошките импликации на уметничкото изразување испреплетено во револуционерен жар. Овде, уметноста не претставува само медиум за естетско задоволство или културна рефлексија, туку сила која ги нарушува воспоставените парадигми, ја испитува динамиката на моќта и ја поттикнува колективната свест кон еманципаторсите и еволутивните хоризонти. Таа нѐ принудува да се соочиме со комплексноста на нашето делување и одговорност, наведувајќи нѐ, не само да создаваме уметност што инспирира и поттикнува, туку и критички да ги испитаме етичките димензии на нашите интервенции. Во рамките на КРИК 09 заеднички ќе истражуваме делата и живот, на различни уметници и уметнички групи, почнувајќи од животот и делото на познатата антифашистичка и феминистричка писателка Дубравка Угрешиќ, чиј живот претставува симбол на издржливост и пркос пред неволјите, неправдите и центрите на моќ, а нејзиниот пишан збор стои како светилник на надеж и отпор против системското угнетување. Оваа година сакаме заеднички да се потсетиме дека уметноста, во нејзината суштина, е катализатор за револуција - медиум преку кој можеме да замислиме и да се стремиме за поправеден, посолидарен и поемпатичен свет. КРИК Фестивал
- Расел Бренд се покрсти во Темза
Расел Бренд беше крстен во реката Темза во неделата, како знак дека го прифаќа христијанството, откако низа обвинувања за силување излегоа на површина како и за сексуално насилство и емоционално малтретирање. Во видео снимка објавена на Инстаграм во понеделник, Бренд рече дека го нашол својот „пат“ и дека се чувствува „неверојатно благословен“ и „нахранет“ следејќи го крштението. Бренд, на 48 години, е обвинет за силување, сексуално насилство и емоционално малтретирање од страна на четири жени во заедничка истрага направена од The Times, The Sunday Times и Channel 4’s Dispatches. Бренд ги отфрлил обвинувањата. Иако Бренд директно не се осврна на обвинувањата во видеото, тој ги спомна „предизвиците“ со кои се соочува. Крштевката, додаде тој, му дало чувство дека „некаков нов ресурс“ бил „вклучен“. Тој рече дека претходно посетил различни цркви и размислувал за крштението, приклучувајќи се кон растечката група на културни и политички коментатори кои се конвертираат или враќаат кон христијанството. Бренд изјави: „Вчера бев крстен и тоа беше неверојатно и длабоко искуство и многумина од вас имале свои искуства со крштението и затоа ќе знаете за што зборувам. „Нешто се случи во процесот на крштевањето што беше неверојатно, надмоќно, буквално надмоќно бидејќи очигледно бев под вода и беше во реката Темза.“ Бренд, кој претходно беше будист, изјави дека го видел покрстуваето како можност „да умре и да се роди повторно“. Тој неодамна му рече на Такер Карлсон, поранешниот водител на Fox News, дека обвинувањата за сексуално насилство „многу, многу го повредиле“. Неговото приближување кон Христијанството изгледа дека започнало неколку месеци откако обвинувањата за сексуално насилство се појавиле минатата година. Од декември, Бренд сѐ почесто објавува слики и видеа на социјалните мрежи дискутирајќи за неговата врска со христијанството. Објавувајќи ја својата намера за крштение минатата недела, тој рече: „Како што стои во Галатите: дека можеш да живееш како просветлен и разбуден човек.“ Минатата недела Бренд објави видео снимка на Twitter/X во која рече дека редовно се моли со розарија, која се однесува на збирка молитви кои се користат примарно во Католичката Црква и со бројаница се кажуваат составните молитви. Во последните години, Бренд достигна милиони гледачи дневно со теми од сферата на теориите на заговор за Covid, слободата на говор и војната во Украина. Метрополитенската полиција двапати го интервјуирала Бренд под предупредување во врска со „неодамнешни“ сексуални престапи за кои се мислеше дека не се поврзани со првично пријавените злосторства. BBC, кој го вработи Бренд како радио-водител, исто така истражува пет пријави поврзани со неговото однесување. Минатиот месец истрага на Channel 4 најде „нема докази“ дека менаџерите биле свесни за обвинувањата против Бренд.
