top of page

Резултати од пребарување

1178 results found with an empty search

  • Дали кансел културата ја изгуби својата енергија?

    https://www.diva.mk/podcast/episode/796eaec9/dali-kansel-kulturata-a-izgubi-svoata-energia

  • Крахирање на здравиот разум во галеријата Јелцин

    Првиот ден на работа може да биде стресен, а стресот ги предизвикува луѓето понекогаш да се однесуваат ирационално но првиот ден на чуварот во Јелцин центарот во Екатеринобург котира високо во комично со својата ирационалност: тој исшкртал очи на една од изложените слики! Се работи за Три фигури од руската авангардна уметница Ана Лепроскаја, која била позајмена од државната Третјаков галерија од Москва за изложбата Светот како Не-објективност. Посетители ги приметиле грубо нацртаните очи со пенкало и го пријавиле на вработените во галеријата. Вандалот бил чувар од приватна компанија за обезбедување кој бил најмен од Александар Дроздов -директорот на Јелцин центарот. Сега тој се соочува со казна висока(или тешка) пола милион евра. Кураторката на изложбата Ана Решеткина кажа дека оштетената слика од 60 годишниот чувар „ со пенкало кое било на галеријата и го направил тоа на првиот ден на работа. Неговите мотиви се уште се непознати, но администрацијата верува дека се работи за некој вид на крахирање на разумот. „ Весниците таму известиле: „ Слика во Јелцин центарот е обезличена- чуварот и́ нацртал очи„ . И не е ова краток расказ на некој современ Хармс. П.С. Во галеријата работат на реставрација на цртежот во оргиналната состојба.

  • Ударот на бејби бумерите- Нил Јанг со ново писмо

    “Во нашата ера на комуникација, проблемот се дезинформациите. Отфрлете ги дезинформаторите. Најдете добро чисто место за поддршка со вашите месечни приходи. Вие ја имате вистинската моќ. Користете ја. На бејби бумерите им велам дека 70 отсто од финансиските средства на земјата се во ваши раце во споредба со само околу 5 отсто за миленијалците. Јас и вие треба да водиме. Во ова време на климатски хаос, велам да ги отфрлиме компаниите кои придонесуваат за масовното уништување на фосилните горива на Земјата. За нивното континуирано финансирање на штетата од фосилните горива, иако глобалната температура постојано расте, велам да ги земете вашите пари од сметките на овие американски банки денес: Чејс Сити банка на Америка Велс Фарго Придружете ми се додека ги земам моите пари од штетниците или ненамерно ќе бидете еден од нив. Имате моќ да го промените светот. Ние можеме да го направиме тоа заедно. Вашите внуци ќе ви се заблагодарат. На музичарите и креаторите во светот, им го велам ова: Мора да да најдете подобро место од SPOTIFY за да бидете дом на вашата уметност. Даниел Ек е вашиот голем проблем - не Џо Роган. Ек ги влече конците. Излези од тоа место пред да ти ја изеде душата. Единствените цели наведени од ЕК се за бројки - не уметност, не креативност. Забележете дека Е.К никогаш не ги спомнува медицинските работници кои го започнаа овој разговор. Погледнете ги за последен пат - изјавите што ги даде Е.К. А потоа бидете слободни и отидете по добриот пат.”

