Резултати од пребарување
Search this site
1211 results found with an empty search
- 💔🎶 Лили Ален ја испеа болката – и ја повика „Madeline“ на сцена
Се вика „Madeline“ – песната, не љубовницата. Иако, како што излегува, и едната и другата постојат. Новиот албум на Лили Ален, West End Girl, кој пристигна минатиот петок по седум години пауза, не е само музичко враќање, туку и емоционална јавна исповед со клавир и цинизам. Откако нејзиниот брак со актерот Дејвид Харбор (да, оној од Stranger Things) заврши во насловите поради наводна афера, една жена – Натали Типет – реши да „излезе од песната“ и да потврди дека да, била таа. Или барем една од тие. Лили, во „Madeline“, прашува: “How long has it been going on? Is it just sex or is there emotion?” („Колку долго трае ова? Дали е само секс или има таму емоции?“) А Натали, сега со дете и „нешта што треба да ги заштити“, вели дека и не ѝ е баш до медиско внимание. Разбирливо. Но јавноста веќе го има саундтракот за целата драма. Играта меѓу реалност и рефрен ни нуди една стара поука со нов ритам: ако ќе го изневеруваш некого кој пишува песни – барем не некого кој пишува песни толку добро. На крај, West End Girl не е само албум за раскинување, туку и доказ дека болката може да се монетизира со мелодија и BMG-договор. Како што би рекла самата Лили – „No Shame“, навистина.
- 👶🏿👶🏿 Мајкл Блексон со две бебиња од различни мајки во ист месец
Афро-американскиот комичар и актер повторно стана вест овојпат за ненадејната семејна експанзија. Во ерата кога славата се мери во искреност по Instagram stories, Мајкл Блексон повторно го освои интернетот со две новороденчиња. И двете се негови. И двете родени во рок од два месеци. Од различни мајки. Најпрво, неговата свршеница Рада го роди синот Мајки во јуни. Два месеца подоцна, „пријателка што ја познавал повеќе од пет години“ го родила Кинг Квеку Блексон. Веста ја потврди самиот преку Инста : „Добар ден до моето семејство, пријатели и фанови. Во последните неколку месеци Бог ме благослови, но со благословот дојде и многу болка. Два месеца откако Рада го роди малечкиот Мајки, една пријателка која ја познавам повеќе од пет години, исто така го роди мојот син Кинг Квеку Блексон. Моите две момчиња ми донесоа огромна радост во животот, но истовремено ме натераа да ја изгубам мојата вереница Рада. Мајки е роден во вторник, на 17 јуни 2025, а Квеку на 6 август 2025. Се извинувам што толку долго молчев едноставно не знаев како да го направам тоа. Моите постари близнаци, кои сега имаат 18 години, дознаа дури синоќа, а дури ни мајка ми сè уште не знае. Се извинувам на Рада и се надевам дека ќе ми прости за болката што ѝ ја нанесов. Ќе бидам таткото со најмногу љубов на светот. И за да избегнам да станам новиот Ник Кенон или Илон Маск, отсега ќе излегувам само со жени кои веќе не добиваат менструација или имале хисторектомија.“ Рада, пак, не остана должна. На својот профил напиша: „Обично не реагирам, но да се согласиме: тоа беше најпатетичниот пост или извинување што сум го видела. Одам во мир, водена од Божјата милост. Мојата енергија ѝ припаѓа на мојата четиримесечна бебешка душа, не на негативноста. Луѓето постојано ми велат дека им е срам за мене, или дека ова веќе станува понижувачки… но за мене, кога љубовта оди толку длабоко, престануваш да го гледаш мажот и почнуваш да го гледаш момчето кое само сакало да биде сакано – и токму тоа те крши. Јас не само што љубев, туку и разбрав – болката, невиноста, детето во него. Со тоа речено, ја прифаќам целата одговорност што останав во циркусот предолго. Неговиот тип никогаш не бев јас, затоа што сум вистинска жена. Ова се случува кога си позади маж 100 %.“ Интернетот, пак, доби уште една епизода од омиленото реалити шоу: „Како да останеш релевантен без да објавиш нов материјал – роди две деца одеднаш.“
