Резултати од пребарување
1187 results found with an empty search
- Баленсијага дојде до уредничкиот предговор на Париз ривју
Мојата љубов кон облеката отсекогаш ми се пројавувала само како секундарен површински ефект на друг медиум - филм, фотографија, музика, историја - и „стил“ како персона - ноар хероина, Spring Breaker(*филм од 2013) - со кој можам да ја дополнам сопствената личност. Никогаш не ми се допадна модата, во правилна смисла, сè додека не го гледав 51-то модно шоу на Баленсијага, кое беше стримано за јавноста минатата недела од Париз. Претставата, изведена на снежно бели теписи во рекреација на оригиналниот моден салон на Кристобал Баленсијага, е хипнотизирачка драматизација на гестот на интерпретацијата: Речиси кемп пуританска свечена поворка на Демна Гвасалија на модата не означува ништо друго освен себе, сведувајќи ја облеката на апстракции на елементарните материјали на медиумот. - форма, текстура, движење. Има надуени балски фустани и хипер-архитектирани мантили, но и маици, чиј компаративен недостаток на структура е илустрирана преку хиперболичните бразди во ткаенината. Сите изгледи некако ги засилуваат класичните силуети, или со буквално зголемување на нивните пропорции или со отуѓување на формата од нејзината ткаенина. Првата половина дузина се фустани, костуми и палта обработени во црна гума што ги прави да изгледаат буквално нетекстурирани, како 3Д-модел на кој допрва треба да му се додели материјал. Следниот пар изгледа повторува многу исти силуети, само „обоени“ - на пример, со светкави твидови. Оваа прогресија ги прави овие ткаенини посјајни, повеќе твидски, повеќе Платон-ски, отколку што инаку би изгледале. Голем дел од драматичниот лак на серијата е структуриран од овој вид на еволуција од идеален до посебен. Првите триесет и осум модели носат сјајни маски слични на инсекти. Различните видови гимп црни прекривки за лице што станаа препознатлив Демна потпис, често се читаат како засрамувачки„ “edgy” “ во нивното евоцирање на фетиш-облека - но во контекст на неговата хипер-висока мода, маските не се „читаат“ воопшто: наместо тоа, тие успешно ја евакуираат облеката од содржината, дозволувајќи им да фигурираат како безлични анимации на самата мода. Конечните модели се демаскирани, инверзија која ги издигнува нивните лица во нешто како маски, правејќи ги вистинските луѓе (многу од нив познати личности) како иконични верзии на себе. Наместо дигитално, сè во видеото изгледа виртуелно, што би значело - совршено идеализирано. Гледајќи го на мојот лаптоп, имав чудно чувство дека пристапувам до свет со поголема резолуција - со почисти линии, повеќе ткаенини слични на ткаенина, повеќе карактеристични карактери - отколку мојот вистински живот: заматен, блескав, пикселизиран во споредба. - Оливија Кан-Сперлинг, помошник уредник на The Paris Review
- Нови епизоди на blonded RADIO со нова Френк Оушн музика за 10 години од деби албумот
Френк Оушн издаде нова музика: едната 35 минутна „радио емисија“ околу микродозирање, а другата околу кинеската практика на лечење Чигонг: брак помеѓу Западните и Ориенталните - традиционални- пракси на заздравување. Кога музичар со својот деби албум добива култен статус, со трескавична заљубеност и посветеност од своите фанови, статусот во музиката и културата е загарантиран како што тоа беше случај со Channel Orange на музичарот од Њу Орлеанс, Френк Оушн. Легендата гласи: го заборавил ранецот со лаптопот, на некоја забава во Лос Ангелес, и кога се вратил да го земе, добил шанса да биде слушнат. Жанрот во кој е сместен во тој период (на страна пар обиди за рапување) е R'n'B но талентот за пишување и интимноста која ја распалува, со текстовите, а тој оган го одржува со гласот, со бојата на гласот, начинот на кој го користи, е ретка комбинација, и евоцира чувство на заљубеност, и загуба на таа љубов често во исто време, па не е многу чудно што речиси сите што го слушнаа, останаа за него, да седат во таа состојба. Од причини кои не ги знаеме до крај - од тогаш до сега, Оушн се повлече, и живее приватен но далеку од тоа дека е некреативен живот. Сега нема да ја пишуваме неговата кратка биографија, но ќе ви кажеме дека на Apple Music има радио, radio BLONDED, и во секоја епизода, протнува понекоја нова трака. Изданијата се спорадични и се случува да поминат и по пар години помеѓу две епизоди. И така на десетгодишнината на својот дебитантски албум добивме две епизоди “Blonded Lucy in the Sky With Diamonds.” и “Blonded Energy!” Првата е атмосферична, транс, па и амбиентална музика, која е обмотана околу гласот, разговорот со писателот и психолог др.Џејмс Фадиман. Разговорот е околу праксата на микродозирање и психоделици, нешто што е професионална окупација на добриот доктор. Втората епизода содржи интервју со Мастер Мингтонг Гу, кој е специјализиран за кинеската практика на исцелување Чигонг. Во моментот одат на Apple Music 1 што значи дека треба да се „уловат“ во живо, барем за слушателите во Македонија, но ги најдовме симнати на Јутјуб. Засега ја ислушавме само првата епизода до половина, за да можеме да дадеме оглед, но ете, послушајте ги сами - па ќе зборуваме:)
- Како да се грижиме за растенијата за време на летните жештини!
