Резултати од пребарување
1180 results found with an empty search
- Личните граници и простор се првата линија која го оцртува нашето „јас“ - како да ги штитиме!
Денеска ќе се фокусираме на тема која често не добива доволно внимание - непочитување на границите, како динамика во сите меѓучовекови односи, а посебно од најблиските. За да го разбереме ова, треба да истражиме како тоа влијае на нашите односи, менталното здравје и што можеме да направиме за да ја управуваме ситуацијата која може да биде осетлива тема, посебно кога влогот се чувствата на оние кои ни се најблиски. Границите како важен аспект на меѓусебните односи Секој од нас има потреба од личен простор и граници. Постојат невидливи линии што ги поставуваме околу себе за да го задржиме нашиот интимен простор и да ги одредиме нашите лични правила и потреби. Но, што се случува кога блиските луѓе не ги почитуваат тие граници? Тоа може да предизвика сериозни последици. Научните истражувања покажаа дека непочитувањето на границите може да предизвика страв, стрес и анксиозност. Кога им препуштаме на другите да ги прекршат нашите граници, ние се изложуваме на состојба на вознемиреност и непријатност и може да се чувствуваме нападнати или изгубени. Непочитувањето на границите може да предизвика сериозен стрес, а кога телото е изложено на високо ниво на стрес веќе нашироко е познато дека тоа може да доведе до физички проблеми како напнати мускули, главоболки и зголемен ризик од срцеви заболувања. Кога немате способност да ги браните вашите лични граници, често наидувате на незадоволство и конфликт во меѓучовечките односи. Ова може да ги растури блиските односи и да не́ однесе во ситуација во која се чувствуваме изолирано и осамено. Истражувањата покажуваат и дека непочитувањето на границите често води до конфликти. Луѓето на кои им недостига способност да ги почитуваат туѓите граници честопати се соочуваат со незадоволство и дефанзивност од другите, а тоа пак, до раскинување на блискоста и довербата, и да не́ доведе во ситуација да се чувствуваме уште поизолирани и осамени. Психолошките последици од непочитувањето на границите Психолошките последици од непочитувањето на границите се длабоки и значајни. Еден од најочигледните ефекти е намалувањето на самодовербата. Кога нашите граници постојано се прекршуваат, може да се чувствуваме како да не сме чуени или важни. Ова може да доведе до долгорочни проблеми со самодовербата и самопочитта. Дополнително, непочитувањето на границите може да предизвика стрес и анксиозност. Кога сме изложени на постојан притисок и кршење на нашите граници, се изложуваме на постојан страв од непредвидливост и конфликт. Ова може да доведе до физички и емоционални проблеми. Страв и анксиозност: Кога нашите лични граници постојано се прекршуваат, ние се изложуваме на страв и вознемиреност. Чувството на сигурност и контрола се намалува, а се појавува страв од непредвидливост и потенцијални опасности. Ова може да предизвика хронична анксиозност. Депресија: Непочитувањето на личните граници може да биде поврзано со депресија. Постојаната изложеност на ситуации каде што вашите граници се прекршени може да доведе до губење на интерес и задоволство, едноставно - радоста на животот, кои се карактеристики на депресивните состојби. Самодоверба и самопочит: Честото прекршување на границите ни кажува дека нашите потреби и желби не се важни, а тоа може да доведе до намалување на самодовербата и самопочитта, а истовромено ни кажуваат дека нашите желби не се важни - а со тоа и самите ние. Стрес и физички проблеми: Непочитувањето на границите може да предизвика сериозен стрес. За време на стрес и напнатост, телото е изложено на високо ниво на стрес, што може да доведе до физички проблеми како напнати мускули, главоболки и зголемен ризик од срцеви заболувања. Изолација и осаменост: Луѓето кои не се во можност да ги заштитат своите граници често се чувствуваат изолирано и осамено. Ова може да предизвика тој да се повлече од другите и да ја изгуби поддршката и да се нарушат меѓучовечките односи. Проблеми во меѓучовечките односи: Кога немате способност да ги браните вашите лични граници, често наидувате на незадоволство и конфликт во меѓучовечките односи. Ова може да ги растури блиските односи и да ги остави да се чувствуваме изолирано и осамено. Заштита на личниот простор и граници Сега кога ги знаеме за последиците од непочитувањето на границите, како можеме да ги заштитиме? Прво и основно, треба да им ги објасниме нашите граници на луѓето блиски до нас. Соопштувањето на нашите потреби и очекувања може да помогне да се избегнат конфликти и недоразбирања. Поставувањето и одржувањето на личните граници е од суштинско значење за заштита на нашето ментално здравје и интимен простор. Исто така, важно е да се биде доследен во почитувањето на тие граници на другите. Ако не сакаме другите да ги прекршуваат нашите граници, ние мора да ги почитуваме нивните. Ова ќе создаде меѓусебно воведување и способност за живеење во хармонија. Прво и основно, треба да им ги објасниме нашите граници на луѓето блиски до нас. Соопштувањето на нашите потреби и очекувања може да помогне да се избегнат конфликти и недоразбирања. Исто така, важно е да се биде доследен во почитувањето на тие граници на другите. Ако не сакаме другите да ги прекршуваат нашите граници, ние мора да ги почитуваме нивните. Ова ќе создаде меѓусебно почитување и способност за живеење во хармонија. Комуницирајте јасно и конкретно: Кога некој ги прекршува вашите граници, најважно е јасно и конкретно да комуницирате за тоа како се чувствувате и зошто одредена постапка или однесување не е во ред со вас. Изразете ги вашите потреби и очекувања на разбирлив начин. Користете неконфронтирачки јазик: Обидете се да користите неконфронтирачки јазик и тон на гласот. Не треба да постапувате конфронтирачки со другата личност. Изразете го вашето мислење и поставете граници на начин што ќе оставите и двете страни да се чувствуваат почитувани. Бидете доследни: ако некој постојано ги прекршува вашите граници, бидете доследни во одбраната. Не попуштајте под притисок или влијание. Доследноста во процесот ќе ја научи другата личност дека сте сериозни во врска на она што го кажувате. Избегнувајте навреди или обвинувања: Важно е да избегнувате наметнување на вина и обвинувања кога ги поставувате вашите граници. Ако е можно, искажете го вашиот став и потреби без да го напаѓате другиот. Нека чувствуваат дека барате решение, а не конфронтација. Понудете алтернативни решенија: Во некои ситуации, може да биде корисно да се понудат алтернативни решенија или начини за задоволување на потребите на двете страни. Ова може да помогне во изнаоѓање компромис и подобро решение. Избегнувајте наметнување на грижа на совест: Важно е да научите да ги препознаете наметнувањето на грижа на совест и емотивни уцени и манипулации кога некој се обидува да ги помести вашите граници. Не давајте објаснувања за поставување на вашите граници и не попуштајте под притисокот. Побарајте поддршка: Не плашете се да побарате поддршка од други блиски луѓе или професионалци ако имате потешкотии да ги поставите и одржувате границите кои ве чуваат. Психотерапевти и советници за односи можат да ви помогнат во оваа област. Користете техники за самопомош: Техниките за самопомош како што се медитација и дишење може да ви помогнат да се смирите и да ги одбраните вашите граници во тешки ситуации. Како заклучок, заштитата на вашите лични граници е важен аспект за одржување на здрави односи и добро ментално здравје. Научете како да комуницирате јасно, бидете доследни и избегнувајте конфронтација и бидете подготвени да ги заштитите вашите граници кога е потребно. Одржувањето рамнотежа помеѓу почитувањето на туѓите граници и одбраната на сопствените е клучот за создавање здрави и хармонични односи. илустрации: Сонливо млеко;
- Зошто Израел се однесува на овој начин?
од Томас Л. Фридман; Со оглед на тоа што Блискиот исток е на работ на целосна копнена војна, во петокот наутро размислував за тоа како последните две големи војни на Израел имаат две многу важни заеднички работи: и двете беа започнати од недржавни актери поддржани од Иран - Хезболах од Либан во 2006 година, и Хамас од Газа сега - после повлекувањето на Израел од нивните територии. Обете започнаа со дрски напади на граничните премини - Хезболах уби тројца и киднапираше двајца израелски војници во 2006 година, додека Хамас покрај војниците брутално уби повеќе од 1.300 и киднапираше околу 150 израелски цивили, вклучително и постари луѓе, бебиња и мали деца. Таа сличност не е случајна. И двата напади беа дизајнирани да ги оспорат новите трендови во арапскиот свет, кој почна да го прифаќа постоењето на Израел во регионот. И што е најкритично, резултатот од овие изненадувачки, смртоносни напади преку релативно стабилните граници беше тоа што тие го излудеа Израел. Во 2006 година, Израел во суштина му одговори на Хезболах: „Мислите дека можете едноставно да правите луди работи како киднапирање на нашите луѓе и ние ќе го третираме ова како мал спор околу границите?! Можеби изгледаме како да сме од Западот, но модерната еврејска држава преживеа како „вила во џунглата“ - по описот на поранешниот израелски премиер Ехуд Барак - „затоа што ако дојде ножот до коска, ние сме подготвени да играме по локалните правила. Немајте илузии за тоа. Нема да можете да бидете полуди од нас за да не́ избркате од маалото“. И така израелските воздухопловни сили немилосрдно удрија по домовите и канцелариите на раководството на Хезболах во јужните предградија на Бејрут во текот на 34 дена колку што траеше војната, како и клучните мостови во и надвор од градот и меѓународниот аеродром во Бејрут. Водачите на Хезболах и нивните семејства и соседи платија многу лична цена. Одговорот на Израел беше толку жесток што лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, рече во сега фамозното интервју на 27 август 2006 година, со либанската Нова ТВ станица, набргу по завршувањето на војната: „Не мислевме, дури ни 1 процент, дека фаќањето [на двајца израелски војници] ќе доведе до војна во овој момент и со овие размери. Ме прашувате, да знаев на 11 јули ... дека операцијата ќе доведе до таква војна, дали ќе постапев на ист начин? Велам - не, апсолутно не“. И навистина, од 2006 година, границата меѓу Израел и Либан беше релативно стабилна и тивка, со малку жртви на двете страни. И додека Израел беше погоден во однос на неговиот глобален имиџ поради масакрот што го нанесе во Бејрут, тој не беше ни приближно толку изолиран во светот или на Блискиот Исток на краток или долг рок, на што се надеваше Хезболах. Хамас сигурно ја пропуштиле таа лекција кога реши да го наруши статус квото околу Газа со сеопфатен напад врз Израел минатиот викенд. Ова е и покрај фактот што во текот на изминатите неколку години, Израел и Хамас развија некој вид на соживот околу Газа што им овозможи на илјадници жители на Газа да доаѓаат во Израел секојдневно за работа, ја полнеше касата на Хамас со парична помош од Катар и им даде на жителите можност да работат со Израел, при што стоките од Газа се извезуваат преку израелските поморски пристаништа и аеродроми. Наведените причини на Хамас за оваа војна се дека владата на Бенјамин Нетанјаху ги провоцира Палестинците со утринските прошетки што израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, ги правеше околу џамијата Ал Акса во Ерусалим и со чекорите што тој ги преземаше за да ги направи условите на затвораниците Палестинци потешки. Иако овие потези на Израел беа нашироко гледани како провокации, тие едвај го оправдуваат Хамас да ги стави сите свои влогови на маса како што тоа го направи минатата сабота. Поголемата причина поради која дејствуваше сега, а која Хамас нема да ја признае, е тоа што виде како Израел е повеќе прифатен од арапскиот свет, а наскоро можеби и од родното место на исламот, Саудиска Арабија. Иран беше приклештен од блискоисточната дипломатија на претседателот Бајден, а Палестинците стравуваа дека ќе останат заборавени. Така, Хамас во суштина рече: „Во ред, Евреи, одиме таму каде што никогаш претходно не сме биле. Ќе започнеме сеопфатен напад од Газа кој нема да запре со војници, туку ќе ги убие вашите баби и дедовци и ќе ги заколат вашите бебиња. Знаеме дека е лудост, но ние сме подготвени да ризикуваме за да ве испровоцираме да станете полуди од нас, со надеж дека пожарите ќе ја согорат целата арапско-израелска нормализација во процесот“. Да, ако мислите дека Израел сега е луд, тоа е затоа што Хамас го удри со тупаница по лицето, го понижи, а потоа му го избоде едното око. Така, сега Израел верува дека мора да го врати своето одвраќање со тоа што ќе докаже дека може да го над-луди најновото лудило на Хамас. Израел ќе ги применува правилата на Хама - термин измислен пред години да се опише стратегијата што ја примени во 1982 година сирискиот претседател Хафез ал-Асад, кога политичките предци на Хамас, Муслиманското братство