top of page

Резултати од пребарување

1178 results found with an empty search

  • Лаги на Александар Велики

    Носталгијата е за ПМГ музичкиот звук што е темата Скопје, за текстовите на Мирко Попов. Македонските фестивалски евергрин шлагери се сретнале со најкул екс-ју бендовите во нивното златно доба ...не, не се сретанале: се лупнале еден во друг, катапултирани 5метри над техно журка и направиле бебе од искри, огномет, драма, искрено бебе. Македонските музичари имаат направено обилни дискографии во поранешната држава, и многу од нив го издржале тестот на времето, но она што не успеале да го направат е конзистентна сцена на кул бендови или рок ѕвезди(Бастион после еден албум исчезнуваат во тој формат, а доколку мислите на Леб и сол, многу опасно газат на границата на чобански рок, а и во прекрасните моменти кога не земале од македонскиот мелос пееле на српски, и најпосле – само би биле исклучокот што го потврдува правилото.) Мислиме на оние кул, авангардни, прогресивни ликови, како Идоли, Булдожер, Видеосекс, Хаустор, Шарло... Зошто ги спомнувам? Затоа што Лаги на Александар Велики има повеќе од минлива сличност на Лаки Пингвини во каденцата, напевот, кои во полу-шега ги нарекуваат „првиот југословенски рап“ точно поради тоа. Носталгијата или навраќањето и рефенцирањето во музиката (и со музиката воопшто) не е ниту нешто ново ниту спорно – дури Кендрик Ламар си игра со екс-ју семпл од психоделичен рок од 70-тите (Остави Траг) во Damn (Duckworth) - се прави од најразлични причини, и со различни намени, но она што се чини во ПМГ е случајот на: македонските музичари немале шанса да се доискажат во таа епоха, да дадат свој коментар и интерпретација во сцената во која учествувале па сега си го даваат правото да го направат тоа. Слушајќи ја дискографијата на Александар Велики, тоа не се однесува само на екс-Ју музиката, туку сите музички бранови и жанрови интересни за него, и за чудо, се помирени во неговиот музички звук и хармонични: Гачо почна како радио водител (како средношколец), продолжи како Диџеј, па басист, а сега и фронтмен – страсен љубител на музика, кој можеби го прифатил амбициозниот дух на Попов во нивното пријателство и заедничка работа, а можеби и сосема автономен порив да си го каже своето. Туку имам анегдота за вас. Во Сараево се сретнува комшија на Елвис Џ Куртовиќ со него, и му кажува: знам дека имавте журка, слушнав беше гласно и јасно... - Па зошто не дојде? - Што знам рокавте народњаци, па контав, не беше за мене.. „Народњаците„ биле Нервозни Поштар. Така и македонската сцена тогаш, барем гледана од денешна перспектива, ги фаќала воглавно само народњачките фреквенции. Таа дистанцираност не знам дали се однесува со недозреаноста на тогашната македонска сцена, или пак провинцискиот дух во кој што верувале повеќе од она што реално бил случајот, и ги угушил. Или можеби недостаток на храброст да се вокализира својот уникатен глас и порака. Некои инсистираат дека потиснувањето на тој глас било намерно и издизајнирано. Секако дека постудиозен и внимателен поглед ќе покаже дека имало навистина богат културен живот, посебно во 70-тите и 80-тите, но тоа не се рефлектира и не доаѓа до пошироката екс-Ју сцена -и нема македонски нов бран, или пандан на новите примитивци. Самиот Александар Велики, ја најавува „Лаги“ на овој начин, а со тоа и следниот албум: „Па ова е убава песна. Радио хит. Кул поп песничка. ПОП, не ни се свиѓа? Вистинско ПМГ рекордингс издание. Само вклучете го, и обрнете внимание на Александар Велики...Одлична најава на неговиот трет соло албум и среќен повод. О, да...и бесплатен е за симнување„

