Резултати од пребарување
1180 results found with an empty search
- Низ град во работни денови
Разговор со уметникот Дритон Селмани во МСУ - Скопје По повод отворената самостојна изложба „Лаењето на облаците не ги повредува кучињата“ на младиот косовски уметник Дритон Селмани во МСУ - Скопје, во среда на 7 декември, во 13 часот, во кино салата на музејот ќе се одржи презентација и разговор на авторот со кураторот Владимир Јанчевски. Влезот е бесплатен. Ќе стане збор за специфичниот процес на конципирање, селекцијата на дела и поставувањето на изложбата, како и темите, кои се во фокусот на уметничката работа на Селмани. На изложбата во МСУ - Скопје се презентирани избор на дела, во различни медиуми, кои се обидуваат да воспостават нови релации во дадениот контекст, јасно покажувајќи ги начините на кои Селмани духовито користи специфична форма на хумор за да го истражи и преиспита секојдневието, коешто обично се врзува за апсурдни традиции и хиерархиски структури. Настанот е дел од програмата на презентации и разговори со младите уметници, наградени за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ - Скопје, како и од едукативната програма на Музејот, наменето за студенти од факултетите за уметност и историја на уметност, млади уметници, а отворено е и за пошироката публика. Дритон Селмани (Урошевац, Косово / 1987) во моментов работи и живее во Приштина и Догановиќ. Магистерските студии ги завршува на Универзитетот за уметност во Бурнемут, Велика Британија. Селмани пристапува кон идејата за перципирана реалност со деконструирање на формации на социјалните, политичките и културните теми што биле отелотворени околу него. Додека бил млад, му велеле да обожува земја која повеќе не постои, што го натерало да заземе еден основен став на скептицизам кон секоја наводно дадена реалност. Подоцна, го користи ова како корисна алатка за реконструкција на неговите верувања во визуелни артефакти. Во 1999 година, старите симулакри се заменуваат со нови; украсите на претходниот простор се обновени и се расплетуваат со нови значења, но и нови неизвесности. Селмани се конфронтира себеси како спектатор на овој „тековен настан“ и се позиционира како актер, изведувајќи ги своите перформанси засновани врз неговите лични истории, верувања и сомнежи. Изложувал на самостојни и групни изложби (во Стационарниот центар за современа уметност Приштина, Музејот „Лудвиг“ во Будимпешта, „Кунстраум Нидеростерајх“ Виена, „Каса Контемпоранеа“ Сао Паоло, Медитеранско Биенале 16 Анкона, У10 Белград, 5-то Биенале во Маракеш, Фестивалот на светлината во Амстердам, „Фабрика дел Вапоре“ Милано, Биеналето во Брегенц, „Ексчиесета“ Полињано-а-Маре, Национална уметничка галерија Тирана, Центар за современа уметност Солун, Еугстер || Белград, Фестивалот на светлината во Норкепинг, Кунстмузеум Базел, како и на 14. Манифеста во Приштина, 2022). На овој настан ќе биде промовирана и публикацијата за изложбата. Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Р.С. Македонија и ќе биде отворена до 25 февруари 2023 година. Промоци ја на ВЕСНИК ПОЕЗИЈА на Матеј Богдановски Верувале или не! П.Ш. во соработка со уметникот М.Б. го материјализира првото издание на колаж поезија во тираж од 100 примероци, со корици во сито печат и фотокопир содржина. По тој повод Ве покануваме на промоција на ВЕСНИК ПОЕЗИЈА на Матеј Богдановски, на Винил Среда кога ќе интервенираме со колаж од тазе дневни весници врз “отвореното платно” во дворот на Ла Кања. И плус од карти два нови плакати во сито печат на авторот М.Б. и тоа еден со црна овца, а друг во шест бои! П.С. Добредојдени се сите да се вклучат во процесот на колажирање преку сецкање, пасирање, лепење, денсање, пијуцкање, џускање или певуцкање. П.П.С. За музиките ќе се криви Дарко и Дејан. Од нас толку, а малку повеќе од другарот Матеј Богдановски за тоа зошто, како, што весник поезија! Весник поезијата се јави како резултата на моето играње со колажот. Уште пред неколку години во еден друг циклус јас се играв со насловите од весниците, но ограничувајќи се само на еден наслов на кој му ги извртував зборовите и со тоа добиваше поинакво, да речам, апсурдно значење, со кое сакав и да го доловам моето доживување на нашите состојби во општеството. Со весник поезијата само отидов чекор понатаму, со тоа што "песните" се составени од повеќе наслови, не е битно колку и од кој весник. Весник поезијата не ја создавам со претходно смислени стихови за кои јас само барам зборови од весници, туку самата инспирација доаѓа моментално со разгледување на насловите и нивно сецкање, Така доаѓам до некој почетен збор или дел од реченица и потоа го надградувам барајќи му соодветни реченици кои ќе дадат некаква поетична смисла. За правење на песниве ги користам нашиве дневни весници. Не ми е битно кои се. Битно е фонтот да е јасно читлив и затоа ги бирам поголемите наслови. Не може да има недостаток од содржина бидејќи јас и се прилагодувам на содржината која веќе е дадена и со тоа работам. Како што спомнав веќе, тоа е главниот штос кај весник поезијата. В.П. не е усмерена кон една одредена проблематика во општеството. Но секако би ја нарекол општествено засегната. Тоа доаѓа од една страна и од самата содржина на весниците кои се секогаш актуелни збиднувања и се од разни сегменти на живеењето, економија, политика, спорт, забава,култура…од друга страна, колку и да звучи надреалистична, сепак оваа поезија сакам да го рефлектира општеството на некој начин, Можеби како во некое скршено огледало но сепак одразот е негов. Изложба на Владимир Георгиевски Во Музејот на град Скопје на 7 декември (среда) оваа година, во 20 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници - ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ (1942-2017). Делата на Георгиевски, работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел, ќе бидат поставени во целиот галериски простор на Музејот. Воедно ќе биде промовирана и монографија за неговото творештво во издание на Музеј на град Скопје. (Издавач: Музеј на град Скопје; автор: Емил Алексиев; текст: Емил Алексиев и Никола Пијанманов; 160 стр.; 120 колор илустрации; формат 22х22; тираж 350 примероци од кои 50 со тврди корици, печат: Датапонс, Скопје 2019). Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје, во соработка со легатите на уметникот. Куратор на изложбата е Емил Алексиев. Чудо на Балканот: ЗЏМ БИГ БЕНД И РАМБО АМАДЕУС ЗЏМ со нов концерт: несекојдневен настан на кој ќе имате можност да ја сведочите генијалноста на едно од најголемите имиња на Балканот - Рамбо Амадеус, во придружба на нашиот единствен и неповторлив ЗЏМ БИГ БЕНД. Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд. Рамбо Амадеус е артист кој доаѓа од Црна Гора и делува како музичар и поет, гитарист, па и еко-активист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови кои честопати ги критикуваат општествените појави кои нѐ засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Напротив, секое слушање е ново доживување и умешна импровизација која зборува за човековата природа. Промоција на „Градот Вабу и потрагата на Нави“ од Симона Јованоска Промоција на илустрираниот роман за деца на Симона Јованоска, со илустрации на Алексеј Костовски 8 декември (четврток), Детски креативен центар во МКЦ, 18:00 Во рамки на промоцијата, ќе има и читање на делови од книгата и креативна работилница за деца на возраст од 5 до 9 години, инспирирана од градот Вабу и неговите жители. Нави и неговиот син балон ве очекуваат! Додека Нави го набљудуваше балонот, балонот ја набљудуваше собата на Нави: мал кревет со две перници, полица со три фиоки, што ли се крие внатре? Мала полица со книги и уште една со фотографии во рамка, закачалка, глобус и многу играчки! – Хм, за џабе си го губам времето, ти си само еден обичен балон – си рече Нави и отиде да си игра. Малиот новогодишен Темплум саем #13 Понеделник, 05.12., 17.00 ч. „За оние по нас. План за поттикнување читачки навики кај младите“ Резултати и дискусија за проект на Сказнувалка; подароци за присутните: разни промотивни материјали Вторник, 06.12., 12 ч. Доделување на наградата Новите! за 2022.
- Искрено... небитно
Не се поминати ниту два дена откако Дрејк (Drake) издаде изненаден албум, кој од друга страна дојде еден ден после најавата дека Бијонсе (Beyonce) ќе издаде албум кој го снима со години, активно, и за кој веќе се зборува дека ќе биде најамбициозниот албум кој го направила до сега, и - конечно ќе излезе од „поп„ жанрот. Да се натпреваруваш со Бијонсе дури и да издаде просечен албум е невозможна битка, па може сосема слободно да се заклучи дека од овде доаѓа избрзаноста. Првите реакции се - разочараност дека Дрејк не рапува. Дека експериментира. Дека има Зара/H&M/музика за во лифт или во најдобар случај - музика за на Ибица и Миконос, за покрај базен, со раскопчана кошула, додека пиеш коктел и добиваш педикир. Но, ние после три недели активно слушање на последниот албум на Кендрик Ламар „Мр.Морал ...„ - сѐ уште не се чувствуваме дека го имаме дослушано. Дрејк е далеку полесен колку и да е мрачен на моменти - во музичка смисла, не е толку комплексен - и сепак мислиме дека не е фер да се даваат квалификации како што доби после само еден ден. Па да почнеме со белешката, или изјавата која ја прикачи на албумот, посветена на починатиот Виргил Абло, а во нејзе се обраќа на Кање Вест, веројатно на роматничниот интерес, и открива каде е во моментов. Дозволувам мојата понизност понекогаш да се претвори во утрнатост, оставајќи го времето да си помине знаејќи дека имам издржливост за да ја фатам друг пат. Работам со секој здив во моето тело затоа што работата, а не воздухот, е она што ме прави да се чувствувам жив. Тоа е некое навистина погубно срање, но тоа е тоа срање кое на мојот перфекционистички ум навистина не му пречи затоа што никој не знае што ми е на ум кога одам да спијам во 9 и се будам во 5 - освен ако не го кажам тоа во рима. Не можам да се сетам кога последен пат некој го оставил телефонот, ме погледнал во очи и ме прашал за мојот тековен увид за времињава Но, се сеќавам секој пат кога некој ми светнал светлина во очите. Намерно се обидувам да заборавам што се случуваше помеѓу мене и некои луѓе, бидејќи знам дека не сум човек што простува дури и кога се обидувам Мојот порив за одмазда го победува во играта против добриот човек во мене секој ебен пат Имам планови за кои не можам да зборувам со повеќе од 4 типови, затоа што последен пат кога ги споделив со некој однадвор...па - тоа е друга приказна за друга ноќ Се обидував да прејдам преку таа изјава за да кажам дека не сум @ период во мојот живот кога тапкања по рамо ми помагаат Ќе ја изберам лојалноста пред оф леле и оган емоџи Знам дека тоа да беше темна ноќ каде што сите шанси беа против мојата страна и мојата вештина отиде кај оној што ми го одзеде животот, тие се отарасија од мене со широка насмевка и можеби дури и ја постираа за пар лајкови Знам дека сите што ми кажува дека ме сака, не ме сака постојано, особено кога ми оди подобро од само добро и мораат да го гледаат тоа од која точка и да се во животот Стигнав до овде со тоа што бев реалистичен Не стигнав до овде како слепец Знам што е што и особено што и кој е покрај мене Искрено...Не е важно. ПОСВЕТЕНО НА НАШИОТ БРАТ В - Дрејк
- Кејт Бланшет се игра себе
