Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Британски музеи враќаат враќаат мал дел од украденото злато во Гана
Кралската регалија на народот Ашанти конечно се враќа дома 150 години откако британската војска првпат започна со напади западноафриканското кралство. Британскиот музеј и музејот Викторија и Алберт потпишаа тригодишни договори за заем за привремено враќање на повеќе од 30 културно и духовно значајни предмети за кои рекоа дека се „неизбришливо поврзани со британската колонијална историја“. Мечот Мпопонсуо кој традиционално го користеле кралевите на Ашанти за да положат заклетва за време на нивното устоличување е меѓу предметите што се враќаат во денешна Гана. Договорот дојде неколку часа откако Британскиот музеј ги откри деталите за потеклото на 239-те предмети од Ашанти во неговата колекција и потврди дека поранешниот крал на Ашанти издал формално барање за реституција против музејот во 1970-тите. Мечот бил меѓу десетиците предмети што музејот ги купил од британските колонијални администратори во 1900 година, товар кој вклучувал предмети земени од кралската палата во Кумаси во 1896 година и други регалии „извлечени од британската влада“ како обесштетување. Нејзиниот заем на Музејот на палатата Манхија во Кумаси, Гана, вклучува мал украс од златна лаута подарен на британски дипломат кога односите биле добри во 1817 година, како и златни и сребрени регалии кои припаѓаат на двајца Ашанти кралеви чија палата била нападната. Седумнаесет од артефактите на В&A кои привремено се враќаат, вклучуваат парчиња кралски регалии земени за време на рацијата во кралската палата во 1874 година што ги откупиле на аукција истата година, како и златно луле на мирот и златни значки кои се користеле во церемонии за перење души.. Вчера беше речено дека „од стотиците златни предмети ограбени од Палатата во 1874 година имаше посебно избрани парчиња кои беа примери на брилијантните техники на изработка на накит, што со векови ги практикуваа кралските златари Ашанти и ги изложи во референтна книга за британските уметници. и дизајнери кои бараат инспирација за нови изработки“. Во текот на втората половина на 19 век, кралството Ашанти било во постојан судир со британските сили, кои соочени со притисокот од Франција и Германија се обидувале да ја прошират својата контрола врз регионот. Кралството претходно беше близок партнер во трансатлантската трговија со робови. Колонијалните сили редовно ја напаѓаа кралската палата и пратија неколку запамти поглавари во егзил на Сејшелите, при што регионот стана дел од колонијата на британскиот Голд Коуст во 1902 година. Британскиот музеј во средата соопшти дека ја стекнал својата колекција Ашанти од 1887 до 1982 година - осум години по добивање на „единственото официјално барање“ што го добиле за нивното враќање. Во средата рекоа дека во 1974 година покојниот Ашантихени Опоку Вер II побарал „враќање на регалиите и другите предмети отстранети од британските сили во 1874, 1896 и 1900 година“. Британската влада одговори дека управителите на музејот рекле „за нив ќе биде законски невозможно да вратат какви било предмети“. Во 2010 година, сегашниот Ашантихени Отумфуо Осеи Туту II, кој се едуцираше во Лондон пред да биде устоличен во 1999 година, повторно „го покрена прашањето за враќање на златните регалии“, соопшти музејот. Тој се сретна со поранешниот директор на музејотХартвиг Фишер минатата пролет. Тристрам Хант, директорот на В&A, рече: „150 години по нападот на Кумаси и ограбувањето на дворските регалии, В&A е горда што соработува со музејот на палатата Манхија за да ја прикаже оваа важна колекција на златни дела од Ашанти“. Тој рече дека музејот е посветен на „споделување на [своите] колекции од колонијалното минато“. Лисан Болтон, куратор за Африка, Океанија и Америка во Британскиот музеј, рече дека е „привилегирана што изградивме долгогодишно културно партнерство со Музејот на палатата Манхија... овој однос е од големо значење за нас“. Двете институции беа фрустрирани од конзервативната влада во обидите да ја преземат контролата над предметите во нивните збирки, од кои многу беа запленети за време на колонијалната ера и сега се предмет на барања за реституција. Владата одби да ги прекрои законите кои ги спречуваат двете организации да ги вратат огромното мнозинство од предметите во нивните збирки. Британскиот музеј е спречен во обидите да му позајми дел од неговите мермери од Партенон на Музејот на Акропол во Атина, додека Хант се пожали дека управителите на музејот се „инфантилизирани“ затоа што се толку „скриени“ со законодавството кое датира од 1963 и 1983 година. извор: The Times of London
- Оној недовршен оскаровски говор
Сахин Лесно Перо, Апачи активистка и актерка , која одби да ја прифати наградата за најдобар актер во име на Марлон Брандо на Оскарите во 1973 година, кога беше исвиркана на сцената во чин што ја нагласи нејзината критика за прикажувањето на домородните Американци во Холивуд. Кога режисерот ги забележал белешките кои ги држела и́ кажал доколку зборува повеќе од 60 секунди ќе биде уапсена. 50 години подоцна Оскарите и́ се извинија за третманот. Од Марлон Брандо; 30 Март, 1973, Беверли Хилс, Калифорнија - Цели 200 години му велевме на Индијанскиот народ кој се бореше за својата земја, својот живот, своите семејства и своето право да бидат слободни: „Положете ги оружјата, мои пријатели, и тогаш ќе останеме заедно. Само доколку ги положите оружјата, мои пријатели, ние ќе можеме да зборуваме за мир и да дојдеме до договор кој ќе биде добар за вас“. Кога ги положија оружјата, ние ги убивме. Ние ги излажавме. Ние им ги ги земавме земјите преку измама. Ние ги изгладнувавме додека не ги потпишаа измамничките договори кои ние ги нарековме спогодби кои никогаш не ги испочитувавме. Ги претворивме во питачи на континент кој даваше живот, онолку долго, колку што може животот да памти. И според било која интерпретација на историјата, колку и да е извртена, ние не постапивме правилно. Ние не бевме ниту законски ниту правични во нашите постапки. За нив, ние не мораме одново да ги враќаме овие луѓе, не мора да испочитуваме некои договори, затоа што ни е дадено врз основа на нашата моќ да ги нападнеме правата на другите, да им го одземеме имотот, да им ги одземеме животите. кога се обидуваат да ја одбранат својата земја и слобода, и нивната доблесност да ја преиначиме во злосторство, а нашите сопствени пороци во- доблести. Но тука е онаа работа која е надвор од дофат на оваа перверзија а тоа е огромната пресуда на историјата. И историјата со сигурност ќе ни суди. Но, дали ни е грижа? Каква морална шизофренија е тоа што ни овозможува да викнеме со целиот наш национален глас за целиот свет да слушне дека живееме во согласност со нашата посветеност, кога секоја страница од историјата, и кога сите жедни, гладни, понижувачки денови и ноќи последниве сто години од животите на американскиот Индијанец противречат на тој глас? Се чини дека почитувањето на принципот и љубовта кон ближниот станаа нефункционални во оваа наша земја, и дека сè што направивме, се што успеавме да постигнеме со нашата моќ е едноставно ништење на надежите на новородените земји во овој свет, како и пријателите и непријателите, дека не сме човечни и дека не ги исполнуваме нашите договори. Можеби во овој момент си велите, кој ѓавол има сето ова има некаква врска со Оскарите? Зошто оваа жена стои овде, ни ја уништува вечерта, ги напаѓа нашите животи со работи што не нè засегаат и за кои не ни е гајле? Ни трошат време и пари и упаѓаат во нашите домови. Мислам дека одговорот на тие неизречени прашања е дека филмската заедница е исто толку одговорна за понижување на Индијанецот и исмејување на неговиот лик, опишувајќи го како див, непријателски настроен и злобен. Доволно е тешко за децата да растат на овој свет. Кога индијанските деца гледаат телевизија, и тие гледаат филмови, и кога ќе ја видат нивната раса прикажана како што се во филмовите, нивните умови се повредени на начини што никогаш не можеме да ги знаеме. Неодамна имаше неколку ненадејни чекори за да се поправи оваа ситуација, но премногу колебни и премалку, така што јас како член на оваа професија не чувствувам дека можам како граѓанин на САД да ја прифатам оваа награда овде вечерва. Мислам дека наградите во оваа земја во овој момент се несоодветни да се примаат или да се доделуваат додека состојбата на американскиот Индијанец драстично не се промени. Ако не сме чувар на нашиот брат, барем да не бидеме неговиот џелат. Ќе бев овде вечерва директно да зборувам со вас, но чувствував дека можеби би можел да бидам покорисен доколку отидам во Рането колено за да помогнам на кој било начин да се спречи воспоставувањето мир кој би бил нечесен сè додека ќе течат реки и ќе расте тревата. Се надевам дека оние што слушаат нема да гледаат на ова како груб упад, туку како искрен напор да се фокусира вниманието на прашање кое многу добро би можело да определи дали оваа земја има или не право да каже од оваа точка наваму, ние веруваме во неотуѓивите права на сите луѓе да останат слободни и независни на земји што го поддржувале нивниот живот и надвор од живото сеќавање. Ви благодариме за вашата добрина и вашата учтивост кон Госпоѓица Лесно Перо. Ви благодарам и добра ноќ.