- „Room 93“ и „Which Self Ate Which Self“ - заедничка изложба на Ивана Мојсовска Головска и Ема Димовска во КИЦ
Две уметнички, два внатрешни простора : колажот и графиката како начини на мислење преку слоеви, тишини и самоиспитување. На 29 октомври (вторник) во 20 часот, во Продажниот ликовен салон на Културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена изложбата на Ивана Мојсовска Головска и Ема Димовска, која ги спојува колажот и графиката во интимен, но интензивен визуелен дијалог. Изложбата ќе трае до 8 ноември 2025 година. Во серијата „Room 93“, Ивана Мојсовска Головска го истражува просторот како психолошко засолниште и затвор истовремено , место каде фигурата се соочува со сопствената присутност. Нејзините колажи се надреални, чувствителни и понекогаш клаустрофобични, создавајќи амбиент во кој осаменоста и желбата за поврзување се две лица на истата состојба. Мојсовска (р. 1993) дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нејзината уметничка практика ги вкрстува сликарството, фотографијата, колажот и инсталацијата, секогаш со фокус на човечката емоционална комплексност и современата осаменост. Има реализирано пет самостојни изложби и повеќе групни настапи, а е добитничка на награди од Галерија ФЛУ (2017) и Osten Art Festival (2023). Во графичката серија „Which Self Ate Which Self“, Ема Димовска визуализира внатрешен процес на самопосматрање и распаѓање. Линијата и зборот функционираат како две одвоени свести што се преклопуваат и проголтуваат меѓусебно, во постојан круг на создавање и исчезнување. Нејзините дела го испитуваат моментот кога мислата ја губи формата, оставајќи трага што е повеќе емоционална отколку описна. Димовска (1994, Охрид) дипломирала графика на ФЛУ – Скопје, каде во 2016 година ја добила наградата за најуспешно графичко дело на изложбата „Студентска графика – Драгутин Аврамовски Гуте“. Учествувала на повеќе групни изложби во земјава и странство. Двете авторки ја користат уметноста како начин за саморефлексија и сведоштво за внатрешниот простор, притоа отворајќи разговор за тоа како интимното станува видливо.
- Концерт на „Никола Бочваров квартет“ во Салон 19:19
Целвечерен концерт на „Никола Бочваров квартет“ ќе се одржи на 28 октомври 2025 година, со почеток во 20 часот, во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ). Настанот претставува дел од есенската концертна програма на институцијата. Никола Бочваров квартет; Фото: организатор / промо Квартетот е составен од Никола Бочваров (бас), Иван Петровски (гитара), Филип Димишковски (клавијатури) и Александар Ванчовски (тапани) — четворица искусни музичари кои создаваат оригинална музика инспирирана од различни стилови и култури. Групата е активна од 2020 година и се вбројува меѓу најиновативните џез состави на регионалната сцена. Во изминатите години, квартетот настапил на повеќе значајни фестивали: „Нишвил џез фестивал“, „It’s All About Jazz“, „Прилеп џез викенд“, како и на свеченоста по повод доделувањето на Орден за заслуги за Македонија. Групата има одржано и бројни самостојни концерти низ земјата и регионот. На концертот во КИЦ – Скопје ќе бидат изведени композиции од досегашниот репертоар, како и нови дела што ќе се најдат на вториот албум на квартетот, кој е во завршна подготовка и сè уште не е официјално издаден. Настапот ќе понуди комбинација од модерни џез изрази и импровизациски сегменти карактеристични за групата. Повеќе информации, фотографии и видеа од претходните настапи се достапни на официјалната веб-страница: www.nbquartet.com .
