top of page

Резултати од пребарување

1187 results found with an empty search

  • Ноам Чомски: Лажното Ветување на ChatGPT

    - Автори: Noam Chomsky, Ian Roberts и Jeffrey Watumull Д-р Чомски и д-р Робертс се професори по лингвистика. Д-р Ватмјул е директор на вештачка интелигенција во компанија за наука и технологија. Хорхе Луиз Борхес (Jorge Luis Borges) еднаш напиша дека живеењето во време на голема гибел и ветување значи да се доживеат обете: и трагедија и комедија, со „непосредноста на откровението“ при разбирањето на себеси и светот. Денес, нашите наводно револуционерни напредоци во вештачката интелигенција навистина се причина за загриженост и оптимизам. Оптимизам, бидејќи интелигенцијата е средство со коешто решаваме проблеми. Загриженост бидејќи се плашиме дека најпопуларниот и најмодерниот сој на ВИ — машинското учење — ќе ја намали нашата наука и ќе ги обезвреди нашите етички вредности со вградување во нашата технологија фундаментално погрешна концепција за јазикот и знаењето. ChatGPT на OpenAI, Bard на Google и Sydney на Microsoft се чуда на машинското учење. Грубо кажано, тие земаат огромни количества на податоци, бараат шеми во нив и стануваат сè поспособни за генерирање статистички веројатни одговори — како што се, наизглед, човечкиот jазик и мисли. Овие програми беа славени како првите светилки на хоризонтот на вештачката општа интелигенција — тој момент на дамнешно пророштво, кога механичките умови ќе ги надминат човечките мозоци, не само квантитативно, во поглед на брзината на обработка и големината на меморијата, туку и квалитативно, во поглед на интелектуалниот увид, уметничката креативност и секоја друга дистинктивно човечка способност. Тој ден може да дојде, но зората сè уште не светнала, спротивно на она што може да се прочита во хиперболичните наслови, и да се пресмета со неразумните инвестиции. Борхесовото откровение на разбирањето не се случило — и, тврдиме дека, не може да се случи ако програмите за машинско учење како ChatGPT продолжат да доминираат во областа на ВИ. Без оглед колку овие програми може да бидат корисни во некои тесни домени (т.е. може да бидат корисни во компјутерското програмирање, или во предложување на рими за лесна поезија), ние знаеме во науката за лингвистика и филозофијата на знаењето, дека тие значително се разликуваат во начинот на кој човекот размислува и го користи јазикот. Овие разлики поставуваат значителни ограничувања за тоа што овие програми можат да направат, кодирајќи ги со неизбежни дефекти. Истовремено е комично и трагично, како што Борхес можеби би забележал, дека толку многу пари и внимание можат да бидат концентрирани на нешто толку мало нешто — нешто толку тривијално кога се споредува со човечкиот ум, кој со дарбата на јазикот, во зборовите на Вилхелм фон Хумболт, може да направи „бесконечна употреба на конечни средства“, создавајќи идеи и теории со универзален домет. Човечкиот ум не е, како ChatGPT и сличните на него; голем статистички мотор за спарување на шеми, голтајќи стотици терабајти на податоци и екстраполирајќи најверојатен разговорен одговор или најверојатен одговор на научно прашање. Напротив, човечкиот ум е изненадувачки ефикасен и дури елегантен систем кој работи со мали количества на информации; тој не тежнее да инферира брутални корелации помеѓу податочните точки, туку да создаде објаснувања. На пример, едно мало дете што го стекнува јазикот развива — несвесно, автоматски и брзо со минимални податоци — граматика, страшно сложен систем на логички принципи и параметри. Оваа граматика може да се смета за израз на вродениот, генетски инсталиран „оперативен систем“ што им овозможува на луѓето капацитет да генерираат комплексни реченици и долги низи на мисли. Кога лингвистите се обидуваат да развијат теорија за тоа зошто даден јазик работи како што работи („Зошто овие — а не тие — реченици се сметаат за граматички точни?“), тие свесно и со напор градат експлицитна верзија на граматиката што детето ја изградува инстинктивно и со минимална изложеност на информации. Оперативниот систем на детето е сосема различен од тој на програмата за машинско учење. Навистина, таквите програми се заглавени во прехумана или нечовечка фаза на когнитивната еволуција. Нивниот најдлабок недостаток е отсуството на најкритичниот капацитет на било која интелигенција: да зборува не само што е , што беше, и што ќе биде можно - тоа е опис и предвидување - туку исто така и што не е, што би можело и не би можело да биде можно. Тоа се состојките на објаснувањето, белег на вистинската интелигенција. Еве еден пример. Да претпоставиме дека држите јаболко во раката. Сега го пуштате јаболкото. Го набљудувате резултатот и велите: "Јаболкото паѓа." Тоа е опис. Предвидување би можело да биде изјавата "Јаболкото ќе падне доколку ја отворам раката." И двете се вредни и може да бидат точни. Но, објаснувањето е нешто повеќе: тоа вклучува не само описи и предвидувања, туку и контрафактични заклучоци како "Било кој таков објект би паднал", плус дополнителната клазула "поради силата на гравитацијата" или "поради кривата на време-просторот" или што било. Тоа е причинско објаснување: "Јаболкото не би паднало без силата на гравитацијата." Тоа е размислување. Срцевината на машинското учење е опис и предвидување; не потенцира никакви причински механизми или физички закони. Се разбира, било какво човечко објаснување не е неопходно точно; ние сме погрешливи. Но, ова е дел од тоа што значи да се мисли: за да бидеме во право, мора да е можно да правиме грешки. Интелигенцијата состои не само од креативни претпоставки туку и од креативни критики. Човечкото размислување е базирано на можни објаснувања и исправка на грешки, процес кој постепено ограничува на кои можности може разумно да се смета. (Како што Шерлок Холмс му рече на д-р Ватсон, "Кога ги елиминирате невозможните работи, што и да остане, колку и да е неверојатно, мора да биде вистината.") Но, ChatGPT и сличните програми, по дизајн, се неограничени во тоа што можат да го ,,научат" (односно, да запаметат); тие се неспособни да го разликуваат можното од невозможното. За разлика од луѓето, на пример, кои се надарени со универзална граматика која ги ограничува јазиците што можеме да ги научиме на тие со извесна вид на скоро математичка елеганција, овие програми учат јазици што се и човечки можни и човечки неможни со иста леснотија. Додека луѓето се ограничени во видовите објаснувања што разумно можеме да претпоставиме, системите за машинско учење можат да научат и дека Земјата е рамна, и дека Земјата е кружна. Тие тргуваат само со веројатности кои се менуваат со времето. Поради оваа причина, предвидувањата на системите за машинско учење секогаш ќе бидат површни и сомнителни. Бидејќи овие програми не можат да објаснат правилата на англиската синтакса, на пример, тие може да предвидат, погрешно, дека "John is too stubborn to talk to" значи дека Џон е толку тврдоглав што нема да разговара со некого (наместо дека е премногу тврдоглав за да се убедува). Зошто машинска програма за учење би предвидела нешто така чудно? Бидејќи може да ја аналогизира шемата што ја инферирала од реченици како "Џон јадеше јаболка" и "Џон јадеше", каде што последното навистина значи дека Џон изел нешто или друго. Програмата добро може да предвиди дека бидејќи „Џон е премногу тврдоглав за да зборува со Бил“ е слично на „Џон јадеше јаболко“, „Џон е премногу тврдоглав за да зборува“ треба да биде слично на „Џон јадеше“. Точните објаснувања на јазикот се комплицирани и не можат да се научат само со маринирање во големи податоци. Перверзно е што некои ентузијасти за машинско учење се чини дека се горди што нивните творби можат да генерираат точни „научни“ предвидувања (на пример, за движењето на физичките тела) без да користат објаснувања (вклучувајќи, на пример, Њутновите закони за движење и универзална гравитација). Но, овој вид предвидување, дури и кога е успешно, е псевдонаука. Додека научниците сигурно бараат теории кои имаат висок степен на емпириска короборација, како што забележа филозофот Карл Попер, „не бараме високо веројатни теории, туку објаснувања; односно, моќни и високо неверојатни теории.“ Теоријата дека јаболките паѓаат на земјата затоа што тоа е нивното природно место (гледиштето на Аристотел) е можно, но таа само поканува дополнителни прашања. (Зошто земјата е нивното природно место?) Теоријата дека јаболките паѓаат на земјата затоа што масата го искривува простор-времето (гледиштето на Ајнштајн) е високо неверојатно, но таа всушност ви кажува зошто тие паѓаат. Вистинската интелигенција се покажува во способноста да мисли и изразува неверојатни, но проникливи работи. Вистинската интелигенција е исто така способна за морално размислување. Ова значи ограничување на инаку неограничената креативност на нашите умови со множество на етички принципи што одредува што би требало и што не би требало да биде (и секако, подложување самите принципи на креативна критика). За да биде корисен, ChatGPT мора да биде овластен да генерира нов изглед на резултатот; за да биде прифатлив за повеќето од неговите корисници, мора да се држи подалеку од морално сомнителна содржина. Но, програмерите на ChatGPT и другите чуда на машинското учење се напрегаат- и ќе продолжат да се напрегаат - да постигнат ваква рамнотежа.