Ѕвездата на „Tár“ повторно се соединува со нејзиниот партнер од првата сцена за разговор за слушање музика, одење пред публиката и уметноста на глума во животот и во филмовите. Од Адам Гопник 14 февруари 2023 година Се запознав со Кејт Бланшет во 2021 година, на снимањето на филмот на Тод Филд „Tár“, во кој таа ја глумеше Лидија Тар, очигледно застрашувачка диригентка на оркестарот, а мене ми беше доделена улога на високо исценирана, и прифатливо засилена верзија на себе. Филд ми се обрати неколку месеци претходно за да ми каже, запрепастувачки, дека напишал филм за Бланшет во кој исто така има лик што го носи моето име. Дали би ја играл оваа дубиозна улога? Бев импресиониран од претходно сработено на Филд, и лесно беше да се убедам да ја истакнам мојата најдобра самоимитација поради делумно гофманистички причини (како социологот Ервинг Гофман, фасциниран сум од тоа како сите ние се играме себеси како улога) и делумно Гручоит (јас сум хем глумец* кој сака да глуми во работи). *хем глумец - оној кој театрално, преглумува, со претерување Сепак, главно, ме заинтригира идејата да работам, дури и на про-ам основа, со Кејт Бланшет. Како и сите други, јас со години ја гледав во филмови и бев воодушевен од нејзината навидум неограничена дарба за олицетворенија во возвишена, театарска смисла. Таа без напор, беше веродостојна, играјќи ја која било жена, од вилинската кралица во трилогијата „Господар на прстените“, до пореметената њујорчанка во „Синиот јасмин“ на Вуди Ален, и не само жени, кога ќе размислам , бидејќи таа исто така имаше незаборавен обид како Боб Дилан, во „Јас не сум таму“ на Тод Хејнс. Во текот на многуте часови на снимање на нашата сцена - инсценирано интервју на фиктивна верзија на Годишниот фестивал во Њујоркер - бев погоден, не од очигледната виртуозност на Бланшет, туку од нејзината професионалност, што, се разбира, е прагматична форма која таа виртуозност ја зема. Земи по преземање, таа наоѓање нови нешта, во нашиот прилично дискурзивен материјал, што некако ја дополни целината без воопшто да го наруши континуитетот на работата на претходните . Во меѓувреме, во предвидливите бескрајни паузи помеѓу снимките, водевме долги sotto-voce* разговори за Семјуел Бекет, австралискиот театар, јадење во Берлин и, пред сè, нашите деца (таа има четири) и задоволствата и тешкотиите на нивното одгледување. *лат. во пригушен, тивок глас, за да не бидат чуени. Пред некоја вечер, се сретнавме за друг разговор, во мојот стан во Њујорк, за кој таа се согласи да ја игра Кејт Бланшет, додека јас би продолжил да се играм себеси. „Имав таков страв од превртена сцена“, ми рече таа кога пристигна. „Тоа е како да ќе вежбаме за сцена од филм што веќе сме го снимиле“. Но, брзо се договоривме да разговараме за слушање музика, одење пред публиката и за актерската уметност, видена и од нејзината олимписка висина и од моите лилипутски низини. Ова е најмета-приликата во која што сум учествувал. Повторно правиме, за Њујоркер, разговор, што го симулиравме во Берлин, преправајќи се дека сме.. Каде што се играше себе. Па, јас играв верзија од себе. Играв дел кој, всушност, често го играм во животот, што е . . . соговорникот, нели? Но, тоа е улога што ја играм. Не сум тој, во ниедна смисла. Така, јас ја играв таа улога, но се играв и себеси, како личност во Берлин. Па јас се играв себеси, кој се игра себеси, кој се игра себеси. Знам. Чарли Кауфман ќе се јави. Првите две реченици се моја изведба. Но, тогаш сфаќате дека Кејт Бланшет всушност дава изведба затоа што ја глуми Лидија, а Лидија е таа која има тешкотии затоа што се игра себеси. Тоа е тешката ситуација на Лидија: да се игра себеси. Имаше ли очекувања кога Тод Филд ти го испрати сценариото? Не, не знам што ти чувствуваше, но се чинеше дека пристигна потполно формирано. Тоа е малку како „Морк и Минди“. Значи, мораше да направиш обратен инженеринг како стигна таму. И мислам дека тоа е многу предизвикувачки филм, но на крајот и многу наградувачки филм како резултат. Разговорите на мене и Тод, ни беа многу практични. Тоа беше цунами кое постојано се развиваше. Процесот на создавање, беше да се обидеме да се приближиме до огнот што е можно поблиску и да разбереме што е тоа, затоа што мислам дека еруптираше од Тод и дека му беше сосема логично на едно ниво. Но, тогаш тој мораше да го деконструира за всушност да го направи реконструиран. Тод не е програмски уметник. Тој немаше уредничка идеја што сакаше да ја изврши. Тој имаше визија за одредена личност која се движи низ светот. Дали почувствува, кога го прочита на почетокот, дека нема програма? Дека е вистински емотивно амбивалентно и сложено? И многу двосмислено. Да. Можеби тоа се обидував да го кажам, а не знам каде си позициониран како писател: многу е тешко да не се заклучи таа нејасност многу рано во процесот и да почнеш да кажуваш: „Разбирам што е ова, и ќе се впуштам кон она што го гледам дека е“, но да му дзволиш постојано да се развива и да се менува и расте. Го имав тоа во театарот. Имав многу длабока врска со режисерот Бенедикт Ендрјус. Можам да го видам со мојата периферна визија, речиси како диригира како да сум актерка во нем филм. И така, [Тод и јас], ја имаме оваа симбиотска врска. И јас го чувствувам тоа. Тој е како Мартин Скорсезе. Тој не седи зад мониторот, туку покрај камерата. И можете да ја почувствувате енергијата. Тој не нѐ хранеше со реплики, но речиси можев да почувствувам дека канализирам нешто преку него. А Тод не делуваше програматски. Тој исто така не дава рецепти. Обично, кога некој напишал нешто толку префинето, длабоко и опасно како што беше сценариото кога првпат го прочитав, тогаш ќе помислите дека тој ќе има скалпелски прецизен пристап кон типот на изведба, што не го направи. Тод рече дека не го напишал сценариото, со тебе како негов прв избор. Тој го напиша тоа за тебе, а ако ти не сакаше да ја прифатиш улогата, тој воопшто немаше да може да го направи филмот. Дали го знаеше тоа кога ти го испрати? И која беше твојата прва реакција на сценариото? Дали воопшто се двоумеше? Не, не се двоумев. Мојот агент, Хилда, го познава Тод долго време. И го запознав Тод пред десет години, кога работеше со Џоан Дидион на сценарио. Очигледно ги гледав неговите филмови и ги сакав, и ја знаев неговата работа како актер, а потоа открив дека е музичар, па затоа се поврзавме неверојатно добро. Не останавме во контакт, но мојот агент рече: „Треба да го прочиташ сценариото“. И таа ми го кажа тоа само уште еднаш, и тоа беше кога Тод - другиот Тод, Тод Хејнс - го испрати сценариото за „Јас не сум таму“. Ќе додадам дека кога Тод првпат стапи во контакт со мене, мислев дека тоа е Тод Хејнс. Значи не го знаеше? Јас не. Тој стапи во контакт со мене од нигде-никаде, и ми рече: „Има лик во овој филм кој го има твоето име. Дали би бил заинтересиран да го играш?“ Кога прочитав, реков: „Подобро да му се јавиш на Адам Гопник“. Лоренс Оливие славно рече дека сака да работи однадвор навнатре - од костими и шминка и сето тоа. И јас бев толку запрепастен кога видовме слики од тоа што ќе облечеш. Како стигна до тоа? Нема да речеме дека е изгледот на Ени Либовиц, но . . . Ги гледав сите. Беше гледање диригенти како зборуваат за диригирање и гледање концертни музичари и како тие се претставуваат. И има многу, многу документарни филмови кои беа хагиографии, всушност, визуелни хагиографии кои зборуваат за Херберт фон Карајан и личноста - Да не те прекинувам, но дали случајно го гледаше тој прекрасен, чуден филм за Вилхелм Фуртванглер и Третиот Рајх? Да, да, фасцинантно. Сите тие детали, толку интересни. Но, Бина [Дајгелер, костимографот] - ја направивме „Госпоѓа. Америка“ заедно, и таа е толку фантастична. Значи, разговаравме многу за тоа. Почнавме некако чудно, со косата, бидејќи гледате машки диригенти, а некои машки диригенти зборуваат за одземање на внимание на подиумот. Но, што диригентите избираат да носат или не, како да се претстават таму, е дел од изведбата. И тие треба да влезат како маестро. Гледав во односот на многу машки диригенти со нивната коса со текот на времето. Како Лени Бернштајн, нели? Да точно. И така, тогаш само се размислуваше за: ова беше некој што оживеа во движење. Тоа е како кога сте на сцената, треба да го ставите балетот во костим, за да можете да се движите. Тоа беше, исто така, враќање на практичното ниво - тие беа многу долги денови. Затоа, јас и Бина разговаравме, смисливме каква ќе биде силуетата, што носи таа, а Тод беше многу, многу наклонет кон бејзбол капчето, така што тоа беше некако клучна точка. И, исто така, да се биде отсечен како Американец во класичната музика на стара Европа - зборуваме за парајата. Мислам, прочитавте многу за односот помеѓу фон Карајан и Бернштајн и таа долга препирка. Бернштајн никогаш не бил навистина поканет таму [за време на мандатот на фон Карајан]. Но, мислам дека фон Карајан беше прилично опседнат со него. Тие станаа полнолетни, професионално, во истиот момент, веднаш по војната, а фон Карајан, кој беше во Берлинската филхармонија, славно му рече на својот оркестар: „Ние ќе правиме музика како што вие секогаш сте правеле музика“. А Бернштајн е Евреин кој доаѓа во времето кога Њујорк станува доминантна културна сила. Да. Беше навистина, навистина комплицирано. Сите овие разговори одат во лонецот. Така, ме натера да размислувам многу за тоа што му дава право - колку часови на сцена ви се потребни пред да можете вистински да ја играте Бланшет или некоја од одличните улоги? Сепак, сите овие ликови се напишани во доцните дваесетти, раните триесетти. Бланшет е толку млада жена, но таа е толку стара душа. Тоа е прекрасното нешто за да се биде во театарот, дека времето е толку еластична работа. Почнав да размислувам [Лидија] да нема ментор. И така, кој всушност ја менторираше, и како таа создаде чувство за автентична врска назад во музиката што ќе и даде дозвола како Американка дури и да добие шанса да ја свири оваа музика? Затоа, изградбата на себе за неа беше спасувачки чамец, и беше доста важно да се дозволи вратата да остане отворена. Да точно. Тоа е скелето што и треба за да се искачи на позицијата што таа заслужува да ја има. Тоа е она што го прави комплицирано. Но, сепак, во визуелна смисла, тогаш требаше да и дадат пристап на публиката до нејзиното чувство за автентично јас - иако таа е толку отуѓена од себе и оттргната - кога е во текот, кога е во центарот на тој звук. Марта и јас и нашиот син Лук отидовме на проекција и го гледавме филмот и вашата извонредна изведба. И тогаш стигнавме до крајот. Кога се враќавме, имавме дебата меѓу тројцата, бидејќи секој од нас сосема различно ја доживеа завршницата. Лука го виде тоа како нејзино оправдување: Лидија има оркестар. Додека јас, како многу поконвенционална личност, го сфатив тоа како еден вид понижување: таа мора да го направи овој настап за публика од косплеери. И сигурен сум дека намерата на Тод беше првата повеќе од втората, не мислиш? Но, убавината на тоа е нејзината двосмисленост. . . Да, мислам дека е, затоа што е во името, и таа ги прави овие анаграми [во филмот.] Откако стигнав до анаграмите, постојано велев: „Тар е толку тешко име. Можеш ли да ставиш уште едно „Р“ на крајот? Тоа е Tarr“. Реков: „Кој ќе оди да го гледа филмот „Катран“? Тогаш бев во Будимпешта, а зборот за „аптека“ - морав да го побарам за да го изговорам - има t-á-r, со акцент. И го фотографирав „тарот“ и реков: „Гледај, барем тоа му дава малку елан“. Да. Па, не само што се охрабрува, туку можете да замислите дека му дава еден вид имплицитна позадина, нели? Да. Дека Линда како млада девојка го видела тој збор на фотографија или нешто слично. . . . Кога ги видов анаграмите, си помислив, не можам да играм rat (стаорец). Тој е толку неостварлив, Тод - прекрасно неостварлив - но затоа е многу магнетен и привлечен, и како личност и како режисер. Тој рече: „Па, да, претпоставувам дека анаграмот на Tar (Катран) е Rat (Стаорец). Претпоставувам дека е. И му реков на мојот сопруг: „Не можам да играм на тоа ниво на проценка. Мора да го смениме името“. А тој - мојот сопруг - само многу едноставно рече: „Тоа е исто така анаграм на Art (Уметност). Толку сум буквалист, но секако кога првпат го прочитав крајот бев во длабока депресија од него. Но, тогаш во неговата изведба бев целосно ослободена. Го слушав Џон Маучери како зборува за тоа како една од најтешките работи што некогаш ги направил е да мора да свири на клик трака кога прави музика на ниво на Холивуд - затоа што имаш туѓ ритам и туѓа музика, а треба да го оживееш. И си помислив, како актер ми се вродени. Имате туѓ ритам, особено кога се занимавате со ново дело, што е сценариото, нели? И кога некој пишува ритмички како Тод. . . но, да, треба да измислиш нешто, треба да го оживееш и сето тоа треба да го отфрлиш и да живееш со другите актери. Така постојано се прилагодувате. Чувствував, на некој начин, дека едноставно се работи за тоа да се биде во центарот на звукот и да немам чувство за расудување за тоа што е тој звук. Беше ослободувачки. Морам да ти кажам, разговарав со прекрасен композитор кој често пишува филмски партитури и крајот беше единствениот дел од филмот што не му се допадна, бидејќи мислеше дека е имплицитно снисходливо со пишувањето филмски партитури, што беше најдалечното нешто. . . Да. Не знам дали ви го кажав ова, но работев со месеци со Натали Мареј Бил, мојата пријателка, која ја доведов само за да ми помогне во диригирањето. Бев во Будимпешта за да разработам делови од Малер. Некако можев да ги прочитам тие четири или пет страници од партитурата, така што