Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Илон Маск е во неверица откако бојкотот на Twitter/X се продлабочува после антисемитски твит
Гигантот на социјалните мрежи Twitter/X (Твитер/Икс) западна во криза овој викенд бидејќи голем број големи американски компании ги повлекоа рекламите поради стравувањата дека страницата изобилува со антисемитска содржина. Apple, Disney, Paramount, Warner Brothers и Sky и сопственикот на NBCUniversal, Comcast, ги паузираше финансирањата за реклами на платформата бидејќи нејзиниот сопственик Илон Маск се противеше на обвинувањата дека дозволува рекламите да се прикажуваат напоредно со екстремно десничарските објави. Бојкотот дојде неколку дена откако Маск лично одобри антисемитска објава на платформата. Компјутерскиот гигант IBM беше првата компанија што го запре рекламирањето во четвртокот, после извештајот на непрофитната американска организација Media Matters кој тврди дека X сервира реклами за IBM, Apple, Oracle, NBC Universal и Comcast’s Xfinity напоредно со пронацистичка содржина. Apple и другите големи брендови го следеа примерот, додека Европската комисија рече дека ќе ги паузира рекламите поради „широко распространета загриженост во врска со ширењето на дезинформации“ во неделите по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври. Во сабота Маск се закани со „термонуклеарна тужба“ против Media Matters и ја обвини дека манипулира со нивните вести за да генерира „редок пример“ на реклами кои се сервираат покрај екстремно десничарските објави. „Оваа недела, Media Matters for America објави приказна која целосно погрешно го претстави вистинското искуство на X, во уште еден обид да ја поткопа слободата на говорот и да ги доведе во заблуда огласувачите“, се вели во соопштението на X. Сепак, претседателот на Media Matters, Анџело Карусоне, рече: „Далеку е од поборникот за слобода на говор кој тврди дека е, Маск е насилник кој се заканува со неосновани тужби во обид да ги замолчи извештаите за кои тој дури и потврди дека се точни. Маск призна дека спорните реклами се појавија заедно со пронацистичката содржина што ја идентификувавме. Ако не́ тужи, ќе победиме“. Потенцијалната правна борба со Media Matters следи по одделен инцидент во средата кога Маск му одговори на корисник на X кој промовираше антисемитска теорија на заговор дека Евреите им помагаат на „ордите на малцинствата“ во САД да ги заменат белите луѓе. „Ја кажавте правата вистина“, одговори Маск на Твитер. Таканаречената теорија за замена беше верување застапено од Роберт Бауерс пред да убие 11 верници во синагогата „Дрво на животот“ во Питсбург, Пенсилванија, во 2018 година. Бурните реакции по твитот на Маск стигна до Белата куќа, каде што портпаролот рече: „Ја осудуваме оваа одвратна промоција на антисемитска и расистичка омраза“. Во обид да ги задржи последиците, извршната директорка на X, Линда Јакарино, во петокот рече: „X беше исклучително јасен во нашите напори за борба против антисемитизмот и дискриминацијата. Апсолутно нема место за тоа никаде во светот“. Последниот бран на бојкот на компаниите предизвика нови прашања за одржливоста на X, кој Маск го купи пред една година за 44 милијарди долари. Договорот беше делумно финансиран со долг од 13 милијарди долари од банките на Волстрит. За време на неговото кратко, но бурно владеење, Маск ја преименуваше компанијата, нарушувајќи ја функционалноста на страницата, воведе функции што се платени и отпушти илјадници вработени, вклучително и модератори на содржини, во обид да ги спречи огромните загуби. Сепак, страницата останува силно зависна од огласувачите. Податоците од аналитичката фирма Guideline минатиот месец сугерираат дека овој приход паѓал во просек за 55 отсто секој месец од преземањето. Јакарино, поранешен шеф за рекламирање во NBCUniversal, беше донесен во мај во обид да ја стабилизира ситуацијата и да ги врати огласувачите во јатото. Директорот на една голема лондонска агенција за дигитално рекламирање рече: „Клиентите мора да се повлечат, барем на краток рок. Дали ќе се вратат? Едноставно не знам. Ова е многу полошо од било што [Маск] направил или рекол во минатото. Ќе биде тешко да се прости“. „Ниту еден огласувач не сака нивниот бренд да биде поврзан со токсична содржина“, рече Алис Ендерс, шеф на истражување во Ендерс Анализис, но додаде дека многу организации ќе држат дел од вниманието на рекламирањето за претседателските избори во 2024 година во САД. „Има многу политичко рекламирање и медиуми на X. Циклусот на политички реклами навистина ќе го фаворизира Илон Маск во 2024 година“. Последната контроверзија на Маск околу X дојде додека компанијата на милијардерот SpaceX се подготвуваше за второто лансирање на својата најголема ракета досега, Starship, која се лансираше од Тексас во саботата.
- Puff Daddy е во неволја: шокатни наводи за насилство, силување, во тужбата на Кеси
извор: Њујорк Тајмс; Шон Комбс (Sean Combs), продуцентот и музичкиот магнат, кој со децении e едно од најпознатите имиња во хип-хопот, беше предмет на тужба во Федералниот суд во четвртокот од страна на Кеси (Cassie), ар-ен-би пејачка, некогаш дел од неговата издавачка куќа, која го обвини Комбс за силување и постојано физичко малтретирање кое се одвивало во текот на приближно една деценија. Во тужбата, поднесена во Федералниот окружен суд во Менхетен, Кеси, чие вистинско име е Касандра Вентура - и која долго време беше романтична партнерка на г-дин Комбс - вели дека не многу долго откако го запознала во 2005-та година, кога имала 19 години, тој започнал со циклус на однесување на контрола и злоупотреба што вклучувало нејзино дрогирање, тепање и принудување на секс со низа машки проститутки додека тој ги снимал средбите. Во 2018-та година, се вели во тужбата, пред крајот на нивната врска, г-дин Комбс насилно влегол во нејзиниот дом и ја силувал. „После години во тишина и темнина“, рече г-ѓа Вентура во изјавата „конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна и да зборувам во своето име и во корист на другите жени кои се соочуваат со насилство и злоупотреба во нивните врски .“ Како одговор, адвокатот на г. Комбс, Бен Брафман, рече: „Г. Комбс жестоко ги негира овие навредливи и срамотни наводи. Во изминатите шест месеци, г. Комбс беше подложен на упорно барање на г-ѓа Вентура од износ на 30 милиони долари, под закана дека ќе напише оцрнувачка книга за нивната врска, која недвосмислено беше отфрлена како бесрамна уцена. И покрај тоа што ја повлече својата првична закана, г-ѓа Вентура сега прибегна кон поднесување тужба преполна со неосновани и срамотни лаги, со цел да ја наруши репутацијата на г-дин Комбс и да бара надомест. Даглас Вигдор, адвокат на г-ѓа Вентура, рече дека странките разговарале пред да биде поднесена тужбата. „Г. Комбс и́ понуди на г-ѓа Вентура износ од осум цифри за да ја замолчи и да го спречи поднесувањето на оваа тужба“, рече тој. „Таа ги отфрли неговите предлози“. Случајот на г-ѓа Вентура е последниот во серијата граѓански тужби за сексуален напад поднесени неодамна против истакнати мажи во музичката индустрија, вклучувајќи ги Стивен Тајлер од Аеросмит, извршниот директор Ел Еј Рид и Нил Портноу, поранешниот шеф на организацијата зад Греми наградите. (Г-дин Портноу го негираше обвинението; г-дин Тајлер и г-дин Рид не одговорија.) Комбс (54) го основа Bad Boy во 1993 година и стана една од главните фигури во комерцијализацијата на хип-хопот, работејќи со ѕвезди како Notorious B.I.G. и Мери Џеј Блајџ. Неговото богатство се проценува на 1 милијарда долари, а минатата година Форбс ја пресмета годишната заработка на г.