- Ретки изданија на Пушкин исчезнуваат од европските библиотеки
Во април 2022 година, набрзо откако Русија ја нападна Украина, двајца мажи пристигнаа во библиотеката на Универзитетот во Тарту, вториот по големина град во Естонија. Тие им рекоа на библиотекарите дека се Украинци кои бегаат од војната и побараа да ги консултираат првите изданија од 19 век на делата на Александар Пушкин, рускиот национален поет и Николај Гогољ. Зборувајќи руски, тие рекоа дека се вујко и внук кои ја истражуваат цензурата во царска Русија за да може внукот да аплицира за стипендија во САД. Нестрпливи да помогнат, библиотекарите ги услужија. Мажите 10 дена ги проучувале книгите. Четири месеци подоцна, за време на рутински годишен попис, библиотеката открила дека осум книги кои мажите ги консултирале исчезнале, заменети со факсимили со толку висок квалитет што само стручните очи можеле да ги откријат. „Беше страшно“, рече Криста Ару, директорката на библиотеката. „Тие имаа многу добра приказна“. На почетокот се чинеше како еднократна - лоша среќа во провинциската библиотека, но тоа не беше баш така. Полицијата сега го истражува она што тие веруваат дека е огромна, координирана серија кражби на ретки руски книги од 19 век - првенствено првото и раното издание на Пушкин - од библиотеките низ Европа. Во серијата сложени операции што би можеле да се сметаат за трагикомичен роман, повеќе од 170 ретки книги на непроценлива вредност нестоа од библиотеките низ цела Европа. Она што се истакнува е уметноста на кражбата, фалсификатите кои се толку верни што се тешки да се распознаат од оригиналите, и на крајот, растревожените библиотекари кои во неверување се затекнати пред полиците.Со изгубени книги во вредност од над $2,6 милиони, секоја инстанца на кражба отсликува идентично сценарио: мајсторски изработени копии ги заменуваат оригиналите, така што лежат на полиците со месеци, а понекогаш и години, без некој да се посомнева на нивната автентичност.Корените на оваа мистерија варираат од лошата безбедност во библиотеките до сложени геополитички игри, поврзувајќи ги кражбите не само со финансиската вредност на книгите, туку и со нивната културна и патриотска значајност за Русија. Во ова нерешена вистински криминал тип на мистерија авторите на кражбите сè уште остануваат главна мистерија.По различните држави, од Варшава до Париз, кражбите покажуваат ужасно сложен образец. Најтешко погодена беше библиотеката на Универзитетот во Варшава, од каде што недостасуваат 78 ретки изданија. Секој од овие случаи се поврзува со една заедничка нитка - ретки, 19-вековни руски книги, посебно оние од Александар Пушкин, што укажува на исклучително фокусирана операција. Од 2022 година, повеќе од 170 книги во вредност од повеќе од 2,6 милиони долари, според Европол, исчезнале од Националната библиотека на Латвија во Рига, библиотеката на Универзитетот во Вилнус, Државната библиотека во Берлин, Баварската државна библиотека во Минхен, Националната библиотека на Финска во Хелсинки, Националната библиотека на Франција, универзитетски библиотеки во Париз, Лион и Женева и од Чешка. Библиотеката на Универзитетот во Варшава беше најтешко погодена, со исчезнати 78 книги. Книгите вредат од десетици до стотици илјади долари секоја. Во повеќето случаи, оригиналите беа заменети со висококвалитетни копии кои го имитираат дури и нивните пожолтени белези кои се знак на стареење на една книга- знак на софистицирана операција. Исчезнувањето на толку многу книги од ист автор во толку многу земји во релативно краток период е без преседан, велат експертите. Кражбите ги наведоа библиотеките да ја зајакнат безбедноста и да ги стават дилерите на висока готовност за потеклото на руските книги. Како руските ретки книги се најдоа во центарот на можен мултинационален криминален заговор е приказна за пари и геополитика исто толку и за лукавите фалсификатори и слабата безбедност на библиотеките. Властите, библиотекарите и експертите за руски ретки книги веруваат дека крадците се помали играчи кои работат најмени од поголемите риби. Но, кој стои зад кражбите и што ги мотивира - тие остануваат отворени прашања. Првите изданија на руските писатели од Златната ера во последниве години беа продадени во износи од пет и шест цифри на западните аукции. Експертите велат дека за нив денес има просперитетен пазар во Русија, каде што имаат огромна културна и патриотска вредност. Француските власти не ја отфрлија можноста дека како резултат на државното санкционирање на обидот да се донесат руските богатства дома во Русија. Во Русија, Пушкин е национална икона чиј статус е како оној на Шекспир во Велика Британија, кој Русите ко сметаат близок како пријател. Романтичен