- Лили Гледстоун за нејзината историска номинација за Оскар
Лили Гледстон пушти неколку солзи кога слушна дека Џек Квејд го прочита нејзиното име во категоријата Оскар за најдобра актерка во вторникот наутро. „Не очекував дека ќе плачам како што плачев“, рече таа. Но, тоа не беше ништо во споредба со реакцијата на нејзините родители. „Дефинитивно се изнаплакаа“, рече Гладстон, која ја глуми Моли Буркхарт, жена од Осаж чиј бел сопруг е дел од убиствен заговор во епот на Мартин Скорсезе „Убијци на цветната месечина“. Таа се јави од Павхуска, Оклахома, набргу откако ја гледашеОбјавата за номинации за Оскар на FaceTime со нејзините родители. На крајот на краиштата, не секој ден сте номинирани за вашиот прв Оскар - или станувате првиот домороден Американец кој е номиниран за конкурентна актерска награда за Оскар. „Тоа е нешто што не бев сигурна дека ќе го доживеам во кариерата, во текот на мојот живот“, рече Гледстон (37), кој има Блекфит и Нез Персе потекло. „Се надевам дека тоа само значи дека луѓето почнуваат да се грижат повеќе и да учат повеќе за овие истории“. Гладстон не е првиот домороден уметник за најдобра актерка - Кеиша Касл-Хјуз („Кит јавач“, 2003) и Јалица Апарисио („Рим“, 2018) исто така беа номинирани во истата категорија - но таа е прва од САД. Фолк пејачката Бафи Сент Мари се смета за првата домородна личност која добила Оскар (за најдобра песна, „Up Where We Belong“ од „Офицер и џентлмен“ во 1983 година), но нејзината етничка припадност неодамна беше оспорено. И во 2019 година, Вес Студи, кој е Чироки Американец, доби почесен Оскар за „неговите неизбришливи филмски портрети и за неговата цврста поддршка на домородните американски заедници“. Гладстон имаше напорен месец: на 7 јануари таа стана првата домородна личност која доби Златен глобус за најдобра актерка.одржувајќи моќен говор во кој таа кажа неколку реченици на јазикот на Блекфит. Таа, исто така, доби награда за најдобра актерка од Круг на филмски критичари во Њујорк, како и номинации од Награди за избор на критичарите и наЗдружението на актерите на екранот. „Се надевам поради тоа што некои теми се во тренд: имаме шанса да гираскажуваме сопствените приказни или имаме навистина големо учество во обликувањето на тоа како се раскажуваат приказните за нас“, рече таа. „Убијци…“, заснован на книгата на Дејвид Гран, беше замислен да се фокусира на врската помеѓу Моли и нејзиниот сопруг, Ернест (Леонардо ди Каприо), кој заговара со неговиот вујко (Роберт Де Ниро) да ги убијат нејзините роднини во обид да ја заземе земјата во Оклахома на нејзиното семејство богата со нафта. Откако филмот беше објавен во октомври, критичарите ја истакнаа Гледстон. Ентони Лејн,пишувајќи во Њујоркер, ја најави како „непогрешливо најпривлечното присуство на филмот“. Гледстон порасна глумејќи во претстави поставени од патувачкиот детски театар на резерватот Блекфит во северозападна Монтана. Таа доби пробивна улога во независниот филм на Кели Рајчарт од 2016 година „Одредени жени“ и улогата значително го подигна нејзиниот профил, но „Убијците на цветната месечина“, со буџет од 200 милиони долари и актерската екипа одхоливудската А-листа, ја катапултираше во хиперпросторот. Во 15-минутно интервју, Гледстон сподели што се надева дека нејзината номинација претставува за индустријата, како првпат се заинтересирала да го проучува јазикот на Блекфит и во што следно треба да ја гледаат луѓето кои ја откриле во „Убијци на цветната месечина“. Ова се уредени извадоци од разговорот. Честитки! Ви благодарам. Беше одлично секој пат кога филмот добиваше признание, но оној што навистина ме воодушеви беше Роби Робертсон [за најдобра оригинална партитура за „Killers of the Flower Moon“]. Да ја гледам таа номинација како се објавува со татко ми, беше навистина посебно, бидејќи татко ми ме запозна со Роби Робертсон како музичар, што беше целата причина што дури знаев кој е Мартин Скорсезе како режисер. Татко ми ми кажа за нивното пријателство и се сеќавам кога бев 10-годишна, дека рече: „Знаеш, еден ден ќе го сними својот индијански филм поради неговото пријателство со Роби“. Затоа беше кул да го потсетиме на тоа. Гледајќи колку беа трогнати моите луѓе - тоа ми беше сè. Како изгледаше да се добие вакво значајно признание од индустријата по години борба да се најдат улоги што не беа навредливи или експлоататорски? Време е домородните ликови базирани на историски неверојатни жени како Моли Кајл да им се даде срцето на овие филмови. „Убијци на цветната месечина“ беше можност да се врати просторот на екранот на домородните жени од кое историјата нè исклучи. Значи, Моли и нејзините сестри и нејзината мајка и нејзината заедница со самото тоа што се свои, да бидат на екранот, ги менуваат стереотипите на луѓето, и ги контекстуализираат моментите во историјата што можеби ќе направат сегашноста да има малку повеќе смисла - му беше крајно време. Имаше шанса да разговараш со внуката на Моли Буркхарт, Марги. Што беше нешто што таа го сподели за Моли што те изненади или што го вклучи во ликот? Колку грижлива мајка била. Марги сподели дека кога нејзиниот татко, Каубој, кој имал хронични инфекции на увото и ќе го болеле ушите, Моли ќе му дувала чад од тутун во ушите, што е нешто што исто така, многу поглавици го прават дома, каде што сум израсната. И самата Марги е толку паметна и приземјена, и сакана. На нашиот прв состанок, нејзиниот говор на телото, нејзината интонација и начинот на кој можев да ги видам мислите како се превртуваат во нејзината глава, влегоа во тоа како ја обликував Моли. Нејзиниот обзервационен ироничен хумор, интелигенцијата, способноста