  • Самостојна изложба на Дарко Алексовски во Загреб „Мала изложба за мечтаење“

    1 март 2024, Загреб - Во Загреб претстои уметничкото искуство насловено „Мала изложба за мечтаење", кое ќе се одржи во поп-ап галеријата Камба. Кураторот на изложбата, Сара Микелиќ, ја претставува работата на македонскиот уметник Дарко Алексовски, кој со своите самоиздадени фанзини насловени како „Мал прирачник за мечтаење" ги истражува порозните граници помеѓу соништата и сеќавањата. Изложбата е поделена на три меѓусебно поврзани сегменти. Првиот сегмент нуди преглед на дванаесетте претходни изданија на Алексовскиевите фанзини, кои претставуваат визуелни и наративни патувања низ места, предмети и ситуации во кои се испреплетуваат имагинацијата и сеќавањата. Вториот сегмент е посветен на најновото издание на фанзинот, создадено во соработка со уметниците Стела Микулин и Жељко Бељан, а третиот сегмент ги вклучува делата настани од партиципативната работилница за фанзини, која ќе се одржи на 28 февруари во просторот на галеријата. Дарковата инспирација доаѓа од утописките концепти како "пејзажи на восхитот" кои ги предлага Хозе Естебан Муњоз, и "агорафилија" на Пол Б. Пресиадо, што ги оспоруваат ограничувањата на отуѓената сегашност и нудат нови начини за перцепција на времето и просторот. Преку вклучување на другите уметници во проектот, како Ивана Спироска, Симона Манчева и Џан Демир во претходните броеви на фанзинот, изложбата станува симбол на колаборација и креативна заедница. „Мал прирачник за мечтаење“ е серија самостојно издадени фанзини на Дарко Алексовски преку кои тој истражува еден постојано променлив светоглед, како и мечтаењето за oдредени места, предмети и ситуации каде што имагинацијата се испреплетува со нашите сеќавања. Изложбата е проширување на оваа мала серија публикации како начин за изразување преку различни визуелни и наративни методи. Појдовна точка за пронаоѓање и раскажување приказни во овие дела се утописки концепти, како на пример „пејзажи на восхитот“ (анг. landscapes of astonishment) предложен од Хозе Естебан Муњоз како начин да се „надминат ограничувањата на отуѓувачката сегашност [која] овозможува да се види различно време и место“, и „агорафилија“ (анг. agoraphilia) предложен од Пол Б. Пресиадо како љубовна страст предизвикана од град каде што материјалните граници помеѓу градските улици и телото стануваат толку нејасни што „мапата станува анатомија“. Финансиската поддршка од Градската канцеларија за култура, меѓуградска и меѓународна соработка и цивилно друштво на Град Загреб, како и фондацијата „Култура нова“ и Пиварница „Медведград“ ја потврдуваат важноста на овој проект за локалната културна сцена. Изложбата "Мала изложба за мечтаење" претставува визуелно и емоционално патување, кое не само што ја осликува уметничката визија на Алексовски, туку им овозможува и на посетителите да станат дел од творечкиот процес.