поет, романсиер и драматург, аристократ, слободар, писател за слободата и империјата, тој ја внесе руската литература и самиот руски јазик во модерноста пред да умре во дуел на 37-годишна возраст, во 1837 година. „Во Русија во изминатите 200 години, во природата немаше четири елементи, туку пет, а петтиот е Пушкин“, рече Андре Марковиќ, истакнат преведувач на Пушкин на француски. Секој лидер на Русија го прифати Пушкин во согласност со неговата политичка визија, од царевите кои ја проширија руската империја во 19 век, до Сталин - кој одржа јавни прослави низ Советскиот Сојуз на 100-годишнината од смртта на Пушкин во 1937 година, дури и додека ги прогонуваше интелектуалците претседателот Владимир В. Путин го цитираше Пушкин во говорите и му направи споменици низ светот. „Пушкин е огледало на сите епохи на Русија“, рече Марковиќ. Во Украина денес, Пушкин стана симбол на рускиот империјализам по бруталната руска инвазија и луѓето му ги рушат статуите. Цените на книгите објавени за време на животот на светото тројство на руските романтичари - Пушкин, Гогољ и Михаил Лермонтов - драстично се зголемија во последните 20 години, во склад со порастот на богатството на руските колекционери. Тоа е мал пазар со релативно малку книги и колекционери кои често имаат листа за проверка на книгите што ги сакаат, велат дилерите. Пушкин го објави „Евгениј Онегин“, роман во стихови, како серијал; првото издание со некои поглавја во нивната оригинална обвивка беше продадено за повеќе од 467.000 британски фунти (581.000 долари) на аукција на Кристи во 2019 година. Западните санкции воведени по инвазијата на Русија во Украина им забрануваат на дилерите на Запад да им продаваат на жителите на Русија, поттикнувајќи го постоечкиот пазар за ретки книги. На овој пазар, продажбата често се посредува приватно преку посредници, со готовински трансакции кои тешко се следат, велат дилерите. Библиотеките се лесни мети за крадците затоа што се наменети да и́ служат на јавноста; тие често се недоволно финансирани, без истата безбедност како музеите и другите институции со вредни дела. Според Европол, властите уапсиле девет лица во врска со кражбите. Четворица беа приведени во Грузија кон крајот на април, заедно со повеќе од 150 книги. Во ноември, француската полиција стави тројца осомничени во притвор. Уште еден маж е осуден во Естонија, а петтиот осомничен е во затвор во Литванија. Специјална француска полициска единица посветена на борбата против културните кражби ја надгледува истрагата во Франција и координира низ Европа. Властите сликаат мрежа на соработници, некои крвни роднини, кои патуваат низ Европа со автобус со картички од библиотеката, понекогаш под претпоставени имиња за да бараат ретки руски книги, да прават висококвалитетни копии, потоа да ги заменат за оригиналите, списите на случајот прегледани од The откриваат Њујорк Тајмс. Еуропол информира дека девет луѓе се уапсени во неколку различни земји во врска со ова криминално дело. Сепак, прашањето за „кого“ и „зошто“ продолжува да го мачи криминалистичките и литерарните центри на Европа. Со реткиот вид на овие дела, сведоци на една ера кога физичката книга била сè, едвај се начекува разоткривањето на коначниот мотив.„Operation Pushkin“, како што во интерна комуникација е наречена истрагата, можеби нуди увид во длабокиот отпечаток што литературата го остава на националниот идентитет и меморија. Во меѓувреме, библиотеките ширум континентот зголемуваат ги своите безбедносни протоколи и предупредувањата, но ова сведоштво за вековната литературна традиција останува обременето со несигурноста на сегашноста.Деновиве, барањето рано издание на Пушкин од 19 век во просторијата за ретки книги на Националната библиотека на Франција ќе привлече нервозни погледи од библиотекарите и брзи барања за дополнителни информации за мотивите на читателот. Минатата година, крадците украдоа осум книги од Пушкин и една од Лермонтов, со вкупна проценета вредност од 650.000 евра (696.500 долари), што е една од најголемите кражби од библиотеката во модерната ера. Образецот беше ист. Еден човек се појави во период од неколку месеци за да се консултира со ретки руски книги. Кога библиотекарите прашале за природата на неговото истражување, тој тврдел дека не зборува француски или англиски. Библиотекарите биле сомничави, но сепак му дале пристап. Мажот наводно ги украл книгите, најверојатно криејќи ги во преврзана рака. Ги заменил со толку квалитетни копии што библиотекарите со месеци не ги откривале кражбите. Библиотеката сега ги чува своите книги од руската златна ера во светињата на светињите, заедно со своите најретки книги, вклучително и Гутенберговата Библија.