Комбс и изнесува 90 милиони долари, припишувајќи го тој износ во голема мера на неговото поранешно партнерство во брендот за алкохол, Ciroc, кој е во сопственост на гигантот за алкохолни пијалоци Diageo. кој во својата кариера беше познат какоPuff Daddy, Diddy и Love, можеби е најпознатиот музички директор на неговата генерација. Но, тужбата го прикажува г. Комбс како насилна личност која, освен константното насилство кон Вентура, ја замолил да го носи неговиот пиштол во нејзината чанта, а тужбата сугерира дека тој е одговорен за уништување со експлозив на автомобилот на додворувач кој бил негов ривал. Во еден инцидент, од тужбата се вели дека г. Комбс држел пријател на г-ѓа Вентура, да виси на хотелскиот балкон на 17-ти кат. При именување на дополнителни обвинети, судските документи тврдат дека другите кои работеле со Комбс го криеле неговото однесување. Тужбата, во која како обвинети се именувани Комбс и голем број негови поврзани компании, бара неодредена отштета. „После години во тишина и темнина“, рече Каси, чие вистинско име е Касандра Вентура, во изјавата: „Конечно сум подготвена да ја раскажам мојата приказна“. Според тужбата на г-ѓа Вентура, таа била занесена од џет-сетерскиот животен стил на Комбс не многу долго откако го запознала и потпишала договор со Bad Boy, кој го издаде нејзиниот деби албум во 2006 година. Но, како што се вели во тужбата, тој набрзо почнал да утврдува извонредно ниво на контрола над нејзиниот живот. Освен што ја контролирал нејзината кариера, тој ги плаќал ратите за автомобилот, становите и облеката, па дури и имал пристап до нејзините лични медицински досиеја. Според тужбата, резултатите од скенирањето на главата што го направила - за губење на меморијата, веројатно предизвикано од употреба на дрога или од удари што таа рече дека ги здобила од г-дин Комбс - биле пратени директно кај г. Комбс. Комбс, исто така, и давал на Вентура „обилни количини на дроги“, вклучувајќи екстази и кетамин, и барал од нејзе да ги земе, се вели во тужбата, и често станувал насилен, тепајќи ја „се́ повеќе секоја година“. Во тужбата се вели дека Вентура никогаш не отишла во полиција бидејќи се плашела дека „само ќе му даде на Комбс уште еден изговор да ја повреди“. Во еден инцидент во Лос Анџелес во 2009 година, се наведува во тужбата, тој се разбеснил кога ја видел Вентура како разговара со друг агент за таленти, а потоа ја втурнал во автомобил и ја клоцал повеќе пати по лицето, поради што крварела. Според тужбата, г. Комбс потоа побарал од неговиот персонал да ја однесе во хотелска соба за да закрепне една недела. Таа побарала да оди дома кај нејзините родители, но г. Комбс одбил, се вели во тужбата.. Тужбата наведува дека откако ги уочила насилното однесување на Комбс и степенот до кој тој би ја изолирал од нејзината мрежа за поддршка, „Г-ѓа. Вентура сметаше дека ако каже „не“ на г-дин Комбс тоа ќе ја чини нешто - нејзиното семејство, нејзините пријатели, нејзината кариера, па дури и нејзиниот живот. И иако таа се обидела да го напушти Комбс, во тужбата се вели дека тој ги испратил своите вработени да ја намами назад. Во еден инцидент опишан во судските документи, Вентура вели дека на почетокот на 2012 година Комбс толку бил гневен поради нејзината врска со раперот Kid Cudi што тој рекол дека ќе го разнесе автомобилот на раперот. „Во тој период“, се наведува во тужбата, „автомобилот на Kid Cudi експлодираше на патеката пред неговата куќа“. Преку гласноговорник, Kid Cudi ги потврди наводите на Вентура дека имал автомобил што експлодирал. „Сето тоа што го кажува е вистина“, рече тој. Неколку години по почетокот на врската на Вентура со Комбс, се вели во тужбата, тој почнал да ја присилува „да се впушта за задоволување на неговиот фетиш наречен „воајеризам“, во кој Каси била упатена да има секс со низа машки проститутки, додека Комбс гледал, мастурбирал, фотографирал и снимал видео. Според тужбата Комбс овие средби ги нарекувал „freak offs“, кои вклучувале костими, како маски за маскенбал и долна облека. Тие продолжиле да се одвиваат со години, се одржувале во хотели од висока класа низ САД и во домовите на г. Комбс. Во тужбата се вели дека тој и наложувал на Вентура да пребарува веб-страниците на ескорт службите за да си набави машки сексуални работници. На овие настани имало многу дрога, за која во тужбата се вели дека ја земала затоа што „и́ овозможувале да се дисасоцира за време на овие ужасни средби“. Вентура би ги бришела видеата од овие инциденти што биле снимени на нејзиниот телефон, но Комбс и рекол дека сè уште има пристап до тие видеа, а еднаш ја натерал да гледа видео за кое мислела дека го избришала додека патувале со авион. Во тужбата се вели дека како резултат на овие сексуални средби во различни градови, г. Вентура е жртва на сексуална трговија. Тужбата го обвинува Комбс и за сексуално насилство, сексуален напад и прекршување на законот за родово мотивирано насилство во Њујорк. Тужбата на Вентура вклучува неколку извештаи за нејзините неуспешни обиди да избега од контролата на Комбс. Во еден пример, наведува дека за време на „откачувањето“ во хотел во Лос Анџелес во 2016 година, пијаниот Комбс ја удирал Вентура во лицето по што се здобила со модрици. Тој заспал и таа се обидела да ја напушти собата, но Комбс се разбудил и ја следел во ходникот, каде што фрлал стаклени вазни кон неа, предизвикувајќи стакло да се искрши низ ходникот, се вели во судската пријава. Безбедносните камери на хотелот го снимија тој инцидент, но во тужбата се вели дека Комбс ја откупил снимката од хотелот за 50.000 долари. Во судската пријава се вели дека во 2018 година, откако Комбс и Вентура се сретнале на вечера, тој насилно влегол во нејзиниот стан и ја силувал додека таа „постојано кажувала „не“ и се обидувала да го оттурне“. После тоа, вели тужбата, таа го оставила засекогаш. Вентура се омажи за Алекс Фајн, личен тренер, следната година и сега има две мали деца. Според жалбата, нејзиното дружење со Bad Boy завршило во 2019 година. Случајот на Вентура, како и другите неодамнешни тужби за сексуален напад, се води според Законот за возрасни преживеани, њујоршки закон кој им дозволува на луѓето кои велат дека биле жртви на сексуална злоупотреба да поднесат граѓански тужби по истекот на статутот на застареност. Едногодишниот рок за поведување предмети според овој закон завршува следната недела. Тој закон е цитиран во жалбата на г-ѓа Вентура и во изјавата таа се осврна на неговата важност. „Со приближувањето на истекувањето на Законот за возрасни преживеани во Њујорк“, рече таа, „стана јасно дека ова е можност да се зборува за траумата што ја доживеав и дека ќе се опоравувам до крајот на мојот живот“.