точно знаев за што зборувам. И затоа сакав да ја добијам музиката што ќе се пушта за Monster Hunter. [На крајот од филмот,] станувам на подиумот. Само што се движев низ музиката во мојата глава во тишина. Но, додека се движев низ ова, пред студентскиот оркестар, штом ја кренав раката почна да се слуша звукот, а потоа продолжија, па јас продолжив да диригирам. Леле. И тогаш само продолживме да го правиме овој звук заедно, надвор од делот што го проучував. Тоа беше твое одмаздување, твое оправдување како диригент. Беше зачудувачки, бидејќи тие се поднаведнаа, гладни за насока. Дали си учела пијано како дете? Како се изградија твоите музички вештини? Учев. Одите и гледате студенти по глума од Источна Европа, и тие отидоа на многу скапи академии, и сите можат да свират на пет инструменти и да зборуваат седум јазици, и можат да стојат на една рака. И јас си мислам, па, зборувам англиски, можеби. Свирев пијано како девојче. Свирев рекордер. Но, кои се моите комплети вештини? Постојано велев, со секоја бременост: „Ќе се вратам и ќе дипломирам финансии и ќе учам клавир“. Но, тоа е многу тажно обвинение за мене. Мора да ме турка некоја улога за да одам и да го направам сето тоа. Ќе ти кажам дека сега доцнам триесет и девет години за да ја предадам мојата докторска теза. Мислам дека си надокнадил за нејзе. Па, но не во моето семејство, бидејќи сите мои пет браќа и сестри имаат докторати освен мене, така што . . . Тоа е незавршена работа. Компетитивна недовршена работа - уште полошо. Значи, не, беше прекрасно да се врати музиката во мојот живот, бидејќи има таква какофонија во мојата куќа. Слушам музика само на длабок начин, мислам, веројатно од пандемијата - откако се врати малку тишина, бидејќи имав малку простор во автомобилот. Тоа беше како да сум во пловечка комора. Не сакав ниту еден звук да дојде во мојот свет. Исто така, сакам винил. На некој начин, албумите се како симфонии, составени по редослед, затоа што увото ви се води на начин што целосно го заобиколува интелектот - можете да го интелектуализирате подоцна, но дури и современата музика се составува на начинот на кој се произведува албумот. Тоа е толку важно. Неговиот ритам, неговиот редослед. Да, тоа е вистина, и ние го губиме тоа. Функцијата шафл. Се обидувам да им раскажам на нашите деца за тоа како, кога растевме, првата и втората страна од албумот на Битлси беа клучни, а беше суштинско различно да се знае што има на првата страна. Потоа му дојде крајот, и вие го превртевте и имавте посебно искуство на втората страна. И тие немаат интерес за тоа. Но, тоа е точно за пандемијата. Тоа беше некако последен пат - или прв пат по долго време - класичната музика изгледаше важна за толку многу луѓе. Се сеќавам во екот на пандемијата, кога сите моравме да ја прскаме боранијата со дизентал, си помислив, ОК, секоја вечер ќе морам да прскам сè што имаме во кујната, па ќе одам да ги слушам ги квартетите на Бетовен. Конечно ќе стигнам да го направам тоа. Да, правевме многу репетитивни, монотони мали задачи, па така што навистина можевме да бидеме присутни. И мислам дека тоа е нешто во врска со овие навистина густи дела како музика во позадина. Едноставно не можам да го сторам тоа. Морам да седам. Дали те држи од филмот до сега? Мислам, дали одвојуваш време само за да слушаш? Да, да. Па тоа е фантастично. И морам да ти кажам, имав толку многу моменти на чиста радост правејќи го овој филм. Јас сум многу воздржана кога зборувам за работата на него, затоа што чувствував такво ослободување и слобода, веројатно во голем дел затоа што музиката се врати во мојот живот во таква близина. Но, исто така, да се биде со луѓе en masse, повторно заедно - и да се биде во тој навистина опасен простор во кој мислам дека толку често избегнуваме да бидеме како уметници, вклучително и јас, но и како луѓе, помеѓу хаосот и редот - беше толку радосно. Да, и на тој начин беше среќен сет. Мислам дека никој не знаеше на висцерално ниво дека правиме нешто. Тод и јас постојано го нарекувавме, чудовиште што беше заклучено во плакарот. Постојано го нарекувавме „нештото“. Никогаш не го нарекувавме филм или сцена. Беше „нештото“. Се сеќавам, всушност, дека Тод ми рече кога пристигнав: „Сега ќе го направиме Гопникот“. Гопникот, да. Јазикот може да биде отворен прозорец, и може да биде остров до кој се плива, или може да биде враќање дома, но понекогаш може да биде затвор. Можеби тоа е причината зошто не зборувавме за тоа - нештото - премногу, затоа што не сакавме да го натежнеме. Или да го дефинирате. Затоа што она од што публиката секогаш е возбудена е прашањето. Не од одговорот. Тоа е точно. Има многу работи што таа ги кажува за кои сфаќате дека ги слушнала - таа го слушнала Бернштајн да го каже тоа или некој друг. . . . На сцената на Џулијард. . . Да, да. И ги имаше оние мали моменти каде што се чувствуваше, таква може да биде таа. Тоа е нејзината големина. Таа не мора, неопходно, да го гледа тоа, бидејќи ние ја гледаме. Публиката е мува на ѕидот. Знаеме повеќе за Лидија Тар отколку што таа знае за себе. Што е дел од нејзината неволја. Сакав да кажам: Некако бев запрепастен од некои од реакциите на филмот. Мудри сте да што држите подалеку од тоа, очигледно. Да. Ние немаме сопственост над тоа, ниту пак треба да имаме. Како луѓето го дефинираат и легнуваат во него и дискутираат за филмот, не е наше да бидеме вклучени во тој процес, на кој било начин. Длабоко верувам дека ова е вистина. Сепак, понекогаш е провоцирачки, бидејќи има работи во филмот кои изгледаат толку восхитувачки, а со кои повремено се зајадуваат, како што неизбежно се случува. Едната е дека муабетот во филмот за класичната музика е елитистички или тежок. Ова ми се чини дека е најдалечното нешто на светот од вистината. Луѓето кои страсно се занимаваат со својата работа зборуваат за работата што ја работат. И тоа е дел од радоста. Тоа е како да го гледате „Аполо 13“ и да кажете: „Па, тие премногу зборуваат за вселенската програма“. Тоа е материјалот. Тоа е во нашите моменти на страст, без разлика дали се тоа видео игри или камиони со чудовишта или Малер. Тоа е кога одлетуваме. Тоа е кога забораваме на нашето физичко јас и комуницираме со таа работа. И претпоставувам дека научив да се потпирам на својата дружељубивост, но инхерентно сум прилично срамежлива. И мислам дека и Тод е исто така. Многу. Исто така, благодарна сум што ја имавме оваа огромна работа меѓу нас за да разговараме. Да. Како резултат на тоа, станавме многу добри пријатели, затоа што, приклонувајќи се кон вашата страст со другите луѓе колективно, вие секогаш несвесно изложувате делови од себе, и позитивни и негативни. Затоа ги сакам просториите за проби затоа што луѓето ќе го внесат конусот на тишината. Тоа е попочитувано и, мислам, интимно. И толку многу луѓе биле откриени јавно преку наводниот конус на молкот на А.А. Многу работи се откриваат во просторијата за проби што останува таму. Има многу почит, оние во кои сум била. Размислував за ова кога работевме. Ти си некој вид на театарски-отпечатен актер, нели? Суштество. Суштество, да. Но, тоа е сепак основа за тебе- искуството на театарот. Бев толку изненаден кога работевме заедно што ќе најдеше нешто ново во нашите разговори секој пат кога одново ќе го направевме, а сепак имаше дисциплина да знаеш дека тоа мора да биде во континуитет со се друго што сте го правеле во претходните два денови. Да. Научив да го преведувам искуството што го имате од првата недела, до втората, па до третада недела, проба од првата до втората до третата снимка. Влегуваш со обидот да најдеш нешто ново. Мислам дека треба да имаш многу силно трето око, затоа што треба малку да го забавите, не од внатрешни ритмички причини, туку едноставно затоа што камерата нема време да заобиколи таму. Можам да почувствувам дека светлината удира во леќата таму, и изгледа многу подобро. Така, го развивате тоа техничко 3-Д чувство колку подолго го правите тоа. Но, она што го најдов - што не беше во нашата сцена, затоа што имавме публика, иако им беше кажано каде да се смеат. . . Така, само за појаснување, на публиката ѝ беше кажано на германски каде да се смее на работите што ги кажуваме на англиски. Да. Но, работев со актер кој оттогаш почина, одличен англиски актер, и бевме на Вест Енд, и тој ќе го направи ова - продолжувам да го користам тој збор - оваа техника што ја имаше, а режисерот беше навистина лут, бидејќи секогаш добиваше [аплауз] додека заминуваше. Режисерот рече: „Морам да му кажам да престане да го прави тоа“. Постои техника - која одбив да ја научам - да ги натерате луѓето да продолжат да аплаудираат на крајот. Така… И тие го прават тоа во оркестарската музика многу, но можете да го заобиколите гледајќи ја публиката на одреден начин. Така знаев дека тоа е вештина која Лидија Тар. . . Би ја имала, да. Иако публиката не зборуваше англиски, знаеше кога да се смеат, бидејќи јас им давав знак. Но, нешто што морав да го научам во театарот е дека сфатив дека враќањето на сцена откако ќе се спушти завесата е агонија. Навистина? Затоа што сè уште излегувате од нешто. Тоа е како кога одите и гледате пријатели кои штотуку се симнале откако завршиле голем концерт, а тие сè уште се . . . Сè уште не се вратиле во другото јас што го глумат. Така. Тоа е омилен момент на мојот сопруг, гледајќи актери непосредно пред да излезат на сцената. Тој лиминален момент. Но, сфатив дека изложувањето на повикот на завесата - или она што ми се чинеше, како млад актер, само-величањето со стоењето таму - е неверојатно тешко. Работев со прекрасен театарски режисер, Бари Коски, со кој бев на универзитет, а тој ја водеше „Комише опера“. Тој е неверојатен пијанист, неверојатен диригент и неверојатен режисер. Тој навистина им се лутеше на австралиските актери затоа што не ́и́ дозволуваше на публиката да го има тој момент. Тој рече: „Доста со таа лажна понизност. Застанете таму. Аплаузот е за публиката. Всушност не се работи за вас. Тие седат таму и присуствуваат на оваа вечер. Тие го комплетираат кругот“. ♦︎ Адам Гопник е писател за Њујоркер од 1986 година. Тој е автор на, неодамна објавената, „Илјада мали разуми: Моралната авантура на либерализмот“.
- Погледнете два од номинираните документарци за Оскар
Номинациите за деведесет и петтото доделување на Оскарите вклучија пет номинации за филмови продуцирани од Њујоркер. Меѓу номинираните на магазинот има и пар кратки документарни филмови (заедно со трио филмови кои се натпреваруваат во категориите за најдобар анимиран и краток акционен филм). Номинациите го зголемуваат вкупниот број на номинации за Оскар добиени од Њујоркер на петнаесет, и означува рекорд за списанието во една година. Два од Њујоркер филмовите ќе се натпреваруваат во категоријата Најдобар краток документарен филм. “Странец на портата“, во режија на Џошуа Сефтел, ја раскажува приказната за Ричард (Мек) Мекини, поранешен маринец од Индијана, кој се враќа во својот роден град по обиколките на должност во Ирак и Авганистан. Борејќи се со пост-трауматско стрес нарушување и совладан од исламофобијата, Мекини планира напад на локална џамија, но, кога ќе почне да поминува време на собири, ќе наиде на верска заедница која го прифаќа и длабоко го менува. Сефтел, кој заработи номинации за наградите Еми и Пибоди за претходниот проект „Тајниот живот на муслиманите“, изјави за Њујоркер дека авганистанските бегалци во неговиот последен филм се „вистински херои од реалниот живот“. „Во време на поделеност и омраза, „Странец на портата“ не потсетува на нашата заедничка човечност“, рече тој. Втор номиниран Њујоркер филм, за најдобар краток документарен филм, “Извлекување”, беше режиран од филмскиот тим на сестра и брат Евгенија Арбугаева и Максим Арбугаев. Филмот го следи морскиот биолог кој живее на оддалечена плажа на сибирскиот Арктик, каде што ги мери често смртоносните ефекти од климатските промени врз популацијата на моржот во регионот. Додека живееле со својот субјект во мала колиба опкружена со мноштво животни, режисерите доживеале мешавина на клаустрофобија и стравопочит. „Тоа што беше сведок на огромното собирање на моржови и гледањето на страдањата што ги предизвикува климатските промени беше срцепарателно“, рече Арбугаева, родена во регионот. „Се надеваме дека нашиот филм ќе допре до срцата на луѓето и ќе го информира нивното разбирање за ранливоста на природниот свет на Арктикот“.
- Зошто се жените толку маргинализирани во Рокенрол куќата на славните?
