top of page

Резултати од пребарување

Search this site

5625 results found with an empty search

  • Доаѓа петтиот Крај Вардарот Џез, во организација на Мирко Попов и Владан Дробицки | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%B4%D0%BE%D0%B0%D1%93%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%82%D1%82%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D1%80%D0%B0%D1%98-%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80%D0%BE%D1%82-%D1%9F%D0%B5%D0%B7%2C-%D0%B2%D0%BE-%D0%BE%D1%80%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2-%D0%B8-%D0%B2%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D0%BD-%D0%B4%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%B8?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Крај Вардарот џез, ПМГ, ПМГ Џез, Мирко Попов, Владан Дробицки 14.11.24 г., 18:00 Неверојатната работна етика на Мирко Попов дава резултати и постхумно Крај Вардарот, Скопје – Со длабок поклон и почит кон великанот на македонската музика и култура, Мирко Попов, петтото издание на „Крај Вардарот Џез Фестивал“ ќе започне на 20-ти април. Овој фестивал, кој веќе пет години по ред се бори за статусот кој се чини дека веќе го достигна со работата во полето на џез музиката надвор од фестивалот, станува синоним за иновативност и врвни музички доживувања, и ја продолжува мисијата која ја отпочна Попов – човекот кој беше пионер и неуморен популаризатор на (џез) музиката во Македонија, ставен во еден поинаков контекст и на друга платформа на која сме навикнати - не помалку вредна. Пресек на музичката иновација: Програмата на „Крај Вардарот џез“ 2024 Составен од три вечери, овој фестивал ќе ги претстави најиновативните и креативни аспекти на македонската музичка сцена, креирајќи ја својата уникатна атмосфера во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум. Сабота | 20 април | Едукативен културен центар Лабораториум 21:00 Cobalt Code Unit концерт Фракција од четири млади музички аскети, Cobalt Code Unit, смело ги смешуваат традиционалните јужнобалкански тонови со современите импровизации. Нивните настапи се како патување преку различни звучни пејзажи, што ве воведуваат во свет на авангардниот израз и психоделичните импресии. https://www.youtube.com/watch?v=WrWk2uLiJpM Cobalt Code Unit е фракција од четири млади музички аскети, кои неуморно талкаат низ обемните пространства на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, контемплирајќи ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж, прикажани низ призмата на авангардниот израз. Своите искуства засега ги имаат испишано на два долгосвиречки албуми: Rural (2020) и Soilwork (2021), како и на еден видео албум (The Yadro Concert). Нивните настапи наликуваат на долги импровизирани крајпатни патувања, полни со ненадејни угорнини, удолнини и свиоци, придружени со брзински дивеења низ калливата почва на планинските патишта, зачинети со мирно крстарење низ питомите висорамнински предели, нудејќи искуство со надреални пејзажи, медитативна меланхолија и спокој. Програмата за 20 април е бесплатна. Вторник | 23 април | Филхармонија 20:00 >> „Мирисот на липите“ - концерт на пијано на Дуња Иванова Во овој музичко-поетски проект, Дуња Иванова и Тина Иванова ја раскажуваат приказната за урбаните моменти на Скопје. Од улиците до кафеаните, во овој концерт ќе го почувствувате „Мирисот на липите“ преку мелодиите и наративата. https://www.youtube.com/watch?v=NbCeE_UGbiI 20:00 >> „Мирисот на липите“ - концерт на пијано на Дуња Иванова проследен со текст и нарација на Тина Иванова „Мирисот на липите“ е музичко-поетски проект, кој ќе раскаже приказна за познатите урбани, но и скриени места на Општина Центар. Липите на улицата „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“... „Мирисот на липите“ е концерт на пијано на Дуња Иванова проследен со текст и нарација на Тина Иванова. Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска, како и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи токму Пандевска. Станува збор за получасовно патување низ симболите на Скопје, но погледнати низ интимна, лична перспектива на авторите. Во музиката, како и во нарацијата, провејува нишка на носталгија, а во исто време и крик за подобро утре на градот во кој пораснавме и без чиј воздух не можеме да живееме. Всушност, „Мирисот на липите“ симболично ќе прикаже, преку звук и говор, еден живот на жител на Центар. Поетскиот наратив е оригинално креиран за овој уметнички перформанс, кој промовира иновативен пристап со содржина која пак, претставува ,,жива“ материја, блиска до човечкото срце. На крајот на март за ПМГ Џез, како 44 издание, излезе албумот во живо со концерт на пијано на Дуња Иванова реализиран во рамки на музичката програмата “Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“, која изведе композиции од Ана Пандевска. Онлајн продажба на билети е достапна преку bileti.mk . Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Билетите се достапни на следниве линкови: https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта) https://bileti.mk/e/krajvardarotjazz24 (за 23 април) 21:00 >> Концерт на Биг Бенд - музика на Кире Костов Со интерпретација на дела од Кире Костов, Биг Бендот под диригентство на Љупчо Мирковски го слави еден од најзначајните стваратели во македонската музичка историја. https://www.youtube.com/watch?v=owyFY2A30JA Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција Кире Костов, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од страна на Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Кире Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на околу педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал од 1991. Подеднакво значајна ќе биде и изведбата на селектираните дела од Кире Костов од страна на еден од нашите најзначајни оркестарски формации, чија историја датира од далечната 1961 година (Биг Бендот на МРТ), кој во 2013 година се возобновува и продолжува да работи во музичка формација водена од Љупчо Мирковски како диригент. Онлајн продажба на билети е достапна овде: https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта) https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzfest24 (за 27 април) Сабота | 27 април | Едукативен културен центар Лабораториум 21:00 >> Концерт на Macedonian Free Society Соработката помеѓу извонредни автори и инструменталисти го резултираше во овој мега состав кој ги обновува стандардите на македонската џез сцена. 22:00 >> Концерт на Поетроника Современата македонска поезија доаѓа до живот преку поетско-музички перформанс, со магичната комбинација на Оливер Митковски и Андреја Ристески – Салпе. Програмата на Крај Вардарот Џез 2024 го прославува богатството на македонската музичка сцена, претставувајќи иновативни проекти и врвни уметници кои го разголуваат духот и културата на нашиот град. Од мистериозните патишта на импровизираната музика до поетските светови на електронските звуци, овој фестивал е патување што ќе ве одведе на неочекувани дестинации во светот на македонската уметност. https://www.youtube.com/watch?v=d2fJbyJ896g Организаторите, со високо признание кон творештвото на Мирко Попов и со иста онаа страст и посветеност која тој ја вложуваше во развојот на музичката сцена, го реализираат фестивалот со една единствена цел: да го одржат духот на џезот жив и да го промовираат како неоделен дел од културниот идентитет на земјата. Крај Вардарот Џез Фестивал стигна до своето петто издание. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање на извонредни автори и изведувачи од македонската музичка сцена во полето на џез, светска и современа музика, и нејзина видливост и позиционирање, како во домашен, така и во меѓународен контекст. Како еден сегмент од целото работење на ПМГ Џез, со веќе 46 изданија на македонска музика, Крај Вардарот Џез Фестивал како своевидна платформа, секоја година во континуитет на домашната публика и ги претставува најквалитетните и рецентни авторски остварувања од високо ценети и реномирани автори, но и млади, веќе наградувани и признаени таленти. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма селектирна од Попов и Дробицки која ги надминува границите на музичките жанрови, спојувајќи џез, електроника и современа музика. Програмата опфаќа интердисциплинарен пристап на македонска авторска музиката споена во изведбен акт со македонската поезија и проза (Поетроника на Салпе и Митковски и Мирисот на липите на Дуња и Тина Иванови), настап на два исклучителни музички ансамбли (Биг Бендот со интерпретација на селектирани дела од доајенот на современата џез композиција Кире Костов и Маседониан Фри Сосајети, октет од извонредни совр емени џез музичари кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез и современа музика) и младиот авангарден состав Кобалт Код Јунит, чија музика ја спојува традицијата, современиот џез, африканскиот бит и бучавата на индустрискиот метеж. На тој начин веќе петта година по ред го развиваме профилот на фестивалот како уникатен и квалитетен културен настан, ценет и очекуван од публиката, која има потреба од овој нов пристап кон градење на современ македонски музички и културен идентитет. Со длабок поклон, Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 го реализираме во чест на Мирко Попов. Визионер, иницијатор, куратор и организатор на овој фестивал и целокупната музичка дејност поврзана со работата на ПМГ Џез како сублејбл за џез и светска музика на матичната дискографска куќа ПМГ Рекордингс, активна од 1998 година. Со голема жар и посветеност заедно со Дробицки работеа на програмата на годинашното фестивалско издание, чија реализација не успеа да ја дочека. Тимот на Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 во негова чест и во чест на музичката сцена која Попов неуморно ја развиваше, со истиот ентузијазам и посветеност го реализира ова фестивалско издание. Симболично како во легендата за настанувањето на градот Скопје „Големата камена глава“ и соколот кој ги чувал луѓето во градот се додека нивната душа не стане посилна од силата на Љубомор за да го победат со сложност, Мирко Попов е соколот на Скопје, како и во песната „Море сокол пие, Вода на Вардаро… !” кој беше и инспирација за името на фестивалот. - ПМГ Џез; Сликата на Попов како „соколот на Скопје“ кој го буди духот на градот преку музиката, се чини повеќе од соодветна – симбол на неговата непоколеблива визија, инспиративност и бескрајната љубов кон мелосот и уметноста. Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија и соработува со Македонската филхармонија и едукативниот културен центар Лабораториум. Организаторите ветуваат дека ова издание ќе остави траен белег во секое срце кое копнее по квалитетна музика и вистински културен доживувања. Со нетрпение го очекуваме почетокот на фестивалот следната сабота, каде што ќе се слави џезот, Мирко Попов и музичкото наследство кое тој го остави зад себе. Онлајн продажбата за останатите билети е достапна преку bileti.mk . Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Билетите се достапни на следниве линкови: https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzblok24 (за блок карта) https://bileti.mk/e/krajvardarotjazz24 (за 23 април) https://bileti.mk/e/krajvardarotjazzfest24 (за 27 април) Повеќе за настанот на неговиот Фејсбук овде. следно