- Поетроника за млади во Public Room: поезија со пулс на електроника
Музичко-поетскиот проект „Поетроника“, зад кој стојат Андреја Салпе и Оливер Митковски, ќе настапи во Public Room на 29 октомври со специјална гостинка – српската поетеса Радмила Петровиќ. Настанот ги спојува музиката и поезијата во единствено аудио-визуелно искуство наменето за младата публика. На 29 октомври (вторник), со почеток во 20:00 часот, Public Room ќе биде домаќин на „Поетроника за млади“ – ново, едукативно продолжение на уметничкиот проект кој со спој на поезија и електронска музика создаде сосема нов сценски израз. Зад проектот стојат Оливер Митковски и Андреја Салпе, а овојпат, на сцената им се приклучува и српската поетеса Радмила Петровиќ – еден од најистакнатите млади гласови на современата регионална поезија. Настанот е дел од проектот „Научи ги младите да ја сакаат поезијата“, чија идеја е да им ја доближи поезијата на новите генерации не преку книжевни анализи, туку преку живо, современо и инспиративно доживување. Преку музичко-поетски перформанс, стихот станува ритмичен, звучен и визуелен — начин на израз што ѝ е природно близок на генерацијата што расте со звук, екрани и дигитална култура. Ново поглавје во регионалната соработка Првичната идеја за настап со Радмила Петровиќ прераснала во нешто многу поголемо – нова уметничка фузија и сериозна регионална соработка, која го проширува концептот на „Поетроника за млади“ и отвора нови можности за културна размена меѓу младите уметници во регионот. Петровиќ, чии стихови се преведувани и препознаени по искреност и директност, ја внeсува свежата енергија на балканската женска поетска сцена. „Поетроника е судир на традицијата и електронската култура – продолжение на поезијата во звук, во движење, во живо присуство. Тоа е моќта на зборот што не се плаши да звучи.“ – вели таа во пресрет на настапот во Скопје. Андреја Салпе , еден од водечките електронски продуценти во земјата, создава звучен пејзаж што ја внесува поезијата во современ контекст. Оливер Митковски , актер со впечатлива сценска енергија, ѝ дава на поезијата живост, човечка топлина и присуство. Во заеднички настап, овие тројца автори создаваат ново поглавје во културната едукација, покажувајќи дека поезијата може да биде современа, заразна и блиска до младите. „Поетроника“ веќе има свое место во локалната културна сцена – настапите во МНТ и другите простори беа оценети како редок пример на сценска поезија која се доживува со сите сетила. Новото издание во Public Room го продолжува тој пат, со акцент на младата публика и нејзиниот начин на слушање, гледање и чувствување. Значи да сумираме: 🗓 29 октомври 2025 (вторник) 🕗 20:00 📍 Public Room 🎟 Цена: 250 денари 🔗 Билети: drugastrana.mk/event/poetronika-za-mladi 💬 Поддржано од Министерството за култура и туризам на РСМ
- ЗРНО – изложба на благородни процеси и живи фотографии
Изложба што ја слави уметноста на аналогната фотографија – спој на занает, експеримент и современ израз. Во рамките на фестивалот „Зрно 2025“ се отвора изложба на дела создадени за време на неговите фотографски работилници простор каде што хемија, хартија и светлина се среќаваат во експериментален ритуал. Учесниците работеа со низа благородни процеси кои ја слават материјалноста на фотографијата: цијанотипија, Van Dyke Brown, мокар колодиум, фотограм, лумен принт, напредна црно-бела фотографија, фоџо и гумотипија. Резултатот е колекција што ја преминува границата меѓу занает и современ авторски израз, сведоштво за живата, отпорна енергија на аналогната сцена во регионот. Секое дело носи белег на времето и процесот: отпечаток од сонце, трага од рака, хемиска сенка или случајна несовршеност што станува дел од приказната. Мал сегмент од изложбата е посветен на оживувањето на оригиналните негативи на браќата Манаки, реализиран во соработка со Државниот архив на Македонија , одделение Битола. Со оваа интервенција, „Зрно“ им оддава омаж на пионерите на фотографијата на овие простори, вплетувајќи ја нивната оставина во современиот контекст на експерименталната практика.