  • Археолозите пронајдоа докази за халуциногена дрога во антички Рим

    Два нови археолошки наоди сугерираат дека римските поданици на северниот дел на античката империја користеле халуциногена и отровна билка наречена црна буника, чии ефекти биле опишани од грчкиот филозоф Плутарх како „не толку правилно наречено пијанство“, туку како „отуѓување на умот или лудило“. Холандските зооархеолози Maaike Groot и Martijn van Haasteren и археоботаничарката Laura I. Kooistra го објавија своето истражување на 8 февруари во академското списание Антиквитет. Научниците го откриле во археолошкиот локалитет Хаутен-Кастелум во Холандија, кој бил населен од 6 век п.н.е. до 2 век од нашата ера, кога бил под римска власт. Наодите се состојат од кошница за мрежа за риби од 90-110 н.е.   закопана со наопаку со растението и полирана и издлабена бутна коска од овца или коза која содржи околу 1.000 семки од црна буника, запечатени со затка од катран од кора на бреза. Последната, која научниците ја сметаат за сад, не луле, била откриена во јама за вода од 70–100 н.е. заедно со делумен скелет од крава, череп на куче, жичен брош и керамика. Тимот смета дека и двате наоди се примери на „поклони за збогување“, дел од ритуалот за означување на крајот на окупацијата на една фарма. Домот би бил срушен и дел од неговата содржина закопана. „Она што особено ми се допаѓа за ова откритие е потенцијалната врска помеѓу медицинското знаење опишано од римските автори во римска Италија и луѓето што всушност го користат растението во мало село на границата на империјата“, рече Гут. истакнувајќи дека иако не може да ја исклучи нејзината консумација пред римскиот период, примамливо е да се класифицира лекот како римско воведување. Физиолошките реакции на буниката биле добро документирани низ античкиот медитерански свет. Римскиот писател Плиниј Постариот разговараше за лековитите, халуциногени и потенцијално смртоносните ефекти на растението, истакнувајќи дека иако може да се користи за лекување на болести кои се движат од кашлица до треска, лекот исто така може да предизвика лудило и пореметување. Грчкиот и римскиот лекар Диоскорид напишал дека црната буника и нејзините сродни растенија можат да ја ублажат болката, но предизвикуваат дезориентација кога се зовриваат и  варат.. Сепак, физичките откритија за намерното консумирање на лекот се релативно ретки. Буниката потекнува во северозападна Европа, и е „ култивиран пиреј“, растение кое напредува заедно со земјоделските култури. Иако претходно беше пронајден во римските населби во Холандија, хипотезата дека е консумирана е историски отфрлена, бидејќи семето може случајно да заврши во жетвата. Археолозите пронајдоа неколку други случаи на намерна употреба на буниката во Европа. Нејзините семиња биле откриени во чанта закопана заедно со жена која починала во Данска околу 980 година од нашата ера и во болниците од римската и средновековната ера во денешна Германија и Шкотска. „Се надеваме дека овој труд ќе ги натера луѓето повеќе да размислуваат за откритијата на семките од црна буника, бидејќи тие често се групирани меѓу дивите растенија во археоботаничките извештаи и на тој начин може да се занемари потенцијалната употреба од страна на луѓето“, рече Грот. Таа истакна дека иако нејзиното неодамнешно истражување беше „кратка екскурзија во прекрасниот свет на археоботаниката“, таа се враќа на својата работа како зооархеолог кој ја истражува улогата на животните во минатото.

  • Жижек: Навални беше наивен, но не будала

    автор: Славој Жижек, блог пост. На мајката и адвокатот на Алексеј Навални им беше кажано на февруари 17-ти, дека тој умрел од „синдром на ненадејна смрт“  - апсурдноста на оваа речиси тавтолошка изјава (плус потешкотијата на роднините на Навални да дојдат до неговото тело) сама по себе праќа порака. Неговата смрт беше соопштена со злокобна порака веднаш откако беше испратен во затвор - владин гласноговорник отворено кажа дека луѓето и умираат во затвор, и дека Навални нема да биде привилегиран на ниту еден начин… Убиството на Навални е остар потсетник за вистинската природа на режимот на Путин и – освен вообичаените протести – првиот чин на меѓународната заедница треба да биде давање поголема помош на Украина. Падот на украинскиот град Авдиивка по долга опсада е едноставно другата страна на истата паричка како и убиството на Навални. Задачата на сите нас е недвосмислено и без никаква резерва да изразиме целосна солидарност со Навални. Ова може да звучи проблематично за некои од денешните „левичари“ кои само чекаат да го сведат Навални на агент на политиката на НАТО за да ја ослабат Русија. Се разбира, има некои проблеми со Навални: неговиот документарец за палатата на Путин во Црното Море е толку професионално направен што не може а да не се постави прашањето кој стои зад него; има многу малку позитивна програма зад неговите изјави... Но, тука немаме избор: тој се залагаше за слобода против тиранијата и претставуваше вистинска закана за режимот - доказ е како беше третиран од властите. Потсетете се како, кога документарниот филм на Навални за палатата на Путин во Црното Море го гледаа на интернет десетици милиони Руси, Путин јавно реагираше на тоа само со негирање дека тој е сопственик на палатата без да го спомене Навални по име. Путин „никогаш не го спомнал Навални по име, така што рускиот политичар едвај заслужил спомнување на државната телевизија, толку подобро јавноста да заборави на него. Наместо тоа, во кратките сегменти што се однесуваат на неговата смрт, тој беше споменуван со нова титула измислена од казнено-поправната служба: „Осуденикот“. Зарем ова не е доказ дека, како што кажаа некои новинари, Навални бил единствен член на опозицијата од кого Путин навистина се плашеше? Да, но мислам дека целта на оваа цензура не е едноставно да се заборави Навални: тaа е да се избрише од јавниот простор. Тој не треба да постои поради она што во лаканската теорија се нарекува „големото Друго“, заедничкиот јавен простор. Од мојата младост во 1970-тите, се сеќавам на друг случај на слична цензура во комунистичка Чехословачка. Кога Мартина Навратилова (во тоа време најдобрата светска тенисерка која емигрираше на Запад и стана неличност дури и за чешките спортски медиуми) стигна до полуфиналето на големото меѓународно првенство, најголемиот чешки спортски дневен весник објави за тоа со Титулата „Познати четворицата полуфиналисти“, проследена со само три имиња – Навратилова беше едноставно игнорирана, иако титулата имплицираше четворица играчи… Колку и да беше чудна, оваа цензура не беше психотична бидејќи отворената неконзистентност на титулата беше насочена кон го исклучи четвртото име кое беше „присутно во видот на отсуство“ (да се користи структуралистичкиот жаргон). Истото важи и за Навални: колку повеќе тој беше неспомнуват во јавните медиуми, толку повеќе беше „присутен во видот на отсуство“, толку повеќе неговото присуство како дух ги прогонува животите на илјадници. Но, вистинското чудо е што во такви услови тој стана вистински лидер на опозицијата – не само поради неговата харизматична отвореност и наивност, туку и поради неговиот голем стратешки осет. Пред неколку години, тој веднаш сфати дека Путин толерира минимум од опозицијата во големите градови, па затоа се фокусираше на патување низ Русија и мобилизирање на локалните движења низ цела Русија до Сибир - токму на летот од Сибир назад за Москва беше отруен. Навални покажа храброст која се граничи со налудничав перфекционзам. Сетете се како, откако беше отруен и му беше дозволено да се пресели во Германија за соодветен медицински третман, тој се врати во Русија, знаејќи добро што го чека таму по неговото пристигнување. Што мислеше? Кои беа неговите надежи? Неговото однесување е речиси премногу совршено за да биде реално - овде се среќаваме со (проблематичната, за многумина) теолошка димензија на политиката. Шест месеци пред неговата смрт, Навални даде писмено интервју – еве го неговиот одговор на прашањето „Во што верувате?“: „Во Господ и науката. Верувам дека живееме во недетерминистички универзум и имаме слободна волја. Верувам дека не сме сами во овој универзум. Верувам дека нашите дела и постапки ќе бидат оценети. Јас верувам дека Русија ќе биде среќна и слободна. И јас не верувам во смрт.“ Овие изјави можеби звучат наивно, па дури и неконзистентно, но токму таквите даваат глас на радикалниот автентичен политички став. Она кон што навистина упатуваат вербата на Навални во бог и неверувањето во смртта не е личен бог или буквално бесмртност, туку верувањето во, повторно, она што Лакан го нарече големото Друго, симболичко-виртуелно сретство кое го регистрира и оценува вистинското значење на сите наши дела. : сè што се случува во нашите животи не исчезнува само по нашата смрт бидејќи постои глобално книговодство кое ги подмирува сметките во еден вид последен суд. Зошто толку многу есеи се насловени како „политичко-теолошки трактат“? Одговорот е дека една теорија станува теологија кога е дел од целосен субјективен политички ангажман. Како што истакна Кјерјегор, јас не стекнувам вера во Христа откако ќе споредам различни религии и ќе одлучам кои најдобри причини зборуваат за Христијанството - постојат причини да се избере Христијанството, но овие причини се појавуваат само откако веќе сум го избрал, т.е. да ги видам причините за верување веќе треба да се верува. Истото важи и за марксизмот: не е дека, по објективно анализирање на историјата, станав марксист - мојата одлука да бидам марксист (искуството на пролетерска позиција) ме тера да ги видам причините за тоа, т.е. марксизмот е парадоксот на објективно „вистинито“ знаење достапно само преку субјективна парцијална позиција. Колку и да звучи лудо, ова е она што го правеше Навални. И затоа, во земја во која доминира апатија кон политиката, Навални поттикна активизам и енергија: „Ако решат да ме убијат, тоа значи дека сме неверојатно силни... треба да ја искористиме оваа моќ за да не се откажеме, да се потсетиме на нас. се огромна сила што ја угнетуваат овие лоши фраери. Тој е во право, и затоа е неспоменат во официјалниот јавен дискурс. Да се каже во термините на Лакан, со сета своја наивност Навални не беше будала - еве еден пасус од Лакановата етика на психоанализата: „Будалата“ е невин, простак, но од неговата уста излегуваат вистини кои не само што се толерирани, туку и присвоени, поради фактот што оваа „будала“ понекогаш е облечена во обележјата на палјачо. И според мене, тоа е слична среќна сенка, слична фундаментална „лудорија“ што ја објаснува важноста на левичарскиот интелектуалец“. Левичарскиот интелектуалец е дворски палјачо кој јавно ја прикажува лагата на постојниот поредок, но на начин кој ја суспендира социјалната ефикасност на неговиот говор. Денес, по падот на социјализмот, будалата е постмодерна културна критичар, кој, со помош на неговите лудистички постапки, се предодредени да го „субверзираат“ постојниот поредок, кој всушност служи како негов суплемент– од воукистите на Cancel културата до западните чувари на „индивидуалните слободи. .“ Како Џулијан Асанж, Навални не беше будала што ја забавуваше јавноста со лажни „дисидентски“ изјави кои долгорочно само го зајакнуваат режимот - а Путиновата Русија и денес е полна со такви толерирани будали. Навални не беше еден од нив и за ова ја плати највисоката цена. Фактот што го направи ова свесно го прави единствен меѓу денешните херои.