- Татјана Миљовска за изложбата „Вечно женско (Шакти)“
од Татјана Миљовска Насловот Вечно женско го позајмив од филозофијата на Владимир Соловјев. Малевич до својот креативен принцип духовна возбуда стигна наследувајќи го мистичниот амбиент на вечното женско - симболот на убавината и мудроста Софија - што зрачел од филозофијата на Соловјeв. Сликарите, поетите и филозофите симболисти, во своите азурно-сини контемплации, проникнаа до повисоките нивоа на интуицијата, а возбудата се ослободи како резултат на кршење на табуата на патријархатот (кубофутористите потоа раскинаа со традицијата на симболистите, но тоа е друга тема)! Патријархалната култура и религија ја потиснуваат женската енергија којашто е незаменлива во реализирањето на полнотата на чувството и креативната емоција. А пак рационалниот ум (често роб на ниските страсти) е на суверено место во патријархалното општество. Тој е во сојуз со волјата за доминација и наметнувањето на моќ од позиција на физичка сила. Тие се востановени како „природни“ и „нормални“ нагони во општеството. Бидејќи социјалниот дарвинизам е „неминовен“ и „нужен“, следува натпреварувачкиот дух како смисла на животот, па насилноста води кон (авто)деструкција, војна, смрт. Нели сè уште ги препознаваме овие сили како доминираат во нашиот свет!? Од друга страна, во тој систем, сочувството, емпатијата, емотивноста, сензибилноста, симпатијата, довербата најчесто се сфаќаат како слабости, пожртвуваноста и љубовта, великодушноста, солидарноста и добротворноста – неисплатливи, мирното решавање на проблемите и конструктивноста – привремени. За повторно да се откријат и да се ревалоризираат овие занемарени доблести, неопходно е да се истражува вечното женско! Нежен однос кон природата, воодушевување од нејзините убавини, грижа за другите, за светот, за планетата, за следните генерации, се обновувааат и актуелизираат преку радикалните екологии: екофеминизмот, длабоката екологија и социјалната екологија. Промените во културата изнурнуваат од длабоката внатрешна нужност (патем, тоа е креативниот принцип на Кандински) и се резултат на еволутивен развој. Според мене, излезот од кризата ќе го најдеме прво однатре, во преобразбата. Како човештво се доведовме до ситуација кога немаме друг избор. Оттаму, големиот импулс за промени избива како женска енергија. Во јогата енергијата е шакти. Шакти е женска енергија. Таа се манифестира како на субатомско ниво така и како космичка енергија. Оваа енергија во микрокосмосот, во нас луѓето, низ духовната пракса (медитацијата, јогата) станува сè посуптилна. Постепено се развиваат пофини аспекти од таа внатрешност, симболизирани низ разни бои, елементи/густини и нивоа на постоењето, и се балансираат енергиите во хармонија на повисоко рамниште. Во еден момент се достигнува полнота, полнота на Себството, на Душата, на Внатрешното Сонце - извор на огромна позитивна енергија. Серијата на слики во оваа поставка: Океан Море, Сонце и Расцут, Крилја, Пламен, се разни изблици на таа енергија, или како силна прочистена емоција, или како чувство на слобода и леснотија (добиваме Крилја), или како неизмерен простор и длабочина, или како пламено енергично извишување, или како мир, но динамички, или како топла радост и расцут. Мојот стремеж е вечното женско, коешто се манифестира како мудрост, духовна сила, хармонија и перфекција, да заблеска, за да овозможи пробив во неизмерните пространства на Интуицијата. Интуицијата е нашата повисока и подлабока свест… * Сите серии на слики од оваа поставка се изработени во периодот од 2014 до 2015 година. Повеќе за настанот на Фејсбук и на Дива: Деновиве низ град. Татјана Миљовска, родена на 3 ноември 1966 година во Битола, е уметница чиј живот и дело се преплетуваат со богатиот тек на македонската уметност и култура. Нејзиното уметничко патешествие е обележано со академски постигнувања, креативни истражувања и длабоко посветување на духовната суштина на апстрактното сликарство. Во 1992 година, Миљовска стекнала диплома по сликарство на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзината предаденост кон уметноста ја одвеле кон студии на магистерски степен, кој го завршила во 2011 година со теза насловена "Возвишена убавина". Врвот на нејзината академска кариера беше во ноември 2020 година, кога успешно го одбранила докторскиот труд со наслов „Ревитализација на духовното во апстрактното сликарство“ во Културолошките студии при Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Татјана Миљовска ја исцртува својата уметничка визија преку серија на самостојни изложби, од кои најважни се: "Кула на Мостот" во Националната галерија "Даут – пашин амам" во Скопје (1996). "Внатрешно Сонце" во Музејот на современа уметност во Скопје (2003). "Езеро Мое" во "Магаза" во Битола. "Сарај" – Ресен и "Куќата на Робевци" - Охрид (2009). "Возвишена Убавина" во Музејот на град Скопје (2011). "Духовното во апстрактното сликарство" – изложба и промоција на нејзината книга во Галеријата Метаноја во Скопје (2023). Со членство во уметничката група "Зеро" во периодот од 1986 до 1992 година, Татјана учествувала во многу перформанси, изложби и проекти со групата. Ретроспективната изложба со "Зеро" во Националната галерија на Македонија („Мала Станица“) презентираше значајен дел од нејзината уметничка историја. Во текот на годините, Татјана Миљовска се издвои не само како сликарка туку и како дизајнерка. Нејзините колекции на производи за домот ги изложувала на меѓународни саеми во Франкфурт на Мајна и Њујорк. Со повеќе од 150 објавени текстови, нејзините размислувања и критики ја објавувала на теми поврзани со уметноста, екологијата, естетиката, духовноста и политиката. Нејзината активност на меѓународни научни конференции и последните научни трудови ја поставуваат како релевантен глас во областа на енвиронменталната естетика и етиката на грижа за планетата и општеството. "Забелешка: Сите серии на слики од оваа поставка се изработени во периодот од 2014 до 2015 година." Татјана Миљовска продолжува да ја обогаќува македонската уметничка сцена со нејзината енергична креативност и силна врска со духовните длабочини на сликарството. Нејзината сакрална преданост кон "Вечното женско (Шакти)" се одразува во секој чекор на нејзиното уметничко патешествие, а нејзината искра за ревитализација на духовното во апстрактното сликарство ја прави неизбежна личност во македонската културна баштина.