  • Секој од нас може да се занимава со герила градинарство

    Климатскиот активизам станува се повеќе синоним за бунт. Меѓународните групи како Zero Hour и Extinction Rebellion нѝ даваат слики на огромни толпи луѓе кои протестираат и ја подигнуваат свеста за климатската криза. Но, што ако постоеше начин да се залагате за животната средина во вашето локално соседство преку мали, секојдневни акции? Герила градинарството е чин на одгледување растенија на јавно место, обично на место за кое инаку никој не се грижи, често со цел да се подобри околината и да се заштити животната средина. Има низа придобивки од подобрување на биолошката разновидност до помагање за одржување на ниски температури. Џени ван Гестел, координатор на Guerrilla Gardeners NL, објаснува како трансформирањето на една улица може да има големо влијание врз животната средина. „Бекатонот и асфалтот ја задржуваат топлината“, забележува таа. „Кога ќе ги отстраните камењата и ќе додадете растенија, тогаш знаете дека температурите нема да се зголемат толку многу.” „Има и задржување на водата; имаме поројни поплави во денешно време поради климатските промени, или имаме навистина сушни периоди илицели временски периоди. Додавањето повеќе зелена боја значи дека имате подобро управување со водата“. Дали герилското градинарство е нелегално? Многу луѓе претпоставуваат дека герилското градинарство е нелегално - а понекогаш и е. За Елен Мајлс, климатска активистка и основач на социјалното претпријатие Dream Green, герилското градинарство е дефинитивно анархичен облик на протест. „Тоа е директна акција против лишувањето и исцрпувањето на природата - нагласувајќи го прашањето за биофобната урбанизација додека се бориме со неа“, објаснува Елен. „Тоа се бори за луѓето, растенијата и планетата со преземање акција во ваши раце. Тоа е анархично, во најчиста смисла, и го предизвикува статус квото на тоа како треба да изгледаат градовите како што нè учеа, и кој може да има моќ и право да ги обликува“. Но, тоа не мора да биде недозволена активност. Дел од работата на овие организации е да ги увери луѓето дека постојат начини за легално учество во оваа форма на активизам, дури и со благослов на локалните власти. Таа редовно работи со општинската влада каде што живее во Холандија, идентификувајќи проекти за позеленување заедно со локалните државни службеници. Таа, исто така се обидува да ги охрабри локалните жители да се вклучат во областите во нивна близина. „Една од работите што ги правев овде е да се обидам да ги натерам луѓето што имаат [јами во основата на дрвјата] пред својата куќа или во близина на нивната куќа, да ги натераат да градинаат во нив“, вели Џени. „Има толку многу што можете да направите само со соработка со властите“. „Не ви треба организација. Само како поединец, има толку многу што можете да направите... Започнете малку. Не мора да започнете со огромна градина, само започнете со отстранување на еден поплочен камен, додадете едно растение, а потоа само видете како ќе оди. Погледнете како реагираат соседите, видете како растението почнува да расте и можеби од таму ќе го