Јас се впуштив во овој бизнис за да пишувам одлични песни и да се журкам. Бев брз ученик. Го читав секое музичко списание што ќе ми дојдеше до рака и на 12 години, откако издигестирав многу изданија на Creem, решив да ја засновам мојата личност на Лестер Бенгс, рок-критичарот раскажувач; неговата постојана верба во трансформативната моќ на одлична рок песна се совпаѓаше со моето. (Исто така бев опседната со неговите непрестани расправии со Лу Рид – ме затекнуваа, но ги сакав). Уметниците и нивните песни го обликуваа мојот живот, моите верувања, мојата само-концепција како музичар – ‘ржечката Pissing in the River на Пети Смит, Barracuda на Heart, Dead End Justice на The Runaways, чии текстови уште ги знам од збор до збор. Но, она за што ниту едно списание или албум не можеше да ме научи или подготви е колку исклучителен треба да бидеш, како жена и уметник, за да ја држиш главата над вода во музичкиот бизнис. Прекрасниот Чак Ди рапуваше “Elvis is a hero to most, but he doesn’t mean shit to me” ( „Елвис е херој за повеќето, но тој за мене е срање“). Се согласувам. Биг Мама Торнтон за прв пат ја отпеа Hound Dog, напишана за неа (а, можеби и со неа) во 1952 година, што подоцна го стави Кралот на радио. Сестрата Розета Тарп ја препеа, исто така, нејзината верзија беше и најжестоката. Нејзината песна Strange Things Happen Every Day е снимена во 1944 година. Токму овие песни и нејзиното евангелско свирење гитара, ја сменија музиката засекогаш и го создадоа она што сега го нарекуваме рокенрол. Кога започна Куќата на славните на рокенролот во 1983 година, би помислиле дека можеби ќе сакаат да започнат со Сестра Розета, со оние први акорди што ја зазвучеа песнарката од која сега сите пееме. Првичните индуцирани, беа Чак Бери, Џејмс Браун, Реј Чарлс, Литл Ричард, Сем Кук, Фетс Домино, Еверли Брадерс, Бади Холи, Џери Ли Луис и Елвис Присли, ниту една жена на повидок. Сестра Розета не бепе примена, сѐ додека Рок куќата не беше јавно засрамена да ја додаде во 2018 година (таа беше на американска поштенска марка две децении пред Рок куќата да ја прифати). Биг Мама Торнтон, чија снимка на Ball’n’Chain исто така ја оформи оваа нова форма на музика? Сè уште не е примена. Денес, само 8,48% од индуцираните се жени. Номинациите за овогодинешната класа, објавени минатиот месец, понудија годишен потсетник за тоа колку една жена мора да биде извонредна за да влезе во клубот на старите момчиња (уметниците ги исполнуваат условите 25 години по објавувањето на нивната прва снимка). За една година беа номинирани повеќе жени отколку во кое било време во нејзината 40-годишна историја. Таму беа иконокластите: Кејт Буш, Синди Лаупер, Миси Елиот, две жени во бендови кои ја дефинираа сопствената ера: Мег Вајт од White Stripes и Џилијан Гилберт од New Order, и жена која го субвертираше клубот за момчиња, Шерил Кроу. Сепак, на овогодинешната листа, имаше неколку легендарни жени, кои мораа да се оладат, додека чекаат да бидат забележани. Ова беше четврта номинација за Буш, визионер, првата жена изведувач, што го освои првото место на топ-листата во Обединетото Кралство со песна што ја напишала (1979 Wuthering Heights) на 19 години. Таа стана подобна во 2004 година заслужено, во неговата прва година на подобност, заедно со Џексон Браун, ZZ Top, Traffic, Боб Сегер, Dells и Џорџ Харисон. Ко-основачот и тогашниот претседател на Рок куќата, Јан Венер (кој е исто така и ко-основач на Ролинг Стоун) беше примен и самиот. Но, Буш не успеа да се најде на гласачкото ливче до 2018 година - и таа сè уште не е вклучена. Не е важно што таа беше првата жена во историјата на поп музиката која ја напишала секоја песна на дебитантски албум, со продадени милиони примероци. Пионер на синтисајзери, и музички спотови, таа беше откриена минатата година од новата генерација обожаватели кога Running Up That Hill (A Deal With God) беше вклучена во хитот на Нетфликс Stranger Things. Таа сè уште прави албуми. А сепак нема гаранција дека таа ќе биде уфрлена оваа година. На Рок Куќата и́ беа потребни повеќе од 30 години за да ги воведе Нина Симон и Керол Кинг. Линда Ронштат го објави своето деби во 1969 година и стана првата жена која настапуваше на стадиони, но сепак беше примена заедно со Нирвана во 2014 година. Најневеројатно, Тина Тарнер беше примена како соло уметник, три децении откако ја доби номинацијата заедно со нејзиниот злоупотребувач Ајк. Зошто жените се толку маргинализирани од Рок куќата? Од 31 лице во одборот за номинации, само девет се жени.Според музичкиот историчар Евелин Мекдонел, гласачите на Рок куќата, составена од музичари и елитата на индустријата, се 90% од машкиот пол. Можете да ја отпишете Рок куќата како „гробница за бумери“ и да тврдите дека таа гради тотем на сопствената ирелевантност. Зошто да нѝ е гајле кој е примен, а кој не? Но, колку и да беа нејзините индукции за презир, Рок куќата е бедем против бришењето со кое се соочува секоја жена уметник без разлика дали копнее по честа, или сака да ја плукне. Сè уште е игра која ја препознава играта, историја создадена и забележана. Рок куќата е сила што создава кралеви во глобалната музичка индустрија (во САД се емитува на HBO). Индукцијата влијае на цените на билетите на уметниците, на нивните гаранции за изведба, на квалитетот на нивните кампањи за реизданија (ако воопшто се реиздадат). Овие можности се од оние кои го менуваат животот - ја прават разликата помеѓу турнеи во казина за секундарниот пазар, на кои настапуваат како предгрупи за комичари од втор ред; или да бидат хедлајнери на ценети фестивали. Рок куќата се прекри со сјај на гравитас, и долговечност што Греми наградите ги немаат. Особено за женските артисти - ветерани, индукцијата им дава статус што директно влијае на парите кои тие можат ги заработат. Тоа е еден од единствените начини, и секако највидливиот, за оставштината на овие жени, и влијанието, да се почитуваат со непосреден материјален ефект. „Ова не се песни, ова се химни“ (“These ain’t songs, these is hymns”), да го цитирам Џеј Зи. Цртата е демонстративно пониска, за мажите да можат да ја прескокнат (или да се лизнат под нејзе). Рок куќата, ги признаа Pearl Jam околу четири секунди откако беа квалификувани - а сепак Чака Кан, која ги исполнува условите од 2003 година, згаснува, со седум номинации. Сепак, не е сѐ изгубено - Рок куќата прави специјална програма за месецот на женската историја, на нејзината сценска облека... Она што го прави „секогаш-деверица“ (никогаш невеста) статусот на Кан, особено трагичен, е тоа што таа била, е, и секогаш ќе биде прародител. Едноставна фигура, таа е кралица на фанкот уште од кога едвај ја навршила тинејџерската возраст. Како што рече Рики Ли Џонс: „ Тука беше Арета, а потоа и Чака. Ќе чуевте како пеат и знаевте дека никој никогаш не го сторил тоа, претходно“. Сепак, Кан ја смени музиката. Кога беше на сцената во нејзиниот комплет со пердуви, изведувајќи ја Tell Me Something Good, носејќи ја на сите места каде што оди, таа отвори либиденален нов свет. Сензуалност, Црност, таа беше толку многу слободна. Тоа беше божествено. И никогаш повеќе ништо не беше исто. Но, и покрај сите нејзини исклучителни таленти и достигнувања - и ако постои нешто што жените во музиката мора да бидат, тоа е бескрајно исклучителни - Кан не ја убеди Рок куќата. Нејзините заслуги, нејзините Греми награди, нејзината долговечност, нејзиниот занает, нејзината упорност да преживее како млада Црна жена со сопствен ум во музичкиот бизнис од 70-тите, мостот пред рефренот за Close the Door- ништо од тоа не заслужува канонизација, или така вели Рок куќата. Креирањето канони на Рок куќата, не мириса само на сексистичко пазење на капијата, туку и наменска неупатеност и непријателство. Оваа година, еден од гласачите изјави за списанието Vulture дека едвај знаеле која е Буш - во годината кога таа имаше светски сингл број 1, 38 години откако првпат го објави. Потенцијалната индукција на Мег Вајт како половина од White Stripes (во нивната прва година на подобност) поттикна отворено презирлив дискурс на интернет, чувствувате дека доколку гласачите би можеле да го примат Џек Вајт без неа, тие би го направиле тоа денес. И сепак, таа ќе биде само третата тапанарка таму, по Џина Шок од Go-Go’s и Мо Такер од Velvet Underground. Каде е Шила И – ги исполнува условите од 2001 година? Не изгледа добро ниту за црните уметници. Beastie Boys беа примени во 2012 година пред повеќето црни хип-хоп изведувачи од кои научија да римуваат. A Tribe Called Quest, подобно од 2010 година чија музика создаде нова граница за хип-хопот, беа номинирани минатата година и повторно оваа година, како фрлање на коцките, наспроти белите рокери со кои се принудени да се натпреваруваат на гласачките ливчиња. Ако толку малку жени се примени во Рок куќата, тогаш комисијата за номинација е расипана. Ако толку малку црни уметници, толку малку жени од боја, се примени, тогаш процесот на гласање треба да се промени. Музиката е животна сила која постојано се развива и тие не можат да држат чекор. Срам да му е на HBO што ја поддржува оваа фарса. Доколку Рок куќата не е подготвена да ги погледне начините на кои го реплицира насилството на структурниот расизам и сексизам со кои се соочуваат уметниците во музичката индустрија, доколку не може соодветно да го почитува она што жените уметници - визионерки, го создале, иновирале, револуционизирале и придонеле за популарната музика. – па, тогаш нека оди по ѓаволите во чанта. Кортни Лав е пејачка, музичарка и актерка
- Викендов низ град
ЧЕТВРТОК: Концерт: Јапонски сон - музика од колективното несвесно ; Буква, 20часот. Од Токио, Јапонија ни доаѓа вокалистката Ају, која во соработка со нашиот музичар, продуцент и композитор Јордан Костов ќе ни приредат неповторлив музички перформанс. Со мешавина на јапонски, балкански, афро и латино фолклор ќе ја доживееме музиката на народите во една еклектична џез нео сол изведба. Нејзиниот глас не преплавува со безвременски емоции на музика која функционира насекаде и секогаш. Додека пак џез аранжманите и импровизациите со хармоника на Костов со Петар Христов лира , Дамјан Гријо перкусии и Александар Бошков електрична гитара, ќе му додадат еден урбан модерен шмек, што уште повеќе ги поврзува континентите и времињата што оваа музика ги репрезентира. На самиот настан ќе имаме и шанса да дегусираме јапонски пијалоци додека уживаме во музиката. Журка: Македонски шлагери, Јавна соба; 21.30ч. Ајде на македонски шлагери во петок! 💃🕺 📲 Резервирајте си навреме за вашето друштво на 078 250 554. 🎫 Билетите чинат 200 денари и се набавуваат на самиот влез, најдоцна до 22 часот. ✨🎙️За добрата атмосфера се задолжени дечките од The Ringtones! 🗓 Започнуваме од 21:30 часот. Се гледаме на поткровјето на Public Room! 🍸 Хуманитарен фестивал: Сите за Грицко; МКЦ, 16.20-00:02ч. СИТЕ ЗА ГРИЦКО е добротворна забава во организација на Фоундрејзер Брат за Брат, со цел собирање на средства за нормален живот на нашиот брат Небојша Додевски Грицко. Настанот ќе се случи на 16.03. во бифето на МКЦ и замислено е да трае од 16:20 до 24:02 Ги покануваме сите музичари кои се заинтересирани да помогнат и директно се вклучат или во музичката програма или да донесат свој мерџ (ЦД-а, плочи, мајци, прешивачи и др.) кои посетителите би можеле да ги купат и тие средства да допринесат за стабилен достоен и нормален живот за Грицко. Концерт: Строг Пост; Буква; 21ч. СТРОГ ПОСТ e новата музичка констелација на Филип Букршлиев (гитара), Дени Омерагиќ (бас) и Кристијан Новковски (тапани) - познати по својата работа во бендови како Светлост, Палиндром, Fighting Windmills, Taxi Consilium... СТРОГ ПОСТ свири музика на цврста „рифовска“ основа, спакувана во композиции, кои пливаат во матните води помеѓу пост-рок, free jazz и слободна импровизација. Овој концерт ќе биде прва јавна презентација на целосниот материјал кој ќе се најде на нивниот деби албум, сниман пред неколку недели. Што би се рекло, ќе имаме можност да ги чуеме во фантастична форма. ФИЛМ: Солидарност со работниците на Вио.Ме; Социјален центар Дуња; 19ч. Вио.Me е фабрика која по нејзиниот банкрот, со години е самоуправувана и окупирана од страна на работниците. Работниците успешно и самостојно управуваат со производството на еколошки производи за чистење, последните шест години во окупираната фабрика. Нема газди во оваа фабрика на источната страна на Солун, вториот по големина град во Грција. Тие докажуваат дека може да се достигне вистинска самоуправа и слобода на работникот без газди. Но, фабриката денес е под закана да биде затворена од страна на судската власт и капиталот, бидејќи парцелата каде што се наоѓа беше продадена пред еден месец. Во таа насока во солидарност со работниците од Вио.Ме во четврток (16.03.2023) со почеток од 19 часот организираме проекција на документарен филм. Документарецот е со времетраење од 90 минути и превод на англиски јазик, а по проекцијата ќе следи и дискусија. ПЕТОК Промоција и изложба: ,,Пргавиот зајак" од Пандалф Вулкански и Будимка Поповска; Метаноја галерија; 20ч. Во петок, 17 март, со почеток од 20 часот, во просториите на Галерија Метаноја (ул. Максим Горки бр.19) ќе се одржи промоцијата на сликовницата со наслов "Пргав зајак." Станува збор за сликовница чиишто автори се Пандалф Вулкански (текст) и Будимка Поповска (илустрации). Пандалф Вулкански е псевдоним на писателот Никола Гелевски. Станува збор за искусен автор со богат книжевен опус кој зад себе има претежно експериментална поезија и проза, и за деца и за возрасни. Работи и како уредник, преведувач и издавач. Добитник е на наградите "Тоде" (2023), „Девет преобразби во чудната шума (2021)“ (поезија за деца), влегол во најтесниот круг за престижната наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, а во 2007 ја добил наградата „Борјан Таневски“ за најпроминентен колумнист на годината. Досега ги има издадено следните авторски книги: "Панда во дрон," 2022 (стрип-сликовница) „Девет преобазби“, 2021 (поезија за деца) „Текстилна поема“, 2018 (поезија за деца) „Призрак против Сенка" (постмодернизам за деца), 1993 „Светулки и мракови (прилог за една критика на медиумите)", 2002 „Контрапункт (принципи за една поинаква политика)", 2004 „Архитортура и гробализација (текстови за градот)", 2010 „Никола Груевски - 250 хаику“, 2011 „Скопски приказни од 2014", 2011 „Фасадата ги јаде темелите“, 2012 Будимка Поповска е писателка, поетеса и уметница од Скопје. Студирала класична филологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Од 1996 до 2015 живее во манастир, каде што ја изучува старата македонска школа на цртање икони. Истовремено го уредува списанието за духовни вредности „Премин“ (од 2000 до 2012г.) и учествува во бројни телевизиски и радио документарни емисии од областа на духовноста. Истовремено објавува текстови во дневните весници „Нова Македонија“, „Дневник“ и „Утрински весник“. Во наредниот период се враќа дома и живее во Скопје кадешто работи како иконописец, колумнист (фриленсер) во македонската периодика. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2013 година и ги има издадено книгите: „Врата“ (графичка поезија, 1994), „Полигони“ (раскази, 2007), „Друга визура“ (есеи, 2008), „Невидливи вежби“ (прозна поезија, 2011), „Куќа на Марс“ (поезија, 2019), „Ботичелиев каталог“ (есеи и фотографии, 2019), „Полигони“ и „Невидливи желби“ (на хрватски, 2021). Има остварено неколку изложби меѓу кои групната изложба како член на групата Абау а ку - „Млечен град“ (МКЦ, 1991), самостојна изложба „Фантомима“ (МКЦ, 2019); како и самостојната изложба "Супа од Чиопа" која моментално може да се проследи во галеријата Метаноја. Концерт: Да Џака Накот Шурикен рекордс организира еднодневен фестивал. На чело на кондензираната македонска (па и балканска) хип хоп сцена ќе застане Да Џака Накот, кој по прв пат го гледаме на концерт откако го издаде последниот албум "Live on no evil." САБОТА: Концерт: промоција на „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“, Makka bar, 13h Ве покануваме на промоција на вториот албум на тандемот Добрила Грашеска / Дориан Јовановиќ под наслов „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“, збогатена со мини-концерт. 👉 Сабота, 18 март, 13:00 во Макка Бар (влез слободен) Добрила Грашеска - вокал, лупови Дориан Јовановиќ - ут, лупови, електроника „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ е ново автентично истражување на македонското музичко наследство, на еден свој, чудесен, начин поинакво од првенецот „Апокриф“, кој едновремено и едногласно ја освои публиката и музичката критика. Овојпат со осум мелодии, небаре разгледници од минатото со подизбришан штембил, Добрила и Дориан раскажуваат ту весели, ту тажни приказни обоени со аритмија, со темна готика или весела динамичност, но со различен пристап кон ткаењето на звукот на утот и вокалот. Имено, соочени со прашањето како понатаму, тие најдоа одговор во збогатувањето на едноставноста со помош на електронски модификатори - лупери и процесори кои на утот му додадоа уште еден куп шумови, тонови и звуци, а од вокалот извадија и радио бранови и хорови. Од познати до непознати песни од нашево поднебје, со поинакви аранжмани и изрази, „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ е албум кој има задача да отвори ново поглавје, да покаже различен дискурс на нешто колку познато, толку и непознато, да испраша и да израдува. Како пиле. Шарено. „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ е 49то издание на SJF Records, спремно за уживање на CD, а ќе биде достапно и за даунлоуд и стриминг. НЕДЕЛА: Семенувачница, Општествена градина Бостание; 12-16ч. На 19 март (недела) на пладне - 12.00 часот - во општествената градина Бостание ќе одржиме средба за размена на семе. Понесте си ги дупликатите од семенскиот материјал и разменете ги за семчињата што ви недостигаат, за да си ја засеете бавчата. Настанот е отворен за сите, ќе има музика и други активности поврзани со семенувањето. Повелете да семенуваме заедно! *Меѓу другото на 20 март почнува пролетта.