  • Записи од мртвиот дом - на Навални (ин мемориам)

    До мртвото тело на земјата лежи пасош со името „Навални“. Ова е еден од убиените во украинското село Буча. Навални Илја Иванович. Сите околности укажуваат дека го убиле поради презимето. Затоа, пасошот беше пркосно фрлен во близина. Сосема невина личност беше убиена од џелатите на Путин (добро, како поинаку да ги наречеме? Сепак не „руски војници“) затоа што сме имењаци. Очигледно се надевале дека е некој мој роднина. Не знам дали е во роднинска врска со мене. Потекнува од истото село на татко ми. Значи, можеби некој роднина, но генерално има многу Навални во тоа село. Се сеќавам, како дете бев зачуден кога го погледнав споменикот на загинатите во Големата патриотска војна. Навикнат сум на сознанието дека моето презиме е ретко, а сепак има неколку Навални. Сега во Украина ќе има уште еден споменик на загинатите во војната, каде меѓу другите ќе биде и Илја Иванович Навални, роден 1961 година. И оваа војна ја покрена и демонски манијак опседнат со некои будалаштини за геополитиката, историјата и структурата на светот. Овој манијак нема да се запре себеси. Тој, како дрога, се навлече на смрт, војна и лаги - тие му требаат за да ја одржи власта. Должност на сите е да даде барем некој, макар и најмал придонес за да се запре оваа војна и да се отстрани Путин од власт. Протестирајте каде и како можете. Агитирај колку што можеш и на кого можеш. Неделувањето е најлошо. А сега последицата е смрт.