- Архитектура на суетата: од „Arc de Trump“ до „Скопје 2014“
Во политиката, архитектурата ретко е недолжна. Секој лак, секој купола, секоја камена фигура е дел од една интимна држава на имагинацијата. Зад секој триумфален лак стои човек кој сака да го надмине својот век. Замислете ја сцената: во Овалната соба на Белата куќа, Доналд Трамп со задоволство го крева моделот на бела арка, објаснувајќи ѝ на групата донатори дека „најдобро изгледа кога е големо“. Сите се смеат, а еден новинар прашува: „За кого е оваа капија?“ „За мене,“ одговара Трамп, без трошка иронија. Сцената изгледа скоро како перформанс: американскиот претседател, опкружен со минијатури на сопствената суета, зборува за архитектура со реченици на бизнисмен кој продава квадратни метри од бесмртност. „Arc de Trump“ триумфална арка за жив лидер, за време на неговиот мандат, звучи како пародија на империјален сон. Но и како повторување на нешто веќе видено: бел лак со релјефи од митска историја, подигнат во центарот на град, во обид да се претвори нацијата во наратив со автор. Во тој момент, некаде далеку, на другиот крај од светот, стои речиси идентична капија: Порта „Македонија“. Изградена во 2012 година, висока 21 метар, декорирана со бронзени коњи, војници и гравури на митски претци. Обете, и Трамповата арка и нашата, се проекции на ист архетип: неоимперијален кич стил што ја симулира моќта на минатото за да ја легитимира слабоста на сегашноста. Триумфалната арка е наједноставната архитектонска лага. Во антички Рим, лаковите биле поставувани на патиштата по воени победи, врата кон градот и кон вечноста. Тит, Константин, Наполеон, сите тие знаеле дека за да владееш со луѓето, мораш да владееш со нивното чувство за простор. Но во демократскиот век, арките стануваат анахронизми. Денес, тие повеќе не означуваат триумф, туку копнеж по него. Во Скопје, арката ја слави независноста, но без победа, без борба. Во Вашингтон, арката се гради за слобода која одамна е симболичка и одвоена од секојдневната реалност. Овие зданија не се меморијали на триумфот, туку архитектонски авто-портрети на власта. Кога Трамп ја подига својата арка, тој не ја слави Америка, туку себе како идеја на Америка. Кога Груевски го подига својот проект „Скопје 2014“, тој не ја слави историјата, туку сопствената улога во неа. Архитектурата тука не е функција таа е перформанс. Секој лидер што гради споменик за себе ја претвора државата во огледало. Парадоксот е дека и Трамп и Груевски инсистираат дека тоа е „волјата на народот“. Дека арката е за сите, не само за нив. Но луѓето под лакот не минуваат како триумфатори туку како статисти во туѓа драма. Проектот „Скопје 2014“ беше масовен архитектонски експеримент во колективна психа. Десетици неокласични фасади, бронзени фигури, нимфи, лавови, цел еден театар во кој државата глуми да е стара империја, закопувајќи го минатото и историјата која е вредна за почит и сакање. Новите градежници сосема слепи и глуви за нејзе. Трамп ја повторува истата психодрама: арката како терапија за нација што се плаши дека нејзиниот зенит е зад неа. Тоа што и едниот и другиот ја бараат својата инспирација во античкиот Рим, не е случајно. Рим е митот на вечноста. Но секој што се идентификува со Рим заборава дека тој град паднал, не од непријател, туку од тежината на сопствената митологија. Кога власта зборува за „величественост“, архитектите се повлекуваат. Во Скопје, струката беше исмевана како елитистичка; во Вашингтон, Американскиот институт на архитекти предупреди дека уредбата на Трамп го ограничува креативниот израз. Но токму тука лежи суштинскиот конфликт: вкусот на народот наспроти вкусот