- Доколку мирот беше награда
Светот на бајките не́ учи дека дури и нашите најскапоцени вредности се условни, или добиени по голема цена. од Салман Ружди; За почеток, дозволете ми да ви раскажам една приказна. Живееја еднаш два чакали: Каратака, чие име значеше „претпазлив“, и Даманака, чие име значеше „смел.“ Тие беа во вториот ранг на свитата на кралот лав Пингалака, но тие беа амбициозни и лукави. Еден ден, кралот лав беше исплашен од рикањето кое доаѓало од шумата. Чакалите знаеја дека тоа е гласот на бик, не е нешто од што треба да се плашиш, и го убедија бикот да дојде пред лавот и да го објави неговото пријателство. Лавот и бикот станаа пријатели, а чакалите беа унапредени во прв ранг од благодарниот монарх. За жал, лавот и бикот почнаа да трошат толку многу време во разговори, што лавот престана да оди да лови и животните во царството почнаа да гладуваат. Затоа чакалите го убедија лавот дека бикот кова завера против него, и го убедија бикот дека лавот планира да го убие, и така лавот и бикот се бореа и бикот загина, и имаше многу месо за сите, па така чакалите пораснаа во очите на лавот уште повеќе, затоа што го предупредија за заговорот и тие пораснаа во очите на сите во шумата исто така, освен, секако за кутриот бик - но тоа не беше важно затоа што тој беше мртов, и им обезбеди на сите одличен ручек. Многу прилично, ова е рамката за приказните на првата и најдолга од петте делови на книгата на животински басни познати како „Панчатантра“ наречена „ За предизвикувањето раздор помеѓу пријатели.“ Третиот дел „Војна и мир“ - наслов кој е искористен од друга добро позната книга, го опишува конфликтот помеѓу гавраните и бувовите, во кој издајничката измама на гавранот води до поразот и уништувањето на бувовите. Користев верзија на оваа приказна во мојот роман „Град на победата.“ Она што секогаш ми беше фасцинатно во „Панчатантра“ приказните е тоа дека многу од нив не морализираат. Тие не проповедаат добрина или доблест или чесност или воздржување. Лукавоста и стратегијата и аморалноста често ги надвладуваат сите препреки. Добрите момци не победуваат секогаш. (Дури не е ниту јасно кои се добрите момци.) Поради оваа причина тие делуваат необично современо, затоа ние, модерните читатели, живееме во свет на аморалност и бесрамност и лукавост, во кој лошите момци насекаде често победуваат. „Од каде потекнуваат сиве овие приказни?“ момчето Харун го прашува неговиот татко раскажувач во мојот роман „Харун и морето од приказни.“ Најважниот дел на одговорот е дека тие доаѓаат од други приказни, од океан на приказни на кој сите ние едриме. Тоа не е единствената точка на постанок: тука се исто така искуствата и ставовите за животот на самиот раскажувач, и тука се исто така и времињата во кои што живее. Но во најголема мера, приказните се вкоренети во други приказни, кои се комбинираат, се спојуваат и менуваат, и така стануваат нови приказни. Ова е процесот што го нарекуваме имагинација. Јас секогаш бев инспириран од митологии, народни приказни и бајки, не затоа што содржат чуда - зборувачки животни, или магични риби - туку затоа што ја инкапсулираат вистината. На пример, приказната за Орфеј и Евридика, која беше важна инспирација за мојот роман „Земјата под нејзините стапала“, која може да биде раскажана и во помалку од стотина зборови, и сепак, содржи моќни прашања за односот помеѓу уметноста, љубовта и смртта. Прашува: Дали љубовта, со помош на уметноста, може да ја победи смртта? И можеби одговара: Зар смртта, и покрај уметноста, не ја победува љубовта? Или ни кажува дека уметноста ги зема темите на љубовта и смртта и ги трансцедентира обете со тоа што ги претвора во бесмртни приказни. Складиштето на митот е навистина богато. Тука се и грчките митови, се разбира, но и нордиската проза и Поетската Еда. Езоп, Хомер, Прстенот на Нибелунг, келтските легенди и трите големи прашања на Европа: прашањето на Франција, телото на приказните околу Карло Велики; Прашањето на Рим, во врска со класичниот свет; Прашањето на Британија, легендите околу ликот на кралот Артур. Во Германија ги имате народните приказни собрани од Јакоб и Вилхелм Грим. Но, во Индија, пред да ги слушнам тие приказни, пораснав со „Панчатантра“ и кога се наоѓам меѓу проекти, се враќам на овие лукави чакали и гаврани и слично, за да ги прашам следно каква приказна треба да се раскаже . Досега не ме изневериле. Сè што треба да знам за добрината и нејзината спротивност, и за слободата и заробеништвото и за конфликтот, може да се најде во овие приказни. За љубовта, морам да кажам, потребно е да се погледне на друго место. И така, како што стојам пред вас примајќи ја наградата за мир, се прашувам себеси „Што ни кажува светот на басните за мирот?“ Вестите не изгледаат многу добро. Хомер ни кажува дека мирот доаѓа после декада на војна, кога сите кои ни се драги се веќе мртви и Троја е уништена. Нордиските митови ни кажуваат дека мирот доаѓа после Ragnarök - самракот на боговите, кога боговите ги уништуваат нивните традиционални непријатели, но исто така се уништени од нив. А „Панчатантра“ ни кажува дека мирот - смртта на бувовите и победата на гавраните- се постигнува само со чин на предавство. За да ги напуштиме легендите од минатото за момент и да ги погледнеме басните близначки од ова лето, филмот „Опенхајмер“ нè потсетува дека мирот дојде дури откако две атомски бомби, Малото момче и Дебелиот човек, беа фрлени врз луѓето од Хирошима и Нагасаки; додека чудовиштето од благајните наречено „Барби“ јасно кажува дека непрекинат мир и неразредена среќа, во свет каде секој ден е совршен, постојат само во розова пластика. И тука сме собрани да зборуваме за мир, кога не многу далеку oд овде војната беснее - војна родена од тиранијата на еден човек и алчноста за моќ и освојување - и кога друг горчлив конфликт експлодира во Израел и Појасот Газа. Мирот, токму сега, изгледа како фантазија родена од наркотик пушен од луле. Дури и значењето на зборот е нешто за кое борците не можат да се договорат. Мирот, за Украина, значи повеќе од прекин на непријателските чинови. Тоа значи, како што и мора да значи, враќање на одземената територија и гаранција за нејзиниот суверенитет. Мирот, за непријателот на Украина, значи украинското предавање. Истиот збор, со две некомпатибилни дефиниции. Мирот за Израел и за Палестинците изгледа уште подалечен. Мирот е тешко да се постигне. А сепак ние копнееме по него, не само за големиот мир што доаѓа на крајот на војната, туку и за малиот мир во нашите приватни животи. За Волт Витман мирот беше сонце што сјае врз нас секој ден: O sun of real peace! O hastening light! O free and extatic! O what I here, preparing, warble for! O the sun of the world will ascend, dazzling, and take his height—and you too, O my Ideal, will surely ascend! „Идеалот“ на Витман беше мирот. Значи, да се согласиме со него дека, иако е тешко да се пронајде, оваа работа вреди жестоко да се да се прогонува. Моите родители го имаа тоа на ум кога ме именуваа Салман, име чиј корен е именката salamat што значи „мир“. „Салман“ е „мирен“. И, всушност, бев исклучително тивко, добро воспитано, студиозно момче, мирно по природа. Неволјата започна подоцна. Ако моите дела се под влијание на басните, постои и нешто дефинитивно баснословно во наградата за мир. Ми се допаѓа идејата дека самиот мир може да биде наградата - дека ова жири составено од мудри добродетели е толку бескрајно моќно што можат да му доделат на еден поединец - не повеќе, едногодишна награда на мир. Вистински, благословен мир, а не тривијално задоволство, paix ordinaire, но убав стар Pax Frankfurtiana, залихи за цела година, доставен до вашата врата, елегантно флаширан. Тоа е награда за која би бил многу среќен доколку ја добијам. Дури размислувам да напишам приказна за тоа, „Човекот кој доби награда на мир “. Замислувам дека се случува во гратче во мала држава - можеби на селскиот саем. Има вообичаени натпревари, за најдобри пити и колачи, најдобри лубеници; за погодување на тежината на свињата на фармерот. Еден продавач во необлечен мантил пристигнува во вагон со коњи и вели дека ако му биде дозволено да суди на натпреварите, тој ќе ги додели најдобрите награди што некој некогаш ги видел. „Најдобри награди! тој вика. „Дојдете! Дојдете!!