да прочита ситуација, топлината беа особини кои се издвојуваа. Знам дека тие работи се наследени од семејството, па проценив дека најголемите индиции за тоа која би била Моли е начинот на кој таа се појавува низ нејзините внуци. Зборувавте неколку речеиици на јазикот на вашиот народ, племето Блекфит, на твојата историска победа на Златните глобуси. Кога и како се заинтересира да го учиш јазикот Блекфит? Растејќи во мојот резерват, научив понешто слушајќи. Не зборувам течно. Една од првите реченици што ги учиме како да ја конструираме е како да се претставиме пред група луѓе. Го кажувате вашето Блекфит име, а потоа им кажувате на сите од каде сте, од кои луѓе доаѓате, што го направив јас на Златниот глобус. Немаше да бидам на таа сцена да не беше мојата заедница која толку рано во мојот живот да не ја идентификуваше мојата дарба и мојата љубов кон глумата. Изведувањето и раскажувањето приказни отсекогаш било синоним за самото мое име; Отсекогаш сум била охрабрена да го правам тоа, во која било форма. Имаше многу години кога актерството беше средство за поучување и учење на нашата историја, конкретно, искуството на Домородното школо. По мојот говор на Глобусите, беше трогателно да се види реакцијата на луѓето од Блакфит на ТикТок и Фејсбук. Едно семејство го сними своето мало девојче, кое учи Блекфит заедно со англискиот јазик, и кога ме слушна како зборувам, таа почна да зборува на Блекфит со екранот, а потоа кога завршив со зборувањето, таа рече: „Добро е“ [На Блекфит]. Во смисла, „Тоа беше добро“. Тоа само ми го распукна срцето ширум отворено. Имаш ли фаворити меѓу номинираните филмови? Воодушевена сум кога ја гледам љубовта кон „Американска фикција“. И да се види Даниел Брукс кско го прави филмот тоа што е, во текот на целиот„The Color Purple“ - таа е неверојатна. И што сработи Сандра [Хулер], о Боже. И тогаш луѓето што ги гледав со години - тоа што беа во разговори, во соби покрај Анет Бенинг беше воодушевувачки и толку трогателно. Воодушевена сум за сите. Иако „Убијци…“ беше твојата пробивна улога, ти имаш филмско, ТВ и театарско резиме кое опфаќа повеќе од една деценија. Дали имаш препораки за тоа во што следно треба да те гледаат луѓето? Дефинитивно стримувајте го „Резервациски кучиња“ - и не само моите епизоди! Тоа е неверојатна, неверојатна серија; секоја епизода е толку полна, толку смешна, толку потресна. Има причина што е прогласена за најдобро шоу од толку многу публикации. “Непознатата земја“ е уште еден што го покажува начинот на кој изведбите на неверојатните домородни актери во „Убијци на цветната месечина“ помогнаа да се смени парадигмата и да се разбијат стереотипите за луѓето. И тогаш, сè уште не можам да го споделам, но некогаш во не толку далечна иднина, луѓето ќе можат да го видат „Fancy Dance“, кој е апсолутно најдобриот филм за гледање во тандем со „Killers of the Flower Moon“. .“ Тоа е истата земја, истите проблеми, точно 100 години подоцна, и како тие се манифестираат во модерното време. Тоа е неверојатна љубовна приказна меѓу тетка и нејзината внука и приказ на матрилинеална издржливост и љубов и опстанок. Многу сум возбудена што луѓето ќе можат да дојдат до него наскоро. Фановите се изјаснија - сакаат да те гледаат во улога на Марвел. Која е твојата улога од соништата? Морам да го признаам моето мало, слатко, лукаво, буцкасто 5-годишно јас кое не сакаше ништо повеќе на светот освен да биде Ивок. Ние сме во ерата на C.G.I., па мислам дека ако се вратат Ewoks, тие треба да бидат рачно изработени како што беше во доцните 70-ти, раните 80-ти. Значи, ако не е Ивок, нешто поврзано со нивното зачувување како неверојатна мала група - претпоставувам дека можете да ги наречете луѓе. Сара Бар е главен уредник на „Њујорк тајмс“. Таа известува за низа теми, најчесто театар, филм и телевизија.
- Зимски алишта, не́ чуваат од снег
Светло црвена наметка и лента за коса. Кремасти плетени панталони. Шинели од секаков вид: едноградни и двоградни,беж и розеви, некои над колената, а други поблиску до земјата. Сите носеа исклучителна облека на улиците на Њујорк минатиот месец, бидејќи луѓето почнаа да се облекуваат за сезоната. Најнезаборавниот стил не се однесува само на облеката, туку и за тоа како таа се носи со одреден став - типот што ве тера да сакате да погледнете малку повнимателно, да зјапате малку подолго и да се напрегнете за да бидете сигурни дека сте ги приметиле сите детали 1.Човек кој стои на тротоар.Има кратка црна коса и носи црн шал, сино-кафено карирано палто врз широки беж и маслинесто-зелени слоеви зелени чевли. 2.Волнениот капут и лабавите елементи зрачат со удобност. 1.Шал со блокирани бои го врза изгледот. 2.Стилот на кариранио виножито ги разубави овие зимско-бела комбинација. .1.Палто и торба понудија мешавина на пруги. 2.Златната нијанса на палтото го издвои од морето беж. Изблици на зелено, го оживеаа загаситиот изглед. Чевлите и чантата нудат софистициран спој на основни бои. Капутот и очилата се со иста боја. Дијаметрално различни комбинации, носат изненадувачка симетрија. Тексас конците ѕиркаат под мантилот. 1.Капутот го однесе овој „Канадски смокинг“ на елегнатно место. 2. Правилен начин да се носи шал? Оној кој ќе те топли. Шарените панталони беа невозможни да не се забележат. 1.Плетки и крзно - жената го дуплирала модниот облог. 2. Доброто расположение продре преку ладниот воздух. Лицето врамено со коса исчешлана наназад, и нагласена јака. Ниту една манекен- кукла не може да ја измами радоста која може да ја донесе глетката на добра одевна комбинација. Фотографирано и напишано од : Симбараше Ча.