од Сирија, се обидоа да го соборат секуларниот режим на Асад со започнување на бунт во градот Хама. Асад со денови немилосрдно ги напаѓаше населбите во кои беше Братството во Хама, не пуштајќи никого да излезе, и внесе булдожери и го израмни како паркинг, убивајќи околу 20.000 свои луѓе во тој процес. Отидов по тие урнатини неколку недели подоцна. Еден арапски водач што го познавам ми кажа приватно како, потоа, кога го прашаа Асад за тоа, тој лаконски ги крена рамениците: „Луѓето живеат. Луѓето умираат“. Добредојдовте на Блискиот Исток. Ова не е како граничен спор меѓу Норвешка и Шведска или жестока дебата во Харвард Јард. Господи, колку би сакал да беше, но не е. Оваа војна, Израел-Хамас, е дел од еволуирачката ескалација на лудоста што е во тек во ова соседство, но секоја година станува се́ поопасна бидејќи оружјето станува се́ поголемо, поевтино и посмртоносно. Како Бајден, јас стојам 100 отсто со Израел против Хамас, бидејќи Израел е сојузник кој споделува многу вредности со Америка, додека Хамас и Иран се противат на она за што се залага Америка. Таа математика ми е прилично едноставна. Но, она што ја прави оваа војна различна за мене од која било војна досега е внатрешната политика на Израел. Во изминатите девет месеци, група израелски крајнодесничарски и ултраортодоксни политичари предводени од Нетанјаху се обидоа да ја киднапираат израелската демократија на очиглед на јавноста. Религиозно-националистичко-доселеничката десница, предводена од премиерот, се обиде да го преземе израелското правосудство и другите клучни институции со елиминирање на моќта на израелскиот Врховен суд да врши судска ревизија. Тој обид отвори повеќекратни фрактури низ израелското општество. Израел непромислено беше доведен од неговото раководство, на работ на граѓанска војна поради идеолошко бегство во фантазијата. Овие фрактури беа согледани од Иран, Хамас и Хезболах и можеби ја поттикнаа нивната смелост. Ако сакате малку да ги почувствувате тие фрактури - и вулканскиот гнев кон Нетанјаху за начинот на кој ја подели земјата пред оваа војна - погледнете го видеото што стана вирално во Израел пред два дена кога Идит Силман, министерка на Ликуд партијата на Нетанјаху, беше исфрлена од болницата Асаф Харофех во Црифин кога отиде да посети повредени жртви. „Ја уништивте оваа земја. Бегај одовде“, ѝ викнал израелски лекар. „Како не ви е срам да водите нова војна?„“ ѝ рекол друг човек. „Сега е наш ред“, се слуша како докторот вреска на видео објавено на X, порано познат како Твитер, а објавено од The Forward. „Ние сме на власт. Ќе владееме овде - десно, лево, обединета нација - без вас. Уништивте сè!“ Израел претрпе неверојатен удар и сега е втурнат во морално невозможна војна за да го над-луди Хамас и истовремено да ги одврати Иран и Хезболах. Липам за ужасната смрт што сега ги чека толку многу добри Израелци и Палестинци. И, исто така, длабоко сум загрижен за израелскиот воен план. Едно е да се одврати Хезболах и одвраќање на Хамас. А нешто сосема друго да се замени Хамас и зад себе да остави нешто постабилно и попристојно. Но, што да се прави? Конечно, сепак, како што стојам денес со новата израелска влада на единство во нејзината борба против Хамас за да го спаси телото на Израел, ќе стојам и по оваа војна со бранителите на демократијата на Израел против оние кои се обидоа да ја киднапираат душата на Израел. Томас Л. Фридман (Thomas L. Friedman) е колумнист за надворешни работи во сегментот Opinion. Тој се приклучи на The New York Times во 1981 година, и има освоено три Пулицерови награди. Автор е на седум книги, меѓу кои и „Од Бејрут до Ерусалим“, која ја доби Националната награда за книга.. @tomfriedman Facebook
- Гледаме независни филмови: Маклабас на Александар Станковски
Минатиот четврток, 12-ти октомври, се отвори „NOMEN EST OMEN“ на Колективот ЗЕРО, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија (и ќе трае до 29-ти) . Тоа го протолкувавме како повик да се потсетиме на Маклабас. „NOMEN EST OMEN“ на Колектив ЗЕРО, која ќе биде отворена на 12 октомври 2023 (четврток), со почеток во 20 часот, во мултимедијалниот центар Мала станица, на Националната галерија. Се сеќавате на 1998 година? Сте биле воопшто родени? Тоа беше време на создавање и истражување во сосема нова атмосфера, време кога македонската кинематографија беше во нова пост-југословенска ера. Филмот наречен Маклабас, во режија на Александар Станковски, го отсликува тоа лиминално време, комплицирано, мачно, неизвесно, но засладено со носталгијата сите тие реалности се само опашки кои се влечат како поговор. „Маклабас“ е продуциран со многу љубов, ентузијазам и посветеност, и сниман во период од речиси четири години. Со основна видео опрема, S-VHS камера и практично без финансиски средства. Првичната идеја била правење документарен филм од 15 минути, која била развиена во заедништво, идеја која собра значителен број познати лица од скопското уметничко подземје, кои ја обликуваа бајката во филмски израз. А со помош на Министерството за култура „Маклабас“ стигна до публиката во кино. Александар Станковски, кој е искусен сликар, но и стрипаџија, се опроба со перформанси, радио-драми па неизбежно беше да го видиме и во филмот. Сценариото за „Маклабас“ е дело на самиот Станковски и внесува нов здив во светот на македонскиот филм: Кога низа мистериозни убиства ќе го упатат вистинскиот агент Ансаров, започнува дива истрага. Жртвите се агенти на различни странски разузнавачки служби, но ова е само првиот дел од сложувалката. Што ги обединува овие луѓе? Ансаров преку своите врски и контакти открива дека сите овие убиства се поврзани со мистериозниот минерал познат како „Зелениот дијамант“. Овој минерал не само што е редок, туку и произведува лек кој ги менува моќите на неговите корисници. Но, дали е ова само обична дрога? Во исто време, елитните научници го истражуваат Зелениот дијамант и откриваат дека тој можеби е порта за димензиите на антиматеријата што хибернираат. Се исцртува нова граница на знаење и можности кои за многумина се невозможни. Ансаров најпрвин се соочува со мистеријата на убиствата и навредите за да ги разоткрие, но набрзо се заплеткува во опасна игра на моќ, пари и тајни научни истражувања. Сепак, зелениот дијамант не е обичен камен. Тој е свесен за своето постоење, а сепак поседува нешто што наликува на самосвест. Ансаров одеднаш се наоѓа во немилосрдна војна помеѓу мултинационалните корпорации кои сакаат да го контролираат и научниците кои се обидуваат да го разберат. Секој обид да се донесе одлука завршува трагично, а поради нешто што никој не го очекуваше – средбата со Маклабас. Овој примитивен, исконски шумски човек стои како заштитник на минералот и природата. Тој не дозволува негова експлоатација и го смета за сквернавење на недопрената невиност на природата. Ќе успее ли Ансаров да ја разоткрие нишката на мистеријата и да го спаси Зелениот дијамант од рацете на суровите корпорации? Или можеби, ќе сфати дека некои тајни мора да останат скриени во темнината на природата? Од урбаните средини и политичките интриги, филмот се сели во планините на Маусдонија, каде што Доброто и Маклабас ( Даскалов) држат стража. Природата се јавува како заштитник на трпеливите, и ги одбива силните зла. „Маклабас“ ја завршува својата задача и заминува во светот на цивилизацијата. Сценариото и дијалозите се прилагодени на наративот на филмот и се потпираат на идеите на андерграунд културата. Главните улоги ги толкуваат познати личности од македонската ликовна сцена, а во улогата на инспекторот Ансаров е Мирче Доневски. Ова е собир на млади интелектуалци кои се обидуваат да го искажат својот став кон светот. Во интервју за магазинот Град во 1998-та година Станковски ја појасни вклученоста на андерграунд сцената и користењето на нивниот жаргон: „А останатите се изреки на луѓе кои се чудесни мудреци на андерграундот во Скопје, како веќе споменатиот Христо Поп Дучев, па познатиот Марсовец од Маџар маало, Владо Манчевски, или на еден од најголемите познавачи на СФ идеологијата, Башким Адеми, или изреката на фамозниот Јово Брамс, или Бравс Роговски, „Дрогирајте се за да бидете хај, а не даун!“ Тие поговорки се исчилени од ова милје и ставени се во контекст на приказната како најавувачи, поткрепувачи и иронизатори. Тие во однос на приказната доаѓаат како контрапункт или иронија или сарказам. Тоа филмот го прави постмодерен, а не модерен, зашто ние сме свесни дека тоа е заебанција. Ние не веруваме во тоа како Бретон и компанија. Па дури и тие најверојатно се заебавале кога велеле дека најчист надреалистички чин е кога ќе излезеш надвор и ќе пукаш со пиштол на сите страни.“ Режија: Станковски Александар - Ацо Сценарио: Станковски Александар - Ацо Директор на фотографија: Галевски Влатко Сниматели: Јанковиќ Александар - Фриц, Ферро Бранд, Хоџа Нехру Монтажа: Живоиновиќ Војо Продуцент: Галевски Влатко Главни улоги: Даскалов Илија, Доневски Мирче, Панов Митко Тон: Зафировски Братислав - Брацо
- Нетанјаху ја губи војната дома
од Нога Тарнополски Писокот на сирената за воздушен напад ја проби тишината која беше натежната над гробницата на Јинон Шај, 21-годишниот војник во Тел Авив, убиен борејќи се со Хамас за време на неговата крвава инвазија. Откако застана, за да го проследи прекинот, неговиот брат Офир беше непоштедлив: „Група имбецили ја водат земјата во која живееме, земјата во која мојот сакан помал брат беше убиен заштитувајќи ја татковината која нè заборави - не затоа што тоа беше неизбежно, туку затоа што оваа срамна влада е вмешана во сè во што не треба да биде вмешана. Мојот сакан брат беше убиен од терористи исполнети со омраза, но оние кои срамно им ја отворија вратата е израелската влада, од министерот за национална безбедност и неговите пријатели месијани - кловнови кои се зафатени со креирање насилни, идиотски слогани - до премиерот. кој прави се́ што е во негова моќ да ја дезинтегрира државата Израел“. Шеј зборуваше за Премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата екстремно десничарска влада и за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, расистички провокатор кренат на висока функција заедно со уште неколку екстремисти за да состават влада по последните избори. Таа влада се соочува со растечки хор на критики од сите агли на израелското општество по ненадејниот напад на Хамас со војската фатена на препад, на која и́ беа потребни многу часови за да стигне до градовите во кои терористите масакрираа над 1.200 луѓе. „Вие“, продолжи Шеј, „ги изневеривте војниците на израелските одбранбени сили. Ги изневеривте жителите на границата со Газа. Ја предадовте државата Израел. Ти го предаде мојот сакан брат. Очекувам сите вие да преземете одговорност и веднаш да поднесете оставка на крајот на војната“. Уште една сирена прекина пред да заврши. „Нема да заборавам и нема да простам. Ветувам дека ќе те прогонувам до крајот на времето“. Околу половина метар зад него стоеше министерот за економија Нир Баркат - кој се надева дека еден ден ќе го замени Нетанјаху како челник на Партијата Ликуд - неподвижен, загадочен како сфинга. Подоцна истиот ден, тој ја посети болницата Тел ХаШомер во Тел Авив, каде што се сретна со Ширел Хогег кој посетуваше ранет роднина. Тројца од роднините на Хогег се исчезнати или мртви. „Подобро да се научите да прифаќате критики“, му довикна на Баркат, мавтајќи му со прстот во лицето. „Затоа што ја растуривте оваа земја! Вие како бизнисмен знаете што се случува кога ќе ја демонтирате корпоративната структура на една компанија! Ја уништивте институционалната структура на оваа земја!“ Откако Нетанјаху се врати на власт пред десет месеци, Баркат, еден од првите милијардери во областа на технологијата во Израел и најбогатиот човек во политиката, е лојален војник на „судските реформи“ на Нетанјаху, кои практично ќе ги кастрираат судовите во земјата. Израел беше во кревка форма пред избувнувањето на војната, облеана со немилосрдните масовни протести заради обидот за државен удар на Нетанјаху против владеењето на правото. „Ја распаднавте оваа земја. Сега“, загрме Хогег, „Сакам да те слушнам како преземаш одговорност. Сакам да видам како ја раскинуваш кошулата и молиш прошка од 2.000 луѓе. Десет проценти од сите воени загуби на Израел беа заклани на под ваш надзор“. Баркат: „Ќе зборуваме после војната“. Хогег: „Зошто после војната?!" Баркат: „Затоа што во моментов сум окупиран со најважното: да дојдам да те погледнам во очи“. Хогег: „И можеби да побараш прошка?“ Баркат: „Секако да побарам прошка“. Хогег: „Каде е премиерот на Израел? Сите требате да застане во ред како вие за да се фотографира и да побарате прошка од израелскиот народ, да паднете на колена, да ја раскинете кошулата“. Баркат: „Не се сомневам дека сите ќе мора да бараме прошка, сите без исклучок -“ „И поднесете оставка“, рика друг човек во болничкиот коридор. Рејтингот на премиерот се движеше на околу 27 проценти пред крвопролевањето. Очигледно свесен дека нема јавен легитимитет да го води Израел во војна, Нетанјаху доцна во средата навечер формираше итен воен кабинет со Бени Ганц, поранешен началник на Генералштабот на Израелските одбранбени сили, кој ја предводи опозициската партија од десниот центар. Освен видео клипот објавен на социјалните мрежи, Нетанјаху чекаше 70 часа пред да и се обрати на нацијата. Два дена подоцна, водител на Канал 12 упорно го прашуваше Јоси Шели, генерален директор на канцеларијата на Нетанјаху, „Каде се сите министри?