на историјата. Популизмот секогаш ја сака архитектурата што може да се фотографира. Мермерот мора да свети, куполата да личи на небо, бронзата да тежи колку авторитетот што недостига. Во Скопје тоа беше спектакл на визуелна врева; во Вашингтон, тоа е спектакл на форма без функција. И двете места се сведоци на истата транзиција: од архитектура како уметност, кон архитектура како огласна табла на моќта. Можеби токму затоа триумфалните капии се толку фасцинантни. Тие не се само објекти: тие се портрети на човечката суета во камен. Суетата, за разлика од арката, нема основа; таа не држи ништо, но бара да биде гледана. Трамп ја сака својата арка како потврда дека постои исто како што Груевски ја сакаше својата „Порта Македонија“. И двајцата претставуваат еден вид архитектонски нарцизам: вербата дека со доволно бетон и мит може да се задржи времето. Но времето секогаш поминува низ тие лакови и никогаш не се враќа назад. Психоаналитички гледано, триумфалната арка е симбол на премин: од смртност кон бесмртност, од поединец кон мит. Не е случајно што Трамп ја поставува својата арка на прагот на Вашингтон како врата кон главниот град, исто како што Груевски ја постави својата во срцето на Скопје. И двајцата го користат просторот како психолошки инструмент, за да кажат: „Јас сум овде, јас сум оној што ќе остане.“ Но архетипот секогаш бара цена. Она што почнува како архитектура завршува како автопортрет на пропадната идеологија. Секоја арка на крај се претвора во рамка низ која народот гледа колку малку од својата слава останало. Историјата има своја иронија: помина една декада, и спомениците од „Скопје 2014“ веќе се лупат, металот потемнува, фонтаните не работат. Трамп можеби ќе ја изгради својата арка — можеби не но на крај, и таа ќе стане позадина на некој нов селфи момент. Каменот е најтешката материја за заборав, но и најсигурното место за исчезнување. Она што е подигнато за вечност, често трае пократко од идејата што го родила. На крај, сите арки се само врати кон празнината врати низ кои човек минува надевајќи се дека ќе биде запомнет, додека времето, рамнодушно, минува во обратен правец. И можеби токму затоа, иронично, триумфалната арка е најискрениот споменик на нашата ера: не затоа што слави победа, туку затоа што открива страв. Страв од заборав, страв од историја без лик, страв дека по нас нема да остане ништо. Во Скопје и во Вашингтон, под лакот од бел камен се кријат исти сенки. Арката не е врата кон вечноста, таа е огледало. И во него, кога ќе поминеш, секогаш го гледаш истиот лик: човекот кој не може да се помири дека сѐ што гради, е минливо. А.Ч.
- DAFT PUNK: 20 години подоцна, „Human After All“ се враќа на винил- и можеби нешто повеќе
Дваесет години по излегувањето на нивниот најконтроверзен и најсиров албум, Daft Punk повторно нè враќаат во електричниот свет на Human After All , овојпат со ремикс издание на винил за првпат во историјата. Француското дуо, кое ја дефинираше модерната електронска култура пред да исчезне во тишината на 2021, го слави јубилејот со лимитирано 2xLP gatefold издание на Human After All Remixes, кое излегува на 28 ноември. Плочата е реминисценција на една ера кога клубовите пулсираа со неонска монотонја и машини што звучеа премногу човечки. Списокот е вистински пантеон на француската електронска сцена од 2000-тите: Justice, Soulwax, SebastiAN, Basement Jaxx, The Juan Maclean, Vitalic, Peaches, Para One… секој од нив оставил сопствен отпечаток на хромираниот звук на Daft Punk. Од Erol Alkan’s Horrorhouse Dub до Guy-Man After All remix од Justice, ова е колекција што истовремено звучи како ретро фетиш и