- Алек Болдвин повторно обвинет за убиство од небрежност
Големата порота во Новo Мексико го обвини актерот за смртта на кинематографката на филмот „Раст“ (Rust) ,неколкумина месеци по отфрлањето на првичното обвиниение против него, Алек Болдвин беше обвинет во петокот од големата порота во Новo Мексико за убиство од небрежност, обновувајќи го обвинението за кривичното дело против него за смртта на кинематографката за време на снимањето на филмот „Rust“ пред повеќе од две години кога пиштолот со кој снимаше испука куршум. Обвинението, кое дојде точно една година по првото обвинение против него, беше последниот чекор на променлива среќа за Болдвин. Првичниот случај на местниот окружен обвинител се распадна и првичниот обвинителен акт против Болдвин беше отфрлен во април. Но новиот обвинителски тим, Кари Т. Мориси и Џејсон Џ. Луис, решија да го претстават случајот пред големата порота, која го обвини господинот Болдвин во петокот.Во Ново Мексико, осуда за ненамерно убиство на обвинение како она со што е соочен Болдвин може да значи и до 18 месеци затвор.„Се радуваме за нашите пет минути во судницата“, рекоа адвокатите на господинот Болдвин, Лук Никас и Алекс Спиро, во изјава во петокот. Болдвин - кој и играше и беше продуцент на „Раст“, вестерн - тврдеше дека не е одговорен за смртта на кинематографот, Халина Хатчинс, велејќи дека му рекле дека пиштолот не содржи куршуми и дека воопшто не требало да има куршуми на сетот. Тој исто така тврдеше дека не го повлекол петлето кога пиштолот се испалил, иако судскиот извештај нарачан од обвинението утврди дека тој морал да го повлече чкрапалото за да се испали, што придонесе за нивната одлука да го обноват кривичното дело.Многу месеци, можноста за ново обвинение висеше над Болдвин, 65 годишникот кој ретко беше некој кој се притајува. Додека обвинителите се подготвуваа да го претстават својот случај пред големата порота, актерот се појави изненадно на „Саботна вечер во живо“, и се најде во вестите следејќи ја расправата со демонстратор на про-палестински протест, и често објавуваше на Инстаграм за политиката и неговото семејство. Но имаше знаци дека господинот Болдвин, кој во судските документи рекол дека поради случајот потешко наоѓал актерски ангажман,и можеби се соочува со финансиски притисоци: Неодамна ја стави неговата куќа од 10.000 квадратни стапки во Хемптонс на пазарот за 19 милиони долари, појавувајќи се во реклама за недвижности за имотот.Големата порота од 12 луѓе се собра да го слуша случајот на Првиот судски округ на Ново Мексико во Санта Фе почнувајќи од четвртокот. Најмалку осум поротници мораа да се согласат дека има веројатна причина за обвинение за судскиот процес одново да започне. Обвинението за Болдвин се содржи во две различни обвинувања за ненамерно убиство, но може да биде осуден само за едно. Посериозното, кривично дело, го обвинува дека има „целосна незаинтересираност или рамнодушие за безбедноста на другите“, додека другото го обвинува за небрежна употреба на огнострелно оружје.Неколку сведоци сведочеа пред големата порота, според обвинението, вклучувајќи ја Александрија Хенкок, детектив вклучен во првичната истрага; Рос Адиего и Лејн Лупер, членови на екипата на „Раст“; Мариса Попел, техничар на место на злосторство кој работеше на случајот; и Брајан Карпентер, консултант за индустриски пракси околу огнострелните оружја.На денот на стрелањето, 21 октомври 2021 година, продукцијата снимаше крупен кадар на ликот на Болдвин - груб бегалец наречен Харланд Раст - повлекувајќи старомоден револвер од кожна футрола и покажувајќи кон камерата кога оружјето се испалило. Куршумот ја уби Хатчинс иго рани го режисерот на филмот, Џоел Суза. По стрелањето, детективите најдоа уште пет живи куршуми на сетот, но службените лица кои ја истражуваа работата никогаш не предложија теорија за тоа како тие завршиле таму.Оружјето на филмот, Хана Гутиерез-Рид, која беше одговорна за оружјето и муницијата на сетот на филмот, исто така се соочува со обвинение за ненамерно убиство. Таа се изјасни за невина и треба да се суди во февруари.Дејв Холс, првиот асистент режисер на филмот, кој беше одговорен за безбедноста на сетот, призна вина за прекршок во случајот, избегнувајќи затвор. Прашањето беше дали господинот Болдвин дејствуваше со „намерна незаинтересираност“ за безбедноста на другите кога тој го ракуваше оружјето тој ден - иако актерот беше информиран дека пиштолот не содржи куршуми, и куршумите беа забранети на сетот.Обвинителите кои првично го решија случајот - Мери Кармак-Алтвис, окружниот обвинител на Санта Фе, и Андреа Риб, адвокатка која беше именувана за специјален обвинител - тврдеа дека тој го направи тоа.Тие го обвинија пред една година, во јануари 2023 година, тврдејќи дека и како актер и како продуцент на филмот, Болдвин има одговорност да осигура дека пиштолот не содржи куршуми. Неговиот адвокат и други во филмската индустрија, вклучувајќи ги оружарите и актерите, се спротивставија на тоа, велејќи дека се очекува актерите да им веруваат на професионалците назначени да управуваат со оружјето на сетот. SAG-AFTRA, синдикатот кој ги претставува филмските и ТВ актери, рече во тоа време дека „тврдењето на обвинителот дека актерот има должност да обезбеди функционална и механичка работа на огнострелно оружје на производствен сет е погрешно и неинформирано“ и дека „работата на актерот не е да биде експерт за огнострелни оружја“. Првичниот случај на обвинителите се распадна поради предизвиците од адвокатите на Болдвин, кои забележаа дека тој беше неправилно обвинет под закон кој не постоеше во времето на стрелањето, и дека Риб неправилно служеше истовремено како специјален обвинител и член на законодавството на Ново Мексико.Откако Риб се повлече, и судијата одлучи дека окружниот обвинител не може да назначи нов специјален обвинител да работи на случајот без да се повлече сама, г-ѓа Кармак-Алтвис го предаде случајот на нов тим на обвинители, Мориси и Луис. Тие го отфрлија првичното обвинение против Болдвин откако добија нови докази кои покажуваа дека пиштолот можеби бил модифициран на начин што можел да биде полесно да се истрели без да се повлече спуштачот.Тие го задржаа правото повторно да го обвинат господинот Болдвин откако го испратија пиштолот за понатамошно вештачење. Нов судски извештај напишан од Лусиен Ц. Хаг утврди дека Болдвин морал да го повлече спуштачот, откривајќи дека на пиштолот му треба 1кг притисок за да се испали.Но за да го изведе испитувањето, Хаг мораше да ги замени деловите на пиштолот, кои беа оштетени од ФБИ за време на неговата сопствена анализа. Таа компликација сигурно ќе биде подигната од одбраната на Болдвин, кои ја нарекоа обновената обвинителска акта „погрешно насочена“.Господинот Болдвин рече дека го повлекол петлето на пиштолот и дека кога го пуштил, без да го повлече спуштачот, оружјето се испалило.„Некој стави куршум во пиштол, куршум кој не требало да биде на сетот“, рече Болдвин во телевизиско интервју малку повеќе од месец дена по стрелањето. „Некој е одговорен за она што се случи, и не можам да кажам кој е тој, но знам дека не сум јас.“Обвинителите продолжуваат да истражуваат како живите куршуми завршиле на сетот на филмот. Минатата година, додека првичниот кривичен случај против него се распадна, Болдвин помина неколку недели завршувајќи го снимањето на „Раст“, кој продуцентите решија да го завршат како знак на почит кон Хатчинс.