Последниве неколку денови во Македонија врнеше и со тоа, не само што се спуштија температурите, туку и жедните цвеќиња и култури убаво се нахранија со вода која не е „тешка“ за нив, дождовница. Но - екстремните жештини кои официјално се 35-36Ц, топломерите кажуваат сосема друга приказна, посебно во градини свртени на југ, и кои се на терасите, или на бетон - е тие жештини почнаа уште во мај! И сосема сигурно ќе се вратат барем уште неколку пати до крајот на летото. Да, температурите знаат да бидат ужасни летно време посебно по градовите, но има начини да ги спасите и заштитите вашите растенија од жештината. Еве пар совети за справување со жештината. Не заборавајте да земете капа, да пиете многу вода и опрема и за вас за заштита од сонце пред да се посветите на вашата градина. 1. Вода, ама длабоко Длабокото наводнување во основата на растението подолго време е најдобриот начин за оживување и заштита на растенијата, бидејќи ги вовлекува корените подлабоко во земјата. Растенијата се како луѓе, тие знаат да бидат мрзливи. Ако добиваат вода по 5 минути секој ден, тие ги задржуваат своите корени блиску до површината, така што со длабоко наводнување ги тренирате растенијата да ги испратат своите корени длабоко во почвата каде што е водата. Длабоко наводнување на повеќето растенија еднаш неделно е повеќе препорачливо. На колку време? Тоа зависи од вашата почва, но доволно долго за да ја засити почвата едно 30цм во длабочина. На зеленчукот можеби ќе треба длабоко наводнување два или три пати неделно кога е навистина топло. Како го прават тоа некои градинари и земјоделци? Ги потопуваат саксиите од 5 литри (тип кои имаат одводни дупки) помеѓу растенијата во нејзината градина и потоа ги полни три пати со вода, еднаш неделно. Кога знаете дека доаѓа жежок бран, можете да се подготвите и со длабинско наводнување на нивото на земјата, идеално ноќе, кога воздухот е поладен. 2. Но, не претерувајте со вода Растенијата понекогаш венеат од силно сонце, дури и кога имаат доволно вода. Тестирајте ја почвата пред да наводнувате! Ако садот делува тежок или почвата е влажна околу еден сантиметар под земјата, на вашето растение веројатно не му треба повеќе влага. 3. Нема вода на сонце Колку и да звучи примамливо, не ги наводнувајте растенијата на пладне; тие капки вода се претвораат во мини лупи на листовите и ја засилуваат топлината па ги горат лисјата. Се препорачува да се прскаат растенијата за да се изладат, но само откако ќе зајде сонцето. 4. Поставете некоја сенка Би функционирал и голем чадор за плажа, како и мрежести ткаенини. Можете исто така да користите стари чаршави, или наместен картон за да им дадете на вашите растенија одишка од жешките зраци. Клучно е да бидете сигурни дека вашите реквизити за сенка дозволуваат воздухот да циркулира слободно околу растенијата. Ако единствената крпа што ја имате е со темна боја, запомнете дека може да апсорбира топлина и може да го изгори секое зеленило што ќе го допрат, па чувајте го неколку инчи над или подалеку од растенијата. Еве еден лесен „направи сам(а)“ градинарска сенка која можете да ја направите од ПВЦ цевки и платно(на англиски) : 5. Не отстранувајте го оштетеното зеленило Тие кафени лисја и гранки служат како заштита од дополнителни оштетувања и всушност можат да содржат живо ткиво, па не ги земајте ножиците, барем засега. 6. Престанете со сите кастрења до есен Дури и растенијата што изгледаат во ред ќе бидат под стрес во оваа топлина, а кастрењето само дополнително го зголемува тој стрес. Оставете ги да растат како што сакаат и исечете ги кога е поладно. 7. Заборавете на ѓубривото Коренските системи страдаат при висока топлина; апсорбирачкото ѓубриво може да направи дополнителна штета. Директниот компост и органските ѓубрива со ниска содржина на азот (броеви помали од 3) се во ред, ако не вклучуваат ѓубриво, риба или крв, бидејќи тие содржат соли, што може да предизвика топлински стрес и горење. 8. Домати итн. Тажно е да се каже, но тие млади домати што се со плускавци, пиперки, тикви и грав нема чудесно да созреат на лозата. Отстранете ги за да може мама- растенијата да се фокусираат на опоравување. Не очекувајте повеќе овошје да се зачне додека температурите не се спуштат под 30 -35на степени 10 дена по ред. 9. Рози Правилото за забрана на кастрење не важи за розите, бидејќи тие се многу подложни на болести. Не сакате да оставите еден тон мртво ткиво за болести и инсекти па отстранете ги исушените цветови и гранки. 10. Растенија и цвеќиња во саксии и жардињери Избегнувајте саксии и жардињери со темна боја, кои ја апсорбираат топлината повеќе од посветлите бои и всушност можат да ги испржат корените на растението. Обидете се да ставите растенија во саксии кои се пак, во поголеми саксии за да им дадете одредена изолација и сенка, но погрижете се двете саксии да имаат добра дренажа. Растенијата се дават во стоечка вода, дури и кога е жешко.