- Кендрик Ламар конечно му возврати на Дрејк со „Еуфорија“
Кендрик Ламар врати со 6 минутен дис кон Дрејк. Беше јасно дека поп ѕвездата немаше многу шанси против тешкашот Ламар и чувството кога ја слушаме Еуфорија како питбул да распарчува плишана играчка. И не престанува:
- Проектот „Јазикот коски нема но коски крши“ на Ивана Самандова: Оживување на културното наследство преку уметност
Во склоп на проектот, на објектот на Националната Установа Центар за Култура (НУЦК) „Марко Цепенков“ во Прилеп, исто така во соработка со ФРУ, се појавува еден значаен проект кој го претвора историското богатство во забележителна визуелна изложба. Во рамките на годишниот конкурс „Цртај на македонски јазик“, поддржан од Министерството за култура на Република С. Македонија, проектот насловен „Јазикот коски нема, но коски крши“ на визуелната уметница Ивана Самандова беше еден од избраните идеи кои требаше да го олеснат одот на патеката која води кон соединувањето на минатото со сегашноста. Jас сум ти како питач што одам од куќа до куќа и бележам што ќе слушнам, да остане вечно, да не се заборави. - Марко Цепенков На објектот на Националната Установа Центар за Култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Самандова во соработка со уметниците Методи Исков и Александар Џинго, го реализираше овој мурал кој ја слави личноста и делото на Марко Цепенков. Цепенков, како једен од најзначајните фигури во македонската историја и култура, заслужува вакво признание. Неговиот придонес кон собирањето и чувањето на македонскиот народен дух преку умотворби е безграничен, а личните записи на Цепенков сè уште одекнуваат со актуелност во современата македонска општественост. Една од главните идеи за овој мурал е создавањето „искра“ и љубопитност кон истражувањето и врската меѓу современиот свет и историското културно наследство. Избегнувањето на централизираноста на културата и уметноста во само еден град како и остварувањето на соработката помеѓу Центарот за Култура и локалните уметници, е стремеж кон визуелно осовремување и освежување на објектот, создавајќи ликовна композиција која корелира со предизвикот и играта на архитектурата. Цитатот „Правината се танчи, ама не се кинит“ (Правдината се тенчи, но не се кине) е личен цитат од Марко Цепенков преку кој може да се интерпретираат неколку перспективи како истрајноста, флексибилноста и настојувањето во потрагата на правдината во општествените пошироки аспекти. Овој концепт на правдина укажува дека и во мигови кога таа умее да биде истенчена, никогаш не може да биде комплетно уништена. Фундаменталните принципи на правдината се издржливи, а нејзината флексибилност е таа која умее да се прилагоди во разновини контексти кадешто се наоѓаат решенија за комплексни ситуации од страна на бројни ентитети кои застануваат на страната на она што е исправно. Во март, организацијата Факултет за работи што не се учат - ФРУ, заедно со уметниците Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски покренаа акција за обновување на фасада на зграда во центарот на Скопје, изработувајќи мурал посветен на потребата од солидарност. -ФРУ Оваа иновативна уметничка иницијатива не само што ги истакнува уметничките и културни достигнувања на Марко Цепенков и неговата неизмерна важност за македонската култура, туку исто така ја осветлува потребата од соработка и колективен труд во зачувувањето на културното наследство. Во март, во соработка со организацијата Факултет за работи што не се учат - ФРУ, Самандова и екипата заедно со други уметници покренаа акција за обновување на фасадата на зграда во центарот на Скопје, понатаму продолжувајќи со нивната мисија да ја оживеат минатата мудрост и убавина преку современа перспектива. Проектот на Ивана Самандова не е само уметничко дело; тоа е потсетник дека иако јазикот може да нема коски, неговата сила да крши и гради прагови на разбирање помеѓу различните поколенија, е навистина непроценлива. Macedonia не само што доби уште една освежена страница во својата урбана книга на уметности, туку и потсетник на важноста на зборовите и традициите кои нè прават тоа што сме денес. Во март, отворањето на фестивалот беше означено со серија мурали, дело на тројцата млади уметници Ивана Самандова, Ана Трајковска и Доротеј Нешовски, кои го репрезентираа духот на солидарност и заедништво. Првиот мурал, кој ужива во престижната локација наспроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, оживува брилијантен простор кој долго време бил занемарен.