- Последниот перформанс на Марина Абрамовиќ е - нега на кожата
автор: Сара Роуз Шарп; Многу е кажано за меѓународно познатата перформанс уметница Марина Абрамовиќ: жената, уметникот, брендот. Иако би можело да се каже дека нејзините критички признати соголувања да ги смета за исцрпни ова го занемарува фактот дека ни приближно доволно е кажано за тоа колку неверојатно блескава е нејзината кожа. Како критичар, честопати се прашував себеси: „Зошто таа секогаш изгледа нејасно влажникава?“ Кажете што сакате за Марина Абрамовиќ, но таа е можеби најросниот жив уметник. Сега овој етеричен сјај може да биде ваш, бидејќи тимот Абрамовиќ радосно го најави објавувањето на линијата за нега на кожа Longevity Method („Метод на долговечност“). Тоа е храбар, уметнички потег кој може само да ја зајакне нашата еластичност на лицето, иако ја зацементира репутацијата на Абрамовиќ како „шаман на доцниот капитализам.“ Линијата за нега на кожата е развиена во соработка со Нона Бренер, холистичка исцелителка и практичар на австриско велнес одморалиште, која е родена во Казахстан, каде што ја добила својата медицинска диплома - според видеото на нејзината веб-страница кое не објаснува каде таа ја доби дипломата, надвор од „самото срце на Азија“. Линијата за нега на кожата е продолжение на веќе просперитетната платформа на уметницата за свесност со методот Абрамовиќ, која вклучува картички со упатства што ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот со упатства како „Пиј чаша вода колку што може побавно“. Иако славните личности како Џеј Зи и Лејди Гага се заколнати обожаватели на методот на Абрамовиќ, поверојатно е дека тие исто така имаат корист од уште еден огромен велнес совет, кој е лудо претенциозен - и за кој ќе мора да имате барем малку над просечните примања за да си дозволите ран пристап до Marina Abramović Longevity Method Face Lotion, сега достапен за 199 фунти (~14,283.60 денари). Доколку не можете да си го приуштите лосионот, можете да пробате други аспекти од опусот на Абрамовиќ кои се целосно бесплатни, како на пр.одете на убава долга прошетка или врескање во лицето на вашето момче! „Нашата вистинска долговечност не е во машините, туку во древното знаење“, раскажува Абрамовиќ преку промотивното видео за линијата, со естетика која,од прва, во голема мера не се разликува од ниту едно нејзино видео за ликовна уметност. Рацете покриени со примарна боја се положени една до друга. Абрамовиќ и Бренер смислено зјапаат во камерата. Практично можете да го почувствувате процесот на стареење како се враќа во обратна насока, само од гледање. „Моите рецепти за овие целосно природни производи за благосостојба што ги лансираме се фокусираат на прифаќање на филозофијата на лекување преку природата“, вели Бренер во соопштението за печатот за линијата производи, која вклучува лосион за лице кој делува како средство за чистење, пилинг и навлажнувач во едно - малку чудно, бидејќи тоа се три различни активности. Состојките за оваа чудотворна напивка вклучуваат бел леб и бело вино, кои се озлогласено ефикасни за предизвикување чувство на благосостојба, иако затворените умови би препорачале да ги ставите во вашето лице наместо врз него. Можеби оваа рутина за нега на кожата претставува „лекување преку природата“ на ист начин како што многу животни ги внесуваат своите плаценти по породувањето. Или можеби лечи низ природата на ист начин како што коњското ѓубриво е добро за негување на почвата. Во секој случај, треба да се запрашате, колку сакаме да бидеме росни во 2024 година? Уметникот е присутен и чека да ги земе информациите за вашата кредитна картичка. Сара Роуз Шарп е писателка, активистка и мултимедијална уметница од Детроит. Таа изложуваше во Њујорк, Сиетл, Колумбус и Толедо, ОХ и Детроит - вклучително и во Детроитскиот институт за уметности. Таа првенствено се занимава со искуствата на уметниците и гледачите во создавањето и вклучувањето во уметноста, и спроведува тековно истражување за состојбата на современата уметност во постиндустриските и градовите во повторен развој.
- „Опенхајмер“ и „Кутри суштества“ водат на БАФТА номинациите
„Опенхајмер“(„Oppenheimer“) , филмот на Кристофер Нолан за развојот на атомската бомба, во четвртокот доби најголем број на номинации за овогодишните награди на Британската академија за филмски и телевизиски уметности, познати како BAFTA. Филмот доби 13 номинации за британската верзија на Оскарите, вклучувајќи за најдобар филм, каде што се натпреварува со четири други наслови, вклучувајќи „Убијци на цветната месечина“(„Killers of the Flower Moon“), епскиот филм на Мартин Скорсезе за убиствата на Осаге во 1920-тите, и „Сироти нешта“(„Poor Things“,) сексуално наелектризираната верзија на Јоргос Лантимос на приказната за Франкенштајн, со Ема Стоун во главната улога. „Poor Things“ го следеше „Oppenheimer“ со 11 вкупно номинации. Останатите наслови номинирани за најдобар филм се „Анатомија за еден пад“( „Anatomy of a Fall“), победникот на Палм д’Ор на Жустин Трие за жена обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, и „The Holdovers“, приказната на Александар Пејн за професор во интернат кој мора да се грижи за учениците за време на празниците.Номинациите за „Oppenheimer“ доаѓаат само неколку дена откако филмот освои три од главните награди на овогодишните Златни глобуси, и многумина ќе го видат како дополнително засилување на неговите шанси за овогодишните Оскари; телата за гласање на BAFTA и Оскар се преклопуваат. Номинациите за Оскарите оваа година се закажани да бидат објавени во вторник. Иако „Oppenheimer“ доби најмногу номинации, најпрофилните категории вклучуваа различни филмови. Во категоријата за најдобар режисер, Нолан, Трие и Пејн беа номинирани заедно со Брадли Купер за „Maestro“, неговиот биографски филм за Леонард Бернстајн; Џонатан Глејзер за „The Zone of Interest“, филмот за секојдневниот живот во концентрацискиот логор Аушвиц за време на Холокаустот; и Андрју Хај за „All of Us Strangers“, признатиот британски филм за осамен геј писател. Победниците на овогодишните BAFTA ќе бидат објавени на 18 февруари на церемонија во Royal Festival Hall во Лондон, која ќе биде водена од Дејвид Тенант.