- Климт по рускиот уметник Андреј Кезин
Во изминатата деценија, рускиот уметник Андреј Кезин создава фотографии кои ги опишува како „постмодерни копии на Климт“. Првата идеја за воена верзија на познатата слика на Климт „Бакнежот“ (1907-08) му дојде на Кезин во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим. Во тоа време со семејството живеел во Санкт Петербург. Тој беше вознемирен од агресивната реторика што ја зафати руската телевизија во тој период. Но, смета дека сите граници биле поминати, кога неговиот син се вратил од училиште и го замолил да му купи „телњашка“, кошула со сини пруги што ја носеше руската војска, за парадата каде тој и неговите соученици требаше да пеат воена химна. „Тогаш ми беше јасно дека мораме да ја напуштиме Русија“, објаснува тој. Кезин и неговата сопруга аплицирале за уметничка виза и се преселиле во Берлин со нивните две деца. Осум години подоцна, кога Русија ја нападна Украина на 24 февруари, Кезин веќе имаше златно ќебе слично на Климт во своето студио. „Го чував, и знаев дека дојде времето за овој проект“, вели тој. Во тоа време тесно соработуваше со украинската сценографка Ксенја Казимирова. Таа му ја раскажа приказната за нејзината блиска пријателка Јулија Сиренко, која тогаш престојуваше со неа во Берлин, и нејзиниот сопруг Јури, кој се врати дома во Харков. Пред воената агресија на Русија, Јулија и Јури штотуку се вселија во нов стан. Тие вршеа поправки и ја подготвуваа својата шестгодишна ќерка за првата година на училиште. Војната им го сврте животот наопаку. Јулија ги зела ќерката и свекрвата и побегнала во куќата на Казимирова во Берлин. По еден месец волонтирање, Јури се приклучи на одбранбената војска. Но, Јулија знаеше дека мора да се врати дома за да им помогне на нејзиниот сопруг и земјата. „Ги сакам Берлин и Европа како гостин. Но, не сакам да го живеам животот таму“, вели таа. По еден месец, ќерката и свекрвата на Јулија и́ се придружија во Лавов. „Ако нешто се случи, границата е близу и можеме да заминеме“, вели таа. Сега, Јулија патува меѓу Лавов и Харков, организира групно финансирање и обезбедува на војската автомобили, радија, храна и лекови. „Маж ми ми праќа пораки кога ќе може да ме види. Ми кажува датум и локација - честопати тоа е град во кој никогаш не сум била - за да можам да дојдам и да бидам со него една вечер“, вели Јулија. Јулија и Јури го поминаа шестиот роденден на нивната ќерка и нивната осма годишнина од бракот разделени. Но, тие добија еден подарок од нивната пријателка Казимирова: слика која ја слави нивната љубов. Кезин и Казимирова решија да ја раскажат приказната на двојката преку уметност, а парите што ги финансираа од продажбата на принтовите ги донираа на бригадата на Јура. За да го исценираат делото, тие најмиле двајца модели, кои личат на Јулија и Јури да се облечат како украински воен војник и неговата љубовница. Жената, која наликува на црвенокосата жена на сликата на Климт, носи златен фустан со свеќа. На сликата, парот се бакнува под златно ќебе. Наместо да стојат во поле со цвеќиња, како оригиналот на Климт, парот се крие во барака со сини ѕидови - жолтата и сината боја ги претставуваат боите на украинското знаме. „Кога ја видов сликата“, вели Јулија, „веднаш се препознав на неа. Јас и мојот сопруг се збогувавме многу пати - на граница, во Украина и кога тој отиде во војска. Имавме толку многу последните бакнежи, не знаејќи кој навистина би бил последниот“.
- Небиднина на Ацо Шопов, по Иван Ивановски
На почетокот на јуни, под иницијатива и кураторство, на Ѓорѓе Јовановиќ се отвори изложба на стрип-табли, од генерацијата уметници кои се не само мултимедијални (дали воопшто има креативци во дигиталната ера кои не се?) туку ги имаат сите одбележја на ново-ренесансни артисти - речиси сите уметности кои им оставиле печат, тие ги владеат. Едноставно одбиваат да бидат пасивни посматрачи на уметничките разговори. Ѓорѓе Јовановиќ за Слободен печат кажа „ Она што е, исто така, особено важно е дека дел од изложените стрипови се работени по мотивите на приказните или песните на современи македонски писатели. Мојот стрип е работен според мотивите на „Кинеска делегација во Прилеп“, чин од драмата „Чернодрински се враќа дома“ од Горан Стефановски. Матеј Богдановски се претстави со стрип-адаптација на новелата „Улица“ од Славко Јаневски, Иван Ивановски со своја стрип-адаптација на песната „Небиднина“ од Ацо Шопов, додека другите автори покрај цртежите се автори и на приказните “ . Преклопувањето на поезија и стрип не е нова идеја но сепак е невообичаена, често стиховите, или дури цели поеми се инкорпорирани во поголемата, централна приказна, на пример, Rootsong, на Henry Dumas со која се отвара и затвора Црн Пантер 3, но речиси никогаш не е исклучиво поезија како што е случајот со Ивановски и Небиднина. Во овој момент не можеме да ви кажеме за мотивите и мисловниот процес на Иван Ивановски - кој деновиве една по една ги објавува таблите на Небиднина(„Ти должам интервју!“ ) - но можеме да ви кажеме дека овој инсинкт да направи кросполинација на поезијата, литературата, со визуелната уметност, е со него, откако го знам - а тоа е во самите почетоци на неговата уметничка кариера - која веќе е застрашувачки потентна(сите уметници, музичари за кои веќе зборувавме, ја имаат истата одлика). Иван со платно , кое веќе беше исцртано , го нудеше за да оставам свој поетски печат, и беше прилично упорен во таа амбиција бидејќи го имаше замислено на одреден начин, и не отстапуваше од својата визија. Би сакала да ја имав зрелоста да пристапев на таа ситуација поинаку - имено да објаснев пишувањето често не е висцерално на начин на кој сликањето е. Но ова не е текст за мене, туку желбата на Иван да даде поетски печат, или жртва со крв од мастило, или крстување, припитомување на она во што се дава и го прави. Враќањето кон уметниците пред нас Референцирањето преку семплови на музика, и со тоа давајќи ѝ втор живот, на стихови или цитати, како поставување на тонот на содржината која следи во книжевноста…. мустаќите на Мона Лиза на Дишан, спорот на Ворхол кој оди до врховниот