“ И така тие се доаѓаат, едноставната селска раја, а продавачот им дели мали шишиња на различните добитници на награди, шишиња со ознака Вистина, Убавина, Слобода, Добрина и Мир. Селаните се разочарани. Тие би сакале пари. И во годината која следи после саемот се случуваат чудни појави. Откако ќе ја испие течноста во своето шише, добитникот на наградата Вистина почнува да ги нервира и отуѓува своите соселани кажувајќи им што точно мисли за нив. Убавицата, откако ќе ја испие својата награда, станува поубава, барем во сопствените очи, но и неиздржливо суетна. Непристојното однесување на Слобода шокира многу нејзини соселани, кои заклучуваат дека во нејзиното шише сигурно имало некое моќно опојно средство. Добрината се декларира како светец и секако на сите им е неподнослив. А Мирот само седи под дрво и се насмевнува. Бидејќи селото е полно со неволји, и оваа насмевка е крајно иритирачка. Една година подоцна, кога повторно се одржува саемот, продавачот се враќа, но е протеран од градот. „Оди си“, викаат селаните. „Не сакаме такви награди. Розета, сирење, парче шунка или црвена лента на која виси сјаен медал. Тоа се нормални награди. Ги сакаме нив наместо ова“. Може да ја напишам или не таа приказна. Во најмала рака, може да послужи со леснотија за да се илустрира сериозната поента, а тоа е дека концептите за кои мислиме дека сите можеме да се согласиме дека се доблести, може да се видат како пороци, во зависност од вашата гледна точка и од нивните ефекти во реалниот свет. Во книгата на Итало Калвино „“Il Visconte Dimezzato“ („Преполовениот виконт“), херојот е преполовен од топовско ѓуле кое го удира право во градите. Двете половини преживуваат, раните им ги лекува стручен лекар, а потоа излегува дека виконтот е поделен морално и физички; една од неговите половини сега е неверојатно добра, додека другата стана неверојатно зла. Сепак, излегува дека и двете половини прават еднаква штета во светот и се подеднакво страшни за справување, сè додека не се сошијат повторно заедно од истиот лекар експерт и не станат, уште еднаш, физички еднина, но морално множина, со други зборови - човек. Мојата судбина, во мноштвото изминати години, беше пиење од шишето означено со Слобода и затоа бев без никакво ограничување да ги напишам оние книги што ми паднаа на памет да ги напишам, а сега, кога сум на прагот да го објавам мојот дваесет и втор том, морам да кажам дека во дваесет и еден од тие дваесет и два наврати еликсирот вредеше да се испие. Во преостанатата прилика, имено, при објавувањето на мојот четврти роман, научив - многумина од нас научија - дека слободата може да создаде еднаква и спротивна реакција од силите на не-слободата, а јас научив и како да се соочам со последиците од таа реакција и да продолжам, најдобро што можам, да бидам уметник без ограничувања како што отсекогаш посакував да бидам. Научив, исто така, дека многу други писатели и уметници, практикувајќи ја својата слобода, исто така се соочија со силите на не-слободата и дека, накратко, слободата може да биде опасно вино за пиење. Но, тоа го направи понеопходно, посуштинско да се брани. Признавам дека имало моменти кога повеќе би сакал да го испијам еликсирот на мирот и да го поминам животот седејќи под дрво облечен во блажена, убава насмевка, но тоа не беше шишето што продавачот ми го подаде. Живееме во време за кое не мислев дека ќе го видам во мојот живот, време кога слободата - а особено слободата на изразување, без која светот на книгите не би можел да постои - е насекаде под напад од страна на реакционерни, авторитарни, популистички демагози, нарцисоидни, невнимателни гласови; кога местата на образование и библиотеките се предмет на непријателство и цензура; и кога екстремистичката религија и фанатичките идеологии почнаа да навлегуваат во области од животот во кои тие не припаѓаат. И, исто така, се креваат прогресивни гласови во полза на нов вид на bien-pensant цензура која изгледа доблесна, и која многу луѓе почнаа да ја гледаат како доблест. Значи слободата е под притисок и од левицата и од десницата, и од младите и од старите. Ова е нешто ново, и искомплицирано од нашата нова алатка за комуникација, Интернетот, на кој добро дизајнираните страници со злобни лаги седат рамо до рамо со вистината, и на многу луѓе им е тешко да препознаат која е која; и нашите социјални медиуми, каде што идејата за слобода секојдневно се злоупотребува за да се дозволи, многу често, еден вид владеење на онлајн мафијата, што милијардерите сопственици на овие платформи изгледаат сè поподготвени да ја охрабрат - и да профитираат од тоа. Што правиме со слободата на говор кога е нашироко злоупотребувана? Сè уште треба, со обновена енергија, да го правиме она што отсекогаш сме требале да го правиме: да одговориме на лошиот говор со подобар говор, да се спротивставиме на лажните наративи со подобри наративи, да одговориме на омраза со љубов и да веруваме дека вистината сепак може да успее дури и во доба на лаги. Мораме жестоко да го браниме и да го дефинираме што пошироко, така што, да, секако треба да го браниме говорот што нè навредува; инаку ние воопшто не го браниме слободното изразување. Нека зборуваат илјада и еден глас на илјада и еден различни начини. Да го цитирам Кавафи, „варварите доаѓаат денес“, а она што го знам е дека одговорот на филистизмот е уметност, одговорот на варварството е цивилизацијата, а во секоја војна може да се случи уметници од сите видови - филмаџии, актери, пејачите и, да, оние кои ја практикуваат древната уметност на книгата - сепак, заедно можат да ги одвратат варварите од портите. ♦︎ Ова е извадок од говорот за прифаќање на Наградата за мир што го одржа Ружди на 22 октомври, како дел од Саемот на книгата во Франкфурт.
- Верица Мукоска со истражување на психофилозофемите: ликови и приказни во македонската литература
Психофилозофема е концепт кој се користи за означување на вредности, идеи или филозофски елементи што се вградени во ликовите и приказните во литературата. Овој термин се користи за да се обележи присуството на психолошки и филозофски компоненти во комплексно изградените ликови и повеќеслојните приказни. Идејата зад психофилозофемата е да се истражи како психолошките и филозофските аспекти влијаат еден врз друг во структурата и развојот на ликовите и приказните. Верица Мукоска истражува како психофилозофемите се присутни во романите "Папокот на светот" од Венко Андоновски и "Еретички писма" од Стефан Марковски. Таа ги анализира вредностите и идеите што ги носат ликовите преку филозофски и психолошки димензии и како тие се вплетени во повеќеслојните структури на приказните. Тие се тема на анализа во студијата на Верица Мукоска, која се обидува да го истражи и образложи значењето на овој термин во контекстот на современата македонска литература. Во самото истражување, Мукоска го обосновува концептот психофилозофеми како средство за истражување на врската помеѓу психолошките и филозофските компоненти во комплексно изградените ликови и повеќеслојните приказни. И како што речиси истражувањето, ова е остварено преку внесувањето на сложени заплети, умешни детализации и развивањето на сугестивни хронотопи. За истражувањето, авторката го избрала двата романи - "Папокот на светот" од Венко Андоновски и "Еретички писма" од Стефан Марковски. Изборот не е случаен, туку представува погоден начин за истражување на новиот концепт, основан на присуството на филозофски елементи и развиените психолошки конституции на ликовите. Професорката Кристина Николовска, која направи рецензијата на студијата, изрази впечаток дека истражувањето претставува сериозен научен фокус на филозофемата како вредност. Според неа, Верица Мукоска има успешно идентификувано, дефинирало, анализирало и толкувало филозофемите како вредности во рамките на романите. Преку совршена анализа и детално истражување, Мукоска ги раскрива психофилозофемите како еден од стожерните елементи на делото. Во крајна линија, таа ги поврзува со потрагата на ликовите за смисла во убавината, смисла во животот и смисла во самата потрага. Овој блог пост не е само резиме на истражувањето, туку и поглед во значењето на новиот концепт, психофилозофеми. Во нашиот свет на читање, таа не само што ги анализира ликовите и приказните, туку ги води читателите кон длабока размисла за себе и за значењето на смислата во сопствениот живот. Студијата на Верица Мукоска, како книжевен аналитичар и дополнително како автор на романи и поезија, остава силно впечаток на научната област, нудејќи нов поглед врз анализата на литературата и нејзината психо-филозофска димензија.