  • Поткаст лектира: Пилот епизода на „Брза кучка“ со Никола Гелевски

    За Нова Година пред 5-6 години добив прилично скап поклон: Битс слушалки и она што е најбитно - беа bluetooth, што значи дека не беа прикачени со кабел за (вообичаено) телефонот. И што значеше тоа? Дека набрзо од музика се префрлив на слушање поткасти. Бесконечна низа на поткасти, дигитална верзија на моето детско јас кога бев ушушкана во каучот додека возрасните седат околу масата и разговараат, а јас влегувам и излегувам од таа река која нуди сигурност и удобност. Па не беше некое чудо дека се примив на слушалиците - и поткастите исклучително лесно. Нема нешто што не правев: одам во продавница, сложувам веш, градинарам, и истовремено сум вклучена во нечиј разговор. Исто така не беше некое чудо, дека бидејќи без никаков напор се одомаќив кон таа се́ поприсутна супкултура која завршуваше се́ почесто во вестите, дека почнав да размислував како би изгледал мојот поткаст. Купив микрофон. Чекав да заработам доволно да ја комплетирам опремата. Моето огнено покрстување беше ни помалку ни повеќе со водителот на еден од моите поткасти Whiteboi Chris, еден од водителите на The Patdown with Ms. Pat - која ја запознав на… пазете - култната Breakfast club (Таа сега има Еми номинација за нејзината серија). Плачев од смеење кога ја слушнав и лесно го најдов нејзиниот поткаст, и две години подоцна додека чекав да се приклучам ми требаше момент да дојдам на себе и да се убедам дека тоа ми се случува. Нора Стојановиќ, откако зборев со нејзината екипа за мојата амбиција, набрзо почна да ме цима да почнам веќе… И почнав: со дива.мк за да дојдам еден ден до поктаст. Ќе се вика ..жива вода? Дива лига? Брза кучка? Дива кучка? Како и да е, со истото чувство на „дали ова навистина се случува“ - слетав на можност да снимам поткаст и тоа со упаството: почнуваш следната недела! Да не се спремав со години за тој момент сигурно ќе се сокриев под некоја маса. И дојде вака: - Што правиш Ана - праша Ѓорѓе Јовановиќ. Па пишувам, се мислам на поткаст … Поткаст? - ја изгаси цигарата - дојди… Беше толку едноставно. И така Коља, Никола Гелевски - кој е секогаш интересен соговорник, секогаш кога ќе се појави во медиумскиот простор, како фурија, го окупира вниманието со интелегенција потхранета со керозин - едноставно се согласи и појави во посоченото време и место, години откако го гледав последен пат како му одбрусува на Александар Пандов „Ти си бараба!“ еве го пред мене, и ми ја прави работата исклучително лесна, целосно намерно. Го кажувам сето ова да кажам дека без помошта на мојата заедница, сентимент кој го подели и Тома Димовски во неговото скорешно интервју - немаше од мојот сон, да биде ништо. Дури и да фрлев пари во проектот… немаше да стигнам на ниту дел од патот кој успеав да го изодам во овие кратки пар недели кога го лансиравме Брза Кучка. Па земете нешто од приказната која ви ја нудам, колку и да е пословична, сосема без резерва… Се́ што имаме сме самите себе… Но веројатно и самите го знаете тоа, дури и да одбивате да си го признаете..

  • Лекција за лидерство и иновација: мајсторски потег на Кање Вест во Супербоулот

    Во ера каде традиционалните методи на рекламирање постојано се реевалуираат, неодамнешнaта  Супербоул реклама на Кање Вест  стои како доказ за иновативно размислување и редефинирана метрика на поврат на инвестицијата (ROI). Избирајќи да објави реклама направена целосно на iPhone, Вест не само што ги заобиколи големите трошоци за производство обично поврзани со таквите потфати, туку и успеа да ја плени глобалната публика, што резултираше со значителен финансиски успех. Инвестиција наспроти исход: Пристапот на Је - трошење 7 милиони долари на место во Супербоулот со буџет за производство од 0 долари, ја предизвикува конвенционалната мудрост на високите трошоци што се изедначуваат со висок квалитет. Овој храбар потег генерира неверојатни 284.357 нарачки за Зим,вкупна продажба од 19,3 милиони долари за помалку од 24 часа. Ова означува неспоредлив ROI, покажувајќи дека креативноста и автентичноста можат да ги надминат раскошните производствени вредности. Автентичноста одекнува: Минималистичкиот пристап на Вест ја нагласува моќта на автентичноста во комуникацијата. Во дигитална ера заситена со содржина, автентичноста се издвојува, резонирајќи подлабоко кај публиката од кога било досега. Лидерите можат да ја научат важноста на вистинските пораки, кои често може да имаат МНОГУ поголемо влијание од традиционалните, здодевни и полирани презентации. Платформи за искористување: Изборот на Супербоул, настан кој го гледаат милиони, го истакнува стратешкиот избор на платформи за ширење пораки. Не се работи само за пораката, туку каде и како ќе одберете да ја презентирате. Лидерите треба да размислат за неконвенционални платформи или методи за комуникација, осигурувајќи дека нивната порака ефикасно ќе стигне до наменетата публика. Иновирајте смело со јасна порака: Неконвенционалната стратегија на Канје Вест служи како повик до лидерите да размислуваат надвор од рамката. Иновацијата не е само за нови производи, туку и за тоа како ги пласираме и како се ангажираме со публиката. Прифаќање на јасна порака - преземете ризик да ја кажете јасно и кратко. извор: Форбс

  • Кој се крие зад „Soft White Underbelly“?

    автор: Лени Гелева Facebook како предлог почна да ми дава видеа од проектот наречен „Soft White Underbelly“. Овие видеа не се за секого, благо кажано. Преку нив, авторот го каталогизира најранливиот слој во американското општество, зависници, сексуални работници, бездомници, па се до членови на Ку-клукс-клан, членови на банди, педофили и семејства со инцестуозни врски. Видеата се едноставно направени со статична камера, но сериозно со добро светло и како серија на документарци со интервјуа со луѓе кои имаат потреба да ја споделат својата приказна, со хумано водени прашања. За некои субјекти има повеќе видеа, односно продолжение на нивната приказна. На почеток темата изгледа како обид да се шокира, но гледајќи неколку од нив гледачот увидува дека не е така и дека се работи за автор кој автентично се интересира за ближниот, автор кој се интересира за животната борба - да се најде љубов, среќа, реализираност, да се преживее во светот. Ме заинтересира кој е човекот кој толку посветено се нафатил да работи со толку тешки субјекти и затоа решив да истражам за него. Дознавајќи ја неговата лична приказна, неговата работа ми стана пофасцинантна. Се работи за фотографот Марк Лаита, своевремено комерцијален фотограф кој работел за најголемите брендови како Адидас, Кока-Кола, Мерцедес итн. Во еден момент презаситен да работи за други го почнува проектот „Soft White Underbelly“ кој е целосно негово чедо. Од него вели дека не заработува туку напротив парите што ги заработил во текот на својата успешна кариера ги троши на него. Има многу луѓе кои што го ценат она што го работи, но има и критики дека таа е експлоататорска. Тој на тоа одговара дека фотографијата и видеото се најчесто експлоататорски, кога сликаш некоја убава девојка ќе се каже дека ја експлоатираш нејзината убавина, но луѓето треба да знаат дека некои работи постојат. И дека не го прави ова за другите, туку за себе и не се задржува на коментарите, без разлика дали се тоа позитивни или негативни коментари. Тој не заработува од своите видеа затоа што за темите што ги обработува не може да добие спонзори, но не ја исклучува можноста дека еден ден ќе почне да заработува, но како што вели сака да ја подигне свесноста за тоа што се случува во неговата земја, особено за сиромаштијата, насилството, зависноста и се што е деструктивно. Претежно работи во своето студио во Лос Анџелес, но исто така патува низ цела Америка и продолжува да негува односи со своите субјекти и по завршување на снимањето. Има строга работна дисциплина што значи 8 часа на ден секој ден и за викенд. Неговото најгледано видео е за семејство кои живеат во инцестуозна заедница во рурална Западна Вирџинија во крајна беда и кои комуницираат со лаење и гровтање. Можете да ги видите неговите виде на неговиот Youtube канал: https://www.youtube.com/@SoftWhiteUnderbelly или неговиот Facebook page: https://www.facebook.com/SoftWhiteUnderbellyOfficial.