суд, поради позајмена фотографија и преработена (на Принс) - сето ова не е ништо ново(вклучувајќи ја и тужбата) и се стандардни уметнички практики. Но во култури, како македонската, одново читање и навраќање на џиновите на чии рамења стоиме е веќе прашање на самопрезервација. Но и интересна вежба за контексти. „Со тој новоизведен, од него создаден, збор-слика, збор-метафора, збор-симбол, како јас што го сфаќам, Ацо Шопов засега едно длабоко македонско чувство, што се сублимирало со векови низ нашата историска судбина. Уште кога обидот на Хацон да ги обедини македонските племиња го осуетила Византија, започнала нашата небиднина. Пропаднал и обидот на Пребонд да ги обедини македонските склавинии во една држава. Пак небиднина. Кога Самуил успеал да создаде големо царство, и тоа било краткотрајно, нов пораз од Византија, со 14 илјади ослепени сведоци на една сурова небиднина. Со небиднина завршиле и востанијата на Делјан, подоцна и на Војтех, задушени со оган и меч. Потоа идат Турците, долга, црна, петвековна небиднина: вистинско е чудо како низ неа се одржал еден мал народ. Буната на Карпош да создаде кралство – уште една, свирепа небиднина: наденат на кол, останал само легенда. Наспроти Илинденската епопеја убиен е и Гоце, голема загуба, голема небиднина. Кога во неподготвено востание пукнало црешовото топче, го огласило македонското гесло на „Слобода или смрт“, најавувајќи крвава небиднина. Сепак: блесок на Крушевската република, прва на Балканот, но само 10 дена. Небиднина. Ослободувањeто од Турците, за Македонија поголема небиднина: распетие, во битки за поделба меѓу Србија, Бугарија и Грција. Најтрагичната, Версајската небиднина, ни ја запечати судбината. Дури и празникот на македонската слобода, дојде со сенка на небиднина – останаа во неа Македонците од Егејска и Пиринска Македонија.“ - пишува Душко Наневски. Но во 1976! Можеме да се кладиме дека доколку се понудело ова читање последниве пар децении тој со сигурност ќе бил проценет како бирократски писател, режимско пискарало, склоно кон романтизирање на чувства кои никако не би требало да бидат тоа, туку исклучително голо рацио. На страна книжевната критика во бившата Југославија( можеби интересно за помладите генерации убедени дека таму биле загушувани и пенализирани овие мисли), самиот Ацо Шопов се чини бил фасциниран од „поимот на небиднината“ но надвор од идеологијата, а повеќе како интимно егзистенцијално соочување со соптсвената финалност, како да го ископал тој збор макотрпно, 18 километри во својата срж, само за го избегне абјектот, на смртта. Дури и во школските верзии за биографијата на Ацо Шопов, и неговите креативни етапи, тој се одалечува од партизански, патриотски, идеолошки теми и се приближува кон себе, внимателно и упорно како кон диво животно, кое едноставно мора да го припотоми и да отвори разговор со него. Или нејзе. И 70 години подоцна доаѓа Иван и седнува до заедничката Небиднина.
- Гластонбери 22: музика!
Гластонбери во три минути:
- Еден ден во Гана: Кендрик и Спотифај соработуваат
Откако Кендрик Ламар го промовираше ПГ Ланг, и во мисијата назначи дека една од целите им се продукции на подкасти, издаваштво, видео... се насетува дека Спотифај скокна на шансата да отвори соработка со Ламар. Тој е фамозно интровертен и има зазор од гостувања по медиуми - последниот албум немаше баш никаква прес промотивна тура, па затоа подкаст во продукција на Спотифај со Ламар веројатно е надвор од прашање. Но она што ни́ го дадоа беше сезона на The Big Hit Show подкастот во февруари, каде што го дисецираа класикот To Pimp a Butterfly. Но Кендрик само провејуваше низ разговорите, нарацијата и перспективата не падна на неговиот грб. Како и да е, доколку изгуглате подкастот беше промовиран со „Кендрик Ламар со подкаст на Спотифај“. Излегувањето на најновиот Кендрик Ламар албум Mr Morale and the Big Steppers, тој ја дочека во Гана, во Акра, со неговото семејство, и гледавме кратки украдени клипчиња од локалците. Но - еден месец подоцна, Спотифај излегува со „мини документарец„(едвај 4 минути) кој се вика „ Еден ден во Гана“ . Она што се чинеше дека е засолнување на приватниот Ламар беше всушност службено патување: тој го отвори краткиот филм откривајќи дека тоа е негов прв пат во западноафриканската нација. „Не можам ни да ви кажам што е тоа. Само бев во моментот“, рече тој во првата минута од видеото. Гана е една од омилените дестинации за црните Американци. Во 2019 година, владата на земјата започна кампања наречена Годината на враќањето, одбележувајќи 400 години откако првите поробени Африканци беа донесени на бреговите на САД од Западна Африка. Тоа беше дел од повеќегодишната иницијатива да се зголеми глобалниот туризам во Гана и да се направи нацијата изборна дестинација за црните Американци за да направат физичка и културна врска со земјата на многу од нивните предци. Останува да видиме каде ќе отиде Кендрик Ламар со неговата ПГ Ланг и Спотифај.
- Реакциите непосредно против укинувањето на правото за абортус
Иако беше најавувано со месеци, и извесно, сепак Американците останаа затечени од регресијата на цивилните права за кои констатно се борат минативе 70 години. Вестите стигнаа за време на викендот кога одеа БЕТ наградите во Лос Ангелес и Гластонбери фестивалот во Велика Британија, па сите имаа понешто да кажат. Лизо вети пола милион долари за Планирано родителство, а Тараџи Пи Хенсон ги отвори БЕТ жестоко со „Оружје има повеќе права од жените!“ ... Џанел Моне не остана пократка и му го „даде“ средниот прст на Врховниот суд, а Џазмин Суливан се обрати на момците да бидат инвестирани во оваа борба која е заедничка. Откако помина првичниот шок, дискусиите се во насока на страв, дека ситуацијата наликува на сценариото на Приказната на слугинката, и дека следни се останатите форми на контрацепција, истополовите бракови, транс правата, интеррасните бракови... А ние надвор од САД набљудуваме, во запрепастеност со прашање: колку е таквата ситуација далеку од нас, и спознанието дека човештвото не се движи во нагорна линија, туку хаотично. Или: три чекори напред, два назад.