- 8 март 2023: Дали има поместување?
Годинешната тема на ОН за 8 март е: “DigitALL: Иновации и технологија за родова еднаквост“. Надвор од ОН настаните, се чини дека западната култура последнава деценија засилена од #metoo движењето се приклучи на осмомартовските прослави, и сепак излезе премногу „комуњарски“ - самото потсетување на неговото потекло го привикува социјал-комунистичкиот дух, па се префрли на „март: месец на женската историја“. Не треба многу повеќе од пребарување на овогодинешниве глобални прослави и настани за да се дојде до тој заклучок. Ние, пак, како Дива ќе ги земеме за сега и двата формати, бидејќи секоја можност да се зборува за феминизмот, е шанса да се разбие перцепцијата дека е агресивен, абразивен и штетен на автентичната македонска жена и нејзината улога, дури и во умовите на жени кои имаат пристап и до дигиталните алатки и со тоа информации. Имајќи го на ум тоа, секоја шанса да се подобри позицијата на жената, и во системот во кој е сместена како порцеланска фигурина, или измеќарка. А, тие промени секогаш почнуваат преку „менталитетот“ . Ирена Цветковиќ деновиве ги „ловеше“ тие напади на кивање од болниот гореспоменат систем, и нѝ ја покажуваше флегмата за паметните комична, за срчаните трагична. Како Македонија во 2023 го слави 8 март? Се чини дека ја надминавме помалку перверзаната потреба да ги деградираме жените од работничката класа кои се чувствуваа видено на тој ден со прославите по кафани, а кул дечките (кои денес се жалат дека феминизмот е агресивен и не по нивен вкус) ги коментираа нивните „сарми“ - фризури. Но, еве каде сме денес. НОБУ ја отвори темата за Денот на жената со поезија на Конески, фамозната „Убавите жени на мојот народ“ … се убави, но брзо прецветуваат (проблематична, но го сакаме Конески, па ќе го препишеме тоа на духот на времето). Како контраст, Сима Бахус извршен директор на ОН жени, објаснува зошто пристапот до дигиталните алатки на жените е од витална важност, во дигитална ера, е аналогно со пристап до книги, или описменување (во современата дефиниција, писменоста ја вклучува и дигиталната писменост). „Жените и девојките имаат исто толку право на пристап до дигиталниот свет и да напредуваат во него како и мажите и момчињата. Нивната креативност, знаење и перспективи би можеле да обликуваат иднина каде технологијата ќе придонесе за трансформирање на општествените норми, засилување на гласовите на жените, притисок против онлајн вознемирувањето, спречување на продолжување на алгоритамските предрасуди и дистрибуција на придобивките од дигитализацијата како одличен врамнотежувач за постигнување на одржливиот развој. Нашата визија за еднаквост, за тоа каков би можел да биде нашиот свет, за сите нас, може и ќе вклучува подеднакво уживање во плодовите на технологијата и иновациите без страв од насилство или каква било злоупотреба. Жените и девојките мора да бидат способни да се вклучат, создаваат, учат и работат, безбедно и продуктивно, на интернет или надвор од него, искористувајќи го максимумот од сите можности во секоја сфера од животот и во секоја фаза од неа, во образованието, во економијата, во општеството и во политиката. На сите ви посакувам многу среќен Меѓународен ден на жената.“ Меѓутоа, се чини не е сѐ така тмурно… Сепак самиот факт дека 8 март е "државен" празник, и дека дури и седмицата пред самиот ден е ден за кој се зборува, околу кој се оргнизираат патувања, попусти, букети, преполни парфимерии, цвеќарници, повикува на едноставно свеченост колку и да е изместена - сепак е нешто. Сепак не е комплетна штама. Тоа искрење дава прилика да се разгори оган на разговор, па и посериозни поместувања и промени. На социјалните медиуми доминатниот сентимент се чини дека сепак е - нема место за славење, време е за акција. Јана Коцева изјави: „Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат доволно нивните потреби, институциите не ги заштитуваат доволно. Има напредок во донесување закони, иако некои се заглавени, но клучно е дека проблем е имплементацијата на политиките, институциите не ги спроведуваат како што е пропишано. Залудно е што декларативно имаме документи, кога нема промени“. Таква акција организира Платформата за родова еднаквост, со маршот во 18 часот, на плоштадот Филип Втори, кој има тема „Ќе преживееме ли?“
- Креаторот на стрипот Дилберт, Скот Адамс: откажан!
Минатата недела имавме случај на “откажување” на Лазаров и Латас , кој сите нѐ продрма и можеби е првиот таков случај барем во овој контекст и формат. Во САД стрипаџијата Скот Адамс од некоја причина на својот Јутјуб канал извади видео во кое на долго и широко објаснуваше колку се ужасни американските Црни граѓани. Реакцијата беше брза, ефикасна и очекувана. Стрипот (сличен на нашиот Пецко) кој ретко кој не го видел беше повлечен во стотици весници кои го објавуваа. Но на Дива ѝ е битен разговорот кој следеше. Шарламејн му врачи “магаре на денот” и елоквентно образложи зошто откажувањето на Адамс е неопходно. Ние како граѓани на Македонија можеме да го читаме од неколку аспекти. Еден е - како во сочувство со Црнците бидејќи слично како нив сме изложени на сите болести на белата супремација како што ја нарекува вујче Шарла. Но и како оние кои ги нанесуваат тие неправди…. Да не должиме: што кажа Скот Адамс, и како одговори дел од црната заедница на тоа.
- Diva razgovori: Rambo Amadeus "Fokus je i dalje na proizvodnji nove muzike, to mi je uzbudlj
DIVA: Kad sam počеla smišljati i koncipirati intervju, krenula sam u potpunosti uvjerena da će to biti razgovor prvično o muzici, njenoj ulozi u vašem životu. Na slušalicama ide poslednji album - Brod Budala na Apple, iz 2020te, izlistan kao jazz, i od nekog razloga iznenađena sam da se smijem na dovitljivost tekstova, kao što sam se smijala kad sam bila tinejđerka, nisu bajati, nitu ustajali sa starim istim doskočicama. Zvuče zrelo, vremeno, i svežo: Seri, seri, moj golube beli Serator pjesniku sere o rimi Gnjurcu o plimi, meteorologu o klimi Doktoru mlati o vakcini Inžinjeru kenja o mašini Gradjanima Nagasakija o Hirošimi Vojniku tupi o skraćenju Kurvi popuje o poštenju Popu metaniše o krštenju Generalu o unaprjedjenju Astronomu teoretiše o nebu Pekaru se miješa u lebu Slastičaru o baklavi Koliko mora oraha da stavi Oduvjek su mi bili tužni stari rokeri, koji uporno i tvrdoglavo se drže za rokera koji su bili u svojim 20ma. Drugi put kojim obično odu je - mijenjanje žanra ili kompletno mijenjanje karijere iz muzike u slikarstvo recimo. Što misliš, koja je formula uspješnih rokera nad 45-50 godina. Da ostanu relevantni, a da ne budu komični u tom pokušaju? RAMBO AMADEUS: Ne znam, zaista, ni kao adolescent nisam bio roker, više su me zanimali malo kompleksniji muzički žanrovi. Kao pubertetlija sam mislio da sam panker, ali nije me dugo držalo, Herbie Hanckonck, Keith Emerson, John MC laughlin i ekipa kkoja je svirala taj Jazz Rock bila mi je bliža srcu. Najbliže iz Rocka što sam iskreno volio je Album Wired od Jeff Beck - a. On ni danas ne djeluje komično. Takodje, mislim da su tekstovi , poezija, ono što popularnu, laku muziku čini dobrom, originalnom, ili banalnom s drudge strane. U lakoj, popularnoj muzici dakle, tekstovi su presudni, jer je muzika sastavljena od opštih mjesta. Tu je svakako važna i garderoba, ponašanje koje čine nekog muzičara komičnim ili ozbiljnim. Naravno, ima slučajeva kad se i banalnost i muzike i tekstova toleriše, ako protagonista javno zastupa humanističke stavove, ako upotrebljava svoju popularnost stečenu lakim notama da bi propagirao humanističke vrijednosti. S druge strane, nekada ništa ne pomaže. Naiskrenije, ne znam odgovor na vaše pitanje. Ne znam ni zašto bi se po svaku cijenu trebalo ostati relevantan. Mijenja se vrijeme, i kriterijumi, mislim da je nakomičnije kad se stalno prave neke estetske akrobacije da bi se zadržala pažnja auditorijuma. Nakon par minuta čeprkanja po informacijama o Rambo Amadus koji bi mi pomoglida se spremim,naletjela sam na "Nadkast podkast" - to je tvoji podkast, kojeg samo što počinješ. Mislim da to kaže dosta, da prvo nešto na što sam naišla je podkast, no i da sa tvojim gostovanjem u Agelastu, znači podkast, je bio medium preku kojeg sam ostala u neki virtualni kontakt sa Rambo Amadeusom, posebno u vrijeme pandemije, i s tim što sam u Skopju pa te ne mogu načekati na TV recimo. Prva epizoda “Nadkast podcasta” je krajem oktombra.Kakve su ti ambicije i planovi, s tim što podkasti su superpopularni i ta popularnost i publika još uvijek raste? Je li ti bilo teško pronaći se u ulozi onoga koji postavlja pitanja ili ti je bilo lako, kako neko koji je u navici da bude središte pažnje i da vozi priču, odnosno narativ? Bez brige, rijetko sam na televiziji i kod kuće, pa nisi ništa propustila. Moj fokus je na internetu, čim je profunkconisao, jer tu ne postoje urednici od čije dobre volje ili ukusa zavisi da li će se nešto emitovati i ili ne. Moj Podcast - Nadcast je zamišljen kao arhiv svih onih mojih gostovanja po drugim podcastima, tako da nije potrebno da mijenjam svoj način ophodjenja u medijima. I dalje to izgleda tako što drugi postavljaju pitanja meni, samo što se sve arhivira na jednom mjestu. Nemam neke strašne abicije sa tim, fokus je i dalje na proizvodnji nove muzike, to mi je uzbudljivo, to me pali. Iskra ovog razgovora je koncert u Skoplju 9og Decembra: U makedonskoj filharmoniji nastupa ZJM Big Bend sa “Čudo na Balkanot” , pjesme Ramba Amadeusa u aranžmanu big benda…Čuvena je vaša ambicija da vam se pjesme sviraju na svadbama, kao znak da muzika je doživljela svoji vrhunac, u svojoj društvenoj funkciji. Sigurna sam da su prošla desetljeća otkako ste tu ambiciju ostvarili. Ali Big Bend? U toj konfiguraciji navikli smo gledati recimo Kesoviju, i slične dive i divove ex ju šlagera i evergreena, ali ne i rok zvijezde, posebno one koje su satirične, pa i zappoidne.. Ali taj genre bendingna globalnoj razini nije nešto novo ili neviđeno. .Vidjeli smo Sir Mixalota, Kendricka i druge ljude engleskog govornog područja kako nastupaju sa simfonijskim orkestrima. Radite li prvi put u ovoj konfiguraciji i postoje li nove lekcije i trenuci za glazbu koju stvarate i poznajete intimno? Kolko je bilo lako naći zajednički jezik, sa orkerstrom, dali si imao utisak da kontaju tvoje namjere i senzibilitet, i konačno smisao za humor? Čovjek što je stariji, želi da bude seriozniji, pa su i ambicije različite. Najozbilniji autori su sretni kad im se muzika emituje na dane žalosti. Moja muzika je uvijek bila bliža funku, fusionu, pa i jazzu nego roku, već sam radio nešto slično sa BIg bandom RTS a, tada sam binu dijelio sa Dadom Topićem i Vlatkom Stefanovskim. Pola mog benda je prošlo kroz Big Band, sve mi je to vrlo blisko. Radio sam i neoklasiku, klavirske koncerte, operu. Sasvim je logično da danas veliki ansambli, filharmonije, simfonijski orkestri angažuju autore i izvodjače popularne muzike, očigledno da to sa uspijehom puni dvorane, a valjda je i zanimljivo školovanim aranžerima i muzičarima da oblače popularnu muziku u nove aranžmane, daju im novi zvuk. Mislim da je u pitanju prirodan spoj, dobro je da veliki klasični ansabli nisu ostali hermetički zatvoreni samo za muziku koju je neko odredio prije 100 godina da bude klasična. Pa za 100 godina bi i moja muzika mogla postati klasična, ako joj damo priliku. Kad smo kod lekcija:pandemija nije prošla baš bezbolno za većinom.Izgubili smo šokantno puno ljudi , zapravo, baš u periodu kada je Balašević otišao, ti si bio u bolnici, zbog covida(zabrinut zbog tajminga:) ) Je li ti ova zanimljiva, pa i unikatna etapa (nema ništa novo pod suncem, kako što glasi pogovorka) - dala nešto vrijedno, kao osobi i umjetniku? Jesi li primijetio kako su umjetnici na internetu kanalizirali energiju i dobili zanimljive trenutke? Ili je to bio samo još jedna obična epizoda u životu Balkana, opterećen šokovima i poviješću? Izvukao