“ Шели ги одвратуваше прашањата, првично изгледаше како да ги обвинува жртвите на еден од најголемите масакри - посетителите на музичкиот фестивал во пустината, за неуспехот на владата да одговори на јавниот гнев. „Партијата даде несуштински придонес во хаосот“, рече Шели. Потоа го спореди идентификувањето и пребројувањето на жртвите и заложниците со „стоењето во ред во супермаркет. Не е важно колку касиерки има - понекогаш е невозможно да се справиш со сите“. Можеби најразбесната група во Израел се семејствата на стотици луѓе за кои се верува дека се заробени од Хамас во Појасот Газа. Владата рече дека нема да ги земе предвид заложниците за тоа како ќе ја води војната против Хамас во отсуство на конкретни информации за тоа каде точно се држат заробениците.Семејствата на американските и француските заложници со двојно државјанство имаат толку мала доверба во владата на Израел што ги молеа Џо Бајден и Емануел Макрон да ги спасат нивните најблиски. Во вторникот три семејства одржаа прес-конференции на кои го предупредија Нетанјаху. „Ако не го добиеме потребното внимание“, рече Ури Дејвид, чии ќерки,Таир и Одаја, се водат за исчезнати, „оваа земја ќе трепери“. Кабинетот на Нетанјаху, исто така, одлучи да ги ослободи министрите од нивната обврска да присуствуваат на воени погреби за време на војна. Јоси Фукс, секретарот на кабинетот со американско потекло, издаде лаконска изјава објаснувајќи дека, „за жал, има стотици погреби. Го приспособивме протоколот за испраќање министри да ја претставуваат владата на погребите на безбедносните сили, давајќи им приоритет на потребите за време на војна“. Одлуката беше осудена дури и од израелксиот Хајом, таблоидот што го основа покојниот казино магнат Шелдон Аделсон за да ја поправи репутацијата на Нетанјаху. Многу сојузници на Нетанјаху веруваат дека политички тој е мртов човек. Амит Сегал, новинар кој се смета за многу близок до премиерот, на радио панел рече дека „тешко е да се види како може да го преживее ова“. Алон Пинкас, поранешен израелски генерален конзул во Њујорк и советник на неколку премиери - но никако обожавател на Нетанјаху - предвиде дека протестите ќе се вратат и „ќе се изменат во негово соборување за оваа војна“. „Биби е отсутен“, рече професорот по политички науки Гидеон Рахат од Хебрејскиот универзитет, користејќи го прекарот на Нетанјаху. „Што воопшто направи Биби? Слушајте ги неговите зборови - тој вели: „Го наредив тоа и тоа.“ Тоа е целата приказна; седат таму и издаваат наредби. Нетанјаху е целосно надвор од контакт со реалноста. Нема поим каде живее. Тој не е свесен за големината на овој момент“. „Ова се случува кога имате популистичка влада која ја напаѓа државата“, продолжи Рахат, „ги напаѓа нејзините институции. Како може една држава да функционира кога ги напаѓате сите професионалци? Она што го гледате во Израел - она што треба да го види секој гласач на земјата - е резултатот“. Историјата на Нетанјаху за бегство од она што претходно изгледаше како политичка смрт, му го донесе прекарот „волшебник“. Сепак, ударите продолжуваат да доаѓаат. Поблиску до Нетанјаху, министерот за образование Јоав Киш во четвртокот рече дека „ние сме одговорни за ситуацијата. Се фокусиравме на глупости“. Опозицискиот лидер Јаир Лапид, кој одби да се приклучи на воениот кабинет за вонредни состојби се додека Нетанјаху ги држи своите екстремистички министри, ја обвини владата за „непростлив неуспех“ и рече дека „оној што го предизвика овој неуспех не може да го поправи“. На 20 септември, Лапид, кој е вклучен во брифинзите за строго доверливи разузнавачки информации, во видео порака предупреди дека има причина да верува дека Израел е ранлив на повеќе фронтови напад како резултат на „недостатокот на координација на владата со безбедносните агенции“. Кабинетот на премиерот го објави својот четврти демант за отфрлање на такво претходно предупредување. Нетанјаху беше ажуриран само откако„избувнаа нападите, а не порано“. Како што војната влезе во својот шести ден во четвртокот, министерката за транспорт Мири Регев ги посети ранетите во истата болница во Тел Авив што ги посети нејзиниот колега. Регев неодамна се врати од Мексико, каде што беше на одмор кога Хамас нападна - што доведе до обвинувања дека нејзиното отсуство придонесе за повеќечасовното одложување на резервистите на првите борбени линии додека Хамас беснееше слободно. Членовите на семејството на ранетите се собрале околу нејзиниот автомобил додека таа заминувала. Едната, која изгледаше дека е на работ на колапс, фрли шолја кафе кон нејзиниот автомобил додека се оддалечуваше, викајќи: „Кучко! Курво!“
- Битката за потеклото на техното
Кога минатата година се отворија вратите на Музејот на модерна електронска музика (ММЕМ) ( Museum of Modern Electronic Music (ММЕМ) ) на плоштадот Хауптваше во Франкфурт, се чинеше дека клупската музика конечно си го добива заслуженото. ММЕМ беше прогласен за прв музеј во светот кој го слави техното, конечно давајќи му на жанрот официјален дом во Германија, земјата каде што пулсирачкиот унц унц ритам ја најде својата земја под нозете на глобалната музичка сцена. „Има музеи за многу други видови музика“, вели Алекс Азари, техно пионер и директорот на ММЕМ во видео,направено од Германскиот музички центар и објавено набргу откако Азари обезбеди место за себе во музејот. „Но, нема ништо слично за полето на електронската музика, техно, хаус, клупската култура“. Тоа тврдење беше вест за основачите на Underground Resistance, музичката етикета со седиште во Детроит зад техно музејот познат како Exhibit 3000. Сместен на Големиот булевар во Детроит, скромниот простор е отворен од 2002 година; во сопственост на техно пионерот Мајк (Мед) Бенкс ( Mike (Mad) Banks ) и е управуван од Бенкс и диџејот и продуцентот Џон Колинс (John Collins). Соработниците, кои сега се во своите педесетти и шеесетти години, го отворија музејот за да не се изгуби или избрише приказната за потеклото на техното од Детроит како што растеше популарноста на жанрот. Ситуацијата ескалираше кога Питер Фелдман ( Peter Feldmann) , тогашниот градоначалник на Франкфурт, испрати покана за забава на отворањето на ММЕМ која гласеше „среде Франкфурт, од каде што техното потекнува“. Акумулираните игнорирања предизвикаа пожар во жестоко заштитничката техно заедница: female:pressure, глобален конзорциум од жени, небинарни и транс електронски музички уметници,напиша отворено писмо осудувајќи го она што тие го гледаа како патријархално избледување на жанрот создаден од квир и уметници кои не се бели. „Доколку тврдењето е чиста маркетиншка мерка“, се вели во писмото, „недозволиво ги искористува културите на луѓето со истории на миграции и угнетување со маргинализирање на нивните достигнувања“. За членовите на Underground Resistance, ММЕН исто така претставуваше и нешто друго: континуирано запоставување на техното - и Детроит - во САД. Музејот во Франкфурт беше резултат на долгогодишното лобирање од некои од најзначајните германски диџеи и музичари. Азари можеше да добие заем од петстотини илјади евра и бесплатен закуп за просторот од градот Франкфурт, сигнал дека германската држава ја ставила својата тежина зад индустријата за ноќен живот која е витален дел од туристичка економија. Државната поддршка за уметноста не изгледа сосема исто на онаа страна на Атлантикот. Буџетот за Националната фондација за уметност всушност порасна од 2016 година за речиси шеесет милиони долари, на двесте и седум милиони долари во 2023 година, но таа бројка е помала од буџетот на германското Министерство за култура од 2,3 милијарди евра. Германија, исто така, обезбеди милиони евра директна поддршка за уметниците кои беа погодени од пандемијата. Анемичното финансирање на уметноста во Америка значи дека институциите што го споменуваат културниот извоз на земјата изгледаат како макети. На џез-музејот во Њу Орлеанс му беа потребни 61 година да добие федерален грант, и, со сите извинувања до Националниот џез музеј, но неговиот скромен дом во Харлем не одговара баш со влијанието на жанрот. Музејот Мотаун - кој се наоѓа на само една милја од Exhibit 3000, во Детроит - е двоспратната поранешна куќа на Бери Горди (Berry Gordy) и оригиналното студио, симпатичен помен на скромните почетоци на хитмејкерот, но тешко дека е катедралата што би ја очекувале од еден од епохалните културни мотори на Америка. (Во тек е надградба од педесет и пет милиони долари, финансирана од донации и приватни грантови.) Долгоочекуваниот хип-хоп музеј во Бронкс треба да ги отвори вратите во 2024 година, повеќе од педесет години откако жанрот започна. Наместо да чекаат бенефактор или расправија за финансирање од Градското собрание, момците од Underground Resistance ја претворија зградата во која е сместено нивното студио во рудиментиран музеј. „Го започнавме Exhibit 3000 за да ја раскажеме точната историја на техното и затоа што не сакавме да бидеме испишани од нејзе“, ми рече Колинс. „Знаеме дека Детроит е прв“. И покрај сета своја привидна едноставност, техното е жанр со комплицирана историја што може да мутира и да се менува во зависност од тоа со кого разговарате. Повеќето луѓе се согласуваат дека Детроит е лулка на она што денес го знаеме како техно: four-on-the-floor ритам управуван од ударен тапан на четвртините ноти и снер или хај-хет на втората, четвртата или осмата нота. Жанрот е бескрајно променлив поради тој шаблон, како што е модифицирана лентата за склопување на автомобили за да одговара на новите модели и вкусови. Иако може да биде тешко да се слушне, звукот на техното еволуирал од блескавите рифови на диското и виртуозните басови и клавијатури кои се свират во фанкoт.„Hot Stuff” на Дона Самер користи four-on-the-floor ; истото е случај и со „Stayin’ Alive“ на Bee Gees и „Le Freak“ на Chic. Но, не е баш случајот да диџеите од Детроит преминаа директно од танцување под диско топки до програмирање механизирани ритам во еден еволутивен скок. Сврзното ткиво дојде како поклон од Frankie Knuckles од Чикаго, кој во раните 1980-ти, почна да го разглобува диското за да состави нов звук на битови кои се во луп и пулсирачки бас. Музиката беше толкав хит во геј-клубот во Чикаго наречен Warehouse - каде што Knuckles беше домашен диџеј - што луѓето почнаа да ја нарекуваат „хаус (домашна) музика“. Наклс изјави дека делумно бил под влијание на озлогласената Disco Demolition Night, која се одржала во паркот Комиски во Чикаго, во 1979 година, каде илјадници диско плочи биле уништени во оган. Целата работа беше трик промовиран од радио диџејот од Чикаго, Стив Дал - во главите на рок пуристите како Дал, дискотеката беше премногу геј и премногу црна. Наклс и неговите соработници со радост се стрчаа кон тие критики. Хаус музиката брзо се прошири на исток од Чикаго до Детроит. Градовите ги делат само неколку стотици милји, а младите патуваа горе-доле да се забавуваат и да ги посетуваат клубските вечери, собирајќи D.I.Y. микстејпи како звучни сувенири. Темпото не се промени многу помеѓу хаусот и диското - песната „Can You Feel It?