  • Погледнете ги Ашер, Алиша Кис, Лил Џон, Лудакрис и повеќе за возбудлива изведба на полувремето на Суперболот

    Настапот на Супербол полувремето гарантира дека ќе направи една работа: луѓе, многу луѓе ќе се поплакуваат колку е тапа, не чини, Принс го направил тоа подобро, па дури и ќе бидат скандализирани доколку видат малку повеќе кожа.. Но Ашер во петокот успеа да ги обедини дури и најкритичните мрчатори во воодушевување од настапот. Ашер (Usher) ја презеде сцената на Super Bowl LVIII Halftime Show во неделата вечер на величествен начин и изнесе неколку големи иимња како специјални гости. Шоуто се одржа во неделата во Allegiant Stadium во Лас Вегас, Невада, а пејачот од Атланта се потруди на сите можни начини да донесе настап перформанса кој брзо се рашири по социјалните медиуми. 45-годишниот Ашер изведе микс од хитови, вклучувајќи "Caught Up," "U Don't Have To Call," и "Love in This Club," но специјалните гости го подигнаа шоуто на посериозно ниво. Алиша Кис се  придружи на Ашер за изведба на "If I Ain't Got You" и "My Boo" пред да се појави Џермејн Дупри и да му помогне со "Confessions, Pt. II." Потоа 45-годишниот продолжи со мајсторски микс на "Burn" и "U Got It Bad" додека H.E.R. и Will.i.am беа следните кои се придружија на забавата. Ушер го затвори полувремето со Lil Jon и Ludacris кои се придружија за електрифицирана изведба на нивниот сингл од 2001 година "Yeah!".Во скорешно интервју со Good Morning America, Ашер откри дека настапот е посветен на сите црни  уметници кои го инспирирале. „Размислувам за тоа што нашата земја претставуваше за Црните уметници. Во одреден момент, требаме да поминеме низ кујните за дури и да имаме можност да настапиме пред публика. Тие мора да се измолкнат низ задната врата, стравувајќи за своите животи, и да одат во друга држава за да го прават истото. Со овој настап влегувам низ влезната врата“.Тој продолжи, "Не започнав каде што сум сега, и не стигнав таму сам. Затоа, секој кој беше дел од тоа, ги носам со мене. Сите мои фанови, моите драги луѓе- луѓето кои можеби чувствуваат дека се заборавени, не се. Вас ве носам со мене кога ќе влезам на таа сцена таа вечер." Супербол полувремето емомент кога музиката и спортот се среќаваат на една сцена, креирајќи уникатен спектакл гледан милиони(па и милијарди). Оваа платформа им овозможува на уметниците да ги покажат своите таленти на глобално ниво и да го искажат својот став. За Ашер, ова беше можност да ги почести Црните уметници кои го инспирираа и да ги носи со себе нивните приказни и борби. Тоа е момент на солидарност и признание, и еден од најголемите настани во светот на спортот и музиката. П.С. Нашата миленичка останува Рири