sam nekoliko pouka. Prva, da volim činjenicu što sam muzičar, jer sam sebi dokazao da mogu radeći poslove koji nemaju veze s muzikom da živim mnogo luksuznije, i time razbio predrasudu da sam muzičar - putujući zabavljač jer ništa drugo ne umijem da radim. Čim su koncerti krenuli, obradovao sam se vraćanju na stage. Druga pouka, da je dobro imati nekoliko različitih zanata, da to čini čovjeka egzistencijalno sigurnijim u nepredvidjenim okolnostima krize. U krizi kultura prva strada, industrija hrane i energije nikad. Takodje, za vrijeme covida prilično je poraslo zanimanje za moju muziku, otkrio sam zanimljiv fenomen da u trenucima krize moja muzika mnogo više znači ljudima nego u nekim bezbrižnijim okolnostima, kada se radije okreću lakim notama i lakim temama. To saznanje mi je dodatno dalo krila da kreiram dalje. Definitivno moje su pjesme manje dopadljive na prvi pogled, ali im je duži rok trajanja, i otpornije su na krize. Kao neki stari tvrdi sir, koji nije atraktivan kao kolač, ali ima mnogo duži rok trajanja, i kad si baš gladan, radije ćeš jesti sir nego kolač. Kad smo već kod ničega novog pod suncem – sigurno nema puno pitanja koja nisu vam postavljena tokom decenijama…Ovo govorim približavajući se temi jedrenja koja je, čini se, jedna od tvojih velikih strasti? Što nalaziš na moru što te toliko privlači? More ne postavlja pitanja, niti kad sam na moru imam potrebu da nešto kažem. A ni kad se vratim sa mora, nemam potrebu da pričam kako je bilo. Baš kao što izbjegavam da govorim o ljubavi i sexu, tako nerado govorim o moru. Nekako imam utisak da mogu svojom pričom samo da narušim osjetljivu harmoniju. Ova pitanja šaljem odmah nakon ispada repera, dizajnera i od skoro predsjedničkog kandidata Kanyea Westa. Realnost slična Montyja Pythona, koju bi obično bi poslali u rubriku "zabava", no čini se da je odnio vrag šalu, a Kanye West destabilizirao je američku stvarnost, a time potencijalno i globalnu: pojavio se na Infowars podkast, sa crnom maskom, na licu i otvoreno izjavljivao ljubav prema Hitleru(zato što je izmislio mikrofon - rekao je) i nacistima. Sama činjenica da je u priču uključen američki predsjednik(reagirao je sa izjavom), bivši američki predsjednik(primio ga je na večeru), najbogatiji čovjek na svijetu i njegova društvena mreža Twitter (gdje 75 posto vijesti prvo izlazi i samim time ima nevjerojatnu kontrolu i moć): što možemo da kažemo sebi, za svijet čija je pozornica tako apsurdistički smiješna i zastrašujuće postavljena? Postoji li neka formula koju bismo mogli primijeniti na individualnom nivou, i donijeti malo stabilnosti i mira? Ili je formula - prepustiti se divljoj rijeci? Treba pogledati film IDIOCRACY, napravljen je kao komedija, ali zapravo je zlokobna slika današnje stvarnosti i bliske budućnosti. . Vlasnici novca su shvatili da raju treba zamajavati populističkim baljezgarijama, da bi ostali poslušni, radili za male pare i kupovali besmislice koje im se uvaljuju. Mediji služe za zatupljivanje ljudi, ili rasplamsavanje mržnje, da bi , u slučaju potrebe kapitala za ratom, bilo dovoljno ljudi koji će povjerovati u razloge za rat koji im se serviraju preko medija. Nadam se da će doći trenutak kada će ljudi prestati da vjeruju masovnim medijima, da će da shvate da mediji služe samo da zbunjuju, manipulišu i skreću temu sa onog što bi običnom radnom čovjeku bilo dragocjeno. Treba razumjeti da je besplatna informacija zapravo dezinformacija, manipulacija, laž, ili reklama. Nemam neki čarobni savjet šta da se radi. Ja lično volim da pitam prijatelje za savjet , ako je u pitanju hrana - nutricionistu, ako je u pitanju pravo - advokata , ako je u pitanju zdravlje - ljekara, ako je u pitanju novac - biznismena, ako je u pitanju neki lični problem - psihoterapeuta. Srećom , imam prijatelje u svim ovim branšama. Čovjek mora nekom da vjeruje, najbolji izbor je obrazovani prijatelj.
- ОФФЕСТ - откажан!
После исклучително тешките пандемиски години, за културњаците, тие наместо на спасувачки брод наидуваат на дополнителен шок: Министерството за култура годинава се чини ја извлече и последната нишка стабилност од тлото на оние кои го чуваат оганот на македонската култура од згаснување. Па така, ОФФЕСТ дојде до веројатно тешка одлука: да го откаже (про)летниот фестивал, кој вообичаено го означуваше почетокот на таа културна сезона. Скопскиот џез фестивал вели, без да се воздржува: ,,Доделените милион денари за ОФФест на Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата, скратени за половина од минатогодишната сума, не овозможуваат ни најминимални финансиски услови за одржување на ОФФест (предвиден од 7 до 10 јуни) како (повеќедневен) фестивал. За жал, по 21-годишна убава фестивалска традиција, не ни останува друг избор. Немаме намера да поднесуваме жалба до второстепената комисија и да се изложуваме на натамошни понижувања, кои и со поддршката често ги имавме со Министерството за култура во изминатите години. Лани, на пример, вложивме жалба на 1 март, ОФФест се одржа на почетокот на јуни, а одговор на жалбата (се разбира негативен) добивме на 19 септември. Ние знаеме дека на овој конкурс имаме приложено исклучително квалитетни апликации и дека средствата што биле на располагање во оваа дејност не биле намалени во споредба со минатата година. Немаме намера да ја коментираме Годишната програма, која, според Законот за култура, ја донесе министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, ниту пак да се впуштаме во некакви споредбени анализи. Тоа е наполно бесмислено сè додека квантитетот на одобрените проекти е замена за оценката што е, а што не е, национален интерес во културата, според критериуми и квалитет, со конечно напуштање на популизмот и антиевропските политики во културата, присутни во Годишната програма. Од третманот на ОФФест, како и на есенскиот Скопски џез фестивал, кому, исто така, му се скратени средствата (за тоа во друга прилика), од актуелната министерка за култура веројатно не треба да бидеме изненадени. Особено ако ја имаме на ум нејзината изјава дека културните проекти во иднина ќе мора да водат повеќе сметка за својот „забавен карактер“. Во што ОФФест и Скопскиот џез фестивал очигледно тешко се вклопуваат. Но, не е наше да се бавиме со ликот и делото на министерката, заробени во скафандер, и со нејзиното педигре во културата. Се знае чија должност е тоа. Се разбира, еден министер за култура не мора да знае сè. Ништо - не е опција. Партијата, во улога на Господ, тука не може да помогне. Ако во конкретниот случај на министерката не ѝ се познати долгогодишниот програмски растеж и континуираниот висок квалитет на фестивалите како ОФФест и Скопскиот џез фестивал, јасно признаени кај нас, а уште повеќе во светот, има за тоа на дофат опсежни материјали во самото Министерство, како дел од апликациите по годишните конкурси и програмските и финансиски извештаи. На ОФФест му останува пријатната обврска да го реализира, заедно со уште 11 еминентни европски фестивали, четиригодишниот проект „Sounds of Europe”, поддржан од Европската Унија (преку програмата „Креативна Европа“). Овој проект, меѓу другото, ќе им овозможи гостување на македонските музичари на бројни европски сцени." Министерството за култура, пак од своја страна, ја објаснува и оправдува својата стратегија на распределување на парите со следниот резон: „Комисиите кои одлучуваа по пријавите по дејности, останаа доследни на принципите: квалитетот на проектите, нивното значење за јавниот интерес во културата, нивната релевантност за потребите на граѓаните, поддршка на младите и стимулирање на нивната креативност, поддршка на проекти наменети за деца, поддршка на културите на етничките заедници, поддршка на проекти за ранливите и маргинализираните, како и принципот на родова еднаквост“
- Пркосот на Салман Ружди (извадок)
Ружди беше навикнат на настани како оној во Чаутаука. Тој имаше направено безброј читања, панели и предавања, дури и се сладеше со нив. Неговиот партнер на сцената, Хенри Рис, не баш. За да ги смири нервите, Рис зема длабок здив и се загледа во толпата. Беше смирувачки, сите тие пријателски лица во очекување. Потоа се слушна врева - брзи чекори, задишано брефтање, напрегање. Рис се сврте кон бучавата, кон Ружди. Маж облечен во црно, беше вдаден, целосно преку писателот. Отпрвин, Рис рече: „Мислев дека тоа е мајтап, некоја имитација на напад во навистина лош вкус, нешто како шамарот на Вил Смит“. Потоа здогледа крв на вратот на Ружди, крв течеше на позадината со знаците на Чаутаука. „Тогаш стана јасно дека таму има нож, но на почетокот се чинеше како само да го удира со тупаници. Во една секунда се вкочанив. Потоа се вдадов по типот. Инстинктивно претрчав и го соборив одзади и го држев за нозете“. Матар го прободел Ружди десетина пати. Сега тој се сврте кон Рис и го прободе и него, отворајќи му рана над окото. Лекар кој појадуваше со Ружди тоа утро седеше на коридор, во вториот ред. Тој стана од своето место, се стрча по скалите и се упати кон турканицата. Подоцна, лекарот, кој ме замоли да не го користам неговото име, рече дека е сигурен дека Рис, со соборувањето на Матар, помогнал да се спаси животот на писателот. Државен војник од Њујорк, му стави на Матар лисици и го изведе од сцената. Ружди беше на грб, сè уште свесен, крвареше од убодни рани на десната страна на вратот и лицето, левата рака и стомакот веднаш под ребрата. Сега, еден пожарникар беше покрај Ружди, заедно со четворица лекари - анестезиолог, радиолог, интернист и акушер. Двајца од лекарите ги држеа нозете на Ружди нагоре за да го вратат протокот на крв во телото. Пожарникарот ја држеше едната рака на десната страна од вратот на Ружди за да го спречи крварењето, а другата рака во близина на окото. Пожарникарот му рекол на Ружди: „Не трепкај со окото, се обидуваме да го запреме крварењето. Чувајте го затворено.” Ружди реагираше. "О.К. Се согласувам“, рече тој. "Разбирам." Левата рака на Ружди тешко крвареше. Со помош на ножици, еден од лекарите му го отсекол ракавот од јакната и се обидел да ја затвори раната со чисто марамче. За неколку секунди, марамчето беше заситено, крвта прскаше „како свет пекол“, се сеќава докторот. Некој му подаде еден куп хартиени крпи. „Ги стискав марамчињата колку што можев посилно“. „Што се случува со мојата лева рака? - изјави Ружди. „Толку многу боли!“ Во близина на неговиот лев колк се ширеше локва крв. Пристигна амбулантата од прва помош., болничарот го закачи Ружди за инфузија и го спуштија на носилка. Тие го изведоа од амфитеатарот и го качија на хеликоптер, кој го префрли на трауматологија, на второ ниво, Хамот, дел од Медицинскиот центар на Универзитетот во Питсбург, во Ири, Пенсилванија. Ружди патувал сам до Чаутаука. Назад во Њујорк, неговата сопруга Рејчел Елиза Грифитс добила повик околу пладне кој и́ соопштил дека нејзиниот сопруг бил нападнат и дека е на операција. Таа брзајќи организирала лет до Ири, за да стигне до болницата. Кога таа пристигна, тој сè уште беше во операционата сала. Во Чаутаука, луѓето шетаа наоколу запрепастени. Како што ми рече еден од лекарите што се качија на сцената за да му помогнат на Ружди, „Чаутауква беше единственото место каде што се чувствував потполно удобно. Еден момент, тоа беше како сон. И тогаш не беше. Немаше никаква смисла, а потоа ја имаше сета смисла во светот“. Ружди беше хоспитализиран шест недели. Во месеците по неговото отпуштање од болницата, тој главно остана дома, освен за посетите на лекарите, понекогаш по два или три на ден. Тој живееше без обезбедување повеќе од две децении. Сега мораше да го преиспита тоа. Непосредно пред Божиќ, во студено и дождливо утро, пристигнав во канцеларијата на Ендрју Вајли, литературниот агент на Ружди во центарот на градот, каде што се договоривме да се видиме. По некое време слушнав како се отвора вратата од агенцијата. Ружди, со акцент што носи траги од сите негови градови - Бомбај, Лондон, Њујорк - ги поздравуваше агентите и асистентите, луѓе што ги немаше видено многу месеци. Глетката како се пробива низ ходникот беше запрепастувачка: изгуби повеќе од четириесет килограми од прободувањето. Десната леќа на неговите очила е поцрнета. Нападот го остави слеп во тоа око, а сега обично чита на iPad за да може да ја прилагоди светлината и големината на буквите. На десната страна од неговото лице има лузни. Зборува течно како и секогаш, но долната усна му се спушта на едната страна. Улнарниот нерв во левата рака беше тешко оштетен. Ружди го соблече палтото и се смести на столот спроти бирото на неговиот агент. Прашав како е со духот. „Па, знаеш, сум бил подобро“, рече тој суво. „Но, со оглед на тоа што се случи, не сум толку лошо. Како што можеш да видиш, големите повреди се излечени, во суштина. Имам чувство во палецот и показалецот и во долната половина на дланката. Правам многу физикална терапија со раце и ми рекоа дека ми оди многу добро“. „Можеш ли да типкаш?