- Баленсијага: Пешкирот од 925 долари и уметноста на тролањето
Balenciaga, познати по својот авангарден пристап кон модата, се враќа со разигран пресврт на луксузот - претставувајќи го пешкирот кој чини 925 долари ( 52,437.82 денари). Иако можеби изгледа како висока цена за едноставна ткаенина, на Balenciaga не им е непознато да ги претвори секојдневните предмети во модни изјави на висока мода. Најновата креација на брендот ги предизвикува традиционалните граници на стилот и покренува прашања за самата суштина на луксузот преку нешто што наликува на сатира. Или сакаме да веруваме дека е сатира - изгледа дека наседнавме на Баленсијага, ја посакуваме, неопходна ни е, или би ни била доколку може да ни биде достапна. Сатира е НЕЛИ?! Пешкир: повеќе од само ткаенина Ова не е твој обичен пешкир. За разлика од неговите утилитарни колеги, креацијата на Баленсијага не е само парче ткаенина; тоа е изјава. Со цена од 925 долари, ги надминува конвенционалните очекувања за тоа каков треба да биде пешкирот. Изработен со посветување на многу внимание на деталите, има две копчиња одвнатре со што ги обезбедува да останат на своето место, пркосејќи на тенденцијата на обичните крпи да се отплеткуваат. Дали е премногу фенси за крпа? Можеби. Но, Баленсијага не́ предизвикува да го преиспитаме обичното и да најдеме вредност во неочекуваното. Наследството на сатиричниот луксуз на Баленсијага: Овој потег не е прв пат Баленсијага да се впушти во сатиричниот луксуз. Минатата година, брендот успешно продаваше изветвени патики за 1.850 долари, докажувајќи дека постои пазар на неконвенционална мода што ги предизвикува нормите. Во средината на една година на рехабилитација по контроверзниот рекламен скандал, креативниот директор на Баленсијага, Демна, суптилно повторно влезе во очите на јавноста. Од стајлинг на познати личности до прикажување на колекција со модели вклучувајќи ја неговата мајка, учителка и модната критичарка Кети Хорин, брендот се врати во центарот на вниманието на модата. Ќе биде ли премногу matchy-matchy доколку се носи со нивните ...чевли...? Обнова на трендот на Y2K: Пешкирот на Balenciaga од 925 долари, исто така, го сигнализира враќањето на трендот Y2K, каде што носењето предмети преку панталони станува модна изјава. Сепак, може безбедно да се каже дека не секој може да ја прифати идејата да потроши речиси илјада долари на она што во суштина е крпа. Додека трендот Y2K се враќа, екстравагантното однесување на Balenciaga ги предизвикува границите на светот на модата, нè турка да ја доведеме во прашање самата суштина на луксузот и каде треба да се повлече линијата.
- Изложба "кЛИК, сЛИК - сподели кирилица" го обедини креативното пишување и вештачката интелигенција
На 22 септември, во рамки на Маалски фестивал во Културно-социјалниот простор Центар Јадро во Скопје, се одржа изложба и книжевен бал насловени како "кЛИК, сЛИК - сподели кирилица." Настанот понуди амалгам на литература и иноваторски технолошки пристапи. Гостите на овој културен настан беа несекојдневни книжевни ликови, како Самовили, Барбика од антика, Месечина што плаче, Румена и Дездемона, претставени преку визуелни изведби креирани со помош на природна и вештачка интелигенција. Посетителите имаа можност да ги проследат овие уникатни визуелизации направени со кирилични формули и непредвидливи кЛИКови. Од особена вредност беа и оригиналните фанзини кои беа изложени. Се работеше за неформални изданија, собрани од поетски и прозни дела напишани од млади таленти. Овој дел од изложбата покажа дека креативноста и визуелната уметност можат да се преплетат на начин што предизвикува восхитување. Розевата, светкава и панкерска атмосфера го заела просторот, со дела напишани на работилницата за креативно пишување за млади, исто така насловена „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“. Под менторство на компаратистките Ивана Смилевска и Марија Бошковска, учесниците имаа можност да го оживеат својот замислен книжевен лик преку кирилица и вештачка интелигенција, а потоа да напишат кратка фикција или поезија за изработените ликови. Смилевска и Бошковкса како Дума ин Сума“, на 14 и 15 септември ја одржаа работилницата за креативно пишување - „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“, како продолжување на претходната работилница за креативно пишување за млади - „Пиши - бриши... Само не оставај на seen“, која се одржа на 5 и 6 јуни. Организаторите "Дума ин Сума" со соработка на младите уметници Дарко Алексовски и Јован Јосифовски, го овозможија на учесниците да креираат оригинални мали книгички, познати како фанзини. Сечење, лепење, цртање и колажирање беа дел од процесот што резултираше во уникатни изданија. Фанзините, како неофицијални изданија, се создадени ентузијастички и панкерски, преку "направи сам" техники. Тие обработуваат одреден културен феномен, претставувајќи алтернативен начин за споделување на идеи и креативност. Во интервју за медиумите, претставниците на "Дума ин Сума" истакнаа значењето на вештачката интелигенција како дигитална алатка за оживување на фантазијата. Преку оваа технологија, замислените книжевни ликови станаа живи и нивните приказни може да се прочитаат во мали книгички, познати како фанзини. "Направи сам" пристапот им дозволи на авторите да избегнат комерцијални рамки и да се изразат во неформална средина. На книжевниот бал, диџеите Горан Костовски (Индог) и Мартина Пенева создадоа магична атмосфера со своите музички избори. Дводневната работилница за креативно пишување за млади, организирана под името „кЛИК, сЛИК - сподели кирилица“, беше поддржана од Министерството за култура преку конкурсот „Цртај на кирилица“. Маалски фестивал, на кој се организираа овие настани, е гордо покровителство на Асоцијација Јадро, Општина Центар и Министерство за култура се потврди како мост на културната сцена.
- Приклучете се на работилницата за кореографија и танц „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска
Во рамките на програмата Култренинг, ЛОКОМОТИВА - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, ви нуди можност да се приклучите на работилницата за кореографија и танц „Резонантни тела“ со Теодора Ежовска. Работилницата ќе се одржи на 29 септември 2023 година, од 18:00 до 20:00 часот, во КСП Центар - Јадро. Што е Култренинг? Култренинг е платформа за развој и поддршка на современ танц и движење во Македонија. Преку серии на работилници, предавања, презентации и перформанси, Култренинг им овозможува на уметниците, студентите и љубителите на танцот да се запознаат со различни методи, стилови и практики во областа на кореографијата и танцот. Култренинг е проект на ЛОКОМОТИВА, кој се реализира во соработка со КСП Центар - Јадро. Што ќе научите на работилницата „Резонантни тела“? Работилницата со Теодора Ежовска е наменета за сите кои сакаат да истражуваат своето тело и движење преку метод на допир, сензација и процес на истражување. Целта е да се откријат нови можности за експресија, комуникација и игра со помош на резонантните тела. Работилницата ќе вклучува вежби за загревање, разгледување на анатомските структури, импровизација со допир и звук, како и креирање на кратки кореографски фрази. Работилницата е бесплатна и отворена за учесници со или без танцувачко искуство. Која е Теодора Ежовска? Теодора Ежовска е млада македонска танцова уметница и педагог. Таа завршила студии по балетска педагогија - современ танц на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа учествувала во многу проекти и перформанси како изведувачка, кореографка или асистентка, како што се „Светлина“, „Светот низ очите на детето“, „Паралакс“, „Синхронизација“, „Трансформации“, „Движењето како медитација“ и други. Таа работела со реномирани уметници како Искра Шукарова, Ана Дубльевич, Дебора Хејден, Андрис Плајнис, Лилија Буракова и други. Таа е активна членка на ЛОКОМОТИВА и КСП Центар - Јадро. Како да се пријавите? Ако сте заинтересирани да учествувате на работилницата, пријавете се на kultrening@gmail.com со вашето име, презиме, контакт телефон и кратко објаснување за вашето искуство или интерес за танцот. Бројот на учесници е ограничен, затоа побрзајте да го резервирате своето место. Ве молиме земете удобна и лесна облека за работилницата. Не пропуштајте ја оваа одлична можност да се забавувате, да се научите нешто ново и да се поврзете со други љубители на танцот. Видиме се на 29 септември во КСП Центар - Јадро!