  • Промоција на нови дизајнери во Лаб дизајн маркет | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%BB%D0%B0%D0%B1-%D0%B4%D0%B8%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%BD-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%B5%D1%82-?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Лаб дизајн маркет, Мус, Маја Танева, Solar Creations, Дана Андо 14.11.24 г., 18:00 Новата ера на македонскиот дизајн: Промоција на нови креативци во Лаб Дизајн Маркет Во сабота, 8 јуни, изложбениот салон и заедница на македонски дизајнери и занаетчии „Лаб дизајн маркет“ ќе биде домаќин на промоцијата на четири нови брендови кои ќе се приклучат на досегашната понуда на маркетот. Настанот ќе започне во 12 часот напладне и ќе трае до 18 часот, на булевар „Св. Климент Охридски“ број 68, во центарот „Лабораториум“. Нови брендови, нови визии Четирите нови брендови кои ќе се претстават на овој настан носат свежи и иновативни идеи во светот на македонскиот дизајн. „Мус“, брендот на Сандра Георгиева, ќе ги презентира своите рачно изработени мокасини од кожа за најмалите од 0 до 2 годишна возраст. Овие уникатни обувки се создадени со голема љубов и внимание кон деталите, што ги прави идеални за најмладите. „Дана Андо“ е бренд на дипл. инж. архитект Даниела Хаџиќ, која за прв пат ќе ја претстави својата колекција „Артифициелната шума“. Оваа колекција вклучува рачно изработени масички од разни видов и дрво, кои се вистински уметнички дела. Јоланда Попоска, со својот бренд „Solar Creations“ , ќе ги презентира своите челични и алуминиумски парчиња накит, изработени во прастарата техника наречена оклоп (chainmail). Оваа техника, која потекнува уште од 3 и 4 век пред нашата ера, вклучува поврзување на метални алки во различни плетки, создавајќи мрежа од која се изработувале витешки кошули и оклопи. Маја Танева ќе ги претстави своите линеарни скулптури од челични јажиња, кои се вистински пример за уникатност и иновативност на македонската дизајнерска сцена. Лаб Дизајн Маркет: Платформа за современ македонски дизајн „Лаб дизајн маркет“ е изложбен салон кој се наоѓа во индустриската хала на печатницата „Нова Македонија“. Овој маркет претставува нова, современа форма на традиционалните македонски занаети и за прв пат ги поврзува занаетчиите и дизајнерите во заедница од која се очекува да произлезат многу нови соработки. Оваа иницијатива има за цел да ја зајакне македонската дизајнерска сцена и да понуди платформа за промоција на нови и талентирани креативци. Настанот е отворен за сите љубители на дизајнот и занаетчиството, како и за оние кои сакаат да поддржат локални уметници и креативци. Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да се запознаете со новите трендови и иновации во македонскиот дизајн. следно