  • „Лери Дејвид“ направи нешто од ништо

    На крајот на неговиот специјал HBO од 1999 година, ,,Larry David: Curb Your Enthusiasm" („Лери Дејвид: Зауздајте го вашиот ентузијазам“), Дејвид ја завршува својата стенд-ап комичарска рутина, со тоа што ѝ кажува на својата публика дека нема повеќе материјал за нив. „Ова се случува кога ќе ви се потроши ништото“, вели тој. Шегата се однесува на познатиот опис на „Seinfeld“, ситкомот што Дејвид го создаде со Џери Сајнфелд, како „шоу за ништо“. Тоа е и во мала мера лага. За почеток, секогаш беше погрешно да се каже дека „Seinfeld“  е шоу за ништо. Да, тоа беше анти-порака на милитантен начин, градење мали фарси околу четворица сингл Њујорчани, ослободени од деца, кои имаат неограничено многу време да седат по ресторани. Но, нивната алергија на искажувањето на ставови, беше став сам по себе; го направи шоуто амблематично на полнокрвноста, на крајот на историјата 1990-тите. Второ, на Дејвид навистина не му се потроши ништото. „Лери Дејвид“    комедијата за лоши манири што произлезе од специјалот на Дејвид, започна на HBO во 2000 година. Се прикажува и трае речиси четвртина век, а 12-та сезона, почнувајќи од недела, ќе биде последна. Во „Лери“, Дејвид се глумеше себе како „Лери Дејвид“, истовремено најпријатниот и најнепријатниот човек на светот, а своите поплаки ги проектираше на своите советници: Шерил (Шерил Хајнс), неговата сопруга и подоцна поранешна сопруга; Џеф (Џеф Гарлин), неговиот менаџер; Леон (Џеј Би Смув), неговиот постојан  гостин, кој се приклучи на серијата кон средината и ја исполни  улогата на демон на хаосот што Крејмер (Мајкл Ричардс) ја имаше на „Seinfeld“. Може да кажете дека „Лери..“ беше едноставно премиум-кабелска верзија на „Seinfeld“, со импровизиран дијалог. Материјалот беше помрсен - да се потсетиме на печатната грешка на некрологот што ја претвори ,,beloved aunt"(сакана тетка)   во „beloved cunt“(,сакана пизда) во фраза што не можеше да се најде во ударните термини на NBC - средината e поавтобиографска и поочигледно еврејска.( На „Seinfeld“  Лери Дејвид го изгради своето откачено алтер его како Џорџ Костанца на Џејсон Александар, во крипто-Евреин со италијанско презиме.) Богатите ликови на „Лери Дејвид“ поминуваа исто толку време на појадоци  и размислувања за сендвичи колку што и бандата на „Seinfeld“. Само што нивниот рабуш беше поголем. Но, „Лери Дејвид“ си беше во свој филм, во своето време. Слично како што „Seinfeld“ ги доловуваше ироничните вибрации на крајот на милениумот, „Лери“ беше комедија со печат на возбудената, антагонистичка ера на социјалниот интернет во 21-от век. „Лери“ започна за време на транзициската ера на дигиталниот живот, веднаш по масовната популаризација на интернетот, токму околу времето кога се родија блоговите, неколку години пред појавата на Фејсбук и Твитер. Тоа не е, на површина, екстремно онлајн шоу, ниту Лери Дејвид е баш дигитален домородец. На почетокот на новата сезона, тој се впушта во еднострана виканица со некорисната Сири. Но, комичниот мотор на серијата, конфликтот што се појавува кога различни кодекси на однесување се прекршуваат еден наспроти друг, е исто така континуираната драма на социјалните мрежи. (Ако некогаш сакате да знаете како е да се биде вистински омразен, искажете мислење на интернет за тоа дали треба седиштата да се спуштаат во авионите.) Лери Дејвид е карактеристична фигура во комедијата, но тој е познат тип на интернет. Тој е типот што влегува во хаос, не ја спушта топката и стои на своето мислење -  и станува мета на масовно злоставување. „Секој ден на Твитер има еден главен лик.„ - гласи поговорката -  „Целта е никогаш да не бидеш тој лик“. Лери е секогаш главниот лик. Тој е поттикнат од моќен спој на егоцентричност и самобендисаност. Тој верува дека неговиот личен код е сè што стои помеѓу цивилизацијата и анархијата на свински паркинг   и муабети и прекрати. Тој, исто така, верува дека другите луѓе се овци, следејќи ситни, бесмислени правила, без разлика дали тие се однесуваат на користење на празен штанд во бања за лицата со посебни потреби или одбивање на ресторанот да послужи појадок по одреден час. Нему му е направена неправда! Го спопаѓаат будали! Тој е секој оној кој едноставно не сака да престане со поплаките на интернет, кој одбива да се извини, кој е апсолутно спремен да умре во таа битка. (Речиси можам да го слушнам како дијалог од „Лери“. „Дали навистина сакаш да умреш во таа битка, Лери?“ „Да! Всушност, јас ќе умрам во таа битка! Јас сум борбен човек!“) „Лери“, со својата река на навреди и обвинувања, може да се гледа како комичарски еквивалент на популарното Прашање на Reddit :Дали сум јас ... ум, антагонист? И покрај тоа што Дејвид го отелотвори гневот на социјалните мрежи, тој исто така некако успеа да изделка лично исклучување од нејзината моралистичка заповед дека комедијата никогаш не смее да удира ниско. Лери Дејвид - барем ликот - не се двоуми да ја собори. Тој е ударник! Повторлива тема на серијата е неговиот богат лик кој верува дека е прогонуван од работници, вклучувајќи, во последната сезона, масер, чистачка во хотел и повеќе келнери во ресторани. Неговата спасоносна одлика е што Лери речиси никогаш не удира со тупаница, нагоре или настрана без да се повреди себе двојно посилно. Но, исто така, постои еден вид изопачен егалитаризам во жолчноста на Лери. Тој верува, како римскиот драматург, дека ништо човечко не му е туѓо, дека никој не е подобар или полош од него - и дека, според тоа, никој не добива пропусница од неговото непрестано жалење. Како и неговиот претходник Мел Брукс (кој се појави во кастингот на Лери во неговиот мјузикл „The Producers“), Дејвид исто така играше со материјал што може да потоне помал комичар од него. Во класичната епизода, Лери станува зависен од палестински ресторан за пилешко, кој предизвикува бес кога отвора продавница до еврејска месара, за сувомесни производи. (Иако заплетот може да изгледа како непријатен предзнак за војната во Газа во 2024 година, кога беше премиерно прикажан во 2011 година, алудираше на полемика за планираниот исламски центар во Долниот Менхетен, кој беше погрешно означен како „џамија на нултата точка“.) Лери е вознемирен, како Евреин, од милитантните плакати на ѕидовите на ресторанот. Тој е заведен, како смртник, од вкусната живина и од една Палестинка што ја среќава таму, која го врти со антисемитски валкани муабети. Дали епизодата е стереотипна? Дали тоа карикатурира? Дали исмева смртно сериозни прашања? Да - брилијантно. Преку навредата директно дува во трансценденција, водена од комичната филозофија дека сите луѓе се понижени, паднати и управувани од ниски страсти, пред сè Лери Дејвид. Тој ја завршува епизодата на паркинг помеѓу две бесни толпи: група еврејски демонстранти, вклучително и многу негови пријатели, и палестинските контрадемонстранти, вклучително и неговата девојка - племе наспроти племе, социјализација наспроти апетит, камерата го притиска на Лери вознемирено, неодлучно лице. Интернетот, кој знае кога сте ја дестилирале човечката неволја во неколку секунди видео, ја нарече таа слика  меме. Истото го направи и со тематската музика на серијата,Frolic“, кои интернет жителите ја лепеа на видео од јавни личности во моменти на понижување, како Крис Кристи со поглед од илјада јарди додека стоеше зад Доналд Џеј Трамп, кого го поддржа на прелиминарните избори на републиканците во 2016 година. Можете ли да направите политичко меме од „ништо“? „Лери“ не е „All in the family“, но беше повеќе подготвен да биде актуелен од „Seinfeld“ што можеше да биде . Сезоната 11 заврши со тоа што Лери испорача пародија на„Совршен телефонски повик“ на претседателот на Украина што доведе до првиот импичмент на претседателот Трамп. Лакот на последната сезона вклучува сценарио поврзано со изборите кое открива дека Лери станува неверојатен херој, заглавен помеѓу неговата желба да му се восхитува неговата либерална заедница во МСНБЦ и неговата неспособност да не биде самиот себе. Поприкриена тема на последните епизоди е наследството на „Seinfeld“, особено неговото злоупотребено финале. Дејвид напола го егзорцира тој демон во 7-та сезона, која повторно ја обедини актерската екипа на „Seinfeld“ за да направи мета-повторување на стариот ситком во новиот ситком. Но, минатото сè уште се наѕира. Во новата епизода, Лери налетува на неговиот најдобар не-пријател Тед Денсон - една од многуте познати личности кои се играат себеси во серијата - и разговорот се свртува кон тоа како Лери го напуштил „Seinfeld“ во неговите последни две сезони. „Но, ти го заврши финалето, нели? Прашува Тед. Лери погледнува во него: „Да, Тед. Го направив финалето“. HBO не им го испрати финалето на „Лери“ на критичарите. Деветте епизоди што доведоа до него не се врвниот „Лери“, но има доволно смеење, неколку незаборавни повици и неколку Лери-изми - „Очекувам повеќе од себе цел живот, а тоа едноставно го нема“. - кои се најблиску до саморефлексија, што шоуто некогаш ќе дојде. Сепак, со оглед на непредвидливиот распоред на серијата - до сега, таа беше направена само три сезони во една деценија - се прашувам зошто Дејвид воопшто почувствувал потреба да направи финале и дали шоуто може да се врати еден ден, како што Џорџ Костанца се врати на работа откако даде отказ на „Seinfeld." Што и да мисли Лери Дејвид за човештвото, се сомневам дека тој нè познава премногу добро за да нѐ остави на мира. Кој знае? Можеби нема ништо во ракавот. Џејмс Пониевозик е главен ТВ критичар за Тајмс. Тој пишува критики и есеи со акцент на телевизијата бидејќи ја одразува промената на културата и политиката.