“ од 1986 година од влијателниот хаус диџеj Mr. Fingers, ги има скоро истите отчукувања во минута како „Le Freak“ - но сцената во Чикаго создаде нешто екстатично со поставување на повторливи рифови и вокали над битовите на Роланд ритам машината. Тројца клинци од Мичиген по име Хуан Аткинс (Juan Atkins), Дерик Меј ( Derrick May) и Кевин Сандерсон (Kevin Saunderson) ја слушнаа иднината на музиката дома. Тројцата се сметаат како кумови на техното и нагалено се нарекуваат Belleville Three (Белвилската тројка), именувани по градот крај езерото каде што оделе во средно училиште. (Нивниот пријател и соработник Еди Фолкс ( Eddie Fowlkes) , роден во Детроит, кој исто така беше многу влијателен во развојот на техното,понекогаш се нарекува Четвртиот Белвил.) Тие беа под силно влијание на радио стајлинзите во слободна форма на на диџејот од Детроит наречен Electrifying Mojo, кој вртеше сè од Prince преку J. Geils Band до Parliament-Funkadelic за време на неговите ноќни емисии. Клучно, Мојо свиреше и плочи од бендот од Дизелдорф Kraftwerk, чија сенишна машинска музика, заедно со екстатичните грувови кои доаѓаа од Чикаго, им дадоа на Belleville Three шаблон за сопствен резервен звук. Иронично, членовите на Kraftwerk и самите беа под длабоко влијание на Motown и соул уметници како Џејмс Браун (James Brown.) Но, наместо да го имитираат сировиот американски звук, тие се́ соблекоа до леденото, хромирано јадро. Тоа беше непогрешиво германски, подвиг на музичко инженерство од музичари склони кон експериментирање. Но, сепак запали нешто во уметниците кои ги составија своите први сетови во Детроит. Диџејот Карл Крег (Carl Craig) еднаш славно ги опиша Крафтверк како „толку крути, што беа фанки“. Крафтверк не беше осамен феномен. Европа ја инкубираше својата нова електронска денс-музичка сцена во 70-те и 80-те, бидејќи диџеи од места како англиските Мидлендс и Белгија почнаа да си играат со нови играчки со имиња на вонземјани: Роланд ТР-808, Корг Поли-61, Акаи. MPC60. Микрожанровите почнаа да никнуваат додека музичкиот полен се шири низ континентот: њу бит, синт поп, електронска боди музика. Брзината на музичката размена тогаш беше побавна, а единствената изложеност на диџеите на нејасни нови звуци беше често преку специјализирани дистрибутери или патувањето надвор од својата земја. Уметниците кои се пробија - Kraftwerk во Германија,Farley (Jackmaster) Funk во Чикаго - на крајот имаа исклучително влијание врз тоа како се развиваат звуците. Но, многу од сцените чепкаа по во нивните сопствени географски работилници, дозволувајќи и́ на околината да диктира што создаваат, како ветерот што обликува карпа. За Аткинс, Меј и Сондерсон, техното беше нивната сопствена метал-машина музика, ехо на напуштените згради во кои некогаш беа сместени динамата на иднината. Најраното техно е прогонувачко, како затворените фабрики на Крајслер и Форд повторно да проработеле и некој го стиснал копчето за снимање. Како што белото бегство во Детроит прерасна од капење во потоп, во седумдесеттите и осумдесеттите, градот за прв пат стана мнозински Црн. „Тоа беше град во опаѓање, но исто така беше време кога ги гледавме Црнците на моќни позиции на начин што генерацијата пред нас не го виде“, ми рече Џејмон Џордан (Jamon Jordan), официјалниот градски историчар на Детроит. „Градоначалникот беше Црнец, училишниот началник беше Црнец, началникот на полицијата беше Црнец. Да се види тоа беше важно“. Главните радио станици во Детроит имаа Црни диџеи и, она што беше ретко - беа во Црно сопствеништво. Афрофутуризмот беше важен вид на раното техно. Уметниците како Џејмс Стинсон (James Stinson) и Џералд Доналд( Gerald Donald) изработија наративи со пост-индустрискиот Детроит како позадина. Нивната група Drexciya ја замисли музиката што би ја создала водната, афрофутуристичка цивилизација населена со деца на робови фрлени во морето за време на Средниот премин. Музиката на Drexciya реже и пука, екстатични звуци на Црна Атлантида илјадници години во иднината. Drexciya беше еден од неколкуте рани техно-акти потпишани со Underground Resistance, кој Мајк (Мед) Бенкс ( Mike (Mad) Banks) и Џеф Милс (Jeff Mills) го основаа во 1989 година, откако поминаа години на музичката сцена во Детроит и развија апетит за техно благодарение на Белвилската тројка. Формирањето на U.R. означи еволутивен скок за Детроитското техно, бидејќи музичките, политичките и економските нишки кои беа споени уште од почетокот на жанрот почнаа да добиваат влијание. Во 1991 година, Бенкс го создаде и Submerge Distribution, ентитет кој помогна да се донесе звукот на техното од Детроит до диџеј сетовите и слушателите ширум светот. На крајот, Submerge стана толку витална духовна врска на техно сцената што основачите решија да ја направат и физичка. Тие го нарекоа Exhibit 3000, именуван по адресата на Submerge на 3000 East Grand Boulevard. Го посетив музејот во декември и решив да го започнам возењето на местото каде што East Grand се навива југозападно, обвиткувајќи се околу фабриката за електрични возила на Џенерал Моторс’. Булеварот се расплетува како подвижна лента низ северната страна на Детроит и е прошаран со знаменитости од историското минато на градот. Седиштето на G.M. беше три улици западно од Exhibit 3000 до 2000 година; Првата Model T фабрика на Хенри Форд беше на авенијата Пикет, две улици југоисточно од музејот. Нема знаци кои ги дочекуваат потенцијалните посетители на Exhibit 3000. Закажувате состанок, се појавувате во зградата од црвена тула која наликува на кутија, и тропате на сината врата што води до седиштето наUnderground Resistance. Џон Колинс ја отвори вратата, носејќи очила и црна волнена полу-ролка. Оддава професионален изглед и првите неколку минути од нашиот разговор ги мина опипувајќи дали сум таму да слушам или да претпоставувам. Самиот музеј е со големина на мала галерија и го зазема првиот кат од седиштето на Underground Resistance. Горе се наоѓаат неколку студија за снимање, а уметниците влегуваа и излегуваа за време на мојата посета. На едната страна од просторијата има хронолошки приказ за потеклото на техното, почнувајќи од неговите филозофски основи: слика на насмеаниот Колман Јанг (Coleman Young), првиот црн градоначалник на Детроит; омоти од Kraftwerk и Funkadelic; фотографии на Нишел Николс (Nichelle Nichols) и Леонард Нимој (Leonard Nimoy) во нивните костими од „Ѕвездени патеки“. (Футуристичката утопија на серијата- и револуционерната улога на Николс како поручник Ухура - во голема мера се вбројуваат во етосот на техното.) Бенкс, еден од основачите на Underground Resistance, излезе од задната соба каде што гледаше натпревар од Светското првенство со пријателите и срдечно ме поздрави по пристигнувањето. Кога го запознав, тој носеше нешто што е униформа во Детроит: работни чизми и изветвени комбинезони Кархарт омекнати од годините работејќи на градилиштата. Додека Колинс и Бенкс ме носеа низ собата, забележав како експонатите почнаа да формираат поцелосна шема на музичката заедница во Детроит. Имаше правлива копија од „Техно бунтовници“, сеопфатната историја на жанрот на новинарот Ден Сико (Dan Sicko); собрани записи од уметници кои беа дистрибуирани и промовирани од Submerge низ годините; сини регистарски таблички од Мичиген украсени со „техно”; и неколку дела од уметници од Детроит, вклучувајќи ја и сликата „Детроит Вавилон“, од Рон Закрин (Ron Zakrin). Во уметничкото дело, два нуклеарни реактори седат на сива далечина како вонземјански песочни часовници, слика што изгледа како омаж на делумното топење во реакторот Ферми 1 во 1966 година, споменато во песната на Гил Скот-Херон (Gil Scott-Heron) и Брајан Џексон(Brian Jackson) - „We Almost Lost Detroit“. Во делото на Закрин, реакторите се напојуваат од пар Роланд 808. Машините се голем дел од изложбата на Exhibit 3000. Зад стаклен прозорец на задниот дел од музејот се наоѓа стар струг за сечење што се користи за производство на мастер винили. Во цела една секција доминира приказ на винтиџ ритам машини и синтисајзери- Korg PolySix, Roland TR-727 - кои му го дадоа на техното неговиот возбудлив звук, создавајќи трофеен ѕид на технологијата, секое парче со своето потекло и значење. Има дури и случај на минијатурни автомобили со големина на Hot Wheels играчки и слика на сјаен понтијак во виолетова боја, знак за културното наследство што го преземате само со раѓањето во Детроит. Банкс ми се приближи додека ја гледав фотографијата. „Бев премногу млад за да одам во Виетнам, па отидов низ соседството кога децата беа регрутирани и ги прашав постарите момци дали можам да ја земам нивната кола ако ги заебат таму“. Неколку луѓе се согласија, и се́ уште звучеше изненадено што некој рекол да. Бенкс е природен комичар и раскажувач, но раскажувајќи ја оваа приказна тој премина од ужаснат во тмурен. Виолетовиот автомобил му припаѓал на сосед кој загина во борба, рече тој. Тој го купил автомобилот од родителите на детето и го чувал во одлична состојба со децении. Колинс ме одведе до футрола на ѕид во близина на центарот на собата. Едноставно е означено како „Иднината“, а екранот е исполнет со фотографии од бебиња и училишни портрети од поширокото семејство на Underground Resistance. Тоа е повеќе олтар отколку изложба, надежно бдение за влијанието на музиката врз Детроит и заедницата што таа сака да продолжи да ја поттикнува. Внесена порака, издигната од мала клипка во форма на алигатор, ја поставува мисијата на nderground Resistance како предизвик: Ние сме урбани Афро-Американски футуристи кои беа пионери на уште еден звучен подарок за светот. Звукот го носиме во иднината. Се поставува прашањето: дали историјата на алчност и незнаење ќе се повтори и несвесно ќе не́ направи ирелевантни? Дали научивме нешто? Алекс Азари (Alex Azary) ме чекаше застанат под тенда спроти ММНМ. Беше метално-сив декемвриски ден во Франкфурт, и кога го сретнав во попладневните часови, минималната светлина веќе згаснуваше во монохроматски самрак. Носеше густо плетено капче и големо палто, шмркајќи затоа што штотуку преболуваше лоша настинка. ММНМ е сместен на потонатата ледина под плоштадот Хаупваш, како некој да одлучил дека на еден голем град му треба јама за разговор токму во неговиот центар. За време на мојата посета, божиќниот пазар беше во полн ек, со туристи и мештани кои гризеа bratwurst и пиеја glühwein од керамички шолји, зрнца од пареа правејќи ја целата сцена да изгледа како празнична разгледница. Мора да го барате ММНМ за да го најдете, и се вртев неколку пати пред да го најдам правилното скалило. Единствените други луѓе на плоштадот беа група мажи во јакни во боја на камен, кои тивко разговараа и пушеа. Просторот најскоро беше окупиран од Детскиот музеј во Франкфурт; Тимот на Азари ги урна ѕидовите и обои сè во црно, за да му даде чувство на андерграунд клуб. Во неделите пред да пристигнам,ММНМ беше домаќин на изложба на Sven Väth диџеј од Франкфурт, а посетителите можеа да вртат плочи од неговата лична колекција. Јас ја посетив по завршувањето на изложбата, па просторот имаше чувство на празна канцеларија помеѓу размена на потстанари. Го прашав Азари дали смета дека ММНМ е музеј во традиционална смисла. „Сакам овој простор да биде културна институција за клупска музика“, одговори тој. „Сакам ова да биде место за млади луѓе да доаѓаат, да се собираат, да се инспирираат и да научат за минатото, сегашноста и иднината на клупската култура и електронската музика“. Почнав да се прашувам дали сум преокупиран со семантиката на нештата. Музеите работат по дефиниран образец, а традицијата бара тие да бидат во еднаква мера реликвии и училишта, без разлика дали се во големи размери како Лувр или во поскромните димензии на ММНМ или Exhibit 3000. Тие исто така изискуваат строга кураторска дефиниција за тоа што е вдомено во нив, така што посетителите можат да разберат како концептите течат и се судираат еден со друг. Музичките жанрови не се толку дефинирани како музејски експонати, се разбира. Границите се порозни и подложни на расправа. Азари има налетано на една од тие расправии пред вратите на ММНМ дури и да се отворат, кога се појавија критики од групи како што се female:pressure. Тој ми кажа дека не го смета просторот како „техно“ музеј, велејќи дека медиумите го користеле описот како кратенка за целата електронска музика, и со тоа создале вистинска лексичка контроверзија. Наслов во Times гласеше: „Со новиот музеј, службениците му даваат печат на одобрување на техното“ и влијателниот медиум за електронска музика fact објави дека „Франкфурт добива техно музеј“. „Ова е музеј за сите видови електронска музика: амбиент, техно, хаус, драм ен бејс - сето тоа“, вели Азари. Тој исто така тврди дека коментарите на Питер Фелдман за време на отворањето на музејот биле фрустрирачко изненадување и дека поранешниот градоначалник ги оштетил изгледите на ММНМ за поголема владина поддршка со привлекување негативно внимание. Азари дури и не би го нарекол техното свој феномен. Неговата дефиниција за жанрот е толку широка што ги вклучува раните Depeche Mode и Richie Hawtin. За Азари, техното е вајб, а не звук. „Мислам дека нешто како техно не може да се нарече изум, иако разбирам зошто момците во Детроит треба да се држат до таа дефиниција“, рече тој. „Треба да се разликувате“. Дури и ако Азари се обидуваше да избегне натрупување негативно внимание од медиумите, штетата беше направена и создаде јаз проширен од расната динамика која беше во игра. (Бордот на директори и извршниот персонал се првенствено бели; Раководството на Submerge е целосно црно.) Џон Колинс ми кажа за едно неодамнешно интервју во Австралија на кое модераторот го претстави пред публиката како куратор на првиот американски техно музеј. „Морав да ја прекинам и да кажам: „првиот техно музеј во светот.