  • Џо Роган е комплетно незасегнат

    Кога притисокот врз Џо Роган растеше прво со отворено писмо од научници и доктори, а потоа со повлекување на Нил Јанг и Џони Мичел, Спотифај изгуби 2 милијарди долари од пазарна вредност, но навистина ретко кој веруваше дека златното дете на Спотифај ќе добие било што освен поддршка. Спотифај како одговор постави предупредувања дека се зборува за ковид и линкови до официјални извори на информации - нешто што останатите платформи веќе одамна го направија. Но она што беше необично беше жолчната одбрана на претседателот на Спотифај Даниел Ек. „Ние не се вклопуваме уредно во само една категорија. Ние дефинираме сосема нов простор на технологија и медиуми. Ние сме многу различен вид на компанија... Ние не сме во бизнисот да го диктираме дискурсот што овие создавачи сакаат да го имаат во нивните емисии. И ако сакаме само да направиме содржина што сите ни се допаѓа и со која се согласуваме, ќе треба да ја елиминираме религијата, и политиката, и комедијата, и здравјето, и животната средина и образованието, списокот продолжува и натаму и натаму, бидејќи овие се навистина комплицирани прашања. И ако ги ограничиме овие поделени теми, врвните креатори ќе си заминат, а корисниците на кои им е лишен избор во содржината ќе избегаат од нашата платформа и ќе бараат други алтернативи. И ова, се разбира, би значело дека никогаш нема да ја постигнеме нашата мисија. Тогаш, по која цена го правиме ова? Па, Spotify е за дозволување на разговор и поттикнување мисла. Долго време рековме дека сакаме да забавуваме, инспирираме и едуцираме, но за да го направиме тоа, мора да го најдеме најдобриот можен начин да го балансираме креативното изразување со безбедноста на нашите слушатели. И тие две работи ретко се во конфликт, но кога се, тогаш ние влегуваме и преземаме соодветни мерки. И ниту еден креатор на содржини не е изземен од таа позиција. Никој. .. За да се бориме против ова, требаше да најдеме потпора. И еден начин на кој можевме да го направиме ова беше во форма на ексклузивци, конкретно со гласови како оние на Џо Роган, на Обама, Брене Браун, Дакс Шепард, само да наведам неколку. ... Меѓутоа, луѓето тврдат дека со ексклузивноста дека ние сме всушност издавач, а не платформа. Затоа сакав да направам чекор назад и да објаснам како размислувам за тоа. Ајде прво да дефинираме што е издавач. Издавачот има уредувачка контрола врз содржината на создавачот. Тие можат да преземат акција за содржината уште пред да биде објавена. Тие можат да уредуваат, можат да курираат, можат да го сменат гостинот, дури можат да одлучат да не објавуваат воопшто. И иако JRE е ексклузивна, таа е лиценцирана содржина. Важно е да се напомене дека немаме креативна контрола врз содржината на Џо Роган. Не го одобруваме неговиот гостин однапред и, како и секој друг креатор, ја добиваме неговата содржина кога објавува, а потоа ја прегледуваме, а доколку ги прекршува нашите правила, ги преземаме соодветните дејствија за спроведување. Ова воопшто не е невообичаена позиција во медиумската индустрија. Тоа е истото што всушност го имаме и со нашата лиценцирана музичка содржина. И тоа е истиот пристап со другите подкастери, како што се Дакс Шепард и Брене Браун...“ Ова е дел од говор кој го држел во градската сала во Лос Ангелес на неговите вработени. Но кратко после говорот, кога се чинеше дека прашината слегнува - се појави Греми добитиничката Индиа Ари на ИГ и сподели две непријатни клипчиња каде што Роган дури 27 пати го кажува н-зборот и тоа онаа потешката, "hard R" варијанта но и клип каде кажува дека кога залутале во црнечка населба се почуствувал како да е во планетата на мајмуните. „симнете ме! Ме плаќате 0.003% од пени за да го плаќате ова - не може!„ Повторно дојде извинување(со пола срце и многу правдање) на Роган, повторно дојдоа до нас информации дека Даниел Ек се уште стои со Роган: „Не само што некои од коментарите на Џо Роган се неверојатно навредливи - сакам да разјаснам дека тие не ги претставуваат вредностите на оваа компанија. Иако јас силно го осудувам она што го кажа Џо ... сфаќам дека некои ќе сакаат повеќе од само осуда. Сакам да кажам една поента многу јасно - не верувам дека замолчувањето на Џо е одговорот. Треба да имаме јасни линии околу содржината и да преземеме акција кога тие се прекрстуваат, но откажувањето на гласовите е лизгава патека“ - и повторно ја направи ситуација која во својот темел е стратешка(целата подкастерска Спотифај платформа е изградена околу Џо Роган искуството), - како ситуација која во својот темел е принципиелна: дека е прашање на слобода на говорот. Помеѓу фактот дека Роган е исклучително допадлив, на слушателите, на гостите, на пријателите - мек, слаткоречив, фин и фактот дека доста контент креатори се изгорени од „правила и регулации„ ставките на социјалните мрежи , каде често нелогично и преосетливо ги казнуваат со ставањето на творците во „фејсбук затвор„(сабајлево од чиста мира Твитер ни ја заклучи страната, а после приговорот ја врати но без ниту еден пост ниту следачи) - значи ескалирање на оваа хиперсензитивност ќе ја направи неподнослива креативната атмосфера. Па голем дел од јавноста навагнува накај Роган. Тој во меѓувреме е скроз unbothered ако му се верува на Инстаграм профилот...„ме прашуваат како се држам. Еве вака(видео од ресторан). А да и печурки„ - а да - неговиот подкаст има најсупериорни бројки во однос на гледаност, дури и во споредба со вести од ТВ мрежи... Вупи Голдберг во меѓувреме седи дома и размислува што направила(по препораката на нејзината шефица откако ја суспендираше). p.s. забегани борби со ветерници и читања на ситуацијата кои се чекор до гледање на вештерки и демони(сега се само до дип стејт стигнати) ќе ги оставиме на оние што некако стигнале до Бреитбартоидни предели и не знаат како да се вратат назад на сигурно- кај здравиот разум.