- „Филмски работници за Палестина“ со отворено писмо на Санденс фестивалот
На првиот ден од 40-тото издание на Филмскиот фестивал Санденс, престижниот независен кинематографски настан во Парк Сити, Јута, повеќе од 700 филмаџии, уметници, куратори и други личности од културата објавија новоформирана група за поддршка на Палестина. Во отворено писмо објавено денеска, 18 јануари (пренесено во целост на крајот од овој напис), Филмски работници за Палестина ги повикува присутните и учесниците во Санденс да го привлечат вниманието на тековните напади на Израел врз Газа за време на разговорите, панелите и другите програми во текот на 10-дневниот фестивал. „Како филмаџии и кино работници, кажано ни е дека нашите зборови и слики имаат моќ и дека нашата работа може да помогне да се стави крај на неправдата“, се вели во мисијата, потпишана од режисерите Мајк Ли и Кен Лоуч, Брајан Ино, музичарот, поет и филмски работник Сол Вилијамс, уметникот Скај Хопинка, актерката Сузан Сарандон како и Индија Мур, уметникот Моли. Крапапл, продуцентот Џејмс Шамус и палестинските филмаџии Лариса Сансур, босанскиот режисер Игор Дрљача, меѓу другите. „Повеќе од 100 дена, сликите од израелскиот геноцид во Газа ги преплавија нашите екрани, но тоа не ги спречи континуираните злосторства. Од нападот на Хамас на 7 октомври кој резултираше со убиство на најмалку846 израелски цивили, тековните израелски бомбардирања на Газа загинаа повеќе24.000 Палестинци, од кои најмалку 10.000 биле деца. Обединетите нации известуваат дека се проценува1,7 милиони луѓе во регионот се раселени и дека целосната опсада на Израел на окупираната територија го остави секој човек во Газа без пристап до храна и безбедна вода за пиење. Барем третина од населението гладува.“ Во писмото на филмската група се бара прекин на огнот, крај на израелската 16-годишна блокада за Газа и ослободување на сите палестински затвореници и заложници. Тоа, исто така, ги повикува САД да ја прекинат воената помош за Израел и поставуваат пошироко барање за крај на израелската окупација на Палестина, осудувајќи го „двојниот стандард што претпоставува дека само сојузниците на САД имаат право да се бранат“. „Свесни сме дека еден ден нашата заедница ќе создаде и ќе се залага за филмови кои го документираат овој ужасен геноцид, но многумина молчат сега, додека ние сè уште имаме шанса да спасиме животи“, се вели во писмото. „Нашата индустрија не може да продолжи со бизнисот како и обично“. Прочитајте го писмото на филмските работници за Палестина подолу. Како филмаџии и кино работници, кажано ни е дека нашите зборови и слики имаат моќ и дека нашата работа може да помогне да се стави крај на неправдата. Повеќе од 100 дена, сликите од израелскиот геноцид во Газа ги преплавија нашите екрани, но тоа не ги спречи континуираните злосторства. Како што изјави адвокатот за човекови права Blinne Ní Grálaigh во Меѓународниот суд на правдата, ова е „прв геноцид во историјата каде што неговите жртви го емитуваат сопственото уништување во реално време во очајната, досега залудна надеж дека светот може да направи нешто“. За само три и пол месеци, израелската војска повреди најмалку 61.000 луѓе во Газа и уби повеќе од 24.000 луѓе, од кои најмалку 9.600 се деца, што ја прави оваа една од најсмртоносните агресии во 21 век. Палестинците во Газа моментално немаат начин да побегнат од бомбите кои уништија 70% од нивните домови и немаат пристап до вода, храна, гориво и струја. Шокирани сме од смртта на безброј новинари, поети и други уметници кои беа цел на воздушни напади. Жалиме за оваа загуба на животи, како што жалиме за цивилите убиени на 7-ми октомври од страна на Хамас, и за оние убиени од израелските војници и доселеници на Западниот Брег оттогаш. Се приклучуваме на глобалното движење за солидарност за да бараме итен прекин на огнот во регионот, крај на 16-годишната опсада на Газа и ослободување на сите заложници и палестински затвореници. Ги повторуваме повиците на Палестинците за решавање на основните причини за ова насилство со ставање крај на окупацијата и американското воено финансирање на Израел. Го отфрламе двојниот стандард кој претпоставува дека само сојузниците на САД имаат право да се бранат.Очекуваме нашите заеднички културни простори да ја промовираат безбедноста на филмаџиите, уметниците и поддржувачите кои се залагаат за слободна Палестина. А сепак, од Берлин до Лос Анџелес, нашите колеги беа малтретирани, им се закануваа, доксувани, дисциплинирани, цензурирани и отпуштани затоа што го искажаа своето противење на воената кампања која експертите за човекови права повеќепати ја сметаа за геноцидна. Ја отфрламе забраната на германските културни институции за работниците кои го поддржаа палестинското право на самоопределување, исто како што ги отфрламе напорите за криминализирање на пропалестинскиот говор што стигна до салите на Конгресот на Соединетите држави. Ние ги отфрламе пристрасните известувања од главните медиуми кои ги обезличуваат Палестинците, намерно го занемаруваат клучниот историски контекст и продолжуваат да ги оцрнуваат арапските и муслиманските заедници. Го отфрламе циничното вооружување на обвиненијата за антисемитизам кои се користеа за да се замолчат и осудат оние кои повикуваат на крај на геноцидното насилство и реалноста на апартхејдот. И покрај ова заплашување, ние одбиваме молчење, бидејќи зборувањето е најмалку што можеме да направиме. Ги препознаваме повиците упатени од страна на Палестинскиот филмски институт да бара одговорност од меѓународните филмски фестивали и во овој момент на итност го повторуваме нивниот повик до филмаџиите да ги користат нивните платформи за време на прашања и одговори, разговори и панели за да читаат изјави кои ја нагласуваат палестинската борба. Во простори каде што недостасува безбедност и солидарност, ќе ја создаваме и обезбедуваме. Во нашиот капацитет како филмаџии, актери, куратори, филмски критичари и други работници кои се неопходни за меѓународната филмска индустрија, ние се залагаме за крај на геноцидот, апартхејдот и репресијата и се залагаме за ослободување на сите луѓе. Свесни сме дека еден ден нашата заедница ќе создаде и ќе се залага за филмови кои го документираат овој ужасен геноцид, но сепак многумина молчат сега, додека ние сè уште имаме шанса да спасиме животи. Нашата индустрија не може да продолжи со бизнисот како и обично. Мора да направиме повеќе од гледање; ние мора да дејствуваме со совест и да продолжиме да инсистираме дека животите на Палестинците се еднакви со сите други. Ние нема да бидеме соучесници со никого што постапува поинаку. Список на потписници заклучно со 18 јануари во 11 часот по EST, доставен од филмски работници за Палестина за време на пресот, може да се најде овде. Ажурирана листа со имиња и врска за потпишување може да се најдат на веб-страницата на групата овде.