- Македонскиот стрип гостуваше на фестивал во Ужице
Ужице, Србија – Во светот на деветата уметност, македонските стрипаџии блеснаа со полн сјај на третото издание на стрип фестивалот „Ужички стрип сусрети“ во Ужице, Србија. Поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија, Томе Трајков, програмскиот координатор на Македонскиот стрип центар со седиште во Велес, беше еден од претставниците на овој настан. Повеќе: Томе Трајков успева да исплива на површина и покрај условите дома; Трајков ја искористи приликата за да ги запознае присутните со активностите и успесите на македонските стрип артисти и стрип центарот, истакнувајќи го нивното делување во интерес на македонската стрип сцена. Како врв на неговото учество, Трајков организирал изложба со дела од новата генерација македонски стрип цртачи и сценаристи. Со презентацијата на делата од реномирани и надежни стрип артисти како Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, и Евгенија Трајковска, меѓу другите, македонскиот стрип покажа зошто важи за значаен учесник на меѓународната стрип сцена. Наведени се и важни сценаристички имиња како Ване Трајков и Александар Стеванов, кои со своето дело придонесоа кон богатството и разновидноста на изложеното. -Престојот во Ужице го искористив да присутните,преку посебна панел дискусија но и неформална комуникација , ги запознам со актуелната стрип сцена во Македонија . Се разбира дека акцент се даде и на долгогодишната работа на Стрип центарот на Македонија и делување во интерес на македонските автори, стрип групации и воопшто целокупната наша стрип сцена. На крај организирав стрип изложба од домашни автори , учесници на последниот Интернационален стрип салон во Велес , како најзначајна стрип манифестација(фестивал ) во светот на 9та уметност во Македонија. Беа изложени дела на македонски цртачи од понова генерација : Славица Купенкова, Ангела Петрушевска, Евгенија Трајковска, Матеа Аризановска, Вилма Дамњановска,Елена Апостоловска, Влера Чиче, Катерина Тери Николовска (сите од Скопје) ,потоа Методија Андоновски и Анастасија Недељковска од Куманово, Оливер Цветковски од Велес и на крај Теодора Христова и Михаела Васкоска од Битола. Како сценаристи на некои од делата беа застапени Ване Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип. Од другите гости на овој фестивал ,повеќето реномирани стрип артисти од регионот, се слушнаа доста комплименти за талентот на изложените стрип автори, и изразена подготвеност за развивање на идна меѓународна стрип соработка ..“-нагласи Трајков Ова претставува уште еден значаен чекор напред за ,,Македонскиот стрип центар” и македонската стрип сцена во целина, продолжувајќи да ги испишува страниците на глобалниот стрип наратив. Со своето учествување на фестивалот во Ужице, македонскиот стрип не само што ја зголеми својата препознатливост на меѓународно ниво, туку и потврди дека стрипот е уметност без граници, соопштувајќи пораки и емоции до широк аудиториум преку својата уникатна визуелна и наративна сила.