развиете“. „Почвата е чудесна“: Започнување со герилско градинарство Џени верува дека секој може да започне со герилско градинарство - дури и ако нема организирана група во ваша близина. Ако забележите занемарена површина од јавен простор што никој друг не ја користи, тоа е одлична можност да се вклучите. Ако сте несигурни дали тоа е дозволено, можете да контактирате со вашата локална власт, но и Џени и Елен велат дека ретко наидуваат на пречки кога садат на инаку неискористени места. „Дел од концептот на герилското градинарство да бара „подобро прошка, отколку дозвола“, но јас досега добив само позитивни одговори од луѓето, така што не е потребно прошка“, објаснува Елен. „Главно се работи за тоа каде садите. Прво, сакате да избегнете садење на нечија приватна сопственост или заштитено место (како локација на Националната доверба или природен резерват).” Елен објаснува дека јамите околу дрвјата се одличен начин за почеток. Иако тие не го рекламираат, многу совети ќе ви дозволат да садите овде сè додека не го оштетите дрвото. „Никогаш не сум имал проблем само да го користам здравиот разум за да видам што е занемарена, гола земја во која требаше да има растенија, но сега не. Ако советот нема да се грижи за тоа, зошто некој жител да не си го именува својот градинарски ангел? Запомнете дека кучињата, луѓето и другите опасности може да се појават за да го мачат вашиот труд. Затоа, кога избирате што да засадите, треба да биде издржливо, еластично и способно да се справи со климата без премногу ваша помош. Во спротивно, ќе мора постојано да се враќате за да се грижите за растенијата, што значи помалку време за трошење на нови области. „При изборот на растенија, земаме предвид и што би ги [привлечело] дивите пчели, што би ги привлекувало пеперутките и слично“, објаснува Џени. „Тоа е друг аспект и тие често се автохтони видови“. Зошто е важно позеленувањето? Настрана од еколошките придобивки, сега повеќе од кога било, грижата за нашите локални области е корисна за нас самите и за нашите заедници. „Интересно е да се забележи дека движењето повторно расте“, вели Џени. „Поради претходната година што ја имавме и луѓето [се] заглавени внатре... има обновен интерес за нашите сопствени населби“. Елен, исто така, ја гледа врската помеѓу герилското градинарство и врските во заедницата. Таа забележува дека живеењето во позелени населби го подобрува менталното здравје, животниот век се зголемува и дека постојат обрасци кои укажуваат дека криминалот е поретко во позелените области. „Сметам дека е моќно позитивно да се влијае врз мојата локална средина и да имам чувство за сопственост на местото каде што живеам“, објаснува Елен. „Постои вистински проблем со младите урбани кои не чувствуваат дека „припаѓаат“ во нивното соседство, и јасно е зошто - градовите едноставно не се дизајнирани за луѓе.” „Герила градинарството ја става моќта да се трансформираат улиците во кои живеат луѓето во рацете на луѓето што живеат таму. Го крева духот кога гледаат светли делови од животот во инаку голи, сиви точки и сакам да знам дека им помагам на локалните екосистеми и заедницата“.