- WHOREible decisions, pride едиција: сѐ што сте сакале да знаете за лезбејството, и не сте прашале!
Најрелевантниот секс-позитивен подкаст Whoreible decisions(whore-курва, horrible- ужасно) посветува епизода на прајд месецот со гостување на stud (самопрокламираната) Џејд каде зборуваат за сите работи лезбејки: зошто не сакаат бисексуалки, какви сѐ лезбејки има, сексуална заштита и сексуално пренесливи болести(секако дека се тема!) …но доколку сето ова, звучи помалку на интересна епизода, а повеќе на час по биологија на кој гостува медицинска сестра која држи сексуално воспитување: не може да биде подалеку од вистината! Менди и Визи почнале со подкастот како хоби додека двете работеле во корпорациска средина(но и со сексуална работа - едната како sugar baby a другата со фетиш фотографии) Менди беше сметководителка, а Визи работеше во телекомуникации… со третирање на различни теми преку отвореност на своите романтични и сексуални животи и секогаш паметно избрани гости (и малку помош од другарите: Шарламејн ги зема во Black Effect подкаст мрежата) првично беа ниш под во црните и браун заедниците а сега подкастот толку им порасна што ја оставија канцелариската работа на страна и се дежурни сексолози на цела една генерација и ги отворија сите табу муабети и од табу ги пренесоа во-ванила, норма, обично секојдневие!
- Кејси Кадвалдер, новиот креативен директор на Муглер за „Внимателно испланираниот апсурд“
Креативниот директор Casey Cadwallader ( Кејси Кадваладер) ја заврши својата трилогија на виртуелни ревии со виртуелни писти со колекцијата Mugler SS22, објавена сега. Во режија на Torso Solutions, необичното видео инспирирано од TikTok содржи ол-стар актерска екипа на модели, вклучувајќи ги Megan Thee Stallion, Bella Hadid, Chloe Sevigny,и иконите од 90-тите Amber Walleta и Shalom Harlow (предупредување за спојлер: се бакнуваат! ) Во текот на краткиот филм, брендот им оддава почит на екстравагантните ревии на покојниот Manfred Thierry Mugler со архивски референци и надреални сетови кои вклучуваат стари автомобили и холивудски споредни улички кои потсетуваат на улиците на Њујорк. За да дознаеме повеќе за блескавата колекција, разговаравме со Кадваладер за подигнување на задникот, клоновите и внимателно планираниот апсурд. КЕЈСИ КАДВАЛАДЕР: Здраво Тејлор. ТЕЈЛОР СКАРАБЕЛИ: Здраво Кејси. Мило ми е што те запознав. Каде си? КК: Јас сум во Париз. ТС: Фабулозно. Ми се допадна видеото. Навистина ја надмина трилогијата. Не знам дали ова е намерно или само до мене е, но си мислев: „Сите овие газови и костуми без газ даваат суспензори“. КК: : [Се смее] Дефинитивно е во тој дух. Фармерките отсекогаш го имаа ова ременче што оди под задникот, што е како механизам за подигање, за обликување на телото. Обично тие се направени од ликра, но овој пат решивме да ја замениме со алатката за илузија. Џинс парчето го оставивме под задникот, бидејќи ако сакате да го покажете задникот, мора да го подигнете. Направивме еден пар и кога ги видовме во фитинг сите рекоа: „О боже, дали ќе го правиме ова?“ И јас бев као: „Да, ќе го правиме“. С: Размислував за стариот Муглер и како облеката создава нови форми за телото, додека во сегашната ера луѓето создаваат свои идеални форми на телото со процедури и слични работи. Во вашите дизајни, има малку помалку интервенција, всушност се работи за покажување на силуетите на луѓето како што се појавуваат. КК: Станува збор за работење со она што го имате, и мислам дека тоа е многу повеќе духот на денешницата - да се биде горд на тоа што си и да се биде горд на тоа како твоето тело е различно, кои делови од него се одлични. Исто така, сакам да правам други силуети и големи форми на луѓето, но не секој може да ги носи толку лесно. С: Сосема. Ја сакав и Мег на билбордот што изгледаше како ѕвезда во Selling Sunset или така нешто. КК: Да, смешно е. Го најдовме овој GIF на интернет на еден комичар од 90-тите - човек, сосема случаен, а неговата коса се мрдаше. Бевме као: „Тоа е толку чудно. Мораме да ја натераме да скокне на лимузината, а потоа да ја замрзнеме така, но да ја задржиме нејзината коса да се движи само за тој момент“. Тоа беше една од попланираните работи. Мислам, многу од тоа беше планирано, но тоа беше нешто што мораше да се случи. Тоа беше воведот за неа. С: Внимателно испланиран апсурд. КК: Целосно, затоа што има рамка, а потоа има што се случува кога ќе се додаде изведбата. Понекогаш не знаете што ќе излезе од некого. С: И тоа е магијата да се работи со Торсо, тие се познати по такви работи. КК: Тие се толку интелигентни, а нивните референци се толку длабоки и интересни и разновидни. А тука е и оваа флуидност за тоа што ќе се случи. Ја изградивме оваа атмосфера како е да се биде на снимањето на филмот „Муглер“. Многу од овие членови на актерската екипа, не им е прво родео, па влегуваат и велат: „ОК дркаџии, што ќе ми правите сега?“ Постои смела храброст, како: „Што имаш? Од што ќе ме натераш да скокнам овој пат?