  • Euphoria прејде во дисфорија

    Пред две недели по насловите на интернет се појави: “ D.A.R.E. Ја осудува Еуфорија затоа што ја гламоризира употребата на дроги кај тинејџерите! “ Главниот одговор и коментар на тоа беше: зарем таа организација се́́ уште постои?! Била активна во Регановата Америка - кога Реган ја објавил славната и несреќна „војна на дрогите„ и рекламите „само кажи не„ - зошто неславно? Затоа што активирал правно решение на медицински проблем. Ги наполнил затворите со луѓе кои правеле и минимални прекршоци. Ги стигматизирал дополнително корисниците како морално слаби луѓе кои едноставно не знаат и не сакаат да кажат не. И секако дека таа војна е изгубена а ситуацијата ја искористиле фармацевтските компании кои фрлаат опијати на американското население „шаком и капом„ и за најмали болки(на пример вадење заб) - а како САД тоне во епидемија, почнува да се регулира употребата на опоидите, опијатите - а компаниите слично како и со цигарите полека се селат во Азија. Режисерот на Еуфорија Sam Levinson ја знае оваа ситуација интимно - и самиот ја има поминато - и тоа многу добро се чита на приказната на Ру. Централниот лик во ансамблот на глумци, уверена сум затоа што ја глуми суперпопуларната Зендаја се бори со зависност- останатите ликови кои се борат со свои индивидуални премрежија се еднакво релевантни . Зендаја како одговор на обвинувањата на D.A.R.E. во интервју кажа: „Нашето шоу не е во никој случај морална приказна кои ги поучува луѓето како да го живеат животот или што треба да прават. Ако ништо друго, чувството позади Еуфорија или што и да се обидовме да правиме со нејзе, е надежта да им помогнеме на луѓето да се чувствуваат помалку осамени во нивните искуства и во нивната болка. И можеби да осетат дека не се сами , во што и да им се случува или со што и да се справуваат. Целта на шоуто е да им помогне на луѓето да имаат малку повеќе разбирање и емпатија околку искуството на зависноста што им прави на луѓето, што им прави на нивните семејства„ Но последната епизода беше за Ру, чиј обожуван татко има починато од рак, и нејзиниот начин да се осети повторно блиску до него е да - шмрка таблети - го видовме и сликовито: како тоне во Еуфоријата - паѓа во прегратката на татко си. И токму таму D.A.R.E.зезнаа: се истрчаа, и не препознаа дека серијата ги раскажува приказните темелно. Инаку ќе заклучеа дека е неминовно овој тип на Еуфорија да прејде во Дисфорија. И тоа речиси цел час, медицински прецизно дисецираа пто се случува утрото после. Како гледач комотната дистанца беше невозможно да се постигне со толку интимен пресек, соочување со тоа колку далеку оди деструкцијата кога чувството на дисфорија настапува и телото се отвара како жива рана.

  • Celebrate life на indog седнува со Оги

    Celebrate life на indog седнува со Оги Да си помуабетат за растењето по локалните, македонските подиуми уживајќи во носталгијата…. Celebrate life постои од 2020та година прилично конзистетно и вгости многу креативци и уметници, но и нѐ почасти со DJ сетови кои се вистинско задоволство да се слушаат. Сега е вдомен во Amok radio а видео записите може да се најдат на YouTube каналот Amok Skopje

  • Брендот на Ријана - Фенти - конечно нѝ е достапен

    Прво- Рири е бремена, и се чувствуваме среќни како за блиска другарка! Зошто? Затоа што кога кажува дека сите се вклучени во Fenty Beauty и Savage x Fenty, навистина тоа го мисли! Тука во Дива им плачевме на стрпливиот customer support зошто не можеме да дојдеме до нив.. изненадување денес - порака: ”добредојдовте, сега испорачуваме и во Македонија па трк на шопинг!” Доколку сте загрижени за цените (посебно поради оние што препродаваат од странските Sephora продавници за дупло поголеми цени)- ако сте биле во MAC - Fenty се за нијанса поевтини! На распродажба цените се под 1000 денари- пудри, кармини и најбитно: Fenty Beauty испорачува и бесплатно! Savage x Fenty има експрес испорака за $33. За долната облека во Savage X : има гаќички (super sexy) за 550денари заедно со прслук 1200 денари на распродажба, но и пижами, хеланки… веќе го покривме спектаклот од модно шоу што го зема местото на Victoria Secret шоуто! се надеваме оваа дојава ќе ве упати на фенти сајтовите да се почастите: пандемискиот стрес е вистински!