“ Имаше и проблем со географијата. Франкфурт беше витален центар на електронската музика во 1970-тите и 1980-тите, но со текот на годините важноста на сцената опадна. Падот на Берлинскиот ѕид, во 1989 година, ја помести оската на Германската електронска музичка сфера неколку стотици милји североисточно, до новообединетата престолнина. Клубовите почнаа да се појавуваат во напуштените згради во Источен Берлин, кои понекогаш постојат само неколку ноќи пред да исчезнат засекогаш. Во 1991 година, Димитри Хегеман(Dimitri Hegemann) го отвори Tresor во подрумскиот трезор на неискористената стоковна куќа во Мите, на поранешната источна страна на Берлин. Клубот беше жежок и мрачен, а неговите ниски тавани создаваа клаустрофобична екстаза со саундтрак од хаус и техно. „Берлин отсекогаш беше остров и сите овие идеи што ги имавме се раѓаа во ноќта“, ми рече Хегеман. Хегеман го покани Underground Resistance да настапува во Трезор истата година кога тој го отвори клубот. Џеф Милс одржа маратонски настап таа вечер, со лицето покриено со црна балаклава дури и во задушливата топлина во подрумот на Трезор. Берлинската техно сцена полека се развиваше како што плочите од Детроит се пробиваа преку Атлантикот и импресариите како Хегеман негуваа нова заедница. Underground Resistance настапија со покриени лица, со цел да го насочат вниманието на публиката на музиката, а не на диџеите. Тоа не беше важно. Толпата беше воодушевена од умешноста на Милс на грамофоните, како да гледаа како се измислува нов јазик во реално време. Тоа не беше последен пат Милс да ја држи публиката на Трезор во занес. Има една слика од целоноќна забава во Трезор, обесена во стаклена кутија во Exhibit 3000. Милс, кој е Црн, претседава со толпата бели деца клабери облеани во пот. Фотографијата е измиена во отсјај на сијалицата, бидејќи некој ја сликнал, кога нефункционалното светло за строб го забавило нејзиниот ритам до мрзливо трепкање. „Никогаш не виделе некој да диџејува толку добро толку долго. А ние бевме, као „Ние сме од Детроит, вака се прават работите кај нас“, ми рече Мајк Бенкс. Продолжената сесија во 1991 година во Трезор засекогаш ја смени траекторијата на техното. Жанрот полека се пробиваше во Манчестер и Шефилд во Велика Британија, но Детроит и Берлин се чинеше дека споделуваат еден етос. Секој град беше издлабен и преобликуван од заедниците напуштени од нивната влада. Напуштените згради и напуштените стоковни куќи, исто така, претставуваа празни места за диџеите и продуцентите да пуштаат музика за волните уши. Детроитската техно заедница со години ги негуваше тие толпи со прогресивно размислување - Милс во клубот Чикс, Бенкс во Музичкиот институт - и најдоа сроден дух во подземниот клуб на Хегеман. Не одевте во Трезор да слушате што се слуша на радио, туку одевте да ја слушнете иднината. Според Бенкс, Крафтверк биле во публиката таа вечер во Трезор. Тој ги забележал членовите на бендот и поитал да му каже на Џеф Милс, кој не му веруваше додека не ги виде Ралф Хутер(Ralf Hütter) и Флоријан Шнајдер(Florian Schneider) во задниот дел од просторијата. Бенкс рече дека тоа е како да гледал живи легенди, момци кои им ги дадоа нацртите за нивниот сопствен звук. Тој рече дека Хутер и Шнајдер биле само благодарни што ги препознала следната генерација на техно чудо од деца. „Разговаравме за секунда во тоа тесно, мрачно скалило што излегуваше на површината“, рече Бенкс, пред да се префрли на комично лош германски акцент. „Ви благодариме што се сеќавате на нас“, рекоа тие.“ Како и повеќето уметности, музичките жанрови се појавуваат како реакција на другите жанрови. Повлекувањето на единствена линија од модуларниот минимализам на техното до фанк рифовите од 1960-те може да изгледа невозможно - додека не сфатите дека уметниците во Детроит слушнале што прави Крафтверк и го обликувале тоа во својот лик, но Крафтверк само сакале да бидат како Џејмс Браун, кој му ја оддаваше својата сопствена почит на Little Richard. И така се вовлекуваат влијанијата до бескрај. Тие испреплетени односи се дел од причината зошто е тешко да се дефинираат жанровите во строга смисла, но да се негираат границите на еден жанр значи да се издиши влијанието на неговите креатори. Главните категории на музика - поп, рок, кантри, хип-хоп - постојат главно како комерцијални и културни стенографии. Но, кога ќе се спуштите во нивните подкатегории, нивните граници почнуваат да се изоструваат и почнувате да се среќавате со заедниците, уметниците и обожавателите кои ги создале првично. И тие се заштитнички расположени. Љубителите на електронската музика се жанровски опсесивци и со задоволство ќе ги објаснат тенките, но клучни разлики помеѓу, да речеме, асид хаусот и транс. Широката интерпретација на техното како жанр од страна на Азари се спротивставува на општоприфатената дефиниција за влијателен звук и ги отсекува неговите творци од историјата во тој процес. Хегеман ја припиша грешката на ММНМ во недостаток на проучување, иако знае дека Азари не мислел ништо лошо. „Тие направија грешки на почетокот“, рече тој. „Тие не зборуваа за влијанието на жените или влијанието на Детроит. Им се случи цело срање, затоа што не направија сериозно истражување“. Техното беше култивирано од андерграунд сцената со години пред да стане мејнстрим клупски звук, а многу од родоначалниците на жанрот сè уште настапуваат, привлекувајќи голема публика низ светот. Музејот што им оддава почит на пионерите на електронската музика има многу смисла - но само ако навистина им оддаде признание. Сè друго може да биде протолкувано како отпишување и се навраќа на причината зошто Underground Resistance на создаде свој музеј. На излегување од Exhibit 3000, Колинс ме одведе до продавницата за плочи во подрумот на зградата. D.J. Alley Cat, дојде да ме поздрави додека почнав да ги листам со палецот куповите винил, а Колинс ги истакна потписите испишани на ѕидовите и таванот на собата, од посетителите кои патувале до булеварот Источен Гранд 3000 во последните дваесет и една година . Имињата и белешките напишани со постојан маркер изгледаа како заштита против испишувањето од нивната сопствена историја. Колинс стоеше зад касата на продавницата, изгледајќи како закоравен активист кој ги гледал истите судири како доаѓаат и си одат со години. „Ова е за луѓето кои се обидуваат да си ги присвојат срањата што не им припаѓаат“, рече тој. „Тоа е постојана борба. Тоа е постојана битка“. ♦︎ Т.М. Браун е писател и новинар во Бруклин. Неговите дела се појавија во New York Times, Rolling Stone и Vice.
- „Се́ се тоа вештерки “ зборуваат со Шејла Камериќ
Веројатно не сме осамени во искуството на читање на Sve su to vještice страната на Фејсбук која споделува - креира, исклучително мемиња но глазирани со босанскиот хумор, овој пат јадејќи го патријахатот. Позади страната, концептот стои Хана Чурак, Сарајлика во Берлин и феминистка. „ Sve su to vještice се фокусира на малите места на секојдневието, примарно во јазикот по чиј пат патријахатот се репродуцира и перпетуира. Земаат идиоми, изреки или секојдневен говор и шеговито го комбинираат со историски личности - филозофи, писталеи итн. Еден од најпрепознатливите лица на Се́ се тоа вештерки со тек на времето стана Симон де Бовоар“ - напишаа Vox Feminae. Од првичното запознавање до сега „Вештерки...“ еволуираа од Фејсбук меме-страница во „ прогресивна мултимедијална, колективна платформа, историја и потфат низ и надвор од пост-Југославија. Користејќи мемиња за да допре до публиката инаку незаинтересирана за феминистичкото наследство, Sve su to vještice градат контра-архива на југословенската феминистичка историја, со цел радикално да интервенира во можните феминистички иднини. Sve su to vještice започна во 2016 година во формат на мем-страница на Фејсбук, како механизам за отпор поставен против идентификуваната растечка закана од десничарскиот популизам и токсичната патријархална култура што се шири преку онлајн каналите. Враќајќи ги дигиталните алатки и дигиталниот простор, Вјештице понуди контранаратив, со цел да допре до публиката надвор од оние кои размислуваат слично. „Вештерки...“ е независна платформа која се состои од проектни соработки со уметници и куратори, истражувачки соработки со академици и независна медиумска продукција која опфаќа социјални медиуми, поткаст, билтен и повремено печатење на материјали“ . Погледајте ја Шејла Камериќ во разговор со „Се́ се тоа вештерки“: Шејла гостува вечер на осмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, организиран од Контрапункт,каде ќе ја промовира книгата „Мајката е кучка“ . Повеќе за настанот овде, а сега - поткаст:
- Зошто мечките летово се масовно по медиумите?
Од Клер Мозес за Њујорк Тајмс 2 октомври 2023 година Во август, црна мечка касна човек кој кампуваше во Колорадо, официјалните лица дадоа изјава за „активност на мечките“ во Тенеси откако една се обиде да најде храна во автомобил, а гризли нападна маж во Вајоминг. Во септември, црна мечка и нејзините младенчиња јадеа крофни Криспи Крем на Алјаска, друга црна мечка го предизвика затворањето на Волт Дизни Ворлд на Флорида, а властите во Монтана еутанизираа гризли кој упадна во дом и фатално нападна жена претходното лето. . И почнувајќи од среда, Неделата на дебелите мечки, годишен натпревар за крунисување шампион меѓу стотиците големи мечки од Националниот парк и резерватот Катмаи во Алјаска, ќе понуди задоволство во вестите на многу луѓе. Значи, што се случува? Дел од причините зошто приказните за мечките беа толку неизбежни во изминатите неколку месеци е тоа што на некои места, вклучително и во Монтана и Флорида, популацијата и на мечките и на луѓето се зголеми во последниве години, што доведе до повеќе средби. Постојано растечкото присуство на социјалните медиуми и метеорскиот пораст на TikTok исто така одиграа голема улога. „Постои судир на фактори кои може да направат да изгледа како мечките да се апсолутно насекаде“, рече Емили Бел, директорка на Центарот за дигитално новинарство на Универзитетот Колумбија. „Неделата на дебелите мечки не беше настан за кој некој зборуваше пред пет или 10 години“. Периодот од годината е еден таков фактор. Има повеќе интеракции меѓу луѓето и мечките кон крајот на летото и почетокот на есента, рече Грег Лемон, портпарол на Одделот за риби, диви животни и паркови во Монтана, бидејќи мечките бараат храна пред почетокот на зимата, а луѓето одат на лов. Исто така, повеќе луѓе истражуваа места кои претходно беа помалку популарни, но стекнаа слава на социјалните мрежи, рече Дејон Брокстон, известувач за емитување вести во KMOV во Сент Луис, кој порано го покриваше Националниот парк Јелоустоун. Едно такво место е националниот парк Глечер во Монтана, каде што летово е видена гризли како пешачи меѓу луѓето. Гризли мечките се заштитени на федерално ниво од 1970-тите, а нивната популација расте. Вајоминг минатата година поднесе петиција за отстранување на гризли мечките околу Јелоустоун од списокот на загрозени видови, со поддршка од Монтана и Ајдахо. Службата за риби и диви животни на САД го разгледува ова прашање. „Секоја година ги има се повеќе но не́ има повеќе и нас, луѓето“, рече Лемон. Не е само тоа што на некои места има повеќе интеракции меѓу мечки и луѓе. Слушаме за нив одново и одново. Мечките и нивните лудории се совршена храна за кратки видео клипови (како онаа мечка која учтиво ја затвора влезната врата, онаа која краде грицки од 7-Eleven и оваа мечка се појавува на пикник). И штом ќе погледнете едно видео со мечка, алгоритмите на социјалните платформи може да ви послужат постојана понуда од нив. Новинските организации, исто така, се борат да ја вратат големата публика која ја добија за вестите поврзани со Ковид, рече г-ѓа Бел. Приказните за мечките често носат многу читатели. Секогаш кога Лемон, од одделот за риби, диви животни и паркови во Монтана, ќе напише соопштение за мечка во интеракција со човек, вели тој: „Шоуто „Денес“ не́ бара- тоа е едноставно лудница“. Од јуни, „Денес“ објави најмалку четири прилози за мечките. (Њујорк тајмс не е исклучок - објавивме најмалку седум статии за мечките ова лето, не вклучувајќи ја оваа.) Брокстон, известувач за емитување вести, рече дека видел побарувачка од публиката за фамилијарна содржина за животните и дека знаел дека видеата што прикажуваат интеракции со луѓе ќе бидат забележани. „Бараме се́ што ќе го привлече вниманието на луѓето“, рече Брокстон, кој и самиот имаше блиска средба со диви животни - бизони - која стана вирално во 2020 година. Медиумското внимание може да делува како потсетување на она што стана познато како „Лето на ајкулата“ во 2001 година, кога вестите немилосрдно покриваа напади на ајкули на Флорида, Бахамите и на други места. Во тоа време, научниците рекоа дека стравувањата од такви инциденти се претерани. Новинските организации кои известуваат за средби со диви животни или напади на животни треба да обезбедат доволно информации и контекст за јавноста да го разбере ризикот, рече Тед Спајкер, претседател на одделот за новинарство на Универзитетот во Флорида. Репортерите кои ги покриваат овие стории, рече тој, треба да прашаат: „Која е поголемата слика? Кои се причините за зголемувањето на овие вести?“ Еден од недостатоците на кратките видеа е тоа што тие не ги учат луѓето ништо, рече Мајкл Орландо, шеф на програмата за управување со мечки во Комисијата за зачувување на рибите и дивиот свет на Флорида, кој работи со мечки од 1996 година. „Тоа е повеќе забава отколку едукативно“, рече тој. Тој додаде дека има една конзистентна порака за јавноста: „Ве молиме, немојте ниту намерно или ненамерно да храните мечки. Никогаш не завршува добро за мечката“.