- Пеј ми, Поетроника, збори ми Блаже
Ноември е, врне, а Блаже се снебива - дождот му го дотолчува ионака снемоштениот ден. Ѕвони телефонот, и тој веќе се чувствува дека се работи за некаква подла соработка на случајности решена да си поигра со него, Го довикуваат „за тебе е!“. Сале се претставува, „Не ме знаете, но сигурен сум дека дури и да не можете да ме запознаете, дека она што можеме да го направиме, може да биде добро на значаен начин. Блаже, вие сте музичар на некој начин што ни јас не го разбирам до крај. Она што сакам да кажам е напишете ми песна која ќе се пее, а која можеби не ја разбирате иако ќе ја напишете. Не мора да биде либрето, не мора да биде ниту школска стихотворба. Кажете „да“ и ќе ви ја донесе Оливер за 10 минути од вашата потврда“ До крајот на телефонскиот разговор уличните светилки веќе беа запалени а не осветлуваа ништо, Блаже седна и ги излупи чевлите од петите. „Добро, ајде“. Додека дождот го налеваше ноември со есен, и морници Конески го слушаше Андреја Салпе додека Оливер ја стискаше чашата вода што го измиваше кадаифот од забите, оставен на милост и немилост на жената која можеше лесно да биде наоружан шериф, кој чека малку побрз потез со раката кој не е по негов вкус па да распали по него. Едно обично доцнење донесе тензија на целата вечер и сите што се најдоа во нејзиното купе. Тап тап тап. Да да да. Не не не. Тап тап тап со моливот во една точка. Песна О пеј ми, пеј ми! Каква песна! За едно пее за друго збори: „Се што си рекол, се што си сторил, случајно не е, простено не е.” Накиснат, Оливер влегува дома и ја соблекуа тенката накисната ветровка, останувајќи само по портокалова маица, како уличните светилки кои светат без ништо да осветлат, да ја исцедиле својата боја на памукот. Компјутерот зуи се напрега. Оливер го трие маусот како магичната аладинова ламба, па ги трие рацете од задоволство: ги има авустовските сништа на Блаже на УСБ-то! Ете го видеото! ....“ итн.итд... Доколку ја чуете „Пеј ми“ на Поетроника, сигурна сум дека лесно можете да се убедите себе дека приказната за Песната е токму онаа горе што ја напишав наместо да се предадам на стандардното известување кое глас: 4 декември 2023 година Скопје, Македонија – Поетроника претставува уметнички проект кој ги поставува делата на македонското поетско творештво во современ музички контекст, со посебен акцент на електронската музика. Зад проектот стојат Андреја Салпе, музички талент којшто ги искористува своите вештини за создавање уникатни мелодии, и Оливер Митковски, македонски актер чиишто рецитации ја додаваат последната нота на атмосферичност на овој проект. "Пеј Ми", објавен на 2 декември 2023 година, е еден од низата обиди на овој тандем да ја освежи македонската уметност со нов пристап кон поетската наратива и музика. Проектот користи стихови од Блаже Конески, еден од најзначајните македонски поети после Втората светска војна, и ги претставува во електро-џез аранжман. Она што го прави Поетроника посебен е фактот дека не ги следи вообичаените стереотипи поврзани со тоа како треба да се интерпретира поезијата и во која музичка форма треба да се изведе. Со музика напишана и спродуцирана од Андреја Салпе, аранжирана во колаборација со Оливер Митковски и мајсторски усовршена од Владан Дробицки, "Пеј Ми" го носи слушателот низ емоционално и интелектуално патување преку зборовите на Конески, при што останува верен на духот на македонската поетска традиција додека истовремено ги истражува можностите на современата музика. Проектот е објавен под етикетата на PMGJazz и е достапен на нивната официјална веб страна и на Bandcamp за секого кој сака да ја искуси оваа магична спојка на македонската поетска убавина и современа музичка иновација. Поетроника не е само музички проект; тој е светлосен зрак кој ја озарува македонската културна сцена, потсетувајќи нѐ на богатството на нашето литературно наследство и на моќта на уметноста да го надминува времето и границите. За повеќе информации и ажурирања, следете ги PMGJazz, Андреја Салпе и Оливер Митковски на нивните официјални платформи и социјални мрежи.