- Шејла Камериќ и нејзината уметничка книга „Мајката е кучка“ на КРИК – фестивал за критичка култура
Во продолжение на богатата програма на осмото издание на КРИК - фестивал за критичка култура, организиран од Контрапункт, ќе ја проследиме промоцијата на книгата за творештвото на познатата босанска уметница Шејла Камериќ. Откако минатата година КРИК и ПРВО ПА ЖЕНСКО заедно со уметницата успешно ја организираа изложбата на Камериќ "Доаѓаме со поклон" во Националната галерија - Чифте Амам, оваа година, во соработка помеѓу Контрапункт/КРИК - фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, ќе се промовира уметничката книга "Mother is a Bitch/Мајката е кучка," авторство на Шејла Камериќ и пријателите. Шејла Камериќ ( (р. Сараево 1976; живее и работи во Сараево, Берлин и Истра) е една од најзначајните и најпрепознатливите современи уметници од регионот, која со своите дела ги предизвикува стереотипите, табуата и нормите во општеството. Нејзиното творештво се одликува со силна лична нота, соодносно со нејзините искуства како жена, мигрантка и уметница. Нејзините дела се базирани на различни медиуми, како фотографија, видео, инсталација и текст, а често содржат и хумористични и иронични елементи. Во текот на изминатите 25 години, Шејла Камериќ создаде значителен број уметнички дела засновани на гестови за самопретставување. Тие ја откриваат нејзината трајна верност кон темата за автопортретирање и нејзиното неконвенционално разбирање на оваа авто-референтна практика. Уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ е издадена во 2019 година од страна на издавачката куќа Sternberg Press, а претставува колекција од текстови кои ѝ се посветени на нејзината мајка, која починала од рак во 2016 година. Текстовите се напишани од нејзините пријатели, колеги и соработници, кои ѝ даваат свои сведоштва за нејзината личност, талент и храброст. Книгата е илустрирана со фотографии од нејзиното детство, младост и зрелост, како и со дела од нејзиниот уметничко опус. „Мајка е кучка“ обединува текстови и слики кои се одразуваат на многуте практики на Камериќ, следејќи две главни насоки во нејзината работа: автопортрети и текстилни дела. Овие уметнички дела се засноваат на нејзините лични искуства, сеќавања и соништа и се гледаат низ призмата на полот, работата, миграцијата, класата и грижата, исполнети со испреплетени временски димензии - минатото и сегашноста. Инспирирани од феминистичката филозофија на Елен Сикус - „женско пишување“ или „écriture feminine“ - теорија која комбинира елементи на психоанализа, книжевна теорија и деконструкција, авторите на оваа публикација ги сметаат актите на пишување како пресврт на патријархалните уредувања. Нарачаните текстови се испреплетуваат едни со други и со репродукции на делата на Камериќ, преговарајќи за теми како што се вештерство, феминизам, саморефлексија, самоиспитување и самоискористување. Со придонеси од Хана Чурак, Искра Гешоска, Јана Коцевска, Еди Мука, Наталија Пауниќ, Линда Пајц, Бојана Пејиќ, Никола Петек, Магдалена Радомска, Милица Радуловиќ, Матилда Сандларц, Милица Тракиловиќ, Адријана Транкаминист од страна и Јадит. Промоцијата на книгата ќе се одржи на 9 октомври (понеделник) во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19,30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова. Овој настан е дел од соработката помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО.
- „Најдобар млад македонски џез музичар во 2023 година“ за Драган Теодосиев
Скопскиот џез фестивал - кој е еден од проминентните играчи на светската џез сцена и навистина значаен елемент за македонската музичка култура, го слави и става во контекст со таа светска сцена, талентот и уметничката креативност на младите музичари. Драган Теодосиев, џез тапанар, импровизатор и композитор, ја освои наградата за најдобар млад македонски џез музичар, кој се истакна не само со својата виртуозност, туку и со својата хиперактивност на сцената. На прагот на две децении на македонската музичка сцена, Драган Теодосиев ја претставува вистинската слика на младиот и предаден музичар. Неговата музичка приказна започнала уште во средно училиште, каде се запознал со џез жанрот. Со време, тој се одлучил да го надгради своето образование на Факултетот за музичка уметност во Штип, специјализирајќи се во областа на џезот. Драган Теодосиев не ги ограничува своите музички искуства само на македонските сцени, туку се опробува и на разни фестивали и сцени низ цела Европа. Неговата музичка приказна обединува соработка со различни артисти и бендови како Taxi Consilium, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Зарина Првасевда, Cobalt Code Unit, Shock Troopers и Дина Јашари, а воедно има соработувано и со музички имиња како Тони Китановски, Сашо Поповски, Јордан Костов и многу други. Освен активноста на музичката сцена, Теодосиев има и театарско искуство. Тој бил дел од театарската група "Мадам Фортуна" во Антверпен, Белгија, со што го обогатил своето уметничко искуство. Секој негов настап е вистински музички приказ, со непрекинати моменти на импровизација и експериментален пристап кон музиката. Неговата музика не само што не е ограничена во рамките на жанровите, туку ги обогатува со својата уникатна интерпретација. Наградата која Теодосиев ја освои на Скопскиот џез фестивал го потврдува како вистинскиот маестро на македонскиот џез. Честитки на Драган Теодосиев за ова признание и кој повторно докажа дека е „најзафатениот (џез) музичар во Македонија“ и дека македонскиот џез има светла иднина.
- Марија Павловска ја доби „Награда за кариера во уметноста 23“ во Санремо
Санремо, Италија - Во 2023 година, едно од имињата на македонскиот уметнички пантеон - Марија Павловска - доби уште едно во низата признанија и со тоа го потврди своето гласно присуство на европската и светска сцена. Оваа талентирана уметница од Скопје, Македонија, ја прими почесната награда наречена „Кариера во уметноста 23“ за истражувањето и приказните кои ги испишува со својата визуелна уметност. Спојот на висцералното со апстрактниот израз, каде функционираат во хармонија, е донесен со толку многу леснотија (навидум). Естетиката која се чини дека ја наследува од својот татко - Таки Павловски - но на толку непорекливо свој јазик, ни кажува дека за Павловска иако наградите се заслужени и заработени со крв, пот, солзи и црно-бела боја ( и во серијалот „Црвено“ и бордо, бургундиски црвена), но тука е и типографијата, калиграфијата која ја користи како боја сама за себе, со ракописно испишани зборови, како да шепотат наспроти крикот на елементите во кои е поставени. Награда за кариера во уметноста 2023 Наградата „ Кариера во Уметноста“ е престижно признание, доделено од Фондацијата EFFETTO Arte, водечка организација во областа на современата уметност. Оваа награда е посветена на уметниците кои со својата креативност и уметнички јазик, се истакнале на меѓународно ниво во областа на визуелната уметност. Кураторите и селекторите на проектот, Салваторе Русо и Франческо Саверио Русо, и самите се извонредни уметници и експерти во уметноста со способност да ги проценуваат искуството и стилот на уметниците, и да ја препознаат природата на врската помеѓу уметникот и неговото дело. Наградата за кариера во уметноста 2023 година: Подвиг на долгогодишен труд Ова признание не се доделува лесно. За да се заслужи, уметниците мораат да бидат присутни и активни на глобалната уметничка сцена повеќе од 20 години. Тоа не е само признание за долгогодишната кариера, туку и за истражувањата и вредностите вградени во нивните уметнички дела. Оваа награда претставува длабоко признание за уметниците чие искуство и креативност се одразуваат на светската уметност. Почесната награда во Италија На 16 септември 2023 година, церемонијата за доделување на наградата се одржа во Casino Theatre во Санремо, Италија. Сала полна со колекционери, новинари, политичари и љубители на уметноста: оваа награда се смета меѓу најпрестижните во светот на уметноста. Таа се доделува во самото срце на Санремо, градот кој далеку и широко е познат по својата уметност и култура. Благодарност и