- ДПМ излезе со своја изјава, писателите ги пречекаа oставките со одобрување
„ На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа: Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, Марина Мијаковска и Александра Јуруковска. Писмена оставка истиот ден достави и Зоран Анчевски, а неколку дена претходно и Весна Мојсова-Чепишевска.“ Еден од двата профили на ДПМ кои функционираат паралелно, вечерва (8-ми октомври) излезе со соопштување кое го осудува скорешниот потег (или подвиг) на - во овој момент - осум неотповикливи оставки на Претседателството на ДПМ : На оваа објава изреагира писателот и член на ДПМ Живко Грозданоски: „ 1. Пред сè: какво е ова соопштение во кое воопшто не се ни спомнуваат имињата на новите „членови“ на Претседателството? 2. Според Статутот на ДПМ (Чл.28), Претседателството *треба да одлучува* за тековните активности. Но, оние осум членови на Претседателството што си дадоа оставка најчесто воопшто не биле консултирани за работата на врвот на раководството на ДПМ – и тоа се чини дека е една од причини зошто си дадоа оставка. 3. Велите сите досегашни одлуки на ДПМ се „верификувани“: но ајде приложете записници од состаноците на Претседателството. Колку што ми е познато, нема – воопшто не се работело со записници. 4. Пополнувањето на местата на оние што имаат дадено оставка можеби се случило некогаш да биде „според листата на добиените гласови на Изборното собрание“, но 1) постои ли некаков записник за тоа? 2) дури и да постои доказ, тоа не е важно: тоа не е според Статут, и не е во ред – и не било во ред. 5. „архивирана и верификувана“ (документација), „невистини и инсинуации“ – претпоставувам дека авторот на овој текст е моменталниот Претседател на ДПМ. Ако Радован Павловски е принц на метафората, моменталниот претседател на ДПМ – имам забележано и од други текстови – е интергалактички император на тавтологијата. 6. Самото ДПМ моментално ги дискредитира своите членови (ги дискредитира оние што ги внесува во Претседателството); самото ДПМ е заложник, а моменталната состојба во ДПМ е штетна за македонските (национални и сите други) интереси. Сета книжевна и културна јавност бара раководството на ДПМ да свика Изборно собрание. Тоа е единствениот легитимен чин што раководството на ДПМ може да го направи сега. 7. Уште еднаш: какво е ова соопштение во кое воопшто не се ни спомнуваат имињата на новите членови на Претседателството? “ Писателите од друга страна, пак, ја дочекаа оваа вест со одобрување, како посакувана промена: Новинарот и писател, Ѕвездан Георгиевски во коментарите кажа „ Ако 90 проценти од раководството мисли поинаку од претседателот или не се согласува со неговите постапки тоа кажува само две работи: или тоа големо мнозинство е неспособно да ги артикулира и наметне своите ставови или претседателот е сериозно способна личност што и во таква малцинска положба може да ги спроведува своите манири и политики. Јас друга логика не гледам.“
- Христо Петрески со неотповиклива оставка од претседателската позиција поради „здравствени причини“
Откако минатата седмица осуммина (од девет) писатели кои го сочинуваа претседателството на ДПМ дадоа оставки, утрово Христо Петрески ја поднесе и својата на страната на ДПМ на Фејсбук. Иако за масовните оставки не беше дадена причина, реакциите од страна на писателската фела беа дочекани со одобрување, бидејќи ДПМ била „приватизирана и манипулирана“. Петрески од своја страна цитираше „здравствени причини“ сосема занемарувајќи ги случувањата кои претходеа: „ Почитувани, Најпрвин им благодарам на сите оние колеги – писатели кои со своите гласови ме избраа за претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Верувам дека во претходниот период на раководење со Друштвото на писателите на Македонија постигнавме доста, но има уште многу што треба да се сработи. Но, од здравствени причини сега јавно Ве известувам дека давам неотповиклива оставка на функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија и му посакувам многу среќа, здравје и успех на тој што ќе продолжи да го води Друштвото на писателите на Македонија кон обединување, континуитет и нови иницијативи и резултати. Со поздрав, почит и благодарност, Скопје, 9.10.2023 година Христо Петрески“ Петрески го доби својот мандат пред една година, кој го доби во избор наспроти својот противкандидат Живко Грозданоски со само 8 гласови повеќе. Петрески е член на ДПМ од 1985-та година, и е дипломиран економист и е директор на издавачката куќа „Феникс” и на Фондацијата „Македонија презент”. Нема збор дали ќе се повлече и од тие позиции со оглед на здравјето.
- Три кратки-кратки раскази од Јун Фосе
СЕКОГАШ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ОНИЕ КОИ НЕ СЕ СОГЛАСУВААТ Разбирам дека дел од она кое е најмногу битно, недостасува во нашите животи. Затоа мора да има револуција. ОНОЈ ЧУДНИОТ ТИП После неколку години одење на игранки во различни месни заедници и воглавно танцувајќи сам, една ноќ сфатив - мора да беше доцна, и веројатно ми беше дадено доста за пиење - дека требаше да прашам една девојка да стане и да танцува со мене. Ја имам видено толку многу пати. Таа ретко танцуваше. Таа изгледаше срамежливо. Таа изгледаше различно од останатите девојки. Јас веројатно мислев дека мора да има девојка и за мене. Во секој случај, ми се допаѓаше. Таа категорично одговори - не. И тогаш ја слушнав како му кажува нешто на пријателот за оној чудниот тип. УЖАСНО ДОБРО Мајка ми кажува приказна за две момчиња кои направиле чорба во конзерва. Тие ставиле вода и компири и едното од нив додало парчиња колбас. Тие ја држеле конзервата приклештена со две стапчиња над мало огниште кои самите го запалиле. После тоа тие јаделе, и уживале. Мајка ми ги прашала дали чорбата била добра и тие и́ одговориле дека била ужасно добра. Беше ужасна или беше добра? прашувам. Дефинитивно не беше добра чорба, но им беше вкусна на нив, вели мајка ми. Но зошто рекле дека е ужасно добра? велам. Тоа е само начин на којшто луѓето се изразуваат, вели мајка ми. Но ужасно значи не е добро, велам јас. Тоа е точно, во право си, вели таа. Значи беше ужасна или добра? велам јас. Беше добра, беше ужасно добра, вели мајка ми. Не разбирам. Не оди едно со друго. И нема поента да се поставуваат повеќе прашања. Тоа е само начин на којшто луѓето се изразуваат, вели мајка ми. * * * Јун Фосе е норвешки автор и драматург, роден на 29 септември 1959 година во Хаугезунд, Норвешка. Тој е познат по својот минималистички и лиричен стил, и пишува романи, кратки приказни, поезија, детски книги, есеи и драми. Фосе е најизведуваниот норвешки драматург по Хенрик Ибсен. Во 2023 година, тој беше награден со Нобеловата награда за литература "за неговите иновативни драми и проза кои го изразуваат неизреченото". Неговите дела се преведени на повеќе од четириесет јазици, и тој е нашироко сметан за еден од најголемите современи драматурзи во светот. Фосе беше одликуван како витез на Орденот на националната заслуга на Франција во 2007 година. Фосе дебитираше со романот "Raudt, svart" (Црвено, црно) во 1983 година. Неговата прва драма, "Og aldri skal vi skiljast" (И никогаш нема да се разделиме), беше изведена и објавена во 1994 година. Тој е рангиран на број 83 на листата на Топ 100 живи генијалци од The Daily Telegraph. Од 2011 година, Фосе е награден со Гротен, почесно пребивалиште во сопственост на норвешката држава кое е сместено во областа на Кралската палата во центарот на Осло. Во 2023 година, Фосе беше награден со Нобеловата награда за литература „за неговите иновативни драми и проза кои го изразуваат неизреченото.“
- Дневничките записи на Ени Арно
Дневник, 1988 *** Пролет 2022 На 16 ноември 1989 година, се јавив во советската амбасада во Париз и побарав да разговарам со г-дин С. Операторот на разводната табла не ми одговори. По долга тишина, женски глас рече: -„Знаете, господинот С. вчера се врати во Москва“. Веднаш ја спуштив слушалката. Се чувствував како да сум ја слушнала оваа реченица претходно, преку телефон. Зборовите не беа исти, но тие го имаа истото значење, истата тежина на ужасот и беше исто толку невозможно да се поверува. Подоцна, се сетив на објавата за смртта на мајка ми три и пол години пред тоа, на кој начин медицинската сестра во болницата рече: „Твојата мајка почина утрово по појадокот“. Берлинскиот ѕид падна една недела претходно. Советските режими воспоставени во Европа се уриваа еден по друг. Човекот кој штотуку се вратил во Москва беше верен слуга на СССР, руски дипломат испратен во Париз. Го сретнав претходната година на писателското промотивно патување во Москва, Тбилиси и Ленинград, патување кое му беше доделено да го придружува. Последната ноќ ја поминавме заедно, во Ленинград. По враќањето во Франција, продолживме да се гледаме. Неговата траекторија, чии парчиња ги составив заедно, во текот на нашите состаноци, беше типична за еден млад апаратчик: членство во Комсомол, а потоа во КПСС (Комунистичка партија на Советскиот Сојуз), време поминато во Куба. Зборуваше француски брзо, со силен акцент. Иако надворешно беше партизан на Горбачов и на перестројката, кога ќе се напиеше, тагуваше за времето на Брежњев и не криеше дека го почитува Сталин. Никогаш не знаев ништо за неговите активности, кои, официјално, беа поврзани со културата. Денеска се чудам што не поставив повеќе прашања. Во овој период, единственото место каде што навистина пишував беше во дневникот што го пишував, одвреме-навреме, уште од адолесценцијата. Откако ја напушти Франција, почнав да пишувам книга за страста што збриша низ мене. Го објавив во 1992 година како Едноставна страст. Во јануари или февруари 2000 година, почнав да ги препрочитувам моите журнали од годината на мојата врска со С. Поминаа пет години откако ги отворив. (Од причини што не треба да бидат специфицирани овде, тие беа складирани на место што ги направи недостапни за мене.) Согледав дека има вистина во тие страници што се разликува од онаа што се наоѓа во „Едноставна страст" - нешто сурово и темно , без спасение, еден вид саможртвуваност. Мислев дека и ова треба да се извади на виделина. Ниту изменив ниту отстранив дел од оригиналниот текст додека го пишував. (Текстот подолу е изваден од оригиналот.) За мене, зборовите што се ставени на хартија за да ги доловат мислите и чувствата на секој даден момент се неповратни како времето - се самото време. *** Вторник, 27 септември 1988 година Три сцени се истакнуваат. Таа вечер (недела) во собата на С., додека седевме блиску еден до друг, се допиравме, не кажувавме ништо, желни за она што ќе следи, што сепак зависеше од мене. Неговата рака ми ги забришуваше нозете секој пат кога го ставаше пепелот од цигарата во садот на подот. Пред сите. Разговаравме како ништо да не се случува. Потоа другите заминуваат (Мари Р., Ајрин, РВП) но Ф. се задржува. Знам дека ако сега ја напуштам собата на С. нема да имам сила да се вратам. Тогаш Ф. е надвор од собата, или речиси, вратата е отворена, а јас и С. се фрламе еден на друг. Потоа сме во влезната сала. Мојот грб, притиснат на ѕидот, го исклучува и вклучува светлото. Го испуштам капутот, чантата, јакната од костумот. С. го гасне светлото. Вториот момент, понеделник попладне. Кога завршив со пакување на куферот, тој тропа на вратата од мојата соба. Се галиме на прагот. Тој ме посакува толку многу што клекнувам, и бавно правам да сврши во мојата уста. Тој молчи, а потоа само како литија го мрмори моето име, со неговиот руски акцент. Мојот грб притиснат на ѕидот - темнина (не сака светлата да светат) - причест. Третиот момент е во возот за спиење за Москва. Се бакнуваме на задниот дел од вагонот, мојата глава до апарат за гаснење пожар (кој го идентификувам дури подоцна). Сето ова се случи во Ленинград. Од мојот вчерашен лет до дома, се обидов да реконструирам настани, но тие имаат тенденција да ме избегнат. Сè за што сум сигурна е дека во саботата, во Загорск, додека ги посетуваме скапоценостите во манастирот, со влечки на нозе, ме фаќа за половината неколку секунди и веднаш знам дека ќе се согласам да спијам со него. Со ноќниот воз тргнуваме за Ленинград. Оброк во Хотел Европа: Седам до него, но тоа се случи многу пати од почетокот на патувањето. (Еден ден, во Грузија, кога тој седеше до мене, спонтано си ги избришав мокрите раце на неговите фармерки.) При посетата на Ермитаж, не сме заедно многу време. Поминувајќи преку мостот на Нева на враќање, се потпираме на парапет со лактите. Вечера во хотелот Карелија: РВП го предизвикува за да ја натера Мари да танцува. Тоа е бавна песна. Сепак, знам дека тој ја има истата желба како мене. (Штотуку заборавив на една епизода: балетот, пред вечерата. Седејќи покрај него, не можам да мислам на ништо друго освен на мојата желба за него, особено за време на вториот дел од претставата: Тројцата мускетари, во стилот на Бродвеј. Музиката се́ уште ми се врти во главата. Си велам дека ако можам да се сетам на името на придружничката на Луј-Фердинанд Селин, танчерка, ќе спиеме заедно. Се сеќавам, тоа е Лусет Алманзор.) Четврток, 29 септември Понекогаш можам да си го претставам неговото лице, но само минливо. Ете, сега повторно го изгубив. Ги знам неговите очи, обликот на усните, забите, но тие не сочинуваат целина. Можам да го идентификувам само неговото тело - рацете, сè уште не.