“ „Не многу добро, поради недостаток на чувство во врвовите на прстите на овие прсти“. Што е со пишувањето? „Само пишувам побавно. Но, ќе биде“. Спиењето не беше секогаш лесно. „Имаше кошмари - не токму инцидентот, туку само застрашувачки. Се чини дека и тие се намалуваат. Добро сум. Можам да станам и да одам наоколу. Кога велам дека сум добро, мислам, има делови од моето тело на кои им требаат постојани прегледи. Тоа беше колосален напад“. Повеќе од еднаш, Ружди погледна низ канцеларијата со насмевка. „Одлично е да се биде назад“, рече тој. „Место кое не е болница, каде што најчесто бев. И да се биде во оваа агенција е - доаѓам овде со децении и тоа ми е многу познат простор. И да можам да дојдам овде да зборуваме за литература, да зборуваме за книги, да зборувам за овој роман, „Градот на победата“, за да можам да зборувам за она што ми е најважно. . .“ На овој состанок и во последователните разговори, почувствував спротивставени инстинкти кај Ружди кога одговараше на прашањата за неговото здравје: имаше инстинкт да се продолжи понатаму - да се зборува за литературни работи, неговата книга, сè освен повеќедецениската фатва и сега напад - но и инстинкт да се биде апсолутно искрен. „Постои нешто како P.T.S.D., знаете“, рече тој по некое време. „Ми беше многу, многу тешко да пишувам. Седнувам да пишувам и ништо не се случува. Пишувам, но тоа е комбинација од празнина и ѓубре, работи што ги пишувам и што ги бришам следниот ден. Сè уште не сум излезен од таа шума, всушност“. Тој додаде: „Едноставно никогаш не сум си дозволил да ја користам фразата „писателска блокада“. Секој има момент кога нема ништо во твојата глава. И мислиш, Ех, па добро, никогаш нема да има ништо. Една од работите во врска со тоа што имаш седумдесет и пет години и имаш напишано дваесет и една книга е тоа што знаеш дека, ако продолжиш да се обидуваш, нешто ќе надојде“. Дали тоа се случи во изминатите месеци? Ружди се намурти. „Не баш. Мислам, се обидов, но не баш“. Само во последно време „штотуку почна да го чувствува враќањето на соковите“. Како да продолжиш да живееш откако мислиш дека си излегол од години на закана, осуда и смртна опасност? И сега, како да се опоравиш од нападот што дошол на неколку милиметри да ве убие, и да се обидете да живеете, некако, како никогаш да не е можно да се повтори? Изгледаше благодарен за психотерапевтот кој го посетувал, уште пред нападот, терапевт „кој има многу работа да заврши. Тој ме познава и ми помага многу, а јас само разговарам за работите“. Разговорот беше очигледно во служба на долготрајна резолуција. „Секогаш многу се трудев да не си ја присвојам улогата на жртва“, рече тој. „Тогаш само си седиш и си велиш: Некој зари нож во мене! Кутриот јас. . . . Што понекогаш навистина го мислам“. Тој се насмеа. "Боли. Но, она што не мислам е: - тоа е она што сакам да мислат луѓето кои ја читаат книгата .Сакам да бидат затекнати од приказната, да бидат понесени“. Пред многу години, се сеќава тој, имаше луѓе на кои се чинеше дека беа уморни од неговото упорно постоење. „На луѓето тоа не им се допадна. Затоа што требаше да умрам. Сега, кога речиси умрев, сите ме сакаат. . . . Тоа беше мојата грешка, тогаш. Не само што живеев туку се трудев да живеам добро. Голема грешка. Здобиј петнаесет убоди - многу подобро“. Додека лежеше во болница, Ружди добиваше безброј пораки и мејлови кои изразуваа љубов, и со желби за закрепнување. „Бев во целосен шок“, ми рече Чимаманда Нгози Адичи, нигериската романсиерка. „Едноставно не верував дека тој сè уште е во вистинска опасност. Два дена бдеев, испраќав пораки до пријателите ширум светот, пребарував на Интернет за да се уверам дека тој е сè уште жив“. Во негова чест имаше читање на скалите на Јавната библиотека во Њујорк. За некои писатели, шокот им доведе одредени прашања во строг фокус. „Нападот врз Салман ми разјасни многу работи“, ми рече Ајад Ахтар. „Знам дека имам многу посветла линија што си ја повлекувам, меѓу потенцијалните штети на говорот и слободата на имагинацијата. Тие се несоодветни и не треба да се ставаат во ист пасус“. Ружди беше со разбуричкани чувства, од почитта што ја инспирираше неговата приближна смрт. „Знаеш, многу е убаво што сите беа толку трогнати од ова?“ - рече.тој „Никогаш немав размислувано, за тоа како луѓето ќе реагираат доколку бидам убиен, или речиси убиен“. А сепак, тој рече: „Јас сум среќен. Она што навистина сакам да го кажам е дека моето главно преплавувачко чувство е благодарноста“. Тој беше благодарен на оние кои ја покажаа својата поддршка. Беше благодарен на лекарите, на болничарите во амбулантното возило, и пожарникарот во Чаутаукуа кој му ги притиснал раните и им беше благодарен на хирурзите во Ири. „Во одреден момент, би сакал да се вратам таму и да им се заблагодарам“. Тој, исто така, беше благодарен на своите два возрасни синови, Зафар и Милан, кои живеат во Лондон, и на Грифитс. „Таа ги презема работите во свои раце, во момент кога јас бев беспомошен“. Таа се справуваше со лекарите, полицијата и инспекторите и со транспортот од Пенсилванија до Њујорк. „Таа едноставно презеде сè, како и емоционалниот товар од тоа што речиси ќе бев убиен.“ Дали мисли дека е грешка што го спушти гардот, откако се пресели во Њујорк? „Па, јас си го поставувам тоа прашање и не го знам одговорот на тоа“, рече тој. „Имав повеќе од дваесет години живот. Значи, дали е тоа грешка? Исто така, напишав многу книги. „Сатански стихови“ беше мојата петта објавена книга - четвртиот објавен роман - а ова е мојата дваесет и прва. Така, три четвртини од мојот живот како писател се случија од фатвата. На некој начин, не можете да жалите за својот живот“. Кого тој го обвинува за нападот? „Го обвинувам него“, рече тој. Некој друг? Дали беше разочаран од обезбедувањето во Чаутаука? „Се обидов со многу напор низ текот на годините, да избегнам меѓусебни обвинувања и огорченост“, рече тој. „Едноставно мислам дека не изгледа добро. Еден од начините на кои се справив со целата оваа работа е да гледам напред, а не назад. Она што ќе се случи утре е поважно од она што се случи вчера“. Објавувањето на „Градот на победата“, тој појасни, беше неговиот фокус. Тој е заинтересиран да види како ќе биде прифатен романот. Дали ќе се гледа низ призмата на прободувањето? Тој се потсети на „бранот на сочувство“ што дојде со „Сатански стихови“, колку се зголеми продажбата со фатвата. Тоа се повтори откако минатото лето беше избоден речиси до смрт. Тој е желен, секогаш, да зборува како новиот роман е втемелен во индиската историја и митологија, како се забрзал процесот на пишување, исто како што беше со „Децата на полноќ“, откако го најде гласот на неговиот главен лик; како книгата може да се чита како алегорија за злоупотребата на моќта и проклетството на секташтвото - двојните клетви на Индија под нејзиниот сегашен премиер, хинду врховистот Нарендра Моди. Но, уште еднаш, знае Ружди, неговиот нов роман ќе мора да се натпреварува за внимание, со грдотијата на реалниот живот. „Се надевам дека до одреден степен тоа може да ја промени темата. Отсекогаш мислев дека моите книги се поинтересни од мојот живот“, рече тој. „За жал, светот се чини дека не се согласува“. Хади Матар е притворен во окружниот затвор Чаутаука, во селото Мејвил. Тој е обвинет за обид за убиство од втор степен, што може да донесе дваесет и пет години затвор; тој е обвинет и за напад од втор степен, за нападот врз Хенри Рис, кој може да донесе дополнителни седум. Судењето најверојатно нема да се одржи до следната година. „Тоа е релативно едноставен настан кога ќе размислиш за тоа“, ми рече Џејсон Шмит, окружниот обвинител во округот Чаутаука. „Знаеме дека ова беше однапред испланиран, неиспровоциран напад од поединец кој немал претходна интеракција со кривично-правниот систем“. Работата на обвинителот несомнено е олеснета со фактот што имаше стотици сведоци на злосторството. Матар го застапува Натаниел Бароне, јавен бранител. На судското рочиште недолго по прободувањето, Барон го придружуваше Матар, кој носеше лисици, маска за лице и затворска облека со широки црно-бели риги. Косата и брадата на Матар беа кусо исечени. Тој кажа многу малку, освен неговото изјаснување - за невин. Барон, облечен во костум и вратоврска, застана покрај својот клиент. Изгледа дека нема илузии. Кога му предложив дека има речиси невозможен случај, тој не го оспори тоа: „Речиси сите до човек велат:: „Каква е одбраната на овој човек? Сите го видоа како го направи тоа!“, Бароне рече дека има стотици вештаци во досието, и дека ќе се консултира со некои од нив за прашања од психологија и радикализација. Тој, исто така, посочи дека би можел да ја оспори прифатливоста на интервјуто на Матар за Њујорк Пост, велејќи (без да обезбеди никакви докази) дека тоа е веројатно добиено под лажни изговори. (Њујорк Пост рече дека нејзиниот новинар се идентификувал и дека „г-дин Матар апсолутно разбрал дека зборува со новинар“.) Не е познато дали Матар дејствувал под нечие туторство или инструкции, но иранските државни медиуми го изразуваа своето одобрување многукратно - за неговиот обид да го убие Ружди. Само минатиот месец, Хосеин Салами, шефот на Исламската револуционерна гарда, рече дека Матар постапил „храбро“ и предупреди дека персоналот на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, кој беше нападнат од муслимански екстремисти во 2015 година, треба да размисли за „судбината “ на Ружди ако продолжи да се исмева со ајатолахот Хомеини. Што се однесува до мајката на Матар и нејзините забелешки за печатот за неговото однесување и нивната нарушена врска, Бароне воздивна и рече: „Очигледно, секогаш е загрижувачки кога ќе видите опис од мајката за вашиот клиент што може да се протолкува на негативен начин“. Тој не ги оспори нејзините забелешки. Барон се сретнал со Матар во неговиот блок на келии и го доживеа како кооперативен. „Немав апсолутно никакви проблеми со г-дин Матар“, рече тој. „Тој беше срдечен полн со почитување, отворено разговараше со мене. Тој е многу искрен млад човек. Тоа би било како да се запознаете со кој било млад маж . Нема ништо што го издвојува“. Матар е во блокот келии наречен „приватната зона“. Тој поминува голем дел од своето време читајќи го Куранот и други материјали. „Се запознавам со него, но не е лесно“, рече Бароне. „Реалноста на седење во затвор, затворен - лесно е да се нема надеж. Лесно е да мислите дека работите нема да ви појдат од рака. Но, јас им велам на клиентите дека треба да имате надеж“. Тој ме увери дека Матар „не го сфаќа ова лесно. Некои луѓе едноставно не се грижат за работите“. Дали искажува каење? Барон одговори дека не може да каже „во овој момент“. Ружди ми кажа дека го смета Матар за „идиот“. Тој застана и, свесен дека тоа не е некоја опсервација, рече: „Не знам што мислам за него, бидејќи не го познавам“. Имам избледено чувство дека писателот се бори со лик - и човечко суштество што се бори со непријател - кој е упорни и фрустрирачки испарлив. „Се што видов е неговото идиотско интервју во Њујорк Пост. Што само идиот би го направил. Знам дека судењето е уште многу далеку. Тоа може да се случи до крајот на следната година. Претпоставувам дека тогаш ќе дознаам нешто повеќе за него“. Ружди ги помина изминатите месеци опоравувајќи се. Тој изгледа огромна порција од „срање телевизија“. Не можеше да најде нешто или некој да му се допадне во „Белиот лотос“ („Грозно!