фјучр-носталгија. Винил, пластика и митологија За да ја комплетираат реанимацијата, Daft Punk објавуваат и нов сет фигурини од Super7 ReAction, инспирирани од видеото за Technologic (2005). Роботите ќе бидат достапни со гитари, заменливи кациги и дозирана иронија , потсетник дека и митот може да се продава во blister пакување. Ако некогаш сте посакале да ги имате Bangalter и Guy-Manuel на полицата меѓу вашите плочи и слики од Homework и Discovery ерата - еве ја шансата. Сенката на изгубениот албум Но можеби највозбудливата вест доаѓа не од архивите, туку од зад сцената. Quinn, сесиониот тапанар кој работел со дуото на Random Access Memories (2013), потврди дека постои изгубен албум на Daft Punk. „It’s coming out the locker,“ рече тој за студентското медиумско тело alt.news 26:46, сугерирајќи дека овој непознат материјал би можел да биде логичен наследник на нивното последно ремек-дело. Дали ова значи дека ќе го слушнеме последниот здив на Daft Punk? Или пак, како што вели насловот на нивниот албум, ќе сфатиме дека навистина се — Human After All. 🪩 „Human After All Remixes“ 20th Anniversary Vinyl 📀 Издавач: Daft Life / Parlophone 📆 Излегува: 28 ноември 2025 💿 Двојно винил издание со ремикси од Justice, Soulwax, SebastiAN, Basement Jaxx и други. 🧰 Фигурини: Super7 ReAction – достапни на Super7.com Светлата повторно трепкаат во мракот на роботската митологија. И ако некогаш верувавме дека Daft Punk згаснаа, можеби токму ова винил издание е нивниот електронски пулс што сè уште чука — некаде под шлемот.
- Минијатурна слика на Пикасо мистериозно исчезна во Шпанија
Полицијата истражува како исчезнала сликата наменета за изложба во Гранада Минијатурна гваш слика на Пабло Пикасо, со наслов „Naturaleza muerta con guitarra (Мртва природа со гитара)“ од 1919 година, исчезнала во Шпанија , потврди културниот центар CajaGranada Fundación. Делото, мало колку еден iPhone SE (12,7 x 9,8 сантиметри), требало да биде дел од изложбата „Bodegón: La eternidad de lo inerte“ („Мртва природа: вечноста на неживото“), која се отвори на 9 октомври во Гранада. Сликата, чија вредност се проценува на околу 600.000 евра, била испратена од приватна колекција во Мадрид, но при распакување на делата на 6 октомври , три дена пред отворањето на изложбата, кураторите откриле дека делото недостасува. Според соопштението од институцијата, уметнините пристигнале со доставно возило на 3 октомври и биле пренесени со виљушкар во складиште под постојан видео-надзор. Сепак, пакетите биле погрешно нумерирани, што оневозможило детална проверка без целосно отворање. Персоналот ја потврдил само документацијата, а не и физичката содржина на пакетите, пред возачите да си заминат. Шпанскиот дневен весник El País јавува дека во возилото имало двајца лица кои преноќиле во близина на Гранада. Засега нема приведени, а истрагата е насочена кон тоа во кој момент од патувањето исчезнало делото, и дали воопшто било качено во камионот. CajaGranada Fundación поднела пријава до Националната полиција на Шпанија, која ја води истрагата. „Ги ставивме сите наши ресурси на располагање за да се расветли случајот,“ стои во нивното соопштение. Ова не е првпат делата на Пикасо да бидат мета на крадци. Во 2012 година, неговата слика „Tête d’Arlequin“ беше украдена во Холандија, а во 2019 година француски суд осуди електричар кој заедно со сопругата скрил 271 дела на Пикасо во својата гаража 40 години. Мистериозното исчезнување на минијатурното платно, кое требаше да ја отвори изложбата за „вечноста на неживото“, ја потврдува токму спротивната идеја, дека уметноста понекогаш живее најбурно зад затворени сандаци и недовршени етикети.