“ Сите се поддржуваат едни со други. Тие се смеат и навиваат еден за друг. На снимањето имаме диџеј само за да го поттикне расположението, а потоа сите се дерат као: „Ајде„ Да, кучко.” Тоа е неверојатна енергија. С: Имавте и болрум икона , Барби Свеи, а видеото ја има таа енергија на таа сцена. Претпоставувам дека го пресликувавте тоа додека работевте? КК: Да. Работевме со нова кореографка, Траси [Јанг-Бајрон], нејзиното име на Инстаграм е @supa_blackgirl и таа ги прави сите овие драматични, неверојатни маршеви. Бевме као: „Сакаме да ги натераме моделите да се движат вака. Би било прекрасно“. Во транзицијата каде што Авенг се наведнува наназад и поминува низ вратата, тоа е препознатлив потег на Траси. Тоа е еден од моите омилени делови од филмот. С: Многу е добро. А потоа следи смртен пад( death drop) потегот на Барби Свеи. КК: Тоа исто така беше прилично однапред планирано. Бевме како: „Ќе ја имаме Барби облечена во истата облека како Клои Севињи, а Клои Севињи ќе направи "death drop". Хахаха." А Клои рече: „Што? С: Таа рече: „Што е тоа? КК: Таа беше за, но рече: „Вие сте ебено нездрави“. С: Тие транзиции беа интересни во контекст на возбудата на брендот во моментов. Минатата година, вашите боди станаа тотално вирални. Секоја релевантна поп-ѕвезда ги носеше, до точка што сите беа: „О, боже, премногу е“. Но, на некој начин, сега е само состојба на мода. Сите го сакаат истото. Знам дека соопштението за печатот кажуваше нешто за светот на клоновите и славењето на индивидуалноста, но за мене шоуто го слави светот на клоновите затоа што сите изгледаат исто. КК: Има вистина и во двете страни. Мислам, целата работа со бодито, да, многу ми какаат за нив, но во исто време луѓето ги сакаат. Сите велат: „О, еве го , повторно оди со друго боди“. И јас сум као: „Тоа е само еден вид облека сега“. Има фустани, има и панталони, има блузи и има комбинезони. Го гледав RuPaul’s Drag Race All Stars, и секоја од тие девојки ги изведува своите настапи во комбинезони. С: Па, тоа е она што поп-ѕвездите отсекогаш го носеле. КК: Да, сепак луѓето ме обвинуваат за неговото постоење. Во исто време, тоа е одлично, бидејќи можете да се движите, а вашите движења не се попречени, а ако ги носите како што треба, тие го обликуваат вашето тело и изгледате добро, можете да танцувате и да пеете. Неверојатни се. С: Но, дали имаш размислувања за алгоритамскиот стил? Дали сакате сите да се облекуваат слично? Или сте про-индивидуалност? КК: Не, дефинитивно сакам сите да бидат индивидуални. Мислам дека она што те прави индивидуа си ти. Тоа е начинот на кој зборувате, тоа е начинот на кој дејствувате, тоа е начинот на кој комуницирате, тоа е она што му го давате на светот. Не е само она што го носите. Мислам дека секој треба да носи различни нешта колку што е можно повеќе, но она со бодито е тоа што ги покажува вашите разлики - телото на секого е различно. С: Точно. Но, претпоставувам дека видеото само ме натера да се чувствувам као: „О, девојките ќе сакаат да бидат дел од таа екипа“. КК: Клон делот од шоуто се засноваше на идејата да се има навистина збркан свет каде одеднаш, целата облека од ликра се појавува во различни бои, а потоа ги имаме сите овие лудачки перики. Едноставно чувството е како некој чуден извртен момент од аниме, а потоа излегуваме од него. Но, беше урнебесно да се снима, да се обидеме да ги натераме сите да го направат истото. С: Имаше ли нешто што го гледаше или размислуваше кога ја дизајнираше колекцијата, што ја инспирираше? КК: Имам тенденција да гледам работи што немаат многу врска со облеката. Секогаш ги гледам нашите сопствени архиви. Како и трибјут сцената на крајот, го покажав парчето што го референцирав за новата структура на ремени од плексиглас. Навистина се работеше за идејата,за бркање на илузија и ја однесовме до максимум. Како онаа облека што Бела ја носеше и ја имаше оваа мала полуѕвезда која едвај ги покрива градите и најмалата танга. Беше трка да се постигне голиот минимум, а сепак да се задржи многу збрчкана и во исто време да изгледа Муглер. Се обидовме да бидеме малку пошарени и малку поразиграни на одредени начини, но го задржавме филмот прилично елегантен. С: Кога сме веќе кај архивата, како се чувствуваш работејќи по стапките на Манфред во ера во која сите се толку опседнати со архивската мода? Дали чувствуваш голем притисок да внесеш референци? КК: Отсекогаш сум имал возбуда да внесувам референци и да ги правам на мој начин. Го правев тоа уште од првата сезона. Не ги копирам, но од нив земам елементи како конструктивни детали или различни аспекти на силуетата. Но, не сакав да се потсмевам со него и не сакав да се чувствувам како да не доаѓа од мене. Морам да си ја дадам таа слобода, бидејќи тоа е слободата во која тој ги создаде тие работи. Јас се правам мене, тој го правеше него. Но, сакам што толку многу беше славен пред да почине. За мене, најмагично беше тоа што тој можеше да види отворена изложба на неговите дела во Париз. Имавме огромна забава. Ги имавме сите деца од новиот Муглер и сите негови луѓе како танцуваат заедно. Се чувствуваше толку посебно. Секогаш сакав да му покажам колку го цениме тоа што го направи и колку беше неверојатно. Фала богу што добивме шанса да го направиме тоа. С: Тоа е прекрасно. Па што е следно? Размислуваш за враќање на пистата? КК: Тоа е прашање на сите и имам уште шест месеци да го одговорам. Ќе дознаете наскоро, откако ќе го направам тоа. Но, мислам, сакам да измешам малку. Нема да се вратам на обичната стара работа. Премногу е забавно да се биде непослушен и да се прави што сакаш.