- RE-IMAGINE: Нова иницијатива за зелена трансформација во изведувачките уметности
Платформата Green Art Incubator го објавува отворениот повик за сите организации, колективи и неформални групи во областа на изведувачките уметности. Програмата RE-IMAGINE Green Art Practices on the Margin е дел од пионерскиот регионален проект со фокус на зелена трансформација на изведувачките уметности во периферни контексти. Во текот на двегодишниот период, RE-IMAGINE ќе работи на редефинирање на улогата на изведувачките уметности како агенти на промени во контекст каде што темата за зелената транзиција сè уште не е доволно присутна во јавноста. Проектот е поддржан од Creative Europe, со конзорциум составен од организации од Србија, Северна Македонија, Унгарија и Бугарија. Главни Потеги на Програмата: Четири петдневни резиденции во секоја земја партнер. Менторска поддршка меѓу резиденциите. Градење на капацитети за зелено производство во изведувачките уметности. Проектот има за цел намалување на јаглеродниот отпечаток и постигнување на производство на нула отпад. Како да Аплицирате: Повикот трае до 10 февруари 2024 година. Аплицирајте со проектна идеја во согласност со принципите на зелено производство. Не е потребно претходно искуство со еко-одржливи практики. На 25 јануари, со почеток во 17 часот, ќе се одржи онлајн информативна сесија за сите заинтересирани апликанти. Дознајте повеќе за проектот и програмата за резиденција на каналите за социјални медиуми на GAI - Facebook и Instagram. За повеќе информации и апликации, пополнете го овој формулар, и посетете линкот тука. Бидете дел од RE-IMAGINE и оставете свој отпечаток во зелените изведувачки уметности!
- Лени Гелева го гледаше ,,На Запад ништо ново”
Еден од најдобрите филмови за вистинските ужаси и бесмисленоста на војната (покрај „Дојди и види“ „Данкирк“ и „Ивановото детство“) „На запад ништо ново“ е третиот обид да се екранизира истоимениот роман од Ерих Марија Ремарк. Претходните два филмови, своевремено, исто така беа многу успешни: верзијата од 1930-та во режија на Луис Мајлстон доби два Оскари. Телевизискот филм од 1979-та од Делберт Ман, доби Златен глобус и Еми награда. Во главната улога е Феликс Камерер, кој брилира во улогата на Пол Бојмер и ова е неговото филмско деби. Саундтракот е нетипична модерна музика компонирана од Хаушка. Пред да го гледаат овој филм, гледачите треба да го имаат на ум предупредувањето на Данте од неговото дело „Пеколот“ напишано на портите на пеколот: „ Вие што влегувате, откажете се од секоја надеж“ затоа што има многу страдање, а нема светлина на крајот на тунелот, ниту среќен крај во овој филм. Авторка: Лени Гелева.
- Елтон Џон го постигна ЕГОТ статусот со неговото Еми - но што подразбира иготството?
Елтон Џон стана 19-тиот човек кој освои EGOT - игрив акроним за освојување Еми, Греми, Оскар и Тони - кога освои Еми во понеделникот вечерта за „Елтон Џон во живо: Збогување од стадионот Доџер“. Наградата беше доделена за категоријата „Извонреден естраден специјал во живо.“ Џон доби Тони за песната „Аида“ (2000) и Оскар за „Can You Feel the Love Tonight" во „Кралот лав“ (1995) и „(I’m Gonna) Love Me Again”“ во „Rocketman“ (2020). Има освоено пет Греми, вклучувајќи ја и за „That’s What Friends Are For“ (1986), со Гледис Најт, Дион Ворвик и Стиви Вондер. Осумнаесет други уметници освоија EGOT, вклучувајќи го и текстописецот на „Frozen“ Роберт Лопез, единствениот човек што го направил тоа двапати. Пред Џон, последното зачленување во ЕГОТ клубот беше актерката Виола Дејвис, која минатата година заработи Греми за аудио книгата од нејзините мемоари. Таа е една од шесте жени со ЕГОТ. Зошто почнавме да зборуваме за ЕГОТ? Многу луѓе претпоставуваат дека потекнува од хитот на NBC „30 Rock“, кој започна да се емитува во 2006 година. Но, се испостави дека терминот датира од 1984 година, кога само тројца луѓе го освоиле EGOT-ството: композиторот Ричард Роџерс и актерките Хелен Хејс и Рита Морено. Всушност Филип Мајкл Томас, партнерот на Дон Џонсон во полициската драма „Пороците на Мајами“ кој е заслужен за името. Достигнувањето претходно беше познато како „гранслем“, термин кој се користи за слични достигнувања во голфот и тенисот. Томас им кажа на новинарите дека негов сон бил да освои Еми за неговата работа на „Miami Vice“, Греми за неговите албуми, Оскар за претстава што сакал да ја адаптира како филм и Тони за некои мјузикли што ги напишал. . Томас, кој подоцна тврдеше дека акронимот ја означува и неговата мантра за кариера - “Energy, Growth, Opportunity and Talent” („Енергија, раст, можност и талент“ )- дури носеше медалјон со изгравиран „EGOT“. Но, тој никогаш не беше номиниран за ниту една од наградите кои сонуваше да ги освои. Како ЕГОТ влезе во популарната лексика? И покрај напорите на Томас, беа потребни неколку децении пред „EGOT“ да стане тоа што е сега. Кога Кеј Канон, писателка и продуцентка на „30 Rock“, одлучи да го вклучи реткиот подвиг во сатирична приказна која започна во 2009 година. дека тие беа една награда подалеку од EGOT-ување“. Во тоа време, дури и некои славни личности од А листата, не знаеја за разликата. Комичарката Вупи Голдберг првпат дозна дека го постигнала статусот ЕГОТ кога гостуваше во една од четирите епизоди на „30 рок“ во кои ликот Трејси Џордан, која ја игра Трејси Морган, го купи медалјонот на Томас и почна да подготвува стратегии за да постигне својот ЕГОТ. („Добра цел за лудо талентиран човек“, вели тој во шоуто.) „Го гледав „30 Rock“ и ми се допадна концептот“, рече Лопез. „Човек навистина никогаш не мисли за себе како кандидат за постигнување на нешто толку смешно, но сфатив дека можеби ќе го направам тоа еден ден“. Лопез ја оствари својата желба во 2014 година, добивајќи Оскар за песната „Let It Go“ од анимираниот хит на Дизни „Frozen“. Композиторот Ендрју Лојд Вебер беше од старата школа. „Не размислував: „Ако го добијам овој Еми, би бил EGOT“, рече Лојд Вебер за постигнувањето на подвигот во 2018 година за „Jesus Christ Superstar Live in Concert“. Текстописецот Тим Рајс и пејачот Џон Леџенд, кој ја толкуваше насловната улога, во исто време го достигнаа статусот ЕГОТ. „Тоа навистина не ми падна на памет“, рече Лојд Вебер. „Сега сум многу посвесен за тоа“. Кој е всушност во клубот ЕГОТ? Ова се 19-те луѓе кои освоија EGOT, заедно со годината и наградата со која го обезбедија достигнувањето: Ричард Роџерс (1962, Еми) Хелен Хејс (1977, Греми) Рита Морено (1977, Еми) Џон Гилгуд (1991, Еми) Одри Хепберн (1994, Греми) Марвин Хамлиш (1995, Еми) Џонатан Туник (1997, Тони) Мел Брукс (2001, Тони) Мајк Николс (2001, Еми) Вупи Голдберг (2002, Тони) Скот Рудин (2012, Греми) Роберт Лопез (2014, Оскар) Џон Леџенд (2018, Еми) Ендрју Лојд Вебер (2018, Еми) Тим Рајс (2018, Еми) Алан Менкен (2020, Еми) Џенифер Хадсон (2022 година, Тони) Виола Дејвис (2023, Греми) Елтон Џон (2024, Еми) Која е најдобрата стратегија за освојување на EGOT? Не е некоја тајна е дека кога сте блиску до EGOT, можно е да го изиграте системот. Лојд Вебер рече дека неодамна бил прашан од колега уметник - некој познат, тој не кажува кој - како да додаде Тони во колекцијата на награди која веќе вклучува Греми и Еми. „Рече: „Па, еден начин на кој можете да го направите тоа е да станете продуцент, да вложите пари во неколку шоуа“, рече тој. „Се чини дека секое шоу има 20 продуценти денеска“. Таа стратегија функционираше за пејачката и актерка Џенифер Хадсон, која постигна EGOT во 2022 година со нејзината Тони победа како продуцент на „A Strange Loop“. Лојд Вебер смета дека добивањето Оскар е најтешко. Греми е најлесно, рече тој, едноставно затоа што има повеќе достапни категории: „Можете да бидете најдобриот бенџо свирач во Латинска Америка“. И ако убедливата победа на Дејвис на Греми - во категоријата најдобра аудио книга, нарација и раскажување приказни - откри нешто, тоа е дека немузичките методи можат да бидат исто толку ефективни. „Направете комичен специјал или прочитајте ја вашата сопствена аудио книга“, рече Кенон. „Напишете книга, раскажете ја и потоа прилагодете ја за на сцена“. Дали има некаква корист доколку го достигнете EGOT? Најверојатно не. Познатиот композитор Алан Менкен веќе има освоено 11 Греми, осум Оскари и еден Тони кога неговите претставници сфатија дека му треба само Еми за да го достигне EGOT. „Да бидам искрен, тоа не беше нешто што навистина беше на мојата листа на желби сè додека не ми го спомнуваа, спомнуваа и зборуваа“, рече тој. „Но, не можете да створите во реалност нешто такво само затоа што сакате“. Така, пред околу шест години, Менкен напиша песна за својата желба да постигне EGOT статус, барајќи помош од писатели на комедии како Џад Апатоу. Идејата беше дека почетокот ќе звучи искрено, а потоа ќе станува се́ повеќе и повеќе очајно. На крајот, тој ја отфрли песната („Верувај ми, не беше добра“) и наместо тоа обезбеди Еми за анимираната серија „Рапунзел заплеткана авантура“.
- Инстаграм цензурира објави за изложба во Њујорк посветена на голотијата
На една галерија во Њујорк, која во моментов прикажува изложба со цел да ја десексуализира концепцијата за голотија, Инстаграм профилот и́ беше избришан поради ... објавување на уметничко дело што прикажува голо тело. Изложбата ,,Голотијата не е радикална!", која ќе биде изложена до 3-ти февруари во галеријата Kravets Wehby во Њујорк, е точно она што вели дека е - презентација на голотијата надвор од сексуализиран контекст. Но, оваа изложба едноставно не може да ги пренебрегне алгоритмите на Инстаграм, кои ја означија како ,,сензитивна" содржината што ја објави галеријата. Директорката на галеријата Емили Салтман, која ја курираше изложбата, сподели дека е родена од нејзиното искуство кога лично ја видела „Олимпија“ (1863) на Едуард Мане за прв пат на изложбата ,,Мане/Дега" во Метрополитен музејот на уметност минатата есен. Осврнувајќи се на тоа како толку многу од првите посетители кои биле скандализирани од презентацијата на нејзината тема, која била направена по модел на сексуална работничка, и со вклучувањето на црна жена во преден план, Солтман рече дека тогаш знаела што треба да направи. И токму „Замката на Венера“, или само дел од неа, ја активираше алгоритамската полиција на Инстаграм. Неколку дена пред приемот за отворањето, Салтман го уреди делото како дизајн за поканата, на начин кој може да се оквалификува како „има г'з“ - и го објави на платформата за социјалните медиуми и веднаш доби известување дека објавата „може да го ограничи досегот [на сметката на галеријата] за оние кои не се следбеници .“ Потоа, кога сопственикот на галеријата Марк Вехби ја сподели истата газлеста покана на неговиот личен профил на Инстаграм, Мета веднаш ја отстрани објавата. Разликата во тоа како Мета ја означи истата картичка за покана објавена на сметката на Инстаграм на галеријата наспроти онаа на сопственикот на галеријата Марк Вехби. Многу од истакнатите уметници, вклучително и самата Рубинштајн и сликарката Асата Мејсон, која ја претставува Вехби, известуваат дека Мета претходно ги избришала нивните објави. Рубинштајн изјави за Hyperallergic дека нејзините претходни дела - детални слики на пениси или машки икони и познати личности кои вршат орален секс на женските гениталии - била многу посексуализирана од „Замката на Венера“, но само привремено отстранета, додека втората веднаш била тргната од нејзината сметка. Мејсон, која вообичаено ја слика својата голотија , вели дека ја отстранува облеката од нејзината работа бидејќи „облеката е многу специфична за одреден временски период“ и е натежната со значења „Луѓето ја доживуваат мојата голотија како инхерентно сексуална, кога таа е неутрална за мене. Таа [голата фигура] не е во кожени ремени со нитни... Има толкава конотација на облеката колку што има и нејзиното отсуството: -ова е, само моето тело и едноставно постои“. ПОВЕЌЕ Застрашувачкиот сјај на голите тела: meta gaze го замени male gaze.. Постерот на новиот филм на Алмодовар премногу контроверзен за ИГ! Meek Mill наиде на сопка! Ова не е првпат Мета (компанијата зад Instagram и Facebook) да ги брише или ограничува постовите на уметниците кои прикажуваат голотија, но оваа ситуација го поставува прашањето за тоа како дигиталните платформи ги третираат уметничките дела и дали нивните политики за содржина можат да бидат применети конзистентно и правично. Активистичката арт група за уметност "Не бриши уметност" (Don't delete art - DDA) го изразува своето незадоволство од овие политики и нивниот главен и одговорен уредник ( и дописник на Хипералерџи) Ема Шапиро препорачува на уметниците да ги регистрираат своите Instagram профили како Професионални/Бизнис профили за да станат подобро информирани за прекршоците на препораките за содржина и можеби да помогнат во контекстуализацијата на своите дела.Додека оваа борба продолжува, уметниците и галериите продолжуваат да се борат за својот простор на интернет, истовремено справувајќи се со деконструкцијата на сексуализираната голотија во своите дела. DDA забележале „еволуција во начинот како сметките се означени како небезбедни, на Мета платформите “ и велат дека препораките на Инстаграм прикажани на сметката на галеријата се „прозорец за тоа како и зошто платформата ја намалува видливоста на содржините“, феномен познат и како „банирање од сенка“. „Иако не можеме да одговориме зошто галерија би била третирана поинаку од профили на поединци за исти слики, тоа е фрустрирачко однесување на ко Мета нема дадено коментар за оваа ситуација.