Обземена сум од желба, до точка на солзи. Сакам совршенство во љубовта, како што, верувам, постигнав еден вид совршенство во пишувањето со „Женска приказна“. Тоа може да се случи само преку давање, притоа фрлајќи ја сета претпазливост во ветрот. Петок, 30 септември Уште се нема јавено. Не знам во колку часот пристигнува неговиот авион. Како да се објасни чудниот, тивок договор од таа недела во Ленинград, ако сето тоа е судено да заврши? Сабота, 1 октомври Беше петнаесет до еден. Неговиот лет доцнел три часа. Болна среќа. Се плашам да не умрам вечерва на патот меѓу Лил и Париз, плашејќи се од се́ што би можело да ме спречи повторно да го видам. Недела, 2 Октомври Замор, отрпнатост. Спиев четири часа откако се вратив од Лил. Водевме љубов два часа во студиото на Давид. [Давид и Ерик се моите два сина.] Модринки, задоволство и постојана свесност за максимално искористување на овие моменти, пред заминувањето, пред да исчезне желбата. Пред ужасната закана на „Јас сум премногу стар“. Но, на триесет и пет можев да бидам љубоморна на една убава жена од педесет години. Паркот Ско, езерца и канал, ладно влажно време, мирис на земја. Во '71, кога бев тука з,а да ја поминам агрегацијата(*натпреварувачки испит за државна служба во францускиот јавен образовен систем) никогаш не би можела да претпоставам дека ќе се вратам во овој парк со советски дипломат. Сака скапи автомобили, луксуз, социјални врски и не е некој интелектуалец. И ова е чекор назад во времето, кон омразената слика на мојот сопруг, но и тоа сега ми се појавува во пријатно светло, бидејќи одговара на дел од моето минато. Како да се поставам по ова, за да не се покаже мојата приврзаност премногу брзо и тешкотијата на моето задржување да му стане очигледна, барем понекогаш? Понеделник, 3 октомври Синоќа се јавил. Јас спиев. Сакаше да дојде. Не е возможно. (Ерик овде.) Немирна ноќ, што да се прави со оваа желба? Истото важи и за денес, кога повторно нема да го видам. Плачам од желба, од оваа сеопфатна глад за него. Тој го претставува нај “parvenu“ (*карактеристика на некој кој се издигнал економски или социјално, но нема социјални вештини соодветни за оваа нова позиција)делот од мене, и најадолесцентниот, исто така. Тој сака да „направи галама“. Тој е оној „човек од мојата младост“, русокос и нерафиниран (неговите раце, квадратни нокти), кој ме исполнува со задоволство (и на кого повеќе не сакам да му замерувам за неговиот недостаток на интелектуализам). Како и да е, сега навистина треба да се наспијам. Јас сум на точка на целосна исцрпеност, не можам да правам ништо. Песна од Едит Пјаф: „Mon Dieu, laissez-le-moi, encore un peu, un jour, deux jours, un mois, le temps de s'adorer et de souffrir . . .“(*„Боже мој, остави ми го уште малку, ден, два дена, месец, време да се обожаваме и да страдаме. .) Колку подолго живеам, толку повеќе се препуштам на љубовта. Болеста и смртта на мајка ми ја открија силата на мојата потреба за другиот. Кога му велам „Те сакам“ на С., се забавувам кога го слушам како ми одговара: „Ти благодарам!“ Со среќа и гордост ми вели: „Ќе ја сретнеж жена ми! Што се однесува до мене, јас сум писателот, странецот, курвата - слободната жена, исто така. Јас не сум „добрата жена“, која ја поседува и покажува, таа што дава утеха. Не можам да утешам никого. Вторник, 4 октомври Не знам дали сака да продолжиме. Јас сум на работ на солзи. Колку често чекав, се подготвував, се правев “убава“ и гостпримлива, а потоа - ништо. Моето единствено парче среќа цел ден: ми се пушташе во RER млад шмекер и што го изнајдов вистинскиот жаргон, кој спонтано ми дојде до усните: „Продолжи така и ќе напраам да ти се стемни“ итн Дали среќата со С. е веќе завршена? Среда, 5 октомври 20:00, синоќа, повик . . . „Тука сум, блиску, во Сержи. . .“ Тој дојде пројде и поминавме два часа затворени во мојата работна соба, бидејќи Давид е тука. Подоцна не можев да заспијам, не можев да се откачам од неговото тело кое остана во мене. Тоа е целата моја драма, не можам да го заборавам другиот, да бидам автономна. Ги впивам туѓите зборови и постапки, моето тело го апсорбира другото тело. Многу е тешко да се работи по ваква ноќ. Четврток, 6 октомври Синоќа ме собра во Сержи, и отидовме во студиото на Давид на улица Лебрун. Полумрак, неговото тело истовремено и видливо и под вел. Вообичаеното лудило скоро три часа. На враќање возеше брзо, додека радиото свиреше („En rouge et noir“(*во црвено и црно) хит од минатата година), гасејќи ги и палејќи ги фаровите. Ми го покажува моќниот автомобил што сака да го купи. Тој е помалку прост („Празниците сè уште не се завршени, сè уште можеме да се приклучиме“, вели тој). И мизогин: жените во политиката се урнебесни, жените се страшни возачи итн. . . моето чудно задоволство во сето тоа. Откако стигнавме на портата пред куќата, има една последна сцена, извонредна претстава (за мене) на она што се нарекува љубов, поради недостаток на друг збор: го остава радиото вклучено (Ив Дутеил, „Le petit pont de bois“) и го мазам со устата додека не сврши, таму, во автомобилот, во улицата Лозер. После тоа, се губиме себеси во очите еден на друг. Утрото кога се разбудив, бескрајно си ја вртев сцената во себе. Тој е назад во Франција помалку од една недела, и веќе сме толку приврзани, толку слободни со своите тела (направивме речиси сè што може да се направи), во споредба со тоа како бевме во Ленинград. Отсекогаш сум водела љубов и секогаш пишував како да ќе умрам потоа (копнеев по несреќа, по смрт, додека синоќа се враќавме кај мене по автопатот). Петок, 7 октомври Синоќа спиев кога ми се јави, што често се случува. Моето име, мрморено со тој гутурен акцент што го палатизира и нагласува првиот слог, а вториот го прави многу краток (âni). Никој никогаш повеќе нема да го изговори моето име на тој начин. Сабота 8 Октомври Студиото на улица Лебрун. На почетокот благ замор, потоа сладост и исцрпеност. Во еден момент тој рече: „Ќе ти се јавам следната недела“ - со други зборови, „Не сакам да се видиме за време на викендот“. Се насмевнувам - со други зборови, прифаќам. Повторно сум во „денот после“ состојба на безредие. Се плашам да не изгледам наметлива и стара (наметлива затоа што сум стара), и се прашувам дали не треба да играм на картата за разделување, двојно или ништо! Вторник, 11 Октомври Замина во 23 часот. Првпат водам љубов толку часови по ред, без затишје. Во десет и триесет станува. Јас: Дали би сакал нешто? Тој: Да, ти. Назад во спалната соба. Колку тешки ќе бидат работите на крајот на октомври, кој означува крај на нашите состаноци, со доаѓањето на неговата сопруга. Но, дали толку лесно ќе може да се откаже од нив? Тој ми изгледа прилично приврзан за задоволството што го имаме заедно. За да го слушнете како ја осудува сексуалната слобода и порнографијата, и швалерските навики на Грузијците! Сега тој се осмелува да ме праша: „Дали сврши? Не го правеше тоа на почетокот. Вечерва за прв пат анален секс. Добро е што првиот пат бев со него. Вистина е дека млад маж во својот кревет го трга умот од времето и годините. Оваа потреба за маж е толку страшна, толку блиску до желбата за смрт, уништување на себеси, колку долго може да продолжи. . . Четврток, 13 октомври Овде треба да се спомене постојаната меѓусебна поврзаност помеѓу љубовта и желбата за облека, ненаситна. Така беше и во 84 година, кога постојано купував здолништа, пуловери, фустани итн., никогаш не гледајќи ја цената - трошејќи како да нема утре. Ова чекање да заѕвони телефонот, покрај неговата целосна неукостливост - што му значам на него? И јас почнувам да учам руски! Понеделник, 17 октомври Секогаш претпоставувајте индиферентност. Денеска, сигурна сум дека од ова нема да има ништо повеќе, по крајот на октомври, а можеби ќе заврши и порано. Ми текна дека не сум го прашал како се вика сопругата. Вторник, 18 октомври / Среда, 19 октомври 01:30 Замина во петнаесет до еден. Тој води љубов (или подобро, ние) со желба која е се поакутна и подлабока. Тој зборува, пие вотка, и ние пак водиме љубов итн. . . три пати во четири часа. Секако, има многу малку размислување, или поточно, мислата не оди подалеку од сегашноста: плотта и Другиот. Во секој момент, јас сум оваа недостижна присутност - во автомобилот, во креветот, во дневната соба кога разговараме. Неизвесноста им дава на овие состаноци нескротлив, насилен интензитет. Во текот на денот што следи, останувам заплеткана со ова присуство. Во блескави слики, гледам како водиме љубов претходната вечер. Потоа сеќавањата и отрпнатоста испаруваат, а чекањето продолжува. Петок, 21 октомври Ни збор од вторник навечер. Никогаш не знаејќи зошто. Чекање. Трескавично работам во градината. Уште неколку часа и ќе биде предоцна за да се видиме вечерва во Париз. Не сум заплакала, ниту еднаш, откако почна аферата. Можеби ќе се случи вечерва, ако не се видиме. Сабота, 22 октомври Сонував дека го украдов Renault Alpine што го имавме пред девет години. Толку јасен симбол, тој автомобил: предмет на заведување за С., кој е збрлавен по брзи и коли „со класа“. Какво недоразбирање. Сè што го привлекува е мојот статус на писател, мојата „слава“ и сите оние нешта што се изградени врз моето страдање, мојот неуспех во животот, самите сили кои се во игра во нашата врска. Недела, 23 октомври Ова утро сум речиси сама во кафулето Две момчиња во Екс ен Прованс. Нема информации од него од вторникот вечерта. Немам идеја што се случува. Таквата рамнодушност од него, очигледно, ме тера да се плашам од најлошото. Понеделник, 24 октомври 23:10, телефонски повик за состанок во среда (можеби). Очигледно, овие ноктурни работи се помалку значајни за него отколку за мене. Имам премногу време да мислам за страста, тоа е мојата несреќа. Однадвор не ми се наметнуваат апсолутно задолжителни задачи. Среда, ручек со советскиот амбасадор. Сигурно ќе биде присутен С., ситуација и непријатна и возбудлива. За тој да дојде кај мене таа вечер, по јавна церемонија на која се покажавме крајно рамнодушни еден кон друг, би било совршенство. Вторник, 25 октомври Одам да облечам црн костум, зелена блуза и низа бисери, оние што го оставив на себе додека водевме љубов (ако ги препознае кога ќе бидеме на маса). Знам дека никогаш не сум била толку убава како сега, повеќе од дваесет или триесет години - сите ми велат така, а мажите постојано ми се пуштаа, тоа се повтори вчера во Очан. Сега се сеќавам што се случи во собата во Ленинград. Тргнав да си одам, само што требаше да ја затворам вратата позади мене, а потоа влегов назад. Тој сигурно беше токму таму, бидејќи веднаш се фрливме еден на друг. Среда, 26 октомври Како да се опише радоста на тој ручек? За тоа што беше веднаш спроти мене. Затоа што знаев дека ќе го видам вечерта, што знам дека сме љубовници, но не дозволуваме ништо да се препознае (всушност, можеби не покажавме доволно за мојот вкус). Осум часот е. Тој треба да биде тука за час или два. Овие часови на чекање се крајот на светот - голема среќа што се́ уште не е донесена до нејзиниот крај. Пред-среќа. Односно знам дека сешто може да се случи, да не дојде, може да има несреќа. Песната на Пјаф: „Mon Dieu! Mon Dieu! Mon Dieu! Laissez-le-moi encore un peu . . . Même si j'ai tort, laissez-le-moi encore“. Четврток, 27 октомври Среда, 26 октомври, беше совршен ден. Тој ги наведе: неговата кошула Сен Лоран, неговата спортска јакна Сен Лоран, неговата вратоврска Cerruti, панталоните Тед Лапидус. Желба за луксуз, за работи што им недостасуваат во СССР. Како поранешен лошо облечен адолесцент, обземен од копнеж по фустаните на богатите девојки, како можам да го обвинам? И ми се чинеше дека сета негова облека е нова, и дека сака уште да се облекува уште поелегантно. Приказот за додворување. Сето ова, исто така, е убаво. Сега веќе не ја барам вистината во љубовта, туку совршенството на врската, убавината, задоволството. Избегнувај да кажуваш работи што рануваат; со други зборови, кажувај само работи што ќе му се допаднат. Недела, 30 октомври отидов во Ла Рошел. Ведро небо во недела, отворање на пристаништето. Во возот се обидов да читам, опседната со фактот дека неговата сопруга ќе пристигне. Синоќа се јави околу половина час после полноќ, сакајќи да се видиме оваа недела, понеделник или вторник. А потоа, по неговиот повик, реков гласно, неколку пати: „Каква радост!