  • Блаже Конески како што не сте го читале досега

    И (речиси) три децении откако Блаже Конески почина, сепак ни́ дава новости, кои се тоа и за најстрасните и посветените ученици на неговата интелектуална и креативна оставина. Овој пат, тој го врти погледот кон метафизиката, филозофијата, историјата која првично ја наумил како литературна игра, но сфатил дека може да биде поконфузна од неговата намера, па ја оставил така, гола. Белешката, или „таблицата“ е предадена во 1993, кога Југославија веќе не постоеше онака како што ја знаеја нејзините деца и беше втурната во војна, Источниот блок беше фрагменитран и дел од него повлечен на Западот, а Заливската војна беше привршена, но сите ја доживуваа само како најава. Светот во кој живеевме после Втората светска војна – свет на обновување, победување на заканата олицетворена во наци - Германија, славење на таа победа која се протегаше со децении – тој свет беше можеби по прв пат неизвесен. Таа неизвесност беше особено загрижувачка на Македонците, кои голем дел од нив се сомневаа дека една мала незначителна и историски проблематична земја може да одолее на ветриштата кои веќе ги чувствувавме на нашите образи. Човекот кој речиси самостојно борбата за македонскиот јазик ја носеше на своите плеќи токму во овој период – Блаже Конески – можеме да замислиме дека бил особено загрижен во овој контекст. Еве како (дознаваме преку Иван Антоновски), ја изразил таа грижа за претстојните премрежија: „Ова е најнеобичниот текст на Блаже Конески, предаден за печатење во 1993 година и објавен непосредно по неговото упокојување. И за пораките од овој текст на Конески треба да се проговори на промоцијата на „КОНЕСКИ КАКО ТЕСТАМЕНТ“, во „19:19“. Меѓу нејзините корици е и исчитувањето на овој текст со научна диоптрија. Да го (пре)прочитаме во предвечерјето на денот кога ќе одбележиме 77 години од усвојувањето на првиот Правопис на македонскиот јазик.„ – забележа професорот, писател, преведувач, есеист и нов татко Иван Антоновски на неговиот Фејсбук профил како најава за тогаш претстојната промоција на „КОНЕСКИ КАКО ТЕСТАМЕНТ “ на проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска. Антоновски ја водеше промоцијата и разговорот со Мојсова – Чепишевска. ТАБЛИЦА ПЕРВАЈА 1. По законот на месото, можеме да го сфатиме само животот, не смртта. Затоа е оправдана надежта и секоја оптимистичка илузија. 2. Космосот се крепи на дуализмот и од него зема внатрешна сила. Ден и ноќ. Лето и зима. Добро и зло. Вечна борба без крајна победа и без краен пораз. 3. Во два следа се врти и историјата: по период на цицање крв со памук следи период на пуштање крв со нож. 4. Грабежот е неизоставна составка на економската дејност во така изделените етапи. Економските системи можат да бидат подобри или полоши, но нема економски систем ефикасен сам по себе, без да е во него вграден грабежот. Мит е дека богатиот, цивилизираниот Запад е создаден само со труд. 5. Во така изделените етапи, успешните протагонисти на релативната стабилност тврдат дека економијата решава сè, додека демонските природи се потсмеваат на тоа, подготвувајќи се, во смената на историските периоди, да го пљачкосаат тоа што други го спечалиле. 6. Има историски релјеф. Кајшто текло вода, пак ќе тече. Се менуваат ознаките, а се перпетуираат привилегиите. Важно е не да бидеш доследен, а да не плаќаш данок, како што плаќа рајата. Формите се менуваат, суштината останува. Затоа најмалку обнова, во смисла на активирање на трудот, има во региони со стара државност, во кои привилегиите се вкорениле подлабоко, отколку во периферните области на светската историска сцена. 7. Препорака. Поради законот на месото, оптимизмот значи подобар избор од песимизмот. Сè е загубено без верата дека човештината сепак може да си создава поширок простор. Тоа би значело безусловна капитулација на духот. Тоа не го допушта дуализмот што го проникнува космосот. Има смисла во Сизифовата работа. Дали сме доволно свесни дека понекогаш руините, и по својата убавина, нè импресионираат повеќе од зачуваните градби? Скопје, марта 1851 лето Јордан Хаџи Константинов – Џинот Исповед на еден мистификатор Овој текст го напишав јас едно претпладне во март 1993 г. На Џинот сум му благодарен што ми ја позајми формата. Решив да не брзам со објавувањето и само неколку копии поделив меѓу свои пријатели, со забелешка под текстот: соопштува Блаже Конески, Видов дека некои од нив не ја откриле веднаш играта, зашто ме распрашуваа во какви околности можел Џинот да се искаже на ваков начин. Сега, кога се решив да ја објавам оваа „таблица“, не би сакал да ги доведам во иста ситуација и некои од читателите. Затоа сметав дека треба да го приложам ова објаснение.“ -Блаже Конески После завршувањето на промоцијата, тој одново заклучи „Вчерашната промоција на најновата книга на мојата менторка, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, за мене (а верувам и за многумина од мојата генерација и генерациски блиските) обврзува и дава клучна насока и за годините пред нас... Ја наследуваме обврската (тестаментално оставена и од Конески) да пишуваме и исчитуваме на македонски! Да ја имаме „КОНЕСКИ КАКО ТЕСТАМЕНТ“, секој во својот дом. Оти Конески, сите го носиме во нас! И како што си порачавме во завршницата на промоцијата... Да запомниме, да не заборавиме: ДЕЛОТО НА КОНЕСКИ Е НУЛТА ТОЧКА НА СОВРЕМЕНАТА МАКЕДОНСКА КУЛТУРА!“