- Гластонбери фестивалот - 2022(галерија)
Гластонбери почнал да се одржува еден ден по смртта на Џими Хендрикс во 1970та година. Тоа ja објаснува речиси нереалната разноликост на посетителите: од бебиња до пензионери, па затоа на моменти заличува на камп за летување. Но само на моменти. Се оддржуваше од 22 до 26ти јуни, и под облакот на поништувањето на Роу против Вејд, но и под виножитото на Прајд месецот, и стандардната тема - еко активизам. Били Ајлиш, Кендрик Ламар, Херби Хенкок, Дајана Рос , Ноел Галагер, Роберт Плант, Бурна Бој до Володимир Зеленски и Грета Тунберг кои се обратија на присутните. Но „да не должиме“ (во глас на водителка од мртв) - повелете галериите. И да- ќе се обидеме да дознаеме - што е со македонското знаме кое секоја година се појавува ... Фотографии: Ана Беркли; Том Вид, Чарлс Гервејз.
- Што значи поништувањето на Роу против Вејд? Сè што треба да знаете за одлуката и последиците
Роу против Вејд, знаменитиот случај на Врховниот суд од 1973 година што го направи абортусот легален во САД во последните пет децении, беше поништен, а абортусот веќе не е заштитен на федерално ниво од 24 јуни. Наместо тоа, поединечните држави ќе одлучуваат дали абортусот е легален во нивните државни граници. Во петокот, судот ја врати својата речиси 50-годишна одлука откако донесе одлука за новиот судски случај, Добс против Женската здравствена организација Џексон, кој се справуваше со 15-неделната забрана за абортус во Мисисипи. Случајот Добс беше всушност, во својата суштина, предизвик за првичната одлука Роу против Вејд донесена уште во 1973 година. Во петокот, судијата Самуел Алито напиша во своето мнозинско мислење дека „Роу беше екстремно погрешно од самиот почеток. Неговото резонирање беше исклучително слабо, а одлуката имаше штетни последици. И далеку од тоа да донесат национално решение за прашањето за абортусот, Роу и Кејси ја разгореа дебатата и ја продлабочија поделбата“. Судиите Стивен Брејер, Соња Сотомајор и Елена Каган објавија заедничко спротивставено мислење кое силно го критикуваше потегот. „Со жалење - за овој суд, но повеќе, за многуте милиони Американки кои денес ја изгубија основната уставна заштита – се противиме“, напишаа тие. Земјата се подготвуваше за оваа одлука откако нацрт-мислењето од Врховниот суд, објавено од Политико на почетокот на мај, сугерираше дека судот планира да го поништи случајот. Нацрт-мислењето, кое го напиша конзервативниот судија Алито и го одразува мнозинското мислење на судот, беше напишано во врска со Добс против Женската здравствена организација Џексон. И бидејќи нацрт-мислењето беше обелоденето уште на почетокот на мај, некои држави се придвижија кон дополнителното ограничување на пристапот до абортус. Од јануари, 541 мерки за ограничување се воведени во 42 држави, а 42 од тие мерки се донесени во 11 од тие држави, според Институтот Гутмахер. На 26-ти мај, гувернерот на Оклахома го потпиша најстрогиот закон во земјата, со кој се забранува абортусот почнувајќи од оплодувањето со многу малку исклучоци, според NPR. Исто така, им овозможува на другите граѓани да пријават секој кој „помага или поттикнува“ абортус, според Инсајдер. Изгледа, како сите да зборуваат за Роу против Вејд во моментов, и разбирливо е да се поставуваат прашања за тоа што значи поништувањето на случајот за земјата и за пристапот на луѓето до абортус. Значи, еве сѐ што треба да знаете. Што е Роу против Вејд и зошто е важно? Роу против Вејд е историски случај на Врховниот суд од 1973 година, кој утврди дека Уставот на САД го штити правото на жената на абортус пред нејзиниот фетус да биде одржлив, според Правниот факултет Корнел. Случајот започна со една жена по име Норма Мекорви, која го презеде правниот псевдоним „Џејн Роу“. Мекорви забременила во 1969 година со своето трето дете и сакала да абортира. Но, таа живеела во Тексас, каде што абортусите биле нелегални, освен во ретки околности. Судот на крајот одлучи дека во текот на првиот триместар, одлуката за прекинување на бременоста е избор на жената врз основа на тоа што претставува „право на приватност“ на жената. И како такво, беше неуставно да се забрани пристапот на жените до абортус во одделни држави. Со оваа одлука на Врховниот суд, државите сепак можеа да „регулираат“, но не и да ги забранат абортусите во интерес на здравјето на мајката. Надвор од првото тромесечје, судот пресуди дека државите можат да ги регулираат или забранат абортусите, освен кога тоа е неопходно за да се зачува животот или здравјето на мајката. Откако Роу против Вејд беше поништена, Врховниот суд сега ја враќа одлуката во рацете на државите. Зошто беше отфрлен Роу против Вејд? Одлуката Роу, беше постојано оспорувана речиси половина век, но сегашната конзервативна структура на Врховниот суд ја зголеми веројатноста дека случајот всушност ќе биде поништен оваа година. Минатата година, Врховниот суд се согласи да го сослуша оспорувањето на 15-неделната забрана за абортус во Мисисипи со случајот Добс, кој исто така бараше судот повторно да ја анализира одлуката во Роу против Вејд, објаснува Си-Ен-Ен. Оваа одлука на крајот влијае на законитоста на абортусот во САД и сега им остава на државите да одлучат дали и кога абортусите се легални во државните граници. „ Оспорувањето на законот на Мисисипи му даде на Судот можност да го врати Роу“, вели Мери Зиглер, професорка по право на Државниот универзитет во Флорида и автор на „Абортусот и законот во Америка: Ро против Вејд до денес“..