  • Промоција на „Автопортрет со седум прсти“ - собрани прозни текстови на Ацо Шопов | https://vesnachu.wixsite.com/divotno/news/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%E2%80%9E%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D1%80%D0%B5%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%B4%D1%83%D0%BC-%D0%BF%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B8%E2%80%9C---%D1%81%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B8-%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D1%86%D0%BE-%D1%88%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%B2?skipRedirect=true&ssrOnly=true&extendedTimeout=true&debug=false

    Настани деновиве низ град: од Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Струмица па до Лондон и Њујорк. Дива ве води на настаните кои мислиме дека мора да ги посетите. Од концерти фестивали и изложби, до саеми, кулинарски настани театарски претстави и јога - настани без престан Ацо Шопов, промоција, „Автопортрет со седум прсти“, Лабораториум 14.11.24 г., 18:00 Скопје, 19 март – Легендарниот македонски поет Ацо Шопов е повеќе познат по својата лирика, но со новата книга „Автопортрет со седум прсти“ јавноста ќе има уникатна можност да се запознае со неговата проза, есеистика и јавно ангажирано писмо. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 19 март во 19 часот во едукативниот културен центар Лабораториум во Скопје .Книгата претставува збирка на непознати прозни текстови на Шопов и се очекува да отвори нови хоризонти кон разбирањето на неговото творештво. Сите го знаеме Шопов како суптилен лиричар, но кој го знае како есеист и беседник со изострен слух за литературата и уметноста, како толкувач на општествените текови и драми, како остар полемичар, ангажиран општественик, издавач и интелектуален работник? Ете, тој Шопов ќе го откриете, преку неговото перо, во неговиот „Автопортрет со седум прсти“, книга во која за првпат се собрани непознати прозни текстови од македонскиот поет. Првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски , со својот сугестивен пристап ќе ја долови поезијата во прозата на поетот.„Тој Шопов ќе го откриете, преку неговото перо, во неговиот ‚Автопортрет со седум прсти‘, книга во која за првпат се собрани непознати прозни текстови од македонскиот поет“, вели Јасмина Шопова, приредувач на книгата.За време на промоцијата, Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, ќе го води публиката низ страниците на книгата со своите видувања и толкувања. Организатори на настанот се Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и издавачката куќа „Антолог“, во соработка со „Лабораториум“. Промоцијата ја организираат Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и „Антолог“, во соработка со „Лабораториум“, едукативен културен центар кој се дефинира „повеќе како идеја отколку како простор, но и како простор за идеи“... и кој во себе го носи и го пренесува на младите генерации духот на старата печатница на „Нова Македонија“. Настанот е дел од годинешната програма „2023, Година во чест на Ацо Шопов“, каде Националната опера и балет, ФлипБук Фестивал на анимирани филмови и Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) исто така ќе придонесат со сегменти од своите уметнички продукции. Промоцијата е отворена за сите заинтересирани и ќе се одржи на адресата булевар „Свети Климент Охридски“ 89, Скопје. Ова е уникатна можност за сите љубители на македонската литература и култура да се сретнат со еден поинаков Ацо Шопов, чија мултидимензионалност преку ова дело ќе заземе централно место во културната меморија на земјата. следно

  • Скопје Space Jam: ќе има многу ѕвезди | diva.mk

    Скопје Space Jam, планетариум, концерт, изложба, настан Планетариум Скопје, Skopje, North Macedonia Скопје, 30.11.23; Во просторот на Планетариумот на Младинскиот културен центар (МКЦ), наскоро ќе се одржи настанот „Skopje Space Jam“, првото издание на музичкиот фестивал кој предвидува да им донесе на посетителите музички светови, ѕвезден звук и астрофотографии. Програмата за ова издание изгледа впечатливо, со изведби на: 19:00 - 19:45: Ема Ананиевска 20:00 - 20:45: Алембик 21:00 - 21:45: Ата Во дополнение, настанот ќе биде и простор за уживање во уметнички аспекти на универзумот со изложба на астрофотографии од Ѕвездица Алексоска. Влезниците, наскоро ќе бидат во продажба во билетарницата на МКЦ. Овој проект е со поддршка од Град Скопје. Запомнете, „it's gonna be full of stars!“ Не заборавајте да го резервирате вашиот билет и да се придружите на ова уникатно космичко музичко искуство во срцето на Скопје. претходно следно

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page