“) или во документарецот на Нетфликс за Меган и Хари („Баналноста на сето тоа!“). Сепак, Светското првенство беше големо задоволство. Тој беше воодушевен од напредокот на Мароканците и надприродните настапи на Французинот Килијан Мбапе и Аргентинецот Лионел Меси, и беше трогнат од поддршката што ја покажаа играчите за протестите во Иран, за кои се надева дека може да биде „пресвртна точка“ за режимот во Техеран. Се разбира, нема да има литературна турнеја за „Градот на победата“. Но, сè додека неговото здравје е добро и безбедноста е осигурана, тој се надева дека ќе оди во Лондон на отворањето на „Хелена“, неговата драма за Елена Тројанска. „Ќе ти кажам навистина искрено, не размислувам долгорочно“, рече тој. „Размислувам за малку, чекор по чекор. Само мислам, Bop till you drop“.(*референца на албум на Рај Кудер) Кога ја допревме темата неколку недели подоцна, во разговор преку Зум, тој рече: „Немам што друго да правам. Би сакал да имам втора вештина, но не. Отсекогаш им завидував на писателите како Гинтер Грас, кој имаше втора кариера како визуелен уметник. Мислев колку е убаво да поминеш еден ден борејќи се со зборови, а потоа да станеш и да одиш по улицата до твоето уметничко студио и да станеш нешто сосема друго. Јас го немам тоа. Значи, се што можам да правам е ова. Сè додека има приказна за која мислам дека вреди да и дадам време, тогаш ќе го направам тоа. Кога имам книга во мојата глава, како остатокот од светот да е во својот правилен облик“. „Депресивно е“ кога се мачи на своето биро, признава тој. Се прашува дали ќе дојдат приказните. Но, тој сè уште е таму, вложува време. Ружди погледна околу своето биро, гестикулираше на книгите што ги обложуваат ѕидовите на неговата работна соба. „Чувствувам дека се́ е во ред. кога седам овде и имам за што да размислувам“, рече тој. „Бидејќи тоа го презема од надворешниот свет. Се разбира, внатрешниот свет е поврзан со надворешниот свет, но, кога сте во чинот на создавање, тој презема од сè друго. Засега ја остави настрана идејата за роман инспириран од Кафка и Ман и размислува за своевидно продолжение на „Џозеф Антон“. Отпрвин, тој беше иритиран од идејата, „затоа што се чувствував речиси како да ме натераа - нападот бараше да пишувам за нападот“. Меѓутоа, во последниве недели, идејата зема замав. Книгите на Ружди се склони да бидат продукции во голем обем, но за да напише за нападот во Чаутауква, настан што се случи вонеколку секунди, тој замислува нешто повеќе „микроскопско“. И гласот би бил поинаков. Малку дистанцираниот глас во трето лице што го употреби „Џозеф Антон“ изгледа погрешно за задачата. „Ова не ми изгледа како трето лице“, рече Ружди. „Мислам дека кога некој ќе ти забие нож, тоа е приказна во прво лице. Тоа е приказна за „јас“. ♦︎ Дејвид Ремник е уредник на „Њујоркер“ од 1998 година и писател дел од персоналот од 1992 година. Тој е автор на „Мостот: Животот и подемот на Барак Обама“. ♦︎ Извадок од профил на Дејвид Ремник "Пркосот на Салман Ружди"
- „Преку нивните фотографии сакам да им дадам на жените шанса да зборуваат сами за себе“ (галерија)
„Преку нивните фотографии сакам да им дадам на жените шанса да зборуваат сами за себе и да избегнат заблуди и погрешни толкувања, за овие делови од општеството кои се недоволно застапени - особено во западните медиуми. Сакав да фрлам малку светлина и увид во срцата и умот на младите девојки, овие девојки кои носат тешки обврски, како што е чувари на Куранот.Мојот проект го следи секојдневниот живот на ученичките во голем број од овие училишта и го покажува не само нивното патување да станат хафизи , туку и како тие истовремено ги задржуваат соништата и авантуристичката природа на младите жени на нивна возраст. Исто така, ги истражува нивните практики за кршење правилата и забавата на училишниот живот кога не учат. Проектот ми даде шанса да се видам како што бев тогаш.“ - Сабиха Чимен Од Ерен Орбеј 4 февруари 2023 година Фотографии на Сабиха Чимен / Магнум Првата фото-книга на Сабиха Чимен, „Хафиз“, започнува со портрет на деветгодишно дете по име Aтиџе, кое се обидува да го рецитира Куранот напамет. Таа носи виолетов хиџаб, и седи спроти партнерката за учење, слично забрадена, во училница во Истанбул, со лактот потпрен на покривка за маса со туфници, ист како тапетите зад неа. Како и скоро сите субјекти на Чимен - млади Муслиманки запишани во женските курански училишта во Турција - двојката некако проектира и несташлук и дисциплина. Атиџе го потпира своето лице на левата рака и му дава на гледачот непријатен поглед, фрустрирана можеби исто толку од досадата што доаѓа со нејзината задача, како и од прекинот на фотографот. Нејзината соученичка, држејќи ја отворена светата книга и следејќи со синот молив, не и́ нуди на камерата ниту еден поглед. „Хафиз“ е арапски термин што значи „чувар“ или „заштитник“. Тоа е, исто така, честа резервирана за студентите кои, како Атиџе, ги посветуваат на своето сеќавање сите шестотини и четири страници од Куранот. Обичајот датира од времето на пророкот Мухамед. Поголемиот дел од Арабија бил неписмен - вклучително, според исламската вера, и самиот Мухамед - така што зачувувањето на светиот збор за идните генерации беше должност и одикување што им припаѓаше на хафизите. По смртта на пророкот, калифот Абу Бакр ја составил првата пишана верзија на откровенијата од фрагменти од стихови кои биле врежани на листови од урма и коски од камила. Но, усната традиција, која во значителен дел ја носат жените, опстојува подолго од еден милениум. Само во Турција, повеќе од сто илјади девојчиња поминале низ училиштата за хафиз од седумдесеттите. За многумина од нив, забележува Чимен во воведот на нејзината книга, двете или три години поминати таму ќе бидат единственото формално образование. Чимен, самоука фотографка, беше испратена во едно такво училиште, во Истанбул, со нејзината сестра близначка, во 1998 година. Сега во своите триесетти години, таа го привикува искуството со жестока носталгија што многу Американци ја резервираат за спомени од летни кампови . Во „Хафиз“, таа се сеќава на неповторливото „игралиште на имагинацијата“, каде што ѕидовите се препотуваа „од здивот на девојките внатре“, а студентските домови „баздеа на скалпови“ кога студентите ги симнуваа марамите на крајот од денот. Секое утро, будејќи се со пеењето на муезинот, девојките брзаа повторно да ги дотераат своите глави, држејќи „остри челични шноли“ меѓу забите, за да ги ослободат рацете и повремено голтајќи ги шноличките додека беа расеани. (Подоцна, пишува Чимен, девојките ги исфрале „со помош на пире од компири“.) Во градините, за време на паузите за учење, соученичките на Чимен правеле од птичји пердуви, обележувачи за нивните Курани или ставале топли камења во нивните џебови за да го „почувствуваат Сонцето“. Во 2017 година, речиси две децении по напуштањето на училиштето, Чимен се врати со половна камера Хаселблад. Во текот на следните неколку години, таа бесчујно ги следеше младите Муслиманки во слични институции низ Турција. „Хафиз“ собира деведесет и девет нејзини портрети, снимени на филм со среден формат, во еден вид посредничка автобиографија, опишувајќи ги авантурите и мелодрамите на девојките од „ретко виден и често погрешно разбран сегмент од општеството“. Дење, учат на богатиот вез на молитвените килими, во застарената флуоресценција на училниците и во засенчените ќошиња на ходниците. Тие ги потпираат своите свети книги на 'рѓосани радијатори, катедри кои се високи до колена и на избледените постелнини, страниците отворени, писмото осветлено од снопови на сончева светлина. Неколку од субјектите на Чимен позираат за формални портрети со ставови на научна гордост. (Некои Муслимани сметаат дека е несоодветно да се крева гласот или дури и да се прекрстат нозете во присуство на хафиз.) Други го сомелуваат помното испитување на камерата, криејќи се под масите и зад металните шкафчиња, ги заштитуваат лицата со малите дланки и розов чад, инаку повлекувајќи се во осаменоста на нивните студии. Една снимка, незабележителна на прв поглед, покажува само бледи прсти на ученичката, распослани преку навидум празните страници од нејзиниот Куран, но кој таа го чита на Брајово писмо. Чимен не се плаши од ригидноста што ги дефинира овие рутини. Девојките земаат абдест и се молат пет пати на ден. За време на нивните менструални циклуси,, кога се обесхрабруваат да го допираат Куранот, тие сортираат мувлосани лимони во трпезаријата. „Хафиз“ ги прикажува и мрачните ентериери во кои девојките ги извршуваат своите домашни обврски и неуреденоста која е надвор, кога ја игнорираат берат овошје како смокви или се наведнуваат да го излапаат црвеното месо од лубеницата што експлодирала на улицата. Иако таблоата се честопати пригушени и монохроматски, субјектите покажуваат тврдоглава индивидуалност, носејќи бледо розеви куфери и собирајќи гуми за бришење во форма на овошје. Сликите посветуваат посебно внимание на нивните разновидни и шарени чевлички. Девојки со марами играат школка, на бетонско игралиште, облеано од дожд, сините набори на нивните наметки се издигнуваат за да откријат обувки кои изгледа дека можеби се Док Мартинс и Ер Џорданс. На еден од портретите на ролери, девојка со ангелско лице стои рамнодушна во сина покривка и црна абаја, која ги покрива само врвовите на нејзините розови ролери. Меѓу нејзините соученици во училиштето за хафиз, Чимен се сеќава на еднакво разнолика екипа. Имаше „скршени девојки со мртви лица“, „тврдокорни девојки кои ги тероризираа ходниците“, девојки кои не можеа да го научат Куранот „без разлика што и да направеа“ и „мали банди на девојчиња, кои ќе се формираа и распаднеа од причини кои никогаш не ги дознавме“ Во Турција, пред само една деценија беше укината долгогодишната забрана за забулување во државните институции. Како тинејџерка, Чимен ги одложила сопствените планови за на факултет, за да не мора да ја тргне марамата. (Подоцна, таа се здоби со диплома, после додипломските студии по трговија и економија, по што следеше диплома за културни студии.) Во херметичкиот свет на „Хафиз“, неколку фотографии целосно го признаваат сеништето на„ вестернизацијата“ . Еден исклучок е фотографија од исечоци на ѕид од училница, со црвени ознаки „Х“ ставени под оние на кои се прикажани жени во недоволно скромна облека. За многу од субјектите на Чимен, хиџабот наликува на секоја друга обична училишна униформа, не поограничувачка од кошула со јака или карирано здолниште. За други, пак, облеката сугерира груба индукција во реалноста на зрелоста. Во текот на „Хафиз“, Чимен ги драматизира патувањата на девојчињата од невиноста до искуството, со креативна употреба на страници на преклоп.. Секвенцата која најмногу ќе прогонува покажува жртвено животно фотографирано одблиску, со матирано крзно и застаклено око, проследено со фотографија од крвав камен. Во книгата, овие слики се скриени на позадината на страниците што ја прикажуваат осумгодишната Елиф, на нејзиниот прв училишен ден. На левата страна, таа е фотографирана без марама, како стои со проретчена четка пред фреска на отворено и гледа запрепастено, како суштеството на страницата на опачината. На десната страна, затворањето на втората врата ја открива Елиф на истото место, сега забрадена, но , во нејзиниот фустан со шари, непрепознатлива. Ѕверката е убиена, четката пораснала здивена, а Елиф излегува од рамката со спуштен поглед, носејќи го својот Куран.