  • ‘F BET’ - порачува малиот Нас Икс

    Минатата недела, откако Lil Nas X го немаше никаде на листата за номинации за награди на BET, тој ја објави својата фрустрација на Твитер (која оттогаш ја избриша). Тој напиша, „благодарам, BET награди. Уште една извонредна нула номинација. Black excellence!“ Тоа не беше доволно за авторот на „Industry Baby“, па направи едноминутната песна која измами изјава од BET. Тие им кажа на Variety : „Го сакаме Лил Нас Икс. Тој беше номиниран за наградата за најдобар нов уметник BET во 2020 година и со гордост го покажавме неговиот извонреден талент и креативност во шоуто двапати. За жал, оваа година, тој не беше номиниран од Академијата за гласање на BET, која е составена од ценета група од речиси 500 професионалци од областа на музиката, телевизијата, филмот, дигиталниот маркетинг, спортското новинарство, односите со јавноста, инфлуенсерите и креативните уметности. ” Во соопштението се вели дека BET се грижи за различноста и е „посветена да ги користи сите наши платформи за да обезбеди видливост и вклучување за сите многубројни раскрсници на црната заедница“. Лил Нас Икс тврди дека целта на оваа песна не се сведува само на тоа што не доби номинација на наградите BET, особено ако се земе предвид за колку други награди е номиниран, туку фактот дека наградите BET ги слават црните уметници, а тој остана изоставен. Кога еден обожавател праша зошто го прави сето ова и покрај тоа што е номиниран за Греми, тој го кажа „Ова е точно мојата поента …како можам да добијам признание од најпризнаеното шоу за награди во светот, а потоа ниту 1 номинација од мојот народ? Зарем не е лудо? Или трипам?“, напиша тој на Твитер. Лил Нас Икс беше номиниран за BET награда за најдобар нов изведувач во 2020 година, но не победи.

  • Френк Оушн снима игран филм

    Гласините стануваат се́ погласни: Френк Оушн планира да го напише и режира својот прв долгометражен филм со поддршка на A24 и 2AM. 2AM, млада продукциска компанија со седиште во Лондон е независен потфат, поддржан и дистрибуиран од А24. Деталите за проектот остануваат прикриени како и самиот пејач на Blond, но, според HYPEBEAST, проектот, за внатрешна употреба го носи прекарот „Фили“ и Оушн го гледа Ново Мексико како потенцијална локација за снимање, што го отежнува формирањето на какви било кохерентни теории на обожавателите,што се однесува до заплетот на филмот. Минатиот кинематографски труд на Оушн ги вклучува визуелните елементи што го придружуваат Endless од 2016 година, како и музиката што ја има лиценцирано за голем број претходни филмови на А24, вклучувајќи ги „Godspeed“ и „Seigfried“ во Waves и предговорот што го напиша за објавената верзија на Moonlight. Тој е најавен да настапува на Коачела 2023 - што укажува на објавување свежа музика, но по кој редослед ќе се одвиваат и објавуваат проектите - може само да се претпоставува. Ова не е единствениот проект предводен од музичар што се работи на А24, кој склучи продукциски договор со Тревис Скот во 2021 година, со Кактус Џек, компанијата на Скот, потпишувајќи серија филмови. Зинот Boys Don’t Cry на Френк Оушн, даде и детали за некои од омилените филмови на R&B пејачот. Како што можеби веќе знаете, ограничениот печатен магазин беше објавен заедно со новиот албум на Оушн, Blonde кој беше објавен во 2017 во случајни поп-ап продавници ширум светот. Оваа една страница беше посветена на сите филмови кои го инспирираа, вклучително и фотографии од секој од нив. Списокот е прилично голем, но неколку режисери се повторуваа доста често, вклучувајќи ги Квентин Тарантино, Пол Томас Андерсон, Вернер Херцог, Вонг Кар-веи, Дејвид Линч, Браќата Коен и Стенли Кјубрик.