- „Ќе имаше многу други опции за да се смени Роу. Ова беше само онаа што најбрзо дојде до Судот“. Во исто време, некои држави воведоа политики што го зголемуваат пристапот до абортусот за конституентите, додека други ги направија работите порестриктивни. Севкупно, 26 држави, или повеќе од половина од земјата, имаат закони кои би можеле да го ограничат пристапот до абортус сега кога Роу е отфрлен. И само 16, плус округот Колумбија, имаат закони за заштита на тоа право, и покрај тоа што Роу беше отфрлен. Претходно во мај, Зиглер објасни дека таа „ќе очекува околу половина од државите да ги криминализираат сите абортуси. Тоа ќе се случи многу брзо - за неколку недели или месеци.” Кои држави ќе го забранат абортусот или ќе имаат во сила закони за активирање на абортусот? Тринаесет држави донесоа таканаречени „закони за активирање“ со кои речиси веднаш ќе се забрани абортусот сега кога Роу против Вејд е отфрлен, според Институтот Гутмахер и Си-Ен-Ен. Тие држави ги вклучуваат: Арканзас Ајдахо Кентаки Луизијана Мисисипи Мисури Северна Дакота Оклахома Јужна Дакота Тенеси Тексас Јута Вајоминг Најмалку 9 држави имаат забрани за абортус пред Роу, кои не се спроведуваат бидејќи претходно биле „неуставни“. Сега тоа веќе не е случај. Овие држави веќе имаа ограничувања, но Роу против Вејд ги направи неуставни, објаснува Институтот Гутмахер. Ограничувањата беа блокирани од судовите, но сега тие би можеле да бидат вратени по судски налог, бидејќи Роу е поништена. Алабама Аризона Арканзас Мичиген Мисисипи Оклахома Тексас Западна Вирџинија Висконсин Врховниот суд, исто така, не ја суспендираше шестнеделната забрана за абортус во Тексас, која нуди награда од 10.000 долари за секој што ќе пријави луѓе осомничени дека бараат, добиваат, помагаат или вршат абортуси. 16 држави и Д.К. се главно незасегнати. Шеснаесет држави воведоа свои закони за да го заштитат правото на прекин на бременоста, а некои пратеници од овие држави, исто така, ветија дека ќе ги заштитат правата за абортус. „Нашите ќерки, сестри, мајки и баби нема да бидат замолчени. Светот допрва ќе го чуе нивниот гнев. Калифорнија нема да седи на страна. Ќе се бориме жестоко“- изјави гувернерот на Калифорнија Гавин Нусом на Твитер. Државите кои главно не се засегнати од одлуката вклучуваат: Калифорнија Колорадо Конектикат Делавер Дистрикт Колумбија Хаваи Илиноис Мејн Мериленд Масачусетс Невада Њу Џерси Њујорк Орегон Род Ајленд Вермонт Вашингтон Како луѓето би имале пристап до абортуси во овие држави доколку стапи на сила забраната? Ако некој сака да направи абортус и живее во држава каде што е нелегален или многу ограничен, сепак ќе има опции. Но, установите кои нудат абортуси ќе бидат потешко да се најдат и поскапи. „Некои опции вклучуваат патување во држава каде што абортусот е сè уште легален или нарачување апчиња надвор од земјата“, вели Стефани Тоти, постар советник и директор на Правниот проект. „Луѓето кои имаат ресурси за патување ќе бидат принудени да патуваат надвор од државата со големи трошоци и непријатности“, вели таа. „Но, луѓето кои немаат можност да патуваат ќе бидат принудени да ја носат бременоста до крај“. „Нарачувањето лекови преку Интернет е тешко“, вели Тоти. „Тие услуги постојат и ќе продолжат да постојат, но, во секоја држава што го забранува абортусот, тие услуги исто така ќе бидат нелегални“, вели таа. „Луѓето кои се обидуваат да пристапат до абортус на тој начин ќе се соочат со потенцијално кривично гонење“. Клиниките во соседните држави на оние со забрани за абортус, исто така, веројатно ќе видат поголема побарувачка и ограничен капацитет за задоволување на потребите на оние што бараат помош, според Њујорк Тајмс. „На краток рок, секоја држава ќе одлучува за своите политики“, вели Зиглер. „Но, ќе има притисок за криминализирање на абортусот на национално ниво преку Врховниот суд или преку Конгресот.“ Дали План Б е некаде забранет? Со сите овие превирања околу абортусот, некои луѓе исто така се збунети дали Планот Б (апчиња за итна контрацепција), слични Следното утро, па дури и спиралата сега ќе бидат забранети. Краткиот одговор? Не се́ уште. Иако ниту една држава не ги забрани официјално апчињата за „следното утро“ во овој момент, некои пратеници размислуваат да воведат забрани. На пример, во Мисури, законот за активирање најверојатно ќе го ограничи планот Б и спиралата. И во Ајдахо, еден пратеник рече дека е заинтересиран за одржување сослушувања во врска со законите со кои ќе се забрани итна контрацепција, според Ајдахо Стејтсмен. Автор: КОРИН МИЛЕР Корин Милер е хонорарна писателка специјализирана за општа благосостојба, сексуално здравје и врски и трендови во животниот стил, а делата се појавуваат Men’s Health, Women’s Health, Glamour Превод: Дивотно