- Лувр во шок – историски накити украдени за само седум минути
Лувр затворен по дрзок дневен грабеж: украдени „непроценливи“ кралски накити Драматично утро во музејот на сите музеи Во неделата, 19 октомври 2025 година, Париз се разбуди со вест што одекна низ целиот културен свет: во музејот Лувр се случи еден од најхрабрите дневни грабежи во поновата историја. Група крадци украле осум предмети од Галеријата на Аполон, дел од националната збирка на францускиот кралски накит. Според Министерството за внатрешни работи на Франција, крадците влегле во музејот околу 9:30 наутро, само половина час по отворањето. „Се движеа смирено, не напаѓаа никого, за неколку минути ги скршија витрините, ги собраа предметите и исчезнаа. Сè беше професионално изведено,“ изјави министерката за култура Рашида Дати за TF1. Полицијата смета дека групата користела механичка платформа – таканаречен basket lift – за да се искачи до вториот кат од југоисточната фасада. Преку прозорецот на галеријата Аполон влегле во просторијата каде што се изложени скапоцености кои датираат од XVIII и XIX век. Во акцијата учествувале најмалку четири лица. Петмина чувари биле присутни во просторот, но нападот бил толку брз и координиран што не успеале да реагираат. Крадците поминале само седум минути внатре, а потоа побегнале со два моторцикла кои ги чекале пред музејот, открива Ројтер. Меѓу осумте украдени предмети се наоѓаат дела од француското кралско наследство со непроценлива вредност. 📿 Сет на кралица Мари-Амели и кралица Ортанс (Hortense de Beauharnais) — вклучува сафирна и дијамантска тиара, огрлица и обетки, изработени од париски златари на почетокот на XIX век. 💎 Сет со смарагди и дијаманти, подарок од Наполеон Бонапарта на неговата сопруга Мари-Луиза од Австрија по нивната венчавка во 1810 година. 👑 Тиара со бисери и дијаманти на царицата Eugénie, сопруга на Наполеон III, која била меѓу највредните парчиња во колекцијата. 💠 Голем дијамантски брош во облик на панделка, исто така дел од сетот на Ежени. Еден од познатите симболи на Лувр – круната на царицата Ежени со вградени дијаманти – е меѓу ретките пронајдени предмети. Таа била пронајдена фрлена во близина на музејот, што на истражителите им сугерира дека крадците дел од пленот го оставиле во брзањето. „Овие предмети не се само накит – тие се дел од историјата на Франција,“ соопшти портпаролот на Лувр. „Нивната културна и историска вредност е поголема од која било пазарна цена.“ Француската полиција ја вклучи специјалната единица за уметнички кражби (OCBC), која претходно работела на враќање на дела од Пикасо и Моне. Експертите предупредуваат дека првите 48 часа се клучни: ако предметите не бидат лоцирани во тој период, голема е веројатноста да бидат растопени, препродадени или сокриени во приватни колекции. Ова не е првпат најпознатиот музеј на светот да стане сцена на криминална приказна. Во 1911 година, вработен во музејот ја украл „Мона Лиза“ – дело кое било пронајдено дури по две години. Во 1998 година, од една од салите била украдена слика на Жан-Батист-Камил Коро која никогаш не е вратена. Новата кражба повторно го поставува прашањето: колку е навистина безбеден музејот кој секојдневно го посетуваат околу 30.000 луѓе? Лувр веќе извесно време се соочува со преголема посетеност и недостиг на кадар. Во јуни годинава, дел од вработените штрајкуваа, барајќи подобри услови и поголема безбедност. Францускиот претседател Емануел Макрон во јули најави децениумски проект за целосна обнова на музејот, вклучувајќи и нов систем на безбедносен надзор и периметарска заштита. По вчерашниот грабеж, Министерството за култура соопшти дека ќе се забрзаат сите безбедносни инвестиции, а музејот ќе остане затворен на неодредено време додека трае истрагата. Француските медиуми го опишуваат грабежот како „удар врз националната гордост“. За многумина, накитот на кралиците и цариците не е само збирка луксузни предмети – туку симбол на историјата, моќта и уметничката изведба на една епоха. „Да се изгуби ваков