  • Лабораториум ги поканува сите дизајнери и занаетчии за учество во „Лаб Дизајн Маркет“

    Во среда, 28 февруари, на булевар Климент Охридски 68 во Скопје, ќе се отвори нов изложбен салон, најголемата заедница на македонски дизајнери и занаетчии. Ова е идејата зад „Лаб дизајн маркет“, проект кој ги повикува сите дизајнери и занаетчии да се вклучат и претстават своите производи и услуги. Повикот е отворен за сите кои работат во текстилната индустрија, накитот, модните додатоци, производството на мебел, производите за деца и домот, осветлувањето и многу други области. Особен фокус е насочен кон рачната изработка, одржливоста, и етичкото производство, што го прави овој настан посебно значаен за нашата заедница. Изложбениот салон ќе работи од вторник до сабота, од 12 до 18 часот, овозможувајќи на посетителите да ги разгледаат и купат најновите производи на македонските дизајнери и занаетчии. Проектот е поддржан од „Fashion Revolution Macedonia“, а целта е да се зајакне локалната дизајнерска сцена и да се поддржи македонскиот дизајн. Ако сте заинтересирани за учество, најдете повеќе информации на интернет страницата на „Лабораториум“ и аплицирајте . Стручната комисија ќе ја разгледа вашата апликација и ќе одлучи за вашето учество во „Лаб Дизајн Маркет“. Не пропуштајте оваа можност да ги претставите вашите дела и да го поддржите македонскиот дизајн. Контактирајте го „Лабораториум“ за повеќе информации или аплицирајте на lab.design.market@laboratorium.mk или на телефонскиот број 078 401 909.

  • Реакција на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена: Кога Mинистерството за култура ќе застане на страната на културните работници?

    Во изминативе 32 години државните политики се поразувачки на секое рамниште. Сферата на културата е еден од оние општествени слоеви кои се наоѓаат на најниското, деградирано општествено скалило. Партиската девастација на општествениот и политичкиот систем која континуирано, а можеби и координирано, во последниве две децении ја прават трите партии (ВМРО – ДМПНЕ, СДСМ и ДУИ), изразено со зборовите на Горан Стефановски, ги достигнува просторите на „дуплото дно“ и на „црната дупка“. Ова општество е како зграда која има арматура од цврсто коруптивно плетиво (ментална и финансиска корупција), на која се надоврзуваат тули од песок, кои, кај и да е, ќе предизвикаат рушење на зградата под чии урнатини ќе се затрупаат сите нејзини станари, кои и онака се фрагментирани, понижени, приклучени на респираторни апарати, и кои секако, во овие триесетина години, заборавија не само што значи заедница туку и што значи достоинство, автономија и интегритет. Наративот низ кој се согледува ваквиот општествен пејзаж кулминира со резултатите од овогодинешниот конкурс на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес. Секој кој бар ја прочитал основната литература за културна политика и кој бар малку ги разбира современите концепти на културната и на уметничката продукција (а очекуваме дека оние кои се назначени на раководните инстанци во едно Министерство за култура тоа го направиле), ќе разбере дека културниот капитал, современата култура и културното наследство се еднакво важни во кошницата каде што припаѓаат политичкиот и економскиот капитал. Особено во земја како Македонија – земја која е на работ од опстојувањето, земја која одамна ги изгубила сите вредносни вертикали, земја од која масовно се отселуваат младите луѓе, земја во која веќе три децении таканаречените политички елити систематски ја уништуваат елементарната политичка култура, а идејата за заедница ја дават во вир полн со жива кал. Резултатите од овој конкурс, како и на многумина конкурси претходно, покажуваат дека ние и понатаму остануваме клиентелистичка култура, дека никому не му е грижа за развојните културни политики, дека бескрупулозно се распределуваат и онака малкуте средства одвоени од бруто домашниот производ кај партиските и пријателските клиенти. Разултатите од конкурсот покажуваат дека државата не знае што е современа култура, не знае што е профитна организација, што е непрофитна организација, што е институционална, а што е вонинституционална култура, а уште помалку знае и воспоставува вредносни вертикали и насоки во развојот на современата уметничка продукција. Единственото што го знаат е кој е партиски блиску или далеку, кој им се допаѓа, а кој не. Сѐ е фасада како што беше и до сега. Како и кому се распределуваат средствата од трезорот покажува какви културни политики има. ВМРО – ДПМНЕ имаше највисоки буџети за култура – знаеме зошто. Стануваше збор за сериозни криминални дејствија и за концептот на „владеење“ и „политичка манипулација“ преку културата. СДСМ, како и секогаш, се целосно незинтересирани за оваа општествена страта. Тие воопшто не го разбираат влијанието и значењето на културата во општеството. По инерција, таму некаде на маргините, успеаваат да ги остават нештата во институционалната и во вонинстутуционалната култура на маргините, во статус кво, што е еднакво на криминално и неодговорно однесување. Ја повикуваме министреката Бисера Костадинова Стојчевска, детално да ги ревидира средствата на доделениот конкурс. Стотици организации и индивидуалци од независниот културен сектор се повторно доведени во прекарна позиција а нивната продукција е проголтана или од непознати организации со апсурдна содржина или од партиски клиенти или од продукција со комерцијален карактер, или од нерелевантното одлучување на комисиите и на кабинетот на министерката, која знаеме, според Законот за култура го има последниот збор. Резултатите од конкурсот на Министерството за култура за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година, покажуваат дека сме заробени во централизирано политичко одлучување – до денеска ниту една од партиите не сакаше да се согласи да се укине дискреционото право на министерот за култура за носење конечни одлуки за распределбата на средствата за годишната програма. Комисиите имаат советодавна улога, а како се бираат и одредуваат воопшто не е транспарентно. Но, на крајот од денот министерот/министерката ја носат конечната одлука. Тоа е тажниот крај на нашата општествена слика и драма за културните политики.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page