поддршка Во својето изјавување, Марија Павловска изрази благодарност кон нејзиниот тим и семејство, како и кон Министерството за Култура на Северна Македонија, каде ја започна својата уметничка кариера. Тие исто така ѝ обезбедија поддршка за изложби и проекти од нејзините рани уметнички почетоци во 1999-2000 година. Таа им заблагодари и на нејзините куратори, колегите и раководството на Mana Contemporary USA, каде што нејзиното студио наоѓа веќе повеќе од деценија - како нивен домашен уметник - и каде се раѓаат нејзините последни уметнички проекти и дела. Марија Павловска: Визионер во уметноста Марија Павловска е водечка уметница не само во современата македонска уметност туку во уметноста во својата севкупност. Активна во првата половина на 21-ви век и со долгогодишна присутност на европската уметничка сцена, како и во САД и Азија, нејзината уметност истражува теми како поларизацијата и глобализмот. Нејзините дела оставаат длабок печат во светот на уметноста и продолжуваат да го обогатуваат со својата висцералност која е навидум чиста, едносложна, крик - но таа јасност и симетрија во едноставноста е меѓу најсложените подвизи. Лична биографија Марија Павловска родена е во Скопје, Македонија, во 1975 година. Нејзината уметничка кариера започнала уште во рана возраст, откако завршила своите студии на Ликовната академија во Скопје под менторството на Симон Шемов. Но, нејзиниот академски ангажман не завршиле таму. Таа продолжила со магистерски студии во истата институција во 2001 година. Со времето, Павловска ги освои светските уметнички престолнини- од Париз, Берлин, Љубљана, до Виена, Белград, Загреб, Сараево, но и преку океаните: вклучително Њујорк, Манила и Мајами. Нејзините дела се претставени во многу магазини, новинарски статии и музеи и галерии каталози ширум светот. Марија Павловска поседува и докторска титула во културните студии, што ја заврши во 2016 година при Институтот за истражување во областа на социјалните и хуманитарните науки на Евро Балкан во Скопје. Нејзината докторска теза, насловена "Историско – Уметнички преглед на темата Цртеж низ стиловите, низ епохите, како основа на уметничко дело," сега е монографска трудина. Нејзините уметнички дела се вклучени и во повеќе книги во соработка со поети и писатели. Марија Павловска не го заслужува само нашето признание, туку и признанието на уметничката сцена. Нејзините дела се дел од престижни приватни и јавни колекции ширум светот. Со над 12 важни награди и признанија, како и со низа стипендии и учество во резиденции за уметници, таа продолжува да го обогатува своето уметничко наследство и да го воведува македонското уметничко изразување на глобалната сцена. Марија Павловска се претставува на меѓународно признатата изложба на Биеналето во Венеција за архитектура во 2023 година, како и на XIII и XIV Биеналето во Фиренца во 2021 и 2023 година. Таа учествувала и на 58-ти и 59-ти Венецијанско биенале во 2019 и 2022 година. Марија Павловска е вистински светски патник на уметноста, со своите дела присутни на уметничката мапа. Со преглед на нејзината кариера и биографија, може смело да се рече дека таа не е само уметница, туку и визионерка. Оваа седмица, на Дива Мисла направивме избор во рубриката „Галерија на седмицата“
- Под лектира: совети и стратегии за уметникот како трговец поединец
Кога по прв пат слушнавме дека уметниците ќе ја населат графата „трговец-поединец“ реакциите беа поделени во две категории: индигнација - оние кои сметаа дека таа квалификација е вулгарна и омаловажувачка; и оние кои сметаа дека неинформираноста и трапавоста е комична а и загриженост. Но ние следејќи ја логиката на Западните уметници кои капитализмот се обидуваат да го стават во функција на својата уметност, на кои слично во еден момент им се уклучи светло во главата кое прашува „чекај, па оваа игра можам и јас да ја играм!“) , конечно ја сфативме логиката (можеби се работи делумно за случајност, повеќе отколку промисленост?) позади оваа поставеност. "Financial freedom my only hope Fuck livin' rich and dyin' broke I bought some artwork for one million Two years later, that shit worth two million Few years later, that shit worth eight million I can't wait to give this shit to my children Y'all think it's bougie, I'm like, it's fine But I'm tryin' to give you a million dollars worth of game for $9.99 I turned that 2 to a 4, 4 to an 8 I turned my life into a nice first week release date Y'all out here still takin' advances, huh? Me and my ni***s takin' real chances, uh Y'all on the 'Gram holdin' money to your ear There's a disconnect, we don't call that money over here, yeah" - Story of O.J.; Jay Z. Фактот дека помладите генерации природно се сместија во таа логика на нештата исто така помогна, но како и да е: Па затоа, во морето од поткасти, најдовме три- за почеток - кои ќе им помогнат на креативците и уметниците да ги пофаќаат конците во трговскиот аспект на нивните кариери. Овие поткасти обезбедуваат проникливи совети, искуства и можат да бидат водичи кои ги знаат сите патеки и лавиринти на уметничката кариера. Доколку сте посветени да не станете стереотипот „изгладнет уметник“ продолжете со читање, и почнете со слушање: 1. Beyond the Studio Поткаст за работата што се одвива зад сцената на визуелните уметници и креаторите/творците. Никол Мјулер(Nicole Mueller) и Аманда Адамс(Amanda Adams), две уметнички души кои се запознале во Институтот за уметност на Мериленд во Балтимор, споделуваат искуства и совети за поддршка и одржување на самите себе и на вашата креативност. Поткастот има за цел да ги истражи предизвиците и успесите на уметниците и да отвора длабоки разговори со деловни експерти за она што подразбира работа на уметниците. Како уметници, Никол и Аманда се познати како снаодливи, издржливи и амбициозни уметници. Тие сакаат да споделат како другите уметници ги поврзуваат точките во нивните практики и го осмислуваат и демистифицираат процесот. Епизода за вовед: Justin Anthony talks Business Fundamentals, Standing Out to Collectors, and Protecting the Legacy of Your Work Creative Pep Talk Водителот Енди Џ. Милер (Andy J. Miller) ентузијастично ги прашува своите слушатели: : „Дали сакате да научите како да заработите добро, правејќи одлична уметност? Ако вашиот одговор е да, тогаш овој поткаст е за вас. “ (А каков ако не ентузијастичен водител за разговор кој ќе ве трзне од летаргија - рep тalk? ) Обработува теми низ епизодите од „како да се изборите со вашиот креативен блок“ до одлични совети за тоа како да се претставите на социјалните медиуми - и да не се потценувате, во најбуквална смисла на зборот. Без разлика во кое креативно поле работите, Енди е тука да ви помогне да го откриете вашиот талент, да го развиете и да го поврзете со публиката на која и́ е најпотребен. Воведна епизода: How to Drown Out the Noise and Find Your Creative Pulse Again( Како да ја исклучите вревата и повторно да го пронајдете вашиот креативен пулс.) The Savvy Painter Рангиран меѓу најдобрите 30 едукативни поткасти во светот (и со повеќе од 840 оценки од пет ѕвезди низ светот) подкастот Savvy Painter прави повеќе отколку само давање инспирација. Слушнете разговори со врвни уметници, автори и визионери кои ги споделуваат своите сознанија, детали кои имаат клучно значење за нивниот креативен процес и што навистина се случува зад сцената. Она што ни се допаѓа во поткастот е - чувството на заедницата. Како што признава водителот Антрис Вуд, „Уметниците поминуваат огромно време сами во нивните студија. Лесно им е да поверуваат дека нивните проблеми се уникатни, а всушност не се. За среќа, други биле во таа ситуација претходно, и со споделување на овие приказни со други уметници, сите ние победуваме“. Savvy Painter не е само подкаст, тој е заедница од илјадници каде што можете да слушате заедно, да учите заедно и да ги споделувате вашите ресурси! Добра почетна епизода: How Meditation Can Fuel Creativity: An Interview with Artist Michael Ryan Завршуваме со добра вест: има уште еден куп, можеби дури и тон на поткасти во оваа категорија, кои се добри... Илустрации: Млеко на соништата;