предмет е како да изгубиш страница од колективната меморија,“ напиша Le Monde во својата уредничка колумна. Што следува Истрагата продолжува, со учество на специјални единици за културно наследство и меѓународна координација преку Интерпол. Музејот ќе биде делумно отворен за јавноста најрано по неколку недели, со ограничен пристап. Француската влада најави дека ќе ја зголеми безбедносната обука за сите вработени во националните музеи. Кражбата на накитот од галеријата на Аполон се случува во време кога Европа дебатира за враќање на колонијални артефакти и редефинирање на музејската етика. Парадоксално, токму симболот на француската слава стана жртва на сопствената уметничка привлечност , но и на современите безбедносни пропусти. Извори: Reuters · AP News · The Guardian · Le Monde · Time · People
- Snoop Dogg со детска песна во поддршка на LGBTQ+ заедницата
Хип-хоп легендата го внесува духот на прифаќањето во детската култура преку музика и анимација. Snoop Dogg објави нова детска песна во поддршка на LGBTQ+ луѓето, откако претходно беше критикуван поради коментарите за лезбејската репрезентација во еден филм на Disney. Песната, насловена „Love Is Love“, е создадена во соработка со поранешниот учесник на The Voice, Џереми Белоут, и се појавува во најновата епизода од анимираната YouTube серија на раперот — Doggyland. Проектот доаѓа после контроверзијата околу Snoop Dogg започна по неговиот коментар за филмот на Disney „The Proud Family: Louder and Prouder“, во кој спомена дека не се согласува со начинот на кој е прикажана лезбејската репрезентација. Изјавата предизвика реакции на социјалните мрежи, каде многумина го обвинија за нетолеранција и неразбирање на значењето на видливоста на LGBTQ+ заедницата во детските медиуми. По критиките, раперот јавно изјави дека бил „погрешно разбран“ и дека секогаш се залагал за љубов и почит меѓу луѓето. Проектот е направен во партнерство со GLAAD, како дел од одбележувањето на Spirit Day (16 октомври) — годишна иницијатива што ги охрабрува јавните личности да застанат против малтретирањето на LGBTQ+ младите и нивните семејства. GLAAD објави разговор меѓу Snoop и Белоут за песната. „Прекрасно е што децата можат да имаат родители од сите животни патишта и да бидат опкружени со љубов, да научат што значи љубов,“ изјави Snoop. „Без разлика дали се двајца татковци, две мајки — љубовта е клучот.“ Во продолжение додаде дека песната ги истражува современите семејни облици преку музика, танц и мелодија: „Ова е начин да им дадеме повеќе јасност на децата за светот во кој растат. Сметам дека музиката може да биде мост кон разбирање. Децата имаат прашања, а преку вакви песни можеме да им помогнеме да разберат дека љубовта е љубов.“
- Кевин Федерлајн тврди дека Бритни Спирс користела кокаин додека го доела нивното бебе
Поранешниот сопруг на поп-ѕвездата, Кевин Федерлајн, изнесе нови шокантни тврдења за Бритни Спирс во своите мемоари You Thought You Knew, кои треба да бидат објавени на 21 октомври. Во откриени одломки, Федерлајн вели дека пејачката користела кокаин во 2006 година, во период кога ги доела нивните синови, Шон Престон (тогаш 13 месеци) и Џејден Џејмс (еден месец). Федерлајн, кој беше во брак со Спирс од 2004 до 2007 година, опишува сцена од промоција на неговиот албум Playing With Fire, кога таткото на Бритни (Џејми Спирс), го предупредил дека „нешто не е во ред“. „Ми фрли поглед, ја стресе главата и ми покажа кон вратата од собата,“ пишува Федерлајн. „Изгледаше како да вели: ‘Тука е, и не е добро.’“ Тој продолжува дека кога влегол, ја затекнал Бритни заедно со позната актерка. „Првото што го видов беше Бритни и нејзината ѕвездена пријателка како шмркаат дебела линија кокаин од масата,“ тврди тој. „Двете носеа смешни перики Бритни носеше дреч сина. Беше надреално. Дури и не се обидоа да го сокријат тоа.“ Во мемоарите, Федерлајн дополнително изразува загриженост за менталното здравје на Спирс, велејќи дека нејзината состојба „оди кон нешто неповратно“.