  • Фобично општество

    Денес нѐ разбуди срцепарателната вест: малата Ембла Адеми е отворено изолирана и маргинализарана од нејзината сопствена заедница. Единаесет мајки поднеле петиција дека ќе организираат бојкот на наставата доколку Ембла не биде тргната од училишните клупи… Зошто тоа доаѓа како шок не знаеме, посебно зошто со едно кратко пребарување на гугл можеме да се потсетиме дека граѓаните на Македонија можат молчешкум да ги одерат до гола кожа, но го позајмуваат радо својот глас за идеи од кои Нацистичка Германија би била горда. Сепак по реакциите јасно е дека одговорноста не може да падне на “менталитетот” на луѓето овде, туку испуштените узди на државата чија одговорност (како и на медиумите и уметниците) е да го образува и држи во тек општеството.

  • Кога Balenciaga ја сретна Ким

    Naomi Fry писателка за The New Yorker во нејзиниот „културен коментар„ во текстот кој се вика Kim & Kanye & Pete & Julia забележа: „Улогата која ја игра Balenciaga со чиј дизајнер Demna Gvasalia Вест и Кардашијан изградија исклучително блиска врска во последниве неколку години, беше интригантно. Набљудувачите веќе забележаа дека е чудно, што парот кој се раздели се вградени во брендот, до таа мерка што изгледа како да си ја координираат облеката еден со друг. „Ми изгледа дека е без преседан тоа што Ким и Кање носат ексклузивно Balenciaga„- твитна писателот Патрик Сендберг оваа недела. „Да спонзорираш и облекуваш селебрити развод, изгледа како циничен а сепак брилијантен нов вид на покровителство„ Овој текст е напишан на почетокот на Јануари а оттогаш разводот доби нова димензија, и тоа прилично грда. Последното што го слушнавме од Кање е - тој одел наоколу и кажувал на луѓе дека Пит Дејвидсон има СИДА. Со тоа не само што го стигматизираше него, туку и ја обележа Ким. Околу обележувањето на Ким во интервју со блогот Hollywood unlocked, инсистираше дека се сретнал со Реј Џеј, за да земе лаптоп на кој имало уште секс снимки од нејзе - така делува дека онаа снимка која ја лансираше во универзумот на славни личности не е инцидентна и ја „деградира„ во порно глумица. Сите вести што доаѓаа од страната на Кање, наговестуваат лош и грд развод, во кој единствен кој изгледа грдо - е тој. Во исчекување на неговиот нов албум Донда2 - во кој со сигурност ќе има уште пикантерии - Balenciaga децидно зазема страна: на својот Инстаграм профил ги симна сите постови и цел еден ден ,единствениот пост беше фотографија од Ким К. Со тоа ја избраа својата страна... И покрај тоа што тој со месеци ги носи Баленцијага/Крокс чизмите, и наполни цел хотелски апартман со Balenciaga облека, за да си игра со новата љубовница - Julia Fox како со барбика, и покрај тоа што мерч-от од концертот со Drake беше потпишан од токму Balenciagа... и покрај тоа што Кање објави партнерство помеѓу него, Gap и Balenciagа- се чини дека недвосмислено се Ким во овој развод.

  • Лунарна Нова година!