“ Попладнево размислував за денот во декември, на шеснаесет години, кога,за да се сретнам со Г. де В., успеав да војнички да издржам во школо цел ден со треска од 39 степени, а следниот ден бев подготвена да одам во кино со температура од 40. Тогаш тој не можеше да оди . Отидов дома, легнав и се борев со пневмонија две недели. Не сум се сменила. Среда, 2 ноември Вечер. Помина една недела. Моето чувство е, значи, дека ништо повеќе нема да биде толку моќно. Се плашам од ова се повеќе и повеќе. Чувството дека сето тоа полека ќе заврши. Не го зборувам неговиот јазик. Никогаш не ми се јавува, освен за водење љубов (ќе кажев за ебење, поблиску е до поентата). Петок, 4 ноември Годишнината од Октомвриската револуција. . . Тажна мала толпа од советската амбасада, „бункерот“. С. прашува: „Можам ли да пројдам кај тебе попладнево? Не го очекував ова, па оттука и недостатокот на чекање и сонување. Прекрасно време, ги затворам ролетните и неговото тело ми е вратено. Анксиозност за вечерата во Елисеј во понеделник со Чарлс и Дијана. Значи, никогаш нема да заврши, секогаш ќе има нешто уште позастрашувачко од најновиот општествен настан? Значи маката на последниот ручек на Галимард, со Ф. Митеран ќе биде надмината? Нова тетратка. Желби: да имам се́ посилна и посилна врска со С.; да напишам (како што копнеам да направам) поголема, пообемна книга, почнувајќи од почетокот на '89; да нема проблеми со пари. Вторник, 8 ноември Разбеснета анксиозност од доцнење, страв да не се стигне на време за да се биде „во миксот“, пробивање и излегување од сообраќајот во Renault 5 по Шанзелизе и авенијата Марињи. Дали принцот Чарлс беше реален за мене? Кралска вечера, музика. . . Ми падна на ум дека овој старосветски „entente cordiale“(*срдечен споразум) може еден ден да биде збришан од други сили - мислев на СССР и Кина. Можеби минатата ноќ наликувавме на луѓето од 1913 или 1938 година, собрани во истите тие позлатени сали - или, минливо, на оние на вечерата на Мадам Бовари во Вобиесар. С. е роден на 6 април 1953 година. Мајка ми почина на 7 април. Ерик беше зачнат на 2 април. Повторно копнеам да го видам. А сепак сето тоа се сведува на ова: се заебава, пие вотка, зборува за Сталин. Го замислувам како средовечен маж, со мало меше, сив во слепоочниците. Што ќе станам јас во неговото сеќавање? Четврток, 10 ноември Вчера од моите тетки дознав дека мајка ми запознала „добар“ човек во Анеси и размислувала да се премажи. Сега знам зошто отиде кај бајачка: уште имаше иднина, на шеесет и пет, дури и после тоа. Јас сум ќерка на жена која беше полна со желба, и која не се осмели да ја одведе до нејзината граница. Но јас го правам тоа. Сега го чекам С. Присуството на Ерик е неподносливо. Останува до последен момент, ме спречува да сонувам и чекам. Вечер. Се каам што го покажав почетокот на овој дневник на С. Никогаш не кажувај ништо, никогаш не покажувај премногу љубов: Прустовиот закон на желбата. С. го знае инстинктивно. Но, видов дека ја врати страста, со помош од половина шише вотка што ја испи. Веројатно ќе си замине за една година. Тој вели: „Ќе биде тешко“. Отпрвин не разбирам баш, но тој додава: „Се надевам дека и тебе ќе ти биде тешко“. И тоа е неговиот начин да каже дека се грижи за мене. Петок, 11 ноември сфатив дека изгубив контактна леќа. Ја најдов на неговиот пенис. (Мислев на Зола, кој го загуби својот монок помеѓу градите на жените.) Вторник, 15 ноември Чекањето започнува веднаш штом ќе се разбудам. Животот застанува од моментот кога ќе заѕвони на вратата и ќе влезе. Ме мачи стравот дека нема да може да дојде. Убавината на целата оваа афера лежи во нејзината континуирана неизвесност. 16:00 Ќе се сеќавам на овие прекрасни попладневни часови исполнети со сонце во ноември, чекајќи го С. за звукот на неговиот автомобил кој го најавува нашето влегување во она друго време во кое времето исчезнува, заменето со желбата. Полноќ. Луда ноќ. Имаше премногу за пиење. Во десет и пол автомобилот не запали. Глупави, опасни маневри. Го молам да почека, додека моторот повеќе не е поплавен. Тој не може да издржи, или не многу добро. Сака да води љубов во ходникот, па во кујната. Наопаку, многу интересно - смешните акробации на мажот и жената, со цел да се означи љубовта, да се спроведува, одново и одново. Уште повеќе желба. Тој еднаш рече „љубов моја“, но нема да каже „те сакам“, а она што останува недоречено не постои. Среда, 16 Ноември Вчера, како и обично, благ вкус на абјектот. Последен пат се качивме горе: остар мирис на пиво, тој вели „Помогни ми“ (да ејакулирам). Потоа по маката со колата, уште еднаш, во предворјето, полуоблечена, наспроти радијаторот и во кујната. Беше видно пијан, француските зборови му избегаа и речиси престана да зборува, едноставно ме сакаше. Претходно, тој зборуваше за своето детство и за Сибир, каде што работеше на драјвови. За мечките кои талкаат слободно. Тој е донекаде, да не речам многу, антисемитист: „Зарем Митеран не е Евреин?“ (!) Како да не можев да верувам, го сведов на чиста индоктринација, за која тој не може да биде одговорен. Четврток, 17 ноември Циклусот повторно започнува: тажен, летаргичен ден кога не можам да направам ништо креативно. Потоа се враќа чекањето, желбата и страдањето, затоа што сум на милост и немилост на неговите телефонски повици. И морам да пишувам за Револуцијата од 1789 година. Ужасно. Петок, 18 ноември Се разбудив во четири и пол и си помислив, не се јави. Времето напредува - само две недели од приемот во амбасадата за Октомвриската револуција! Тогаш бев многу загрижена за средбата со неговата сопруга, која на крајот не дојде. Тој „треба“ да се јави вечерва. Обично тоа го прави три дена по нашиот последен состанок. Сабота, 19 ноември Навистина се прашувам, дали треба да продолжам да живеам вака, помеѓу очекување и тага, апатија и желба? Целосна сличност помеѓу моето однесување во моментот на смртта на мајка ми и сега: јас секогаш правам нешто за него (како што правев тогаш за неа). Сега ќе одам да купам вотка, а можеби и кратко, тесно „модерно“ здолниште (особено што знам дека неговата сопруга не носи такво здолниште). Вторник, 22 ноември Вечерва забава кај Ајрин. Ќе биде таму со сопругата. Искушение. Особено што подоцна нема да можеме да бидеме сами заедно. Синоќа ми се јави, очигледно веќе пијан (па ова станува честа појава? Не забележав во Москва) и опипувајќи по зборови. Дваесет минути подоцна, тој се јавува и почнува со „И јас“, како да одговара на нешто што сум го кажала за време на претходниот повик, можеби на „те сакам“. Тој е збунет, премногу се смее. Но, тој вели „те сакам“ на крајот, иако дури откако јас го кажав тоа. Вечер: тешко, навистина. Го барав изворот на болката, бескрајната тага што ја чувствував кога се враќав од вечерта кај Ајрин. Марија, сопругата на С., не е многу привлечна - дефинитивно „цврста“, како што велат луѓето за ткаениите. Тагата е поврзана со тоа што знае, преку несвесното сеќавање, нешто од она што таа може да го страда. Јас „бев“ таа, во старите денови, на забавите на кои мојот сопруг покажуваше интерес за други жени, а беше присутна неговата љубовница Г. Неколку пати со интензивен поглед ме поправа С. Затоа, одеднаш решив да разговарам со неговата сопруга. Надолго „разговараме“ со С., неговата сопруга и други. Се однесуваме толку пријатно, кога сме вушност дволични копилиња. Што ја објаснува мојата тага. Тоа, и фактот дека треба да се чека до четврток за да бидам сама со него. Четврток, 24 ноември Денешните разочарувања: (1) Сè уште не ги кажал нежните работи што ги чекав. (2) По настанот за асоцијација Франција-СССР, тој си замина со девојките од амбасадата без да ме одвезеназад во Сержи. И сфаќам дека мојот напис за Револуцијата е ужасно лош. Спиј, да. И веќе се прашувам (но со одбивност), кога ќе се јави? Петок, 25 ноември Два забавни примери на однесување: палам свеќи во црквите за успех во љубовта, а попладнево отидов во делот за секс во одделот за книги во Принтемпс. Ги прелистувам страниците, луѓето доаѓаат и си одат: човек кој исто така прелистува; жена која се допира на мене кога проаѓа, па мислам дека можеби е лезбејка. Потоа до касата, со Le traité des caresses од д-р Лелеу и Le couple et l’amour: techniques de l’amour physique, седумдесет и пет фотографии, осумстотини илјади продадени примероци. Жените стојат во ред зад мене. Останувам со покер - лице. Службеникот ги завиткува книгите. Не плаќам со мојата банкарска картичка, така што никој нема да го знае моето име и нема да ги читам овие книги на RER. Недела, 27 ноември Дали е ова живот? Да, веројатно е подобро од вакуум. Го чекам повикот на телефон што можеби нема да дојде. Не ги отворам книгите за „техники на водење љубов“, плашејќи се да паднам во тортурата на желбата без сигурност кога можеме да бидеме заедно, како луѓето во книгите. . . Признај: Никогаш не сум сакала ништо друго освен љубов. И литература. Пишував само за да ја пополнам празнината, да си дадам начин да го раскажам и издржам споменот на 58-та, абортусот, љубовта на родителите. Ако не се јави до утре вечер, односно четири дена по нашата последна средба, мислам дека ќе треба да почнам да го замислувам крајот и, ако е можно, да направам да дојде побрзо. Оваа недела, запомнете: доаѓањето во сопственост на неговиот голем нов автомобил сигурно ќе го окупира повеќе од која било помисла на мене. ПРОЛЕТ 2022
- Карико и Вајсман ја добија Нобеловата награда за физиологија или медицина за Ковид-19 вакцините
Скопје, 4 октомври 2023 година - Во вестите што ги следи целиот свет, Каталин Карико и Дру Вајсман, двајцата научници кои ги идентификуваа хемиските модификации на нуклеозидните бази на гласникот РНК, денеска беа наградени со Нобеловата награда за физиологија и медицина за нивните откритија, што потоа им овозможи на научниците да развијат ефективни вакцини против КОВИД-19. Нивното откритие овозможи да се направат моќни вакцини против Ковид за помалку од една година, избегнувајќи десетици милиони смртни случаи и го спасија светот од најголемата пандемија во цел еден век. Пристапот кон mRNA што го развија двајцата истражувачи се користи во снимки за Ковид, кои оттогаш се администрираа милијарди пати на глобално ниво и ја трансформираше технологијата на вакцини, поставувајќи ја основата за инокулации кои еден ден можат да заштитат од бројни смртоносни болести како ракот. Каталин Карико и Дру Вајсман Откритијата на Карико и Вајсман беа клучни за развојот на вакцините против КОВИД-19. Техниката на гласник РНК (mRNA) развиена од двајцата истражувачи сега се користи во милијарди вакцини администрирани ширум светот. Оваа технологија им овозможи на научниците да создадат вакцини во рекордно време и спречи десетици милиони смртни случаи. Иако ова откритие беше клучно за развојот на вакцините, треба да се забележи и дека процесот на истражување и развојот на вакцините траеше со децении. Тоа вклучуваше истражување на Универзитетот во Пенсилванија, каде што др. Вајсман води сопствена лабораторија. Освен признанието со Нобеловата награда, заслуга за овие научници е и тоа што не се откажаа и покрај одбивањата и пречките пред нив. Каталин Карико, која стана 13-та жена што ја доби Нобеловата награда, живееше со години со напади и навреди во процесот на собирање финансиска поддршка и се соочуваше со постојана академска опозиција. Според нејзините зборови, таа била принудена да се повлече од универзитетот пред една деценија. Сепак, таа не се откажа и продолжи да работи на истражувањето, а неодамна објави дека планира да основа компанија со својата ќерка. Откритието „фундаментално го промени нашето разбирање за тоа како mRNA комуницира со нашиот имунолошки систем“, рече панелот кој што ја додели наградата, додавајќи дека работата „придонесе за невидената стапка на развој на вакцини во текот на една од најголемите закани за човековото здравје во модерното време. .“ На почетокот, другите научници во голема мера не беа заинтересирани да го прифатат тој нов пристап кон вакцинацијата. Нивниот труд, објавен во 2005 година, беше отфрлен од списанијата Nature и Science, рече д-р Вајсман. Студијата на крајот беше прифатена од специјализираната публикација наречена Имунитет. Но, две биотехнолошки компании наскоро го забележаа трудот: Модерна, во САД и БиоНТек, во Германија, каде што д-р Карико на крајот стана потпретседател. Компаниите ја проучувале употребата на mRNA вакцини за грип, цитомегаловирус и други болести. Ниту една не мрдна од клиничките испитувања со години. Потоа се појави коронавирусот. Речиси веднаш, работата на Карико и Вајсман се соедини со неколку насоки на различни истражувања за да ги стави производителите на вакцини во предност во развојот на вакцини. Тоа вклучуваше истражување направено во Канада што овозможи кревките мРНК молекули безбедно да се доставуваат до човечките клетки и студии во Соединетите Држави кои го посочија патот кон стабилизирање на протеинот на шилци со кои коронавирусот ги напаѓаше клетките. До крајот на 2020 година, помалку од една година од почетокот на пандемијата која на крајот ги зема животите на најмалку седум милиони луѓе на глобално ниво, регулаторите одобрија неверојатно ефективни вакцини направени од Moderna и од BioNTech, кои соработуваа со Pfizer за да ја произведат својата вакцина. И двајцата ја користеа модификацијата што ја открија д-р Карико и д-р Вајсман. Ова откритие на технологијата на гласник РНК има потенцијал да го револуционизира полето на вакцините и медицината како целина.Технологијата сега се користи за развој на вакцини против други опасни болести како што се рак, грип, маларија и ХИВ, кои сè уште е тешко да се инокулираат. Дополнително, се развиваат персонализирани вакцини за рак кои користат mRNA прилагодени на индивидуалните тумори на пациентите. Од нивното воведување во клиничката пракса, вакцините базирани на mRNA се администрираат на стотици милиони луѓе ширум светот. Ова исто така овозможи брзо ажурирање на вакцините против новите варијанти на вирусот. Наградата на Кетлин Карико и Дру Вајсман доаѓа во контекст на растечкиот скептицизам за вакцините во некои делови од светот, особено во САД. Некои скептици го искористија брзиот пронајдок на вакцините како аргумент за намалување на довербата на јавноста во нив. Во Соединетите Држави се дадени околу 400 милиони дози од вакцината Pfizer-BioNTech и 250 милиони дози од вакцината Модерна. Уште стотици милиони се дадени ширум светот. Употребата на mRNA овозможи обете вакцини да се ажурираат против новите варијанти. Д-р Карико во едно интервју објавено од Универзитетот во Пенсилванија во понеделникот се осврна на нејзиното долгогодишно држење на маргините на академската заедница. Во интервјуто, д-р Карико рече дека секој октомври нејзината мајка ѝ кажувала: „Ќе слушам радио во случај да ја добиеш Нобеловата награда“. Д-р Карико рече дека и́ одговорала: „Мамо знаеш, јас никогаш не добивам ниту грант“. Олеснување на мерките за Ковид-19 Сега, кога светот се соочува со нови предизвици и болести, откритијата на Карико и Вајсман се најдобар пример за тоа како науката и истражувањето имаат потенцијал да спасат животи на милиони луѓе. Ова е прва Нобелова награда за физиологија или медицина што ќе се доделува во 2023 година, а во наредните денови ќе бидат објавени и Нобеловите награди за физика, хемија, литература, мир и економија. За најновите вести и ажурирања, следете ја нашата платформа.