  • Погледнете го краткиот анимиран Бришач на ветробранското стакло

    Шпанскиот аниматичар Алберто Миелго додека работел на „Spider-Verse“, снимил краток филм наречен „The Windshield Wiper“, за кој вели дека влијаел многу на работата што ја направил на филмот за суперхерои. Сепак мислиме дека краткиот анимиран Бришач на ветробрановото стакло е многу повеќе од прекурсор за Спајдермен франчизата. Погледнете:

  • Доаѓаат Оскарите: The Queen of Basketball

    Номинација во категоријата краток документарен филм: Приказна за најдобрата жива кошаркарка Луси Харис, филм за кој Мајкл Џордан искоментирал “ме расплака”…

  • Коачела ‘22 моменти: Хери Стајлс ја покани Шанја Твејн на бина

    Како се приближуваме на вториот Коачела викенд (репете на првиот со мали штимања) да се загрееме: Хери Стајлс веќе е изверзиран во џендер бендинг и од нео мод тинејџер, во момчешки бенд( One Direction) транзитираше во млад маж кој рутински инкорпорира женски одевни елементи… на пример на насловната на Vogue. Викендов даде коментар со дует со кантри класикот од 90те на Шанја Твејн “Man, I feel like a woman”(Човек, се чувствувам како жена)

  • Цртање приказни

    Вечерва(7.06, вторник) во 8 часот ќе има групна изложба на стрипови, насловена „Цртање стрипови“. За уметниците кои учествуваат, може да се каже следново: по принципот споени садови - доколку духот, талентот, енергијата која ги движи овие креативци, е содржината која шета и се прелева во садовите, кои се уметничкиот медиум и жанр, на кој одбиваат да се посветат ексклузивно- не е изненадување што покрај групната изложба на која ќе бидат изложени таблите, секако ќе настапува состав кој во оваа прилика се вика Цвеќарница - нагаѓаме во својата најнова и најсвежа варијација, која тешко би функционирала во друг контекст. Цвеќарница музичарите се Јордан Костов, Владимир Лукаш, Вук Митевски, Стефана Маркович и Ѓорѓе Јовановиќ. Македонскиот стрип кој има едновековна историја, во моментов е воглавно вдомен во Лифт- единствено списание кое е наменето за оваа уметност, и ја заслужи таа титула, со конзистентноста, со децениската работа, и сите активности со кои ги стимулира стрипаџиите овде. Изложбата вечерва, сепак, е организирана и иницирана од Ѓорѓе Јовановиќ, но и покрај тоа што нема покровителство, не треба посебно да се истакне да биде јасно дека работи во функција на македонскиот стрип па и Лифт. Македонските уметници имаат склоност кон цртање и пишување стрипови(дури и доколку е само во позадината на тетратките) - па и кога не пишуваат стрипови елементите се неоспорно стриповски(Кирчо Арсовски на пример.) Можеби таа љубов е култивирана во рубриките на обврзаната лектира на Политикин забавник - кој не само што имаше вткаено цело стрип издание во центерфолдот, туку и ги затвораше изданијата со таа форма. Стриповите беа интегрален дел на растењето во 70те и 80те. Динамичните , енергетични, приказни кои ги кажуваа, со непредвидливи пресврти, ги правеа многу возбудливо четиво, а македонските млади генерации не беа ускратени од искуството затоа што имаше обилни и редовни изданија на српско-хрватски (па и македонски) на најпопуларните стрипови од тоа време: Дилан Дог, Марти Мистерија, Алан Форд… трафиките беа покриени со стрипови. "Се велеше дека ги расипува децата, дека е залудна забава, дека нема уметничка вредност. Стрипот помина долг пат до уметничка/теоретска/академска афирмација: историјата на уметноста го негираше, теоретичарите и универзитетските институции го омаловажуваа, галериите го избегнуваа… Појавувајќи се првично на маргините на весниците како средство за масовна комуникација, комбинирајќи текст и слика, стрипот често се позиционираше меѓу издаваштвото, медиумите, литературата, филмот, сликарството и дизајнот од една страна, и меѓу весниците, академските институции и контракултурните движења од друга страна. Во еден навидум едноставен исказ, кој претежно комбинира текст и слика, комбинира или одвојува визуелна и вербална нарација, производствен ред или авторска бескомпромисност, со можности за продукција од евтин самиздат до луксузни албуми, стрипот може да се сфати буквално како материјализација на визуелната култура." - велат во својата најава организаторите. Во 90те, факелот во Македонија, го зема Лифт па и Маргина и ги вдоми домашните стрипаџии и читатели и креативци. Со распаѓањето на Југославија, најмладата публика отпадна, бидејќи едноставно немаа пристап до овие изданија. На глобалната сцена пак, во моментов стриповите се врзани со филмската уметност, поточно “акциски херои” жанрот, а стриповите се прелуда на филмовите. Марвел и Дизни мултиверзумот ги продуцира најгледаните, најскапите и најпрофитабилни филмови. Најстрасните фанови ги читаат стриповите како дел од искуството, и приказната, наместо да ги доживуваат како филмско либрето. Македонскиот филм не го настанува тој жанр, па стрипаџиите најчесто пристапуваат на таблите како на колаж, како ликовна уметност(што и е) како естетика, а приказната, е повеќе коментар, и во функција на естетиката, не обратно. Вечерашната групна изложба е по иницијатива на Ѓорѓе Јовановиќ и во нејзе ќе учествуваат, Иванка Апостолова, Гаја Смилевска, Матеј Богдановски, Вук Митевски, Иван Ивановски, и Ѓорѓе Јовановиќ, и ќе се оддржи во МКЦ. Многу сме љубопитни како изгледа ова поглавје!