    2022 е годината на Водениот Тигар. Почнува на 1ви Февруари и завршува на 21Јануари 2023. Година на Водениот Тигар доаѓа еднаш секои 60 години. Години на Тигарот се: 2022, 2010, 1998, 1986, 1974, 1962, 1950, 1938.…. Тигарот е познат како крал на сите ѕверови во Кина. Зодијачкиот симбол на Тигар е симбол на сила, бркање на зли сили, и храброст. Многу деца во Кина носат капи или чевли со слика на тигар за добра среќа. Во контекст на пандемијата - годината на Тигарот е одлична вест, но Водениот Тигар значи дека ќе има случувања поврзани со океанот, реките, морињата... Бикот и Козата ќе бидат најсреќни знаци во 2022. Тие што се родени во знаците на Стаорец, Змија, Мајмун, Свиња и Куче, ќе мораат да направат напор да постигнат успех. Зајакот, Ламјата, Коњот, и Петелеот ќе имаат мирен живот и добра среќа во заработувањето пари оваа година. Тигрите ќе се соочат со „година на родениот знак„ во 2022. Носењето на црвената боја ќе им носи среќа оваа година. Водениот Тигар доаѓа од петте елементи на Тигарот(Злато, Дрво, Вода, Оган и Земја). 2022 е година на Водениот Тигар, што индицира просперитетна година, поради квалитетите: сила, изгонување на зло, и храброст. Кинезите веруваат дека што ќе правиш на почетокот на новата година, ќе влијае не среќата на годината што следи. Да бидеш буден на ноќта на новата година(31Јануари) и да комуницираш со добри зборови, со својата фамилија, и пријатели носи добра среќа. Има низа на суеверија како на пример: не се сече косата, или не се купуваат чевли во месецот на новата година. Среќни бои за 12те кинески знакови на зодијакот: Стаорец: црвена и сина Бик: црвена и жолта Тигар: портокалова, црна и плава Зајак: зелена, виолетова, и портокалова Ламја: жолта и бела Змија: небесно сина и сребрена Коњ: зелена, сина и црвена Јарец: светло жолта Мајмун: бела и бебешки сина Петел: жолта Куче: жолта, црна и сива Свиња: жолта, зелена и црна

  • Whoopi Goldberg е суспендирана од The View

    Whoopi Goldberg е суспендирана од дневното ток-шоу The View(Поглед) на две недели, изјави претседателот на АВС Вести Ким Годвин „Иако Вупи се извини ја замолив да си земе време да размисли и научи за влијанието на нејзините коментари. Целата АВС Вести организација стои во солидарност со нашите колеги Евреи, пријатели, семејства и заедници.„ Таа се извини само неколку часа откако ја направи забелешката , откако жустри реакции почнаа да пристигаат на нејзина адреса „ Моите зборови вознемирија толку многу луѓе, што никогаш не беше мојата намера. Разбирам зошто и затоа сум длабоко, длабоко благодарна затоа што информациите што ги добив беа корисни и ми помогнаа да разберам некои различни работи.„ Таа ја направи забелешката во дискусија на емисијата за забраната на книгата Маус во школо во Тенеси, добитник на Пулицер, затоа што имало голотија , а темата на книгата бил Холокаустот. Рабинот Абрахам Купер, ја пофали Вупи затоа што во текот на годините си ги кажувала своите мислења гласно но во однос на забелешката за Холокаустот се мачел да разбере зошто би ја кажала: „Единственото објаснување што го имам е дека има нова дефиниција за расизам што било пласирано во јавноста скоро, што го дефинира расизмот како појава која ги таргетира ексклузивно само POC(people of color) луѓето на боите. А историјата очигледно не́ учи поинаку. Се́ во врска со Нацистичка Германија и таргетирање на Евреите и Холокаустот било поврзано со расата и расизмот. Тоа е тажниот, неприкосновен факт.„ Кенет Л.Маркус, на чеко на Louis D. Brandeis Center for Human Rights Under Law, ги поврза коментарите на Вупи со поширока мисконцепција за Холокаустот, Еврејскиот идентитет и антисемитизмот. „Во нејзината грешка таа рефлектираше недоразбирање за еврејскиот идентитет кој е раширен и опасен, кој некогаш е опишан како антисемитизам кој брише. Тоа е погледот дека Евреите треба да се гледаат само како бели, привилегирани опресори. Го негира еврејскиот идентитет и го вклучува неутрализирањето на еврејската историја.„ Овие проблеми за расизмот насочен кон Евреите е нешто што лесно можеме да го разбереме како Македонци, посебно последниве 30на години, а особено после епизодата со т.н.Бугарски спор... Во Израел да се биде Евреј ретко е гледан во контекст на раса, делумно поради големиот диверзитет на земјата. Еврејската популација(80%) вклучува Евреи со корени од Европа, Блискиот Исток и Северна Африка како и мигранти од бившата СССР и Етиопија - појаснува НПР. Коменарот стигна дури до Израел, И Јад Вашем ја викна да дојде во Ерусалим да го посети Светскиот меморијалниот центар на Холокаустот . Сето ова почна кога завчера - во понеделник - Голдберг искоментира „Мислам, книгата е за Холокаустот, убивање на 6 милиони луѓе, но тоа не ти сметаше? Ако расправаме за ова ајде да бидеме искрени. Холокаустот не е поради расата. Не, не е поради расата.„ Кога колешките и се спротивставија таа уште поупорно негираше.

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page