Diva Misla е платформа основана на 7 јули 2021 година, по серија разговори на тема „Што и́ треба на сцената“ со неколкумина уметници. Одговорот: Фали многу, затоа почнавме таму и тогаш, со трапави одлучни први чекори. Посветена на истражување и споделување на разновидната култура и уметност во светот, Дива Мисла ја отвора вратата кон светот на културата, од висока уметност до поп култура, стремејќи се да го претстави ова како дел од глобалната релевантна култура и уметност. Не само што ги преиспитуваме оние кои ги држат клучевите (gatekeepers), туку и инсистираме: Дивата мисла можеби не е за сите, но припаѓа на сите. Култура и Уметност: Нашиот сајт ги истражува и анализира сите аспекти на уметноста и културата. Од литературни рецензии до уметнички изложби, ние го истражуваме и го споделуваме најдоброто од светот на културата. Поткаст: Поткастите се доминантна платформа во последниве години, на која сите гласови го најдоа своето место: препорачуваме и длабоко навлегуваме во темите кои го дефинираат човековото искуство. Дали разговарајќи за уметноста или анализирајќи ги човечките мотиви, ние ги истражуваме аспектите кои нè прават луѓе. Урбан Читател: Ние ја истражуваме уметноста во урбаниот живот и го поддржуваме урбаното изразување. Од улични перформанси до графити, се вклучуваме во уметничкиот пулс на градовите. Фотографија, Филм и Музика: Нашиот сајт нуди рецензии и анализи на најновите фотографии, филмови и музика. Ги проучуваме и ги споделуваме најновите трендови во овие визуелни и звучни изрази на уметноста, но и се потсетуваме на класиците - често тие се ново искуство за младата и свежа публика. Активизам и Животен Стил: Дива Мисла поддржува активистички движења кои имаат за цел подобрување на светот, вклучувајќи ги екологијата, одржливоста, феминизмот, ЛГБТК+ правата и граѓанските права. Ние внесуваме глас за промени и ја одбележуваме важноста на активизмот во современиот свет. Животниот стил и начинот на живеење се неразделив дел од овој активизам, што се рефлектира и во нашата содржина. Свесни сме дека активизмот не е само декларација, туку и начин на живот кој се одразува во секојдневните избори. Дива Мисла е место каде може да истражите и да се вклучите во дискусии за сè што ја прави човечката култура и уметност толку прекрасна и интригантна. Нашата платформа е отворена за сите кои се желни да размислуваат диво и да го истражуваат светот околу себе.

Контакт: contact@diva.mk

телефон: +38970230314

           

Untitled - 2025-07-29T202806_edited.png
© diva.mk - ви благодариме што го почитувате авторството и креативниот труд, со назначување на изворот. ©
bottom of page